build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 85>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен автобуски превоз (општо)
    Posted: 09-Jul-2007 at 08:00
.


Edited by Cloverstack - 17-May-2010 at 00:00
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 10-Sep-2007 at 00:01
Еве да почнеме со оваа чудна вест

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FA4D157D207D014482523F9DDC6CD7BD

Приватниците ќе купуваат електронски систем за следење на автобусите


СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА


Извршните одбори на приватните превозници од „Слобода превоз“ во текот на овој месец ќе се состанат за да одлучат да купат модерен електронски систем за следење на автобусите. Доколку и сопствениците на возилата се согласат и партиципираат со одредена сума, тогаш договорот ќе биде потпишан на 1октомври, по што ќе нема пречка веќе од 1 јануари 2008 година системот да профункционира. Од „Слобода превоз“ велат дека нема повеќе да го чекаат Градот да воведува електронски систем за автоматско следење на возилата, туку ќе си го купат сами. Иако навидум изгледа нелогична идејата да се воведе ваков современ систем за возила што се распаѓаат, од претпријатието уверуваат дека токму тој ќе им овозможи да одат чекор понапред кон осовременување на приватниот превоз и обезбедување на поквалитетни возила, а кои сега немаат можност да ги купат зашто државата не нуди поволни кредити.

Со овој систем ќе се избегне плаќање во автобусите. Ќе се воведат електронски билети, а веројатно ќе им се овозможи на граѓаните да плаќаат и со платежни картички. Тоа, велат приватниците, ќе го реши проблемот со фискализацијата. Со идејата за воведување ваков систем се согласиле и од Управата за јавни приходи и градските власти.

Од „Слобода превоз“ не потенцираат колку средства треба да се издвојат за електронски систем за следење на автобусите се' додека не решат и не се договорат каков систем ќе се набави. „Ваквиот телекомуникациски систем ќе ни овозможи во секој час да имаме информација колкава е фреквентноста на патници на одредена линија. Тоа значи дека ќе можеме да направиме анализа и на колку време треба да поминуваат нашите автобуси, што, пак, ќе значи и економска исплатливост на линиите. Воведувањето ваков систем ќе значи и поставување продажни пунктови каде што граѓаните ќе можат да се снабдуваат со електронските картички. Но, не е исклучена идејата тие да се продаваат и по трафики“, вели Ленин Јовановски, директор во „Слобода превоз“.

Во приватните автобуси наместо поништувачи ќе бидат поставени таканаречени валидатори со компјутерска плоча на отчитувачи на електронските картички, како што е примерот со картичките на паркинзите во градов. По примерот на Измир во Турција, во „Слобода превоз“ размислуваат електронските билети да ги продаваат и мобилни дистрибутери. Воведувањето на електронскиот систем ќе значи и изградба на сервисен систем.



Главната финта е спомната и од новинарката:

изгледа нелогична идејата да се воведе ваков современ систем за возила што се распаѓаат




Edited by Cloverstack - 04-Mar-2008 at 01:44
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 10-Sep-2007 at 10:59
Хахахаха се согласувам со новинарката. Ќе плаќаме со електронски картички а автобусите се возат без врати, го загадуваат градот ненормално, и столчињата се као да не носат у Аушвиц. Ermm
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 04-Oct-2007 at 18:22
Ова е од пред некој ден

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3DD479F5FA25B2428F8567350E79A826


Се предлага воведување единствен возен билет во сите автобуси


За иницијативата околу АЛВ-систем за следење возила ќе се расправа денеска на Советот на Скопје

САЊА НАУМОВСКА

На Скопје му се потребни меѓу 600.000 и 1,2 милиони евра за воведување автоматско следење на автобусите од јавниот превоз, што е основа за воведување на единствениот возен билет. Засега ова е само иницијатива, која денеска ќе се најде пред советниците на градскиот Совет, за која за да стане реалност, треба во практика да се реализира субвенционирањето на јавниот превоз. Според Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот, иницијативата мора да ја има поддршката од Советот за да почне да се реализира. Следен чекор се преговори со Владата за субвенциите и за долгот на ЈСП и ставање на претпријатието на здрава финансиска подлога за да може од сопствени средства етапно да го финансира новиот систем. „За приватниците е полесно, бидејќи на грб не го носат товарот на заостанатите долгови. Доколку бидат успешни преговорите со Владата, ќе се направи финансиска конструкција колку би чинел целиот систем и моделот и временската рамка на неговото спроведување“, нагласува Христовски, додавајќи дека е можно тој првично да се реализира само на неколку автобуси и на неколку линии.

