build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комерцијален објект наместо црква на плоштадот

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 9>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #61 Posted: 03-Jul-2012 at 23:10
Важно е што воопшто помислиле за погледот кон александар кога се зема во предвид деке само бизнисот е важно! Е сега баш ми интересира што ќе прават нашите архитекти, едвај го чекам изгледот иако за тоа треба долго да чекам. Можно е да се брани погледот кон слександар мислам еве чист пример е скицата на алексгж
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #62 Posted: 04-Jul-2012 at 02:14


Прилично сум убеден дека сите Ск2014 конкурси се спроведуваат чисто ради форма, откако веќе е избрано некое решение зад затворени врати и вон сите нормални процедури.

Во секој случај и јас со нетрпение ќе чекам да видам што избрале... И дали барем во овој специфичен случај (кога под закана е погледот од триумфалната капија кон споменикот на Александар, што претпоставувам сепак им е битно дури и на фантомите кои го креираат Ск2014) преовладал разумот и всушност тивко ја прифатиле идејата на alexgizh (иако неговата забелешка за време на јавната анкета за ДУП-от беше ладно отфрлена). Или сепак повторно слепо се стрчале по што поголема квадратура и на локацијава ќе треснат една голема затка во секој смисол на зборот.

Еве да ги имаме и скиците на alexgizh во нишкава, моментално токму овде се најрелевантни:
















Edited by Cloverstack - 04-Jul-2012 at 03:26
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12051
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #63 Posted: 04-Jul-2012 at 03:10

Инаку навистина ми е многу чудно како и зошто баш НБРМ треба да се смести на оваа локација.

Пред се, малку ли концентрација и гужва се направи околу плоштадот со сите досега предвидени објекти, па сега фалеше уште оваа институција? Плус тоа за НБРМ требаат ваљда подземни трезори мезори бункери и други простории, кои постоечкиот објект ги има. Овдека треба наново да се прави таква скапа инвестиција, а меѓудругото дали тоа значи и дека конечно се затвораат сите можности за реализација на предвидениот подземен сообраќаен коридор што треба да се надоврзе на булеварот 11 Октомври и дека веќе засекогаш можеме да му туриме пепел?!? Ако е така, некој треба дебело да образложи зошто се прави тоа. Исто така некој треба да образложи какво ќе биде сообраќајното поврзување на оваа важна институција, со оглед на фактот што за објект насила насаден на оваа локација токму подземниот коридор е последна шанса за асален сообраќаен пристап.

И уште една работа делува многу чудно. Од НБРМ тврдат дека потреба и план за „нов простор“ имало подолго време и дека откако отпаднала од игра локацијата на старата народна банка, сакале да доградат уште една кула на постојната локација во Маџир Маало. И сега одеднаш оооооп преселба на плоштад. Доколку НБРМ има потреба од дополнителна квадратура, локацијава на плоштад Македонија е значително поограничена од постојната (дури и ако се батали погледот од триумфалната капија кон Александар и наместо тоа се оди на максимално искористување на насила набутаната и максимално напумпаната градежна маркичка).

Не знам колкава квадратура има постојниот објект во Маџир Маало и колку од тоа и припаѓа на НБРМ, но објектот е прилично голем и малку е чудно како тоа бараат подобри просторни услови на една чир локација со скромна површина. Плус тоа во краен случај објектот во Маџир Маало има отворен потенцијал за повеќекратно проширување, при што без проблем би можеле да бидат задоволени сите логични урбанистички барања. Така да мислам дека многу провидно делува „објаснувањето“ дека преселбата во извесно „барокен“ објект на плоштад се прави поради обезбедување на просторни услови. Јасно е дека мотивите се сосема поинакви и веќе и мало дете може да ги препознае. Останува прашањето дали тој на кого што му се сонило дека треба да има ваква преселба, барем малку се грижел дали ефектите врз функционирањето на НБРМ ќе бидат позитивни или негативни, или таквите критериуми се небитни кога се игра SimCity?



