build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Aug-2013 at 19:20
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 23-Aug-2013 at 20:06
Огромна е оваа зона. Возев на неколку пати покрај и навистина се наоѓа на одлично место. Ајде да се надеваме дека некогаш ќе се случи и карго аеродромот со што уште повеќе ќе се зголеми атрактивноста иако со планираниот автопат Миладиновци Штип мислам дека изградбата на ваков аеродром навистина е доведен во прашање.  
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Oct-2013 at 17:38
позитивните вести очигледно никој ни го постира,ни ги коментира


Хрватски Кумал ќе отворел погон во Штип



Хрватската компанија Кумал ќе гради погон за производство на термо изолациски материјали во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип, изјави директорката на компанијата Александра Лалиќ по денешната средба во Владата со премиерот Никола Груевски.
Инвестицијата е вредна седум милиони евра и се очекува таа да донесе 50 директни и 100-тина индиректни вработувања.
Се планирана изградбата на погонот да почне во пролет идната година.

http://www.makdenes.org/content/news/25136482.html

Edited by gjoko - 14-Oct-2013 at 17:38
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 14-Oct-2013 at 18:03
Ова не се позитивни вести, ова не е ништо, ако е потпишан договор или ако е започната изградбата, тогаш и би требало да биде вест. Колку лица дошле во земјава и кажале дека ќе градат во земјава, па на крајот ништо не излегло од тоа.
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1078
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 14-Oct-2013 at 20:14
Ѓоко, и ти самиот во некој друг дел од форумов коментираше дека не сакаш вести со ЌЕ.Ете нека е ова одговор на постираното.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 14-Oct-2013 at 20:48
Така е ,но оваа вест не ја даде наш политичар туку еден од директорите на фирмата заедно со хрватскио амбасадор,и плус се потпишаа еден куп на договори.

Ќе неважи кај нас од познати причини,да го повторам еден пратеник во Д.Хисар кој ветувајќи дека ќе направи школо,луѓето му рекле-абе какво школо,деца немаме за школото,на што тој рекол-деца ќе ви направиме(лесна му земја,почитан е сега).

А за позитивни и негативни вести,доволно е да се прегледаат топиците за овие работи,како Бунарџик и слични,освен мои и некои други постирања нема ништо.Толку од доброто мислење и расположение.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Jan-2014 at 08:12
Новата фабрика на Џонсон Контролс во Штип







МИА.мк

Edited by Џоле - 21-Jan-2014 at 08:12
За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 15-Aug-2014 at 10:51
Германската „Техникал текстајлс“ ќе вработи 600 лица во Штип

Почетна инвестиција од вкупно 12 милиони евра најави денеска германската компанија за стаклени влакна „Техникал текстајлс“. Изградбата на објектот од 9.000 метри квадратни треба да почне идниот месец, а планираното производство најдоцна во мај 2015 година.

Како што рече денеска сопственикот Џенс Ванланд, за почеток ќе бидат вработени 500 до 600 лица кои веднаш, по изборот во октомври-ноември, ќе се испратат на обука во Словачка. Доколку фабриката работи добро, бројката ќе достигне преку 1.000.

- Сакаме што поскоро да почнеме со производство. Гледаме голема иднина во Македонија, особено од аспект на економијата. Ова е многу добро место за инвестирање. Ако стартуваме добро, ќе повлечеме и други вложувачи тука, наши партнери, нагласи Ванланд.

Според него, причините за вложување во Македонија се, пред се, исклучителните даночни поволности.

Објектот во ТИРЗ Штип ќе го гради македонска компанија, но утре ќе се знае која. Моментно течат разговорите.

Ванланд за 2015-та најави изградба на уште еден погон, вреден дополнителни 12 милиони евра.

„Техникал текстајлс“ најрпво сакаше да инвестира во Абу Даби, но се откажа поради сложените, бирократски процедури. Сопственикот потоа ја одбрал Македонија откако во авион, во германско економско списание, прочитал за условите и можностите што ги нуди земјава за странските вложувачи. Првите контакти на компанијата со директорот на Дирекцијата за технолошко-инустриски развојни зони (ТИРЗ) Виктор Мизо беа направени на почетокот од годинава.

Според Мизо, во првите шест месеци од годинава извозот од технолошко-индустриските развојни зони достигнал 550 милиони евра, а само во јули 90 до 100 милиони. Од „Техникал текстајлс“ во 2015-та се очекува извоз од над 250 милиони евра.

