build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Штип

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 7>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Штип
    Posted: 25-Oct-2007 at 03:37
Зоната во Штип

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-Mar-2010 at 04:09
Камен темелник за слободната зона во Штип

За утре е најавено поставување на камен темелник за Технолошката индустриска развојна зона Штип. ТИРЗ Штип е со површина од 206 хектари и е најголема од предвидените слободни економски зони во Македонија. Се наоѓа северозападно од градот, кај локалитетот „Три Чешми“, веднаш до клучката на излезот од Штип кон Велес, Кочани и Радовиш. Во границите на зоната покрај производство и услуги се предвидени и површини за комерцијални и деловни единици,  јавни установи, зеленило и спорт и рекреација.

Со церемонијата на која ќе присуствува и премиерот Никола Груевски се обележува почетокот на првата фаза од изградбата на инфраструктурата на ТИРЗ Штип. Со нејзе е опфатена изградба на главна сообраќајница долга 2,2 километри, атмосферска канализација, водоводна и канализациона мрежа. Вкупната инвестиција за првата фаза ќе изнесува околу 7 милиони евра. Во втора фаза ќе биде разработена преостанатата инфраструктура.

При посетата на Штип, премиерот ќе ја пушти во употреба и новата спортска сала во населбата Сењак, која ќе биде предадена на користење на Универзитетот „Гоце Делчев“. Таму се планира и изградба на затворен базен и на објектите на новиот студентски дом.


ТИРЗ Штип:





http://www.build.com.mk/?p=2540
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 31-Mar-2010 at 23:19
Ќе биде ли зоната во Штип ново Потемкиново село

Текстилот е доминантна стопанска гранка во источниот дел на земјата

Иван Бојаџиски


ШTИП - Технолошко-индустриската развојна зона „Штип“, со локации за педесетина фабрики ќе биде рај за инвеститори или ново Потемкиново село, како што тврди опозицијата? Оваа дилема ќе биде решена по само една година, период што го означи премиерот Никола Груевски како конечен датум за изградба на инфраструктурата. Дотогаш може само да се претпоставува каква индустрија ќе развива штипската индустриска зона и колку работни места ќе бидат отворени.

Откако Груевски го најави владиниот проект остана нејасно колку нови работни места ќе се отворат. Бројките што се соопштија за индустриската зона некако не се совпаднаа. И додека директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Марјан Јованов рече дека ќе се вработат 15.000 лица, Никола Груевски најави отворање на 10.000 работни места. Стана јасно дека првиот човек на овие зони и премиерот не се искоординирале пред да дојдат на свеченоста во Штип, па оттаму остана да виси разликата од 5.000 вработувања.

Иако многумина критичари на власта имаат став дека Груевски гради нестварни објекти со цел да создава илузија на премиер посветен на економијата, факт е дека индустриската зона „Штип“ има повеќе од поволна локација. Таа се протега на 200 хектари, на локација покрај магистрален пат и железница, во непосредна близина на карго-аеродромот, чија изградба би требало да почне дури по десет години. Блиску локацијата е и новата 400-мегаватна трафостаница, која енергетски ги поврзува Србија, Македонија и Бугарија, а во непосредна близина е и цевководот што ја носи водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“ кон Штип и Свети Николе. Значи, од аспект на ресурсите што ги нуди локацијата, неспорни се позитивните аспекти.

Меѓутоа, енигма е како да се пронајдат педесетина, главно, странски инвеститори, кои ќе решат дел од својот капитал да вложат во нови индустриски капацитети кај Штип. Самата индустриска зона (ќе) има регионален карактер и според најавата на Груевски, треба да ги мотивира и компаниите од регионот.

Сепак, економската слика на регионот не дава надеж дека работите ќе се одвиваат во една таква насока. Имено, во Штип како регионален центар и во источниот дел на Македонија доминантна стопанска гранка е текстилот. На овој простор има и развиени аграрни компании, има и рудници. Од поголемите капацитети што не се од текстилот, тука е фабриката за акумулатори „Весна сап“, а сосема мала е застапеноста на металската индустрија. Всушност, овој регион од памтивек живее од текстилот, рударството и од земјоделство. Она што не оди во прилог на индустриската зона како мотив за во неа да градат и домашни инвеститори е фактот дека сите познати стопански субјекти имаат свој деловен простор за долгорочни потреби.

