build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #81 Posted: 14-Sep-2015 at 16:34
Италијанска инвестиција во Штип



Штип – Премиерот Никола Груевски во придружба на членови на својот кабинет, а во присуство на семејството Џанини од Италија, ја официјализира изградбата на новата фабрика за кондензациски бојлери во која компанијата „Кондево“, преку својата фирма „Кондево МК“ формирана во нашата држава ќе инвестира 30 милиони евра. Во својот говор на оваа свеченост, премиерот Груевски потенцираше повеќе придобивки од посветеноста на Владата за привлекување странски инвестиции.

„Она што го ветивме, го остваруваме. Штип и регионот станаа големо градилиште, што се потврдува со почетокот на изградбата на новата фабрика за кондезациски бојлери на познатата италијанска и светска компанија ’Кондево‘. Оваа компанија ги препозна бизнис погодностите и условите кои Владата на Македонија ги нуди на странските инвеститори. Благодарение на тоа во ТИРЗ Штип никнува нова фабрика во која инвеститорот вложува 30 милиони евра и во која ќе бидат отворени 280 нови директни работни места, што за Штип и за регионот е од големо значење“, рече Груевски.



Според премиерот, новата фабрика ќе преставува глобален производен капацитет од каде италијанската компанија ќе го лансира своето производство во светот, односно во европските држави, во Северна Америка и во Ирак. Фабриката ќе била високотехнолошки опремена и во неа ќе имало работа за инженерски кадар од разни струки и за кваликикувана работна сила.

„За нас посебно е значајно тоа што влезот на ’Кондево‘ во нашата држава носи бројни придобивки за овој регион, што се работи за инвестиција со која нашата држава е внимателно избрана од бројните земји кандидатки за неа. Тоа говори дека Македонија останува посакувана земја за странските инвеститори. Овој имиџ не е случаен и не е лесно изграден, тој е резултат на долготрајна и макотрпна работа со која нашата држава ја ставивме на врвот од посакуваните земји за инвестирање“, посочи премиерот.



http://www.utrinski.mk/?ItemID=64180A4076A383468BC09063C57627A2
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #82 Posted: 20-Oct-2015 at 09:13
Од десно кон лево: Johnson Controls, Wendland Technical Textiles, Condevo SpA



Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #83 Posted: 20-Oct-2015 at 10:29
Ogromna e ovaa TRZ. Tesko deka nekogas ke se popolni, no dobro e sto pocnaa so rabota vakvi giganti. Veruvam deka kolku poveke dobavuvaci na avtomobilskata industrija dojdat vo Makedonija dotolku pogolemi se sansite eden den da dobieme i nekoja avtomobilska kompanija kaj nas.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #84 Posted: 30-Oct-2015 at 14:26
Condevo SpA







Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #85 Posted: 30-Oct-2015 at 14:30
Wendland Technical Textiles





Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #86 Posted: 30-Oct-2015 at 14:33
Johnson Controls





Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8963
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #87 Posted: 30-Oct-2015 at 15:03


И Штип полека добива физиономија и станува убава приказна.
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #88 Posted: 30-Oct-2015 at 16:02
Ќе ни останат преплатениве хали, некоја народна власт да му ги даде на народот да ја развива Македонија, ништо повеќе.
Во фабрикиве не се развива Македонија, се креира лажна статистика и се дава леб и сол.

ТИРЗ - модерен конц логор.
Од чаламот си патиме!
Back to Top
skoz13 View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 07-Oct-2015
Online Status: Offline
Posts: 41
  Quote skoz13 Quote  Post ReplyReply #89 Posted: 30-Oct-2015 at 16:17
МЗТ беше немодерен конц логор!!!
Какви се овие коментари?
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #90 Posted: 30-Oct-2015 at 16:23
Originally posted by Bojan10

Ќе ни останат преплатениве хали, некоја народна власт да му ги даде на народот да ја развива Македонија, ништо повеќе.
Во фабрикиве не се развива Македонија, се креира лажна статистика и се дава леб и сол.

