build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вистината за Велес и велешката топилница !

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 13-Dec-2011 at 23:27
една вест што е можеби индирекно поврзана со ескалацијата на проблемот во Велес
вторник, 13 декември 2011, 19:19

Свет
Кина ги исцрпи глобалните залихи на олово

Глобалниот вишок на олово наскоро би можел да падне на најниско ниво во последниве пет години, како последица на зголемената кинеска потрошувачка на овој метал, кој главно се корсти за производство на акумулатори, соопшти американската инвестициска банка „Морган Стенли“


Според проценките на банката, суфицитот во снабдувањето со олово во текот на 2012 година ќе се намали на околу 8.000 метрички тони, од овогодишните 78.000 тони.

Кина, која е главен потрошувач на олово во светот со 44 отсто учество во глобалниот пазар на овој метал, во текот на 2012 година се очекува да ги зголеми потребите за олово за 9,5 отсто, што пак би резултирало и со раст на неговата цена за 19 отсто на 2.500 долари за тон. Во текот на 2011 година оловото поевтини за 18 проценти поради зголемента загриженост на инвеститорите дека успорениот економски раст ќе ја намали неговата потрошувачка.

Сепак, аналитичарите проценуваат дека побарувачката на олово ќе продолжи да расте во 2012, што би била десетта година на постојан раст на потрошувачката на овој метал.

- Производството на акумулатори помалу или повеќе ќе продолжи да расте со исто темпо, независно дали ќе има нова рецесија или не, изјави аналитичаеот на банката „БНП Париба“, Стивен Бригс.

Експертите проценуваат дека побарувачката на олово ќе продожи да расте и во следните четири години.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=1600
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 18-Jan-2012 at 23:02
Одобрено писмото за намери на „Метрудхем“ за Топилница

среда, 18 јануари 2012, 18:40

 Министерството за животна средина го одобри писмото за намери на „Метрудхем“ за рестартирање на велешката топилница. Согласно процедурите, од понеделник на компанијата ќе и биде доставен обемот на студијата за оценка на влијанието врз животната средина, која „Метрудхем“ треба да ја изработи во следните месеци. Директорот на управата за животна средина, Филип Иванов, објаснува дека барањата на Министерството за студијата се обемни.

- „ Во студијата бараме да бидат опфатени сите аспекти. Покрај технологијата која би се употребила, емисијата на гасови и степенот на загадување ќе се бара опфаќање и на влијанието врз социо- економските аспекти. Во обемот бараме и презентирање на алтернативни решенија, односно што ќе се случи ако се гради на сегашната локација, што ако не се гради и што ако се гради на алтернативна локација“. – изјави меѓу другото директорот на управата за животна средина, Филип Иванов

Позитивното мислење на студијата која треба да ја изработи „Метрудхем“ е основен услов за почеток на било какви градежни работи на терен. Пред да се донесе одлука, процес долг околу девет месеци, од министерството објаснуваат дека истата ќе биде испратена до сите вклучени страни и објавена на интернет страницата на Екологија. Надлежните очекуваат при процесот на одлучување да има и широка јавна дебата.

Самата идеја за рестартирање на Топилницата предизвика силно негодување на велешката јавност. Владата потоа понуди, а „Метрудхем“ начелно се согласи да се разгледа и опција Топилницата да се дислоцира. Каков и да биде натамошниот развој на настаните, од животна средина уверуваат дека ништо не може да се случи преку ноќ. Под услов „Метрудхем“ да добие позитивно мислење за студијата до крајот на годинава, потоа следува уште исто толку долг временски период за интегрирана еколошка дозвола- без која пак не може да се почне со производство.

Александар Димитриевски
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=45053
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Jan-2012 at 23:39
јас мислам дека на крај владата ќе даде пари за трошокот за преселба на фабриката на друга локација и така среќно ќе си живеат до....
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 21-Jan-2012 at 00:42
20.01.2012, 17:50

„Метрудхем“ сам ќе си избира локација за Топилница!

