build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 727374
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 727
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1461 Posted: 13-Jul-2018 at 12:31

лук он д брајт сајд, како ќе фаќаше Народ сеир но еве мислеле може и на оние со ретро носталгија по вијуги та да не им дојдит многу се' одеднаш, она да не заборават дека живеат в Македонија ...

туку ќе одат ли на аукција стариве Линиски Таблички, бар нека ги поклонат ко музејски артефакт на Меани, она за помалку ваучери да се трошат а и да има Народ каде да се потсети некако како било некогаш ... иако добро би било бар кај централната ЈСП постојка под Железничка да направат нркое олдскул пано до то шалтерскиот автобус, можеби и по некоја каса за морковчинапопат да стават, а и од то кондуктерските пултови добро би дошол еден за контеолорите во иднина се присетат како некогаш нивните колеги седечки си терале професијата на задна врата ...

искрено за оние со послаб вид ваквите таблички имаат поубав контраст преку ден на Сонце него то лед таблите, само да не им се брза на шоферите кога ги ставаат олдскулерскиве за да не си криват глата постари сограѓани ...


Edited by Zelenikovo - 13-Jul-2018 at 12:33
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1050
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #1462 Posted: 13-Jul-2018 at 16:30
Originally posted by Zelenikovo


само да не им се брза на шоферите кога ги ставаат олдскулерскиве за да не си криват глата постари сограѓани ...


Шофершајбната на Полјациве не им е под васер вага местена
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1463 Posted: 23-Jul-2018 at 20:54
Moe прашање и одговор од ЈСП:

Кога планирате да бидете вистински јавен превоз, при што ќе може да се купи и билет за едно возење и ќе бидете достапни до сите подеднакво, и за скопјани и за провинцијалци и за странци, и за вработени и за студенти, а не да бидете пензионерски превоз кој е принуден да глуми јавен превоз? Догодина, за три години, за десет години или никогаш?

Добар ден. Билет за едно возење, надополнување на „Скопска“ преку веб апликација и други олеснителни околности и поволности за корисниците на ЈСП Скопје се дел од плановите за реализација на сегашното раководство на претпријатието, но, засега, поради наследени договорни обврски према одредени субјекти, не постои правна и техничка можност за интервенција. Услови за реализација на посочените планови ќе се создадат на почетокот на идната година. Ви благодариме на разбирањето.

Инаку, ми падна во очи приградскиот превоз во Ниш. Интересно е што таму дури и за помали, прилично оддалечени села, последниот автобус им е во 23:30 , додека градските линии почнуваат од 4:00, a завршуваат на полноќ.

http://www.jgpnis.com/red-voznje/
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 727
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1464 Posted: 24-Jul-2018 at 12:21

може ако србите влезат во еу ќе се пишманат за ваква покриеност, нели опасно е навечер да се излегва а Полиција се однесува европски

инаку еден билет за сите возења треба мултимодално а не само за јавниот градски транспорт, т.е. треба можеби и за ЈСП но и вафла-карта од меѓуградски автобуски и железнички ем гратис ЈСП, оти да не е Железничка ниту ЈСП ќе имаат ценррален транспортен хаб, по која логика ако ти киднал воз би требало да можеш и со меѓуградскиот автобус да се докрцаш до метрополево ...

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1465 Posted: 13-Aug-2018 at 15:19
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11660
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1466 Posted: 14-Aug-2018 at 17:38
Се сеќавате на овие?





https://www.facebook.com/groups/logomak/
За сè има вторпат
Back to Top
Мартин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 357
  Quote Мартин Quote  Post ReplyReply #1467 Posted: 24-Aug-2018 at 11:07
Во првите шест месеци од 2018 година автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје превезле 22,6 милиони патници. Најголемиот дел од нив се возеле во март, а најмалку во јануари. На градските улици секојдневно сообраќале 277 возила на ЈСП, а 206 на приватните превозници. Во споредба со истиот период лани, годинава е регистриран зголемен број на возила во дневен сообраќај за 0,5 отсто во просек дневно.

Бројот на продадени персонализирани билети е зголемен за 2,6% во споредба со истиот период лани, односно продадени се речиси 20.000 билети повеќе. Значително е зголемувањето на продажбата на доплатни билети за возрасни, како и на годишните билети за градските линии. Токму посочените категории билети го сочинуваат и најголемиот број од продадени персонализирани билети.

Зголемен е и бројот на неперсонализирани билети за 25,9% или за речиси 825.000 билети. Статистиката на јавното претпријатие покажува дека значителен пораст во споредба со истиот период лани е забележан при плаќање на билет со мобилен телефон. Лани во периодот јануари/јуни биле платени 100.528 билети со мобилен телефон, а годинава во истиот период, дури 782.075 билети.

