build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 234
Poll Question: Дали треба да се реконструира објекто
Poll Choice Votes Poll Statistics
47 [94.00%]
3 [6.00%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 26-Feb-2015 at 22:00
значи одамна се планира железничката да се догради со стакло, што и всушност е најбезболно и пристојно решение доколку се изведе како што треба
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 26-Feb-2015 at 22:12
најголем проблем кај ваквите проекти е што никогаш не се градат како што е предвидено према проектот.ова најмногу се однесува на холтикултурното уредување на просторите помеѓу објектите во целината
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 26-Feb-2015 at 22:36
violeta23 и albulena можеби на некој начин ќе ви помогнат овие основи и пресеци

Следните слики се од идејното решение на Syndicate studio (Проектантите на спомен домот на Тоше Проевски) Според мене едни од најдобрите архитекти во Македонија.

Се слагам со zabegan Берлинско решение е најдобра варијанта !



































Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 28-Feb-2015 at 22:26
Мислам дека оваа со стаклото се наметнува како најдобро, најлогично и најприменувано решение во пракса. Така да секој друг експеримет би бил кобен за постоечкиот објект бидејќи би го задушил.
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 25-Mar-2015 at 11:11
И јас го поддржувам тоа решение со една мала замерка - мислам дека треба да се задржи "искршеноста" на преостанатиот свод. Некако вака:

The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 18-Apr-2015 at 23:24
Околината околу објектов можеби би било најдобро да се направи Плоштад на солидарноста, со многу зеленило, некако вака:


Зелено - Зеленило
Бордо- Музеј на Град Скопје
Окер - Пешачка зона
Тиркиз - Фонтана
Розево - Катна гаража
Виолетово - Деловна зграда
Жолто - Музеј на Македонската железница
Бело - Знамиња на земјите и организациите кои помогнале повторно да се изгради Скопје
Црно - Споменикот на жртвите од земјотресот (кој беше во близина, а којзнае каде отиде)
Портокалово - Макетата на Кензо Танге
Црвено - Макета на железничката пред земјотресот
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 18-Mar-2016 at 11:28


Светлосна инсталација: Старата железничка станица ја доби и другата половина (ГАЛЕРИЈА)























Станува збор за проект на три македонски студентки на кои им припадна една од наградите на меѓународниот натпревар за дизајн од Сан Диего, Калифорнија – CLUE (Community Lighting for the Urban Environment).



Симона Тасевска, апсолвент на индустриски дизајн на Mашински факултет, Ирена Милојеска и Христина Секулоска кои се студенти на Aрхитектонски факултет во Скопје, се добитници на пофалница и почесно споменување за нивната светлосна инсталација на старата железничка станица во Скопје, која ја ревитализира другата половина која беше урната во земјотресот.На натпреварот пристигнале 222 проекти од 51 различни земји, додека жирито кое е составено од седум меѓународни членови додели три награди и три пофалници за најкреативните проекти.



Наша должност беше да избереме место кое не e лимитирано со размер, локација, внатрешност и надворешност, и да дадеме одговор во рамките на локалната реалност. Со употреба на конструкција од лед-диоди, инсталацијата Ab Aeterno оформува спиритуална врска меѓу два временски периоди разделени повеќе од една декада“, додава Тасевска.

Со оглед на тоа што старата железничка станица во Скопје стои половично, инсталацијата ја ревитализира другата половина која што денес недостасува физички, со тоа што креира ново просторно доживување. Во текот на денот ефектот од големата катастрофа на земјотресот од 1963 е се уште видлив, додека за време на ноќта преку инсталацијата, железничката се гради повторно и стои како што стоела пред 52 години.



Студентките велат дека за нив би била огромна чест ако нивната инсталација се изведе на конкретната локација во Скопје до 26 Јули оваа година, и таа биде официјално отворена на овој датум во чест на 53-тата годишнина од скопскиот земјотрес.

