build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓународни ланци во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 15-May-2013 at 19:14
Македонија останува без Мекдоналдс!

Официјален одговор од менаџментот на компанијата се уште нема.Неофицијално, централата на Мекдоналдс за Европа и го раскинала договорот на СЈ фирмата во доминантно мнозинство на Светозар Јаневски која менаџира со Мекдоналдс, пишува порталот Лидер.мк.



Лидер дознава дека причините за раскинување на франшизниот договор со СЈ се должат на неисполнетите обврски од договорот. Освен во Македонија, Свето Јаневски е партнер на Мекдоналдс и во Бугарија, каде според информациите на Лидер, досега немал никакви проблеми со франшизата.

Неизвесно е дали централата на Мекдоналдс веќе има најдено нов локален партнер во земјава и дали воопшто повторно ќе бидат отворени рестораните.

Во Исланд, во 2009 година, Мекдоналдс ги затвори сите свои ресторани, а компанијата која ја имаше франшизата изјави дека го затвора бизнисот поради колапсот на стопанството во земјата. Но, и покрај опоравувањето на Исландската економија, Мекдоналдс не ги отвори повторно рестораните во оваа островска земја.

Инаку, Мекдоналдс има строги франшизни договори со локалните партнери во сите земји каде е присутен, а во кои се наведуваат сите услови кои ги поставува продавачот, а кои треба да ги исполни купувачот на франшизата.

Почетните инвестиции за отворање франшизен синџир на Мекдоналдс во која било земја почнуваат од еден милион евра, а можат да стигнат и до 3,5 милиони евра. Во овие суми се вклучени трошоците за купување на локацијата, изградба на објектот и негово опремување, тренинзи за вработените како и банкарска гаранција која ја бара матичната компанија против злоупотреба на брендот.

Мекдоналдс е една од првите франшизи во Македонија. Првиот ресторан на овој синџир за брза храна во Скопје се отвори пред 16 години, а до денеска во сите ресторани во Македонија вработени се 240 луѓе.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/115868-Makedonija-ostanuva-bez-Mekdonalds

Edited by HugoGoulding - 15-May-2013 at 19:14
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 15-May-2013 at 23:31
Не знам дали ова значи дека Светозар Јаневски чека на неговиот синџир ресторани СЈ да му биде доделена нова дозвола за франшиза од МекДоналдс, или планира да ги рестартира рестораните под друга франшиза, можеби негова приватна франшиза, слично како што Дал Фуфо, Седмица, Кај Злате и Промес се македонски франшизи.
 
http://24vesti.mk/restoranite-na-mekdonalds-vo-makedonija-bile-privremeno-zatvoreni
 

Рестораните на Мекдоналдс во Македонија биле привремено затворени

 
15.05.2013 | 20:47
 
Kомпанијата „СЈ“, која од 1997 година ја има франшизата на Мекдоналдс во Македонија, денеска соопшти дека рестораните во Македонија се привремено затворени и ќе бидат повторно отворени што е можно поскоро.
 

 
Како последица на околности кои се надвор од контрола на компанијата, од неа било побарано на 14 мај да ја запре работата на Мекдоналдс рестораните на територија на Македонија, стои во сооптението на компанијата.
 
Од 1997, кога се отвори првата франшиза на Мекдоналдс во Скопје, Мекдоналдс Македонија го направи овој глобален бренд достапен земјата и обезбедува стабилно вработување за повеќе од 200 лица.
 
До денес, како што се вели во соопштението, Мекдоналс франшизата во Македонија, инвестираше шест милиони евра во воспоставувањето на брендот и развојот на бизнисот, со цел задоволување на потребите на потрошувачите.

Back to Top
Harry Potter View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-Jan-2012
Location: Skopje, Macedon
Online Status: Offline
Posts: 13
  Quote Harry Potter Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 18-Jun-2013 at 22:20
тешко дека ќе ги отворат пак, веќе и табли и патокази извадија.
www.MacedonianFootball.com
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 18-Jun-2013 at 22:53
Јас мислам дека МекДоналдс сам реши да бега од земјата,не ради тоа што имаше работа или немаше ,туку од големите критики што ги доживуваа во светот ова компанија за неквалитетна и не здрава храна. Насекаде во светот повеќето избегаваат МекДоналдс, само тука кај нас ги јадеа нивните производи оти си мислеа дека е бренд и имаат добар квалитет ,но вистината е обратна.Подобро што си отидоа, нека дојде некој друг бренд што нуди здрава и квалитетна храна а не МекДоналдс која продава канцерогена храна и  храна што е произведена по артифицијален пат.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1960
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 19-Jun-2013 at 14:40
Нема логика сами да се повлечат, тие работат на принцип на франшиза и немаат никакви трошоци, напротив само кеш. Најверојатно нашите не работеле правилно или слично па за да не се брукаат им ја одземале лиценцата...
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 599
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 19-Jun-2013 at 19:32
Квалитетна или не МакДоналдс е емблематичен световен бренд , който върти милиарди долари оборот.Той отваря вериги от ресторанти в земи който са достатъчно стабилни и спокойни , а не в Авганистан или Конго.Както присъствието на Кока Кола , Пепси , Икеа , Метро и други емблематични светски ланци , присъствието на МакДоналдс е своеобразна форма на престиж, и белег че страната е нормална.
И кой ви лъже ,че на Запад хората не ходят в МД? Идете в кой да е голем европейски град , за да видите че заведенията са пълни от сутрин до вечер.
И да, ако ядеж всеки ден само в МД по 5-6 бургера , 5-6 порции картофки и изпиеш 3 литра Кола , тогава наистина е вредно. Сам по себе си бургера не е вреден , вредни са картофките , Калата и сладкишите.