Цел текст: http://denesen.mk/web/?p=286112
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 15-Aug-2014 at 13:58
Нови илјада вработувања во германската „Техникал текстаил“

Во септември германската Техникал текстаил ќе стартува со изградба на фабриката во Штип. Утре ќе биде познато името на домашната градежна компанија која ќе го гради објектот во кој ќе се произведуваат изолациони материјали за градежната, автомобилската и авионската индустрија, најави сопственикот на Техникал Тексил, Џенс Вандланд.



Производството е планирано за мај идната година. За два месеци работници од земјава ќе заминат на обука во Словачка. Почетната инвестиција е 12 милиони евра, уште толку во 2015 та, а планирани се околу 1.000 вработувања.
„Неколку пати доаѓам во Македонија, сега сум тука на преговори со градежните компании, утре ќе биде познато името на фирмата што ќе ја гради фабриката. Се одлучивме за Македонија поради ниските даноци и добрата иднина на земјата. Мои пријатели, инвеститори се исто така заинтересирани да го прошират својот бизнис во Македонија, се чека на мој успех во земјава“, вели Џенс Вандланд.
Покрај Техникал Текстајл кој ќе инвестира на 9.000 квадратни метри, овој период и италијанската Дијатег треба да одлучи со која домашна градежна компанија ќе соработува, Ки сејфти системс во Кичево активно работи на постоечкиот објект кој треба да профункционира од септември, се очекува ОДВ во Охрид да почне активно со работа. Претставници од ВЕИБО идната недела доаѓаат да ги дефинираат деталите околу инвестицијата во Ранковце, најави директорот на зоните Мизо.
Во првите шест месеци од годинава извозот од технолошко -индустриските развојни зони достигнал 550 милиони евра, а само во јули 90 до 100 милиони. Од „Техникал текстајлс“ во 2015-та се очекува извоз од над 250 милиони евра.

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=46363

Edited by jyvation - 13-Nov-2014 at 13:03
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 07-Oct-2014 at 07:24
ШТИПСКА „АКТИВА“ ЈА ИЗГРАДИ ФАБРИКАТА ЗА БЕЛГИСКИ „ВАН ХОЛ“

Инвестицијата вредна 4 милиони евра е обезбедена исклучиво со сопствени средства на фирмата од Штип



Иван Бојаџиски

Штип – Наспроти многубројните странски инвестиции во нашата држава, во Штип е реализирана чисто домашна инвестиција. Станува збор за новата фабрика за производство на делови за автобуски шасии за потребите на белгискиот производител на автобуси „Ван хол“, во која познатата штипска фирма „Актива“ вложи четири милиони евра сопствени средства. Фабриката ќе биде пуштена во работа идниот месец, а во моментов во тек е монтажата на машините.

„Во рекорден рок од само пет месеци изградивме хала од 8.600 квадратни метри во која за најмногу 30-ина дена ќе го почнеме производството на делови за автобуски шасии за потребите на ’Ван хол‘. Оваа белгиска компанија има свои фабрики за автобуси во индустриската зона ’Бунарџик‘ кај Скопје и во Белгија. Во овој потфат ние вложивме четири милиони евра, а кредитно не' поддржа Комерцијална банка“, вели Иле Николов, првиот човек на „Актива“.

Производниот процес подразбира два аспекта. Првиот се заснова на комплетно автоматизиран дел за што се купени скапи машини од странство, а вториот е мануелен за кој се потребни квалитетни заварувачи од кои најголемиот дел „Актива“ веќе ги обезбеди преку своето интерно училиште за заварувачи во постојната фабрика. „Актива“ и досега произведуваше делови за автобуски шасии за „Ван хол“, но откако оваа фирма ја отвори својата фабрика за автобуси и во Македонија потребите станаа многу поголеми, а за белгиската компанија немаше дилеми дека таа потреба ќе ја реализира со „Актива“.

Отворањето на новата фабрика и почетокот на производството значи и вработување на 60 нови работници. Николов вели дека тие се примени на работа во времето додека траела изградбата на фабриката. Со ова „Актива“ го заокружи бројот на вработените на 240 лица, со што се докажува како најголем остварувач, но и мотиватор за другите за постепена промена на трудоинтензивното штипско стопанство, кое се потпира на текстилот и во помал дел на чевларската индустрија. Во фабриката веќе работат и 24 инженери од кои петмина се примени додека се градеше фабриката. Тоа говори дека 10 проценти од вкупниот број вработени во фирмата е кадар со високо образование.

