build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Јавен автобуски превоз (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 828384
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1661 Posted: 02-Dec-2022 at 18:07
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14481
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1662 Posted: 06-Dec-2022 at 12:07
(ВИДЕО) Додека во Скопје се протестира и блокира, го тестиравме јавниот превоз во Тетово и Прилеп

Јавниот превоз во Тетово сè уште е новина во градот, па за него сè уште учат и надлежните и граѓаните. Најголем проблем, во моментов, се чини, дека се нелегално паркираните возила по автобуските станици кои дополнително го отежнуваат и онака тешкото движење низ тетовскиот сообраќаен хаос.

Граѓаните на Прилеп се генерално задоволни од јавниот превоз во нивните град, иако некои се жалат на редовноста на автобусите и промени во возниот ред.



https://360stepeni.mk/video-dodeka-vo-skopje-se-protestira-i-blokira-go-testiravme-javniot-prevoz-vo-tetovo-i-prilep/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14481
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1663 Posted: 07-Dec-2022 at 17:57
Украдена фотка од фејсбук профилот на еден пријател

За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1664 Posted: 29-Dec-2022 at 08:10
ОД 1 ЈАНУАРИ СКОПЈЕ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, СОВЕТНИЦИТЕ НЕ ИЗГЛАСАА ДА СЕ ДАДАТ СУБВЕНЦИИ НА ЈСП ОД 12 МИЛИОНИ ЕВРА

Советот на Град Скопје денеска не ја усвои одлуката за доделување субвенции на ЈСП „Скопје“ од 12 милиони евра и со тоа од први јануари ќе нема пари за да може да возат автобусите.

На денешната седница, како точка на дневен ред предложена од градоначалничката Данела Арсовска беше доделување субвенции на ЈСП во висина од 12 милиони евра за да може претпријатието нормално да работи. Се предвидуваа 130 милиони денари или 2,1 милион евра за бесплатен превоз на пензионери и студенти, 550 милиони денари или 8,9 милиони евра за нормално работење и надминување на потешкотиите во работењето и еден милоион евра за системот за интелигентна наплата. Но, оваа одлука не беше изгласана, бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои го имаат мнозинството и вчера го изгласаа буџетот сега не гласаа „за“. Со тоа, од први јануари ќе нема пари за Скопје да има автобуски превоз, ќе нема пари да се плати гориво и да се поделат плати на вработените.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека станува збор за голема сума пари, а тие немаат никакви информации како се трошат.

„Никој не знае каде и како ќе се потрошат овие пари. Сите гледаме дека кај трите најголеми добавувачи два месеца не се исплатени пари, па кај кого одат парите кои ги добива претпријатието? Затоа ние предлагаме да се намалат парите односно да се дадат субвенции потребни за месец јануари. Па откако ќе добиеме дополнителни информации, ќе знаеме дали им се потребни навистина толку пари односно над 10 милиони евра. ЈСП станува буре без дно, а никој не ни кажува ништо, не се почитува Советот, се навредуваат советниците, возниот ред не се почитува, граѓаните се незадоволни од јавниот превоз. Оттука се поставува прашање зошто ние би дале толку пари?“, рече советникот од ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски.

Советниците од СДСМ рекоа дека тие како опозиција во Советот ќе гласаат воздржано како и досега, бидејќи цела година ниту од градоначалничката Данела Арсовска ниту од претпријатието и директорот немаат добиено ниту еден одговор во врска со јавниот превоз и состојбата во претпријатието.

Градоначалничката Арсовска кажа дека ако советниците не ја усвојат оваа одлука за субвенционирање, Скопје ќе остане без јавен превоз и ги молеше да ја гласаат одлуката.