„Во план ни е овој проект како идеен да го предложиме во Музеј на Град Скопје и доколку е прифатен од нивна страна, да стапиме во контакт со надлежните институции за можноста тој да биде остварен. И покрај тоа што ние не знаеме што се случува моментално со таа локација и колкави се можностите нашиот проект да биде изграден, сепак се надеваме на позитивна реакција и одговор“, додава Тасевска за Радио МОФ.
http://skopjeinfo.mk/svetlosna-instalacija-starata-zheleznichka-stanica-ja-dobi-i-drugata-polovina-galerija
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 18-Mar-2016 at 14:51
Зградата на Старата железничка станица е вистинско време да прерасне во Музеј на солидарноста од Скопскиот земјотрес, со реновирање на постоечкиот објект, изложбените сали и со конципирање на целосно нова поставка што треба да ги симболизира последиците од Скопскиот земјотрес, меѓународната солидардност и урбанистичкиот развој на Скопје после земјотресот.

Сето останато значајно за Скопје и скопскиот регион, од археолошки пронајдоци до организирање на изложбени поставки треба да се смести во нов објект на Музејот на град Скопје. Еве предлагам, да го затвориме во целост Музејот на ВМРО и по архитектонската интервенција однадвор и одвнатре на ова здание од „Скопје 2014“ во него да се смести Музејот на град Скопје.

На тој начин, ќе дадеме еден вреден придонес во целното, постепено и суштинско разнебитување на проектот „Скопје 2014“.
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 18-Mar-2016 at 16:52
Originally posted by BOJAN

Зградата на Старата железничка станица е вистинско време да прерасне во Музеј на солидарноста од Скопскиот земјотрес, со реновирање на постоечкиот објект, изложбените сали и со конципирање на целосно нова поставка што треба да ги симболизира последиците од Скопскиот земјотрес, меѓународната солидардност и урбанистичкиот развој на Скопје после земјотресот.

Сето останато значајно за Скопје и скопскиот регион, од археолошки пронајдоци до организирање на изложбени поставки треба да се смести во нов објект на Музејот на град Скопје. Еве предлагам, да го затвориме во целост Музејот на ВМРО и по архитектонската интервенција однадвор и одвнатре на ова здание од „Скопје 2014“ во него да се смести Музејот на град Скопје.

На тој начин, ќе дадеме еден вреден придонес во целното, постепено и суштинско разнебитување на проектот „Скопје 2014“.
Настрана од твоите политички оргазми, вака не ќе беше лошо да дадеш коментар колку е само предобро решението на колешките... Па еве и некоја објава да напишеше за истото, наместо како онаа пред некој ден за бившиот твој премиер
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3312
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 18-Mar-2016 at 19:05
Originally posted by Z|evzek

Originally posted by BOJAN

Зградата на Старата железничка станица е вистинско време да прерасне во Музеј на солидарноста од Скопскиот земјотрес, со реновирање на постоечкиот објект, изложбените сали и со конципирање на целосно нова поставка што треба да ги симболизира последиците од Скопскиот земјотрес, меѓународната солидардност и урбанистичкиот развој на Скопје после земјотресот.

Сето останато значајно за Скопје и скопскиот регион, од археолошки пронајдоци до организирање на изложбени поставки треба да се смести во нов објект на Музејот на град Скопје. Еве предлагам, да го затвориме во целост Музејот на ВМРО и по архитектонската интервенција однадвор и одвнатре на ова здание од „Скопје 2014“ во него да се смести Музејот на град Скопје.