Првите луѓе на „Ван хол“ биле изненадени од брзината со која бил изграден новиот капацитет, но и од квалитетот на новата градба. Во оваа убава приказна е интересен фактот дека „Актива“ сама си ја изгради фабриката, а нејзино дело се и фабриката на „Ван хол“ и на италијански „Витек“ во „Бунарџик“, како и фабриката на „Џонсон контролс“ во штипската ТИРЗ.

Новата фабрика на „Актива“ е лоцирана во новата индустриска зона „Запад“, во непосредна близина на раскрсницата од магистралата Скопје – Штип – Струмица.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=52E0E0526B7F184CAF76844D7B0124AE
За сè има вторпат
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 07-Oct-2014 at 10:32
Мислам дека се работи за оваа фабрика. Сликано е на 05.10.2014





Edited by kultuzin - 07-Oct-2014 at 10:32
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 20-Oct-2014 at 01:54
Johnson Controls во ТИРЗ Штип, од пред неколку дена:











Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 20-Oct-2014 at 02:00
Фабриката на Актива, близу ТИРЗ Штип:



Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Nov-2014 at 13:05
Новата фабрика на штипска „Актива“ веќе произведува автобуски шасии



По речиси 150 денови, новиот погон на штипска „Актива“ е готов и веќе почна со производство на автобуски шасии. Иако рокот за изградба истекуваше на почетокот на идната година, вработените во „Актива“ со одличниот менаџерски тим успеаја да ги совладаат сите пречки и фабриката да ја отворат многу порано од крајниот рок. Работите почнаа пред пет месеци, кога „Актива“ започна со домашна инвестиција од 4 милиони евра за изградба на новиот погон во Штип, во градската зона „Запад“ на патот кон Струмица.



Новата проозводна хала има површина од 8.600 квадратни метри и во неа веќе почна производството на делови за автобуски шасии за потребите на „Ван хол“. Во фабриката се вработени 60 нови работници. Со ова „Актива“ го заокружи бројот на вработените на 240 лица, што е импресивна бројка за фирма од металската струка, за град како Штип во кој вообичаено на цена се текстилните работници.
Во фабриката веќе работат и 24 инженери од кои петмина се примени додека се градеше фабриката. Околу 10 проценти од вкупниот број вработени во фирмата е кадар со високо образование.



Директорот на „Актива“ Иле Николов за новата инвестиција вели: – Производниот процес подразбира два аспекта. Првиот се заснова на комплетно автоматизиран дел за што се купени скапи машини од странство, а вториот е мануелен за кој се потребни квалитетни заварувачи од кои најголемиот дел „Актива“ веќе ги обезбеди преку своето интерно училиште за заварувачи во постојната фабрика. „Актива“ и досега произведуваше делови за автобуски шасии за „Ван хол“, но откако оваа фирма ја отвори својата фабрика за автобуси и во Македонија, потребите станаа многу поголеми. Со „Актива“, и белгискиот инвеститор решава голем товар за неговиот пласман на пазарите ширум светот.
Инаку, штипскиот бизнисмен Иле Николов, основач и сопственик на штипска „Актива“ е добитник на признанието „8.ноември“ кое традиционално го доделува Општина Штип по повод Денот на солободувањето на градот.

http://www.porta3.mk/novata-fabrika-na-shtipska-aktiva-vekje-proizveduva-avtobuski-shasii/
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Mar-2015 at 17:14
Италијанската „Кондево“ ќе гради фабрика во Штип



Италијанската „Кондево“ ќе гради фабрика во индустриската зона во Штип. Ова вложување треба да резултира со отворање на нови 250 работни места во наредните 5 години. Инвестицијата вреди 40 милиони евра, а фабриката ќе започне да се гради за 3 месеци. Компанијата произведува топлотни разменувачи за бојлери и е еден од главните снабдувачи на светските производители на бојлери.

„Компанијата ќе ја применува најновата технологија во оваа област и ќе финансира во тренинг на своите вработени со цел да се обучат за производство на нивниот нов патент производ на светскиот пазар. Потпишувањето на договорот е во владина процедура и компанијата планира да започне со активностите за градба во текот на наредните три месеци. Уште една добра вест за Штип и за целиот регион“ - рече Груевски.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=91559#.VRlyzOT_CHM
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Apr-2015 at 15:27
ПОЧНУВА СО РАБОТА ГЕРМАНСКАТА „ТЕХНИКАЛ ТЕКСТИЛ“



Инвестицијата тежи 10 милиони евра, а се предвидува вработување на 1.000 лица

Компанија „Техникал текстил“ од Германија за околу еден месец треба да го започне производството во фабриката што ја гради во технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Првите 50 вработени, од вкупно планираните 1.000, се веќе испратени на обука во фабриката на оваа компанија во Словачка, а моментално се бараат 300 до 400 лица за да се ангажираат во штипската фабрика.