„По неизгласувањето на оваа одлука, од 1 јануари нема да има бесплатен превоз за пензионери и за студенти. Нема да има пари за надминување на потешкотиите во работењето предизвикани од економската и енергетската криза и зголемените трошоците за гориво кое е основно средство за да работи претпријатието. Ако не се изгласа одлуката се доведува во прашање дали ќе има јавен превоз. Да не се чудат граѓаните, од први јануари може да немаме трајно јавен превоз оти овие советници за првпат не дадоа поддршка за субвенционирање на ЈСП. Ве молат, треба да размислиме малку подалеку од меѓусебните кавги, политички препукување и тоа што не ви се допаѓа директорот. Да не ги оставиме граѓаните без превоз, ве замолувам да гласате. Понатаму оставам на вашата совест, а граѓаните ќе проценат кој ги оставил без автобуски превоз“, рече Арсовска.

На крајот оваа одлука не беше прифатена, бидејќи за неа гласаа само 18 советници, што не беше доволно за да помине

https://sdk.mk/index.php/naslovna/od-1-januari-skopje-ke-ostane-bez-javen-prevoz-sovetnitsite-ne-izglasaa-da-se-dadat-subventsii-na-jsp-od-12-milioni-evra/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1665 Posted: 30-Dec-2022 at 17:58
Кавадарци доби четири нови и модерни автобуси за градски превоз



Покрај четирите автобуси кои ги има Општина Кавадарци, вчера пристигнаа уште четири нови и модерни автобуси, со кои ќе се извршува градски и приградски превоз.

Јавниот превоз започнува кон средината на месец јануари, а патувањето ќе биде со ниски цени, бидејќи половина од цената на билетот ќе биде субвенционирана од општинската каса. Новите автобуси имаат по 69 седишта и по едно место за лица кои користат помагало за движење. Превоз ќе има секој ден во неделата.

https://fokus.mk/kavadartsi-dobi-chetiri-novi-i-moderni-avtobusi-za-gradski-prevoz/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1666 Posted: 08-Jan-2023 at 17:20
СТРУМИЦА ГОДИНАВА ЌЕ ВОВЕДЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ СО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ СО КОЈ ЌЕ СЕ ОПФАТИ И ПРЕВОЗОТ НА УЧЕНИЦИ

Општина Струмица годинава ја почнува постапката за воведување јавен градски превоз со електрични автобуси. Стручните служби го изработуваат сообраќајниот проект со можните линии, постојки, модел на наплата, а до крајот на годинава се планира да се набават и десетина електрични автобуси. Возилата ќе се купат на лизинг, за што советниците изгласаа 12 милиони денари (околу 195.000 евра) од буџетот за оваа година да бидат наменети токму за овој проект.

Проекциите се да бидат воведени неколку линии во градот, но и за превоз на учениците од населените места до училишта во Струмица. Како што рече градоначалникот Костадин Костадинов, отплатата на автобусите се планира да се врши како од сопствениот буџет така и од блок дотациите за превоз на учениците во Општина Струмица.

„Целиот концепт е што ратата за лизингот со каматите би се покривале од блок дотациите кои ги добиваме од Министерството за образование за превоз на ученици. 148 милиони денари издвојува Министерството годишно за превоз на ученици во Струмица и тоа ни дава за право да воведеме јавен превоз и тоа еколошки. Секако дека нема да го преземеме превозот на сите ученици, туку само за децата од населените места од Општина Струмица. Во моментов се изработува целата потребна документација за која стручните служби од поодамна работат. Се разгледуваат опциите на кои релации ќе се воведе јавен превоз, каде ќе има постојки, кои се ќе бидат ослободени од плаќање итн. Целата постапка ја тераме паралелено. Се надевам дека до крајот на годинава би требало по струмичките улици да почнат да сообраќаат електрични автобуси“, вели Костадинов.

Засега не се размислува отворање ново јавно претпријатие чија основна дејност ќе биде јавниот превоз. Целиот процес го води ЈП „Струмица гас“ кое најверојатно и ќе стопанисува со електричните автобуси, бидејки на една од последните седници на Советот доби ингеренции и за таа намена.