ТИРЗ - модерен конц логор.
Ќе сакаш да го аргументираш малку коментарот?

Еве на пример почни со: Зошто мислиш дека халите се преплатени и од кого? Што значи тоа да некоја следна власт им ги даде халите на народот? Зошто мислиш дека во овие фабрики нема развој, а во другите, надвор од зоните има? Што е лажно во статистиката за зоните?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #91 Posted: 30-Oct-2015 at 18:41
Originally posted by Bojan10

Ќе ни останат преплатениве хали, некоја народна власт да му ги даде на народот да ја развива Македонија, ништо повеќе.
Во фабрикиве не се развива Македонија, се креира лажна статистика и се дава леб и сол.

ТИРЗ - модерен конц логор.


A koj mi zabranuva na narodot da ja razviva Makedonija? Stranskite investicii koi dojdoa po mnogu rabota i zalaganje na vladata se ogromna sansa tokmu za toj NAROD da se razviva. Zatoa sto preku tie firmi mozeme mnogu polesno da dojdeme do globalnite pazari. Nasiot narod i nivoto na koe ne donese losata tranzicija ne vreuvam deka se sposobni da dojdat ni do tabanovce a kamoli da dojdeme do nivo na globalna konkurentnost. Firmite dojdeni vo Makedonija se odlicna moznost za toa. Vo stip pred 8 godini imalo 20 iljadi nevraboteni sega ima 2 iljadi. Platite bile mali DA no se pogolemi od tekstilnite konfekcii vo posed na tranziciskite oligarsi koi unistija i uste unistuvaat se zivo i divo. Tokmu tie novi firmi doprinesoa tekstilnite fabriki vo avadarci koi davaa po 6 iljadi Denari plati da se iselat. A slicno e i vo Stip. Standardot ke se pokaci koga ke se namali nevrabotenosta koja patem do pred 10 godini bese 38%. E na 38% nevrabotenost nikoj ne e LUD da ti dava nerealno visoki plati. TOA e proces a ako nasite firmi ili nasiot narod kako sto vikas bile SPOSOBNI nemase da ima potreba od stranski investicii. No NARODOT potocno oligarsite koi ja razgrabija drzavata posle osamostojuvanjeto ne se sposobni za toa. Pa nie ne mozeme edna ZADRUGA da formirame, ne mozat 5 luge da se organizirat zaedno da nastapat na pazarot a ne pa drzava da opravame.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #92 Posted: 30-Oct-2015 at 18:51
Patem tie sto si gi BIVA se razvivat, vrabotuvat i gradat. Eve eden primer na firmata za sokovi VIVAKS. Nov pogon od 6 milioni evra.

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=82231
Nema vrska so TIRZ Stip no samo kako replika na komentarot so KOJ trebase da sluzi za plukanje na vladata kako da im zabranuva na nasite firmi da se razvivat. Koga nasite firmi ke bidat sposobni da vrabotuvat i dadavat pokonkurentni uslovi od onie na stranskite investicii strancite ili ke gi podobrat uslovite ili ke si zaminat.
NO dali nekogas ste rabotele vo nekoja od makedonskite firmi.
E TOA e druze eksploatacija i feudalizam. Sekoja cest na firmite i gazdite koi se isklucok. No Imam dovolno primeri kade sto lugeto se maltretirani od t.n. nasi domasni GAZDI bez odmor , bez platena prekuvremna rabota, neosigurani ili osigurani na minimalec, bez platen odmor , za K13 da ne zboruvame. Firmite u strumica vo industrijata davat po 60 denari SAAT bez nitu eden benefit, ako ne ti se dopaga ostani Doma.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #93 Posted: 30-Oct-2015 at 19:04
Убав пример но поинтересно прашање е зошто на компанијава не и се дозволил влез во некоја од индустрискиве зони?
Зошто македонскиве фирми молчат и работат во мизерни услови во зоните на пример во Визбегово и Пинтија?
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #94 Posted: 30-Oct-2015 at 19:09
Originally posted by jyvation

Убав пример но поинтересно прашање е зошто на компанијава не и се дозволил влез во некоја од индустрискиве зони?
Зошто македонскиве фирми молчат и работат во мизерни услови во зоните на пример во Визбегово и Пинтија?


