build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 26-Aug-2015 at 19:55
Originally posted by gjoko

алтернатива?

Нема алтернатива. Овде се поставуваат небулозни дилеми, дали требало да им се дава повластувања на странските компании. Па нормално дека треба, не дека треба, мора, тоа исто го правеа Чешка, Словачка, Унгарија, сега Хрватска, Србија, Бугарија Албанија... Сите даваат повластици, и олеснувања секаде, огромна борба е за секој инвеститор. Странските компании бираат места каде што ке добијат најголем профит, бидејки се покачи цената на работна сила во Средна европа сега доагаат на Балкан. Голем број на вработувања, додадена вредност во секоја единица производ, Македонски кооперанти вклучени во процесот на производство, македонски фирми вклучени во градба на фабриките. Никогаш, ама никогаш од осомостојувањето Македонија немала поголема покриеност на увозот со извоз. Ова е огромна, историска, економска придобивка за нашата држава, само и само нека доагаат нови фирми, дај боже, стапката на невработеност е падната на 26-27%, беше 37, ако се земе во предвид дека при распадот на Југославија Македонија имаше 22% невработеност, веке се движиме кон тие за нас постарите фантастични времиња...
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 717
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Aug-2015 at 22:22
алтернатива? Субвенционирање на домашните инвеститори, подеднаков третман за нив како и за странските.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 26-Aug-2015 at 22:37
Нашите ги видовме на дело-ги зедоа фабриките за безпари, ги зало=ија за кредити, парите ги трошеа како богатите црнци во америка и со редок исклучок ги банкротираа фирмите.

Во Кичево таков е примерот со над 95% од фабриките. Во занесот на парите и славата знаеја да прават такви глупости кои ги нема ни на филм
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12203
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 27-Aug-2015 at 00:06
Во објавените огласи за вработување на најновата странска инвестиција „Техникал текстајл“ во Штип беше понудена плата од 10.000 денари.

http://fokus.mk/drzhavata-nema-da-bara-povisoki-plati-od-stranskite-investitori-za-vrabotenite/
За сè има вторпат
Back to Top
avijacijamk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2013
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 362
  Quote avijacijamk Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 27-Aug-2015 at 01:25
Originally posted by Џоле

Во објавените огласи за вработување на најновата странска инвестиција „Техникал текстајл“ во Штип беше понудена плата од 10.000 денари.

http://fokus.mk/drzhavata-nema-da-bara-povisoki-plati-od-stranskite-investitori-za-vrabotenite/

Платата е 7000 денари инаку
И исто така машините се стари refurbished кинески машини опасни за работа.Инсајдерска информација
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 27-Aug-2015 at 07:01
Originally posted by stratus

алтернатива? Субвенционирање на домашните инвеститори, подеднаков третман за нив како и за странските.

И што, тие домашни фирми треба да имаат пазар, а немаат, за да добиваат конкурентни сировини треба да се дел од некој голем ланец, а не се. Треба да имаат подршка од банките со ниски камати, а немаат. Треба да имаат усвоено производна технологија (претходни искуства) а немаат. Зошто држави кои се 4 пати поголеми од нас, имаат поголем пазар, имаат поразвиена индустрија се тепаат со нас да доведат инвеститори во своите земји, и они ли грешат. Оваа вештачки наметната дилема е огромна утопија, замисли земале плата 10.000 денари, а кога некој работи во Македонска компанија и зема 7.000 е ок. Искуството покажува дека колку повеќе има странски инвеститори, цената на работната сила постепено расте.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 27-Aug-2015 at 09:31
Originally posted by King

King, еве тебе ќе ти дадеме 7.000 денари за да живееш нормално со тие пари. За разлика од тебе, јас би рекол дека „новите странски инвестиции“ се владина форма за поробување на голем дел од граѓаните. Авторитарниот режим во земјава намерно го прави ова за да создаде модерни роботи, тие се потребни како гласачи.

Јас се согласувам за безкаматни кредитни линии за македонските микро и мали претпријатија. И тоа од државниот буџет. И нормално, кога некој ќе отвори етно село, ладилник за чување земјоделски производи или софтверска компанија со домашен капитал, на него ќе му биде гајле за повисоки плати на вработените. И овој инвеститор нема да може никој да го контролира, бидејќи тој веќе создал профит.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 27-Aug-2015 at 09:51
Originally posted by Џоле

Колку и да се радувам на секоја новоотворена фабрика во земјава, сепак нешто ми вели да го примам тоа со резерва. Посебно откако одредени „пикантности“ излегоа на површина во врска со странските инвестиции:

Ефектите, од друга страна се уште се тешко мерливи. Нето ефектите поточно.

