build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Меѓународни ланци во Македонија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #141 Posted: 11-Mar-2015 at 14:41

можеби ќе почнеме да го возвраќаме ударот повторно преку колонијали или хард-дисконти

Маалска продавница - претставуваме: „Денар дисконт“

InStore во разговор со Емил Чучуровски, маркетинг-менаџер на маркетите „Денар дисконт" Маркетот како медиум

„Денар дисконт" се маркети што функционираат како класични хард-дисконти. Моментално, под ова име успешно функционираат два маркета, од кои едниот се наоѓа во населбата Капиштец, додека другиот во населбата Влае, а се предвидува отворање и на нови 10 маркети во блиска иднина.

Маркетите „Денар дисконт" се една поинаква форма на маркети чиешто појавување на македонскиот пазар има уникатна приказна. Моментално со две локации, во населбите Капиштец и Влае, и со тенденција за проширување до 12 маркети во Македонија, „Денар дисконт" веќе 10 месеци успешно опстојува на македонскиот пазар. Менаџерскиот тим го промовира дисконтот како нов синџир на македонски евтини маркети (хард дисконти), каде што се продаваат најквалитетните македонски производи за основни прехранбени потреби и други производи за секојдневна потреба. Концептот на дисконтот е да продава доминантно македонски производи, произведени во македонски фабрики, наменети за македонските потрошувачи. За целиот концепт, работата и идните планови, разговаравме со Емил Чучуровски, маркетинг-менаџер на „Денар дисконт".

Производите што се продаваат во нашите маркети ги произведуваат македонските фабрики во кои се вработени блиски роднини на македонските потрошувачи, нивните пријатели и членови на семејствата за кои тие придонесуваат да имаат личен доход. Купувајќи македонски производи, потрошувачите им помагаат на нивните блиски да ги задржат работните места, а помагаат и да се отворат нови работни места во македонските фабрики. Со тоа се овозможува дополнителен развој на македонската економија, истакна Чучуровски.

Според него, концептот на продавниците настанува како производ на искуството на менаџерскиот тим на телевизијата „Наша ТВ", од долгогодишната соработка со македонските фабрики. Телевизијата е компанија со иста сопственичка структура со „Денар дисконт", која 4 години опстојува на медиумскиот пазар во Македонија. „Денар дисконт" е фирма, „продолжена рака" на телевизијата. Ние се трудиме да ги комбинираме дејностите на двете компании. Поучени од искуството со телевизијата, одлучивме нашите хард дисконти да бидат нов медиум. Нашите рафтови се и своевиден простор за промоција, каде што секој производ добива соодветен третман согласно склучениот договор со производителот. Најзначајната цел ни е преку нашиот пример и нашиот успех со нашите дисконти да ги мотивираме македонските сопственици на маркети во своето портфолио на производи да имаат најмногу производи што се произведени во македонските фабрики. Нашиот успех се состои во изборот на најквалитетни македонски производи за нашиот потрошувач и минимизирање на трошоците во работењето.

„Денар дисконт" се класични хард-дисконти, во моментов со два објекта. Едниот во населбата Капиштец од 70 квадратни метри, има една каса и тројца вработени. Вториот е во населба Влае. Тој се простира на 200 квадратни метри, има две каси и пет вработени. Двата маркети имаат портфолио од околу 1.000 производи со тоа што во Капиштец се изложени помали количества на производи, додека во Влае се значително поголеми. Со „Денар дисконт" менаџира семејството Гоговски.

