build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Poll Question: Дали треба да се реконструира објекто
Poll Choice Votes Poll Statistics
48 [94.12%]
3 [5.88%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-Jul-2018 at 14:30
Calibri со македонска поддршка. Тоа што било по дефолт ко го вклучиле Ворд. Бедници.
А нели тука прерродба се деси, архитектите и фелата биле за се консултирани, невидена транспарентност, креативна слобода... Во некое паралелно Скопје ама.
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-Jul-2018 at 17:23
Ова некој што нема благи везе со дизајн и типографија го правел. Како дозволиле ова да се направи, не ми е јасно.

Под итно да се тргне овој срам. Видете само како е од крај до крај, колку визуелна тензија создава тоа. Ништо не е подесено во овој текст. Се е автоматски. Искуцале текст во несоодветен фонт, удирле justified, и... толку. Несоодветен tracking на буквите. Видете колку простор има меѓу буквите во НЕВИДЕНА и после колку простор има меѓу буквите во ТОА. Ова треба да е left aligned. Оргиналот е 5 пати подобар. Ма какви 5, 200 пати.

Па уште и тоа остро осветлувањето што фрла катастрофа сенки да не се чита текстот.

Срамота за градот. Комедии.

Edited by ToniB - 27-Jul-2018 at 17:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 01-Aug-2018 at 17:36

Originally posted by ToniB

удирле justified


Да не го прекопирале слепо word документот врз ѕидов, ќе сфателе дека вака е не само полошо естетски, туку и дека е потешко да се изведе во пракса (не дека добро го извеле, растојанијата се произволни).
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 02-Aug-2018 at 15:25
Мислам и дека почитав дека поради печатни грешки знаков претрпел некои мали промени.

Јас не се ни осмелив да го прочитам од што ми е одвратен.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Jun-2020 at 11:16
СЕ РЕКОНСТРУИРА МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Во тек е реконструкција на изложбениот простор во Музеј на град Скопје. Реконструкцијата треба да заврши до ноември, а Скопје ќе добие современ изложбен простор по сите светски стандарди.

Финансиските средства за реконструкцијата на музејот во висина од 800.000 евра се обезбедни со грант од Светска банка.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5038
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Jun-2020 at 16:33
МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НАЈСОВРЕМЕН ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ЛИСИЧКОВ

Со грант од 800.000 евра од Светска банка почна реновирањето на изложбениот простор на Музејот на Град Скопје. Реконструкцијата вклучува целосна обнова на просторот, со што до крајот на годинава Скопје ќе добие современ и модерен изложбен простор.

„Градежните работи почнаа пред еден месец, со мало задоцнување поради епидемијата на коронавирусот. Во моментов се отстрануваат гипсените ѕидови, по што ќе следува поставување нова електрика и останати зафати. Со овој зафат, Музејот на Град Скопје ќе добие една нова димензија и изложбен просторот каков што нема во државата. На публиката и уметниците ќе има што да им понудиме. Музејот долги години не беше реновиран и се надевам дека после оваа активност ќе продолжиме со реконстуркција на други делови од објектот“, вели директорот на Музејот на Град Скопје Славко Лисичков.

Се очекува градежните работи да завршат кон крајот на ноември и дотогаш Музејот нема да биде отворен за посетители. За повторното отворање на реновираниот изложбен простор ќе биде поставена ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски, еден од најзначајните сликари во македонската современа уметност, кој почина во 2017. Изложбата ја подготвува Емил Алексиев, кустос-советник во Музејот.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/kultura/muzejot-na-grad-skopje-ke-dobie-najsovremen-izlozhben-prostor-vo-zemjava-veli-direktorot-lisichkov/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.