Се зголемува вработеноста, точно, но треба да се потенцира дека за сите вработени придонесите се плаќаат од буџетот, односно се на товар на македонските даночни обврзници.

Се зголемува извозот, точно, но треба да се потенцира дека во исто време расте и увозот на репроматеријали потребни за производството во зоните, а на нив не се плаќа царина.

Расте БДП, точно, но таквиот раст е повеќе статистички е добар за македонската економија, а главната реална придобивка е за газдите на компаниите.

http://faktor.mk/2015/08/07/van-hul-dilemi-shto-davame-a-shto-dobivame-od-stranskite-investitori/

Ќе ги искоментирам само заклучоците, бидејќи се погрешни. Впрочем, самиот автор пишува дека нема доволно достапни податоци, а истовремено носи заклучоци.
1. Странските инвеститори си ги плаќаат придонесите сами. Значи не постои ослободување од придонеси, туку само од персонален данок на платата. За разлика од тоа, за домашните фирми се достапни ослободувања од придонеси за неколку години за различни категории вработени со проектот "Македонија вработува". Придонесите се околу 40-50% од нето платата, а ефективниот персонален данок е околу 8,5%. Сега пресметајте кој добива повеќе во случајот.
2. Расте извозот, расте и увозот - сосема логично. Меѓутоа, прво, најрелевантниот податок тука е покриеноста на увозот со извоз, а тој во последните 2-3 години е на повисоко ниво споредено си било кога и постојано расте, значи се намалува трговскиот дефицит. А второ, класичен спин, странците во зоните не плаќаат царина на репроматеријалите кои доаѓаат единствено од ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА. А дали знаете колку царина плаќаат домашните фирми надвор од зоните на репро од ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА? Исто, 0% царина.
3. Сосема паушален коментар околу БДП-то. Ако е добар за газдите, по правило е добар и за работниците. Тој газда обезбедува плати за работниците. Платите не се високи? Да, но тие луѓе дотогаш или не биле вработени или работеле за пониски плати. Затоа што ако работеле за повисоки плати, не би го промениле работното место за полошо, нели?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1306
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 27-Aug-2015 at 10:11
   Како прво сумава од 7000 денари не е точна, обично скоро во секоја од новиве странски инвестиции(дрекслермаер,кромберг,гентерм...) обичните работници започнуваат со плата од 10 000.
   Теоријата дека ова било поробување, искористување и секоја мисла дека новиве фабрики ќе влијаат штетно на нашево живеење во најмала рака се смешни.

Јас тука ја лоцирам и главната причина зошто оваа власт се задржа толку долго, кога без компас се критикува и тоа што треба и тоа што не треба народот губи надеж дека некој таму од тие глаучите(политичарите)мисли различно од другиот и се се сведува на личен интерес ии плукање.
   
    Во Прилеп во последниве 25 години нови работни места се отворија 90% во текстилни компании, каде сеуште се работи и саботи и недели и останување после работа за околу 7-8000 денари. И ако утре Гентерм вработи 1000 души каде ќе се знае ред, каде што дневница во викенд и празници ти е платена повеќе, јас не гледам дека некој не поробил или не направил роботи.

Да се разбериме 10 000 се катастрофална бројка, но земено за тоа колку земаат другите и дека тие лица досега земале 0, пак е нешто.

Навистина не ми е јасна поентава да се влегува во дискусија дали инвестициајата била од Белизе, дали биле наши што се кријат или не знам што. Од тоа место илјаници фамилии се хранат, а сутацијата во државава ние таква што сега за сега за тоа се бориме.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member

Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 27-Aug-2015 at 10:13
Прво - ги видовме домашните бизнисмени колку се способни да водат бизнис и колку се дарежливи према вработените.Со чест на исклучоци нас како нација за бизнис не не бива,а и премногу сме алави за пари.
Второ - се додека има голема невработеност,нелогички е да очекувате високи плати.Кога би била смалена невработеноста на подносливи 7-8 до 10 % платите ќе растат,тој што вложил милиони сигурно несака да остане без работна сила,посебно не без квалификувана.
Грешката не е во странците,туку во нашите бизнисмени.25 години незнаат како да ја мрднат економијата од мртва точка,зашто еден странец би бил загрижен.Он е тука да работи за мали трошоци и да прави профит.Секој би правел така.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 27-Aug-2015 at 10:59
Originally posted by avijacijamk

