build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Спомен куќа на Мајка Тереза

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>
Poll Question: Оценка
Poll Choice Votes Poll Statistics
4 [5.41%]
1 [1.35%]
2 [2.70%]
3 [4.05%]
3 [4.05%]
6 [8.11%]
1 [1.35%]
7 [9.46%]
5 [6.76%]
42 [56.76%]
You can not vote in this poll
Total votes: 74   Average: 2.85

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 26-Jan-2010 at 15:47
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 26-Jan-2010 at 16:28
Па добро, Дивна Пенчиќ не е баш странски архитект LOL

Но јасно е што мислат грото и од страна (оние кои го имале задоволството да го видат ова чудо). Лично јас имав прилика да слушнам мислења овде:
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=652

Во кратки црти вчудоневидени се и никој не кажа ни пола добар збор... Surprise, surprise Roll%20eyes
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 26-Jan-2010 at 17:31
Мене ме интересира, каква е процедурата, кога вака ќе се нагрди еден простор, потоа да се оди на уривање!

Кај нас уривањето премалку се користи како концепт, а пола град е за динамит! ????
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1900
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 26-Jan-2010 at 17:34
samo sto imav korekcii za doktorskata teza kaj prof. William Alsop, poznat britanski architect http://www.alsoparchitects.com/ i megudrugoto, dodeka listav objekti od skopje, se pojavi i majka tereza. ova bea negovite zborovi:

"Oh, my god, stop right there. Pleas leave it for a while...(posle 2 min.) i ve never seen anything like this, ever... it looks like 10 different architects designed it in the same time... it has all the possible materials and shapes i can imagine in one building"

taka da, ete mislenje od renomiran stranski arhitekt. ama sigurno e i on ljubomoren i isfrustriran, ili, kako sto bi rekol vangel, uste ne stignal na toa nivo da moze da ja razbere negovata ideja

Edited by xnx - 26-Jan-2010 at 17:57
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 26-Jan-2010 at 17:55
Nuts
Ги обожавам британците, затоа што покрај својата несомнена стручност, никогаш немаат влакна на јазик и се што ќе кажат ја погодува точно целта без излишни глупости. Инаку да, несомнено цел свет ни љубомори во секое поле на нашите врвни достигнувања!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12034
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 26-Jan-2010 at 17:57
Originally posted by krale

Мене ме интересира, каква е процедурата, кога вака ќе се нагрди еден простор, потоа да се оди на уривање!

Кај нас уривањето премалку се користи како концепт, а пола град е за динамит! ????


Нема некоја востановена процедура за вакви „јавни“ објекти. Со широк општествен консензус сигурно и тоа би било оправдано и можно, но во случајов бидејќи се работи за објект кој меѓудругото е и верски, сето тоа ќе биде потешко 

А ако е до мене, сам би го рушел па макар со хилта и макар ми требале и два месеци  Big%20smile
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 26-Jan-2010 at 20:11
Прво за ова „што со објектов?“ - во некои поубави времиња може да се распише референдум, сигурно?! Во Швајцарија фрчат референдуми секојдневно, па што би не чинело нас да се огледаме...

Не ми се верува дека сум архитект и ова го зборам, ама зошто не и рушење...на крај краева Вангел нечесно победи на наместен конкурс и збрља државни пари, во којзнае каква психоментална состојба (пијан човек кога ќе сруши бандера со кола си ја плаќа штетата на градот, државата)...

Да си дозволам уште малку фантазирање (со оглед на моменталните дневнополитички состојби) - да се спроведе истрага во која ќе се разгледаат условите во кои се одвивал конкурсот и како тоа еден труд да се врати од „мртвите“ и во толку слична форма од последен на првиот конкурс да победи на следниот за кој работи комисија во ист состав; да се разгледаат мислењата на членовите на комисијата во првиот и во вториот конкурс, па да видиме кој тоа се предомислил во меѓувреме...

За текстов на горенаведенава госпожа, може само да се оквалификува како ишкање на мувата од капата и после толку време...и покрај тоа што „архитектот“ нема дадено некаков официјален став во врска со овие плукања по неговата „креација“, се осеќа дека не му е баш сеедно што луѓето во голем процент со мачнина во стомакот реагираат на неговата визија, па преку вакви малоумни текстови од свои истомисленици гледа да го покрие тоа што е укакано...

