build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 75767778>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1521 Posted: 08-Jul-2020 at 08:26
Само една година откако Заев ги „благослови“ 4-те нови еко-автобуси во Прилеп , тие се во дефект и вон употреба



https://alfa.mk/samo-edna-godina-otkako-zaev-gi-blagoslovi-4-te-novi-eko-avtobusi-vo-prilep-tie-se-vo-defekt-i-von-upotreba/
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1522 Posted: 08-Jul-2020 at 15:25
Сите 4?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 495
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #1523 Posted: 08-Jul-2020 at 16:18
Овие беа тие што после пуштањето во употреба се увиде дека нема таква бензинска во Прилеп, па мораше еколошки да возат секој ден до Битола??     
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1524 Posted: 07-Aug-2020 at 09:54
Општина Тетово ги разгледува понудите на компаниите за набавка на градски автобуси

Се разгледува документацијата на заинтересираните компании за купување на новите автобуси за јавен градски превоз во Тетово, што се ветуваат веќе неколку години од Општина Тетово, велат од локалните власти. Доцнењето на постапката за избор на најповолен понудувач е поради парламентарните избори во земјава, пишува „Порталб.мк“. Општината не дава точен датум кога треба да заврши разгледувањето на понудите.

Општина Тетово на 12 јуни го објави повикот за доставување на понуди од страна на заинтересираните компании за набавка на автобусите за градски превоз. Рокот за доставување на понудите беше 15 јули, но поради одржувањето на предвремените парламентарни избори, истиот беше продолжен до 24 јули.

– Моментално, се разгледуваат документите на секој економски оператор што доставил понуда – велат од Општина Тетово.

Според Општина Тетово, сè уште тече постапката во која комисијата врши проверка на документите на компаниите кои аплицирале.

– После отворањето, следи постапка во која комисијата врши верификација на документацијата и понудите и овој рок сè уште тече – рекоа за „Порталб.мк“ од Општина Тетово.

Ветувањето за повторно воведување на јавниот превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово го даде во нејзиниот прв мандат во Програмата за локалните избори за 2013 година со наслов „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово“ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година.

Истото ветување, Арифи го даде и на прес конференција еден ден пред новата 2020 година, и според неа, набавката за автобусите се очекуваше да заврши на крајот на јануари 2020 година.

Во март 2020 година од Општина Тетово информираа дека јавната набавка не е сè уште започната.

На крајот на мај 2020 година, од општината рекоа дека пандемијата влијаела врз овој процес. Конечно, во јуни 2020 година беше објавен тендерот за купување на автобусите. Инаку, Општина Тетово во септември 2019 година по вторпат основаше јавно претпријатие за градски превоз „Тетово Транспорт“.

https://meta.mk/opshtina-tetovo-gi-razgleduva-ponudite-na-kompaniite-za-nabavka-na-gradski-avtobusi/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1525 Posted: 07-Aug-2020 at 14:45
Комбиниран билет за воз и јавен превоз нема, дивите таксисти со полни раце работа (инфографик)





Нема никакво придвижување од надлежните власти за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз, којшто би го користеле граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу Скопје и околните градови Велес, Куманово и Тетово. Од Железници на РСМ-Транспорт за „Мета.мк“ информираат дека досега немале разговори со Град Скопје и ЈСП-Скопје околу можноста за воведување на комбиниран билет за воз и јавен превоз во главниот град.

– Во повеќето поразвиени земји од ЕУ комбиниран билет за воз и јавен превоз е воведен во големите градови каде постои и градска железница. Во тој случај истиот билет важи за било кој тип на јавен превоз што се одвива во градот. За воведување на комбиниран билет на меѓуградскиот железнички превоз на патници и градскиот автобуски превоз, треба да се изготви студија за условите, оперативните и техничките можности за реализација на овој проект – велат од Железници на РСМ – Транспорт.

Ваквата студија не само што не е изработена, се чини дека нема ниту волја за воведување на комбинираниот билет. Од ЈСП-Скопје и од Град Скопје побаравме одговори на прашањето дали планираат да го воведат комбинираниот билет и какви активности преземаат за да се воведе новата поволност за граѓаните, но до денешен ден не добивме одговори.

