build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 73747576>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1481 Posted: 28-May-2019 at 17:38
Ќе има измени на картичката „скопска“

Иако одамна се најавуваше дека секој од својот компјутер или мобилен телефон директно од својата банкарска сметка ќе може да ја дополни својата електронска автобуска картичка „скопска“, граѓаните сѐ уште трчаат по билетарници и маалски продавнички. Оние, пак, што доаѓаат од внатрешноста никако не се снаоѓаат со градскиот превоз, а проблеми имаат и странските туристи бидејќи во ниту еден автобус не се наплатува со пари. Од ЈСП „Скопје“ одамна најавуваа онлајн-дополнување на електронските картички, а неодамна соопштија дека веќе распишале тендер. Сега велат дека рокот на тендерот бил продолжен затоа што бил пообемен, бидејќи планирале да воведат и други новини. Дел од тие новини е набавка на 400 валидатори, читачи на картичките „скопска“, кои ќе се постават на задните врати на автобусите, потоа електронски билет за едно возење и нова апликација за паметни телефони. Исто така, планираат да набават и нова опрема за идните 35 нови автобуси што допрва треба да пристигнат. Со најновата андроид-апликација граѓаните ќе добијат можност да ја проверат преостанатата сума на картичката „скопска“ преку својот телефон, да ја прегледаат шемата на автобуските маршрути, да го планираат своето патување со мапа на линиите и да имаат историјат на своите патувања.

Тендерот на кој се бара најповолен понудувач е вреден околу 2,4 милиони евра.
Инаку, картичката „скопска“ задолжително ја имаат сите што користат јавен градски превоз, во кој електронскиот систем за наплата на билети е задолжителен од 1 јануари 2017 година. По само краток период од нејзиното воведување и реакциите на граѓаните дека постојано трчаат по билетарници, се најави онлајн-дополнувањето, кое сѐ уште нема практична примена.

– Навистина станува проблематично дополнувањето на овие електронски картички. Понекогаш на работа сум и во недела, а картичката ја дополнував во маалската продавница на автобуската станица и заморно ми е да гледам и пресметувам уште колку возења или средства имам на картичката. Тоа не го правам одамна. Минатата недела газдите на продавницата одлучиле да работат само до 11 часот и немав каде да ја дополнам празната картичка, затоа што не работеше ниту билетарницата што се наоѓа две станици погоре. За несреќа, ми се исклучи и телефонот, со кој можев да платам. Сѐ е кај нас комплицирано – се пожали повозрасна скопјанка.

Од ЈСП „Скопје“ велат дека онлајн-дополнувањето на електронските картички ќе се случи годинава, но не прецизираат. Велат дека компанијата што ќе биде избрана на тендерот ќе треба да им испорача 300.000 хартиени електронски билети за едно возење. Тоа се долго очекуваните билети за сите оние што не користат редовно градски превоз, луѓето од внатрешноста, туристите и сите оние што многу ретко се одрекуваат од своите автомобили за сметка на користењето градски превоз. Онлајн-дополнувањето на „скопска“ и билетот за едно возење беа едни од најбараните услуги на граѓаните, за кои на ЈСП му беа потребни повеќе години за да ја воведе.

Во надградбата на постојните системи за електронска наплата на билети и за контрола и управување на автобусите ќе бидат вклучени и приватните превозници во Скопје. Од ЈСП сметаат дека новините што ќе ги донесат ќе им го олесни патувањето на граѓаните, а секако и ќе ги стимулира повеќе да го користат јавниот градски превоз.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/ќе-има-измени-на-картичката-скопска/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12603
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1482 Posted: 01-Jul-2019 at 10:31
Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење. ЈСП во моментов го реализира тендерот за набавка на 300.000 хартиени електронски билети, кои се адекватни на постојниот систем за плаќање во јавниот превоз. Оттаму информираат дека е избрана компанијата што доставила најдобра понуда, во овие денови тече периодот на жалби од останатите понудувачи, по што и официјално ќе биде склучен договорот. Советот на град Скопје треба допрва да ја утврди цената на билетот за едно возење, по што претстојната есен хартиениот билет ќе може повторно да се купи во автобусите.