За да ја изработи студијата за влијание врз животната средина, на компанијата и' треба и алтернативна локација

Сања Наумовска


Нема договор за нова локација на Топилницата, но постапката за рестартирање си продолжува. Иако најавија преговори на кои ќе се бара решение за да не се повтори еколошката катастрофа на Велес, и од Владата и од „Метрудхем“ досега само молчат. Компанијата деновиве ќе почне и да изработува Студија за оцена на влијанието врз животната средина, но не се знае за која локација ќе се однесуваат условите во неа. Ако наскоро нема средба, за да ја изработи Студијата, „Метрудхем“ веројатно ќе треба сам да си избере локација. Во спротивно, документот нема да му биде целосен, коментираат експерти. Ова однесување на институциите, според нив, е несериозно и неприфатливо.

„Не може да се остави една компанија самата да си бира алтернативна локација каде што сака, само за да може да го изработи документот, тоа е несериозно. Изборот треба да го направи државата“, коментираат експертите.

Досега немаше ниту една официјална средба меѓу „Метрудхем“ и надлежните, иако премиерот Никола Груевски вети дека Владата е подготвена да посредува само да се најде решение со кое ќе се заштити иднината на градот и здравјето на велешани. Наместо тоа, деновиве од Министерството за животна средина го одобрија писмото за намери на „Метрудхем“, а идната недела на компанијата ќе и' биде доставен и обемот на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина. Документот ќе се изработува за спорната локација во Велес, но, според барањата на Министерството, и за друга алтернативна локација. Кои се алтернативите кои ќе ги понуди „Метрудхем“, каде се наоѓаат тие, дали ќе бидат спорни како и велешката, не е прецизирано.

„Секоја студија за оцена на влијанието врз животната средина мора да се однесува на конкретна локација“, коментираат експерти за животна средина. Во студијата се анализираат влијанијата на конкретната постојка врз воздухот, почвата, водите во околината, карактеристиките на теренот, ружата на ветрови и други услови. Таа, велат експертите, може да предвидува и алтернативни решенија, како што се бара и во случајот со Топилница, но главниот акцент, секако, ќе биде ставен на постојната локација. Прашање е кои се алтернативните локации за изградба на ваков објект, бидејќи досега никој од надлежните не излезе во јавноста со конкретен предлог.

Експертите објаснуваат дека изработката на Студијата ќе потрае неколку месеци, а пред да се донесе одлуката ќе мора да биде организирана јавна расправа. Тогаш, очекуваат тие, ќе се кршат копјата, особено ако се охрабри стручната јавност да се вклучи со свои аргументи во одбрана на долгогодишната битка на велешани за дислокација на загадувачот. Квалитетна расправа очекуваат и во Министерството од каде што ги повикуваат и граѓаните и експертите да им ги испратат сите забелешки за Студијата кога ќе биде готова. Директорот на управата за животна средина, Филип Иванов, објаснува дека барањата на Министерството за студијата се обемни.

„Во студијата бараме да бидат опфатени сите аспекти. Покрај технологијата која би се употребила, емисијата на гасови и степенот на загадување, ќе се бара опфаќање и на влијанието врз социо-економските аспекти. Во обемот бараме и презентирање на алтернативни решенија, односно што ќе се случи ако се гради на сегашната локација, што ако не се гради и што ако се гради на алтернативна локација“, вели Иванов.

Тој објаснува дека Студијата мора да биде изработена во рок од 60 дена, но веројатно е дека ќе има пролонгирања доколку има потреба да се побараат дополнувања или изработка на анализи. Откако ќе им биде на располагање, Студијата веднаш ќе биде објавена на сајтот на Министерството, а ќе може да ја коментираат сите, и граѓаните и експертите.

Од Министерството очекуваат сите што ќе имаат забелешки да ги достават до нив во писмена форма. Студијата ќе биде доставена и до локалните власти во Велес, а во соработка со Општината и невладините организации ќе биде организирана и јавна расправа.

„Постапките во вакви случаи траат долго време и ништо не може да се случи преку ноќ, а граѓаните треба да имаат и повеќе доверба во институциите дека ќе се очекува исполнување на сите услови кои се бараат, во поглед на најдобрите достапни технологии, без разлика на тоа на која локација би се градел капацитетот“, коментираат од Министерството.

Под услов „Метрудхем“ да добие позитивно мислење за студијата, потоа ќе следува постапката за издавање А-интегрирана еколошка дозвола за која треба исто толку долг период, а која е неопходен услов за почнување со производство.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ABF54CB18450084E9682E7AA626C3033
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 27-Nov-2012 at 18:17

Топилницата во изградба:






... и во распаѓање:




Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.215 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.