build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Министерството за транспорт

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 28-Oct-2011 at 17:22
Ова ли е рендерот?
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
FT View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 22-Jun-2010
Location: Kocani
Online Status: Offline
Posts: 302
  Quote FT Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 28-Oct-2011 at 18:10
И мене ми се допаѓа посебно оградата на кровот.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 28-Oct-2011 at 18:41
мене ми личи на мешавина на МНР и грчката амбасада
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 28-Oct-2011 at 22:12

Мене ми личи најмногу на ЦУМ стоковната/трговскиот во Софија

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 28-Oct-2011 at 22:55
Да се збори за фасадни изгледни во стилот барок, рококо, романтизам, класицизам итн, кој на кој објект наликува е смешно и во најмала рака апсурдно.

Тие стилови си имаат унифицирани елементи, како што се лаци, сводести прозори, сводести приземни портали, сводести прозорци, орнаментика, антички столбови итн итн. кои како елементи сами по себе се готови и си наликуваат кој помалце кој повеќе еден на друг, и се аплицираат како такви на фасадата.

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.



Edited by HugoGoulding - 28-Oct-2011 at 23:39
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-Oct-2011 at 00:50

PreviousДа се зборува за било кои два објекта, предмета, личности и да се прави споредба и компарација е сосема нормална работа во секоја област, дури и дел од било која научна дисциплина (таксономија, класификација, категоризација).  Така да делот дека е нешто божем свето бидејќи е изградено во одреден стил па не смее да се бара сличности и да се споредува со друи објети е патетичен.

Да те  потсетам, бидејќи сум еден од првите членови на Билд, дека целта на Билд е да ги промовира активностите и да информира од областа на градежништвото, урбаниот развој, архитектурата, инфраструктурата. Форумот и порталот не се строго наменети за архитекти и имаат едукативен карактер. Доколку ти сметаш дека за некоја област знаеш повеќе од нас другите слободно сподели ги информациите и знаењето кое го имаш аргументирано, без навреди кон останатите соговорници и без ароганција. Впрочем тоа и ти го пишува во куќниот ред на форумов.
И за крај, излгедот на некој објект и правото да го критикуваме или да ни се допаѓа не е екслузивно ниту инклузивно. Буквално секој член на форумов може да прави такви споредби и јавно да ги изнесе а доколку тоа тебе ти е смешно, те молам зачувај си го за себе и без навреди.


Edited by UrbanFreak - 29-Oct-2011 at 00:56
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 29-Oct-2011 at 01:07
На ЦУМ личи само приземјето. Нагоре секој кат си е посебен и само горниот е сводест, на министерството ќе бидат групирани по два ката во еден свод.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Oct-2011 at 08:07
Originally posted by UrbanFreak

PreviousДа се зборува за било кои два објекта, предмета, личности и да се прави споредба и компарација е сосема нормална работа во секоја област, дури и дел од било која научна дисциплина (таксономија, класификација, категоризација).  Така да делот дека е нешто божем свето бидејќи е изградено во одреден стил па не смее да се бара сличности и да се споредува со друи објети е патетичен.


Да те  потсетам, бидејќи сум еден од првите членови на Билд, дека целта на Билд е да ги промовира активностите и да информира од областа на градежништвото, урбаниот развој, архитектурата, инфраструктурата. Форумот и порталот не се строго наменети за архитекти и имаат едукативен карактер. Доколку ти сметаш дека за некоја област знаеш повеќе од нас другите слободно сподели ги информациите и знаењето кое го имаш аргументирано, без навреди кон останатите соговорници и без ароганција. Впрочем тоа и ти го пишува во куќниот ред на форумов.

И за крај, излгедот на некој објект и правото да го критикуваме или да ни се допаѓа не е екслузивно ниту инклузивно. Буквално секој член на форумов може да прави такви споредби и јавно да ги изнесе а доколку тоа тебе ти е смешно, те молам зачувај си го за себе и без навреди.



Ок немам ништо против јас, споредувајте, ама еве споредбата што ти ја направи конкретно, не да нема никаква врска, не знам каде ја виде сличноста, во приземјето ли ? 80% од објектите во ваков стил се' со вакви сводести колонади на повлеченото приземје, или сводести портали или "целоприземни" прозорци без парапет, така да тоа не можеш да го посочиш како споредба, бидејќи јас можам да ти најдам уште 10000 објекти со буквално истиов стил на приземје. Над приземјето двата објекта си немаат ама баш никакви допирни точки на сличност, така да, твојата споредба е или незнаење или зборење на памет.

