build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комерцијален објект наместо црква на плоштадот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Комерцијален објект наместо црква на плоштадот
    Posted: 21-Oct-2011 at 13:22

Тодоровиќ призна: Наместо црква на плоштад ќе никне барокна зграда


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/10/21/crkva.jpg

Според новите измени во Деталниот урбанистички план на централното градско подрачје, се брише маркичката за црквата која што беше предвидено да се гради на плоштадот „Македонија“, а на нејзино место влегува во игра административна зграда, која најверојатно ќе биде изведена во стилот што се наметна како бренд на проектот „Скопје 2014“. 


За црквата е предвидена друга локација, во близина на споменикот на Мајка Тереза, пред платото на Домот на армијата.
Градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, денеска ги потврди гласините за новите измени на ДУП-от „Мал Ринг“, но бидејќи изработката на измените во планот е во тек, не даде прецизни информации за корегираната визија на проектантите за центарот на градот, во однос на црквата која во јавноста предизвика доста контроверзии, па дури и меѓуетнички тензии. Тој не коментираше ни за потребата од изградбата на уште една зграда за државна администрација, покрај оние две кои ќе се градат во зелениот појас спроти хотелот „Бристол“.


- Во урбанизмот сега се изработуват тие идеи и најверојатно црквата ќе се дислоцира, но не е дефинитивно. Има идеја на местото на црквата да се гради административна згрaда, но сепак, не се конечни ни работните верзии. За стилот сè уште е рано да се каже, но убаво би било да се вклопи во концептот на „Скопје 2104“ - рече Тодоровиќ.

http://www.time.mk/read/NONE/913f5fb983/index.html
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 21-Oct-2011 at 14:32
Три пати ура за Тодорович!

Има место за уште една „зебра“ меѓу воинот и камени мост...таа за тројка ја спрема веројатно...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 21-Oct-2011 at 15:39
не ми се верува колку многу се извитоперија првичните идеали за противењето на таа црква, за на крај да се добие резултат, тотално непроменет од претходниот
и на нив им е битно на таа локација да лупнат објект по секоја цена, па после да се разработува се друго, и тоа си го кажуваат со ноншалантност, како да е сосема легитимна процедура таквиот начин на инвестирање, градење и урбанизирање...
навистина не знам дали воопшто да се замарам во иднина да размислувам на вакви теми, бидејќи се изгуби било каква смисла и осет за било што

и смешно ми е што воопшто Ск2014 се спомнува како концепт, ама тоа е веќе друга тема


Edited by zabegan - 21-Oct-2011 at 15:40
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 21-Oct-2011 at 15:40
OhnoNe treba nikakov objekt da nikne tamu! Aee urbana katastrofa.....
Kje go butnat nekako....Wallbash
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 21-Oct-2011 at 16:33
Хаха информацииве од денес се за у архива дефинитивно.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
mladen_s View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-May-2010
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 407
  Quote mladen_s Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 21-Oct-2011 at 16:49
..убаво би било да се вклопи во концептот на „Скопје 2104“ - рече Тодоровиќ.

И навистина се вклопи.

Само да ве потсетам дека црквата беше голем аргумент за придобивање подршка за СК2014, а протестите на ПАБ беа токму против било каков објект на тоа место...

http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=171&PN=42#821

Edited by mladen_s - 21-Oct-2011 at 16:52
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Oct-2011 at 00:44


Апсолутно, се протестираше против било каков објект на таа локација и тоа е документирано навистина обемно, но што вредат фактите во оваа земја, кога има толку многу луѓе кои дозволуваат да бидат манипулирани со најефтини и најпростачки трикови. Но не само ПАБ, туку и воопшто 99% од немуслиманите кои се противеа на фамозната маркичка 1.5 (подоцна 1.5.1) тоа го правеа против било каков објект на таа локација. Ама инаетот на обмислувачите на СК2014 е легендарен, па секако таму ќе се потрудат да спикаат било каков објект, односно затка... а на таков начин можеби мислат и дека ќе одвлечат внимание од фактот дека капитулираа токму пред оние сили кои се противеа заради причини кои немаат врска со урбанизмот и архитектурата, па сега кога не можат по коњот, удираат по самарот.

Во целава работа има уште нешто интересно. Земјиштето и беше практично подарено на МПЦ. Каков е сега планот? МПЦ едноставно ќе го врати?