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 19-Jun-2013 at 21:37
Мислам дека McDonalds како некаков знак на стабилност или престиж е комплетно источно европска перцепција (без навреда, истата перцепција постои и кај нас).

Факт е дека е тоа голем бизнис, голем бренд, но не сметам дека е некаква трагедија што го нема повеќе (скоро затвори и во Исланд па никому ништо). Во Македонија, убеден сум дека профитабилноста не беше проблемот, рестораните беа секогаш полни а богами и "drive-in"ите. Според она што јас го знам, дефинитивно проблемот е кај локалните партнери.

Сепак, мора да се признае дека е симптоматична одлуката  McDonalds да се повлече туку така од пазар каде што беше добро етаблиран, особено што сега веќе влегоа и некои други ланци од сличен тип кои можат да ја пополнат таа празнина лесно. На почетокот мислев дека можеби се работи за игра каде нов франшизер ќе го превземе бизнисот, но сепам помина многу време и тоа ми личи на помалку веројатна опција.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2396
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 19-Jun-2013 at 22:38
Многу ми е мило што се затвори овој синџир на trash-храна кај нас. Покрај традиционалната македонска кујна, да јадеш од McDonald's, треба да си нетокму. Најомилено место за јадење на Американците. А сите го знаеме нивниот истенчен вкус за храна, кој е толку префинет што повеќето се направија над 150 кг, а многу од нив не можат самостојно ни да се движат. Бил светски бренд? Па што! Ако сака некој да се пофали на комшиите дека има пари и јаде во МcDonald's и мисли дека ќе му завидуваат, јас искрено го жалам. За истите пари за кои купува pink slime може да јаде макробиотичка храна. Ама не, Американците и фекалии да почнат да јадат, нашиве ќе им се придружат, оти тоа е модерно, cool итн.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 19-Jun-2013 at 22:59
пред 2-3 години на некое од радијата кое го пренесува ВОА на македонски јазик беше кажано дека просечната тежина(се мисли на маса) на американецот е 131 кг.дали се тука вкалкулирани и децата некажаа.сепак оваа бројка ја покажува правата вистина за начинот на хранење(товење) на американците.

Back to Top
Galileo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-May-2010
Location: Wien
Online Status: Offline
Posts: 599
  Quote Galileo Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 20-Jun-2013 at 19:04
Включих се в дискусията след като прочетох някои коментари тука и в други фороми , и некои от тех намирам за смехотворни.Не разбирам защо некои са толкова срекни що МакДоналдс напуснал Македония.... Излиза дека вие 15 години сте се борили за това и ете сега когато се случи сите са срекни и доволни.
Всеки човек има право на избор и сам да решава дали сека вечер ще руча здравословен бюрек , мекици и пастръмка с кисело млеко или вреден бургер с кока кола.
П.П .А и заблуда е дека бургера е любима храна на американците. Те ядат много повече пица и всекаква паста него ли бургери...Най- дебели в Европа са германците , но от бързата храна при тех най-разпродтранени са дюнера и вурстовете . И они не са здравословни
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 21-Jun-2013 at 11:30
Originally posted by Galileo

Включих се в дискусията след като прочетох някои коментари тука и в други фороми , и некои от тех намирам за смехотворни.Не разбирам защо некои са толкова срекни що МакДоналдс напуснал Македония.... Излиза дека вие 15 години сте се борили за това и ете сега когато се случи сите са срекни и доволни.
Всеки човек има право на избор и сам да решава дали сека вечер ще руча здравословен бюрек , мекици и пастръмка с кисело млеко или вреден бургер с кока кола.
П.П .А и заблуда е дека бургера е любима храна на американците. Те ядат много повече пица и всекаква паста него ли бургери...Най- дебели в Европа са германците , но от бързата храна при тех най-разпродтранени са дюнера и вурстовете . И они не са здравословни


Да скратам: мислам дека ќе преживееме без МекДоналдс
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 10-Aug-2013 at 18:13
Бургер Кинг во Тетово







За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 13-Aug-2013 at 11:17
Пронајдена замена за рестораните на McDonald's

Откако локациите на кои се наоѓаа рестораните на McDonald's останаа празни, на јавноста и беше нејасно што ќе се случува со истите.

Сега, според информации на порталот zase.mk на локациите во Скопје, Тетово и Охрид ќе дојде бренд за брза храна од Грција.