Neka kaze nekoj koj e poupaten. No mislam deka za da se vleze vo zonite treba celiot ili pogolemiot del od produktite da bidat za izvoz.
Inaku domasnite firmi imat podrska so razno razni krediti, olesnitelni proceduri za gradezni dozvoli, lokalnite industriski zoni i t.n. Veruvam deka moze uste da se napravi no pozitivnata biznis Klima vo drzavata ja koristat i nasite firmi.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #95 Posted: 30-Oct-2015 at 19:20
Ако заборавиме на рекетот, корупцијата, и прљавите игри, да. Секој што е спремен на тоа во Македонија може да успее.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #96 Posted: 30-Oct-2015 at 19:34
Какава паралела, ги читам некој од горниве постови, и си викам дали некој може да е дотолку заслепен, дотолку политички обоен, дотолку нерационален и недоследен во своите размислувања, ама ете можело. Можеме да се спориме дали некој архитект на СК2014 на правил несоодветен објект, или е изграден во погрешен стил, или дали целиот проект е потребен или соодветен, но да се оспоруваат и критикуваат greenfield инвестиции е просто неверојатно. Дотолку повеќе што тезите во целост се поклопуваат со тезите на една партија, а нивната основна теза е дека на странците им се дава се а на нашите ништо, е ова е брутализам, не е ниту извитоперена вистина, ова е невистина, или поточно лага.
-Сите земји во развој битка бијат за донесување на странски инвестиции (аналогно сите земји се идиотски)
-Колку земјата има подобри параметри за водење на бизнис, толку се поголеми шансите за донесување странски инвеститори
-На странските инвеститори МОРА да им се даде поволности за да ја одберат баш твојата земја (ги заболе за вас, нив ги носи профит)
-Бенефитот од нивното доаѓање е огромен, отворање на нови работни места, вклучување на домашни компании во изградба на објектите, вклучување на домашни компании како кооперанти, останување на дел од додадената вредност во Македонија, обука на стручни кадри и менаџери, поттикнување на приемаштвото кај мали компании за споредни дејности (Хигиена, Вода, одржување...) и нивен директен профит, донесување на најсовремена технологија која делумно ке ја усвоиме
-Никогаш во историјата на Македонија, ама ни приближно, увозот не бил покриен со извоз 75%, со постојана тенденција на раст, што е еден од круцијалните параметри на секоја држава
-Сите домашни компании имаат исто така поволности слични на странските, ниту домашните компании сега на плаќаат придонеси за сите нововработени
-Глупостите дека на странците им се давале елитни простори а домашните граделе во копини се тотална глупост, па само во последните 5 години имаше огромен број на тендери за извонредни парцели во Илинден и Петровец, подеднакво купуваа странски и домашни компании, дури повеќе парцели купија домашни фирми
-Во индустриската зона инвеститорот плаќа закуп за земјата за целиот период додека работи
Ова се непобитни факти се останато е дневна политика, без ниту еден аргумент.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #97 Posted: 30-Oct-2015 at 19:49
Originally posted by jyvation