Originally posted by Џоле

Во објавените огласи за вработување на најновата странска инвестиција „Техникал текстајл“ во Штип беше понудена плата од 10.000 денари.

http://fokus.mk/drzhavata-nema-da-bara-povisoki-plati-od-stranskite-investitori-za-vrabotenite/

Платата е 7000 денари инаку
И исто така машините се стари refurbished кинески машини опасни за работа.Инсајдерска информација

Тоа што ќе напишеш инсајдерска информација, не те прави веродостоен извор, знаеш нели? Јас имам поинакви информации (и веројатно многу поточни од твоите), а тоа се дека почетната плата на најнеплатените вработени е околу 10000 денари. Значи зборуваме за концепт на почетна плата, што е поприлично новина кај нас. И таа плата ќе расте пропорционално со перформаност на вработениот, успешноста на фирмата, итн. И со сигурност ќе расте побрзо од класичниот модел што го применуваат многу (домашни) фирми кај нас, каде ќе добиеш исто 10000 денари плата и ќе ти остане за навек. Инаку машините се донесени од Словачка од другата фабрика на компанијата.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 27-Aug-2015 at 12:34
Можеме да се расправаме тука колку сакаме, но јас само знам дека државата да ги вложеше тие грдни пари во домашни старт-ап компании од ИТ секторот, конзервната индустрија, туризмот, енергетската ефикасност, во откупни пунктови и пунктови за чување на земјоделски производи и во обновливите извори, ситуацијата ќе беше драстично поинаква.

Најпрво, тие компании немаше да зависат по една или две години од авторитарниот режим. Како второ, тие ќе им даваа на вработените повисоки плати, јас сум уверен дека би биле поголеми од овие 7.000 до 10.000 денари. И да не должам многу, за сите оние што не им е јасно што се случува во некои од овие заштитени фабрики, може да ги прашате семејствата на загинатите работници од Велес и Кавадарци за време на работа.

Власта ја претвора оваа земја во Бангладеш и Виетнам на европскиот континент. А има и луѓе кои сесрдно го купуваат тоа.
Back to Top
mackomk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 04-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 115
  Quote mackomk Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 27-Aug-2015 at 13:45
Originally posted by BOJAN

Можеме да се расправаме тука колку сакаме, но јас само знам дека државата да ги вложеше тие грдни пари во домашни старт-ап компании од ИТ секторот, конзервната индустрија, туризмот, енергетската ефикасност, во откупни пунктови и пунктови за чување на земјоделски производи и во обновливите извори, ситуацијата ќе беше драстично поинаква.

Најпрво, тие компании немаше да зависат по една или две години од авторитарниот режим. Како второ, тие ќе им даваа на вработените повисоки плати, јас сум уверен дека би биле поголеми од овие 7.000 до 10.000 денари. И да не должам многу, за сите оние што не им е јасно што се случува во некои од овие заштитени фабрики, може да ги прашате семејствата на загинатите работници од Велес и Кавадарци за време на работа.

Власта ја претвора оваа земја во Бангладеш и Виетнам на европскиот континент. А има и луѓе кои сесрдно го купуваат тоа.

Колку проекти има кој нудат субвенции за започнување нов бизнис?
Колку пари се даваат за отпочнување нов бизнис со 1, колку со 2, до најмногу 5 вработени?
Колку е каматната стапка на субвенционираните кредити, што се нудат на домашните фирми преку македонската банка за обнова и развој и комерцијалните банки?
Колку домашни фирми се отворија преку проектот за самовработување со посредство на UNDP и колку пари беа одвоени за нив?
Какви бенефиции добиваат новите бизниси во руралните средини?
Странскиве фирми вработуваат од 1000 до 4000 луѓе, кажи ми колку луѓе ќе вработи еден домашен startup?
Да не продолжувам вака можам до утре. Пробај одговори си на прашањава.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 27-Aug-2015 at 13:46
Originally posted by BOJAN

...државата да ги вложеше тие грдни пари во домашни старт-ап компании од ИТ секторот, конзервната индустрија, туризмот, енергетската ефикасност, во откупни пунктови и пунктови за чување на земјоделски производи и во обновливите извори, ситуацијата ќе беше драстично поинаква.