Оваа новина е само една од бројните поволности што од наесен ќе ги добијат корисниците на скопскиот јавен превоз. Најдоцна за 4 месеци, на граѓаните ќе им биде достапна Андроид апликација за паметни телефони, преку која ќе можат самите да ја надополнуваат картичката „Скопска“, да имаат увид во нивната сметка и да дознаат кои активирани билети можат да ги користат во автобусите. Идната апликација ќе нуди информации за времето на пристигнување на автобусите, шемата на линии и мапа со филтер за пребарување.

Од претстојната есен граѓаните ќе можат и преку Гугл мапата поедноставно да ги планираат рутите на движење со јавниот превоз. Во зависност од локацијата на патникот, на Гугл ќе може да се провери која е најблиската автобуска станица, кој автобус треба да се фати за посакуваното патување и слични податоци.

– Има повеќе поволности, кои сегашниот систем не ги поседува, а од пракса е утврдено дека се повеќе од потребни – велат за „Мета“ од ЈСП. Сите поволности што допрва ќе се воведат есенва ќе важат не само за автобусите на ЈСП, туку и за приватните превозници.

https://meta.mk/od-naesen-povtorno-hartien-bilet-za-edno-voze-e-vo-avniot-prevoz/
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1483 Posted: 10-Sep-2019 at 21:49
Originally posted by Џоле

Од наесен повторно хартиен билет за едно возење во јавниот превоз

Во автобусите на ЈСП – Скопје и на приватните превозници од септември повторно ќе може да се купи хартиен билет за едно возење.


Oд кој септември?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1484 Posted: 19-Sep-2019 at 16:26
Скопските“ со истечен рок, граѓаните ќе ги менуваат на свој трошок

Граѓаните кои први ја купиле картичката „Скопска“ пред четири години ќе мора да ја променат со нова, поради тоа што е истечен нејзиниот рок на важност. Од ЈСП – Скопје информираат дека станува збор за персонализираните електронски картички, и тоа за оние сопственици кои први ја извадиле оваа картичка во 2015 година.

– Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката. Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка – информираат од ЈСП.

Замената на картичката „Скопска“ може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар, во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром до ТЦ Капитол. Воедно, граѓаните на овие локации можат да го проверат статусот на нивните картички во однос на рокот на нивната важност.

Неопходноста од замена на персонализираните електронски картички „Скопска“ е во согласност со одлуката за Интегриран тарифен систем за линиски превоз на патници во град Скопје од 2015 година, во која е наведено дека рокот на важност на оваа картичка изнесува 4 години.

https://meta.mk/skopskite-so-istechen-rok-graѓanite-ќe-gi-menuvaat-na-svoј-troshok/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1485 Posted: 21-Sep-2019 at 08:17
Ученици од Визбегово преку прозор излегуваат од претоварен и дотраен автобус – „Лош е патот за нов“, велат од ЈСП

Вака секој ден основците од селото Визбегово се принудени да патуваат од Визбегово до Чаир и обратно. Освен што е дотраен, она што го привлекува вниманието е и дека автобусот е преполн со ученици. Се обративме до Јавното сообраќајно претпријатие и ги прашавме дали ќе преземат мерки, дали овој автобус ќе биде заменет со нов и дали ќе се воведе дополнителна линија на оваа релација. Од таму ни одговорија дека причината поради која пуштиле такво превозно средство се инфраструктурните услови.

Од ЈСП велат дека ќе бидат набавени девет нови комбиња за транспорт на учениците. Учениците од Визбегово се принудени да патуваат до Чаир или Шутка, бидејќи во нивното населено место немаат училиштен објект, иако земјиштето беше одредено уште во 2005 година.

Жителите што ги анкетираше ТВ21, велат дека се изморени од празните ветувања на властите.

Инаку, изградба на училиште во Визбегово, за кое ТВ21 известуваше неколкупати, ветуваше и претходникот на Смилевски.



https://tv21.tv/mk/video-uchenitsi-od-vizbegovo-preku-prozor-izleguvaat-od-pretovaren-i-dotraen-shkolski-avtobus-vetenoto-uchilishte-se-ushte-go-chekaat/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1486 Posted: 21-Sep-2019 at 16:26
Јавниот превоз во Скопје во првото полугодие изгубил речиси 300.000 патници



И во 2019 година продолжил трендот на опаѓање на бројот на патници што го користат јавниот превоз во Скопје. Според последниот Финансиски извештај на ЈСП – Скопје, со градските автобуси во периодот јануари – јуни 2019 година патувале 22.271.180 патници, односно за 1,3 отсто помалку во однос на идентичниот период лани. Во скопскиот јавен превоз годинава биле превезени над 285.000 патници помалку.