Според проектот, АЛВ-системот подразбира сателитско следење на секое возило кое треба да биде опремено со уред за навигација преку компјутерски центар опремен со специјален софтвер кој ќе може до корисниците на услугите, односно до граѓаните да испраќа податоци што ги интересираат. На располагање ќе бидат информации за тоа каде се наоѓа некој конкретен автобус, за колку време ќе пристигне на автобуската постојка, точниот возен ред и други, кои на патниците ќе им се испраќаат преку Интернет, на мобилен телефон, дома или во канцеларија. Автобуските станици ќе бидат опремени со дигитални табли на кои текстуално ќе се испишуваат соопштенија врзани со превозот на патници како и бараните информации. Сето ова, според градските власти, ќе овозможи побезбеден и, пред се', поефикасен јавен сообраќај, кој ќе привлече поголем број патници и ќе донесе поголем профит на превозниците.

Во АЛВ-системот ќе бидат вклучени и ЈСП и приватните превозници, што значи предуслов е оформување единствен возен ред. Во плановите на Градот е и воведување единствена градска автобуска карта што ќе важи во автобусите на двата превозници, но и во трамвајот, доколку се изгради. Тоа значи изедначување на тарифниот систем и надминување на шаренилото на цени што постои моментно. Во Градот велат дека во предложените измени влегува и централизираното собирање на средствата од превозот на патници, чија распределба понатаму ќе се прави по нов клуч.

„Се предвидува распределба на приходот по изминат километар на секој превозник во која ќе бидат вклучени експлоатационите трошоци по километар кои превозниците ги имаат за одржување на утврдените линии. Во нив се вклучени трошоците за гориво, мазиво, за гуми и за резервни делови, како и за регистрација, осигурување и за плати“, велат во Градот.





Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 18:37
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 04-Oct-2007 at 18:34
А ова е од денеска


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=709C31B3EDEAAC4FAC78FB08D7BE9C28


ЈСП од понеделник ќе вози со намалени цени

Билетот за едно возење ќе биде поевтин за пет денари

До крајот на неделава Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ ќе одлучи за колку ќе поевтини градскиот превоз. Одлуката ќе стапи во сила веднаш по усвојувањето, што би значело дека веќе од понеделник претпријатието ќе вози по пониски цени. Ќе поевтинат и обичните и месечните билети. Неофицијално се вели дека обичниот билет за едно возење ќе биде поевтин за 5 денари, додека за месечните се' уште се прават калкулации.

Поевтинувањето на јавниот градски превоз се случува по неодамнешната одлука на Владата за намалување на ДДВ за превозот на патници од 18 на пет проценти. Во меѓувреме, „Македонски железници“ ја намали цената на билетите, сега се чека на намалување на ЈСП и на приватните превозници.

Но, и покрај поевтинувањето на градскиот превоз, сите ученици, студенти и други кои извадија месечни билети за октомври ќе се возат цел месец по однапред платената повисока цена. Токму затоа граѓаните се прашуваат дали ЈСП купуваше време за да може со платените поскапи месечни билети да го „покрие“ наредниот месец кога треба да вози со пониски цени, со оглед на тоа дека претпријатието опстојува од наплатата. Од ЈСП велат дека одлуката на Советот на Градот ја добиле дури завчера. Од Градот го потврдуваат тоа, објаснувајќи го со законските рокови до излегување на градската одлука во „Службен гласник“.

„Управниот одбор ќе одлучува до крајот на неделава и потоа веднаш официјално ќе информираме за висината на цените. Оваа одлука нема ретроактивно дејство кое го обврзува претпријатието да им врати пари на граѓаните кои веќе извадиле месечни билети за октомври“, вели Орце Георгиевски, директор на ЈСП „Скопје“. (Сн.К.)