Енивеј, еве да го евидентираме овој проект за проширување на постојниот објект на НБРМ, мада не можам да се сетам каде и кога беше презентиран:


Originally posted by Cloverstack

Доградба и надградба на блок Д
Комплекс Народна Банка на Република Македонија

Автори:
Радомир Лаловиќ, диа
Маја Лаловиќ Блажевска, диа

Соработници:
М-р Сашо Блажевски, диа
Мери Батакоја, диа









Edited by Cloverstack - 04-Jul-2012 at 03:31
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #64 Posted: 04-Jul-2012 at 08:52
Колку за формата можеби ќе премислуваат а за висината на објектот( значи како во скицата неколку делови пониски а другите повисоки) сум сигурен дека нема да се случи.
ПС: Ако има некој архитект во форумов нека го презема формата и висината ако алексгиж и групата се согласуваат

Edited by my Macedonia - 04-Jul-2012 at 08:56
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1905
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #65 Posted: 04-Jul-2012 at 10:11
mnogu mi e interesen delot vo textot od alfa: ako dozvoli statikata... kakva crna statika??? ova e izgleda za luge sto pojma nemaat od arhitektura... tuka se raboti za grabanje kvadratura sto poveke. prvo ja smenija visinata od 29 na 40, i site mislevme deka e so cel da se stesni markicata, a mozebi i so taa ideja trgnale, no potoa im se videlo fino kolku kvadrati se dobiva, pa si rekle more ostaj ja vakva, kakva porta kakov konj
edinstveno mi e milo i krivo vo isto vreme sto samite sebe si se unistija, od alcnost i strvnost si ja unistija idejata... istoto vazi i za spomenikot na padnatite borci so site tie neskladni spomenici od strana...
potpolno ist e slucajot so majka tereza spomenikot... ama chuv dka razmisluvaat da go stavat na kruzniot tek kaj vlada, sto mislam deka e mnogu podobro resenie...

Edited by xnx - 04-Jul-2012 at 10:36
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #66 Posted: 04-Jul-2012 at 11:33
Тоа со статиката мене ми мириса на многу висок пасаж под дел од објектот...
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #67 Posted: 04-Jul-2012 at 11:37
Овие се до толку заинатени да искоренат све што е остаток од социјалистичкото време, особено зградите во кои они се сместени, само за да означат нов белег на градов и да им се повлече алергијата од престој во социјалистички згради.
Во нормално земји, централната банка е таа која најчесто го стопира претераното трошење од страна на централната власт, но од кога си ставија пион на позицијата гувернер очигледно веќе НБРМ не служи како контролор, туку како место за пикање нови војници, затоа и немаат доволно простор. Ако веќе толку сакаа можеа у Маџир Маало на местото на постојните штали да ја убацат зградата, плус ќе имаа одлично средено плато и мизерната околина ќе ја снемаше. Ама не, како што напишав и во нишката за Туризам во Ск, они ќе ја остават околината очајна, ама затоа све друго ќе стават на површина од километар квадратен и ќе глумиме бизнис парадоксално јадро во центарот на Скопје, кое наместо со приватни објекти и институции, како што е ред во нормалниот свет, ние ќе правиме финансиски центри со ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ (НБРМ де факто не е, ама се понаша ко да е). И не можам да сфатам како на тоа место, освен ако не прават 20-катница, ќе добијат порепрезентативен објект со поголема кваратура.
А чуди и зошто вие од провинција не се буните за ваквото спи*кување на народните пари, или и вие со девизата што има везе коа за некое време и ја ќе живеам у Скопје.
23ka.wordpress.com
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #68 Posted: 04-Jul-2012 at 11:38
Како тоа им треба простор а ќе се селат во помал објект ? Laugh Може мислат да држат две згради, стара и нова, што е без врска. Напишаното во пост 63 е во целост точно плус солидно делува проектот за надградба. Енергично сум против зграда на тоа место пошто го задушува плоштадот. Нека си ги стават парите во џеб без да градат, само нека престанат со глупости и сакатење на Скопје.  
"Скопје е промашен град" - Арх. Живко Поповски
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1905
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #69 Posted: 04-Jul-2012 at 11:58
prikaznite so potreba od prostor i statikata se nameneti za luge sto gi mrzi da proverat dali e toa taka i dali ima logika. kolku od lugeto i novinarite se setija da vidam dali navistina prostorot tuka e pogolem?... ova e isto kako dihtanjeto na prozorite na vladata, zalenjeto na dukandziite od gtc deka im furalo promaja pa moralo da se zatvori, kako i menuvanjeto na site fasadi vo centarot posto ne se vklopuvale vo okolinata... prikazni za mali deca, na koi sekoj sto ja razbira temava slatko bi se iznasmeal...

