build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спомен куќа на Мајка Тереза

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 23>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
4 [5.41%]
1 [1.35%]
2 [2.70%]
3 [4.05%]
3 [4.05%]
6 [8.11%]
1 [1.35%]
7 [9.46%]
5 [6.76%]
42 [56.76%]
You can not vote in this poll
Total votes: 74   Average: 2.85

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #261 Posted: 02-Feb-2009 at 15:24
OK, еве уште еден пост за да бидат 20, фала pbanks ама не ми кажа ништо за второто прашање, мислам дека овде треба сериозно да се размисли и за таа опција...прилично многу кецови гледам горе...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #262 Posted: 02-Feb-2009 at 15:31
Originally posted by Dave Gahan

OK, еве уште еден пост за да бидат 20, фала pbanks ама не ми кажа ништо за второто прашање, мислам дека овде треба сериозно да се размисли и за таа опција...прилично многу кецови гледам горе...


Па и јас би ставил нула ако ја имаше дефинитивно но сепак да идеме со официјалната скала како и за сите други проекти. Сепак сметај ја 1ницата дури и како негативна оценка со оглед на тоа дека идејата е двете највисоки и двете најниски оценкии да бидат за објекти што се во секаква категорија по добро или по лошо а за "стандардните објекти" да го користиме распонот 3-8. Со други зборови лош објект би го оценил со 3ка но само нешто вакво може да добие 1ца.
Back to Top
maestro View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Aug-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 505
  Quote maestro Quote  Post ReplyReply #263 Posted: 02-Feb-2009 at 16:02
2ка од мене само заради добра волја.
Едноставно објектот е катастрофален, направен е само колку да постои, а изгледот е ружен!
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #264 Posted: 02-Feb-2009 at 16:25
а кој дал уште една 10 ка , нека образложи сеа ?? )))



Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #265 Posted: 02-Feb-2009 at 16:30
Originally posted by blejdsk

а кој дал уште една 10 ка , нека образложи сеа ?? )))


изглеа некој што не ја читал досегашнава дебата. го чекаме да се јави
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #266 Posted: 02-Feb-2009 at 16:53
Не сакам да слушам никакви објаснувања луѓе, недопуслитво е да му се даде нешто повеќе од кец на ваков криминал и невкус. Срам во центарот на градот



1-
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #267 Posted: 05-Feb-2009 at 00:26

Осветената куќа на Мајка Тереза се' уште се гради

И покрај градежните активности, Спомен-домот е отворен за посетители

Спомен-куќата на Мајка Тереза, иако свечено беше отворена минатиот петок, се' уште не е целосно изградена. Конечниот лик единствено го има добиено спомен-собата, која всушност, е и главниот дел од Спомен- домот посветен на блажената мајка. Надлежните велат дека објектот, иако не е доизграден, бил промовиран и осветен на 30 јануари заради симболиката на денот врзана со животот на нобеловката.

Стојан Тренчевски, претседател на граѓанското здружение „Мајка Тереза“ кое ја иницираше изградбата на Спомен-домот, вели дека токму на тој ден Мајка Тереза на нејзина 18-годишна возраст одлучила животот да го посвети на хуманитарна мисија. „Темпиравме отворањето да не се совпадне и со изборната кампања, за некој да не го разбере погрешно чинот на отворањето на објектот“, дополни Тренчески.

Инаку, според најавите, најдоцна за еден месец објектот би требало да биде изграден во целост, согласно со проектот.

„Деновиве интензивно се работи на стаклениот дел од задната страна на куќата, кој всушност, е делот од капелата. Се доработува и амфитеатарот кај аквариумот, каде што ќе се одржуваат едукативни средби“, вели Рената Здравковска, в.д. директор на Спомен-домот.

Таа потенцира дека, и покрај градежните активности, објектот е отворен за посети. Од неговото осветување до вчера низ него поминале околу 5.000 посетители. Засега Спомен-домот ќе биде отворен секојдневно од 10 до 20 часот, а за време на викендите до 16, односно до 13 часот. Засега и влезот е бесплатен.

„Допрва треба да одлучиме дали откако објектот ќе биде целосно готов посетите симболично ќе се наплаќаат. Наскоро Спомен-домот ќе почне да работи според правилата на музејско работење, што значи ќе има кустос и историчар на уметноста кои ќе бидат на услуга на посетителите“, дополни Здравковска.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=653FE7774939994A870B254E731946E0
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #268 Posted: 05-Feb-2009 at 17:12
Златните рипки чекаат морски корали
Осумнаесетте златни рипки во аквариумот кои ги развеселуваа посетителите на отворањето на Спомен-куќата на Мајка Тереза, од вчера ги нема во бунарот, а подрумот е привремено затворен.