Не дека е нешто трагично тоа со споредбата, но сепак, да се обидеме да ја задржиме доследноста и коректноста во коментарите и да не даваме мислења на слепо.

Edited by HugoGoulding - 29-Oct-2011 at 08:10
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 29-Oct-2011 at 08:41
Originally posted by HugoGoulding

Да се збори за фасадни изгледни во стилот барок, рококо, романтизам, класицизам итн, кој на кој објект наликува е смешно и во најмала рака апсурдно.

Тие стилови си имаат унифицирани елементи, како што се лаци, сводести прозори, сводести приземни портали, сводести прозорци, орнаментика, антички столбови итн итн. кои како елементи сами по себе се готови и си наликуваат кој помалце кој повеќе еден на друг, и се аплицираат како такви на фасадата.

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.



Ако не ај сите да ќутиме... Форум по дефиниција е место каде се дискутира. Дали сум архитект, социолог или работам во државна админстрација (!) не треба ич да е битно, па дури и глупости да трескам. Баш ако трескам глупости, треба да ме поправите, едуцирате, насочите.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11945
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Oct-2011 at 14:11
Originally posted by HugoGoulding

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.

Хуго, форумов е наменет како за стручни лица, така и за пошироката јавност. Поентата е токму тоа, да ги собере на едно место сите оние кои се заинтересирани за ваквите теми и да овозможи дискусија, споделување на информации, проширување на знаењата, промовирање на идеи итн. Тебе како на архитект тоа може да ти биде единствено од корист. Од една страна имаш можност да влијаеш и едуцираш, од друга страна до тебе може да допре пошироката свест по многу прашања, бидејќи е јасно дека самоизолирањето на архитектите во некакви „елитни“ кружоци ја деградира и професијата и воопшто состојбите на архитектонски план во земјава.

И морам да ти замерам дека со твоите постови речиси воопшто не си оставил впечаток дека си архитект. Енергијата постојано да ја трошиш во препирања и препукувања каде нема ни „а“ од архитектура. Навистина штета. Кажав уште одамна, мислам дека можеш да дадеш многу поквалитетен инпут отколку досега. 

--------------------------------------------------------------------------------------------

Што се однесува до самата реконструкција на објектот на министерството, од вакви скудни визуелни материјали, не може да се даде некој сериозен суд. Ќе почекам нешто поопипливо, па ќе искоментирам. За жал, тоа веројатно ќе биде кога пбјектот ќе привршува со градба. Лошо е што наместо колекција рендери, пречесто се форсираат вакви визуелизации.

Edited by Cloverstack - 29-Oct-2011 at 14:22
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 29-Oct-2011 at 21:54
Originally posted by HugoGoulding

Ок немам ништо против јас, споредувајте, ама еве споредбата што ти ја направи конкретно, не да нема никаква врска, не знам каде ја виде сличноста, во приземјето ли ? 80% од објектите во ваков стил се' со вакви сводести колонади на повлеченото приземје, или сводести портали или "целоприземни" прозорци без парапет, така да тоа не можеш да го посочиш како споредба, бидејќи јас можам да ти најдам уште 10000 објекти со буквално истиов стил на приземје. Над приземјето двата објекта си немаат ама баш никакви допирни точки на сличност, така да, твојата споредба е или незнаење или зборење на памет.

Не дека е нешто трагично тоа со споредбата, но сепак, да се обидеме да ја задржиме доследноста и коректноста во коментарите и да не даваме мислења на слепо.
Ќе се фокусирам на трите болдирани делови:
 
1. Ако го погледнеш рендерот ќе видиш дека приземјето зафаќа 1/3 или 33% од обејктот. Со тоа што сводовите се речиси идентични како со тие кај ЦУМ тоа е веќе голема 33% сличност. Она што го гледам пак нагоре, за мене како не архитект ми е турлитава од wanna be барок и евтина пластика, и ужасно многу ме потсетува на хотел Амбасадор.
 