Бројот на просечно дневно исправни автобуси во првото полугодие изнесувал 262, односно за 20 автобуси помалку во споредба со истиот период од 2018 година. На само 16 автобуси се намалил и просечниот број на автобуси кои се наоѓаат во резерва за одржување на линиите. ЈСП – Скопје во моментов го финализира тендерот за набавка на нови 30 до 40 единечни и зглобни автобуси, при што во наредните недели ќе се соопшти и производителот од каде ќе се набави модерниот возниот парк.

Подновувањето на возниот парк треба да го зголеми просечниот број на автобуси со кои ќе се опслужува градско – приградскиот транспорт во Скопје, но и да ја зголеми атрактивноста за користење на јавниот превоз од граѓаните. Овогодинешното намалување на бројката на патници не е исклучок, туку во континуитет трае во изминативе 5 години.

Податоците на ЈСП – Скопје покажуваат дека во 2014 година со градските автобуси биле превезени 52,9 милиони патници, додека лани јавниот превоз го користеле 8 милиони патници помалку. Со ваквиот негативен тренд, постои голема можност ЈСП годинава да заврши со уште помал број на превезени патници годишно.

https://meta.mk/јavniot-prevoz-vo-skopјe-vo-prvoto-polugodie-izgubil-rechisi-300-000-patniczi/?fbclid=IwAR1UJgLQp_qcgFiIDsO9grgiRqtq_YToKmahkTnZ1J9mm75nGAPoFe3OxbM
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1487 Posted: 24-Sep-2019 at 12:36
www.facebook.com/o2inicijativa







Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1488 Posted: 25-Sep-2019 at 12:52
Од први ноември хартиен билет за едно возење во автобусите на градскиот превоз

Денеска скопскиот градоначалник, Петре Шилегов најави дека хартиениот билет за едно возење ќе почне да се применува од први ноемри.

-Сега тече тест периодот и на утрешната седница на Советот на Град Скопје, советнмиците ќе одлучуваат за цената на тој единечен билет.

(С.Бл)

https://www.vecer.press/од-први-ноември-хартиен-билет-за-едно-в/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1489 Posted: 29-Sep-2019 at 11:32
Билетот за едно возење е со чип и е наменет за граѓаните од внатрешноста и за странци

По вчерашната одлука на Советот на град Скопје за определување на цената на новиот билет за едно возење, од ЈСП Скопје појаснуваат дека јавниот превоз во Скопје нема да поскапи. Цената за едно возење од 50 денари ќе важи единствено за идните електронски хартиени билети, кои ќе бидат пуштени во функција на 1 ноември.

– Билетот ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компатибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори – информираат од ЈСП.

Јавното претпријатие нарачало 300.000 билети за едно возење, но оттаму потенцираат дека нивното користење е првенствено наменето за граѓаните кои ретко користат јавен превоз, за луѓето од другите македонски градови и за туристите.

Покрај во автобусите, билетот за едно возење ќе може да се купи во билетарниците на ЈСП и во маркетите и трафиките низ Скопје.

Воведувањето на новиот билет за едно возење не значи дека ЈСП и приватните превозници се враќаат на стариот начин на наплата на билети. Токму поради тоа, цената на новиот билет е поскапа, за да ги обесхрабри граѓаните да го користат билетот за едно возење. Наместо неа, од ЈСП Скопје очекуваат граѓаните да продолжат со употреба на картичката „Скопска“ или со мобилни телефони да го плаќаат возењето.

– И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари – велат од ЈСП.

Ова јавно претпријатие од есенва на граѓаните ќе им овозможи самите да ја надополнуваат својата картичка „Скопска“ од мобилен телефон, со што нема да имаат потреба да чекаат во ред на билетарниците на ЈСП. Со новата Андроид апликација на ЈСП ќе може да се добиваат информации за возниот ред на автобусите, а „Македонски Телеком“ од есенва треба да постави и валидатори на картичката „Скопска“ на задната врата на автобусите.

https://meta.mk/biletot-za-edno-vozeњe-e-so-chip-i-e-namenet-za-graѓanite-od-vnatreshnosta-i-za-stranczi/
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2379
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1490 Posted: 29-Sep-2019 at 14:49


Дали тој билет ќе важи и за приградските автобуси?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1491 Posted: 08-Oct-2019 at 16:38
ГРАДСКО ЛУДИЛО: Автобусите се чекаат по 45 минути, ЈСП немале механизам да се справат

