build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спомен куќа на Мајка Тереза

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 23>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
4 [5.41%]
1 [1.35%]
2 [2.70%]
3 [4.05%]
3 [4.05%]
6 [8.11%]
1 [1.35%]
7 [9.46%]
5 [6.76%]
42 [56.76%]
You can not vote in this poll
Total votes: 74   Average: 2.85

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Спомен куќа на Мајка Тереза
    Posted: 05-Jan-2008 at 20:24
...
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 05-Jan-2008 at 20:25
Искрено не ми е воопшто мило да пишувам на оваа тема, зашто сме исправени пред можноста еден Франкенштајн-објект да ни го нагрди строгиот центар на градот и да стане еден негативен симбол на Скопје поради кој ние Македонците ќе се згрозуваме, а тие од страна ќе се мајтапат. Но сепак е редно да отвориме нишка и за ова, ако не за друго, барем за да помогнеме подобро да се презентираат пред јавноста сите гнасни работи поврзани со спомен куќата.

Јас навистина не знам од каде да почнам со критики... Веројатно ако пишувам за сите глупости, ќе треба да напишам цел роман. Па затоа ќе се трудам да бидам колку што можам пократок...

1. Пред да преминам на приказната со двата конкурси, и проектот на Вангел Божиновски, сакам нешто да спомнам и за локацијата... Добро е што не бидна ништо од оние идиотски барања, спомен куќа да се градела каде што била вистинската куќа на Мајка Тереза (на плоштад, пред Лумикс Nuts). Но сепак не сум воопшто среќен поради новава локација. Моменталнава локација е очигледно избрана зашто таму била старата католичка црква. Но мора ли изборот на локации кај нас стално да се врши ради (квази) симболика, наместо ради функција, естетика и логика воопшто? Не е прв пат да збутуваме нешто на место каде што не одговара и не се вклопува ниту архитектонски ниту просторно. Ова мора веќе да престане.

2. Во врска со конкурсите и формалната процедура преку која дојдовме до избор на Вангелштајн проектот - очигледно е дека се работи за дрска и провидна намештаљка. Имено, министерството за култура распиша конкурс на кој пристигнаа многу трудови, а победник беше португалскиот архитект Jorge Marum. Проектот на Марум мене лично не ми се допаѓаше, но во денешна ситуација кога се турка проектот на Вангел, португалскиот ми изгледа како премија. Ако ништо друго не е за потсмев и нема да го нагрди градов. Важно е да се спомне дека Вангел Божиновски учествуваше и на првиот конкурс со истата бурлеска која што е моментално актуелна. Тогаш неговиот проект од комисијата беше оценет како промашување на критериумите.
Сепак од министерството по обичај решија да не се гради според победничкиот проект (не ми е јасно зошто воопшто ги прават овие конкурси кога стално после ја разводнуваат работата), туку да имало дополнителен конкурс на кој Вангел воопшто немаше право на учество... Ама после некако ги изманипулираа работите, па типот некако магично конкурираше па уште и победи Crazy. Од министерството и од Вангел добивме две сосема различни објаснувања како можел да конкурира, а да не зборам за тоа што победи со истиот негов стар монструозен проект, кој во првиот наврат беше оценет како промашен... Дополнително боде очи фактот што наводно се работи за анонимен конкурс, што автоматски се побива кога некој ти конкурира со истото што конкурирал пред еден месец.
Јас не знам какви врски потегнал Вангел, дали се вршени притисоци, дали се менувани членови на комисијата... Но дури и да беше добар неговиот проект, ќе беше прилично јасно дека се работи за наместена работа и за некоја многу валкана игра...

3. Сега да се осврнам на самиот проект, иако е тешко со зборови да се опише колку е тој грд, невкусен, неартикулиран и одвратен во секој можен поглед. Објектот претставува оргија на разноразни невклопливи елементи, бои, форми и материјали... Да не зборам за тоталното невклопување во околниот простор. Сето ова изгледа дури и уште полошо, кога ќе се земе во предвид на кого му е посветен објектот. Мене воопшто не ми е јасно како некои луѓе си дозволиле толкава несовесност и дрскост да го туркаат ова чудо Ohno
Од изобилството глупости, ќе ги издвојам моите омилени:
- Обавезните куполи без кои во последно време не се може Roll%20eyes
- Опседнатоста на авторот со риби, бидејќи покрај рибите на фасадата, во внатрешноста требало да има и аквариум Nuts. Единствено не разбирам каква е поврзаноста на Мајка Тереза со водниот свет Crazy
Тука престанувам со анализите на изгледот на објектот, зашто како што реков, за тоа може да се напише цел роман. Заклучокот во кратки црти ми е дека се работи за хипер-кич кој ретко се гледа.