Бојан, другар, не се бламирај те молам. Немаш познавања од темава. Опседнат си со власта и ја гушиш секоја дискусија со тие излитени фрази и муабети.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 27-Aug-2015 at 14:37
Originally posted by mackomk

Колку проекти има кој нудат субвенции за започнување нов бизнис?
Колку пари се даваат за отпочнување нов бизнис со 1, колку со 2, до најмногу 5 вработени?
Колку е каматната стапка на субвенционираните кредити, што се нудат на домашните фирми преку македонската банка за обнова и развој и комерцијалните банки?
Колку домашни фирми се отворија преку проектот за самовработување со посредство на UNDP и колку пари беа одвоени за нив?
Какви бенефиции добиваат новите бизниси во руралните средини?
Странскиве фирми вработуваат од 1000 до 4000 луѓе, кажи ми колку луѓе ќе вработи еден домашен startup?
Да не продолжувам вака можам до утре. Пробај одговори си на прашањава.

КАКО СЕ ПОДДРЖУВА БИЗНИСОТ ВО ХРВАТСКА, А КАКО ВО МАКЕДОНИЈА? ХБОР ОДОБРИЛА КРЕДИТИ ОД 360 МИЛИОНИ ЕВРА, МБПР ОД 36 МИЛИОНИ ЕВРА!

За шест месеци годинава Хрватската банка за обнова и развој одобрила кредити за поддршка на бизнисот во износ од 360 милиони евра. А Македонската банка за поддршка на развојот вкупно досега има пласирано 238,5 милиони евра за поддршка на македонскиот бизнис. Во првата половина од годинава, МБПР одобрила кредити во износ од само 36 милиони евра. Ова не е доволно за македонските компании и за извозниците.

целиот текст на: http://kapital.mk/kako-se-poddrzhuva-biznisot-vo-hrvatska-a-kako-vo-makedonija-hbor-odobrila-krediti-od-360-milioni-evra-mbpr-od-36-milioni-evra/
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 27-Aug-2015 at 15:31
Originally posted by Navigator

Originally posted by Џоле

Колку и да се радувам на секоја новоотворена фабрика во земјава, сепак нешто ми вели да го примам тоа со резерва. Посебно откако одредени „пикантности“ излегоа на површина во врска со странските инвестиции:

Ефектите, од друга страна се уште се тешко мерливи. Нето ефектите поточно.

Се зголемува вработеноста, точно, но треба да се потенцира дека за сите вработени придонесите се плаќаат од буџетот, односно се на товар на македонските даночни обврзници.

Се зголемува извозот, точно, но треба да се потенцира дека во исто време расте и увозот на репроматеријали потребни за производството во зоните, а на нив не се плаќа царина.

Расте БДП, точно, но таквиот раст е повеќе статистички е добар за македонската економија, а главната реална придобивка е за газдите на компаниите.

http://faktor.mk/2015/08/07/van-hul-dilemi-shto-davame-a-shto-dobivame-od-stranskite-investitori/

Ќе ги искоментирам само заклучоците, бидејќи се погрешни. Впрочем, самиот автор пишува дека нема доволно достапни податоци, а истовремено носи заклучоци.
1. Странските инвеститори си ги плаќаат придонесите сами. Значи не постои ослободување од придонеси, туку само од персонален данок на платата. За разлика од тоа, за домашните фирми се достапни ослободувања од придонеси за неколку години за различни категории вработени со проектот "Македонија вработува". Придонесите се околу 40-50% од нето платата, а ефективниот персонален данок е околу 8,5%. Сега пресметајте кој добива повеќе во случајот.
2. Расте извозот, расте и увозот - сосема логично. Меѓутоа, прво, најрелевантниот податок тука е покриеноста на увозот со извоз, а тој во последните 2-3 години е на повисоко ниво споредено си било кога и постојано расте, значи се намалува трговскиот дефицит. А второ, класичен спин, странците во зоните не плаќаат царина на репроматеријалите кои доаѓаат единствено од ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА. А дали знаете колку царина плаќаат домашните фирми надвор од зоните на репро од ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА? Исто, 0% царина.
3. Сосема паушален коментар околу БДП-то. Ако е добар за газдите, по правило е добар и за работниците. Тој газда обезбедува плати за работниците. Платите не се високи? Да, но тие луѓе дотогаш или не биле вработени или работеле за пониски плати. Затоа што ако работеле за повисоки плати, не би го промениле работното место за полошо, нели?

