build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Надградба на Министерството за транспорт

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Danndy View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 03-Sep-2010
Online Status: Offline
Posts: 410
  Quote Danndy Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 21-May-2013 at 02:03
Originally posted by FoSsiL

Имам некое чуство дека ќе се сруши во секој момент...


Може и подобро

Traveling.
Back to Top
micko_v View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
  Quote micko_v Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 21-May-2013 at 17:19
Не мислите дека би било подобро од економски и практични причини да го срушат овој крш и да направат нов објект по сите стандарди со подземен паркинг? Не знам што ќе реновираат овде
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 22-May-2013 at 00:27
Originally posted by micko_v

Не мислите дека би било подобро од економски и практични причини да го срушат овој крш и да направат нов објект по сите стандарди со подземен паркинг? Не знам што ќе реновираат овде
многу подобро би се осеќал доколку би го направиле тоа, наместо овие глупости
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 22-May-2013 at 00:29
Originally posted by micko_v

Не мислите дека би било подобро од економски и практични причини да го срушат овој крш и да направат нов објект по сите стандарди со подземен паркинг? Не знам што ќе реновираат овде

Навистина кога ќе се погледнат сликите, да се запраша човек...
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11702
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 24-Jul-2013 at 21:56
се наѕираат лакови, се спрема „барокна“ фасада


DSC01050 by george k. 1981, on Flickr


DSC01051 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 24-Jul-2013 at 22:25
тоа е вероватно останато од другите градби,па да не се трошат луѓето
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 30-Nov-2013 at 18:28
Имам неколку прашања во врска со надградбава и фасдава на министерството за транспорт.
Дали фасадата ќе продолжува се до Дом Ибни Пајко или можеби тука ќе се оди со некое друго решение затоа што во долниот дел на таа темно жолтеникава фасада можеме да забележиме дека првите два спрата ќе се реконструираат (судејќи според сликите)?
Доколку се оди со реконструкциијата на фасадата се до Ибни Пајко дали таа железната кровна констукција на врвот од тој објект ќе биди заменета со некоја посолидна кровна конструкција или и во тој дел ќе замачкаат како што направија со дограмата на Пелистер па на крајот повторно да добиеме нешто што изгледа ефтино и недовршено ?
Реконструкцијата на овој објект ја поддржувам затоа што претпоставувам дека ќе се изврши и целосно зацврстување на бетонската конструкција од објектот, а знаеме дека објектот беше во навистина лоша состојба пред реконструкцијата, само се надевам дека крајниот резултат нема да изгледа евтино и невкусно.


Edited by Еден Дечко - 12-Dec-2013 at 03:54
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11702
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 09-Jan-2014 at 15:19
денес


DSC02367 by george k. 1981, on Flickr
За сè има вторпат
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 375
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 09-Jan-2014 at 20:39
Neznam dali nekoj do sega primetil za zastitnive zavesi obicno pisuva ceresit ili nesto dr no na nekolku od fasadive od SK 2014 ima print od proektot neznam kolku e toa potrebno neli! Onaka nadvor od tema Dump


Edited by Dzeksi - 09-Jan-2014 at 20:41
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 09-Jan-2014 at 22:51
Originally posted by Dzeksi


Neznam dali nekoj do sega primetil za zastitnive zavesi obicno pisuva ceresit ili nesto dr no na nekolku od fasadive od SK 2014 ima print od proektot neznam kolku e toa potrebno neli! Onaka nadvor od tema Dump


На тој начин полесно се одлеваат пари од буџетот, нели тоа е и целта на проектов...
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 10-Jan-2014 at 00:32


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:03
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 10-Jan-2014 at 00:57
Во Европа од естетски аспект се поставуваат мрежи со принт зависно од тоа како ќе изгледа објектот кога ќе биде завршен (да се разбереме тоа го прават кога ги реконструираат нивните остарени класични зданија, но јас не гледам проблем зошто и кај нас тоа не би било практика при изградба на новиве).
Во врска со политиката целосно се согласувам, бидејќи доста долго време ве читам и кога некои од членовите ќе почнати партиски да се препукуваат ми е смешно, а во исто време и иста мера ми е апсурдно и тажно, но од друга страна дури и ве разбирам политиката кај нас е до толку навлезена во сите свери на општественото функционирање, човек ќе помисли дека е возудх па постојано ја консумираме.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 10-Jan-2014 at 14:30
Не, не сакам да звучам "политички", но сепак доколку ги анализираме сите објекти од проектот Скопје 2014 можеме да забележеме дека се направени бројни непотребни набавки односно средствата кои се одвојуваат за целосна изградба и опремување на еден објект се нереални, сигурен сум дека пола објекти (и споменици) можеа да се изградат за 50% помали средства, оттука и мојот впечаток дека единствена цел им е одлевање на буџетот, а и како дипломиран економист од анализата на релевантните извештаите може да се заклучи гореспоменатото.
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 10-Jan-2014 at 16:46
Затоа и велам дека имам разбирање, затоа што колку и да е непријатно да се читаат дискусии од таков тип, во случајов е банално да не ја спомнеш политиката, кога пред некој ден пишував за тоа каков луксуз претставувал барокот и колку допирни точки нема со ова кај нас заборавив да спомнам дека со сретствата кои беа одвоени еве читавме дека фасадата на една од зградите ќе чинела цели 5.5 милиони, и ние можевме да издејствуваме нешто колку толку слично (колку и да е тоа невозможно) или во секој случај нешто многу подобро од ова што го добивме, па кој знае можеби и навистина ќе станевме некој поважен туристички центар со толку многу вложени сретства, независно од стилот на градбата.
Заклучок можевме да смислиме правец полуксузен, монументален, грандиозен и од самиот Барокот, стил кој со толку вложени средства сигурно ќе оставаше силен впечаток, па можеби ни критиката немаше да биде толку негативна но сепак е неминовна затоа што јас лично сметам дека не беше ни време ни место за такви зафати. Еднаставно имаме многу поважни проблеми за решавање, па за да се префрлиме на важноста на архитектурата и стимулирање на креативноста на архитектите кои би било најдобро да бидат оставени сами да ја завршат својата работа, затоа што тие се единствените квалификувани за тоа и по мое мислење е гревота да им налагаш строги критериуми/ограничувања.
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 10-Jan-2014 at 17:30