Во првите шест месеци од годинава преземени се конкретни мерки за долгорочно задолжување на ЈСП кон меѓународна кредитна институција во износ од 10 милиони евра за купување нови еколошки автобуси. Во зависност од понудената цена на понудувачите, се очекува да се набават 30-40 возила на гас. Согласно со планираната динамика на постапката, се очекува новите возила да бидат набавени идната пролет. Во таа насока, значајно е да се спомене дека во првото полугодие од годинава, дел од јавниот сообраќај беа три автобуси на гас и еден на струја. Нивните производители/дистрибутери ги отстапија на бесплатно користење, а тој период се искористи за да се добијат конкретни искуства и резултати од нивната примена во јавниот превоз, односно да се утврди кој тип на автобус би бил најповолно решение за јавниот автобуски превоз во градот.

Значајно е да се нагласи и дека во посочениот период со жичницата се превезени 132.035 патници. Најголем дел билети биле продадени на возрасни лица (83.884), а значителен е и бројот на продадени групни билети (7.804-возрасни и 3.416-деца).

Кон крајот на месец мај заврши договорот меѓу ЈСП Скопје и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги. ЈСП Скопје целосно ја презеде под своја надлежност дистрибуцијата на картичката „Скопска“. Оспособени за продажба и надополнување на „Скопска“ се 32 билетарници на ЈСП, како и деведесет локации од секундарната продажна мрежа (маркети,трафики), а нивниот број секојдневно расте.
https://faktor.mk/jsp-so-rekordni-brojki-se-povekje-se-plakja-i-so-mobilen-telefon

Edited by Мартин - 24-Aug-2018 at 11:08
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1286
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1468 Posted: 24-Sep-2018 at 13:12
Јас ретко користам јавен превоз но од тоа што можам да видам е дека ЈСП имаат пуштено во употреба голем број стари автобуси особено откако почна учебната година.Под транспортен речиси секој трет авотбус е од старите,асфалтот е флекосан од моторно масло кое редовно си тече,којзнае колку губат масло годиншно.А уште полошо е тоа што и кинеските и украинските автобуси кои ги водиме за релативно нови(споредено со оние со по 20-30 години) се прилично уништени,речиси нема некој да не е со изгребан или нагмечен браник,кога кочат ствараат неподнослив звук итн.Единствено незнам како се двата нови што се на метан или што и да беше но како и да е во нив ретко има шанса некој да ги проба.

Еве во продолжение уште нешто околу ова


Старите автобуси на ЈСП им задаваат нови главоболки на скопјaни

Разочарувањето кај патниците на ЈСП „Скопје“ кога на нивната линија ќе се „појави“ стар, наместо некој од двокатните или нископодните автобуси кои што пред седум години беа набавени од Кина и од Украина, е секојдневна појава.
Старите и дотраени автобуси кои што ги превезувале скопјани пред 20 па и повеќе години, повторно се на скопските улици. Разочарувањето кај патниците на ЈСП „Скопје“ кога на нивната линија ќе се „појави“ стар, наместо некој од двокатните или нископодните автобуси кои што пред седум години беа набавени од Кина и од Украина, е секојдневна појава.

Кај ваквите автобуси од постарата генерација, проблемите се бројни. Така, кај некои од нив, дел од вратите не се отвараат, прозорците се заглавени и не се отвараат, па патниците додека се превезуваат со нив се принудени да „се гушат“ во прашина и мирис на чад, кој поради староста на возилото е неминовна појава. Лошата состојба на подот и оштетените столчиња, на старите автобуси се дополнителна причина за револтот кај патниците да биде уште поголем.

– Минатата недела на последната станица на автобусот со број 27 пристигна еден од постарите автобуси, но иако не е прв пат да се превезуваме со ваков автобус, овој се разликуваше од сите останати затоа што беше во очајна состојба. Која возачот проба да ги отвори вратите за да се качиме, забележавме дека, на предната врата се отвара само едниот дел, а средната и задната врата на автобусот не успеаа да се отворат. Најстрашно беше што тој ден пензионерите имаа бесплатен превоз, па настана вистинска турканица- раскажува жителка на Лисиче.

Таа објаснува дека, сите патници морале странично да влегуваат за да успеат да се протнат низ малиот просторот, поради тоа што предната врата само делумно се отварала.