Во овој регион постојат и огромни простори - хали, кои стојат празни од времето на транзицијата. Во „Македонка“ има стотина илјади квадратни метри покриен, а неискористен простор, во пробиштипската фабрика за акумулатори уште 50.000 квадратни метри се неангажирани. Всушност, порано се правеше стратегија токму „Македонка“, која ги има сите ресурси и во чиј фабрички круг има и железничка линија, со своите над 250.000 квадратни метри покриен простор - хали да биде новата индустриска регионална зона. Но, таа идеја не се оствари, па сега, покрај празни хали, ќе никнуваат нови.                                                                                                                                                         http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=FE44D8338FF28B40B8D764D47FED25C1  

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 01-Apr-2010 at 02:42
Првите години кога почнаа да се воведуваат економските зони слушавме дека не треба да се воведуваат зашто биле бадијала и биле сосема ислишни, па после тоа дојде и аргумент дека држава без излез на море е апсурдно да градела вакви зони и така се редеа аргументи. А сите знаеме дека во било која развиена држава во околината на градот има едно чудо мали стопански објекти и средно стопанство што е основен столб на сите економии и општества. Дека е скоро и најдинамична и најликвидна економија ваквите средни стопанства. Знаеме дека средните претпријатие се основа за средна класа во Македонија која што ја нема, збришана е. И за сопствениците и за вработените. Скоро сите, цело општество акламативно констатураме дека во нормални држави прво се градела инфраструктурата па потоа се продавео земјиштето и за стопански објекти и за населби и скоро сите се сложуваме дека тоа е добар принцип на работа. И сега кога и државата и општините се трудат да обезбедат барем по едно вакво место каде што однапред ќе можат логистички да ја поддржат економијата, повторно доаѓаме до истат дебата што ја водевме пред десетина и повеќе години и исто толку и повеќе време сме скоро сите свесни и се сложуваме дека прво треба да се направат вакви локации каде прво инфраструктурата ќе биде доведена за да може одма да се стартува со изградба на објекти. А економските зони се токму тоа, без разлика дали сега или за две години ќе се градат тука објекти.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 02-Apr-2011 at 11:25

Ги нема фабриките во штипската зона

Градежните работи се прекинати пред два месеца, а оперативците и машините се повлечени

Иван Бојаџиски


ШТИП - Индустриската зона „Три Чешми“, во близина на Штип, зјае празна. Таму не се гради ништо. Само едно лице се грижи за безбедноста на две бараки, еден трактор и една постара машина за товарење. Како што стојат работите на терен, не постојат ама баш никакви шанси во догледно време да се отворат десет илјади работни места во 50 фабрики кои оптимистички беа најавени пред една година. Наместо свечено отворање на зоната кое како што на 27 март 2010 вети премиерот Никола Груевски при поставувањето на камен-темелникот, сите работи во зоната се прекинати.

Според нашите информации, изградбата на зоната, која дел од министрите при свечениот почеток на работите ја окарактеризираа како најголема во државата, поголема дури и од „Бунарџик“ кај Скопје, е стопирана поради недостиг од финансиски средства. Не е познато дали некогаш ќе продолжи нејзиното уредување. Не можевме да добиеме објаснување од официјално мест, бидејќи во Дирекцијата за технолошки индустриски зони телефоните останаа глуви.

„Пред два месеца заминаа машините, а со нив и оперативците што работеа на пробивање на патот низ зоната. Се' е пусто. Само одвреме-навреме минуваат стада овци преку правливиот пат на оваа локација“, велат луѓе кои во близина на зоната работеа на нивите.

Само да потсетиме дека изградбата на штипската зона лани беше помпезно најавена, а за предностите говореа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и тогашниот директор на Дирекцијата за зони, Марјан Јованов.

„Првата фаза опфаќа изградба на главна сообраќајница од 2,2 километра, водоводна инсталација и канализација за атмосферски и фекални води. Сиве овие работи ќе бидат изградени за една година, а во овој потфат Владата вложува седум милиони евра“, најави Груевски минатиот март. Пешевски пак охрабрувачки вети дека Македонија на странските инвеститори им нуди најповолни услови за градба во зоните и најниски даноци во Европа. „Цврсто веруваме дека голем број компании ќе покажат интерес и ќе градат фабрики во оваа зона“, потенцира вицепремиерот. Дека зоната во Штип и другите ќе дадат силен импулс за развој на регионите во државата уверуваше и Марјан Јованов, поранешниот директор на Дирекцијата за технолошки развојни зони. „Во Македонија ќе изградиме 11 индустриски зони во 11 града“, прецизира Јованов, набројувајќи ги онаа во близина на Тетово, Кичево, Радовиш.

Дали зоната кај Штип е само Потемкиново село што треба(ше) да создаде привид дека и на истокот од државата оваа Влада инвестира во економскиот просперитет? Како што се одвиваа работите, во стилот тргни-застани, но и од моменталната ситуација, произлегува дека е можно да има вистина во таквите (о)зборувања. Во овој регион се' погласно се говори дека Владата ќе ја „откачи“ зоната, а дека ќе направи нешто со огромниот потенцијал готов простор во некогашниот текстилен гигант „Македонка“. Ова место е на само еден километар од зоната и ја има целата инфраструктура, од железница, преку сопствен водовод, до квалитетно енергетско напојување.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9BE5BD85DB8934419236987EC1B932B5
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 20-Aug-2011 at 07:42

Во Штип ќе никне фабрика или Потемкиново село?