Edited by xnx - 04-Jul-2012 at 11:59
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Offline
Posts: 3852
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #70 Posted: 04-Jul-2012 at 12:26
Имам впечаток дека владата сака сите институции да ги сели во центар односно мал и голем ринг! За мене селењето на банката в плоштад е без логика пошто се трошат пари вез везе мислам со тие пари може да си ја реновираат старата зграда па ако треба ќе
може и надградба. Незнам ама како што гледате многу институции се селат а центар како центар треба да има кафулиња, шопингцентри се што треба да има еден центар а не 70% државни институции. Како и да е, се надевам дека ова лудило ќе има крај.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #71 Posted: 04-Jul-2012 at 15:02
Originally posted by xnx

prikaznite so potreba od prostor i statikata se nameneti za luge sto gi mrzi da proverat dali e toa taka i dali ima logika. kolku od lugeto i novinarite se setija da vidam dali navistina prostorot tuka e pogolem?... ova e isto kako dihtanjeto na prozorite na vladata, zalenjeto na dukandziite od gtc deka im furalo promaja pa moralo da se zatvori, kako i menuvanjeto na site fasadi vo centarot posto ne se vklopuvale vo okolinata... prikazni za mali deca, na koi sekoj sto ja razbira temava slatko bi se iznasmeal...
тоа си го помислив и јас, некој очигледно ја мути работата
дури и да се каже дека навистина на НБРМ им требал некаков нов простор, проектот кој погоре го посочи кловер, е далеку попаметна инвестиција од оваа... а тоа дека постоечкиот објект не им штимал, се новинарски глупости, исто како што е новинарска глупост дека има требал некој репрезентативен објект, како да постоечкиот не е, и како да репрезентативноста на објектот е најбитно нешто за банката...

мене само сеуште не ми се јасни зошто толкави напори се вложуваат по секоја цена на таа локација на плоштадот да се залепи објект, било каков, со било каква намена...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #72 Posted: 04-Jul-2012 at 15:05
Originally posted by my Macedonia

Имам впечаток дека владата сака сите институции да ги сели во центар односно мал и голем ринг! За мене селењето на банката в плоштад е без логика пошто се трошат пари вез везе мислам со тие пари може да си ја реновираат старата зграда па ако треба ќе
може и надградба. Незнам ама како што гледате многу институции се селат а центар како центар треба да има кафулиња, шопингцентри се што треба да има еден центар а не 70% државни институции. Како и да е, се надевам дека ова лудило ќе има крај.
не е проблемот тој, баш напротив , вакви институции многу често се сместени во центар... проблемот е што банката е институција со посебни потреби кога се работи за објектот во кој се наоѓа, локацијата на плоштад е далеку неадекватна за намената на објектот... плус да не збориме што на банката на тацна и е веќе даден објект специјално дизајниран за намената, кој само требаше да се надградува со тек на потребите
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4510
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #73 Posted: 04-Jul-2012 at 15:10
Originally posted by N23

А чуди и зошто вие од провинција не се буните за ваквото спи*кување на народните пари, или и вие со девизата што има везе коа за некое време и ја ќе живеам у Скопје.