2. Те молам посочи еве не мора 10.000 ајде посочи 30 вакви типични примери. Ова нешто слично како со муабетот за предземјотресно Скопје кога спомнуваше дека имало десетици, стотици барокни згради кои ете земјотресот или постземјотресите планери ги срушиле. И на крај колку објекти ми најброја? 5 кои сите ги знаеме
 
3. Што има некоректно во споредбата со ЦУМ? Те навредува тоа што е од Бугарија? Па за разлика од нас во Софија има навистина убави примери од архитектурата која сакаме насилно да ја наметнеме во Скопје.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 30-Oct-2011 at 10:10
Originally posted by HugoGoulding

Поентата е, доста со лаичкиве муабети, кој објект на што ве потсеќал или наликувал, се гледа дека одреден дел на форумов немате допирни точки со архитектурата, или па мислите дека имате, но работите се далеку од такви, гледано според коментариве што ги пишувате. Само останувате смешни со овие излишни споредби кои може да го збунат некој читател кој не е добро упатен во темата.
Одреден дел од форумов има допирни точки со архитектурата и сосема за коректни ги прифаќа споредбите со ЦУМ или со други објекти. Тоа е поради „фасадното“ сфаќање на архитектурата од страна на една група луѓе која сега интензивно ги сервира овие приказни и ти и лсл треба овде да ни ги претставите, а ние да ракоплескаме. Логично е на наивна презентација да следува таков муабет. Еве искрено и мене пред некој ден ми текна на центарот на Софија и не го напишав тоа затоа што ќе реагирате како гладни pitbull-и пуштени од кафез, како и што реагиравте...
Тоа што државата ќе стресе 5 000 000 евра на фасада и пропратни китачки будалаштини го ставате фино лепо во втор план и битно ви е само што ќе се гледа надвор и колку побрзо ќе се направи. Нивото на таква дискусија е прикладно за деца од предшколска возраст.
Инаку, што е презентацијата!? Leak од некаков dwg цртеж на фасада. Никаде не е официјално презентиран, посебно не во форма на 3д визуелизација и фото-монтажа од која и нешто повеќе ќе се види. Јас гледам секојдневно стотици фасади и ова не ми значи ништо. Не е ставена во контекст (околните фасади) во соодветен размер за да може да се дискутира дали таму воопшто е соодветен таков „цум-овски“ фасаден пристап.

п.с. не можам да не го забележам арогантниот пристап, што уште повеќе ме провоцира да пишувам (па некогаш и вулгарно) од ваквиот тип на постови „ај ќутете и не тресете глупости“ (нешто како постот на lsl за Стоилко, каде што после ни беа испобришани мислењата)...знам дека сте многу занесени и вознесени од ваквиот насилнички тип на градење и може „некаде“ и со вас така се дискутира, ама има луѓе кои сосема спротивно ги доживуваат овие акции и можете со тоа еднаш да се помирите...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 30-Oct-2011 at 13:30
Мора многу сум те оставил без спиење дејв, да ме спомнеш два пати во пост, без предходно ништо да сум кажал на темава. Изгледа и јас и Хуго сме ти камен на сопнување во твоите тези, повеќе политички одколку стручни, па сега во секој втор пост не посочуваш за некакви leak-ери на информации и за преднајавувачи, а имаме ситуација држ те лопова. Твоето еднонасочно ли, едноумно ли, као и да го кажам, сваќање за архитектура, дека денеска не смее ни да се помисли на нешто друго освен модерната, и тоа само зашто тебе ти се допаѓала, и тоа се маскира во професионалност, е најблаго речено смешто. А и контрадикторноста еве ти ја подоле, иста школа со уште еден тука на форумов.

„фасадното“ сфаќање на архитектурата

5 000 000 евра на фасада и пропратни китачки будалаштини

И покрај тоа што јасно беше наброено што се ќе содржи новиот објекти, од два ката доградба, машинска сала, лифтови, фасада, најнови системи за оддржување наделовен простор, ти пак мислиш дека сите пари се за фасада и таквото сваќање нас ни го подметнуваш.


Edited by lslcrew - 30-Oct-2011 at 13:46
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 30-Oct-2011 at 14:38
Демек, двава ката доградба значат длабоко размислување!? Страшна работа...баш ве заболе за катовите, само лакови и профилации ви се во паметот...до 16-ти век сте стигнале со историја...

Originally posted by lslcrew

...повеќе политички одколку стручни, па сега во секој втор пост не посочуваш за некакви leak-ери на информации и за преднајавувачи, а имаме ситуација држ те лопова.
Нормално е пари кога ќе се спомнат, коментарот да се квалификува како политички, само немој да заборавиш дека куќа да фатиш да градиш, треба за пари да разговараш - не знам каде е тука политиката - ако си препозна дека и ова е непотребно расфрлање пари - добро утро, ама така е...