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:03
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 10-Jan-2014 at 17:57
За конкретниов пример и јас го напишав своето мислење дека не претставува апсолутно никаков проблем, но за ситниците воопшто не се согласувам затоа што барем јас сеуште не можам да ја преболам металната вратничка на Археолошкиот музеј, ПВЦ дограмата на бакарните куполи и ред други ''ситници'' кои што во суштина повторно ќе нагласам барем кај мене влијаат на финалната оцена за тоа како изгледа еден објект, а да не тргнеме повторно од маркиците затоа што тука веќе ќе се запрашаме дали воопшто треба или не треба да постојат некои од објектите нели. Како воопшто мислиме да се подобруваме во иднина ако не постои критиката, таа е водилка кон успехот, но по трет пат ќе нагласам тоа е само мое мислење.
Back to Top
marko.kostoff View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 10-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 104
  Quote marko.kostoff Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 11-Jan-2014 at 01:27


Edited by marko.kostoff - 29-Jan-2014 at 20:04
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 375
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 26-Jan-2014 at 14:47
Originally posted by Еден Дечко

Во Европа од естетски аспект се поставуваат мрежи со принт зависно од тоа како ќе изгледа објектот кога ќе биде завршен (да се разбереме тоа го прават кога ги реконструираат нивните остарени класични зданија, но јас не гледам проблем зошто и кај нас тоа не би било практика при изградба на новиве).

Dump
Vo Evropa decko stedat pari na takvi raboti (osven ako ne e privaten izveduvac sto vo nasiov slucaj ne e) a jas gledam problem da stanat printovite praktika zosto toa se moj pari tvoj na site!!! tie pari moze da se prenasocat za drugi celi a ne da odata kaj nekoj novinar sto otvoril firma za printanje platna specijalno za Sk 2014 !!!!DumpDump

Edited by Dzeksi - 26-Jan-2014 at 14:48
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 26-Jan-2014 at 15:24

Која е таа Европа кај што штедат толку пари?
Стварно никогаш не сум живеел во Полска или Словачка ама во Западна Европа (каде што имам живеено) константно "пукаат" афери за корупција во јавни набавки.
Единствена разлика е што таму, до скоро, ако те откријат - ќе си одиш во затвор. Само што изгледа и таму "се Балканизираа" па и таму ова веќе не важи.

Инаку и мене ми пречи рекламирање на приватни фирми кога државата им го плаќа (преплаќа) изведувањето, ама секоја реченица што почнува со "Во Европа дечко..." ми е како излезена од времето на комунизмот кога медиокритетите викаа: "Не е така на Запад дечко...", а на запад работеа молерски и други мајсторски работи. Не дека ги потценувам, чесно си заработуваа, ама за да ДЕЛАТ НАУКА треба маааалку нешто повеќе.

Без навреда. Претпоставувам дека постот си го пишал со најдобра намера, само сакав да укажам на тоа дека и ние сме луѓе и кај нас се слични работите како и насекаде. Па дури и во препочитуваната "Европа"...
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
Еден Дечко View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 277
  Quote Еден Дечко Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 26-Jan-2014 at 20:11
Во секој случај јас кога реков Европа поконктерно мислев на Москва, таму кога се обновуваат и те како рељефните фасади се употребуваат вакви принтови на завесите во зависност од тоа како ќе изгледаат зградите полсе обновувањето, ете во моментов се врши реконструкција на една од зданијата во внатрешноста на Кремлин и се поставени токму такви принтови. Тоа не случај само со Москва туку и остнатите градови на Европскиот континент тој што ја посетил Виена во измината година ќе ги забележеше токму ваквите принтови на завесите(заштитни мрежи) поставени на некои делови од фасадата на Катедралата Свети Стефан.
Поставувањето на таквиот принт не е начна фантастика и сигурно не чини цели 5.5 милиони како фасадата на зградата за јавна администрација и ФДУ.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.