После овој невиден простаклук и силеџиство со цел памет уште си дозволуваат да излегуваат со некакви ајфелови теории и циркуси...некој изгледа бегал од часови во основно школо...

Браво, браво, ме просветли текстов, чекаме продолжение

Edited by Dave Gahan - 26-Jan-2010 at 20:11
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 26-Jan-2010 at 20:28
Не знам дали е претходно постирано, но еве кое беше едно од решенијата:

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Stefano View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 28-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Stefano Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 26-Jan-2010 at 21:22
Гитардемон, ова решение изгледа доста вклопено во самата околина, доста ненаметливо, па и модерно, иако повеќе изгледа како некоја методистичка црква во Вирџинија - со премногу истакнати симболи. Не ми делува баш како спомен куќа. Иако мое мислење е дека идејата да се вклопат повеќе стилови на решението кое победи е во ред бидејќи истакнува повеќе периоди и од животот на Скопје, Мајка Терезе, спој на мултикултурноста на Скопје, Македонија, Индија. И сметам дека доколку камениот дел од фасадат би бил изработен од квалетитни мајстори на камен не како што е сега како фонтана од соцреалистички ресторан, доколку не би влегувало стаклото и футуристичките израстоци идејата за спомен куќата би била комплетна.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4470
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 26-Jan-2010 at 21:49
Ова беше само предложено решение, а не победи ни на ненаместениот конкурс, ни на наместениот, значи веројатно си во право дека нема никаква врска со нашето поднебје (и за црквата на плоштад имаше некои предлози кои немаат врска со Балканот, веројатно им биле готови на авторите, но за некој друг дел од светот). Сепак е добро да ги имаме како архива, за евиденција.

Туку тоа што го викаш ти за комбинирање на стиловите можеби е океј како идеја, но ако размислиме, Мајка Тереза била толку скромна што единствено нешто што може да ја отслика во правилно светло е нешто неверојатно, ама баш неверојатно скромно. А тоа со мешавините на македонските моменти во еден објект можеби е добро ако правиме музеј на Македонија, или македонско-османски работи во музеј за Османскиот период, меѓутоа Мајка Тереза како личност и како култ освен што се родила во Скопје (тогашна Османска Империја) нема никакви допирни точки со Македонија како поим за култура, народ и цивилизација, како што беше кажано погоре. Единствено географски се поврзува, и тоа минимално - место на раѓање, што воопшто не е важно како местото на живеење и на смртта (бидејќи како дете не била мисионерка, нели).

Да не бидам грешно сфатен, не велам дека не треба да ја почитуваме или дека не треба спомен куќа за неа, но едноставно требаше нешто едноставно, просто и најважно од сè неупадливо. А најлошо од сè од толку места каде што можат да местат тендери и да експериментираат мораа за нешто од светска важност (колку толку).

За фуш изработката нема човек кој не се сложува, меѓутоа мислам дека барем 50% подобар ќе ни беше впечатокот ако не видевме многу подобри проекти на конкурсите (а видовме), и ако на првиот конкурс не победеше еден извонреден португалски проект, за после на своја рака владата да си го одбере Вангел на втор наместен конкурс. Да мислевме дека е ова единственото што ни се нудеше, ќе речевме таква е државата, кој сака да проектира кај нас (макар што и тоа не е прифатливо), ама знаејќи го сето она единствена емоција која ми предизвикува објектот е

Еве ви и сведоштво:

Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 26-Jan-2010 at 23:07
Originally posted by гитардемон

Не знам дали е претходно постирано, но еве кое беше едно од решенијата:



Решението е ок, подобро од ова сега, ама не е нешто којзнае што. Ме потсеќа на кашикарата пред МТВ.

Ги имаме ли некаде и другите трудови што биле пријавени, овде ги нема во оваа нишка?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 27-Jan-2010 at 01:55
Има назад уште едно решение побарај го. Едно како кафеава коцка што беше.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 27-Jan-2010 at 21:11
Ух, иако е подобро од тоа што го добивме, и ова решение е катастрофално лошо. Puke
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 27-Jan-2010 at 23:32
на таа локација како прво не требаше да стои никаков објект, а ушште помалку да биде наменет како спомен куќа на мајка тереза, тоа си беше плато пред домот на АРМ, го имаше еден од најубавите плочници во градов таму и го упропастија со некои камења и фонтани што иронично личат на...
и подобрите решенија не треба да бидат таму, тоа си беше веќе осмислен простор
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 30-Jan-2010 at 01:10
80 000 посетители лани стапнале во Спомен-куќата на Мајка Тереза