За делот со leak-увањето, најавите и дрскиот однос, дури и мислам дека е „два во едно комбинација“, еден човек - два account-a...уште да почнете да се галите овде пред нас, колку си се слагате еден со друг...а и факт е дека ги вадите од прва рака информацииве, да не барам по форумов сега да ви докажувам...

Originally posted by lslcrew


Мора многу сум те оставил без спиење дејв, да ме спомнеш два пати во пост...
Воопшто немам намера да се бавам со вас, ама ја минирате секоја дискусија, а не што не сте упатени во архитектура, него немате елементарни познавања - воопшто не сум изненаден од вашата краткогледост како симпатизерите на старо-новиов стил, само иритира што тоа го сервирате како генерален (да не кажам народен) став...имате брдо аргументи против ваквите будалаштини и не познавате друг начин да ги браните освен вака дрско...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Oct-2011 at 15:32
Проектот е многу подобар отколку лош, а објектот и мораше да се преработи заради местоположба и значајност. А дали ќе биде современа архитектура и класична е работа на стил,  инспирација и избор. Работата е да не изгледа лошо.

Инаку не можам да се начудам со какви жестини се разговара овде. Во секој случај, по не знам кој пат гледам дека реакциите на Дејв се барем 10-кратно посилни од дадениот повод. Не разбирам зошто се јанѕате наместо да изгласате кој сакате да остане, а кој да си фати некој форум кајшто сите тераат слична стилска идеологија и не се вреѓаат меѓусебно.


Edited by Граѓанин - 30-Oct-2011 at 15:35
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 30-Oct-2011 at 15:36
Немам намера да се "препуцавам" тука, ќе бидам конкретен, што беше поентата на мојот коментар што го пишав погоре.

Значи ова...

и ова...


..да кажеш дека си личат, за мене, треба или да си слеп или да немаш базични познавања на архитектура и да си слеп за стилови, елементи и бои, и да даваш коментари кај што не ти е место. Како прво, приземјето иако е слично обработено со лаци и колона столбови со повлечено приземје, односот на ширина и висина на лаците и целото приземје нема врска со другиот објект а и тулите на лаците се многу поразлично наредени од композициска гледана смисла. Второ, 2та ката над приземјето на нашето министерство, не што се сосема различни, туку и немаат ни приближна врска со стилови со објектов во Бугарија, прозорците се сосема различни, стилски и пропорцијонално, катовите висински се различни, второстепната и третостепена пластика е сосема различна(на објектот во Бугарија дури и воопшто нема пластика), и најапсурдно дури ни бојата не е иста на фасадата. Ако некој суди сличност на фасада и објект, според нејзината должина (што чисто се сомневам дека и во тоа се слични), тогаш форумов е крајно непрофесилнален, и се базира на кој што му лежи на душа да каже, притоа не носејќи одговорност дека го чита некој што може да добие многу погрешна порака и информација.

Што се однесува до забелешката од Cloverstack, да дозволено е и за "не-архитектонската" јавност да коментира и да дава мислења, но тоа не значи дека јас не смеам да изреагирам ако се зборат безсмислици, плус, мене како архитект ме навредува секој да има можност да каже што му лежи на душа, и да "нагаѓа" во архитектурата што е што, а притоа, кога ќе му дадам забелешка, да ми реплицира како он да има диплома од моја струка а не јас.

@Dave те цитирам, "Одреден дел од форумов има допирни точки со архитектурата и сосема за коректни ги прифаќа споредбите со ЦУМ или со други објекти. Тоа е поради „фасадното“ сфаќање на архитектурата"

Ако тоа е така, одреден дел од форумот НЕМА доприни точки со архитектура токму поради причините што ги набројав погоре. И "фасадно" сфаќање на архитекутра, такво нешто не постои, сум слишнал за надворешно и внатрешно обликување во архитектурата, да, и тоа е сосема легитимно, објектот може да биде обликуван надворешно според внатрешноста, може внатрешно според надворешноста, може индивидуално да бидат обете. Што се однесува до објектот на министетсвото, јас би го срушил да е до мене, но и ова што се прави за мене е еднакво прифатливо.