– Кога конечно успеавме да се качиме „авантурите“ продолжија. Веќе на следната станица, се отвори и средната врата за излез од автобусот. Но, тука настана проблем. Истата подоцна не се затвараше па возачот стана и заедно со двајца други патници, со туркање некако ја затворија. До крај на возењето, сите патници моравме да слегуваме од предната врата, поради што се создаваше уште поголема мешаница – раскажува патничката од Лисиче.
И од Јавното Сообраќајно претпријатие “Скопје“, признаваат дека се почесто на линиите се пуштаат стари наместо нови автобуси.
Причината за пуштање во сообраќај постари возила се инцидентни дефекти. Подобро е во сообраќај да се пуштат функционални возила, макар и од постарата генерација, отколку одредена линија (поаѓања) да не се реализира. Сакаме да укажеме дека т.н. нови автобуси односно, кинеските двоспратни и украинските едноподни се далеку од нови, иако изминаа само 7 години од нивната набавка.Тие се расипуваат речиси секојдневно и покрај тоа што се платија премногу, се покажа дека се со многу лош квалитет – објаснуваат од ЈСП „Скопје“.

Од претпријатието, објаснуваат дека, автобусите набавени од Украина, односно нископодните автобуси, се во многу лоша состојба, со нив како што велат, едвај врзуваат крај со крај.

– Проблем постои и со кинеските пред се поради непостоење на нивен овластен застапник, па автоматски не постои можност за сервисна и техничка поддршка во секое време. Сепак, и покрај сите околности, ЈСП „Скопје“ со сите расположливи средства се труди да ги одржува возилата во возна состојба и редовно ги сервисира – информираат од претпријатието.
Инаку, постапката за набавка на нови автобуси е во тек.
Во моментов, ЈСП „ Скопје“ е во фаза на докомплетирање на документацијата за задолжување пред меѓународна кредитна институција.
Очекуваме, во последниот квартал од годинава да биде отпочната постапката за набавка на новите 30-40 автобуси (да се распише тендерот). Колку точно автобуси ќе се набават, ќе зависи од понудените цени на понудувачите – додаваат од ЈСП „Скопје“.

https://www.slobodenpecat.mk/metropola/starite-avtobusi-na-jsp-im-zadavaat-novi-glavobolki-na-skopjani/

Edited by stef4o - 24-Sep-2018 at 13:44
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1286
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1469 Posted: 27-Sep-2018 at 15:00
ЈСП ќе ги замени кинеските и украинските автобуси со нови

Квалитетот на сегашниот возен парк на јавното сообраќајно претпријатие воопшто не ги задоволува потребите на граѓаните, кои секојдневно мака мачат да стигнат до која било дестинација. Само седум години по набавката на новите украински и кинески автобуси, состојбата со возилата е очајна. Уште поочајни се патниците, кои сега мораат да се возат во старите зглобни и единечни автобуси, на кои веќе имаа заборавено. Од ЈСП не кријат дека нископодните автобуси набавени од Украина се во многу лоша состојба, додека, пак, постои проблем и со кинеските двокатни, пред сѐ поради непостоење на нивен овластен застапник, па автоматски не постои можност за сервисна и техничка поддршка во секое време.

Од таа причина на линиите каде што тие ќе застанат, се пуштаат старите зглобни и единечни возила. За да се обезбеди подобар квалитет на јавниот градски превоз веќе се најавува набавка на нови автобуси, на кои, пак, ќе имало дури и држачи за велосипеди. Во една своја изјава за алтернативен транспорт, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, напомена дека во постапката за набавка на новите автобуси предвидуваат автобусите да имаат и држачи за велосипеди. Граѓаните се шегуваат дека некои од возачите на ЈСП и сега ги оставаат патниците и им ги затвораат вратите пред нос, а не пак да ги чекаат да ги закачат своите велосипеди. Додаваат дека и нископодните автобуси кога се купуваа се зборуваше дека ќе имаат коси рампи, кои одлично ќе им дојдат на инвалидизираните лица, па со количка лесно ќе можат да влегуваат во автобус. Некои граѓани што со години користат јавен градски превоз велат дека досега не виделе некој од возачите да притисне на копчето за спуштање на косата рампа и којзнае зошто не се користат.

Колку пати на мајките со бебиња во колички им помага некој да се качат или да се симнат од автобус, само затоа што ниту еден возач не го користи копчето за спуштање на косата рампа. Можеби и тие се расипани, како и автобусите што секојдневно се расипуваат.

