build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спомен куќа на Мајка Тереза

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 23>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
4 [5.41%]
1 [1.35%]
2 [2.70%]
3 [4.05%]
3 [4.05%]
6 [8.11%]
1 [1.35%]
7 [9.46%]
5 [6.76%]
42 [56.76%]
You can not vote in this poll
Total votes: 74   Average: 2.85

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 06-Jan-2008 at 12:52
Поздрав mitatos  и добредојде Cheers
 
Мислам дека и повеќето од нас на форумот (ако не и сите) не сме архитекти по професија но сите го сакаме Скопје, и посакуваме да изгледа онака како што доликува на една метропола во цивилизираниот свет, која што има долга историја и култура од преку 2000 години.
 
За жал новиве проекти кои со сила се форсираат со куполи, стаклени делови, микс на различни типови на архитектура и слично без претходно добро одбрана локација и намена на објектот, создава само поголем хаос. Имав прилика во Salt Lake City да го видам храмот на Мормоните кој бил изграден на крајот на 19тиот век, и многу ме потсеќа на овој проект. Објектот е микс од готска катедрала, средноевропска синагога, руска православна црква, неокласични и викторијански елементи и што ли уште не.  Нека ми простат архитектите, можеби немам доволно познавање но сметам дека градот треба да ни биде убав на сите, да бидеме горди со него и неговите градби и содржини. За жал со вакви брзоплети и непромислени потези веќе подолго време само му се наштетува на градот.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 06-Jan-2008 at 13:20
Originally posted by La Linea


 А шпанскиот проект, не е толку лош, затоа што често наидувам на вакви слични проекти во земји со многу високи дострели во архитектурата, особено во Франција, каде ваквите едноставни форми како коцка се ценат. Во средината на Лувр како што знаеме во 89` мислам беше изградена една најобична, наједонставна стаклена пирамида со челичен скелет,


Мислиш португалскиот проект. И мене тој одеднаш почна повеќе да ми се допаѓа одкога го видов „раскошниот“ објект на Вангел. Ова не е само шала, туку има и вистина, зашто она чудовиштето на Вангел ме потсети на вредноста на едноставноста.

Туку мораме да најдеме име за проектов, глупо е стално да го викаме „проектот на Вангел“...
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Jan-2008 at 13:28
„Фрик“ , не ми текнува по соодветно име. Евентуално „Мутант“.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 06-Jan-2008 at 13:33
Мутант ептен ми се свиѓа LOL

Ај да видиме дали имаат да кажат нешто другите
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 06-Jan-2008 at 15:07
dobro ve najdov, epa znaci tuka imame razni strucnjaci hehe , ne se site arhitekti ,pa za dzabe starite porano ne rekle  PONEKOGAS I BUDALATA E VO PRAVO )
da si kazeme i nie sto mislime neli ?
No stvarno mi se dopaga forumot , ve sledam i na skyscrapercity no ete konecno se registrirav tuka , pozdrav do site

"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 06-Jan-2008 at 19:50
Originally posted by mitatos

dobro ve najdov, epa znaci tuka imame razni strucnjaci hehe , ne se site arhitekti ,pa za dzabe starite porano ne rekle  PONEKOGAS I BUDALATA E VO PRAVO )
da si kazeme i nie sto mislime neli ?
No stvarno mi se dopaga forumot , ve sledam i na skyscrapercity no ete konecno se registrirav tuka , pozdrav do site

 
здраво и од мене митатос Cheers. Драго ми е што ни се приклучи прав МК интернет celebrity како тебе. Не само од flickr туку и од foto.idividi.com.mk и ако не се лажам и од trekearth.com.
 
BTW и јас ги немам сечено твоите copyright ознаки од сликите. Можеби само последниот пат за новогодишните слики иако мислам дека не исеков твоја слика. Мене не ми смета таков тип на заштита на авторски материјал секако, но сметам дека треба да е соодветно поставена на сликата и да не биде нападна, туку фокусот сепак да биде задржан на самата фотографија.
 
Cheers
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-Jan-2008 at 20:36
Митатос добредојде и од мене, извини за некултурата што не пишав одма Doh.

Него, да бидам искрен, јас немав слушнато за тебе, па побарав на Flickr, и сватив дека сум наишол на овие слики безброј пати додека сум чепкал по форуми каде што се зборело за Скопје или Македонија.

Одлични слики Thumbs%20Up
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 07-Jan-2008 at 14:51
) zdravo zdravo La linea i pbanks milo mi e sto sum tuka poz
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
волан View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Dec-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 192
  Quote волан Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 24-Jan-2008 at 18:31
Многу сте изнапишале ... неможам се да читам ... но местото каде се планира куќата е место каде беше старата католичка црква која се урна во земјотресот 63 ... така да тоа место си било свето за католиците  ...
волан
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 24-Jan-2008 at 18:43


Искрено не гледам како местото би било ни помалку ни повеќе, дури „свето“ за католиците. Па и да е така, сепак не се гради католички верски објект, туку спомен куќа на една пред се голема хуманистка која потекнува од овој Град.

Мислам дека во последно време премногу забегавме со квази-симболика во обнова на некој дух од пред земјотресот. Изборот на локации се прави според сосема погрешни критериуми. Наместо да се обликува просторот стручно од архитектонски аспект, кај нас се гледа што било каде изградено во минатото, па денеска се стремиме да вметнеме повеќе објекти на тотално несоодветни локации. На тој начин му нанесуваме голема штета на градот, тоа мора да запре!




