build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Министерството за транспорт

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 30-Oct-2011 at 17:41
Очигледна е нервозата кај одредени членови на форумов, кога и да се искритикува некој објект што го гради актуелната власт да се почне со дискфалификација лична на соговорникот, па понатака со 5-6 википедија познавања да се обиде да се докаже колку се знае за одредена тема, и на крај кога и тоа не оди да се почне со најниски удари на лична навреда.
 
Значи Хуго, форумов е место каде што обичните граѓани кои се интересираат за темите што форумот ги обработува ќе дискутираат помеѓу себе и со професионалци од овие области сите повеќе ќе научат и ќе придонесат за подобро Скопје, Македонија па и подобра перцепција и знаење за овие области. Тоа што ти не си спремен за друг став и поинакво мислење говори дека си на Билд исклучиво од политички побуди, не како загрижен граѓанин или како професионалец. А хистеричната реакција за споредбата со ЦУМ, говори и дека излгледа е допрена некоја точка која што навистина те погодила. Како и да е, ако навистина си архитект, како што зборуваш, навистина со ништо не ме убеди дека фасадава (која што според мене е уште една турлитава на столбови, гипсани огради на прозорци и тераси, сводови). Убеди ме каде е тука дострелот на македонската архитектура, и што е тука толку иновативно, уметнички и архитектонски вредно, како освен естетски ќе се подобри функционирањето на објектот и вклопувањето си околинта, како и на кој начин ќе биде енергетски поефикасен и како ќе си ги оправда 5те милиони евра потрошени на еститеика?
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 30-Oct-2011 at 19:13

Може детски да не ја водиме дискусијава!? Идејата е да се замени фасадата на објектов.доградбата на катовите е само проширување на бунарот за да може повеќе државни пари да се пикнат во нечиј џеб
Идејата освен фасадата, е да се доградат два ката, да се инсталира најсовремен систем за менаџирање на административни згради. И не само тука, туку и кај многу други објекти кај кои има многу повеќе како огромни паркинг простори кои се комплетно отсутни од дебативе. Сега или од инат ја форкусираш темата за фасадата, или е основно неразбирање. Мене на крај памет не ми паќа на памет да одобровувам нечие "перење" пари, ама мора заради објективноста да се каже дека проектот содржи многу повеќе од фасада. Ако за тебе два ката се само колатерална корист и причин за да се оправдала интервенцијата врз фасадата, што повеќе да се каже.

Модернизам не спомнав никаде и ништо такво не тврдам. ..

Ич да не читам понатака, поголема контрадикторност од ова.....


Edited by Cloverstack - 30-Oct-2011 at 19:30
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 30-Oct-2011 at 20:40
Може би поадеккватно ќе беше да споредиме со Версај, одколку со ЦУМ, зашто и далеку повеќе наликува, кога веќе споредуваме така по едноставна аналогија. Само што кај Версај има повеќе орнаменти горе на терасата и некои скулплури, што кај министерствово ги нема, иако во голем дел од фасадата орнаментите се пронаоѓаат. Ако веќе тврдиме дека министерството се обидува да имитира конкретен објект, а не архитектонски стил, тогаш далеку од тоа дека ќе се нафатат да го копираат ЦУМ, дури и смешно е. А за дека Версај им бил инспирација, или па некој друг попознат примерок од тие стилови, се слагам дека е можно.


Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 30-Oct-2011 at 21:00
Веќе темава ги исполни сите услови да оди во подфорум „Комедија“...излегувам официјално од темава во име на општо добро на форумов...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 30-Oct-2011 at 21:15

А кој кажа дека го копирале ЦУМ? Само споделив со вас дека прв објект од сосесдството на кој ми заличи е ЦУМ. Незнам што сте толку алергични на споредби, како да сте ЛСЛ и Хуго автори на проектов. Но добро, ми разоткривте дека Версај сте го имале во предвид и сега треба да ми е објектов посварлив за просечниот граѓанин и можеби да му се полесно сварливи потрошените 5 милиони евра? Па и во Шутка да отидеш ќе најдеш куќи со гипсани статуи на слободата. Да не зборам за хотел Амбасадор каде што од секаде е по нешто украдено.

אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 30-Oct-2011 at 21:17
Ма не е битно каде е објектот, ако сака и на крај на свет нека е, јас само изреагирав на тоа дека објектот од Бугарија што беше посочен нема никаква врска со идната фасада на министерството, гледано од архитектонски аспект, не од аспект на "аа ова ми заличи на ова..".

Тоа што Dave мисли дека мојата реакција е хистерична тоа е од начинот на кој ги чита моите постови, бидејќи јас не покажувам тука никакви емоции само пишувам текст, а он си го интерпретира начинот на кој сум го кажал во својата глава, значи хистеричноста е произлезена од него.

Инаку да, се слагам со lslcrew, ако правиме веќе споредба, примерот што го посочи погоре за Версај е сто пати помиродавен на идната фасада на министерството одколку претходниот за кој зборевме.

Edited by HugoGoulding - 30-Oct-2011 at 21:20
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10989
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 31-Oct-2011 at 01:10
Добро де, не сме до толку алергични, барем јас не сум, дури и направив една.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7029
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 31-Oct-2011 at 23:24
воопшто не ми е битно дали фасадата ќе личела на ЦУМ или на Версај, битно ми е само што идејата да се менува фасада на сосема пристоен објект ми е неприфатлива... и колку и да се негира тоа, низ цел свет има вакви објекти, без разлика каква институција има во нив или каде се наоѓаат
не ми е јасно зошто сеуште во архитектурата се инфилтрираат фасадните сфаќања за кои збори дејв погоре... едноставно владее мислењето дека целата филозофија на еден објект се состои во фасадата на објектот и дека ако фасадата не е прифатлива за група луѓе под итно мора да се интервенира со нова...
и дури и да го баталиме муабетов со фасадава, не ми е јасно како тоа од сета таа област, баш фасадава на министерството е „највечи проблем“ и мора да се смени и никој не ја гледа целосната слика и не се ни обидува да состави некаков концепт за поголема удобност... туку само ќе си редиме фонтани споменици и фасади како ни текне
исто така одвратно ми е што на некој начин се присилува фасада на одреден објект, кога веќе се интервенира, барем да се пронајде решение кое е соодветно на условите кои ги пружа таа фасада (без разлика за каков стил се работи) одколку да се бркаат цумови и версаи (објекти кои врска си немаат со дотичниот, по сите нормали) и да се комплицира работата само без потреба
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3623
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 20-Jan-2012 at 00:49
19.01.2012, 16:25

Нови два ката и стилска фасада за Министерството за транспорт

Објектот ќе биде готов во 2013 година. Таму ќе се сместат и сите органи на Министерството

Деспина Трајковска

И зградата на Министерство за транспорт и врски ќе добие нова фасада, и тоа стилска. Обновата на надворешниот лик на објектот ќе биде, всушност, дел од неговата комплетна реконструкција, која ќе опфати и надградба за два ката. Се очекува зградата да го добие конечниот изглед следната година. Проектот предвидува објектот статички да се зајакне, да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали. Пред почнување на доградбата и обновата на фасадата, ќе се изврши неопходно зајакнување на постојната конструкција.
„Предвидено е целосно зајакнување на постојната конструкција и на сите столбови, односно столбовите во подрумскиот дел, на приземјето и катовите, а предната фасада да биде лоцирана пред постојните столбови. Пред почнувањето на градежните работи неопходно е изведување на подготвителни активности со оглед на фактот што станува збор за постар објект. Имено, во тек се активности за соодветно уредување на подземната инфраструктура, по што ќе биде изведено зацврстување на основата на објектот“, објаснуваат од Министерството за транспорт, кое просторот во подновениот објект ќе го дели со сите негови сектори и органи кои сега работат во други објекти.

Поточно, во зградата ќе се преселат Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Државниот инспекторат за транспорт, Државниот комунален инспекторат и Агенцијата за сигурност во железничкиот систем.

Проектирано е објектот да има главен влез на северната страна, два лифта кои ќе ги поврзуваат сите катови, голема сала за состаноци и презентации, како и пристап за лица со посебни потреби и противпожарни скали.