А да... и што стана со веќе прославениот поглед врз Александар низ триумфалната капија? Се изначитав коментари дека тоа не било случајно, туку дека било резултат на добро и прецизно осмислување... Тогаш резултат на што е „разгледувањето“ на можноста да се насади административен објект на место каде што после нема да може да се види ниту мачот на Александар, па макар се качиле и на кровот на капијата?
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Oct-2011 at 01:42
PreviousЗар се сомневаш дека МПЦ ќе прави проблеми??? Па МПЦ е сеуште една задруга, види ги само "чесните" попови од врвот, со чест на исклучоци. Јас искрено не се сомневам дека работата се завршува со еден телефонски разговор.Wink
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Oct-2011 at 15:08
Originally posted by Cloverstack

Во целава работа има уште нешто интересно. Земјиштето и беше практично подарено на МПЦ. Каков е сега планот? МПЦ едноставно ќе го врати?

Единствен начин ова да се случи ќе биде преку донација на име јавен интерес. Ова ќе повлече даночни олеснувања за МПЦ. За годината во која ќе биде дадена донацијата, данокот на добивка на МПЦ во износот на дадената донација ќе и се признае како расход во даночниот биланс во вкупна висина до 5% од вкупниот нејзиниот годишен приход.

Ќе биде интересно да се види дали имотот ќе се процени по повластената сума по која бил купен (околу 45.000 евра за 1.500 м2) или по пазарна цена. Не можев да најдам колкава добивка остварува МПЦ годишно. Со тој податок ќе дознаевме колку точно изнесува ослободувањето од данок до 5% од вкупниот приход.
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Oct-2011 at 15:16
Originally posted by OCB


Единствен начин ова да се случи ќе биде преку донација на име јавен интерес. Ова ќе повлече даночни олеснувања за МПЦ. За годината во која ќе биде дадена донацијата, данокот на добивка на МПЦ во износот на дадената донација ќе и се признае како расход во даночниот биланс во вкупна висина до 5% од вкупниот нејзиниот годишен приход.


Колку знам, МПЦ не плаќа данок, не издава фисклани, до скоро и придонеси за пензија не плаќаа...

Има некој повеќе информации за ова?
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Oct-2011 at 19:25
Originally posted by OCB

Originally posted by Cloverstack

Во целава работа има уште нешто интересно. Земјиштето и беше практично подарено на МПЦ. Каков е сега планот? МПЦ едноставно ќе го врати?

Единствен начин ова да се случи ќе биде преку донација на име јавен интерес.

Да се поправам - донацијата не е единствен начин. Втора можност би било преку експропријација. Овој метод мислам дека повеќе им оди во корист и на МПЦ и на властите затоа што полесно би се договориле за надоместокот кој би бил ист како и уплатената сума за земјиштето. „На ти го дај ми го“ просторно планирање.   
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 24-Oct-2011 at 15:03
Тотално е небитно како ќе се префрла земјиштето. Црквата како го доби, така и ќе се опрости од него. Додека луѓе се тепаа, МПЦ мудро си ќутеше и си одигра една типично подредена улога која е очигледно израз на нејзина силна политичка обоеност за што овде не вреди да се дискутира. Логично е по сите измени на плановите, трансфери на сопственост, поклонувања, истите да продолжат во добро познат нетранспарентен, полу-легален стил како досега и никој да не смее да се занимава со тоа или ако сака, да биде маргинализиран, заќутен, па и нешто полошо да му се случи...
Туку како ли ќе реагираат сега „верниците-тепачи“ кога стварно нема да им се изгради црквата каде што претходно на ктиторот му си имаше сонето!? Ќе го спукаат ли ТодоровиЧ сега како асистентките од АФ!?
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1875
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 24-Oct-2011 at 15:28
haha kakvi vernici kakvi gluposti, kako sto bea plateni da se blamiraat taka sega ke im naredat da si sedat doma...
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 597
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 24-Oct-2011 at 15:31
Lugeto vo vlasta se navistina odlicni manipulatori! Protestite bea nasoceni kon nedozvoluvanje na izgradba na BILO KAKOV OBJEKT na plostadot! No tie ja nasocija diskusijata kon toa deka lugeto se protivat na izgradba na crkva na plostadot so sto gi motiviraa kontra-protesite.
A sega naednas, nema da ima crkva na toa mesto!
Treba povotrno da se demonstrira, protiv toj objekt sto sega sakaat da go gradat! Da vidime dali ke ima kontra-miting!
Moze (sarkasticno) da se bara na pr. da se vrati crkvata! Podobro i toa odkolku nekakov trgovski ili sto veke!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 25-Oct-2011 at 18:57
Originally posted by nenad

