build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Музеј на Град Скопје / Стара Железничка станица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 345
Poll Question: Дали треба да се реконструира објекто
Poll Choice Votes Poll Statistics
48 [94.12%]
3 [5.88%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 612
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 27-Jul-2018 at 14:30
Calibri со македонска поддршка. Тоа што било по дефолт ко го вклучиле Ворд. Бедници.
А нели тука прерродба се деси, архитектите и фелата биле за се консултирани, невидена транспарентност, креативна слобода... Во некое паралелно Скопје ама.
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 27-Jul-2018 at 17:23
Ова некој што нема благи везе со дизајн и типографија го правел. Како дозволиле ова да се направи, не ми е јасно.

Под итно да се тргне овој срам. Видете само како е од крај до крај, колку визуелна тензија создава тоа. Ништо не е подесено во овој текст. Се е автоматски. Искуцале текст во несоодветен фонт, удирле justified, и... толку. Несоодветен tracking на буквите. Видете колку простор има меѓу буквите во НЕВИДЕНА и после колку простор има меѓу буквите во ТОА. Ова треба да е left aligned. Оргиналот е 5 пати подобар. Ма какви 5, 200 пати.

Па уште и тоа остро осветлувањето што фрла катастрофа сенки да не се чита текстот.

Срамота за градот. Комедии.

Edited by ToniB - 27-Jul-2018 at 17:27
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12127
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 01-Aug-2018 at 17:36

Originally posted by ToniB

удирле justified


Да не го прекопирале слепо word документот врз ѕидов, ќе сфателе дека вака е не само полошо естетски, туку и дека е потешко да се изведе во пракса (не дека добро го извеле, растојанијата се произволни).
Back to Top
ToniB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Mar-2016
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 28
  Quote ToniB Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 02-Aug-2018 at 15:25
Мислам и дека почитав дека поради печатни грешки знаков претрпел некои мали промени.

Јас не се ни осмелив да го прочитам од што ми е одвратен.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 28-Jun-2020 at 11:16
СЕ РЕКОНСТРУИРА МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Во тек е реконструкција на изложбениот простор во Музеј на град Скопје. Реконструкцијата треба да заврши до ноември, а Скопје ќе добие современ изложбен простор по сите светски стандарди.

Финансиските средства за реконструкцијата на музејот во висина од 800.000 евра се обезбедни со грант од Светска банка.







https://www.facebook.com/CityofSkopje/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 5449
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 28-Jun-2020 at 16:33
МУЗЕЈОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НАЈСОВРЕМЕН ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ЛИСИЧКОВ

Со грант од 800.000 евра од Светска банка почна реновирањето на изложбениот простор на Музејот на Град Скопје. Реконструкцијата вклучува целосна обнова на просторот, со што до крајот на годинава Скопје ќе добие современ и модерен изложбен простор.

„Градежните работи почнаа пред еден месец, со мало задоцнување поради епидемијата на коронавирусот. Во моментов се отстрануваат гипсените ѕидови, по што ќе следува поставување нова електрика и останати зафати. Со овој зафат, Музејот на Град Скопје ќе добие една нова димензија и изложбен просторот каков што нема во државата. На публиката и уметниците ќе има што да им понудиме. Музејот долги години не беше реновиран и се надевам дека после оваа активност ќе продолжиме со реконстуркција на други делови од објектот“, вели директорот на Музејот на Град Скопје Славко Лисичков.

Се очекува градежните работи да завршат кон крајот на ноември и дотогаш Музејот нема да биде отворен за посетители. За повторното отворање на реновираниот изложбен простор ќе биде поставена ретроспективна изложба на Владимир Георгиевски, еден од најзначајните сликари во македонската современа уметност, кој почина во 2017. Изложбата ја подготвува Емил Алексиев, кустос-советник во Музејот.

А. АНТЕВСКА

https://sdk.mk/index.php/kultura/muzejot-na-grad-skopje-ke-dobie-najsovremen-izlozhben-prostor-vo-zemjava-veli-direktorot-lisichkov/
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 26-Jul-2020 at 16:14
Јас би сакал да го искористам денов на земјотресот да изнесам една радикална идеја за овој објект на стара железничка. Имено мислам дека и покрај тоа што градов веќе го има прифатено како споменик саатот на објектот со застанатите стрелки, кој на некој начин природно се има формирано како споменик што е реткост, сепак мислам дека треба да се разгледа опцијата симболично "Скопје да продолжи да живее" односно да се рестартира саатот.

Добро е, супер се, 60 години симболика кон настан во минатото, генерации граѓани беа идеологизирани како контратежа на овој настан, или да се изразам пооширно, во пост-земјостресниот развој на Скопје се чита по малку артикулација на една иделошка борба на комунизмот со природата. Сталин прогласи три жетви и копаше нови реки, ние тука поефтино пројдовме, го развивме Скопје во некој идеолошки правец за инат на земјотресот. Или па да се изразам поуличарски, генерации стручна фела пензија извадија на земјотресов.