Македонците имаат навика за пазарење во хард-дисконти

Според Чучуровски, во Македонија речиси 20% од пазарот на синџири на маркети во малопродажба е во „рацете" на маркетите КАМ, првиот малопродажен синџир на хард-дисконти отворен во Македонија. Со појавата на вториот, „Стокомак", пазарот се прошири со ширењето на малопродажните објекти на овие два ланци. Целта на „Денар дисконт" е дополнително да го промовира концептот на хард-дисконтери во Македонија. Чучуровски смета дека е неопходна едукација на потрошувачите на национално ниво. Според него, хард-дисконтите влијаат на ценовната политика и на помалите и поголемите маркетите во Македонија, па оттука, кога имаме ценовна стабилност на ниско ниво, со соодветен национален квалитет, потребно е потрошувачите да почнат полека, но сигурно да се ориентираат кон оставање на најголем дел од личниот потрошувачки буџет токму во овие дисконти.

http://www.instore.mk/frontpagenews/newsarticle/Maa1083ska-prodavnica---pretstavuvame-Denar-diskon

Edited by Џоле - 11-Mar-2015 at 17:13
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #142 Posted: 11-Mar-2015 at 18:10
Значи, во Ѓорче ги има и овие маркети и можам да кажам дека немаат баш некаква иднина, затоа што КАМ и Стокомак ги убиваат во поим. На мала далечина во населбава ги има скоро сите маркети и супермаркети што ги има во државава и овие немаат баш некоја најсветла иднина. Да не зборам во какви нечовечки услови работат вработените, без никакво греење, работење секој ден и слично.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #143 Posted: 11-Mar-2015 at 18:30

она "можеби" ето тука велиш не прошло, но се надевам и друг би се одважил и би инвестирал во нешто поконкуретно, а тоа може да бидат пример здружени агро-произвоители и сл.

веројатно проблем се и попустите со кои големите ланци ги мамат потрошувачите, разните наградни игри, акции и слично, сето тоа треба да е и законски стокмено а не е, пр. слична работа изрегулираа скоро во Хрватска [1]

но има уште ред други кваки кои одат во прилог на големите ланци, иако не ми се верува дека истите може да си дозволат да донесат пр. квалитетна органска храна или рачни изработки итн. тука е шансата да се почне да им се зема назад окупираниот пазар, веројатно би помогнало околку поединец фирма кој би продавал на тезга би му се анулирало царинењето но и данокот итн. се само за да се олабави притисокот од големите

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #144 Posted: 11-Mar-2015 at 18:38
Originally posted by ehrlich

Значи, во Ѓорче ги има и овие маркети и можам да кажам дека немаат баш некаква иднина, затоа што КАМ и Стокомак ги убиваат во поим. На мала далечина во населбава ги има скоро сите маркети и супермаркети што ги има во државава и овие немаат баш некоја најсветла иднина. Да не зборам во какви нечовечки услови работат вработените, без никакво греење, работење секој ден и слично.
овие услови се исти во сите мали маркети, вклучувајќи ги КАМ и Стокомак... плус плаќаат за грешки на фирмата
и всушност, единствената причина поради која Кам и Стокомак профитираат, е тоа што потрошувачите тешко ги менуваат навиките

Edited by zabegan - 11-Mar-2015 at 18:39
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #145 Posted: 11-Mar-2015 at 20:46
Originally posted by zabegan

Originally posted by ehrlich

Значи, во Ѓорче ги има и овие маркети и можам да кажам дека немаат баш некаква иднина, затоа што КАМ и Стокомак ги убиваат во поим. На мала далечина во населбава ги има скоро сите маркети и супермаркети што ги има во државава и овие немаат баш некоја најсветла иднина. Да не зборам во какви нечовечки услови работат вработените, без никакво греење, работење секој ден и слично.
овие услови се исти во сите мали маркети, вклучувајќи ги КАМ и Стокомак... плус плаќаат за грешки на фирмата
и всушност, единствената причина поради која Кам и Стокомак профитираат, е тоа што потрошувачите тешко ги менуваат навиките

Добро да, можеби е слично и во другите маркети, но верувај не во оваа мера.