Edited by Cloverstack - 04-Oct-2007 at 18:35
Back to Top
gotsomekicks View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
  Quote gotsomekicks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 04-Oct-2007 at 20:12
^^ Не очекував дека намалувањето на ДДВто ќе има вакво влијание. Обично никој не не ебе нас, туку парите што не ги даваат на државата ги пикаат по џебови. Али стварно беше срамота, од 15 денари (ви текнуе еееј!!) или 10 колку и да беше на 35 ги качија цените и ми се чини имаше и иницијатива 40 да бидат!!!

Енивејз, дечки нешто интернетов ме заебаваше последнава недела па ич неможев да се активирам околу форумов. Едвај можев да го отворам колку да видам дали нешто ново сте постирале, а и за тоа ми требаа добри 15 минути Angry
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 04-Oct-2007 at 20:21
Originally posted by gotsomekicks

^^ Не очекував дека намалувањето на ДДВто ќе има вакво влијание. Обично никој не не ебе нас, туку парите што не ги даваат на државата ги пикаат по џебови. Али стварно беше срамота, од 15 денари (ви текнуе еееј!!) или 10 колку и да беше на 35 ги качија цените и ми се чини имаше и иницијатива 40 да бидат!!!



Реално имаше огромен скок на трошоците (не само на гориво туку и на сите други продукти поврзани со нафтата), а имаше и доста скриена инфлација во Македонија. Ама сепак мислам дека претераа со зголемувањето на цените. Во секој случај, мора и државата да почне со субвенции за јавниот превоз. Не зборувам за големи субвенции - така ќе се наруши пазарната логика, ама сепак мора да помогне. Јавниот превоз се субвенционира по дифолт. Колку што знам така е во секоја нормална држава.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 04-Oct-2007 at 21:36

се е ова супер, ама додека не се најде решение да се смени оној крш од улицине, оваквите вести се споредни. Јас стварно незнам како не се зафатија веќе сериозно со тоа прашање, градот, државата, сите.... да видат каде шкрипи со тоа финансирање, да најдат модел, неможе да биде невозможно да се најде. Но за ова воопшто не постои сериозна дебата или бар ние не сме свесни за тоа, а исходот на онакви еднострани иницијативи е јасен однапред.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 31-Oct-2007 at 00:57

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E89D56788122EF448C27458F1D710D3B


Приватните превозници размислуваат за зголемување на цената

Се најавува враќање на старите 25 денари, а не е исклучена можноста и од повисока цена

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

Приватните превозници, се чини, само на кратко ги израдуваа скопјани со поевтин превоз, бидејќи веќе размислуваат за враќање на претходната цена. Прават анализи и калкулации и кон средината на ноември ќе соопштат дали повторно ќе возат по цена од 25 денари, или можеби и повеќе. Во „Слобода превоз“ велат дека причината за зголемувањето на цената на превозот не е тоа што ЈСП „Скопје“ се' уште не ја намали цената, туку новиот бран на поскапувањата на нафтата на светската берза, кое кај нас предизвика зголемување за седум денари. Тоа, генерално, го доведува јавниот градски превоз до состојба на колапс. Единствен спас е субвенционирање од страна на Градот, или Владата. За ова прашање многу скоро ќе разговараат градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, и вицепремиерот Зоран Ставрески.

„Мора да размислуваме за поскап превоз, бидејќи цената на нафтата на светската берза расте. Цената на деловите за возилата е иста и овде и во Германија, а ако зборуваме за пазарно работење, тогаш никаде цената на превозот не е помалку од едно евро. Секаде јавниот превоз се субвенционира“, вели Ленин Јовановски, директор во „Слобода превоз“.