Сопственикот на „Техникал текстил“, Јенс Венгленд, денеска, по средбата со премиерот Никола Груевски, со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, го потпишаа договорот за реализација на инвестицијата, вредна над 10 милиони евра.

Идејата за инвестирање во земјава дошла од рекламата што Венгленд ја видел додека патувал со авион кон Абу Даби, каде што требало првично да се реализира оваа инвестиција. Го привлекле подобрите услови што ги нуди Македонија за водење на бизнис.

„Планиравме првично инвестицијата да биде во Абу Даби, но кога ги видовме условите во Македонија, го сменивме мислењето бидејќи работите тука се одвиваат многу брзо. Додека во Абу Даби ни беа потребни за одредени активности две години, тука, од првиот состанок до сега ни беше потребна една година. Брзо ќе започнеме со реализација на инвестицијата и планираме фабриката да ја завршиме за четири недели. Ќе произведуваме изолациски материјали, фибер стакло, за градежната, автомобилската, авионската индустрија, опрема за бродска индустрија и индустрија за енергија од ветер. А, во план ни е и проширување на инвестицијата со производство на материјали од алуминиум и пластика“, изјави Венгленд.

Според директорот на ТИРЗ, Мизо, фабриката на оваа германска компанија ќе се простира на 13.000 метри квадратни и ќе го има истиот производствен процес како и фабриката на „Техникал текстил“ во Словачка.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=6BBBDDADB68CAC48A685B904BBFF5A7D
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 26-Aug-2015 at 13:40
Отворена фабриката на германската „Техникал Текстајлс“ во ТИРЗ Штип



Во штипската ТИРЗ денеска е отворена новата фабрика на германската компанија „Техникал Текстајлс“ чија инвестиција чини околу 15 милиони евра, а во неа ќе се произведуваат повеќе компоненти на фиберглас кој има широка примена во градежната, авионската и автомобилската индустрија. Премиерот Никола Груевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал Текстајлс“ Јинс Вандланд денеска свечено ја отворија фабриката во која веќе работат сто работници.

Премиерот Груевски истакна дека во наредниот период во оваа фабрика се очекува да се отворат уште илјада нови работи места, што ќе има големо значење за општините Штип, Кочани, Велес, Свети Николе, Карбинци, Лозово, Конче, Чешиново-Облешево и околните места.Сопствениот на германската компанија „Техникал Текстајлс“ Јинс Вендланд истакна дека во новата фабрика покрај стоте вработени, планирано е до крајот на годината бројот на вработените да достигне 300 лица.

Извор

Повеќе слики
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 26-Aug-2015 at 17:22
Originally posted by Navigator

Отворена фабриката на германската „Техникал Текстајлс“ во ТИРЗ Штип



Во штипската ТИРЗ денеска е отворена новата фабрика на германската компанија „Техникал Текстајлс“ чија инвестиција чини околу 15 милиони евра, а во неа ќе се произведуваат повеќе компоненти на фиберглас кој има широка примена во градежната, авионската и автомобилската индустрија. Премиерот Никола Груевски, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо и сопственикот на „Техникал Текстајлс“ Јинс Вандланд денеска свечено ја отворија фабриката во која веќе работат сто работници.

Премиерот Груевски истакна дека во наредниот период во оваа фабрика се очекува да се отворат уште илјада нови работи места, што ќе има големо значење за општините Штип, Кочани, Велес, Свети Николе, Карбинци, Лозово, Конче, Чешиново-Облешево и околните места.Сопствениот на германската компанија „Техникал Текстајлс“ Јинс Вендланд истакна дека во новата фабрика покрај стоте вработени, планирано е до крајот на годината бројот на вработените да достигне 300 лица.

Извор

Повеќе слики


Nemac se predomislio, posao Makedoncima
Nemačka kompanija "Tehnikal tekstajl" otvara u Makedoniji fabriku vrednu preko 10 miliona evra u kojoj će, prema planu, biti zaposleno oko hiljadu radnika.

Fabrika, koja će se otvoriti u tehnološko industrijskoj razvojnoj zoni (TIRZ) Štip, proizvodiće industrijska staklena vlakna za brodarstvo i logističku industriju energije na vetar, prenosi portal Ekonomski.

Vengland je, kako kaže, na ideju o otvaranju fabrike u Makedoniji došao u trenutku kada je leteo za Abu Dabi, gde je prema prvobitnom planu trebalo da podigne tu fabriku, ali je u avionu video oglas makedonske vlade i shvatio da se u Makedoniji nude povoljniji uslovi.