„Анализите покажаа дека најисплатливо е јавниот превоз да биде со електрични автобуси. Ситуацијата е повеќе од созреана за да се реализира ваков проект во Струмица. Се планира да бидат опфатени сите населени места и јавниот превоз ќе биде можност да се намали користењето патнички возила, но и миграцијата од село во град“, кажа Благој Милановиќ, директор на „Струмица гас“.

Воведувањето јавен превоз со електрични автобуси е една од мерките кои Општината ги предвидува за да го намали аерозагадувањето во Струмица, со оглед дека секоја година во зимскиот период мерните станици во градот покажуваат високо ниво на ПМ10 честички.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/strumitsa-godinava-ke-vovede-javen-prevoz-so-elektrichni-avtobusi-so-koj-ke-se-opfati-i-prevozot-na-uchenitsi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1667 Posted: 11-Jan-2023 at 17:49
ШТИП ЌЕ НАБАВИ ШЕСТ АВТОБУСИ ЗА ДА ИМА ЈАВЕН ПРЕВОЗ

Oпштина Штип покрена постапка Советот да донесе одлука за додавање дејност на ЈП „Стипион“ за организирање на јавен градски превоз. За таа цел, наредниот месец ќе биде распишан тендер за набавка на шест нови автобуси.

„Се работи за модерни нископрофилни автобуси кои ќе бидат во функција на новата дејност на ЈП ‘Стипион’. Автобусите ќе имаат шест општински релации со што ќе бидат опфатени сите населби во општината. Граѓаните во текот на денот ќе можат да ги користат автобусите во осум термини од кои најударни ќе бидат претпладневните и попладневните линии“, вели градоначалникот Иван Јорданов.

Тој рече дека намерата е автобусите да бидат набавени на лизинг, па со одложено плаќање Општината ќе може секоја година да предвидува средства за таа намена, ама важно е што граѓаните по мошне поволни услови и цени од 20 до 30 денари, во зависност од релациите, ќе имаат навремен и квалитетен јавен градски превоз.

Општина Штип и лани имаше обиди да обезбеди јавен градски превоз, но на распишаните два тендера не се јави ниту една превозна компанија, па сега на овој начин со набавка на општински автобуси се прави обид да се воведе јавен превоз каков што имаше пред триесет и повеќе години.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/shtip-ke-nabavi-shest-avtobusi-za-da-ima-javen-prevoz/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1668 Posted: 20-Jan-2023 at 18:12
АРСОВСКА БАРА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈА ДА Ѝ ОДОБРИ КРЕДИТ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КУПУВАЊЕ 50 АВТОБУСИ

Град Скопје ќе земе кредит во висина од 10 милиони евра за да се набават 50 автобуси. На седницата на Советот на Град Скопје закажана за 26 јануари, како точка на дневен ред по барање на градоначалничката Данела Арсовска е задолжување кај домашна банка за набавка на еколошки автобуси.

„Со цел дополнително да се поттикне визијата за модерно Скопје, овозможувајки лесно достапен и современ јавен превоз, притоа водејќи грижа за квалитетот на живеење и животната средина, наша обврска и приоритет во работењето е да инвестираме во еко автобуси со цел поефикасно извршување на јавниот превоз. Со донесување на оваа одлука ќе се овозможи Град Скопје преку домашно долгорочно задолжување да изврши набавка на еко автобуси“, се вели во обраложението од градоначалничката Арсовска.

За да може да се спроведе оваа одлука на Арсовска, треба советнициите со мнозинство гласови да ја изгласаат одлуката за задолжување.

Арсовска во изборната кампања вети 250 нови автобуси, а задолжувањето од 10 милиони евра е само за 50 возила. Ако се изгласа точката, новите автобуси би се набавиле за година и пол, бидејќи толку трае процедурата и постапката. Прво треба да се распише тендер кој со повикот, изборот и периодот на жалба трае неколку месеци, а потоа фирмата која ќе биде избрана ќе треба да ги произведе автобусите.