Во меѓувреме, бројките на превезени патници и со јавен градски превоз во Скопје, но и со патничкиот железнички сообраќај во континуитет опаѓаат. За да може да стигне на работа или на школо некој од Велес, треба да плати одделен месечен билет од 2.450 денари на Железници на РСМ-Транспорт, како и посебен месечен билет од 1.600 денари на ЈСП-Скопје за да може секојдневно да стигне до посакуваната дестинација.

Поради ова, дивите таксисти имаат полни раце работа и постојано расте бројот на патници што го користат ваквиот превоз меѓу Скопје и околните градови. Дивите таксисти се флексибилни, многу често возат до крајната дестинација што ќе ја побараат патниците, и тоа по конкурентни цени. И споделувањето места во автомобили има исто така зголемен тренд на користење кај граѓаните кои патуваат меѓу овие градови.

Како резултат на ова, статистичките податоци покажуваат континуирано намалување на бројот на патници што патуваат со воз. Во 2011 година од железничките станици во Велес со воз отпатувале 477.000 патници, а лани ова превозно средство го користеле само 162.000 патници. Опаѓање на бројот на патници има и кај ЈСП-Скопје, па така во 2015 година 52,9 милиони патници биле превезени во скопскиот јавен превоз, а минатата година тој број опаднал на 44,2 милиони патници.

Заедно со опаѓањето на интересот за користење на јавниот превоз и патничките возови, растат или потребите за дополнителни субвенции за одржување на превозот кај ЈСП-Скопје или натрупувањето долгови кај Железници на РСМ-Транспорт, кои пак секоја година добиваат субвенции од Градот Скопје и од Министерството за транспорт и врски.

Покрај тоа што не е воведен комбиниран билет за јавен превоз и воз, „Мета.мк“ веќе пишуваше дека граѓаните не можат да го транспортираат својот велосипед во патничките возови и јавниот превоз во Скопје, а нема ниту паркинзи и можности за изнајмување велосипеди на автобуските стојалишта и железничките станици. Интегрирањето на овие видови транспорт и воведувањето на нови поволности за граѓаните се единствената можност за пораст на бројот на патници, сметаат експертите.

https://meta.mk/kombiniran-bilet-za-voz-i-javen-prevoz-nema-divite-taksisti-so-polni-racze-rabota-infografik/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1526 Posted: 18-Aug-2020 at 14:20
Градските власти ветуваат држачи само на подолгите линии што водат до Водно и Матка

Неформалната група на скопски велосипедисти „На точак“ прашуваат дали постои можност на новите еко автобуси на плин да се постават држачи за велосипеди, пилот-проект кој започна да се реализира уште во 2016 година, на нивно барање, но не траеше долго. Оттаму додаваат дека иако често било дискутирано на средбите со претставници од Градот и им било потврдувано од градските власти дека ќе постои можност за поставување на држачи, до денеска не гледаат држачи за велосипеди на новите автобуси.

Затоа, од „На точак“ прашуваат дали на донесените модели на автобуси има држачи за велосипеди и ако нема држачи, дали можат да се монтираат дополнително на одредени линии?

– Ако можат да се монтираат држачи за велосипеди, дали Градот планира да го направи тоа и кога. Претходните беа непрактични за користење. Беше разговарано да влезат во документацијата за набавка или барем да се имаат предвид кога се набавуваат автобусите да бидат компатибилни – потенцираат од „На точак“ од каде очекуваат одговор од градските власти по ова прашање, но ја поздравуваат одлуката да се зголеми возниот парк на ЈСП и со подобри автобуси.

Од Градот потврдија дека на новите автобуси не се поставени држачи за велосипеди, но велат оти размислуваат на опции да се постават на одредени линии кои би обезбедиле безбедно користење.

– Монтирањето на вакви држачи на автобуси кои се движат по градски линии, поради брзото застанување и заминување е небезбедно за градскиот сообраќај. Велосипедите не се заклучуваат и тие не можат да се гледаат преку ретровизорите што е дополнително небезбедно. Еден од проблемите кои ги увидовме за време на пилот-проектот и поставените неколку држачи на велосипеди во 2016 година, е и големиот број на кражби на велосипеди – одговорија градските власти.

Тие додаваат дека од овие причини, Градот и ЈСП планираат вакви држачи за велосипеди да постават на новите автобуси кога истите ќе започнат да сообраќаат до рекреативни центри, на подолга локација (Водно, Матка…). Засега, новите автобуси сообраќаат на градските линии 2, 5, 15 и 24.