Ти го имаш читано оној блогот на комита со провинцијалците ама Може тоа е така бидејќи репрезентативниот примерок на „провинцијалците“ е просечен слеп гласач и полтрон, ништо поразлично од просечниот скопјанец.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1905
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #74 Posted: 04-Jul-2012 at 15:11
mene licno niti mi se sviga vaka kako sto e pazno, mi e nedefiniran toj prostor, niti kako sto ja postavija markicata. najveke mi se sviga kako sto go predvidi alexgizh...
ocekuvam sega napadi deka e najubavo vaka i deka ne mora sekoe prazno mesto da se popolni, megutoa taka mislam.
vaka niti e definiran prostorot, niti ulicata sto gi spojuva spomenikot i portata, niti pa lumiks mi se dopaga kako e vklopen vo ovoj del...
zatoa ke recam poddrzuvam gradba tuka, no so duplo pomala markica. visinata voopsto ne mi smeta da e 40.
isto taka ja poddrzuvam i markicata za merriot, i pokraj toa sto mi se sviga san marko vaka kako sto e mi e nedefiniran toj prostor.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #75 Posted: 04-Jul-2012 at 15:17
единствена придобивка од завземањето на НБРМ на оваа маркица е што ќе се гради државен објект а не објект на некој новопечен богаташ-транзиционен бизнисмен,бидејќи сум 109,5 % сигурен дека за 10-20 години во Скопје како и во сите поголеми и помали градови во РМ,сите можни места каде може да се набута насила објект,ќе се набута и тука нема спас.доаѓа времето на парите и моќта,за жал,а не на правото и правдата.

за оваа маркица само да се избориме да остани глетката према плоштадот и споменикот,без обзир дали го сакаме или несакаме споменикот
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #76 Posted: 04-Jul-2012 at 15:26
Originally posted by гитардемон

Originally posted by N23

А чуди и зошто вие од провинција не се буните за ваквото спи*кување на народните пари, или и вие со девизата што има везе коа за некое време и ја ќе живеам у Скопје.



Ти го имаш читано оној блогот на комита со провинцијалците ама Може тоа е така бидејќи репрезентативниот примерок на „провинцијалците“ е просечен слеп гласач и полтрон, ништо поразлично од просечниот скопјанец.


Прочитав само дел од блогот и го исклучив табот Не дека сакам да навредам, ама овој просечен скопјанец се радува затоа што тоа е во "неговиот" град, ама не можам да разберам како со ова се согласува поголемиот дел од прилепчани, битолчани, велешани град у кој три бекатон коцки не се ставени последните 3 години, штипјани кои освен универзитет остана да живеат во заостанат транзициски град, па и дел од граѓаните на приградските населби во Скопје кои и ден денес коли паркираат у кал, немаат улици, ама битно многу се горди у центарот кога ќе отидат.
Точно е за најголем дел од работите е задолжена локалната власт, ама ако у Скопје централната дава пари и за тротоари и за улици и за мостови и за споменици, ондак истото може да го прави и во провинцијата. Ама изгледа некој опасно си игра со животот на тие граѓани.
23ka.wordpress.com
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7072
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #77 Posted: 04-Jul-2012 at 15:27
Originally posted by xnx

mene licno niti mi se sviga vaka kako sto e pazno, mi e nedefiniran toj prostor, niti kako sto ja postavija markicata. najveke mi se sviga kako sto go predvidi alexgizh...
ocekuvam sega napadi deka e najubavo vaka i deka ne mora sekoe prazno mesto da se popolni, megutoa taka mislam.
vaka niti e definiran prostorot, niti ulicata sto gi spojuva spomenikot i portata, niti pa lumiks mi se dopaga kako e vklopen vo ovoj del...
zatoa ke recam poddrzuvam gradba tuka, no so duplo pomala markica. visinata voopsto ne mi smeta da e 40.
isto taka ja poddrzuvam i markicata za merriot, i pokraj toa sto mi se sviga san marko vaka kako sto e mi e nedefiniran toj prostor.
и јас нешто слично размислувам... според мене на таа маркица не мора да има објект, поради тоа што е многу комплицирано да се вклопи со сите линии на неговата хаотична околина
што све не ми текна како идеја за тој простор и пак ништо од тоа не одговара на околината, што и да се изградеи, ќе треба да се батали барем една градежна линија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #78 Posted: 04-Jul-2012 at 16:06
Originally posted by Cloverstack


Инаку навистина ми е многу чудно како и зошто баш НБРМ треба да се смести на оваа локација.

