build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓународни ланци во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 09-Jun-2020 at 10:46

Премногу сме сиромашни и за еден LIDL, ама затоа си имаме наш LIDL - КАМ (во поштенско сандаче).
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 09-Jun-2020 at 13:38
Па да бидеме искрени, КАМ е сериозен маркет, кој по сите мерила е сличен со Лидл, така што не знам зашто би било дури и како шала истото кажано.
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 59
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 09-Jun-2020 at 14:56
КАМ е веројатно најголемиот маркет во РСМ, дефинитивно најфрекфентниот.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 09-Jun-2020 at 19:09
Originally posted by ehrlich

Па да бидеме искрени, КАМ е сериозен маркет, кој по сите мерила е сличен со Лидл, така што не знам зашто би било дури и како шала истото кажано.


Ајде не зафркавај, КАМ има осветлување, внатрешно уредување и чистотија рамни на штала. LIDL е евтин, ама не е дупка. КАМ нуди пристојни производи, но начинот на кој се изложени е апсолутно ultra low cost.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 09-Jun-2020 at 19:58

Па не знам во кои маркети си влегол, ама во поголемиот дел во кои јас сум бил, далеку е од ова што го кажуваш. А да се разбереме, во КАМ одам едно добри 15 години.

Инаку, конкурентот на КАМ во Германија би бил Алди и верувај на исто ниво се редени и таму производите.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 09-Jun-2020 at 20:40


Единствено во Битола сум бил. А ALDI не е толку страшен, сум бил и во Германија и во САД.

Нејсе, ова се субјективни искуства сепак. Како и да е, светските ланци изгледа нè избегнуваат.

Edited by гитардемон - 09-Jun-2020 at 20:41
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12900
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 09-Jun-2020 at 23:24
гитардемон, ако си бил во КАМ што е сместен во турската бања во Битола, тогаш те разбирам зошто имаш такво мислење, зашто и јас кога бев таму при крајот на април годинава, тоа беше највалканиот КАМ во кој сум бил во животов, а верувај дека сум бил во многу нивни маркети низ државава. Тој маркет е на ниво на штала, не знам дали поради тоа што се наоѓа до пазарот или поради други причини, но верувај ми дека никаде во државава (не сум бил во сите КАМ маркети, па оваа оценка треба да се земе со одредена резерва) не сум видел нешто слично.
За сè има вторпат
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4668
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 10-Jun-2020 at 07:10


Има уште еден КАМ, во „новиот пазар“, и морам да кажам дека не е ништо подобар. Можеби е до КАМ, ништо чудно да си имаат приоритетни локации и low cost.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 10-Jun-2020 at 07:15
Зависно од маркет до маркет но во принцип пристапот им е тој донесени отворени пакети со роба па послужи се,нема многу рафтови,понекогаш на касите се преспори па се создаваат долги гужви.(искуство од Кам во Тц Скопјанка). Лидл нема тенденции на влез во земјава се додека Кам и Стокомак се доминантни и отвараат маркети во речиси секоја зграда. Патем ќе видиме што ќе се случи со новиот кам што се гради близу Рамстор на кој начин ќе функционира,ми делува преголем објектот да биде само маркет.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 628
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 10-Jun-2020 at 14:21
Originally posted by ehrlich

Па да бидеме искрени, КАМ е сериозен маркет, кој по сите мерила е сличен со Лидл, така што не знам зашто би било дури и како шала истото кажано.
Дечко, Кам е маалска трафика за Лидл и тоа од оние старине,зеленине. Но за македонски услови е супер...Мада јас лично мислам има услови за Лидл во рамки на Скопје (ќе банкротираат некои домашни), во останативе градови населението е премало и куповната моќ е Занзибар чак и за Лидл.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 904
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 10-Jun-2020 at 20:10

Хммм, не мислам баш така. До коронава секоја година одам во Германија, имам и живеено таму како студент, и сите нивни маркети ги имам посетено. Реве и Кауфланд се значително подобри. Да, Лидл е подобар од КАМ кај нас, затоа и подолу реков дека најблизу сме е со Алди, но далеку од тоа дека е маалска трафика.

И сите тука мешаме (меѓу кои и јас) и одиме по продавници во кои ние одиме (сме влегле), а сите овие маркети се разликуваат, односно не им се типски продавниците.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 11-Jun-2020 at 16:39
Ќе се затвораат над 1200 продавници на Зара, Бершка, Масимо Дути

Групацијата „Индитекс“ поседува голем број на популарни брендови како што се „Бершка“, „Пул Енд Бер“ и „Масимо Дути“. Според најавите најмногу затворање ќе има во Европа и Азија. „Индитекс“, еден од најголемите светски продавачи на облека, беше тешко погоден од пандемијата и забележа пад на продажбата од 44 отсто во периодот од први февруари до 30 април.

Компанијата објави дека има загуба од 409 милиони евра во првиот квартал од годината.

https://puls24.mk/ќе-се-затвораат-над-1200-продавници-на-зар/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5071
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 11-Jun-2020 at 16:40
ГАЗДАТА НА „ЗАРА“ ЌЕ ЗАТВОРИ НАД 1.000 ПРОДАВНИЦИ НИЗ СВЕТОТ

Сопственикот на „Зара“ објави дека ќе затвори околу 1.200 дуќани низ цел свет, со цел да ја зголеми продажбата на своите производи преку интернет среде хаосот што го предизвика пандемијата на коронавирусот.

Шпанската групација „Индитекс“ исто така ги поседува брендовите „Бершка“, „Пул енд бер“ и „Масимо Дути“. Затворањето најмногу ќе ги погоди Европа и Азија.

„Индитекс“, еден од најголемите светски продавачи на облека, беше тешко погоден од пандемијата, при што продажбата се намалила за 44% во периодот од 1 февруари до 30 април. Таа пријави загуба од 409 милиони евра во првиот квартал од годината откако голем дел од дуќаните останале затворени до 8 јуни.

https://smart.sdk.mk/stil/gazdata-na-zara-ke-zatvori-nad-1-000-prodavnitsi-niz-svetot/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 8910

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.