На оваа тема неодамна од „Слобода превоз“ разговарале со претставници на Секторот за сообраќај во Градот и со градоначалникот Костовски. Приватниците имале многу предлози како да се подобрат условите во јавниот градски превоз и како да се дојде до денар плус. Тие предложиле да се издвојува по еден таканаречен еколошки денар од секој литар продадено гориво, што ќе оди за градскиот превоз, потоа по денар од секое паркирано возило, а наместо исплатен превоз во кеш за вработените, средствата да одат на сметка на претпријатијата кои се занимаваат со јавен превоз. Исто така, било предложено да има приоритетни жолти линии по кои исклучиво и непречено ќе возат автобусите од јавниот градски превоз, подобра соработка со сообраќајната полицијата и градската инспекција заради отстранување на дивите таксисти кои постојано им ги земаат патниците.

Јован Христовски, раководител во Секторот за сообраќај во Градот, вели дека предлозите се само модели за субвенционирање, кои треба да се договорат на малку повисоко ниво. „По средбата на градоначалникот со вицепремиерот Зоран Ставрески ќе знаеме дали е постигнат договор за субвенционирање. Потоа ќе треба да се изготви и законската рамка во која ќе влезат и моделите на субвенционирање“, објасни Христовски.

"""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""""



Sleepy   Sleepy   Sleepy



Па овој Ленин навистина убаво лоцира дел од проблемите. Ама крајно време е да се сврти малку и накај својата организација и да реши дел од проблемите што произлегуваат од видот на јавен превоз кој што ни го наметнаја во голем дел и приватниците.


Нормално највеќе мислам на типот на автобуси кои ги тркалаат по градов. Веројатно веќе го купија цел крш од словенечките отпади, па ако не се свестат и ако не го сменат начинот на размислување, следи откуп од Африка, зашто крш како нивниот веќе нема ни во Албанија.

Ај можеби галопирачките цени на нафтата ќе ги натераат да се свестат и да почнат да размислуваат за нови и економични автобуси.

Во секој случај највеќе ја обвинувам државата и градот кои не само што им дозволија непречено да увезуваат старо железо, туку и им го регистрираат, и како капак на се им дозволуваат со него да вршат и јавен превоз. Тоа е против сите норми и стандарди.


Edited by Cloverstack - 31-Oct-2007 at 01:10
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Nov-2007 at 01:39
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4CF24CFB85338543B3FFF13F79DDFEB5


ЈСП ги намали билетите за пет денари

Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ одлучи да ја намали цената на јавниот градски превоз. Од денеска билетите купени во автобус ќе чинат пет денари помалку, односно наместо 35 денари, граѓаните ќе плаќаат по 30 денари. Единечните билети купени во билетарниците на ЈСП од 30 се намалени на 25 денари.

Петар Спасовски, претседател на УО на ЈСП „Скопје“ појаснува дека се намалени и месечните билети и тоа во просек за 11 отсто. Студентите и учениците, како и сите други кои користат месечни билети и веќе платија за маркички за ноември по стара цена, нема да добијат надоместок, бидејќи, како што појаснуваат во претпријатието, тие и онака добиваат попуст со тоа што имаат субвенционирани билети. (Сн.К.)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 07-Nov-2007 at 02:29
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=5BFB3B9D7AC1DA4BBDE8E42576172CE2



Сите се за субвенционирање во превозот, но без конкретни чекори

Владата го префрла жешкиот костен на Градот


Доколку се реши субвенционирањето во ЈСП, тогаш има шанси да се откочи проектот со Светска банка за набавка на 100 автобуси

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА

По намалувањето на цената на билетите, во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ веруваат дека кај Владата има расположение за субвенционирање во јавниот градски превоз. Тоа би можело да ги реши проблемите со градскиот превоз и да овозможи уште поголемо снижување на цената. Првиот човек на ЈСП „Скопје“, Орце Георгиевски, вели дека нешто почнува да се движи во позитивна насока и се надева оти субвенционирањето во градскиот превоз ќе се случи и кај нас како што е секаде во светот. „Барем на последните разговори на релација Влада-Град децидно беше констатирано дека субвенционирање треба да има, но конкретни сознанија нема кој и колку ќе субвенционира“, вели Георгиевски.

