build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Кичевски сообраќај (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3787
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 25-Mar-2012 at 12:44
Главниот Булевар има 4 ленти 2x2. Во секој правец е само по 1 лента пуштено а останатите ленти се за паркинг. Значи: Ако се градат катни гаражи( тема на седницата) тогаш ќе се паркираат колите по катните гаражи со тоа ќе се пуштат и другите ленти и повели, проблемот е решен. Тревникот нема да служи за кучињја ако се среди како што си реков предходно. Ќе биде многу штета ако го чепкат тревникот!!! Штета
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 25-Mar-2012 at 13:34
паркинг има пред хотел`Унион` на сред плоштад,проблем е што луѓето несакаат да платат,па ако и катната гаража се наплаќа,повторно ќе биди гужва.Во Кичево е најзасилен балканскиот менталитет кола да се паркира дирекно пред кафиќ,да те видат луѓето,а плус штета е да пешачат 100 метри.Позади домот на култура секогаш има место за паркирање ама до кафиќите и продавниците има преголеми 50 метри,до некои чак и 80 метри.јас кога одам со кола во центар(скоро секој ден околу14 часот) паркирам кај `комитетот` и секогаш има место,а до на кафе имам само 1-2 минути пешки.истите тие кои сакаат по секоја цена да паркираат пред кафиќ се најгласни за скапиот бензин(пиејќи кафе и пушејќи малборо,нормално со ајфон во рака)
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3787
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 25-Mar-2012 at 13:54
Ѓоко проблемот е кај општината, општината ги давал лентите за паркинг па дури и маркирал. Треба тие ленти да се стават во употреба а кој ќе паркира, ќе биде казнет! Државните институции треба порфикасно да работат.

Edited by my Macedonia - 25-Mar-2012 at 13:58
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 25-Mar-2012 at 19:40
Originally posted by AlexTheGreat

Треба да се напомене дека на Булевар Ослободување може да се стесни тревникот како би се добило поголем простор за булеварот со што колите наместо да паркираат право ќе паркираат косо со што се добива на повеќе паркинг места.
Косо паркирање на булевар? Како ќе излегуваат паркираните, во рикверц?

Кичево не го знам и не ги знам потребите на градот ама булевар со по една лента во правец и косо паркирање уствари не би бил булевар туку обичен паркинг.
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 25-Mar-2012 at 20:51
Originally posted by Cifra

Косо паркирање на булевар? Како ќе излегуваат паркираните, во рикверц?Кичево не го знам и не ги знам потребите на градот ама булевар со по една лента во правец и косо паркирање уствари не би бил булевар туку обичен паркинг.


Косо паркирање воопшто не е проблем и воопшто нема да го кочи сообраќајот. Сега се паркира параленлно по десната лента, а тоа време што се одзема за да паркира некој паралелно е исто со тоа за да некој излезе во рикверц па да вози право.
Разликата е во бројот на паркинг места маде со косото значително е поголем.

Originally posted by my Macedonia

Главниот Булевар има 4 ленти 2x2. Во секој правец е само по 1 лента пуштено а останатите ленти се за паркинг. Значи: Ако се градат катни гаражи( тема на седницата) тогаш ќе се паркираат колите по катните гаражи со тоа ќе се пуштат и другите ленти и повели, проблемот е решен. Тревникот нема да служи за кучињја ако се среди како што си реков предходно. Ќе биде многу штета ако го чепкат тревникот!!! Штета


Се гледа дека одамна не си возел низ Кичево поготово не во сабота или преку лето.
Пред тоа катни гаражи постои едно „ако“ и од искуство катни нема да добиеме уште долг период. Скратување на булеварот е возможно во најбрз рок и ефективно додека не дојде конечното решение.
И воопшто нема да е штета ако се намали тревникот. И не го кажувај тоа скратување како да е некоја голема трагедија кога не е.