Planirano je da za godinu dana, ako se ta investicija pokaže kao uspešna, počne i sa proizvodnjom aluminijuma i plastike, navedeno je u tekstu.


Da Makedonija postaje sve privlačnija za investitore pokazala je i izjava direktor Delegacije nemačke privrede u Beogradu Martina Knapa pre nekoliko meseci. On je istakao da su tri nemačke firme posle razmatranja uslova za ulaganje u Srbiji i Makedoniji odlučile da ipak odu u Makedoniju.

http://www.b92.net/biz/vesti/region.php?yyyy=2015&mm=08&dd=26&nav_id=1031543
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11961
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 26-Aug-2015 at 18:21
Колку и да се радувам на секоја новоотворена фабрика во земјава, сепак нешто ми вели да го примам тоа со резерва. Посебно откако одредени „пикантности“ излегоа на површина во врска со странските инвестиции:

„ВАН ХУЛ“ ДИЛЕМИ: Што даваме, а што добиваме од странските инвеститори?

август 7, 2015

Објавата на Ван Хул дека од државата добиле 17 милиони евра субвенции за да ја направат нивната фабрика, вкупно вредна 30 милиони евра уште еднаш ги покрена прашањата, што даваме на странските инвеститори и дали е тоа исплатливо.
Поволностите што Македонија ги нуди на странските инвеститори кои ќе решат да вложат во Слободните економски зони се групираат во четири позиции: даночни ослободувања, царински ослободувања, инфраструктурна логистика и субвенции.

Инфраструктура и субвенции:

Најпрво, земјиштето за изградба на погоните се дава под концесија до 99 години. Инвеститорите се ослободени од плаќање на надомест за уредување на градежното земјиште кон единиците на локалната самоуправа, како и од надоместоци за добивање на градежни дозволи. Во исто време тие не плаќаат приклучок за гасовод, водоводна и канализациона мрежа. Во зависност од бројот на вработени и вредноста на инвестицијата, Владата учествува и во трошоците за градба на корисниците во ТИРЗ во висина до 500 000 евра.

Даночни ослободувања:

Инвеститорите што ќе отворат фабрика во некоја од Технолошко-индустриските развојни зони целосно се ослободени од Данокот на додадена вредност, односно стапката изнесува 0%. Во период од 10 години тие се ослободени и од другите даноци. Еве какви даноци се плаќаат доколку инвеститорот е во или надвор од слободните економски зони:

Во зона                    Надвор од зона

Данок на додадена вредност            0%                             18%
Данок на добивка                           0% за 10 год                  10%
Персонален данок                         0% за 10 год                   10%

Ова значи дека инвеститорите во зоните се целосно ослободени од плаќање на данокот на добивка и персоналниот данок на доход за период од 10 години, или поконкретно инвеститорот не плаќа персонален данок за сите исплатени плати на вработените во период од една деценија.
Царински ослободувања:

Сите инвеститори во слободните економски зони се дел од Царинскиот зелен канал – не плаќаат царински давачки. Стапката за увоз на суровини и за опрема изнесува 0%. Еве какви царински давачки имаат фирмите што работат во и надвор од зоните:

Во зона                                    Надвор од зона

Суровини                            0%                                               0% – 15%
Опрема                                0%                                               5% -20%

Сите овие поволности, во пакет треба да го стимулираат влезот на странски инвеститори од различни сектори, информатичката технологија, изработка на софтвери, склопување хардвер, дигитални записи, компјутерски чипови, научно истражувачка дејност и производство засновано на нови технологии со високи еколошки стандарди, услуги кои се директно поврзани со увоз на добра кои се внесуваат во зоната (под услов добрата да не се наменети за крајна потрошувачка).

Ефектите, од друга страна се уште се тешко мерливи. Нето ефектите поточно.

Се зголемува вработеноста, точно, но треба да се потенцира дека за сите вработени придонесите се плаќаат од буџетот, односно се на товар на македонските даночни обврзници.

Се зголемува извозот, точно, но треба да се потенцира дека во исто време расте и увозот на репроматеријали потребни за производството во зоните, а на нив не се плаќа царина.

Расте БДП, точно, но таквиот раст е повеќе статистички е добар за македонската економија, а главната реална придобивка е за газдите на компаниите.


http://faktor.mk/2015/08/07/van-hul-dilemi-shto-davame-a-shto-dobivame-od-stranskite-investitori/

Edited by Џоле - 26-Aug-2015 at 18:22
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 26-Aug-2015 at 19:33
алтернатива?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.110 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.