– Некои возачи на ЈСП немаат мера во својата дрскост. Секој ден се возам во автобус и што сѐ не гледам. Најсвежо, пред некој ден не застана на автобуската станица кај МНТ, а жената што чекаше на станицата дојде до возилото што беше заглавено во сообраќајна колона, тропајќи му на вратата да ѝ отвори, а тој не само што го повиши тонот туку ѝ кажа и вулгарни зборови. Таа само се повлече и остана да чека друго возило на таа линија. Колку пати некој ќе трча по автобус и пред нос ќе му затворат врата, а не пак возачите ќе чекале некого да го закачи велосипедот – вели скопјанката Жане Трајчева.

Какви ќе бидат новите автобуси и од каде ќе бидат набавени уште не се знае, но веќе неколку месеци по скопските улици сообраќаат еколошки автобуси, односно електрични и на гас. Пробно се возат од мај, за да се утврди кои ќе бидат подобри за нашите услови. Од ЈСП велат дека анализите од тест-периодот, кој сѐ уште трае, покажале дека автобус на гас е најсоодветен за нашиот јавен превоз, генерално од сите аспекти. Веројатно и такви ќе бидат набавени, но тоа не го истакнуваат. Најпрвин беше најавено дека ќе бидат набавени 30-40 нови автобуси, но ги прашавме во претпријатието да ни кажат до каде е постапката за купувањето на новите автобуси и се знае ли од каде ќе бидат купени, од која земја, од која фирма и колку ќе чинат. Оттаму информираат дека допрва ќе се распише тендерот.

– Постапката е во тек, поточно при крај е процедурата за задолжување на ЈСП – Скопје пред меѓународна кредитна институција. Таа ќе го распише тендерот за набавка на возилата.

Колку возила, по која цена, од која фирма, од која земја, во колкав временски период ќе се испорачаат, динамиката на испораката и слично, ќе се знае по завршувањето на тендерот, всушност, тој практично ќе даде одговор на поголем дел од прашањата. Кредитот за набавка на новите автобуси ќе го отплаќа ЈСП – Скопје – велат од претпријатието.

Како што и претходно пишуваше „Нова Македонија“, вкупниот износ на задолжување е 10.000.000 евра, со грејс-период од три години. Рокот на отплата е седум години, без вклучен грејс-период. Во врска со ова одлучил и управниот одбор на претпријатието, а предлог-одлуката беше изгласана и од градските советници. Со неа беше издадена гаранцијата за долгорочно задолжување на ЈСП – Скопје кон меѓународна кредитна институција и условите на задолжување под кои таа се издава. Во врска со тоа, пак, градот Скопје безусловно и неотповикливо се обврза и ги гарантираше сите плаќања на ЈСП што ќе произлезат од договорот за заем склучен врз основа на одлуката за долгорочно задолжување на ЈСП.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/јсп-ќе-ги-замени-кинеските-и-украински/
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1470 Posted: 03-Oct-2018 at 11:13
Moже некој да ми каже дали треба посебни дозволи и какви за 1)електричен скутер, 6)хавербоард, 8)сегвеј, 9)волкар?

Смеат ли да се возат по улица, велосипедски патеки или тротоари?

Имаат ли барем некои скромни off-road можности, или мора исклучиво по асфалт и бетон да се возат?

https://www.hobbr.com/types-of-electric-personal-transport-devices/

Плус, мислење за ракетскејт?

https://blog.actonglobal.com/product/rocketskates-r10/

Edited by phenomenon - 03-Oct-2018 at 11:20
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8946
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #1471 Posted: 03-Oct-2018 at 11:36

И мене ме интересира ова. денес искочи оглас за субвенции за електрични скутери од град скопје
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 524
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1472 Posted: 03-Oct-2018 at 13:26
За електрични тротинети е колку што разбрав јас...
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 727
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #1473 Posted: 04-Oct-2018 at 15:45
Originally posted by hcitrS

За електрични тротинети е колку што разбрав јас...


ако ова е случај треба за нив да направат посебни стази, приметив електричните тротинети почнаа скопјани да ги возат ко скотјани та уште да се намножат и навистина движењето ќе ни биде скотски заглаено, прво се возат без кациги а брзи се ко веспа но стопати понебезбедни и за пешаците кога се на тротоар, и за велосипедистите кога се на вело-стаза, но и за автомобилите бидејќи онаму каде тротоари се ископани или ги нема ко што е случај во пола Скопје е-тротинетџиите влетуваат во макази брзо по улици и улички, уште по булевари што не скролаат

но не е страшно, и со еу-копи-пасте а сред индијанско-каубијски улични околности ќе не биде само треба да се навикнеме на повеќе амортизација стрес преку дофрлање и пцуење простор кој сеуште не е максимално искористен иако озбилно ко таков завозен ...
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 727374

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.