Originally posted by gjoko

паркинг има пред хотел`Унион` на сред плоштад,проблем е што луѓето несакаат да платат,па ако и катната гаража се наплаќа,повторно ќе биди гужва.Во Кичево е најзасилен балканскиот менталитет кола да се паркира дирекно пред кафиќ,да те видат луѓето,а плус штета е да пешачат 100 метри.Позади домот на култура секогаш има место за паркирање ама до кафиќите и продавниците има преголеми 50 метри,до некои чак и 80 метри.јас кога одам со кола во центар(скоро секој ден околу14 часот) паркирам кај `комитетот` и секогаш има место,а до на кафе имам само 1-2 минути пешки.истите тие кои сакаат по секоја цена да паркираат пред кафиќ се најгласни за скапиот бензин(пиејќи кафе и пушејќи малборо,нормално со ајфон во рака)


Јас пешачам затоа што за најмногу 15 минути ти се достапни сите места од кафиќи, бутици, кладилница, маркети, пазар... се разбира ако не врне или ако нема голем товар.

Edited by AlexTheGreat - 25-Mar-2012 at 20:54
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3787
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 25-Mar-2012 at 21:19
alexthegreat Стварно не разбирам зошто толку важно ти е да се скрати тревникот? Тоа е убавината на градот! Можеби звучам како дете но не гледам некоја голема причина за тоа. Има доста други алтернативи кога се зборува за паркинг. Зошто треба секогаш да се зема најефтината варијанта??!! Што разбираш со ,, за кратко време или краткотраење решеније?,, 10 год?20год? Знаеш и сам дека штом ќе се гради нешто, тешко е после да се смени нешто, не сме во Париз. Јас живеам во центарот на Градот и знам баш убаво што се дешава таму.

Edited by my Macedonia - 25-Mar-2012 at 21:21
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 25-Mar-2012 at 21:39
убав би бил и тревник како во Струмица,тесен,со бетонски жардинери и некои украсни дрвца(палми недоаѓаат предвид со оглед на нашите -20 степени во зима)
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 25-Mar-2012 at 23:57
Originally posted by my Macedonia

alexthegreat Стварно не разбирам зошто толку важно ти е да се скрати тревникот? Тоа е убавината на градот! Можеби звучам како дете но не гледам некоја голема причина за тоа. Има доста други алтернативи кога се зборува за паркинг. Зошто треба секогаш да се зема најефтината варијанта??!! Што разбираш со ,, за кратко време или краткотраење решеније?,, 10 год?20год? Знаеш и сам дека штом ќе се гради нешто, тешко е после да се смени нешто, не сме во Париз. Јас живеам во центарот на Градот и знам баш убаво што се дешава таму.


Аман бе ако тој тревник е убавината на градот, тоа значи Кичево е најгрд град во земјава. Ужасен е. Ти приказни можеш било кому да продаваш за Кичево, но ние од тој крај знаеме колку им треба на нештата да мрднат од мртва точка. Така да за Кичево краткотрајно решение сигурно дека е 10 години. Гледната точка од секој ден и еден месец кога ќе си дојдеш од Базел не е исто.
Зошто барам скратување, веќе објаснив.
Не гледам причина да се задржи сегашнава ширина на тој истиот тревник.

Убавините на Кичево кога сме кај природата тука е Калето кое може убаво да се уреди и да биде еден зелен симбол на градот покрај културен, тука е Крушино, градот избилува со дрвја, како мини парк кај домот на АРМ (Правен факултет)
Исто плоштадот може да се уреди, да се стави по некој садник и по некоја грмушка.. и така натаму







Edited by AlexTheGreat - 25-Mar-2012 at 23:59
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Mar-2012 at 21:02
Originally posted by AlexTheGreat

Косо паркирање воопшто не е проблем и воопшто нема да го кочи сообраќајот.


Косо паркирање не е безбедно затоа што после ќе треба да излегуваат во рикверц со никаква прегледност. Џабе што се вика булевар, тоа така ќе биде обичен паркинг-плац.

Толку ли нема во Кичево можност да се направат паркинзи во близина на центарот? Мора ли сите да паркираат баш на тој булевар?