На тој начин, ќе дадеме еден вреден придонес во целното, постепено и суштинско разнебитување на проектот „Скопје 2014“.
Настрана од твоите политички оргазми, вака не ќе беше лошо да дадеш коментар колку е само предобро решението на колешките... Па еве и некоја објава да напишеше за истото, наместо како онаа пред некој ден за бившиот твој премиер


Zevzek, не разбираш ова што јас го предлагам, во иста или слична верзија, една или друга идеја, ќе биде реализирано многу скоро. Ќе има прави дим во центарот на Скопје!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7056
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 18-Mar-2016 at 21:25
Музејот на град Скопје, ака Стара железничка, може да прерасне во прекрасен музејски/културен комплекс доколку се искористи просторот на срушениот дел

мене како најидеално решение ми звучи до постоечкиот да се изгради нов физички одвоен објект кој ќе ја презентира срушената половина со својата форма... а измеѓу објектите може да има еден покриен двор, под услов да ја вратат плочата со говорот на Тито
може дури и да се направи буквална копија на другата половина, ама битно е да се познава делот што е срушен
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1299
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 18-Mar-2016 at 22:08
Јас предлагам улицата од Макпетрол до Нова Македонија да се пренамени во пешачка (со сервисни улички од страните), а на неколку нивоа под неа, кои би биле видливи од горе, да се изгради музеј во кој би се префрлил Музејот на Град Скопје, а Стара железничка да се пренамени во Музеј на солидарноста и Музеј на железницата. Влезот во новиот музеј би бил во мал надземен објект во паркот карши Бристол, додека над улицата би се вееле знамиња на сите земји и организации што се солидаризирале со Скопје. Платото кај срушениот дел од станицата би се пренаменило во летна сцена.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
WolfLeader View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 462
  Quote WolfLeader Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 12-May-2016 at 13:47
http://tocka.com.mk/3/195868/starata-zeleznicka-stanica-i-denes-urban-toponim-vo-zivotite-na-skopjani Избрана и фирма која што ќе го гради овој проект ,дали е ова финален проект и навистина ќе се отпочни да се гради ?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 12-May-2016 at 13:51


Лимак една од најголемите градежни компании во светот ќе гради во Скопје


Секој град има свои обележја по кои е препознатлив во светот. Тоа се најчесто маркантни архитектонски изданија кои се градени со години, и кои се дел од историјата на една земја. Париз е познат по Aјфеловата кула, Барселона по Гаудиевата Катедрала, Истамбул по Капали чаршијата, речиси секој поголем град има свој карактеристичен белег. Скопје било препознатливо по Старата железничка станица, по Калето, Камениот мост. Она што е карактеристично за исклучителните архитектонски зданија е што секогаш во нивната реализација е вклучен голем, финансиски стабилен инвеститор, кој има искуство и капацитет да изгради нешто значајно.



Токму поради овој факт, добрите познавачи на градежните состојби во регионот, изразуваат задоволство што токму реномираната и светски позната градежна компанија Лимак ќе гради на просторот околу Старата железничка станица во Скопје, а постоечката зграда на Музеј на град Скопје, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во склоп на комплексот. Се планира современ, атрактивен, мултифункционален деловно резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот-Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.

Основана во 1976 година, Лимак Холдинг постави високи стандарди во областа на градежништвото, туризмот, хотелиерството и инфраструктурата. Компанијата гради капитални објекти во повеќе од 10 земји во светот, а за истакнување е моменталната изградба на најголемиот аеродром во светот, третиот во Истамбул кој ќе биде седиште на 150 авио – компании, паркинг на 500 авиони и шест авионски писти.
http://skopjeinfo.mk/limak-edna-od-najgolemite-gradezhni-kompanii-vo-svetot-kje-gradi-vo-skopje
Back to Top
srna_ View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 27-Jan-2017
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote srna_ Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 27-Jan-2017 at 02:18
Здраво дечки,

Знаете кај може да го download-ирам 3д моделот на Старата Железничка?
Нешто не го наоѓа на 3d warehouse. Фала
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 486
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 25-Apr-2017 at 14:33
Инетересно: и Болоња има свој часовник застанат во времето на железничката станица, во помен на 85те жртви на терористичкиот напад од 2 август 1980.




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 234

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.063 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.