Проектот (и воопшто наместениот конкурс) наидоа на остри реакции кај скоро сите што се запознаени со ова. И стручната јавност и обичните луѓе се згрозени. Имаше и реакции по медиумите, по интернетов, петиции... Не сум сигурен, но можеби тоа вроди со некаков плод, зашто едно време најавија удирање на камен темелник до крајот на 2007, ама како што гледам нешто се стишаа (барем јавно). Ако повторно се размрдаат работите, мислам дека треба и ние да се вклучиме борбата против монструмот на Вангел & Co. Ова едноставно мора да се спречи по секоја цена. Не смееме да дозволиме нешто толку мизерно да ни насадат и тоа на толку важна локација. Ниту градот е нивна приватна сопственост, ниту парите ги даваат од свој џеб, за да им се дозволи да си прават што сакаат.


Авторот во меѓувреме изиграва жртва на љубоморни и нестручни архитекти. Неосновано го напаѓале... Неговиот проект бил со невидени вредности... Нормално ние обичните смртници не сме во состојба да сватиме и согледаме колку е возвишена неговата визија Nuts.
Во ред господине Божиновски, можеби сте во право, можеби вие сте на некое многу повисоко ниво од другите... Но ве молам немојте да ни наметнувате нешто што ние ете едноставно не сме го разбирале. На крајот на краиштата градот и архитектурата се на сите, не се ваша лична сопственост. Оставете не со нашите сваќања кои очигледно не можете да ги промените. Кај огромното мнозинство вашиот проект предизвикува крајно негативни чувства. Во најдобар случај би се квалификувал како карикатура... Покажете доблест и зачувајте го образот, наместо да ве плукаат во иднина...





За жал ова се најдобрите рендери што ги имам, но со ова му правам услуга на проектов, зашто вака не доаѓа во полн израз неговата одвратност...

„Уживајте“:








Edited by Cloverstack - 06-Jan-2008 at 01:55
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 05-Jan-2008 at 20:53

Дали некој го има рендерот за овој фамозен проект? Каде точно треба да се наоѓа?

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 06-Jan-2008 at 00:06


Ете убацив какви-такви рендери, а ако сепак не доби впечаток каде е локацијата (веднаш до споменикот на Мајка Тереза), тогаш подобро можеш да видиш на следниов рендер што го постирам - тоа е победничкиот труд на авторот Jorge Marum од првиот конкурс.



Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 06-Jan-2008 at 01:47
 
Додека ти си го пишувал твојот пост јас го поставив мојот со прашањето, па сега гледам дека во постот 2 си ми ги дал одговорите. Моето мислење и за проектот на Вангле и за победникот и за локацијата ќе го искажам со ономатопеја БЉАК!!! Грозно, дрско и невкусно. И моменталната празнина на тоа место е 100 пати поубава.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 06-Jan-2008 at 01:54
Pozdrav, ja sum nov clen ovdeka, no vidov deka poveketo od lugeto se bunat poradi gorenavedeniot proekt za spomen kukata na majka tereza, da vi kazam pravo mene poveke mi se dopaga toj od kolku ovaa obicnava kocka najdole , toj t.n Frankenstajn objekt ima poveke mak arhitektura od kolku kockava , sepak toa e moe mislenje  
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 06-Jan-2008 at 01:59
Originally posted by mitatos

Pozdrav, ja sum nov clen ovdeka, no vidov deka poveketo od lugeto se bunat poradi gorenavedeniot proekt za spomen kukata na majka tereza, da vi kazam pravo mene poveke mi se dopaga toj od kolku ovaa obicnava kocka najdole , toj t.n Frankenstajn objekt ima poveke mak arhitektura od kolku kockava , sepak toa e moe mislenje  


Епа ти си пријателе прв што го слушам да каже нешто вакво LOL

Во ред секој има право на свое мислење, ама сепак ме интересира твоето конкретно гледање на проектот на Вангел (не во споредба со португалскиот), а и тоа како се вклопува на таа локација.

BTW, претпоставувам дека ти си познатиот Mitatos од Flickr Big%20smile По некоја од твоите фотки сигурно била искористена од моја страна во разни фото тредови... Се надевам не ти пречи тоа.
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 06-Jan-2008 at 02:04