Канцелариите на првите три ката ќе бидат наменети за општите служби на Министерството, на четвртиот и петтиот кат ќе се наоѓаат кабинетите за заменик-министерот и министерот, заедно со салите за состаноци. Покривот ќе биде рамен и организиран како покривна градина.

Објектот ќе го гради „Бетон“, кој има обврска во рок од една година од почетокот на реконструкција да заврши со реализација на целиот проект. За време на реконструкцијата, Министерството за транспорт и врски ќе биде привремено сместено на друга локација, која се' уште не е позната.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BF027A891E8433429F9C1394D9005F24
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7029
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 20-Jan-2012 at 19:04
веќе ептен иритантно стана ова со новинариве и нивните „стилски“ фасади... се што не спаѓа во модернизмот, е „стилско“, а другово демек не е???
аман веќе од сета таа медиумска неписменост...

назад на темава, добро е што барем се размислува да се реновираат објектите, но како и да е, гарант ова во иднина ќе го користат ко изговор (како кај владата)... а реално гледано, на другите простори се обидуваа да се извадат на „стилска унифицираност“, ама сеуште не можем да разберам со што се унифицира објектов тука Dunno
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 22-Jan-2012 at 03:04
Мене ми се допаѓа стилот во кој ќе се реновира фасадата на објектов. Се вклопува во СК 14 и ќе даде убав шмек околината. Колку што знам и плоштад е планиран на просторот после Камени Мост па ќе видиме како ќе биде.
ಠ_ಠ
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7029
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 25-Jan-2012 at 02:12
Originally posted by Macedonicus

Мене ми се допаѓа стилот во кој ќе се реновира фасадата на објектов. Се вклопува во СК 14 и ќе даде убав шмек околината. Колку што знам и плоштад е планиран на просторот после Камени Мост па ќе видиме како ќе биде.
не знам зошто уште се споменува стилска унифицираност на градот со ск 2014, објектите пред се треба да бидат просторно и функционално организирани, а стиловите, па дури и сосема различни, можат да се вклопат меѓусебно
плус смешно е што се збори за унифицираност меѓу објекти кои не спаѓаат во ист кадар

а се што е за шмек, веќе не го дискутирам... што ви е тој „шмек“ бог да чува???
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 13-Sep-2012 at 21:46

Барокната фасада на Транспорт ќе ги сели вработените во МНР


Откако новиот објект на Министерството за надворешни работи ќе се пушти во употреба, а тоа се најавува за државниот празник 11 Октомври, во сегашното седиште на МНР привремено ќе се преселат вработените од Министерството за транспорт и врски. Преселбата на администрацијата е поради стартот на реконструкција на фасадата на зградата, која ќе се изведува во барокен стил. Проектот предвидува и надградба на уште два ката, како и комплетно реновирање на канцелариите во внатрешноста на објектот.
Новиот изглед на Министерството за транспорт и врски ќе чини околу 4,9 милиони евра, а градежните работи му се доверени на „Бетон".


http://www.plusinfo.mk/vest/56717/Baroknata-fasada-na-Transport-kje-gi-seli-vrabotenite-vo-MNR



Edited by Cloverstack - 13-Sep-2012 at 22:55
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4679
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 26-Sep-2012 at 12:25

Претпоставувам една од фасадите кои нема да бидат одбрани...

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4679
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 26-Sep-2012 at 12:31

Еве уште најдов.... 

 

 

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
nouseforname View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 16-Dec-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 154
  Quote nouseforname Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 26-Sep-2012 at 14:15
iskrajno ova mi lici na modernizam/post modernizam nego barok
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6555
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 26-Sep-2012 at 14:55
мене не ми е убава,ако треба нешто модерно,пре би ставил плави стакла него ова.тоа е мој вкус
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11829
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 25-Dec-2012 at 22:29

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11105
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 20-May-2013 at 17:42
Да се потсетиме на тоа што остана од ова министерство...







сликите се преземени од http://www.press24.mk/node/7544
За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4679
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 20-May-2013 at 17:47
Имам некое чуство дека ќе се сруши во секој момент...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.140 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.