Αј да почнеме малку една друга симболика која денес ни треба повеќе од било кога, дека "Скопје не смее да застане". Наместо ретроградни заветувања дека застанатаниот часовник вечно ќе го чуваме во 5:17, ни треба заветување дека Скопје ќе го чува вечно функционален часовникот, како и вечно функционален градот! А на градот му треба повеќе од било кога ваква симболика!

Оние кои што мислам дека не сум во право, нека размислат два-пати, изборјте до десет, можда има "муабет" понекогаш во тоа друг што го кажува иако не се слагате.



Edited by user8642 - 26-Jul-2020 at 16:17
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4694
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 26-Jul-2020 at 17:11


Мислев дека тука некаде ќе има втор часовник, ама ќе да не е предвиден.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 26-Jul-2020 at 17:27
Нема поента тамо да има втор часовник, за кого би бил? Овој оригиналниот е битниот што е во фокус на улица Македонија.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2058
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 26-Jul-2020 at 17:29
Стара железничка, со застанатиот саат, треба да си останат вакви како спомен. Скопје треба да продолжи да живее со нови булевари, нови паркови, рушење урбана мафија, нови урбани комплекси, вклучително и Лимак кој се издига тука... Симбол на новото Скопје нека биде кула со часовник кај новата железничка станица, со пешачка улица до плоштад.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 26-Jul-2020 at 18:52
Инаку оваа идеја за рестарт на часовникот своевремено на почетокот на мандатот ја имаше и Коце Трајановски, ама идејата беше "надградена и проширена" со друга идеја часовникот да свирел и македонски народен мелос     . И така, заради и други глупости на Коце, оваа добра идеја за рестарт на часовникот остана така "на криво магаре качена" и добро што во таа форма не се реализираше тогаш, со музика.

Мислам дека прашањето излегува од чисто симболика за Скопје и значењето на часовникот, него се кршат копјата едноставно на некоја иделошка основа. Дали повеќе во Македонското општество преовладува прогресивна идеја, да работи часовникот, дека нема застанување, дека нема оставање нефункционални работи. Наспроти е масовната регресивна идеологија во Македонија на затаеност, застанатост, зачмаеност и неменливост на работите, играње со емоциите на Скопјани, евоцирање спомени од "добрите времиња" на старо Скопје, што психолошки гледано е аспсурд зашто човекот ги памти само убавите работи. Истата финта на која Трамп доби голем дел од гласачите. Затоа и не очекувам големо разбирање за ваква идеја.

Edited by user8642 - 26-Jul-2020 at 19:06
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7307
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 26-Jul-2020 at 19:57

застанатиот часовник е еден од главните симболи на Скопје, како што е камениот мост, или калето на пример... не гледам зошто би го менувале после 60 години, кога веќе е етаблиран како таков толку долго време... не ја гледам паралелата со прогресивност, зошто по таа логика треба да ги модернизираме сите историски локалитети и да ги ставиме во денешна функција

мене далеку поуритантно ми е што еден од главните симболи на градот е сега минорна точка во еден огромен комерцијален комплекс што кога-тогаш ќе згасне, наместо да се прошири како поголем музејски/меморијален комплекс и рушевината да добие подобра естетика, наместо руините во кои седеше долго време, кои ги правеа да личи како да е некоја заборавена рандом рушевина, наместо главниот музеј на градот
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Zelenikovo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Oct-2017
Online Status: Offline
Posts: 1612
  Quote Zelenikovo Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 29-Jul-2020 at 01:02

ова едно време и Коце го сакаше [1][1][1] што до сега како идеја дефинитивно не беше изводлива, евентуално на другиот крај кај Чаршија та да се направи скулптурална конекција со Даут Пашин Амам, воопшто може секој еден тековен Градски Часовник во Скопје да има некоја слична форма ко овој, некаде на стаклена некаде бетонска дрвена метална основа а некаде етерично висејќи во празно, можеби така обележувајќи модерни историски парковски стамбени или административни целини ...

Арно ама сега со Лимак се отвора проблем кој јавнувајќи го МГС одзади токму може некој да го искористи за да искарикира некаква копија на Железничкио Саат, што ќе бидне не само Кич туку и проблематично доколку таква некоја копија на саатот е накинџурена врз некоја алубонд фасада на сегментот од Лимак над-зад МГС, што мора со време да се осуети како не би се добило на крајот на ул.МКД терсене визура, евентуално сето тоа да се испегла со Голем Бел Банер кој би виснал над МГС како би направил дистинкиција во визурата утре одзади, на кој Банер може да се проектираат тековни абери за градски манифестации изложби и настани кои во позадина би имале контури на саатот, или можеби одвреме навреме меѓу културно-рекламните проекции да се оди со проекција од саатот ...

Originally posted by Zelenikovo




Edited by Zelenikovo - 29-Jul-2020 at 01:04
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 345

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.