Во однос на претходниот проект, од Градот објаснуваат дека станува збор за пилот-проект кој ЈСП го спроведе во 2016-та и 2017 година, на барање и предлог на неформалната група велосипедисти „На точак“.

– Вакви држачи беа поставени на неколку автобуси. Тогаш тие не беа често користени, а кога се користеа, се случија неколку кражби на велосипеди. Токму поради искуствата од овој пилог-проект беа донесени и одлуките, поставувањето на држачите да се движи во оваа насока – нагласија од Градот.

(А.П.)

https://www.vecer.press/градските-власти-ветуваат-држачи-сам/
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2206
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1527 Posted: 18-Aug-2020 at 15:51
Има можност во некои автобуси внатре да се влегува со автобус? На автобусите кои сообраќаат за Водно може да им се извади по некое седиште и да монтираат држачи внатре.

Се надевам дека ќе обрнат внимание на мултимодалноста кај БРТ-то.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1528 Posted: 27-Aug-2020 at 15:47
Воведувањето комбиниран билет за воз и јавен превоз ќе почека на надминување на корона кризата

Ковид-19 кризата е причина за прекинување на сите контакти меѓу Градот Скопје и Железници на РСМ-Транспорт околу можноста за воведување на комбинираниот билет за воз и јавен превоз, како и други поволности за патниците што ги користат овие средства за масовен превоз. Од Град Скопје за „Мета.мк“ информираат дека вработените во нивниот Сектор за сообраќај имале контакт со Железници на РСМ-Транспорт за усогласување на возните редови на патничките возови и на јавниот превоз, но ситуацијата со ковид-19 кризата ги прекинала сите понатамошни контакти.

Од Град Скопје објаснуваат дека нивното ЈСП и државната железничка компанија се два различни оператори, така што постои потреба од меѓусебно усогласување со технички протоколи, како и усогласување и донесување на правни акти кои би овозможиле воведување на комбиниран билет за патување со воз и јавен превоз. Во моментов не постои временски термин во кој би се реализирале ваквите административни процедури.

И од Железници на РСМ – Транспорт за „Мета.мк“ веќе нагласија дека тие се заинтересирани за воведување на една ваква поволност за граѓаните, но дека постојат предуслови што треба допрва да се решат.

– За воведување на комбиниран билет на меѓуградскиот железнички превоз на патници и градскиот автобуски превоз, треба да се изготви студија за условите, оперативните и техничките можности за реализација на овој проект – велат од Железници на РСМ – Транспорт.

„Мета.мк“ веќе пишуваше дека бројките на превезени патници со јавен превоз во Скопје, но и со патничкиот железнички сообраќај во земјава во континуитет опаѓаат. Различни експерти во неколку наврати за нашиот медиум нагласија дека властите треба меѓусебно да соработуваат за да се воведат нови поволности за патување на граѓаните, како би можело да се запре трендот на опаѓање на бројот на патници во јавниот превоз и возовите.

Комбинираниот билет за воз и јавен превоз би бил најмногу користен од граѓаните од приградските населби на Скопје, како и од блиските градови Велес, Куманово и Тетово кои секојдневно патуваат до и од главниот град. Бидејќи не постои ваква поволност, на пример, граѓаните на Велес кои секојдневно патуваат на работа, училиште или за друга потреба во Скопје, плаќаат одделен месечен билет од 2.450 денари на Железници на РСМ-Транспорт, како и посебен месечен билет од 1.600 денари на ЈСП-Скопје, како би можеле да стигнат до посакуваната дестинација. Истото се однесува и за оние граѓани кои поретко патуваат, но се приморани да купат одделни возни билети за јавен превоз и за воз за да стигнат до посакуваната дестинација.

https://meta.mk/voveduvanjeto-kombiniran-bilet-za-voz-i-javen-prevoz-kje-pocheka-na-nadminuvanje-na-korona-krizata/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1529 Posted: 10-Sep-2020 at 13:23
Граѓаните нервозни, се „гужваат“ во ретките автобуси, Шилегов вели мора да се штеди

Неразбирливо за корисниците на јавниот сообраќај е зошто одлуката за редуциран број на автобуси по скопските улици е сеуште на сила, кога престанаа да важат ослободувањата од работа за родителите на деца до 10 години, фирмите ги вратија назад работниците кои работеа од дома, почна да функционира „Мој термин“, а клиниките и амбулантите примаат пациенти, кои неретко на лекар одат со автобус.