Со оглед на тоа што имам присуствувано на 10тина бизнис средби помеѓу Владините економски промотори и бизнисмени од Холандија, Турција, Азербејџан, Катар, Кина и Германија можам да кажам дека најголем адут што економските промотори го нудат на бизнисмените е ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА и ДАНОЧНИТЕ ОЛЕСНУВАЊА.
- Менаџментот на компаниите не плаќаат персонален данок и плаќаат пензиско-инвалидско осигурување на основа на бруто плата од 13100 иако земаат 5-6 илјади евра плата.
- Компаниите имаат ослободување од обврски за пензиско и здравствено осигурување за сите вработени
- Компаниите имаат и директна и индиректна финансиска помош при изградбата на објектите
- Во однос на БДП Македонија е една од ретките земји во која БДП се пресметува според сосема друг метод, а не оној што го користи Светска банка. Имено во пресметката на БДП влегуваат и сите дотации од иселениците кон матичната земја, и при тоа овие дотации достигнуваат некаде околу 30% од БДП што Владата постојано го кажува. Тоа значи дека реалниот БДП е мнооооогу понизок, а СДИ и немаат некое големо влијание врз создавањето на БДП токму поради манипулативните трансферни цени. Токму и поради овие цени разликата помеѓу увозот и извозот е таква каква што е.
- Законската рамка е таква што на СДИ им се овозможува преку манипулативните трансферни цени да заштедат неколку милиони евра од неплаќањето даноци и царини со што се оштетува буџетот на РМ
- Исто така СДИ претставуваат нелојална конкуренција и како таква таа претставува огромна штета на македонските компании

Originally posted by BOJAN

Можеме да се расправаме тука колку сакаме, но јас само знам дека државата да ги вложеше тие грдни пари во домашни старт-ап компании од ИТ секторот, конзервната индустрија, туризмот, енергетската ефикасност, во откупни пунктови и пунктови за чување на земјоделски производи и во обновливите извори, ситуацијата ќе беше драстично поинаква.

Најпрво, тие компании немаше да зависат по една или две години од авторитарниот режим. Како второ, тие ќе им даваа на вработените повисоки плати, јас сум уверен дека би биле поголеми од овие 7.000 до 10.000 денари. И да не должам многу, за сите оние што не им е јасно што се случува во некои од овие заштитени фабрики, може да ги прашате семејствата на загинатите работници од Велес и Кавадарци за време на работа.

Власта ја претвора оваа земја во Бангладеш и Виетнам на европскиот континент. А има и луѓе кои сесрдно го купуваат тоа.

Целосно се согласувам со тебе. Треба да се наосочиме кон привелкување на компании од услужната дејност, токму преку тоа би се вработиле голем број на млади лица со најразлично образование (Информатичко, Маркетинг ...) да работат, наместо да се иселуваат. Секако немаше да биде на одмет да има и фабрики во региони со различна образовна структура на населението.
Најдобар пример е Белорусија која е најразвиена земја во Источна Европа во поглед на развојот на ИТ компаниите.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 27-Aug-2015 at 15:53
Другар ми со средно зима 26000 у Џонсон Мети. Не треба да бидеме патетични. Ниедна странска фабрика не дава помалку од минималната плата.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 27-Aug-2015 at 16:32
Originally posted by Navigator

Originally posted by BOJAN

...државата да ги вложеше тие грдни пари во домашни старт-ап компании од ИТ секторот, конзервната индустрија, туризмот, енергетската ефикасност, во откупни пунктови и пунктови за чување на земјоделски производи и во обновливите извори, ситуацијата ќе беше драстично поинаква.

Бојан, другар, не се бламирај те молам. Немаш познавања од темава. Опседнат си со власта и ја гушиш секоја дискусија со тие излитени фрази и муабети.

Така е бе, Навигатор, те гледам јас тебе, ти гарант земаш 7.000 денари плата во фабрика и работиш во трета смена. Впрочем, како и сите вмровци од државна администрација, и оние дополнително платени само да седат по форуми за пари од дома. Седи, немој да стануваш.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 27-Aug-2015 at 16:43
Originally posted by SugarBlue