Edited by Cifra - 26-Mar-2012 at 21:03
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 26-Mar-2012 at 21:12
Originally posted by Cifra



Originally posted by AlexTheGreat

Косо паркирање воопшто не е проблем и воопшто нема да го кочи сообраќајот.
Косо паркирање не е безбедно затоа што после ќе треба да излегуваат во рикверц со никаква прегледност. Џабе што се вика булевар, тоа така ќе биде обичен паркинг-плац.Толку ли нема во Кичево можност да се направат паркинзи во близина на центарот? Мора ли сите да паркираат баш на тој булевар?

 
Треба ли да ти повторам дека десната лента во овој момент служи за паркирање?

Булевар Ослободување во Кичево и Булевар Партизански одреди во Скопје се многу различни. Кичевски и скопски сообраќај премногу се разликуваат. Брзината на движење по Булевар Ослободување во Кичево е 20km/h некогаш ни толку.

Дали мора да паркираатна булеварот? Да, затоа што катните гаражи во овој момент се научна фантастика а тие 3 помали паркинзи во тој дел немаат толку капацитет.


Edited by N23 - 26-Mar-2012 at 23:26
Back to Top
Cifra View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 25-Feb-2009
Online Status: Offline
Posts: 85
  Quote Cifra Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 26-Mar-2012 at 21:33
 
Originally posted by AlexTheGreat



Треба ли да ти повторам дека десната лента во овој момент служи за паркирање?

И јас не се согласувам со тебе па не ти одговарам на таков начин. Овде сме да дискутираме.

Исто ли е да се вклучиш во сообраќај кога си паркиран паралелно и кога си паркиран косо? Очигледно не е исто.

Originally posted by AlexTheGreat

Булевар Ослободување во Кичево и Булевар Партизански одреди во Скопје се многу различни. Кичевски и скопски сообраќај премногу се разликуваат. Брзината на движење по Булевар Ослободување во Кичево е 20km/h некогаш ни толку
Баш за тоа зборувам, булеварот малку по малку ќе стане обичен паркинг. Мене тоа не ми пречи, ако Кичевчани стварно мислат дека така е правилно тогаш бујрум. Ама ако е паркинг нека биде паркинг, нека нема илузии дека во исто време ќе биде и "Булевар Ослободување".

Originally posted by AlexTheGreat

Дали мора да паркираатна булеварот? Да, затоа што катните гаражи во овој момент се научна фантастика а тие 3 помали паркинзи во тој дел немаат толку капацитет.
Нека се воведе зонско паркирање на булеварот па да видиме дали морало сите да паркираат баш таму.

И не зборам да се градат катни гаражи туку да се најде простор да се изградат или прошират неколку обични паркинзи блиску до центарот. Да има барем доволно места за да не мора да се премине од паралелно на косо паркирање зашто така ќе биде понебезбедно и плус ќе се уништи средишното зеленило. Не мора да се паркира баш на 2 метри од местото каде што си тргнал нели? Ѓоко веќе пиша дека слободни места во центарот има и сега ама луѓето патат да паркираат точно пред зградата кај што тргнала или за чалам да паркираат пред кафичот кај што седат.


Edited by N23 - 26-Mar-2012 at 23:27
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 26-Mar-2012 at 21:49

А јас се чудам. Која е потребата од паркирање, и воопшто користење на возила во град како Кичево. Без навреда, градот е 4км на 2 км, односно од најодалечените точки до центарот отприка 2км на 1км... 

А 2км се пешачат за пола саат.... Дај малку размислете на тоа... Исто сега како јас од дома до железничка да пешачам... нема смисла да користам кола... 

Ако ви е за работа, ај да сфатам, ама пак и тоа ми е нелогично... мене со бус до школо 6км ми треба 30 мин во просек... вие за 30 мин пешки сигурно може да стигнете на работа... 

Но верувам дека тие коли таму на тој булевар се кога идете на кафе или слично... што нема логика ама ај...

Може и да се и од околните згради, тогаш има некое оправдување... но сепак сообраќајот во градот не би требало да биде толку многу интензивен....