Da da toj sum istiot , ne mi preci da gi prezemaat ama zosto mora sekogas da go trgnes imeto dole ) e toa mi smeta, nego jas moeto mislenje go dadov vo 2-ta navedeni proekti, ne deka sum arhitekt megutoa mnogu me privlekuva strukata, razvojot vo nasiot grad ,sakav da kazam deka za razlika od 2-ta proekta toj t.n Frankenstajn objekt poveke mi se dopaga od kockata , posto na edna obicna kockasta zgrada ne mu dolikuva da bide spomen kuka ,no kako sto napomenav sepak toa e moe mislenje , pozdrav
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 06-Jan-2008 at 02:14
Originally posted by mitatos


ama zosto mora sekogas da go trgnes imeto dole


Не сум правел такви работи Smile
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 06-Jan-2008 at 02:17
pa ne znam dali si ti,ama poveketo gi kropiraat , ne znam zosto ,ne e nisto da se postirat na vakvi forumi , taka poveke se razviva turizmot kaj nas, ama poveke nie go pravime toa od kolku kostovski )
inace od ovie dvata proekti , ova kockata ama bas ic ne mi e po kejf, a ova drugata ne e idealna ,ubavo bi izgledalo so mali promeni , na boite i strukturata .
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 06-Jan-2008 at 02:21
Originally posted by mitatos

toj t.n Frankenstajn objekt ima poveke mak arhitektura od kolku kockava , sepak toa e moe mislenje  


Да ти одговорам и на ова. Неспорно е дека Вангелштајн проектот има елементи на македонска архитектура, ама проблемот е што таа е вулгарно испомешана со триста други неспоиви работи. Авторот направил една таква збрка од се и сешто, која е архитектонски па и воопшто невкусна... Веројатно невкусна е и преблаг збор Unhappy
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 06-Jan-2008 at 02:24
epa togas bi trebalo da se izbere sosema 3 objekt
Ali stvarno izmesal malku avtorot ali sepak sekoj ima svoj stil, mene baska ne mi se dopaga ni lokacijata, ali toa e toa ...
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 06-Jan-2008 at 02:27


Со овие констатации сосема се слагам
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 06-Jan-2008 at 03:07
Има ли некаква процедура кај што граѓаните на Скопје и пошироко можат официајлно да се протистават на изградувањето на овај споменик на Мајка Тереза и да побараат нов тендер за нов дизајн.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 06-Jan-2008 at 03:12
Originally posted by shyes

Има ли некаква процедура кај што граѓаните на Скопје и пошироко можат официајлно да се протистават на изградувањето на овај споменик на Мајка Тереза и да побараат нов тендер за нов дизајн.


Не знам... Ама во државава до сега вродило со плод само блокирање на патишта и крстосници... Wallbash

Јас лично се надевам дека ќе преовладаат разумни луѓе и дека сепак ќе се спасиме од проектот на Вангел. Ако не, ќе мора да се дигне гласот уште погласно и да се искористат сите можни начини да се спречи неговата реализација.


Edited by Cloverstack - 06-Jan-2008 at 03:13
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 06-Jan-2008 at 03:41
Можеби треаба собирање на потписи и прапќање кај градоначалникот. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 06-Jan-2008 at 03:52
Originally posted by shyes

Можеби треаба собирање на потписи и прапќање кај градоначалникот. 


Градоначалникот нема никаква надлежност врз ова (колку и да е тоа неверојатно), а и да имаше, не знам баш дали Трифун е човекот на кој што би може да рачунаме за нешто такво.

Инаку имаше собирање на потписи... И јас се потпишав на една интернет петиција.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 06-Jan-2008 at 04:00
Да знаеш колку потписи собраа. сигурно има некое министерство за дозволи за градба или така нешто слично. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 06-Jan-2008 at 04:20
Originally posted by shyes

сигурно има некое министерство за дозволи за градба или така нешто слично. 


Па ова нема да го гради Вангел сам. Ова е проект на Министерство за Култура, сами ќе си издадат дозволи они и сите други надлежни... Сега прашање е колку во Маедонија е важна партиската припадност за да победиш на конкурс и да се наметнеш со кич идеи Roll%20eyes


На сите што го знаеле Вангел уште одамна им било јасно која е неговата политичка опција... Со тој факт многу работи стануваат појасни.


Edited by Cloverstack - 06-Jan-2008 at 04:23
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 06-Jan-2008 at 10:36
Ми се допаѓа зборот „хипер-кич“, многу добро го доловува проектов.

    А шпанскиот проект, не е толку лош, затоа што често наидувам на вакви слични проекти во земји со многу високи дострели во архитектурата, особено во Франција, каде ваквите едноставни форми како коцка се ценат. Во средината на Лувр како што знаеме во 89` мислам беше изградена една најобична, наједонставна стаклена пирамида со челичен скелет,

    Ама сепак проектов не личи на спомен куќа, зошто со ниедна карактеристика не ме потсетува на мајка Тереза, нејзиниот живот и дело, ама во секој случај, ако не се успее да се поништи и овој конкурс по пат на петиции или сл., никогаш нема да се поколебам кој проект би го избрал да стои таму.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.172 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.