Друго, не знам зашто велиш дека потрошувачите тешко ги менуваат навиките, кога КАМ си има свој бизнис модел, кој е копиран од Германија и каде е доста раширен и успешен. Јас пак напротив сметам дека особено КАМ беше, но и се уште е доста потценет од потрошувачите, иако нуди најдобар квалитет за цена и дека потрошувачите тешко ги менуваат навиките да купуваат во Тинекс и сличните, каде нешто го плаќаат поскапо.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #146 Posted: 11-Mar-2015 at 21:45

КАМ веќе долго време постои, ако во маало каде што има десет маркети, потрошувачите се навикнати да пазарат во КАМ и се задоволни, тогаш ќе ја продолжат таа традиција ако КАМ ги задржува одговорно

и тука има и трета група на потрошувачи, постојат маркети кои не се многу големи како Веро, Тинекс или Рамстор, ама се некое ниво над КАМ, Стокомак и слично... на пример Рептил и Жито маркети
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #147 Posted: 11-Mar-2015 at 22:00

за навиките во право си особено ако се имаат превид акциите и наградните игри, ем кој каде му е успат или некако ја заглавил, лично порано бев фан на тедико место кам со оглед близината, иако без тинекс тнка работа

сепак кам најчесто е резервиран за социјала и средна класа ко муштерии, но и немаат кузнај каков избор иако се што на човек му е основно т.е. неопходно таму би нашол... дури се си мислам дека не ради бизнис ами ради општо добро Камчеви го форсираат кам-фуд, со оглед дека некој особен ќар преку тие супер ефтини цени тешко дека се прави!

инаку кам го има моделот на лидл, тинекс на била, а веро на интершпар

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #148 Posted: 11-Mar-2015 at 22:09
Originally posted by beTon

за навиките во право си особено ако се имаат превид акциите и наградните игри, ем кој каде му е успат или некако ја заглавил, лично порано бев фан на тедико место кам со оглед близината, иако без тинекс тнка работа

сепак кам најчесто е резервиран за социјала и средна класа ко муштерии, но и немаат кузнај каков избор иако се што на човек му е основно т.е. неопходно таму би нашол... дури се си мислам дека не ради бизнис ами ради општо добро Камчеви го форсираат кам-фуд, со оглед дека некој особен ќар преку тие супер ефтини цени тешко дека се прави!

инаку кам го има моделот на лидл, тинекс на била, а веро на интершпар

имам Стокомак кај мене во зграда, да видиш какви Мерцедеси и БМВ-а ми се котат на паркингот пред зграда секој ден...
не е до социјалата, до паметот е... дури и паркинг не плаќаат
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #149 Posted: 11-Mar-2015 at 22:47

во Стокомак немам влезено до сега и неможам да кажам како стојат работите, но пред Кам мерцедес не сум видел да застанал, а и да имало сигурно некаде во комшии пазарел реално оној кој не е сноб макар и ламборџини имал пак ќе си влезе во кам ако е жеден
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #150 Posted: 11-Mar-2015 at 23:06
Несомнено, трендот на зголемување на хард-дисконтите бележи зголемување во последните 3-4 години и е проследен со намалената куповна моќ на граѓаните. Сепак постои и корелација помеѓу сиромаштијата и хард дисконтите. Ваква е состојбата и во Западна Европа каде за време на големата криза во ЕУ се појавија бројни хард-дисконти.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 663
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #151 Posted: 11-Mar-2015 at 23:16
Значи, не се согласувам со повеќето дека појавата на вакви вид на маркети е во корелација со криза или намалена куповна моќ. Сигурно Германците се глупи што цел свој живот купуваат од вакви маркети и јас никако не го поврзувам тоа што богати, сиромаси, средна класа купуваат во вакви маркети, туку напротив добро е да има секаква конкуренција, па јас ќе си одберам каде ќе отидам. Прост пример ми е СП (во СП Планет што е) просто стои празен откако се отворија други маркети околу него со пониски цени, а тој се уште си ги држи истите.
Back to Top
Staki View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 11-Oct-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote Staki Quote  Post ReplyReply #152 Posted: 11-Mar-2015 at 23:54
Влегов пред некоја недела во овој Денар Дисконт маркет во Капиштец. Ај што е тесен просторот и ништо не можеш да видиш што каде е, ама не ми ни остави впечаток дека некој производ е поефтин од останатите маркети. Искрено не гледам потрошувачки потенцијал за овој маркет.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #153 Posted: 12-May-2015 at 14:02
Слушам муабети дека годинава планирало H&M да се отвори во Скопје?Има нешто во тоа или?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #154 Posted: 12-May-2015 at 15:10
Страна поназад има нешто неофицијално кои брендови би дошле во Македонија.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #155 Posted: 17-May-2015 at 20:47