Edited by Cloverstack - 24-Jan-2008 at 18:44
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12028
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 09-Feb-2008 at 16:17
Според овој текст од Вест, со маркичката за спомен куќата е веројатно направена истата „финта“ како и за театарот. Претпоставувам дека проектот на Вангел е поголем од маркицата (што автоматски би го дискфалификувало, како да немаше веќе доволно аргументи против него), па сега едноставно си го смениле ДУП-от и го прилагодиле на проектот...

Crazy

Не гледам друго објаснување зошто би се зголемувала маркицата...

Со измените на ДУП "Мал ринг", на барање на Министерството за култура, проширени се маркичките на Стариот театар и на Спомен-куќата на Мајка Тереза пред Домот на АРМ.


http://www.vest.com.mk/default.asp?id=142106&idg=7&idb=2195&rubrika=Skopje


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Apr-2008 at 22:25
Wallbash


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9032
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Apr-2008 at 22:26
Suicide

Гулаби и златни рипки во куќата на Мајка Тереза

Маја Михајловска

Шарена фасада со риби и гулаби, огромна проѕирна купола, стаклен бунар со златни рипки, се карактеристичните обележја што ќе ги има спомен- куќата на Мајка Тереза.
Таа ќе биде лоцирана на платото пред Домот на АРМ во непосредна близина на сегашниот споменик на Мајка Тереза, на улицата Македонија. Според информациите од Министерството за култура, кое стои зад овој проект, спомен-куќата ќе почне да се гради во мај, откако на 22 април ќе заврши тендерот за избор на изведувач на градежните работи. Проектот за спомен-куќата го изработи архитектот Вангел Божиновски, кој е комплетен автор на идејното и на главното решение. Тој вели дека спомен-куќата ќе биде во духот на македонската национална архитектура бидејќи сакал да го прикаже скопскиот дом, куќа од времето на детството на мајка Тереза, која живеела во Скопје до својата 14-годишна возраст.
Затоа спомен-куќата ќе има изглед на стара куќа, со дворче, со порта и авлија.
- Целата спомен-куќа е со симболика, преку неа создадов приказна. Се обидов светот да го гледам како што може да го гледа мало девојче, свет на фантазии. Затоа наместо вода, во бунарот на приземјето ќе најдете златни рипки, но како што се оди кон катот и поткровјето се дава духовната преобразба во животот на Мајка Тереза. Обичната куќа нагоре се преобразува во црква. Има капела, а проѕирната купола дава отворен поглед кон небото - вели Божиновски.
Стаклениот бунар ќе има 81 златна рипка, според годините на Мајка Тереза. Божиновски објаснува дека рибите и гулабите се застапени на повеќе места во спомен-куќата затоа што се христијански симболи за Исус Христос и за Светиот Дух. Всушност целата фасада ќе биде насликана со риби и гулаби и ќе преовладува сината боја, карактеристична за сестринскиот ред на Мајка Тереза. Божиновски вели дека фасадата ќе биде направена со специјална технологија, за првпат применета во Македонија и ќе има ефект како да тече вода.
Подрумскиот дел ќе биде функционален и ќе се користи за културни активности и ќе има мал амфитеатар, кој ќе може да собере 30 до 40 луѓе. На првиот кат ќе има музејска поставка, а на поткровјето наместо во ентериер, се излегува надвор на огромна тераса каде што се наоѓа капелата на Мајка Тереза. Во капелата подот ќе изведен со мрежа од осветлителни тела. Карактеристично е што на врвот од куќата ќе има огромна купола, топка од акрилно стакло со дијаметар од 4 метри и ќе дава поглед кон небото.
Ќе има и четири фонтани, кои ќе бидат поставени од страната на улицата Македонија и, според Божиновски, треба да ги претставуваат четирите реки во рајската градина. Овој проект на Божиновски уште на самиот почеток беше проследен со многу контроверзи во јавноста, од тоа дека станува збор за наместен избор, па се до критиките дека е проект со апсолутен кич и невкус. Сепак, Божиновски смета дека до сега не наишол на сериозна професионална критика, туку дека се сведувала само на таа од студенти.
Спомен-куќата ќе биде со вкупна површина од 500 квадратни метри.



http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=530&ArticleID=20593
Back to Top
skywings View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote skywings Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Apr-2008 at 22:52

не можам да си дојдам на себе....имаат ли памет што ќе стават таму?  гроооозно е..... и каква македонска архитектура, ова ми личи на кинеска пагода



Edited by skywings - 14-Apr-2008 at 22:57
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 14-Apr-2008 at 23:32
Бјутифл  Doh Runaway
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 15-Apr-2008 at 00:42
VO sfetot na bajkite samo ,,,,,EeekCrazyRunawayThumbs%20DownDroolPukeShiftyStern%20SmileStern%20Smile



Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 15-Apr-2008 at 01:59
Тапа е!
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 15-Apr-2008 at 07:38
Смислата зад пројектот што Вангел Божиновски ја замислил не е лоша, ми се допаѓа, но физичката форма што ја одбрал да ја пресентира таа смисла, е измешана и збунета, и претекува без контрола.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4460
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 15-Apr-2008 at 13:22
kako od prikaznata za ivica i marica ili koj bea tie so kukjata od chokolado rezil!
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
shyes View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
  Quote shyes Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 16-Apr-2008 at 11:39
Се надевам дека ќе личи поарно во живо, ама ај, изгледа дека веќе ќе ја поцнат наскоро да ја градат. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 23>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.