Организаторите, заедно со покровителството на Министерството за култура, вчера ги најавија и дел од проектите кои ќе се реализираат во текот на оваа година. Меѓу позначајните ќе бидат изложба на фотографии, документи и лични предмети од животот на скопјанката Гонџа Бојаџиу


Во текот на изминатата година покрај многубројните индивидуални визити, музејот на Мајка Тереза организирано бил посетен од деца, ученици, студенти но и многу луѓе како од земјава така и од странство со приближна бројка од околу 80 илјади посети. Ова вчера го изјавија првите луѓе на Спомен-куќата на Мајка Тереза заедно со претставниците од Министерството за култура кои во пресрет на јубилејна 2010 година кога навршуваат 100 години од раѓањето на Мајка Тереза, ги презентираа активностите за прослава на престојниот роденден на големата хуманистка и нобеловка.
- Разгледувајќи ги впечатоците од книгите и директните контакти со посетителите се потврди фактот дека со изградбата на спомен-куќата, Скопје доби не само музеј на најпознатата скопјанка, туку и туристичка атракција која се впиша во туристичката мапа на посетителите на нашата земја Македонија. Потврда за ова се сите позитивни мислења од сите оние кои на свој начин ја доживуваат оваа спомен-куќа на Мајка Тереза, која целиот свој живот го посвети помаѓајќи им на најсиромашните меѓу сиромашните, изјавија организаторите на вчерашната свеченост по повод 100-годишнината од раѓањето на големата скопјанка.

Организаторите, заедно со покровителството на Министерството за култура, вчера најавија и дел од проектите кои ќе се реализираат во текот на оваа година. Меѓу позначајните ќе бидат изложба на фотографии, документи и лични предмети од животот на скопјанката Гонџа Бојаџиу.
Во рамките на одбележувањето сто години од раѓањето на Мајка Тереза, во 2009 беше отворена и осветена спомен-куќата на хуманистката и нобеловка во нејзиното родно Скопје. Меморијалниот центар е подигнат на истото место каде што во минатото постоела католичката црква "Пресвето срце Исусово", во која Мајка Тереза била крстена како Гонџа Агнес Бојаџиу, која на почетокот на 20 век го поминала детството во куќата на Никола Бојаџиу на тогашната Попкочина улица. Во Спомен-домот во центарот на Скопје се пренесени и дел од моштите на Мајка Тереза, а на нејзиниот гроб во Калкута беше положена спомен-плоча со запис "Благодарност од Република Македонија и жителите на родниот град Скопје".

http://vecer.com.mk/?ItemID=AFBAE47D95AABB4C9E4582F23FCEFD33

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 20-Mar-2010 at 00:20
НЕЛКО НЕЛКОВСКИ НАЈДЕ МЕСТО ЗА "БОЕМИ"
 

Промовиран театар во Куќата на Мајка Тереза

Театарот "Боеми", кој постои 20 години, а уметнички раководител е Нелко Нелковски, отсега ќе работи во Спомен-домот на Мајка Тереза со посебна програма

Во долниот дел од Спомен-куќата на Мајка Тереза веќе извесно време работи театарот "Боеми", кој постои 20 години, а уметнички раководител е Нелко Нелковски. Таму се подготвува претставата "Љубовта на Џорџ Вашингтон" од Миро Гавран, во режија на Нелковски, а играат Снежана Стамевска и Катерина Шехтанска - Лаковски, чија премиера се најавува за 30 април. Нелковски вели дека во чест на 100-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза се подготвува проект со актери, режисери, уметници, свештеници и со современици на Мајка Тереза и, преку отворени сесии и проби, сите заедно ќе ја подготват претставата.
Нелковски вели дека работат со сопствени средства, но се надеваат на поддршка од институциите. Во театарот, кој собира 80 луѓе, ќе има и концерти, презентации и работилници.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=38697645D0D4EB439FAF5437BFF54E08



Edited by SkyBoy - 20-Mar-2010 at 00:22
Back to Top
Sale SK View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 16-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 258
  Quote Sale SK Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 29-May-2010 at 00:05


Пренесено

Невкуснa почит за Мајка Тереза

Куќата на Мајка Тереза навредува со бизарната процедура на селекција, со својата ароганција и невкус