Осумнаесетте златни рипки во аквариумот кои ги развеселуваа посетителите на отворањето на Спомен-куќата на Мајка Тереза, од вчера ги нема во бунарот, а подрумот е привремено затворен.
"Рибите моравме привремено да ги преселиме, додека не се уреди аквариумот со морски корали кои треба да пристигнат деновиве. Внатре во аквариумот, исто така, треба да се довршат и апликациите со мозаици. Бунарот во долните простории, кои се уредени како амфитеатар, ќе се трансформира во аквариум кој ќе зрачи со дневна светлина. Кога сите детали ќе бидат готови, просторот ќе блеска од многуте мозаични огледалца кои ќе се прелеваат и ќе пренесуваат светлина едни на други. Од нив ќе трепери самиот воздух, ќе изгледа возбудливо како во приказните", вели архитектот Вангел Божиновски, кого го затековме на објектот како со мајсторите ги дотерува незавршените детали до перфекција.
Идната недела, како што најавува Лефко Манчевски, раководител на тимот на "Гранит", ќе бидат завршени и другите ситни градежни работи кои се уште се изведуваат, а градежното скеле каде што моментно дваесетина работници го поставуваат надворешното стакло на задниот дел од молитвениот простор ќе биде тргнато до сабота.
Откако беше свечено отворен минатата недела, контроверзниот Спомен-дом на Мајка Тереза, кој зафаќа површина од 1.000 м2, не престанува да ја бранува јавноста. Од утро до мрак во него постојано има посетители, кои го коментираат неговиот необичен изглед.

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=163099&idg=9&idb=2591&rubrika=Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7658
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #269 Posted: 05-Feb-2009 at 22:59
да не била мајка тереза на гребен родена??? или го обожувала и водениот свет
јас ќе признаам дека не и дадов кец чисто поради одредени детали и внатрешноста на молитвениот дел и собата, се друго сумирано е катастрофа


Edited by zabegan - 05-Feb-2009 at 23:03
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #270 Posted: 05-Feb-2009 at 23:05
Да де, имала и перка, била сирена ко мала... Цртанот за малата сирена ариел според нејзе е правен Wallbash
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #271 Posted: 05-Feb-2009 at 23:12
абе ова само на филм и кај нас е можно, не ми е јасно како толку импровизација во изведбата и рокови капак отворање-затворање. пред некој ден ги споредував рендерите со реалната состојба, тотален аут т.е. приближно слични ситуации но далеку од тоа дека нешто е сразмерно изградено околу деталите, тоа дебелиот столб треба да е послаб, портите потенки и постилизирани, каменот треба да е клесан и јасно околината на објектот треба да е добро средена, но сето она што го има на терен е тотална катастрофа,  незнам само дали тоа на некого од надлежните им е јасно или сите се во аут, па на и онака промашената изведба тие да се однесуваат како да рамнодушноста да е највеќе потребна во моментов.  
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #272 Posted: 06-Feb-2009 at 12:42
Originally posted by beTon

абе ова само на филм и кај нас е можно, не ми е јасно како толку импровизација во изведбата и рокови капак отворање-затворање. пред некој ден ги споредував рендерите со реалната состојба, тотален аут т.е. приближно слични ситуации но далеку од тоа дека нешто е сразмерно изградено околу деталите, тоа дебелиот столб треба да е послаб, портите потенки и постилизирани, каменот треба да е клесан и јасно околината на објектот треба да е добро средена, но сето она што го има на терен е тотална катастрофа,  незнам само дали тоа на некого од надлежните им е јасно или сите се во аут, па на и онака промашената изведба тие да се однесуваат како да рамнодушноста да е највеќе потребна во моментов.  
...искрено мислиш дека би бил подобар објектов да е поверодостојно реализиран според рендерите (реализирани во некој софтвер од 80-тите)? Не верувам дека нешто би се променило...а ова погоре со рибиве,  стварно не знам како да искоментирам Suicide



Edited by Dave Gahan - 06-Feb-2009 at 12:43
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #273 Posted: 06-Feb-2009 at 13:35

па многу подобро ќе изгледаше естетскио земене долниот спрат односно, не е исто да му дадеш на дете да ти направи камен ѕид наместо на мајстор за камен, ова нашиве мајстори се мајстори за се посебно во тоа старите диносауруси како гранит, па не може бе секој да ѕида со камен не е се во нафрлување на што ти дојде на рака, сетне во рендерите гледам исклесамн камен, тоа значи сосем друга визуелизација на проектов во реалноста, вака ајде да го тргнема настрана просторот и како го доживеал архитектот вклопувањето на објектот во истиот, односно дали колку држи вода место за ваков експеримент, и да фрлиме око исклучиво на изведбата, што може човек да заклучи крајна импровизација во изведбата, сите оние точки што досега ги посочив како проблематични во самиот проект се далеку попрефинето решени и склепани, да не се повторувам, но баш тие детали колку и да изгледаат небитни ја уништуваат цела слика за спомен домот.