Станува збор за брендот Goody's, кој е основан во 1975 во Солун, а покрај во Грција има ресторани и на Кипар, во Бугарија и Португалија.

Засега е непознато кога овој бренд ќе почне со работа.

http://www.sitel.com.mk/mk/pronajdena-zamena-za-restoranite-na-mcdonalds
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 23-Sep-2013 at 08:10
„ХиМ“ наскоро со скопска продавница

Слободните минувачи деновиве спроти ТЦ „Рамстор“ можеа да забележат локал обвиткан со логото на познатиот бренд „ХиМ“. Тоа дека шведската мултинационална компанија за облека се подготвува за влез во Скопје зборуваат и натписите „Наскоро“. „Хенес и Мориц“ досега постои во 43 земји, а од 2011 година има околу 94.000 вработени луѓе. Модниот синџир облекува мажи, жени, тинејџери и деца. До крајот на август 2012 година имаше 2.626 продавници.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5B2F29525C34C344BBE8605AA122911D
За сè има вторпат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 23-Sep-2013 at 15:55
Originally posted by Џоле

„ХиМ“ наскоро со скопска продавница

Слободните минувачи деновиве спроти ТЦ „Рамстор“ можеа да забележат локал обвиткан со логото на познатиот бренд „ХиМ“. Тоа дека шведската мултинационална компанија за облека се подготвува за влез во Скопје зборуваат и натписите „Наскоро“. „Хенес и Мориц“ досега постои во 43 земји, а од 2011 година има околу 94.000 вработени луѓе. Модниот синџир облекува мажи, жени, тинејџери и деца. До крајот на август 2012 година имаше 2.626 продавници.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=5B2F29525C34C344BBE8605AA122911D


Не. Уште една пат „новинарштина“. Можеа барем во самата продавница да прашаат.

Traveling.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 04-Oct-2013 at 14:56
Да не испадне и ова некаква новинарштина

Брендот Ралф Лорен доаѓа во Скопје

http://skopjeinfo.mk/gradot/979403033/brendot-ralf-loren-doagja-vo-skopje
За сè има вторпат
Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 04-Oct-2013 at 15:03
Originally posted by Џоле

Да не испадне и ова некаква новинарштина

Брендот Ралф Лорен доаѓа во Скопје

http://skopjeinfo.mk/gradot/979403033/brendot-ralf-loren-doagja-vo-skopje


Па доколку Ralph Lauren и Barbour делат продавница, и не е официјално влегување на брендот... исто како Armani Jeans, пример.

Но сепак „боље ишта него ништа“.

п.с-Има нешто за Walmart и наводното влегување во Мк?
Нови маркети на Carrefour?
Traveling.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 13149
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 07-Oct-2013 at 16:47
LC Waikiki пристигна во Македонија

Познатиот турски бренд и лидер во текстилната индустрија, LC Waikiki, во вторник, во Скопје Сити Мол, ќе ја отвори својата прва продавница во Македонија.

Согласно целокупната стратегија за развој, LC Waikiki планира да отвори серија продавници во Македонија и во соседните земји, давајќи предност на земјите околу Турција.

LC Waikiki е турска приватна компанија основана во 1985 година во Франција. Компанијата, моментално, има 380 продавници низ Турција и повеќе од 60 продавници во светот. Со континуираните инвестиции во проширувањето на меѓународната мрежа за трговија на мало, LC Waikiki настојува да отвори 400 продавници во 40 земји во светот до 2017 година и да работи профитабилно во наредните неколку години. Компанијата цели да биде меѓу првите три модни брендови во трговијата на мало во Европа до 2023 година. Профитот на LC Waikiki во 2012 година изнесува 2 билиони американски долари.

Освен франшизата за Саудиска Арабија и Иран, сите LC Waikiki продавници се во сопственост на компанијата.

http://faktor.mk/archives/76461?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=lc-waikiki-pristigna-vo-makedonija
За сè има вторпат
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 07-Oct-2013 at 17:12
Ту бре колку се неписмени! Билиони! Bash
Ова нема теоретска шанса текстилна компанија да има 2 милјарди долари ПРОФИТ!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 07-Oct-2013 at 19:10
Originally posted by Danndy

Па доколку Ralph Lauren и Barbour делат продавница, и не е официјално влегување на брендот... исто како Armani Jeans, пример.

Но сепак „боље ишта него ништа“.

п.с-Има нешто за Walmart и наводното влегување во Мк?
Нови маркети на Carrefour?

 
Со трчање ќе доаѓаат Волмарт во Македонија.
 
Во цела Европа имаат продавници само во Велика Британија, а порано ги имаа и во Германија, од каде што заминаа поради загуби кои ги претрпеа и тоа во Германија, најголемата економија во Европа, па сега ќе доаѓаат во Македонија, која ниту излегува на море, ниту е меѓу 5-те најголеми економии на Балканот, ниту Македонците располагаат со куповна моќ за брендови како Волмарт.


Edited by Dexter26 - 07-Oct-2013 at 19:15
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 10>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.