Највлијателното светско списание за архитектура „Архитекчрал ривју“ (Architectural Review) пишуваше и за Спомен-домот на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Оценките на ова списание, кое излегува од 1896 година во Лондон, се исклучително важни за сите архитекти во светот. „Архитекчрал ривју“ е особено пофалуван како лидер во дебатите за новите проекти што се градат во градовите насекаде во светот. Поучно е да видиме како влијателните архитекти гледаат на она што се гради кај нас



По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кој уништи 80 проценти од градот, Скопје - главниот град на Македонија, стана симбол за меѓународната солидарност (помош за обнова пристигна од 82 земји), навестувајќи ја ерата на херојска модерна архитектура и урбанизам. Тоа, исто така, ја навести и глобализацијата кога првпат и Истокот и Западот ги здружија силите за да ја придвижат реконструкцијата на градот.

Новиот урбанистички план за Скопје беше осмислен од две компании за планирање, „Доксиадис“ од Атина и „Полисервис“ од Варашава, кои соработуваа со локалниот Институт за планирање и архитектура. Јапонскиот архитект Кензо Танге и Словенецот Едвард Равникар победија на меѓународниот конкурс за градскиот центар и беше направен Деталниот урбанистички план, познатиот „Варијација IX“. Извлекувајќи се од катастрофата, Скопје ја искористи можноста за се етаблира како модерен град.

Во 2006 година Скопје доби уште една можност за меѓународно препознавање, со предлогот да се изгради меморијална куќа за Мајка Тереза, иницијатива поддржана и од Ватикан и од следбениците на нејзиниот ред, како и од македонската влада и од јавноста. Родена како Агнеса Гонџа Бојаџиу во Скопје во 1910 година, Мајка Тереза живееше во градот до својата 18-та година пред да им се приклучи на Сестрите Лорето и да ја почне својата позната хуманитарна мисија.

Министерството за култура распиша меѓународен конкурс за проектот, на кој победи португалскиот архитект Жорге Марум. Меѓутоа, властите и иницијативниот комитет бизарно одлучија да го игнорираат мислењето на експертите и распишаа нов конкурс, избирајќи дизајн претходно подготвен од локалниот архитект Вангел Божиновски, познат по неговите архитектонски бајки и шизофренични креации.

За Скопје ова претставува загубена архитектонска можност, како и уште еден обесхрабрувачки пример за политичко мешање. Критичарите брзо реагираа на грозниот дизајн на Божиновски. „Градбата е дизајнирана многу површно со премногу стории што треба да ги раскаже, но без некоја суштинска порака да пренесе“, вели Ерих Рајт од Техничкиот универзитет во Виена. „Ако го немаше христијанскиот крст, градбата би можела да биде диско или казино“.

Марен Харнак, професор на универзитетот Хафенсити во Хамбург, забележува дека градбата „не го симболизира животот на Мајка Тереза и нејзиното откажување од материјалните добра“.

Објектот на Божиновски е како невкусно облечена личност, дотерана во гумени чизми, чипкани чорапи, здолниште и кошула од кинеска свила, сето тоа нагласено со накит и нешто што изгледа како кацига на космонаут. Има многу работи на едно место. Според кустосот на куќата, „ова е сонот на малата Тереза, да живее со нормално градско семејство“. Меѓутоа, тоа е многу невкусно, бидејќи „малата Тереза“ никогаш не сонувала за таков тривијален буржоаски живот посветен на материјални добра.

Ако објектот не беше дизајниран за да оддаде почит на една толку важна личност, можеби ќе помнеше со неговата ненавредлива комичност. Меѓутоа, како што излезе, објектот е многу навредлив. Тој навредува со неговата бизарна процедура на селекција, со неговата претенциозност, со својата ароганција и невкус. Но, најмногу од се' навредува со тоа што целосно ја игнорираше секоја архитектонска корелација со животот и делото на Мајка Тереза. Дали Скопје ќе добие уште една шанса? По ова, не заслужува. (Архитекчрал ривју)

Utrinski Vesnik



Edited by Sale SK - 29-May-2010 at 00:08
Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 17-Feb-2012 at 02:01
Originally posted by beTon


Originally posted by blejdsk

Објектот ке беше многу подобар барем да ги немаше тоа гулабите разлетани насегде , чисто бела да беше фасадата ке беше подобар впечатокот

Еј гулаби гулаби бели птици во сончев лет еј носете пораки бели мир да е низ цел свет