Edited by HugoGoulding - 30-Oct-2011 at 15:37
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 30-Oct-2011 at 15:38
Ајде ајде сега се обрука, па поместувај ја дискусијата, јасно кажа 5 милиона за фасада, а не се работи само за фасада. Ете пак сега контрадикторност, нас не обвинуваш дека сме застанале во 16-ти век со паметот, а ти размислуваш баш така кога тврдиш дека не смее да се отстапува од актуелниот стил и дека тој мора да се следи без поговор. Кај што модернизмот го прогласи за единствен репрезент на денешната архитектура, па уште и тврдиш дека мора тој да биде следен без да се помисли на друго. По 16-вековна изјава од ова, здравје!

Ете го пак влечење за јазик, два акаунта, на вакви глупости не вреди да се посвети два реда дискусија, а не па да ги труеме нишките.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 30-Oct-2011 at 15:45
Граѓанин, ако беше идејата да има два форума партиски каде ќе владеее едноуми и сите ќе климаат, тогаш тоа ќе беше некакви блогови и ќе имаше копче лајк. Тука не е така. Ова па да изгласате кој сакате да остане, освен што е трагично, е и скандалозно да се каже за некаква друга јавна намена.

Крај да расчистиме, не е форумов никакво врховно собрание за архитектура во државава кое носи одлуки, па да се спори нечие учество со дали бил или не бил архитект. Форумов е стартуван од неархитекти, да биде собиралиште и за неархитекти и за архитекти и за инженери, и за секакви, кој сака. Дајте со таа дебата, барем не по нишкиве.
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 30-Oct-2011 at 15:56
Originally posted by lslcrew

Граѓанин, ако беше идејата да има два форума партиски каде ќе владеее едноуми и сите ќе климаат, тогаш тоа ќе беше некакви блогови и ќе имаше копче лајк. Тука не е така. Ова па да изгласате кој сакате да остане, освен што е трагично, е и скандалозно да се каже за некаква друга јавна намена.

Крај да расчистиме, не е форумов никакво врховно собрание за архитектура во државава кое носи одлуки, па да се спори нечие учество со дали бил или не бил архитект. Форумов е стартуван од неархитекти, да биде собиралиште и за неархитекти и за архитекти и за инженери, и за секакви, кој сака. Дајте со таа дебата, барем не по нишкиве.

Токму тоа сакам да го кажам. Предлогот беше, секако, ироничен.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 30-Oct-2011 at 16:40
Originally posted by Граѓанин


Во секој случај, по не знам кој пат гледам дека реакциите на Дејв се барем 10-кратно посилни од дадениот повод. Не разбирам зошто се јанѕате наместо да изгласате кој сакате да остане, а кој да си фати некој форум кајшто сите тераат слична стилска идеологија и не се вреѓаат меѓусебно.
Жестината е право-пропорционална на тенденцијата на темиве за јавните објекти и инфраструктурата да станат fanpages, што на одредени активни членови овде очигледно им е сон или задача (многу поверојатно ова второво)...
Originally posted by lslcrew

Ајде ајде сега се обрука, па поместувај ја дискусијата, јасно кажа 5 милиона за фасада, а не се работи само за фасада.

Може детски да не ја водиме дискусијава!? Идејата е да се замени фасадата на објектов. Истата идеја како и за фасадата на Пелистер и веќе не знам кои се' е „замислено“ да се праат во „васина торта - стил“...доградбата на катовите е само проширување на бунарот за да може повеќе државни пари да се пикнат во нечиј џеб...

Originally posted by lslcrew

Ете пак сега контрадикторност, нас не обвинуваш дека сме застанале во 16-ти век со паметот, а ти размислуваш баш така кога тврдиш дека не смее да се отстапува од актуелниот стил и дека тој мора да се следи без поговор. Кај што модернизмот го прогласи за единствен репрезент на денешната архитектура, па уште и тврдиш дека мора тој да биде следен без да се помисли на друго.
Модернизам не спомнав никаде и ништо такво не тврдам. Веројатно нешто си потслушнал некаде па си пишуваш овде (како што често знаеш да правиш). Не е модернизмот последното поглавје во историјата на архитектурата, ако си запознаен па и површно со темата, треба да го знаеш тоа. Во однос на решениево, отворен конкурс ќе дадеше многу разновидни решенија (па ете и вакви - ретро) кои ќе покажеа што е најсоодветно да се направи со постоечкиот објект (може и ќе требаше да се урне истиот!?). Кога веќе зборуваш за нешто АКТУЕЛНО, тешко нас кога актуелен „стил“ ни е западноевропски од пред 5-6 века, ама таа ни е реалноста...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.