Убав пример но поинтересно прашање е зошто на компанијава не и се дозволил влез во некоја од индустрискиве зони?
Зошто македонскиве фирми молчат и работат во мизерни услови во зоните на пример во Визбегово и Пинтија?
Друже, не се работи за тоа дали и е дозволено или не. Нема тука дискриминација, постојат само правила. А правилата велат дека за да влезеш во ТИРЗ треба да обезбедиш одреден број вработувања со новиот проект и да вложиш одреден износ на пари. Но најважно, треба комплетното производство да е неменето за извоз, за да не се ствара нелојална конкуренција. Затоа ТИРЗовите се полнат со компании од автомобилска индустрија, електроника и сл. Целата приказна околу зоните е поврзана со конкуренцијата меѓу компаниите. Ако и се дадат на Вивакс субвенции, зошто истото да не се направи и со Бимилк и со сите нивни конкуренти што произведуваат сокови. Но од друга страна, ако Вивакс утре одлучи да почне да произведува нешто што не се произведува во државава (да кажеме стаклена амбалажа за сокови) или нешто друго што нема да ја загрози конкуренцијата овде, патот за во ТИРЗ и е слободен. Едноставно е.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #98 Posted: 30-Oct-2015 at 19:56
Кинг, веројатно на мене ми се обраќаш, колку да ти биде јасно не се ни трудам да го читам, така да не очекувај одговор.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 654
  Quote King Quote  Post ReplyReply #99 Posted: 30-Oct-2015 at 20:55
Originally posted by FoSsiL

Кинг, веројатно на мене ми се обраќаш, колку да ти биде јасно не се ни трудам да го читам, така да не очекувај одговор.

Ниту во сон не би комуницирал со тебе
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 504
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #100 Posted: 30-Oct-2015 at 21:04
ТИРЗ-Државата ти гради хала, бесплатно земјиште, субвенции по работно место итн. Некои имаат и повластувања во плаќање струја и комуналии.
Фабриките кога ќе остварат профит ангажираат консултантска странска компанија, обично од егзотичните острови, за сумата која е еднаква на профитот кој е направен и парите си ги извлекуваат надвор, покажуваат нула добивка. Данок на добивка не плаќаат. Придонеси не плаќаат. Фабрикиве се чист трошок за државата и не само што не гаратнираат развој на државата, напротив.
Плус ако се гледа дека со државни пари спасуваме странски фирми, тоа се зборовите на ВанХол, македонските субвенции ја спасиле фабриката од пропаст, ова е генг бенг перверзија.
И да, кога ќе престанат субвенциите, ќе си отидат, око нема да им лази, како Џонсон Контролс, а такви примери има колку сакаш на Балканов.

Една фабрика во платата која ја формира треба да внесе многу работи а не само фиктивно изберена граница за минимална плата. На пример, во јаки фабрики како што бил МЗТ во платата влегува и сума потребна за репродукција на работен кадар. Не може ти да му даваш на вработениот пари за леб и сол, и утре кој ќе работи во фабриките?
Фабрики како ФЗЦ 11-Октомври Куманово акумулирале толку многу капитал, го проширувале производството, финансирале изградба на стамбени згради за вработените, речиси бесплатно им останаа становите на работниците. На пример, кога ќе нема државата пари за плати во болницата, директорот на болницата иде кај директорот на ФЗЦ зема пари да исплати плати на време, после кога ќе легнат парите од фонд, ги враќа.
Фабриките биле општествено одговорни, ФЗЦ и ИСКРА ја изградиле спортската сала во Куманово.

Во конц логор се произведувале Фолксвагени, денес во Македонија во конц логор се произведуваат кабли за Фолксваген, на пример во Дрекслермаер, само малце помодерен конц логор, каде доброволно идеш. Дај вратете се на протестот во Дрекслермаер како се заврши, немаше на вести нигде известено, и тие што штрајкуваа добија отказ. И во конц логор и во ТИРЗ немаш основни права.

Мали сте деца, не се учи се во штаб, било да е СДС или ВМРО.

ЕДИТ: Сега гледам некој прашува кој му забранува на народот да ја развива државата и економијата? Хахахахахаххахах комедија.
ДА, фиктивни статистики, што има државата и народот од бројката за извоз од ТИРЗ? Расте извозот од ТИРЗ!И, што дека? Нема ништо, тоа е само реклама за политичарите.

Edited by Bojan10 - 30-Oct-2015 at 21:13
Од чаламот си патиме!
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3456>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.