Пред се, малку ли концентрација и гужва се направи околу плоштадот со сите досега предвидени објекти, па сега фалеше уште оваа институција? Плус тоа за НБРМ требаат ваљда подземни трезори мезори бункери и други простории, кои постоечкиот објект ги има. Овдека треба наново да се прави таква скапа инвестиција, а меѓудругото дали тоа значи и дека конечно се затвораат сите можности за реализација на предвидениот подземен сообраќаен коридор што треба да се надоврзе на булеварот 11 Октомври и дека веќе засекогаш можеме да му туриме пепел?!? Ако е така, некој треба дебело да образложи зошто се прави тоа. Исто така некој треба да образложи какво ќе биде сообраќајното поврзување на оваа важна институција, со оглед на фактот што за објект насила насаден на оваа локација токму подземниот коридор е последна шанса за асален сообраќаен пристап.

И уште една работа делува многу чудно. Од НБРМ тврдат дека потреба и план за „нов простор“ имало подолго време и дека откако отпаднала од игра локацијата на старата народна банка, сакале да доградат уште една кула на постојната локација во Маџир Маало. И сега одеднаш оооооп преселба на плоштад. Доколку НБРМ има потреба од дополнителна квадратура, локацијава на плоштад Македонија е значително поограничена од постојната (дури и ако се батали погледот од триумфалната капија кон Александар и наместо тоа се оди на максимално искористување на насила набутаната и максимално напумпаната градежна маркичка).

Не знам колкава квадратура има постојниот објект во Маџир Маало и колку од тоа и припаѓа на НБРМ, но објектот е прилично голем и малку е чудно како тоа бараат подобри просторни услови на една чир локација со скромна површина. Плус тоа во краен случај објектот во Маџир Маало има отворен потенцијал за повеќекратно проширување, при што без проблем би можеле да бидат задоволени сите логични урбанистички барања. Така да мислам дека многу провидно делува „објаснувањето“ дека преселбата во извесно „барокен“ објект на плоштад се прави поради обезбедување на просторни услови. Јасно е дека мотивите се сосема поинакви и веќе и мало дете може да ги препознае. Останува прашањето дали тој на кого што му се сонило дека треба да има ваква преселба, барем малку се грижел дали ефектите врз функционирањето на НБРМ ќе бидат позитивни или негативни, или таквите критериуми се небитни кога се игра SimCity?



Енивеј, еве да го евидентираме овој проект за проширување на постојниот објект на НБРМ, мада не можам да се сетам каде и кога беше презентиран:


Originally posted by Cloverstack

Доградба и надградба на блок Д
Комплекс Народна Банка на Република Македонија

Автори:
Радомир Лаловиќ, диа
Маја Лаловиќ Блажевска, диа

Соработници:
М-р Сашо Блажевски, диа
Мери Батакоја, диа




Одлични пеонти Кловер! Апсолутно треба да се земат во предвид следните од тебе нарбојани фактори, по следниот редослед на важност:
-Транспортниот тунел од пл. Македонија кон бул. 11 Октомври. Ќе го има или не и зошто?
-Сигурноста на самата банка (во смисла на трезори и други непознати за мене критериуми), како и достапот до истата. Во Централна банка одат важни луѓе, на кои мора да им се овозможи директен достап со автомобил до објектот. Едно решение е да се влегува со автомобил преку плоштадот, за што јас сум апсолутно против! Во тој случај зошто ни е плоштад, дајте да пуштиме насекаде улици! Друга можност е да се пушти тунел само до овој објект, што повторно е претеризам. За секој вештачко насаден објект ли ќе градиме по едно тунелче за сметка на транспортен коридор кој го премостува центарот и е во функција на сите граѓани на Скопје?!? Тоа е скапо и глупаво решение.
-Гушење на просторот и узурпација на пешачките коридори! Тука во целост се согласувам со Кензо-Фан, апсолутно сум против градење на било каков објект на оваа локација!
-Тек на последно место би го ставил погледот од првиото кич-гомно, кон второто такво (читај Воин на коњ и Портата).