Граѓани од главниот град кои утрово тргнаа на работа со јавниот градски превоз, на своите работни места задоцнија и по 45 минути, затоа што и по толку време ги чекаа „редовните“ линии во нивното место на живеење. Иако проблем има речиси секој ден, денеска гласно реагираа жителите кои го чекаат автобусот број 5 кој сообраќа од населбата Дексион до Ново Лисиче. Во таа насока, од Ѓорче Петеров до Центар, автобус немаше воопшто во периодот од 9.15 до 10 часот иако во обратната насока автобусите редовно сообраќаа.

„ Не е новина да доцни автобусот, особено во вторник и во петок кога има бесплатен превоз за одредени катергории граѓани, ама ова е навистина недозволиво. Да чекаш повеќе од 40 минути навистина не е во ред. Сме отишле и во други градови, во други држави кои се многу поголеми, па доцнења нема, реагираа граѓаните.

Од Јавното сообраќајно претпријатие за Фактор велат дека знаат за проблемот и дека како и денеска слично било и вчера.

„Станува збор за склоп на околности, повеќе фактори кои влијаат на функционирањето на целиот сообраќај, вклучувајќи го и јавниот превоз. Во случајов, денеска од 8.30 до 10 часот сообраќајот во централното градско подрачје беше пренасочен поради протести пред Собрание на РСМ, а од 10 часот протест започна пред Влада на РСМ. Истовремено, светлосната сигнализација на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (по која минува автобуската линија 5) не функционира поради технички проблем. Во близина на почетна-крајна постојка на линија 5 во Ново Лисиче, на булевар „АСНОМ“ има градежни работи, дел од трасата не е функционална. Имајќи ги сите горе наведени фактори во предвид, автобусите со линија 5, како и возилата на неколку други линии, сообраќаат со задоцнување, образложуваат оттаму.

Додаваат и дека со задоцнување, потешкотии и промени во трасите, принудно сообраќаат и приватни возила и такси возилата иако граѓаните сведочат дека со такси дошле на сканата дестинација за многу кратко време.

На прашањето како ЈСП планира да се справи со оваа ситуација особено што доаѓа зима, па има и апели на градските власти граѓаните да се возат со автобус, оттаму вела дека немало решение.

„ЈСП Скопје нема механизам како да се справи во ситуацијата, единствено само може да апелира за трпение и разбирање од страна на корисниците на јавниот превоз, стои во одговорот од ЈСП.

А.Т.

https://faktor.mk/gradsko-ludilo-avtobusite-se-chekaat-po-45-minuti-jsp-nemale-mehanizam-da-se-spravat?fbclid=IwAR1QBkKGN1kdHL9ucVfCcNwv9wZP5VGZdS-W93HII_cmOZFYNmFVkt-xqZ4
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1492 Posted: 17-Nov-2019 at 15:27
Скопскиот јавен превоз за девет месеци изгубил 530.000 патници (инфографик)



Скопскиот јавен превоз станува сѐ понеатрактивен за користење од граѓаните. Во првите девет месеци од годинава се превезени за 530.000 помалку патници во споредба со идентичниот период лани. Како што веќе објави „Мета.мк“, градските автобуси од година во година превезуваат помал број на патници, при што бројот на граѓани што патувале со градско – приградскиот превоз во Скопје во периодот 2014 – 2018 година е намален за дури 8 милиони патници, покажуваат податоците на ЈСП – Скопје.

Од јануари до септември 2019 година, со јавен превоз во Скопје биле превезени 31,5 милиони патници, односно за 1,7 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година. Во Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈСП – Скопје за овој период стои дека има намалување на бројот на патници кај сите ставки.

Кај персонализираните билети се регистрирани 296.000 помалку патници, неперсонализирани билети во овој период користеле 209.000 помалку патници, додека бројот на превезени патници во договорениот превоз изнесувал 27.000, или за 24,8 отсто помалку во споредба со јануари – септември 2018 година.

Доколку продолжи ваквиот тренд, скопскиот јавен превоз ќе ја заврши 2019 година со најмал број на превезени патници во последниве шест години. Колку за споредба, градските автобуси во 2014 година превезле вкупно 52,9 милиони патници.

https://meta.mk/skopskiot-јaven-prevoz-za-devet-meseczi-izgubil-530-000-patniczi-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1493 Posted: 08-Dec-2019 at 15:53
ЈСП од јануари ќе го врати билетот за едно возење - Колку ќе чини?