Град Скопје, односно ЈСП „Скопје“, веќе исплаќа кредит од 10 милиони евра за набавка на 33 автобуси на гас купени во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Државата има земено кредит од 70 милиони евра за проектот Бас рапид транзит (БРТ) или автобуско метро кој Арсовска не го прави па затоа годишно се плаќаат 350.000 евра пенали.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/arsovska-ke-zema-kredit-od-10-milioni-evra-za-da-se-kupat-50-avtobusi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1669 Posted: Yesterday at 13:53
Арсовска остана без нови автобуси, Советот не даде дозвола да се купат со заем од банка

Советот на Град Скопје не го прифати предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за купување нови еколошки автобуси преку долгорочено кредитно задолжување во некоја од домашните банки за сума од 620 милиони денари, односно околу 10 милиони евра. За предлогот гласаа 15 советници, еден беше против, а 18 воздржани, што не беше доволно за изгласување таква одлука.

Арсовска бараше согласност од Советот за набавка на еко-автобуси со кредит кој би се отплаќал со пари од градскиот буџет, но условите и начинот на користење на заемот би биле познати дури откако ќе стигнат понудите од банките и откако би се избрала таа што нуди најдобри услови.

Не беше прецизирано ниту колку автобуси би можеле да се купат со тој кредит, ниту од кој производител, што за многумина од советниците беше причина да се воздржат од давање поддршка на предложената одлука.

https://www.slobodenpecat.mk/arsovska-ostana-bez-novi-avtobusi-sovetot-ne-dade-dozvola-da-se-kupat-so-zaem-od-banka/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1670 Posted: Yesterday at 13:57
КАЈ НЕМА АВТОБУС 40 МИНУТИ, УШТЕ И ВРАТИ НИ ЗАТВАРААТ ДОДЕКА СЕ КАЧУВАМЕ, бројни поплаки од граѓаните за јавниот превоз во Скопје

Јавниот превоз во главниот град никако да се стабилизира. По повлекувањето на автобусите на приватнтие превозници, иако се зголеми бројот на автобуси од страна на Јавното сообраќајно претпријатие маките на скопјани останаа.

Автобуски на постојките се чекаат долг период, дел од граѓаните велат дека деновиве чекале автобус со број 24 цели четириесет минути, но потенцираат дека секој ден се чека над 20 - тина минути автобус со овој број.

- Деновиве чекам автобус во попладневните часови, после пет часот, и секој ден чекам над 20-тина минути. Едне ден чекавме цели 40 минути автобус, да тргнев пешки ќе стигнев многу побрзо. Што беше уште полошо на толку чекање шоферот сакаше да не остави на автобуската станица. Буквално ги затвораше вратите од автубусот иако луѓе се качуваа, и стоеа на вратите. Моравме да се буткаме со вратата за да се качиме, тоа беше страшно и трауматично искуство. Дополнително кога се качивме беше многу загушливо одвај дишевме од преголемиот број на патници, а плус прозорците не се отвараат - вели скопјанката Радмила Д. и додава дека јавниот превоз во главниот град и претходно бил во лоша состојба, но сега ситуацијата е многу полоша и потешка за патниците.

Слични поплаки има и од жители од населбата Ново Лисиче кои велат дека во попладневните часови кога завршува шпицот исто така чекале многу долг период автобус, иако кон центар има дури четири автобуски линии.