интересно ќе видиме ли и некој кинески бренд во земјава, зар нема некој акал дека нашиов стандард би бил добредојден за вакви брендови, особено што и извиканите брендови грото се азиски фејкови, нормално како и секаде во источна европа та и потака [1

патем кој е гарантот дека меѓународен ланец нема шкарт роба, или дека изборот не е бајата колекција од запад но со свежа цена кај нас, налик продавници каде ќе си ги претураат вишоците, впрочем ова моловите не се ништо повеќе од аутлет-центри [1]

Outlet shopping emerged in the United States in the 1970s as a way for merchants and designers to sell off surplus or last season’s merchandise; there are now 222 such centers nationwide. The concept was exported to Britain in the mid-1990s, where it was quickly embraced by retailers and consumers. Forty-two outlet centers were built in Britain from 1994 to 2001, and developers are now turning their attention to other parts of Europe.

At the end of 2006, there were 66 outlet centers in 14 European countries, and new ones are being built at a furious pace, especially in emerging markets like those of Eastern Europe.

Back to Top
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #156 Posted: 18-May-2015 at 02:40
Originally posted by avijacijamk

Слушам муабети дека годинава планирало H&M да се отвори во Скопје?Има нешто во тоа или?

Не, до 2018 нема да има H&M во Скопје.
Traveling.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #157 Posted: 07-Mar-2016 at 16:14
Дали е ова вистински HM во Тетово или е тешка заебанција?

https://www.facebook.com/ReMall/photos/pcb.715193048583152/715191925249931/?type=3&theater
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #158 Posted: 07-Mar-2016 at 19:01
Originally posted by avijacijamk

Дали е ова вистински HM во Тетово или е тешка заебанција?

https://www.facebook.com/ReMall/photos/pcb.715193048583152/715191925249931/?type=3&theater

Познавајќи го раководните лица на трговскиот, второто.

Очекувам да биде продавница, со стара роба од Н&М, исто како во бутикот кој се наоѓа спроти Рамстор, исто така ставија знак Н&M, па потоа мораа да го тргнат, стана некојси фешн...
Back to Top
Antonov View Drop Down
Groupie
Groupie

Joined: 10-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 72
  Quote Antonov Quote  Post ReplyReply #159 Posted: 07-Mar-2016 at 23:22
Ова исто како бензиската Шел на патот Скопје-Тетово. Иако очекував дека од година во година се повеќе и повеќе ќе се почитува интелектуалната сопственост сепак на жалост Македонија во тој поглед станува како Камбоџа.
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #160 Posted: 08-Mar-2016 at 00:44
Originally posted by Antonov

Ова исто како бензиската Шел на патот Скопје-Тетово. Иако очекував дека од година во година се повеќе и повеќе ќе се почитува интелектуалната сопственост сепак на жалост Македонија во тој поглед станува како Камбоџа.

https://www.facebook.com/Mega-Fashion-183334165095284/

Почитувани,
Со огромно задоволствто Ве известуваме дека свеченото отварање на бутикот H&M во RemMall Tетово ќе биде во Понеделник од 09:00ч. Продажниот салон сe наоѓа на 1 кат.
Со почит, Mega Fashion

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6789>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.