Со оглед на тоа што имам присуствувано на 10тина бизнис средби помеѓу Владините економски промотори и бизнисмени од Холандија, Турција, Азербејџан, Катар, Кина и Германија можам да кажам дека најголем адут што економските промотори го нудат на бизнисмените е ЕВТИНАТА РАБОТНА СИЛА и ДАНОЧНИТЕ ОЛЕСНУВАЊА.
- Менаџментот на компаниите не плаќаат персонален данок и плаќаат пензиско-инвалидско осигурување на основа на бруто плата од 13100 иако земаат 5-6 илјади евра плата.
- Компаниите имаат ослободување од обврски за пензиско и здравствено осигурување за сите вработени
- Компаниите имаат и директна и индиректна финансиска помош при изградбата на објектите
- Во однос на БДП Македонија е една од ретките земји во која БДП се пресметува според сосема друг метод, а не оној што го користи Светска банка. Имено во пресметката на БДП влегуваат и сите дотации од иселениците кон матичната земја, и при тоа овие дотации достигнуваат некаде околу 30% од БДП што Владата постојано го кажува. Тоа значи дека реалниот БДП е мнооооогу понизок, а СДИ и немаат некое големо влијание врз создавањето на БДП токму поради манипулативните трансферни цени. Токму и поради овие цени разликата помеѓу увозот и извозот е таква каква што е.
- Законската рамка е таква што на СДИ им се овозможува преку манипулативните трансферни цени да заштедат неколку милиони евра од неплаќањето даноци и царини со што се оштетува буџетот на РМ
- Исто така СДИ претставуваат нелојална конкуренција и како таква таа претставува огромна штета на македонските компании

Жалам, многу си далеку од реалноста. Не знам дали си измислуваш податоци и информации или погрешно си разбрал. Се надевам дека не е ова второто, ако навистина си присуствувал на 10тина бизнис средби како што викаш.
Точно е дека промоторите како главни адути ги користат ефтината и квалификувана работна сила и даночните олеснувања. Што е тука погрешно? Како ти поинаку би привлекол странска компанија да дојде во Македонија?
Не е точно дека се ослободени од придонеси, а уште помалку дека земаат високи плати, а плаќаат придонеси на ниски плати. Уствари, како знаеш дека е така? Сакаш да кажеш дека промоторите им кажуваат на компаниите "пријави се на минимална плата, а земај 5000 евра, се ќе биде во ред"? Понатаму, не е точно дека со transfer pricing го оштетуваат македонскиот буџет. Ги оштетуваат буџетите на матичните земји, затоа што таму избегнуваат да платат данок. Во РМ ионака се ослободени од корпоративен данок. И за крај, повторно неточно, странските компании не се нелојална конкуренција бидејќи не продаваат на локален пазар. Комплетното производство оди за извоз. Ниту има на кого да продаваат на овдешен пазар, ниту имаат конкуренти во домашните фирми. Базично непознавање на темата.

Edited by Navigator - 27-Aug-2015 at 16:46
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 27-Aug-2015 at 16:58
Originally posted by BOJAN

Originally posted by King

Originally posted by stratus

алтернатива? Субвенционирање на домашните инвеститори, подеднаков третман за нив како и за странските.

И што, тие домашни фирми треба да имаат пазар, а немаат, за да добиваат конкурентни сировини треба да се дел од некој голем ланец, а не се. Треба да имаат подршка од банките со ниски камати, а немаат. Треба да имаат усвоено производна технологија (претходни искуства) а немаат. Зошто држави кои се 4 пати поголеми од нас, имаат поголем пазар, имаат поразвиена индустрија се тепаат со нас да доведат инвеститори во своите земји, и они ли грешат. Оваа вештачки наметната дилема е огромна утопија, замисли земале плата 10.000 денари, а кога некој работи во Македонска компанија и зема 7.000 е ок. Искуството покажува дека колку повеќе има странски инвеститори, цената на работната сила постепено расте.

King, еве тебе ќе ти дадеме 7.000 денари за да живееш нормално со тие пари. За разлика од тебе, јас би рекол дека „новите странски инвестиции“ се владина форма за поробување на голем дел од граѓаните. Авторитарниот режим во земјава намерно го прави ова за да создаде модерни роботи, тие се потребни како гласачи.

Јас се согласувам за безкаматни кредитни линии за македонските микро и мали претпријатија. И тоа од државниот буџет. И нормално, кога некој ќе отвори етно село, ладилник за чување земјоделски производи или софтверска компанија со домашен капитал, на него ќе му биде гајле за повисоки плати на вработените. И овој инвеститор нема да може никој да го контролира, бидејќи тој веќе создал профит.

Ти благодарам, не треба ништо да ми *давате*, веројатно си научен некој да ти *дава*, јас со години поштено си го заработувам парчето леб, никој никогаш не ми дал. Моето семејство сум го подигнал со поштена работа. Инаку многу е срамно да се потценуваат нашите сограѓани кои работат за 7.000 денари во македонски текстилни компании. Тие луѓе тешко си го заработуваат парчето леб, но се задоволни што колку толку имаат да допринесат во семејниот буџет.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 6>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down

This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2019  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.