- Иако има дури четири линии кои возат од Ново Лисиче до Центар, а ние на станица чекавме автобус цели 35 минути. Лошо е што секој ден, ако помине пет часот се чека над 20 минути. Иако следиме кога тргнуваат автобусите, проверуваме распоред за да не чекаме, секој ден се чека долго време. Тука поминуваат дури пет автобуси 3, 5 15 и 23 возат до центар, плус 35ка кон Битпазар, а сепак се чека автобус по пола саат и повеќе. Разбираме дека автобусите се оретчени, но овде е проблем што никој не внимавна на возниот ред. Се чека долго, а потоа доаѓаат три автобуси заедно на постојка и сите три се бркаат по булеварот – вели повозрасна жителка на главниот град која посочи обврските за чување на внуци ја натереле да патува секој ден, и дека патувањето со јавниот превоз сега и делува најлош

Да биде проблемот уште поголем, не само што доцнат автобусите и што ги има во намален број, гужвите во нив се големи, поради што голем број граѓани некогаш не можат ниту да се качат во автобус иако долго време чекале на постојка.

- Неколку пати извисувам на станица поради тоа што е преполн автобусот. Чекам на Југодрво, но таму автобусите се секогаш препполни, иако трчам да се качам, шоферите ми затвораат врата иако имам нога ставено на прагот. Не е нормално некој да затвара врата кога луѓе се качуваат. И ова не е еднашка, туку веќе станува редовно, бидејќи немаат трпение за волку патници – вели триесетгодишната Татјана.

Фактор се обрати до вработените во Јавното сообраќајно претпријатие за многубројните поплаки на граѓаните околу намалениот број на автобуси на терен, но и за однесувањето на шоферите кои им затвараат врата на патниците кои се качуваат. Од таму велат нема намалени линии, ниту пак поплаки за однесувањето на возачите.

Јавниот превоз сообраќа по комбиниран зимен возен ред и истиот е „покриен“ со соодветен број на возила, односно се реализираат сите утврдени поаѓања согласно возниот ред. Немаме недостиг од возила, ниту пак намалување/скратување на линиите. Се случува доцнење на автобусите, но во некој разумен рок, со оглед на тоа дека во функционирањето на сообраќајот и јавниот превоз влијаат повеќе фактори (сообраќаен метеж во утринските и попладневните часови, застои поради сообраќајна незгода, пренасочен сообраќај поради градежни активности на дел од трасите и слично), па логично е и автобусите да задоцнат – посочуваат од ЈСП.

Од Јавното претпријатие дополнуваат дека корисниците на јавниот превоз имаат можност да пријават несоодветно однесување на возач/контролор/службено лице во Внатрешна контрола на ЈСП (vkontrola@jsp.com.mk) или да достават пријава во архивата на ЈСП Скопје во Автокоманда (од понеделник до петок од 7.30 - 15.30 часот).

- Во пријавата треба да се наведат детали за случајот, односно да се напише еден вид изјава (пример. ден/време/линија/гаражен број на возило, што се случило, каков проблем настанал...). Пријавата се проследува до соодветните служи по натамошно постапување. Во случај да се утврди вина од страна на службеното лице, против него се покренува соодветна дисциплинска постапка. Во зависност од тежината на престапот можни последици по пријавениот се писмена опомена, распределување на друго работно место, парична казна, суспнезија, отказ... Инаку, до овој момент на горенаведената е-маил адреса нема пристигнати жалби/пријави за однесувањето на вработените – појаснуваат од ЈСП.

https://faktor.mk/kaj-nema-avtobus-40-minuti-ushte-i-vrati-ni-zatvaraat-dodeka-se-kachuvame-brojni-poplaki-od-gragjanite-za-javniot-prevoz-vo-skopje
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 16855
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #1671 Posted: Yesterday at 14:02
Што бидна со приватните превозници?
Речиси месец и половина по протестите и блокадите колку што знам ниту им се исплати долгот,ниту можат да се пријават на повиците од градот за линиите,немаа средба со премиерот.
ЈСП не може соодветно да ги покрие и опслужи линиите без дополнување или со нови автобуси или повторно со приватници бидејќи вака ЈСП дополнително ги уништува автобусите со тоа што се константно претоварени со патници.
Carpe diem
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 828384

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 1.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2023  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.