Lugeto vo vlasta se navistina odlicni manipulatori! Protestite bea nasoceni kon nedozvoluvanje na izgradba na BILO KAKOV OBJEKT na plostadot! No tie ja nasocija diskusijata kon toa deka lugeto se protivat na izgradba na crkva na plostadot so sto gi motiviraa kontra-protesite.
A sega naednas, nema da ima crkva na toa mesto!
Treba povotrno da se demonstrira, protiv toj objekt sto sega sakaat da go gradat! Da vidime dali ke ima kontra-miting!
Moze (sarkasticno) da se bara na pr. da se vrati crkvata! Podobro i toa odkolku nekakov trgovski ili sto veke!
не само власта, мораме да признаеме дека со таа црква буквално сите општествени сили си истурија страсти поради разни инспирации... мислам, да сумираме, прво се протестираше против самиот објект, па се создаде тепачка со недефинирани контрапротестанти, па мир, па се побунија од ИВЗ, па мир, за на крај сето тоа да се сведе на конфликт меѓу политички партии и проблемот да го „решат“ нивните лидери, што е апсулотно смешно...
и на крај власта ја обвинувам само поради тоа што се обидуваат проблемов да го пикнат под тепих и да најдат решение кое барем нема да разгорува етнички конфликти, за на крај да си продолжат со своето урбанистичко дивеење низ центарот...
стварно е срамота целата приказна околу тоа проклето делче од плоштадот...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 25-Oct-2011 at 20:40
Originally posted by zabegan


не само власта, мораме да признаеме дека со таа црква буквално сите општествени сили си истурија страсти поради разни инспирации... мислам, да сумираме, прво се протестираше против самиот објект, па се создаде тепачка со недефинирани контрапротестанти, па мир, па се побунија од ИВЗ, па мир, за на крај сето тоа да се сведе на конфликт меѓу политички партии и проблемот да го „решат“ нивните лидери, што е апсулотно смешно...и на крај власта ја обвинувам само поради тоа што се обидуваат проблемов да го пикнат под тепих и да најдат решение кое барем нема да разгорува етнички конфликти, за на крај да си продолжат со своето урбанистичко дивеење низ центарот...стварно е срамота целата приказна околу тоа проклето делче од плоштадот...


Тоа не е делче од плоштадот, тоа е делче надвор од плоштадот, не е плоштад - ако збориме прецизно.

Инаку ни јас не ја поддржувам идеата да има таму обејкт, но некои работи уште предвеме се утнати во планирањето на објектите кои треба да го обликуваат плоштадот.
Ако Лумикс е градежно земјиште, тогаш не гледам причина зашто на тоа место кај што се планираше прво црквата да нема објект ...?

Edited by HugoGoulding - 25-Oct-2011 at 20:43
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 25-Oct-2011 at 21:54
со тој објект ќе се затвори видикот на вероватно најпосакуваната фотографија од Скопје,споменикот низ пролазот на капијата
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 25-Oct-2011 at 22:02
Originally posted by HugoGoulding


Тоа не е делче од плоштадот, тоа е делче надвор од плоштадот, не е плоштад - ако збориме прецизно.



Ако може објасни ми како тоа делЧе не е дел од плоштадот??
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 25-Oct-2011 at 22:10
Не само тоа, ако добро се сеќавам и авторката на портата а и здравата логика ни кажува дека локација на портата може да се оправда само со тоа што нуди одличен поглед кон Александар и Центарот од една и Собранието од друга страна. Со затварање на едната страна секако се губи и намената на платформата која е предвидена на врвот на портата. Втора работа е намената на портата која беше оправдувана со поминување на кошаркарите низ портата која дирекно води кон плоштадот, вака поминувањето низ портата ќе води кон зграда. Останува да се надеваме дека оваа идеја нема да се реализира.
Што се однесува до црквата веќе имам кажано дека многу ми се допаѓа идејата да се изгради до куќата на Мајка Тереза и мислам дека е тоа најдобра локација за овој објект.
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 25-Oct-2011 at 23:14
Originally posted by tomi_z


Originally posted by HugoGoulding

Тоа не е делче од плоштадот, тоа е делче надвор од плоштадот, не е плоштад - ако збориме прецизно.

Ако може објасни ми како тоа делЧе не е дел од плоштадот??



E таа дебелата светла зелена линија е регулационата линија на плоштадот и ги означува границите на плоштадот, се' што е надвор од неа не е веќе плоштад. Toа делче за кое збориме е надвор од регулационата линија на плоштадот, т.е. не му припаѓа во плоштадот.



Инаку да не бидам погрешно разбран, јас не ја подржувам идеата за објект на местото каде што беше претходно планирана црква, мислам дека тој дел е доволно убаво да се среди со нови плочници и тротоари, дрвореди и клупи, и ете заедно со шминкањето на околните фасадите тој простор би изгледал одлично.

Edited by HugoGoulding - 25-Oct-2011 at 23:19
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.