Автобусите на ЈСП секој ден се уште возат по саботен возен ред, кој беше воведен поради корона-кризата, иако работните активности на граѓаните се вратија во вообичаениот распоред.

Имено, претпријатието на почетокот на март донесе одлука да ги редуцира автобусите, како резултат на намалената фрекфенција на патници, поради пандемијата на ковид-19, што беше разбирливо и оправдано ако се земе предвид дека училиштата се затворија, а и голем дел од граѓаните почнаа да работат од дома.

Неразбирливо за корисниците на јавниот сообраќај е зошто одлуката за редуциран број на автобуси по скопските улици е сеуште на сила, кога престанаа да важат ослободувањата од работа за родителите на деца до 10 години, фирмите ги вратија назад работниците кои работеа од дома, почна да функционира „Мој термин“, а клиниките и амбулантите примаат пациенти, кои неретко на лекар одат со автобус.

Реакција на револтирани граѓани денеска стигна до редакцијата на Слободен печат.

– Автобусот со број 4 доаѓа еднаш на 40 минути. Дали знаете каков метеж се прави на автобуските станици за тој временски период? Во автобус за време на шпицот не можеш да се разминеш, а не пак да држиш растојание. Луѓе седат и на седиштата на кои пишува дека не смее да се седи, ама не ги обвинувам, и јас некогаш седам на нив, бидејќи во автобусот е таква гужва, што подобро да седнеме еден до друг, отколку да си дишеме во врат, вели наша сограѓанка која редовно го користи автобускиот превоз.

Слично мислење има и патничка која се вози во автобусот со број 24.

– Постојано слушаме дека треба да се држи растојание од два метра, но во автобус тоа не е можно. Би било многу полесно да се практикуваат протоколите за заштита од ковид-19 ако има почесто автобуси, бидејќи тоа ќе значи и помалку метеж и на автобуските и во автобусите.

Но, со ваквите реакции на граѓание не се согласува градоначалникот Петре Шилегов. Тој тврди дека автобусите возат полупразни, а и треба да се штеди.

– Анализите кои што ги правиме покажуваат дека во моментов превезуваме 0,6 патници на еден изминат километар, што значи дека фрекфенцијата на сообраќај не е на тоа ниво за да се вратиме на стариот возен ред, а мораме да ги правиме заштедите во транспортниот систем, имајќи во предвид дека добар дел од трошоците паѓаат на буџетот на Град Скопје. Таму каде што приметуваме дека на дневна основа, на определени места има гужви во шпицот, тие линии се појачуваат, меѓутоа кога ќе ги видите автобусите, ќе видите дека тие се де факто полупразни, рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

https://www.slobodenpecat.mk/graganite-nervozni-se-guzhvaat-vo-retkite-avtobusi-shilegov-veli-mora-da-se-shtedi-video/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 983
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1530 Posted: 10-Sep-2020 at 21:36
Originally posted by stef4o

...рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

https://www.slobodenpecat.mk/graganite-nervozni-se-guzhvaat-vo-retkite-avtobusi-shilegov-veli-mora-da-se-shtedi-video/


Рече Шилегов и остана жив
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2206
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1531 Posted: 10-Sep-2020 at 21:56
Прво автобуси кои загадуваат 700% помалку, сега 450% пад на продажба. Од извор на податок (кој и да е во ЈСП/ГС), преку објавувач (градоначалник), приемател (репортери) и преносител (медиуми), никој не се буни.

Да имаше пад од 450% полни ќе беа автобусите, особено со пензионери!

Мора повеќе автобуси за да се намалат гужвите (кои, сепак, се далеку помалку од март наваму). Ако има загуби, нека ја зголемат цената на единечните билети. Со тоа ќе се зголеми популарноста на годишните, а ќе се демотивира користењето на јавен превоз. Онлајн наставата доста помага тука, ќе се избегнат гужвите кај 7/13/19.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4751
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #1532 Posted: 11-Sep-2020 at 14:01
Originally posted by ehrlich

Originally posted by stef4o

...рече Шилегов и нагласи дека за 450 проценти е опадната продажбата на билети во 2020 година, во споредба со 2019 година.

https://www.slobodenpecat.mk/graganite-nervozni-se-guzhvaat-vo-retkite-avtobusi-shilegov-veli-mora-da-se-shtedi-video/


Рече Шилегов и остана жив


Добро, правилно би било дека ланската продажба била 450% поголема од годинешната, што автоматски не значи дека годинава е 450% помала, процентите не работат така, ама мислам дека е јасна поентата.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1533 Posted: 06-Oct-2020 at 08:50
Порталб: Пропадна тендерот за набавка на автобуси за јавен превоз во Тетово, распишан нов

Општина Тетово ја поништи постапката за јавна набавка на пет автобуси за организирање на јавниот превоз, кои градоначалничката Теута Арифи ги ветува девет години наназад. Причината поради која пропадна тендерот е „недостаток на понудувачи кои ги исполнуваат условите“, пишува „Порталб.мк“.