Незнам, вака без никакви сознанија од терен, како навистина стојат работите, можам само да погаѓам... 

Не велам дека не ви треба асални булевари, улици, паркиралишта, друга инфраструктура, развој... само велам не ги користете колите за џабе, за од тука до тука.... Колите користете ги за надвор од град...

На крајот на краиштата... постојат велосипеди... 2км со велосипед се поминуваат за најмногу 10 мин... 4км за 20 мин...

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 26-Mar-2012 at 21:58

ПС.

Кога веќе сме кај велосипедите... тоа е многу издржан поглед за сообраќајот и движењето во Кичево... И мислам дека треба да се позанимавате и со таа област.... изградба на соодветна инфраструктура и услови, можности...

Во Европа, малите градови генерално вака функционираат... и ништо не им фали... И е многу економично, логично, корисно, исплатливо... и патем многу поеколошки... 

Штета е вака мали градови кои се идеални за користење на велосипеди, да загадуваат многу од издувни гасови од автомобили... 

Чим ние тука, во Скопје, правиме напори и инсистираме на велосипедите... тогаш Кичево не треба да има никаква пречка и изговор дека тоа не го може...

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 26-Mar-2012 at 22:07
за потребите на жителите на градови и јас не можам да се изначудам зошто им е потребен автомобил, јас скоро секој ден пешачам толкава должина и можам да кажам дека воопшто не е проблем тоа за било кој човек...
Но, секако, потребен е паркинг простор, ако не за жителите, барем за посетителите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 26-Mar-2012 at 22:09
Originally posted by FoSsiL



А јас се чудам. Која е потребата од паркирање, и воопшто користење на возила во град како Кичево. Без навреда, градот е 4км на 2 км, односно од најодалечените точки до центарот отприка 2км на 1км... 

А 2км се пешачат за пола саат.... Дај малку размислете на тоа... Исто сега како јас од дома до железничка да пешачам... нема смисла да користам кола... 

Ако ви е за работа, ај да сфатам, ама пак и тоа ми е нелогично... мене со бус до школо 6км ми треба 30 мин во просек... вие за 30 мин пешки сигурно може да стигнете на работа... 

Но верувам дека тие коли таму на тој булевар се кога идете на кафе или слично... што нема логика ама ај...

Може и да се и од околните згради, тогаш има некое оправдување... но сепак сообраќајот во градот не би требало да биде толку многу интензивен....

Незнам, вака без никакви сознанија од терен, како навистина стојат работите, можам само да погаѓам... 

Не велам дека не ви треба асални булевари, улици, паркиралишта, друга инфраструктура, развој... само велам не ги користете колите за џабе, за од тука до тука.... Колите користете ги за надвор од град...

На крајот на краиштата... постојат велосипеди... 2км со велосипед се поминуваат за најмногу 10 мин... 4км за 20 мин...




Убаво си кажа никакви сознанија од терен.  

Edited by N23 - 26-Mar-2012 at 23:25
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 26-Mar-2012 at 22:10
AlexTheGreat премногу дрско и насилно се однесуваш за (нов) член, само да одбележам пред да ти одбележи некој кој има вистинска власт на форумов!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Mar-2012 at 22:12

@AlexTheGreat

Што потреби да имате, што и да правите во Кичево... За толку мали растојанија едноставно автомобил не е потребен... Тоа е факт... Не дека е Кичево... зборам за самото растојание... затоа и ти споредив... дека нема смисла јас со автомобил да одам до железничка... попрво пешки или со велосипед би одел ако ми се брза...



Edited by N23 - 26-Mar-2012 at 23:28
Back to Top
AlexTheGreat View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 04-Feb-2009
Location: Македонија
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote AlexTheGreat Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Mar-2012 at 23:17
Originally posted by FoSsiL


@AlexTheGreat



Е не најде ти мене сега да ми солиш памет... 