Од први јануари конечно ќе се продаваат автобуски билети за едно возење. Сите корисници на ЈСП хартиените билети ќе можат да ги купат во самите автобуси.

Билетите за едно возење ќе чинат 50 денари.

-Овие билети ќе бидат олеснување за луѓето кои ретко го користат јавниот превоз или по потреба доаѓаат во Скопје од други градови, како и за туристите. Мислам дека од први јануари веќе ќе можат да ја купуваат картата внатре во самите автобуси. Таа е наменета, пред се, на луѓе кои доаѓаат во нашиот град кои што сакаат да го употребуваат јавниот превоз или на луѓе на кои што едноставно редовните корисници на јавниот транспорт си го имаат на поинаков начин регулирано возењето, изјави Шилегов.

https://press24.mk/jsp-od-januari-kje-go-vrati-biletot-za-edno-vozenje-kolku-kje-chini
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Brno, Czechia
Online Status: Offline
Posts: 345
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #1494 Posted: 01-Jan-2020 at 20:20
Живеам веќе 2 месеца во Брно, Чешка кој е град со големина скоро колку Скопје (градот има 406.000 жители а со се метро регионот 800.000 + е студентски град со дополнителни 100-150.000 привремени жители).

Градот има одличен брз ефикасен интегриран јавен транспорт. Јавното сообраќајно претпријатие располага со трамвајски, автобуски и тролејбуски превоз.

Билетите се релативно евтини, месечен билет чини 1335 денари (550 круни) додека тромесечен билет чини 3378 денари (1375 круни). Овие цени се за зоните 100 и 101 (градот Брно) додека за приградските зони се доплаќа. Билетот важи 24 часа и е за сите превозни средства, денски и ноќни линии. Исто така, билетите се хартиени, слични на поранешните „слободни“ од ЈСП Скопје. На секоја автобуска/трамвајска станица има автомат кој дава опција за купување билет за 15 минути, 90 минути, 24 часа, билети за приградски зони итн. Истиот автомат враќа кусур. Билетот се поништува при влегување во самото возило. Постои опција и за СМС билет или електронска слободна која се впишува на дебитната/кредитна картичка со која ќе се купи самиот билет.

Трасите на движење се одлични и се така дизајнирани да нема препокривање со цел превозот да биде ефикасен. Сите возила се точни до минута , застануваат на секоја постојка и да нема некој што сака да се симне а ако подранат, стојат 2-3 минути за да стигнат на време на следната постојка. Вратите се отвараат автоматски на копче и од внатре и од надвор и ова е унифицирано и кај трамваите, автобусите и тролејбусите иако сите возила се од различен производител. Исто така има лцд дисплеи што укажуваат моментална / следна станица и гласовно известување.

Ноќните автобуси ги има на секој саат, почнуваат да сообраќаат од 22:30 до 6 наутро. Има неколку ноќни линии што ги поврзуваат скоро сите станици во градот и периферијата.

Инфраструктурата на градот не е ништо подобра од онаа на Скопје. Дури можам да кажам, Скопје има пошироки улици и булевари. Финтата е во тоа што булеварите во Брно се поинаку распределени. Наместо 3 по 3 ленти, за автомобили има 1 лента а остатокот е за трамваите, автобусите и велосипедите.

Капацитетите на јавниот превоз (за 2017 год) се:
Трамваи: 327 (11 линии)
Автобуси: 322 (40 линии)
Тролејбуси: 147 (13 линии)
Вкупно: 796

Повеќе информации може да се најдат на овој линк: https://www.idsjmk.cz/EN/basics.aspx
Возилата кои го опслужуваат градот: https://www.dpmb.cz/en/vozidla
Ценовник: https://www.idsjmk.cz/cenik/CenikEN.pdf

Edited by Macedonicus - 01-Jan-2020 at 20:24
ಠ_ಠ
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 813
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1495 Posted: 01-Jan-2020 at 23:40
Секој проект во Скопје бара неопходно реорганизирање на линиите, зголемување на бројот на автобуси и асален возен ред.