Од Владата потврдуваат дека имаат имаат добра волја во однос на прашањето за субвенционирање на градскиот превоз, но одговорноста велат е исклучиво на Градот. Со тоа жешкиот костен Владата го враќа на Градот. „Разговорите помеѓу Владата и Градот се во работна фаза. Владата покажува добра волја и токму затоа ги отвори разговорите за бројните проблеми, меѓу кои и субвенционирањето во јавниот градски превоз, со што ова прашање е во исклучителна надлежност на Градот“, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски.

Но, од досегашните преговори помеѓу вицепремиерот Зоран Ставрески и градоначалникот Трифун Костовски се' уште не произлегоа конкретни решенија и одговори по ова прашање. Од кабинетот на градоначалникот велат дека од мај наваму немало нова средба. Костовски пред седум дена испратил писмо до вицепремиерот Ставрески на кое се' уште нема одговор. Од кабинетот на Костовски повторуваат дека тој веќе изјави: доколку се намали цената на јавниот градски превоз пред да се реши субвенционирањето, ќе го смени директорот на ЈСП „Скопје“. Градоначалникот ја поддржува иницијативата на советничката група на Либералната партија во Советот на градот цената на превозот да се намали тогаш кога ќе се реши субвенционирањето. Од Градот додаваат дека и онака со претходната цена претпријатието трпеше загуби, а сега со намалувањето сосема ќе пропадне.

Според директорот на ЈСП, Георгиевски, доколку се реши субвенционирањето во јавниот градски превоз, тогаш има шанси да се откочи проектот со Светска банка за набавка на 100 автобуси. Тој проект беше закочен токму поради тоа што претпријатието не беше во можност да ги плаќа месечните ануитети. Сега таква можност ќе се отвори и ќе се создаде шанса да се обнови возниот парк, смета Георгиевски.



Не знам од каде оптимизам дека имало придвижување на ова поле. Од владава викаат тоа било надлежност на градот (демек: твој проблем), а од градот дефинитивно не можат да издвојат ни дел од потребните средства... Ама овој како и многу други проблеми во Скопје се сведува на апсурдно малите финансиски средства со кои располага градот. За да може Скопје да функционира, нешто треба да се менува (не само градоначалникот). Дури и да дојде способен градоначалник, нема да може баш премногу да направи со вака поставени финансии.


Edited by Cloverstack - 07-Nov-2007 at 02:29
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Nov-2007 at 17:57
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9FFA89BA49C2D4489B69865B1BDF1C28


Костовски обвини дека ЈСП бил принуден да ги намали цените

Градоначалникот инсистира на субвенции во превозот

Намалувањето на цената на превозот на ЈСП пред да биде решено прашањето на субвенционирање е извршено под притисок на централната власт, обвини вчера градоначалникот Трифун Костовски на прес-конференција. Тој смета дека со оваа цена претпријатието ќе банкротира за три месеци, а неговите загуби, според пресметките на Комисијата составена од членови на Управниот одбор, ќе изнесуваат околу 138 милиони денари. Загубите за 2008 година, пак, ќе достигнат 258 милиони денари. Костовски е категоричен дека субвенционирањето мора да го помогне централната власт, која во буџетот за 2008 година треба да предвиди ставка за државни дотации за метрополата и ставка за правилна распределба на персоналниот данок. Според него, од вкупниот персонален данок во државата, три отсто се враќаат во локалната самоуправа, а во Градот се слеваат само 0,1 отсто. Костовски потенцира дека доколку Градот има дотации, тогаш тој ќе го реши прашањето на субвенциите, а со ваков превоз цената треба да изнесува 10 денари.

„Со години се натрупувале проблемите во јавниот градски превоз. Нема никаде во светот претпријатие кое не добива субвенции. Само ЈСП ’Скопје‘ опстанува од пазарното работење. Затоа и се поставува прашањето како да се обезбедат субвенциите.

Ние и натаму ќе инсистираме на интензивни разговори со централната власт, не може да се среќаваме само кога прашањето е жешко, а штом ќе олади средби да нема“, рече вчера Костовски, апелирајќи до централната власт сериозно да го сфати барањето на Градот доставено пред седум дена, а во врска со субвенционирањето. Притоа, тој додаде дека е неприфатливо централната власт да располага со сите пари. За да ги заштити скопјани, градоначалникот ќе реализира кампања насловена „Човеку, каде одат твоите пари“. (Сн.К.)