Што потреби да имате, што и да правите во Кичево... За толку мали растојанија едноставно автомобил не е потребен... Тоа е факт... Не дека е Кичево... зборам за самото растојание... затоа и ти споредив... дека нема смисла јас со автомобил да одам до железничка... попрво пешки или со велосипед би одел ако ми се брза...




Треба да носиш товар. Пешки ќе одиш?
Околу Кичево има 4 општини. Пешки ќе одат до Кичево?
Има некои на кои центарот им е повеќе од пола саат оддалечен. Пешки да одат?
Некој се брза да заврши работа. Пешки да оди?
 

Originally posted by Cifra


И јас не се согласувам со тебе па не ти одговарам на таков начин. Овде сме да дискутираме.Исто ли е да се вклучиш во сообраќај кога си паркиран паралелно и кога си паркиран косо? Очигледно не е исто.


Кога е мала брзината на движење исто е.

Originally posted by Cifra


Баш за тоа зборувам, булеварот малку по малку ќе стане обичен паркинг. Мене тоа не ми пречи, ако Кичевчани стварно мислат дека така е правилно тогаш бујрум.


Ти пак не разбираш дека Булеварот веќе е паркинг. Муабетот е за капацитетот дали ќе се повеќе или помалку паркинг места.

Originally posted by Cifra

Ама ако е паркинг нека биде паркинг, нека нема илузии дека во исто време ќе биде и "Булевар Ослободување".Нека се воведе зонско паркирање на булеварот па да видиме дали морало сите да паркираат баш таму.И не зборам да се градат катни гаражи туку да се најде простор да се изградат или прошират неколку обични паркинзи блиску до центарот.


ќе турниме зграда, не е проблем.

Originally posted by Cifra

Да има барем доволно места за да не мора да се премине од паралелно на косо паркирање зашто така ќе биде понебезбедно и плус ќе се уништи средишното зеленило.


Едно зеленило што е, красота

Originally posted by Cifra

Не мора да се паркира баш на 2 метри од местото каде што си тргнал нели? Ѓоко веќе пиша дека слободни места во центарот има и сега ама луѓето патат да паркираат точно пред зградата кај што тргнала или за чалам да паркираат пред кафичот кај што седат.


Тука се согласуваме

Edited by N23 - 26-Mar-2012 at 23:29
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3787
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 04-May-2012 at 18:15
Ѓоко дали почнале работите кај булеварот Ослободување ( канализација и проширување на булеварот) и дали случајно знаеш дали ќе добива само проширениот дел нов асвалт или целиот булевар?Иначе една фотка ( цензирана). Јас сеуште не разбирам зошто се одлучила општината да го прошири булеварот. Сепак се надевам дека ќе реши некој проблем и дека ќе изгледа солидно .

Edited by my Macedonia - 04-May-2012 at 18:18
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 04-May-2012 at 18:48
почнаа со копање за водоводот баш на раскрсницата што се гледа на сликата(магистрален пат-булевар ослободување),и прво копање го скинаа телефонскиот кабел,па 1/3 од градот беше отсечен со телефон,меѓу кои и пожарната.после тоа ја оставија дупкатата и ги снема работниците.наводно сакале наместо да се сечи магистралниот пат,да се копа мал тунел под него и да се постави цевка.изгледа како зафрканција но пробаа да копаат со вангла,пуштија некое дете да копа како во кинески рудник.

така е кога тендерот се дава наместо на ЈП Комуналец, на фирма од брат на политичар,без обзир кој е тој.

иначе планот е да се стеснува зеленилото на булеварот,а за сметка на тоа да се добие по трета лента во двата правци.по една за паркирање и по две за возење.

иако изгледа апсурдно,единствената магистрална водоводна линија за градот е на булеварот,и од неа се делат лево-десно за населбите дури и по 3-4 км.на пример нема магистрална линија по улицата Борис Кидрич,па тие земаат дури од Булевар.и во СФРЈ се правеле глупости,не само сега

ПС.онаа табла што се гледа на јарболот со државното знаме е баш за проектот за менување на водоводната мрежа

Edited by gjoko - 04-May-2012 at 18:49
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 12>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.