Веднаш по поништување на постапката за набавка на петте автобуси, истата беше повторно објавена. Понудите од заинтересираните компании во втората постапка се очекува да се достават до 25 октомври, а потоа ќе следи постапка за избор на најповолна понуда.

„Податоците што ги поседуваме од Одделот за јавни набавки, велат дека немало понудувачи кои ги исполнувале потребните услови и како резултат на тоа постапката за јавна набавка мораше да се откаже. Огласот беше повторно објавен пред неколку дена и на 25 октомври треба да биде затворен. Потоа, продолжуваат другите фази како што се предвидени со одредбите на законот за јавни набавки“, велат од Општина Тетово.

Уште во декември минатата година градоначалничката на Тетово Теута Арифи вети дека од јануари годинава ќе започне формалната постапка за јавна набавка и дека истата ќе заврши за еден месец.

„Сметаме дека во јануари можеме да го започнеме процесот на набавка на овие пет автобуси“, рече Теута Арифи во декември минатата година.

Со распишувањето на изборите во април годинава, се зголеми оптимизмот на Општина Тетово дека до крајот на оваа година граѓаните ќе можат да ги користат петте ветени автобуси.

До пред неколку дена, вината за нереализација на овој проект од страна на Општина Тетово беше префрлена на „корона вирусот“, тврдејќи дека „поради состојбата со пандемијата, постапките се откажани“.

Ветувањето за јавен превоз во Тетово, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи го даде во првиот мандат во програмата за локални избори од 2013 година „Градиме заедно“, а истото го повтори и во дебатата организирана од „БИРН Косово “ и „Порталб.мк“ во октомври 2017 година. Ова ветување на Арифи не е исполнето.

Исто ветување, Арифи даде на прес конференција еден ден пред новата 2020 година, на која според Арифи целата документација за снабдување на Тетово со пет автобуси е завршена и дека нивната набавка се очекуваше да заврши на крајот на јануари.

„Од Светска банка обезбедивме средства од 72,5 милиони денари за набавка на пет автобуси за јавното сообраќајно претпријатие, би сакала да ве известам дека вчера Министерството за финансии ни го испрати за потпишување договорот и започнување на постапките за набавка на автобуси. Според ова, како што се одвиваат работите, сметаме дека во јануари можеме да го започнеме процесот на набавка на овие пет автобуси“, рече Теута Арифи на 30.12.2019 година.

Од друга страна, Општина Тетово во септември годинава по вторпат го основа јавното сообраќајно претпријатие „Тетово Транспорт“, бидејќи првото не стана функционално и истото автоматски престана да работи поради законски рокови за ставање на истото во функција, а на последниот состанок на тетовскиот општински совет беше изгласан и статутот на ова претпријатие.

https://meta.mk/portalb-propadna-tenderot-za-nabavka-na-avtobusi-za-javen-prevoz-vo-tetovo-raspishan-nov/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1534 Posted: 06-Oct-2020 at 11:51
ОД ДЕНЕС ЌЕ ВОЗАТ ПОГОЛЕМ БРОЈ АВТОБУСИ, НАЈАВИ ЈСП „СКОПЈЕ“

Поголем број автобуси ќе бидат пуштени од денеска на дел од линиите, најавуваат од ЈСП „Скопје“ и велат дека наместо според саботен возен ред, поголем број автобуски линии ќе возат според летен делничен возен ред.

Поголем број автобуси ќе бидат пуштени на линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање. Линиите 9, 19, 20 и 23 како и во изминатиов период, продолжуваат да соораќаат по редуциран делничен возен ред.

Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 кои возеа до Средно Водно и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.