Добра кампања, погрешен човек.


Што се однесува до субвенционирањето, повеќе од јасно е дека нешто треба да се превземе на тоа поле. Ама за жал не е се така едноставно. Со такво лошо работење во ЈСП, субвенционирањето само ќе направи џабе да се фрлаат пари во еден неефикасен гигант.
Дури и после поефтинувањево, мене ми е поевтино да се возам сам во кола отколку со ЈСП (за другите аспекти како удобност, брзина, прилагодливост и сл. да не зборувам). Тоа се однесува буквално за сите почести дестинации на кои се движам. Значи за да ти биде ЈСП финансиски поисплатлив или треба да имаш месечна карта и/или специфична рута, или да возиш некој ѕвер (ама во вториов случај нормално нема ни да помислиш на ЈСП)
Па нормално е човек да се запраша колку ефикасно и одговорно се работи ЈСП (највеќе раководството) и дали субвенциите би се користеле на правилен начин. Мора да се размислува и на таа тема при планирање на субвенциите. И нормално да не бидат субвенциите преголеми, туку да се остави и простор за пазарна логика.


Edited by Cloverstack - 09-Nov-2007 at 18:00
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 04-Dec-2007 at 16:42
дали конечно мрда??
 
ЈСП ќе добие 4,4 милиони евра за педесетина нови автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие ќе добие 4,4 милиони евра од Владата за купување на педесетина нови автобуси.

„Со овие средства ЈСП ќе може да купи од 45 до 50 автобуси со кои ќе се подобрат условите во јавниот превоз за граѓаните кои живеат во Скопје“ изјави премиерот Никола Груевски.

Според Груевски, ЈСП ќе отвори меѓународен тендер и ќе биде избрана најповолната понуда.

Владата ќе има надзор над тендерот оти, како што рече Груевски, се работело за јавни пари, директен трансфер, кои биле издвоени од буџетот од 2007 година.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 04.12.2007 16:10:08

Извор: Нетпрес
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 04-Dec-2007 at 16:59


Да се надеваме дека ќе биде оваа работа. Кога би се замениле педесетина нај-крш автобуси во ЈСП со нови, тоа битно би ја подобрило ситуацијата со просекот на старост и квалитет во ЈСП. Веројатно значително ќе се одрази и на ефикасноста во поглед на потрошувачка на гориво.

Ама сепак поголем проблем се приватниците. Крајно време е да се најде модус како да се стимулираат или ако треба натераат да ги сменат автобусите. Состојбата со приватните автобуси веќе реално е неподнослива.


Edited by Cloverstack - 04-Dec-2007 at 17:00
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 04-Dec-2007 at 23:47
Super... samo ne razbiram zosto se odbegava sorabotka so SANOS?? zarem e loso makedonska firma da profitira od proizvodstvo na desetici/stotici avtobusi?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 05-Dec-2007 at 00:00


pa dobro sega ima prostor povtorno da se raboti so SANOS. Kolku sto jas kontam JSP kje dobie blanko pari so koi treba da kupi avtobusi, nema uslov tie da bidat Mercedes. I jas navivam za SANOS. Iako 50 avtobusi vo princip ne se nisto i duri prvava zdelka da ne ja dobie SANOS kje ima dosta priliki za popraven ispit i ponataka. Samo da trgne rabotata.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 05-Dec-2007 at 09:58
Има ли некој податок колку автобуси како на ЈСП така и на приватниците се движат по скопските улици? Ме интересира бидејќи немам претстави што овие нови 50 би значеле? Со оглед на рекламите што ги гледам по автобусите ми се чини дека 30тина автобуси сочинуваат 70% од главните градски авотбуси.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 05-Dec-2007 at 10:54

далеку повеќе. Само ЈСП има ~500 автобуси. Мислам дека имам прочитано дека вкупната бројка за Скопје е нешто над 1.000. Не дека сите тие се во сообраќај, веројатно тука спаѓа и некој крш што седи по депоа. Како и да е 50 автобуси се "tip of the iceberg".