Неофицијално се најавува дека ќе гради „Џонсон контролс“ во зоната во Штип, која е без инфраструктура, надлежните го тврдат спротивното

Иван Бојаџиски
Маја Томиќ


„Џонсон контролс“ ќе гради во Штип фабрика во која ќе вработи 1.500 текстилни работници! Ваква вест се прошири низ градот под Исарот, оставајќи ги граѓаните со подзинати усти. Но, иако од лансирањето на веста како најголема стопанска сензација во изминатите две децении помина повеќе од една недела, никој во градот не знае од каде точно таа дојде, а беше пренесена од повеќе медиуми. Според некои информации, менаџери на „Џонсон контролс“ треба деновиве да дојдат во земјава и со владини претставници да ги договараат деталите за изградбата на нова фабрика во Штип, за која ќе се удреле темели за два месеца. Оваа вест досега не ја потврдија од компанијата, како и од Агенцијата за странски инвестиции, од каде што велат дека, како и во досегашната практика, се' додека самата компанија не одлучи да ја обелодени својата инвестиција, не може Агенцијата на своја рака да излезе во јавноста со информација.

Дел од штипските менаџери во текстилната индустрија, по која градот е европски познат, како и економски аналитичари, ги коментираат возбудливите информации. Според една, големата фабрика ќе се градела во штипската индустриска зона, во неа ќе се произведувале навлаки за возила за автомобилската индустрија и ќе имало работа за 1.500 штипјани. Според друга верзија, фабриката ќе била лоцирана во некои од големите, сега празни хали на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“. Ако информацијата е точна, вторава варијанта има значително поголеми изгледи за реализација.

Сепак, не е јасно како фабриката ќе биде готова до есен и тоа во индустриската зона во која не се работи ништо и која е многу далеку од уредена за да може во неа да се инсталираат производствени капацитети. Тоа може секој да го заклучи ако ја посети зоната сега. Започнатите работи беа прекинати во февруари годинава кога скопски „Гранит“ и струмички „Жи-кол“ си ја повлекоа механизацијата, затоа што Владата не им исплатила ниту денар за дотогаш извршените работи. Гледано од сегашен аспект, сосема е сигурно дека во зона без никаква инфраструктура, фабрика на „Џонсон контролс“ не може да има, барем не во наредните две години.

Од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, ДТИРЗ, целосно ги отфрлаат овие тврдења и го велат спротивното. Оттаму тврдат дека во зоната во Штип се гради инфраструктурата и дека никогаш и не престанале активностите. „Не знам од каде ви се тие информации. На индустриската зона во Штип никогаш не сме престанале со работење, напротив, таму се работи со засилена динамика. Спроведена е канализација, има приклучоци за вода и за струја, поставен е главниот коридор, а ако кој било инвеститор наскоро одлучи да дојде и да почне да гради, веднаш ќе му биде обезбеден и пристапен асфалтиран пат“, вели Наташа Хаџи-Лега, директор на Дирекцијата.

Инаку, камен-темелникот на штипската зона беше ставен кон крајот на март минатата година и таа, според изјавите на премиерот Никола Груевски и на вицепремиерот Владимир Пешевски, требаше да биде готова за една година. Но, овој април немаше свечено предавање во употреба. Во оваа индустриска зона, според Пешевски, ќе имало простор за 50 фабрики и за 15.000 нови вработени.

И доколку инвеститорот навистина се одлучи во Штип да гради таков гигант, сосема е сигурно дека ќе има повеќе проблеми. Најголемиот ќе биде, како да си обезбеди квалитетна работна сила. Во локалното Биро за вработување се евидентирани 6.100 невработени, а најголем број се во поодминати години. Економскиот аналитичар Стојче Самарџиев вели дека ако е точна информацијата за „Џонсон контролс“, квалитетната работна рака ќе биде проблем над проблемите. „На локалните медиуми постојано се вртат огласи за вработување во штипски претпријатија. Моментно се нудат 400 слободни работни места во конфекциите, а заинтересирани речиси нема. Бројката од 1.500 работни места, која се спомнува во однос на познатата американска компанија, ќе значи вработување на 25 проценти од невработените. Таа бројка е десет проценти од вкупно вработените во локалното стопанство, односно 20 проценти од вработените во штипската текстилна индустрија. Факт е дека сме во светска економска криза поради што е тешко да се поверува дека некој би вложувал во таков капацитет. Конечно, сите влади во светот ги повикуваат своите бизнисмени да инвестираат дома, а парите што им стојат надвор од државата, исто така, да ги донесат дома. Поради овие аспекти, ценам дека оваа работа е тешко остварлива“, појаснува Самарџиев.