доколку успееше  Гранит во долниот дел целосно да го репродуцира проектот како на рендерите верувам дека работите ќе беа поинакви, но што е тоа е, ајде можеби ќе видиме натака некоја генералка, бар као што и претходно реков на долниот дел од објектов, јасно и околината со се фонтаните.  

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #274 Posted: 06-Feb-2009 at 14:19

Јас искрено за проектот максимум би дал 2, а крајниот почеток сосе изведбата ми е 1-.

Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #275 Posted: 06-Feb-2009 at 14:52
тоа е веќе друга работа околу вкусот колку и како и дали нешто од овој проект ќе ја претстави и ќе потсети на мајка Тереза, според мене ова како појава тука на ул.МКД е повеќе авантуристички експеримент кој има многу логика и оправдување зошто е избран и исфорсиран од надлежните, но не очекував дека ќе има волку импровизација околу избрзаната изведба и технички и наменски! да не зборуваме што ионака единственото слободно и отворено ќоше на ул.МКД се оградува, уште и паркчето тука да го соѕидаат како што е предвидено и екстра можат одма и да ја покријат ул.МКД па да направиме некаков современ безистен од неа! 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9119
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #276 Posted: 06-Feb-2009 at 14:55
Originally posted by beTon

тоа е веќе друга работа околу вкусот колку и како и дали нешто од овој проект ќе ја претстави и ќе потсети на мајка Тереза, според мене ова како појава тука на ул.МКД е повеќе авантуристички експеримент кој има многу логика и оправдување зошто е избран и исфорсиран од надлежните, но не очекував дека ќе има волку импровизација околу избрзаната изведба и технички и наменски! да не зборуваме што ионака единственото слободно и отворено ќоше на ул.МКД се оградува, уште и паркчето тука да го соѕидаат како што е предвидено и екстра можат одма и да ја покријат ул.МКД па да направиме некаков современ безистен од неа! 


Question Crazy

кои се тие што се надлежни и како нивното форсирање прави логика за било што?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #277 Posted: 06-Feb-2009 at 15:00
beton јас незнам досега ниту еден изведувач да градел објект според рендери. Сите работата според планот. Значи прво се изготвува планот е врховен во важноста и е над сите други априорни визуелизации на објектот. После тоа рендерот се изработува според планот, чисто само да ни покаже убаво во три демензии како тоа треба да изгледа. Рендерите ги прават 3д аниматори, а не архитекти. Во рендерите, во зависност од софтверот, се употребуват разни паттерн-и. Незнам зашто од прееска си се запнал дека објектот не бил исти како на рендерот, кога не ни треба да биде како на рендерот. Друга работа, планот не ни мора да поредвидува точно каде ќе има камен и дали ќе биде клесан. Планот предвидува само одреден ѕид да биде од камен и се знае на што си мисли. После тој проект се доставил на две места, еден кај рендерерот, друг кај изведувачот. Идниов ѕида у виртуелен свет, другиов ѕида на терен. Никој не гарантира дека тоа после треба да излезе идентично, а не ни може да излезе, не ни треба да излезе. Значи вистинската слика е ова што имаме на терен, а не тоа што го има на рендерот. До толку деталите на рендерот не се запазуваат.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #278 Posted: 06-Feb-2009 at 15:00

Originally posted by pbanks

кои се тие што се надлежни и како нивното форсирање прави логика за било што?

да не ја шириме туку што им била целта и намерата, и дали тоа е оправдано или не, тие зацртале некоја идеја промотивно туристичка амбиција која е за поздравување, но најверојатно не очекувале дека ќе налетаат на волку дилентатизам кај сите оние кои треба да ја спроведат таа амбиција, пример тоа ти е исто како да се намерачи некој да тера производство на дизајнерски експерименти  од коли во МЗТ,  јасно што ќе добие ако не тенк  или трактор кој е само употреблив за во нива.      

@лсл планот предвидувал само ѕидови абе ајде ова каде си го прочитал, имаш нацрт и имаш детален проект а според двата може некој да прави рендери, овие рендери што ги имаме се според деталниот проект, каде точно се знае и која лајсна од какво производство треба да е, а не па какви треба да сразмерите на столбовите или пак боите и шарите односно во случајов камената пластика на објектот.

патем тука се работи за музеј т.е. спомен соба-куќа а не за гаража па овие работи да се споредни, тука на овие работи во проектотите се обрнува големо внимание! 



Edited by beTon - 06-Feb-2009 at 15:05
Back to Top
anDarko View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 12-Oct-2008
Online Status: Offline
Posts: 204
  Quote anDarko Quote  Post ReplyReply #279 Posted: 06-Feb-2009 at 15:09
без коментар...