мене баш напротив идејно тоа решението со гулабарникот на фасадата ми се допадна само требало контрастот да биде малку повоочлив, се работи за оп-арт патерн сличен на рефлексиите како Sky & Water I или пак Day and Night од Escher [1][2][3]

само тоа каменот да беше бар нешто малку поинвентивно нареден и се ќе беше бар малку од малку поинаку, иако остануваат уште ред други арх.заврзлами, има милиони комбинации  и техники на ѕидање на камен, а овие баш за најнеолитската варијанта се одлучиле, па дури и тогаш имале пооригинални сфаќања пример клесале цела карпа, а за да биде посмешно истиот е само фасада која од внатрешниот дел по скалите бидејќи не е исполнета остава многу грд впечаток на објектот.   



битно симболика е полн објектов па кој и како да го доживува, бар гулабиве се оправдана причина, само песничкава да ја вртата на тоа плоштадот помеѓу двата дома оној на арм и овој на Мајка тереза...





Edited by Max - 17-Jul-2015 at 10:26
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 30-Jul-2012 at 17:31

           
Музејот на македонската борба и куќата на Мајка Тереза - рекордно посетени



Групите странски туристи и македонски иселеници најмногу сакаат да ги видат Спомен-домот на Мајка Тереза и Музејот на македонската борба, кои и во летните месеци бележат рекордна посетеност

Рекордна посетеност во летниот период бележат Спомен-домот на Мајка Тереза со 300 посетители дневно и Музејот на македонската борба со околу 130 посетители. Овие две институции се главна „цел“ на странските туристи и на македонските иселеници, кои во летниот период главно доаѓаат во организирани групи.
- Трендот на зголемена посетеност на Спомен-домот на Мајка Тереза почнува од март и април и трае до доцното лето. Деновиве имаме тури од по стотина холандски туристи дневно, кои специјално доаѓаат од Охрид во Скопје. Немаме прецизна бројка за дневни посети, бидејќи не наплаќаме билети, но според нашата евиденција, можеме да се пофалиме со околу 200-300 посетители дневно и нешто помалку во зимските месеци. Годишната бројка се движи меѓу 80-100 илјади посетители - вели Драган Костиќ, кустос во Спомен-домот на Мајка Тереза.
Директорот на Музејот на македонската борба, Бранислав Светозаревиќ, вели дека музејот не бележи големи амплитуди во посетата во текот на годината.
- Во бројката од 130 посетители деновиве не се вкалкулирани посетите на многубројните делегации, кои не се евидентираат преку билет, како и на групите социјално загрозени граѓани за кои музејот обезбедува бесплатен влез. Посетеноста во летните месеци е стандардна само што, наместо школски групи, сега имаме повеќе странски посетители и Македонци од дијаспората - Австралија, Америка, но и од Западна Европа - вели Светозаревиќ.
Според раководствата на другите музеи, посетеноста во летните месеци е намалена, но не драстично. Намалениот интерес за нивните поставки директорот на Музејот на Македонија го припишува и на туристичките водичи, кои странските туристи ги носат во музеите и спомениците каде што не се наплаќа билет.
- Во летните месеци во просек има меѓу 30-50 дневно или 1.000 и 1.500 посетители месечно. Главно ни доаѓаат групи странски туристи што ја обиколуваат чаршијата. На намалената посета влијаат и интересите на туристичките водичи, кои не ги носат странците во музеите каде што се наплаќа, за да ја намалат вкупната цена на турата - вели Јосифовски.
Од Музејот на градот Скопје, пак, велат дека токму поради местоположбата на музејот во центарот на градот и слободниот влез не можат да се пожалат на намалена посета во летните месеци.
- Имаме многу јапонски и холандски туристи, но и наши иселеници од Турција. Не наплаќаме билети и немаме читач на посетители бидејќи влезот во музејот едновремено е и службен влез, така што немаме ни прецизна бројка за дневната посетеност. Главно сме фокусирани на ликовно-галериската дејност во горните две сали, а во долниот простор се наоѓа археолошката поставка, која е најинтересна за странците - вели директорката на Музејот на градот Скопје, Љубица Кондијанова.

     
Автор: Мимоза Петревска Георгиева
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7301295935&id=16&prilog=0&setIzdanie=22643
Back to Top
damjan4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Sep-2010
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 358
  Quote damjan4o Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 03-Mar-2013 at 13:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 20212223>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.