build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Катна гаража Разловечко востание (кај ССМ)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Катна гаража Разловечко востание (кај ССМ)
    Posted: 01-Sep-2011 at 22:38

Катна гаража пред зградата на ССМ

четврток, 01 септември 2011, 19:18


Паркот пред зградата на Сојузот на Синдикати почна да се оградува. За неколку дена на оваа локација ќе почне да се гради нова катна гаража. Инвеститор е Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а проектот ќе чини околу осум милиони евра.

Објектот ќе собира 516 возила. Освен паркинг ќе има и 3500 метри квадратни деловен простор. Сите содржини ќе бидат на девет ката плус еден под земја.

Директорот на претпријатието за станбен и деловен простор Цветко Грозданов вели дека сеуште чекаат дозвола за градба и се надеваат дека во наредната недела и или две ќе почнат да градат. Не е исклучено градбата да се најде во агендата на Владата за денот на Независноста.

Ова е втора катна гаража која е под директна инвестиција на Акционерското друштво за стпанисување со станбен и деловен простор. За неколку месеци од таму најавија дека ќе започне изградба на уште една катна гаража кај спомен куќата на жртвите од „Холокаустот“.

Бојан Стојановски


http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=40411

Edited by Cloverstack - 30-Sep-2011 at 17:13
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Sep-2011 at 22:49
модерен стил за разлика од другите градби
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 02-Sep-2011 at 00:14

Катна гаража пред зградата на ССМ

Паркот пред зградата на Сојузот на Синдикати почна да се оградува. За неколку дена на оваа локација ќе почне да се гради нова катна гаража. Инвеститор е Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, а проектот ќе чини околу осум милиони евра.

Објектот ќе собира 516 возила. Освен паркинг ќе има и 3500 метри квадратни деловен простор. Сите содржини ќе бидат на девет ката плус еден под земја.

Директорот на претпријатието за станбен и деловен простор Цветко Грозданов вели дека сеуште чекаат дозвола за градба и се надеваат дека во наредната недела и или две ќе почнат да градат. Не е исклучено градбата да се најде во агендата на Владата за денот на Независноста.

Ова е втора катна гаража која е под директна инвестиција на Акционерското друштво за стпанисување со станбен и деловен простор. За неколку месеци од таму најавија дека ќе започне изградба на уште една катна гаража кај спомен куќата на жртвите од „Холокаустот“. http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=40411


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3622
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 07-Sep-2011 at 11:53
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=91472&kategorija=1

ФОТО: Почна изградбата на новата катна гаража Работнички дом

07. 09.2011 - 12:39:51
ФОТО:%20Почна%20изградбата%20на%20новата%20катна%20гаража%20Работнички%20дом
На просторот наспроти трговскиот центар “Соравија“ денес беше поставен камен темелник за нова катна гаража која центарот на градот ќе ја добие за две години, чија изградба чини осум милиони евра.

Катната гаража ќе го носи името “Работнички дом“, а ќе биде изградена на простор од 23.000 метри квадратни.

Од тие 23.000 метри, 20.000 ќе бидат наменети за паркинг, а 3.000 метри квадратни за бизнис центар на пет нивоа.

Со оваа гаража, Скопје ќе добие нови 500 паркинг места кои дополнително ќе го решат проблемот со паркирање во самиот центар на градот.

На поставувањето на камен темелникот присуствуваше премиерот Никола Груевски кој истакна дека се надева дека со оваа петта катна гаража во Скопје, конечно ќе се реши проблемот со паркинг просторот.

катна

“Од денес се додава уште еден дел во мозаикот изградба на Македонија. Ако 18 години немаше иницијатива од приватниот сектор и се одбегнуваше вакво нешто, заклучок е дека потребно е државата да излезе со конкретни проекти кои ќе бидат првиот дел од создавањето на мрежа од катни гаражи во главниот град и подоцна тоа да биде охрабрување и за нив“, истакна Груевски.

катна

Тој рече дека целата иницијатива за оваа и за останатите катни гаражи во Скопје отпочнала пред една и пол година на состанок со владините претставници кои се собрале и направиле конечен план за решавање на овој голем проблем за Скопје.

На отпочнувањето на изградбата на катната гаража присуствуваа и градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и останати претставници од Владата.

Ова е петта од седумте планирани катни гаражи кои во следните две години треба да ги добие градот Скопје.


Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 07-Sep-2011 at 19:26
Ќе се гради нова катна гаража кај „Работнички дом“

Центарот на Скопје ќе добие уште една катна гаража спроти трговскиот центар „Соравија“, петта по ред од седумте планирани од страна на македонската влада. Камен – темелникот на новиот објект беше поставен денес од страна на премиерот Никола Груевски. Вкупната површина на објектот ќе изнесува 23.000 метри квадратни, а во рамките на истиот е предвиден и деловен простор на површина од 3.000 метри квадратни на пет нивоа. Катната гаража ќе има капацитет да прими 516 возила, а предвидената површина на делот за паркирање ќе изнесува 20.000 метри квадратни распространети на девет надземни и еден подземен кат.



Вкупната инвестиција во овој проект изнесува осум милиони евра, а како инвеститор се јавува „АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор“. Проектант на катната гаража е „Иванов инженеринг“, а изведувач на градежните работи е компанијата „Бетон“ од Скопје. Се очекува катната гаража да биде завршена за 2 години. Во согласност со Програмата на Владата на Р.М., веќе почна изградбата на предвидените катни гаражи кај полициската станица „Беко“, на локацијата на поранешниот цветен пазар, во близина на новата зграда на Кривичниот суд и кај главната пошта.


http://www.build.mk/?p=9515

Рендери

1.

2.

3.

4.



Градилиште



Back to Top
bob39 View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 25-Feb-2011
Location: Amsterdam
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote bob39 Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 07-Sep-2011 at 20:52
Na celiot ovoj prostor bese planiran spored eden od proektite na Kenzo Tange prekrasen amfiteatralen so spustena terasa nakaj Vardar, plostad na Republikata...
Скопје 2014= Општествена лоботомија
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 07-Sep-2011 at 20:56
Originally posted by bob39

Na celiot ovoj prostor bese planiran spored eden od proektite na Kenzo Tange prekrasen amfiteatralen so spustena terasa nakaj Vardar, plostad na Republikata...


Епа сега е паркинг на републиката Мала шала.

Инаку објектов ми се допаѓа на надворешен иглед, убаво ќе се вклопи спроти Соравија.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3807
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 07-Sep-2011 at 21:00
Знае ли некој за што го спремат сегашниот паркинг што се наоѓа помеѓу овој објејект, Вардар и ГТЦ? Се работи за релативно голема и многу атрактивна површина која засега е апсолутно неадекватно искористена. Сепак се работи за строг центар. Имаше некој најави дека таму ќе се градат облакодери.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7023
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 07-Sep-2011 at 21:24
не знам зошто сеуште се напнува со надземни катни гаражи, за разлика од подземните, овие зафаќаат голем простор, а и kultuzin спомна, зошто да се троши тоа мало просторче на толкав огромен објект кој само му смета на просторот, соравија и ссм, кога покрај него има толкава бришана површина, која и онака се користи за паркинг

гледајќи го објектот вака, сосема е ок, ама личи како да ќе биде ова зебра стил направено, со пола деловен простор, а фасадата на страната на Соравија, не знам зошто, ама ме потсеќа на штабот на ЕУ
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 08-Sep-2011 at 22:06
Ми се допаѓаат рендерите и локацијата на гаражата. Кој во работно време поминал од овде или во сабота знае каков хаос владее со паркирањето. Од друга страна паркингот кај Холидеј Ин кој апсорбира огромен дел од потребните паркинг места е на најатрактивното земјиште во Скопје, каде се надевам во скоро време ќе ги добиеме висококатниците, па проблемот со паркирање уште повеќе е биде изразен.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 08-Oct-2012 at 11:01
Старо е веќе две недели, но сепак:

http://kajgana.com/vo-megjuvreme-vo-skopje

Edited by alexgizh - 08-Oct-2012 at 13:55
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 08-Oct-2012 at 13:43
Овде им требаше точно година дена за да почнат со градежни активности.
23ka.wordpress.com
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 18-Nov-2012 at 16:38
23ka.wordpress.com
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1444
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 18-Nov-2012 at 21:05
За разлика од некои други гаражи пр. онаа карши Макпетрол за која сметам дека нема моментално никаква економска оправданост, оваа сметам дека е на вистинско место
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Dec-2012 at 22:12
Ова ептен се влечка и не верувам дека ќе биде завршено во рокот




Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4392
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 28-Dec-2012 at 03:18
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 30-Jan-2013 at 14:42


Во оптек биле две варијанти:






Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 30-Jan-2013 at 17:30
Гарант ќе ја одберат таа со народната носија пошто, нели, уште им се во глава топлите сеќавања на родниот крај па малку би да го оплеменат амбиентот каде ќе го паркираат тракторот апгрејдуван во џип.
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11824
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 30-Jan-2013 at 17:33
Според таблата на градилиштето и лиферуваните рендери кога се поставуваше камен темелник, одбрана е втората варијанта.
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 30-Jan-2013 at 17:39
Чудо!
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.