ЈСП „Скопје“ го редуцираше бројот на автобуси кои сообраќаат низ градот од почетокот на епидемијата на коронавирусот. И покрај поплаките на граѓаните дека долго чекаат автобус, градоначалникот Петре Шилегов изминативе 6 месеци велеше дека не може да се зголеми бројот на автобуси и да се врати вообичаениот возен ред бидејќи е намален бројот на патници и ЈСП работи со загуба.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-denes-ke-vozat-pogolem-broj-avtobusi-najavi-jsp-skopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1535 Posted: 06-Oct-2020 at 11:54
Мораше ли прво да биде со месеци ваков хаос и гужва па сега со задоцнување да зголемуваат капацитет







https://www.facebook.com/groups/145337166272043
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7374
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1536 Posted: 07-Oct-2020 at 01:52
JSP being your regular good ol' JSP
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1537 Posted: 08-Oct-2020 at 16:48
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ - ОПАСНОСТ ЗА ШИРЕЊЕ НА КОВИД 19 - ГРАЃАНИТЕ БАРААТ ПОГОЛЕМ БРОЈ НА АВТОБУСИ



https://www.24.mk/details/javniot-prevoz-opasnost-za-shirenje-na-kovid-19-gra-anite-baraat-pogolem-broj-na-avtobusi
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #1538 Posted: 08-Oct-2020 at 18:15
„Мицкоски да објасни зошто Шилегов толку многу ги редуцирал автобусите во време на Ковид 19- пандемија“ - папагалски одговор на членовите на СДССМ.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6887
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1539 Posted: 18-Oct-2020 at 11:43
ЈСП „СКОПЈЕ“ СО 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБА ПОРАДИ КОВИД-19, 62 ОТСТО ПОМАЛКУ ПАТНИЦИ ВО АВТОБУСИТЕ

За 62,5 отсто е намален бројот на патници во јавниот превоз од почетокот на пандемија на ковид-19 до сега. Од март до септември во автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници се возеле 12.064.455 патници, а истиот период лани бројот бил 32.148.854. Поради намалениот број на патници загубата на претпријатието досега е околу 4 милиони евра.

Според бројот на валидации во месец март со јавен превоз се возеле 2.731.699 патници, а истиот месец во 2019 бројот бил 5.685.383. Најголем пад на бројот на патници има во април годинава и тоа за 88.5 отсто односно лани во април се автобус се возеле 5.237.154 патници, а годинива само 597.374. Големо намалување на бројот на патници има и во месеците мај, јуни, јули и август. Во септември во спроредба со другите месеци, најголем е бројот на граѓани кои користеле јавен превоз, но и таа бројка е за околу 50 отсто помала во споредба со истиот период лани.

Број на валидации во автобусите на ЈСП „Скопје“ и приватните превозници

Месец            2019                                   2020

Март            5.685.383                            2.731.699

Април          5.237.154                               597.374

Мај               5.143.870                            1.064.518

Јуни             4.260.896                             1.634.768

Јули             3.946.298                             1.868.372

Август          3.398.976                             1.783.904

Септември 4.476.277                                  2.383.820

Вкупно        32.148.854                             12.064.455

Во овој момент според препораките на Комисијата за заразни болести автобусите возат со капацитет од 75 отсто. Но, по зголемениот број на нови случаи на ковид-19, министерот Венко Филипче најави дека како дел од новите мерки ќе препорача до Владата да се ограничи капацитетот на јавниот превоз до 50 отсто.

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека ќе го адаптираат возниот ред на автобусите согласно препораките на Комисијата за заразни болести.

Од пред десет дена пуштени во сообраќај беа повеќе автобуси и сега тие возат според летен делничен возен ред. И покрај поплаките на граѓаните дека долго чекаат автобус, градоначалникот Петре Шилегов изминативе 6 месеци велеше дека не може да се зголеми бројот на автобуси и да се врати вообичаениот возен ред бидејќи е намален бројот на патници и јавното сообраќајно претпријатие работи со загуба.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/jsp-skopje-so-4-milioni-evra-zaguba-poradi-kovid-19-62-otsto-pomalku-patnitsi-vo-avtobusite/
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7374
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1540 Posted: 19-Oct-2020 at 21:43
еве да речеме дека во ЈСП нема некој што 30 години наместо да инвестира во развој и удобност на своите корисници, ги пика парите во џеб... нели треба да стават прст на чело дека парите ги губат поради незадоволни патници и поефикасни начини на движење низ градот, како пеш, велосипеди, такси и сопствени возила???

ако постои претпријатие најмногу што го мразам, тогаш ЈСП би го завземало тој пиедестал
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 75767778>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.422 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.