Edited by pbanks - 05-Dec-2007 at 17:32
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 08-Dec-2007 at 00:09
еве го и градот се окуражи. 1.5 милиони, според цените на автобусите кои се сервираат по медиумите не е лошо, тоа се дополнителни 10на автобуси. Но да почекаме дали ова воопшто ќе се реализира знаеме со какво темпо работи градот. GPSите на пример ги најавуваат веќе две години

Градот Скопје ќе инвестира два милиона евра во ЈСП

За 1,5 милион евра ќе се набават нови автобуси, а за остатокот ќе се воведе системот „смарт тикетинг“ во наплатата

САЊА НАУМОВСКА

Градот Скопје од буџетот за 2008 година ќе одвои два милиона евра за набавка на нови автобуси за ЈСП „Скопје“ и за воведување на системот „смарт тикетинг“ во наплатата. Заедно со инвестицијата на Владата од 4,4 милиони евра за набавка на еколошки автобуси, ЈСП ќе се поднови со педесетина нови возила, според европски стандарди со низок под и со платформа за лицата со посебни потреби. Исто така, новите автобуси ќе ги задоволуваат европските еколошки критериуми, што значи ЈСП нема да биде најголем загадувач на воздухот во градот. Ќе се набавуваат возила со ЕКО 4 или ЕКО 5 мотор, кои чинат од 130.000 до 150.000 евра.

Во Градот најавуваат дека веднаш по усвојувањето на буџетот за наредната година, што би требало да се најде деновиве пред Советот, веднаш ќе се распише тендер за нови автобуси и за воведување на „смарт тикетингот“. Со новиот принцип на плаќање, граѓаните ќе купуваат картички со одредена вредност, за кои во автобусите ќе има посебни читачи. Овој „смарт тикетинг“ функционира слично како платежните картички, тие ќе бидат достапни во сите продавници од малопродажбата, а воедно се многу безбедни, тешко се фалсификуваат и злоупотребуваат. Еден читач на европскиот пазар чини над 2.500 евра , но во Градот сметаат дека на тендерот, со оглед на количеството што ќе го набавуваат, може да добијат и пониски цени.

На секој читач во автобусот ќе има и уред џи-пи-ес преку кој ќе се следи движењето на автобусот, со што практично ќе се воведе и системот за автоматска локација на возилата од еден центар, кој веројатно ќе биде сместен под Транспортниот центар.

„Градот Скопје идната година ќе инвестира два милиона евра во јавниот превоз, од кои 1,5 милион се наменети за нови автобуси, а остатокот за системот ’смарт тикетинг‘. Старите картички веќе нема да се користат, а автобускиот превоз ќе понуди поквалитетна и посовремена услуга“, вели Јован Христовски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот.

Во новиот систем за наплата може да се вклучат и приватните превозници, доколку ги обезбедат условите за тоа. Според Христовски, по воведувањето на автоматското следење и оформувањето на Центарот за следење на возилата од јавниот превоз, може да профункционира и наплатата по изминат километар и за ЈСП и за приватниците.



Извор: Утрински весник
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 08-Dec-2007 at 02:31


Добрите вести за јавниот превоз во последно време ни дојдоа во серија. Ни останува да се надеваме дека ќе се реализираат.

Ама останува еден горлив проблем во врска со ЈСП. Дивјаштвото на одредени граѓани или групи граѓани... Мора да се стави ред во наплатата и да се намалат и санкционираат инцидентите во и со автобусите.


Ако малце се средат работите со ЈСП, приватниците ќе мора самите да се воозбилат и да почнат да размислуваат за поквалитетна услуга и за поефикасно оперирање. Во прв ред тоа се сведува на набавка на нови автобуси, кои нив им се дури и попотребни.
Дури и да не се свестат самите, тогаш надлежните ќе имаат потполно морално право да ги притиснат и примораат да почнат со радикално подновување на возниот парк.


Edited by Cloverstack - 08-Dec-2007 at 02:32
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 85>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.284 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.