Скопје е единствениот главен град што возниот ред за јавниот превоз му зависи од распустот на учениците.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1496 Posted: 03-Feb-2020 at 17:35
Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

Граѓаните кои први ја набавиле персонализираната картичка „Скопска“ за користење на јавниот превоз пред повеќе од четири години ќе мора да ја променат со нова. ЈСП – Скопје во моментов е во процедура за набавка на нови електронски картички и билети, со тендер што беше распишан до 30 јануари. Новите картички сукцесивно ќе се набавуваат, а со цел да се задоволи потребата од замена на досегашните персонализирани картички.

Рокот на важност на месечните билети за скопскиот јавен превоз изнесува максимум 4 години, така што оние кои набавиле „Скопска“ пред 2016 година ќе треба да набават нова персонализирана картичка што чини 200 денари.

– Системот за електронска наплата на билети не овозможува продолжување на рок на важност на овој тип на картички без нивната замена – посочуваат од ЈСП – Скопје за „Мета.мк“.

Граѓаните на кои им е истечен рокот на персонализираната картичка, ќе мора повторно да одат до центрите за персонализација на ЈСП на Транспортен центар, Карпош 2 или во Аеродром до ТЦ Капитол. За да не останат без месечен билет за возење, граѓаните на овие три локации можат да се информираат за рокот на важност на нивната картичка „Скопска“, доколку не се сигурни кога таа била изработена.

Неопходноста од замена на персонализираните електронски картички „Скопска“ е во согласност со одлуката за Интегриран тарифен систем за линиски превоз на патници во град Скопје од 2015 година, во која е наведено дека рокот на важност на оваа картичка изнесува 4 години.

Единствената разлика што ќе можат да ја забележат граѓаните кај картичката „Скопска“ е нејзиниот дизајн. Наместо објекти од проектот „Скопје 2014“, на новите електронски картички има мотиви од Музејот на град Скопје и Скопското Кале. Начинот на користење на овие картички во скопскиот јавен превоз ќе остане идентичен.

https://meta.mk/skopska-kupena-pred-poveќe-od-chetiri-godini-ќe-mora-da-se-zameni-so-nova/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1497 Posted: 03-Feb-2020 at 17:37
Прво беше ноември 2019,па јануари 2020...еве сега следна најава април 2020...

--------------------------------------------------------------------------------
ОД АПРИЛ БИЛЕТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП „СКОПЈЕ“, КАРТИЧКАТА „СКОПСКА“ СО НОВ ДИЗАЈН

Од април, ЈСП „Скопје“ ќе воведе билет за едно возење. Според постојниот систем за електронска наплата кој беше воведен во јануари 2017, билет за едно возење не може да се купи ниту во билетарниците . Едно возење може да наплати единствено преку плаќање со телефон.

„ЈСП ‘Скопје‘‚ планира во текот на месец април да воведе електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги“, велат од јавното претпријатие.

Од денеска, електронските картички „скопска“ кои се пуштени во продажба се со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите картички останува иста како и на старите. Новите „скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба. Во употреба остануваат и картичките со стар дизајн.

„Идејата и одлуката за новиот дизајн е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП ‘Скопје’ ќе ги реализира во текот на годинава, како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата. Паралелно ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата, кој ќе овозможи попрецизно и визуелно иформирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето“, велат од ЈСП „Скопје“.

Новите еколошки автобуси на гас ќе се набават со кредит од Европската банка за обнова и развој. Во вторникот, Собранието го усвои Законот за гаранција за обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката, по што треба јавното сообраќајно претпријатие да го распише тендерот за набавка. Кредитот е во висина од 10 милиони евра, а ЈСП „Скопје“ ќе учествува во набавката со 2 милиони евра.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-april-bilet-za-edno-vozene-vo-avtobusite-na-jsp-skopje-kartichkata-skopska-so-nov-dizajn/
Back to Top
mr bombastic View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 379
  Quote mr bombastic Quote  Post ReplyReply #1498 Posted: 04-Feb-2020 at 02:48
Од април ќе биде, ама која година само...аххх бе ЈСП какви пацери сте секоја чест
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 3780
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1499 Posted: 17-Feb-2020 at 14:18
ПУШТЕН Е ВО УПОТРЕБА БИЛЕТОТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ



ЈСП го пушти во употреба билетот за едно возење. Билетот може да се купи во сите возила на ЈСП и во билетарниците на ЈСП Скопје.

Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје.

Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета. Со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, а олеснителна околност ќе биде и за странските државјани.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4531
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1500 Posted: 17-Feb-2020 at 14:56
компактибилен...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 73747576>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.171 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.