од денешна Нова Македонија:

За негаторите на Спомен домот на Мајка Тереза




Убавата музика, убавиот поетски збор, убавиот објект, влијаат на нашите чувства. Најубавите архитектонски дела ги будат во нас емоциите и остануваат запаметени како нешто блиско до срцето, душата и умот. Дело кое не тропнало на сите врати на човекот, не останува во паметењето и не предизвикува потреба за коментар. Некои уметнички творби влијаат на подзаспаните души за моментално будење во восхит, а некои дела можат да ја натераат човековата верба во преиспитување на внатрешните стравови. Се случува некои дела на луѓето да им предизвикаат стрес од заклучокот дека тие не направиле нешто убаво. Само на најхрабрите им останува да се доближат и да ја сфатат убавината и вистината како општо добро и да ги примат како подарок.

На времето имав тројца колеги. Двајцата непрекинато ги омаловажуваа делата на третиот. Третиот се насмевнуваше мило, им покажуваше почит и љубов и си ја гледаше работата. Првите не работеа ништо, па така не направија ништо, ниту за себе ниту за другите. Ова го пишувам за да се сфати целата одбојност и јавна, а особено тајна и злонамерна критика, кон делото „Спомен куќата на Мајка Тереза“ од арх. Вангел Божиновски.

Отпрвин го напаѓаа конкурсот без докази, потоа од кога го видоа проектот и колку е велелепна замислата, почнаа да ги жалат трите брези кои требаше да се однесат. Сега кога делото се појави со сиот сјај, ним им е нескромно. Кутрите плукачи, ниту ја препознаваат симболиката на делото и нашата благодарност кон она кое го направи Мајка Тереза во име на љубовта кон човештвото.

Кога некој ќе се потпише во Вашиот ценет весник „Нова Македонија“ како „прост лаик“, а потоа пишува за сомнителноста на архитектонските конкурси и дека првичното ниво на конкурсот дало подобар резултат, тогаш мораме да заклучиме дека тоа е само нарачано пишување.

Од друга страна, констатацијата дека Мајка Тереза била секогаш смирена зборува за големо непознавање. Да не беше борец, страдалниците од Калкута не ќе ја осетеа нејзината рака на нивното премалено тело. Што се однесува до „потсмевот од другите земји“ тие се само потврда за нашата доблест. Да потсетам само дека Ајфеловата кула во Париз некои бараа да биде срушена. Историјата е полна со вакви „лаици“.

Подбуцнувачите на ваквите лаички мислења од друга страна, тие истите го продуцираа и одобрија Големиот и Малиот ринг, и во нив без ред и поредок никнат експлозивно накитени згради, преку ноќ ги менуваат ДУП-овите, гаражните згради ги менуваат во административни.

Непознавањето на симболите на религиите до некаде го разбирам бидејќи образованието ни беше навистина штуро, но секој што пишува за архитектурата е должен перманентно да се дообразува. Зборуваат дека фасадата на објектот е шарена, а на неа основниот симбол на христијанството - рибата и гулабот не ги препознаваат. Исто така, им пречат елементите за означување на: дом, порта, двор, кладенец, прием на гости, фамилија во македонската архитектура.

Кога веќе ги објаснувам симболите, морам да ја ставам на увид и симболиката на седумте нивоа на човековата внатрешна сопственост. Душата се стреми кон небото и тоа овој споменик го објаснува со стаклениот кубус.

Мајка Тереза излезе од недрата на оваа напатена земја и ја предаде со највисоко достоинство душата на Бога. Индија, земјата на екстремните пројавувања на богатството и сиромаштијата, поседува богата ризница на архитектонски дела, но знае да се радува и на еден цвет.

Со ова мое обраќање сакам да ви помогнам да со широко отворени очи и ум го гледате овој објект, кој ни носи радост и вдахновение. Синагогите, црквите, џамиите и најмалите места за молитва со својата возвишена порака нè внесуваат во царството на убавината. Нека нашите молитви бидат благодарност што го имаме овој објект.

Олга Чоланчевска, архитектка
http://novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=309&ArticleID=17383


Edited by anDarko - 06-Feb-2009 at 15:10
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #280 Posted: 06-Feb-2009 at 15:15
Бетон тачно дека јасно стои. Убаво си пишува дека треба да е ѕид од камен. Може да има и материјал наведено. Башка незнам што толку за каменот, стварно не ми е јасно. А кај вратите не ми изгледа никакво промашување. Дури и да е промашување, тогаш ги промашил тој што го правел рендерот, а не тој што изведувал!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1213141516 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.219 seconds.

Copyright ©2007 - 2021  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.