И всушност дојдовме до точка кога ќе беше подобро да се градеше црквата на оваа локација отколку објект на Централната банка. Така барем ќе беше спасен паркот кај АРМ и немаше да се мисли за транспортниот достап ниту безбедноста на објектот. Тоа е очекувана појава, ако се земе во предвид фактот дека тенденцијата е континуирана деградација на идеите кои се изведуваат со се поголема глупост, дрскорт, агресивност, безидејност и незнаење, нанесувајќи се поголеми штети на Скопје и Македонија на многу полиња.

Сума сумарум, ние тука се утепавме од брбљање, тони значајни и валидни аргументи изнесовме при секоја додатна глупост што ја замислиле незнајковциве, но нема никаков ефект. Се се прави без градм транспарентност, дискусии помеѓу интересните групи, експерти, јавност... За жал нашето општество е заглавено во 16 век и не се интересира од ништо значајно! Капацитетот и критичната маса е многу мала и константно е во процес на дефанизва и уништување! Како пример би ги дал новинарчињата кои несомнено о читаат форумов, но ниту еднаш не сум видел да ги пренесат тезите во своите медиуми и со тоа да покренат вистинска дебата.
Јас сум краен песимист за сите настани во Македонија, едноставно не се гледа крај на глупостта!


Edited by Andrej_LJ - 04-Jul-2012 at 16:13
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #79 Posted: 04-Jul-2012 at 17:46
По кој знае кој пат ќе повторам:
 
Секоја им чест на Алфа ТВ !!!
 
Applause Applause Applause Applause Applause
 
А верувам дека и форумов и должи благодарност на Алфа ТВ за бесплатниот маркетинг што му го прави.
 
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=51900
 

Архитекти: Маркичката за зграда на плоштадот да се преоцени

 
среда, 04 јули 2012, 17:35
 
Маркичката за зграда на плоштадот Македонија, која треба да биде ново седиште на монетарната власт, целосно да се преоцени. Ова е мислењето на стручната комисија во општина Центар, на чие чело е професорот Андреј Токарев, дадено при последните измени на деталниот план- Мал Ринг. Комисијата забележала, но не и било прифатено, дека 40- метарскиот објект ќе го наруши и погледот и движењето на пешаците.
 
- „Предвидената површина за градба ... целосно да се преоцени бидејќи спречува една од најзначајните аксијални визури ... од Собранието на Р.М. преку Портата и кон споменикот на Воинот на коњ, а го пренасочува и непреченото пешачки движење кон плоштадот Македонија.“- се вели во забелешката
 
- „ Забелешката од стручната комисија не се прифаќа, потребата од поставување на градба е утврден во одобрена планска програма и вградена во претходен план“. – гласи одговорот на надлежните.
 
Со оглед на ставот на надлежните урбанисти, задржувањето на погледот од Собранието и Портата до Воинот на коњ, ќе зависи од идеите во конкурсот за идејно решение кое го објави монетарната власт.
 
Во него се бара обезбедување на визурата, но само доколку тоа е возможно.
 
На темата веќе има повеќе мислења на форумот на интернет страната за архитектура и градежништво „Билд“. Во двете нај репрезентативни, членовите предлагаат помал габарит на зградата и помала висина од предвидената, за да се обезбеди и погледот и протокот на пешаци.
 
40 метарската зграда на плоштадот беше вметната на почетокот на годинава, на местото на претходно предвидената Црква. Маркичката за верскиот објект пред три години беше причина за судир на Плоштадот, меѓу група студенти на архитектонскиот факултет кои беа против и друга група поддржувачи на изградбата на храмот.
 
Александар Димитриевски



Edited by Dexter26 - 04-Jul-2012 at 17:46
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #80 Posted: 04-Jul-2012 at 17:52
Александар Димитриевски Cheers
Напротив, и форумот и медиумите (во овој случај Алфа, но би било одлично доколку и другите го следат нејзиниот пат) имаат двострана корист од ваквата соработка. Медиумите црпат идеи и замисли и го скенираат јавното мнение преку билд, додека форумот добива гласност преку медиумот. Подобра комбинација здравје и пример како треба да се работи професионално.
Инаку би бил многу среќен доколку се повеќе новинари ни се приклучат и пред да направат некаква репортажа јавно тоа го најават на форумов, за да може претходно да се продискутира и извлечат најползотворните идеи.
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 23456 9>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.156 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.