Дали сопствениците на 114 фирми од областа на текстилот во Штип се уплашени дека нивните работници би заминале и би го избрале „Џонсон контролс“? Се шпекулира дека компанијата ќе давала значително повисоки плати од сегашните, кои се движат околу 10.000 денари, колку што имаат штипските текстилци ? И на Душко Зенделов, сопственик на „Штиптекс“, прва приватна конфекција во Македонија, тешко му е да поверува во содржината на информацијата за големата градба во Штип.

„Мислам дека процесот на отворање текстилни капацитети во Штип е веќе затворен. Не сме уплашени дека работници од нашите конфекции ќе заминат во некоја нова фабрика заради поголеми плати. Сите што си имаат работа со текстилот знаат дека е тоа нискоакумулативна гранка и никаде во светот нема високи плати. Ако има можност, нека се гради нова, но треба да имаме на ум дека најдобри процени во однос на можностите си дава самиот инвеститор“, вели Зенделов.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2FBE365FEAFF8B4C84847A99DB22365E
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Aug-2011 at 12:04

Џонсон контролс ќе гради фабрика во зоната во Штип

Џонсон%20контролс%20ќе%20гради%20фабрика%20во%20зоната%20во%20Штип

Светскиот автомобилски гигант Џонсон контролс, во октомври ќе почне со изградба на нова фабрика за производство на седишта и навлаки за седишта за возила. Како што дознава “Капитал“, одлуката веќе е донесена само се чека да се прецизираат уште неколку технички детали за Владата да ја објави втората инвестиција на оваа американската компанија во Македонија.

Според извори на “Капитал“, претставници на Џонсон контролс минатата недела се сретнале со претставници на Владата и ги прецизирале деталите за изградбата на новата фабрика. Менаџерите ја посетиле и индустриската зона во Штип, каде што на самото место имале средби со неколку архитектонски и градежни компании, со кои се консултирале за градежните активности кои ќе следат.

Како што дознаваме, втората фабрика на Џонсон контролс ќе се гради во индустриската зона во Штип, а погоните треба да се изградат за една година. Се најавуваат и 1.500 нови вработувања. Новата фабрика ќе се простира на 12.000 метри површина.

Новата фабрика на Џонсон контролс во Штип ја најави и премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен-темелникот на фармацевтската фабрика Продис во Бунарџик.

Тој најави дека инвестиции се очекуваат и во слободните економски зони во Штип и во Тетово, но не ги кажа имињата на компаниите.

“За Штип се заинтересирани две крупни компании и веќе се пред одлука за инвестирање“, изјави Груевски.

Џонсон контролс четири години работи во Македонија. Со фабрика лоцирана во индустриската зона Бунарџик е првата поголема странска инвестиција во земјава. За да ги привлече во Македонија, тогаш Владата се обврза да го финансира Џонсон контролс со 4,5 милиони евра за изградба на фабриката и за тренинг на вработените. Новата фабрика која треба да се гради во Штип ќе биде првиот капацитет што ќе се изгради во штипската економска зона.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72550/dzhonson_kontrols_kje_gradi_fabrika_vo_zonata_vo_shtip.aspx?iId=2315
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 02-Sep-2011 at 11:57

Компанија од САД ќе гради фабрика во Штип!

Компанија%20од%20САД%20ќе%20гради%20фабрика%20во%20Штип!

Автомобилска компанија од САД ќе гради фабрика во економската зона во Штип, откриваат доброупатени извори за “Капитал“. Инвеститорите најавија дека ќе отворат многу нови работни места, велат изворите, потенцирајќи дека токму тоа е причината поради која се одлучиле да инвестираат во Штип, наместо во Скопје.

“Кога имаат дилема за локацијата за инвеститорите пресудна е цената на работната сила. Исто така, ако фабриката има производство кое не бара додадена вредност од техничка обработка, погодно е да се инвестира во другите градови“, објаснува нашот извор.

Покрај оваа инвестиција, за која преговорите веќе се во завршна фаза, во игра се и неколку компании од Азија, кои пројавиле интерес за штипската зона.

Познавачите велат дека голем дел од светските компании кои имале производство во арапските земји по случувањата во Египет и Либија ги стагнирале тамошните бизниси. Поради тоа, планираат дел од производството да пренесат во Романија, Молдавија, Србија и Македонија.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73049/kompanija_od_sad_kje_gradi_fabrika_vo_shtip!.aspx?iId=2332
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 02-Sep-2011 at 12:32
за информацијата од погорниот пост можеби се работи за Џ.Контролс:

Нова фабрика на Џонсон Контролс во Македонија Бизнис | 2. септември 2011 - 12:08 „Џонсон контролс“ почнува со реализација на втората инвестиција во земјата од околу 20 милиони евра.


Договорите треба да се потпишат за две до три недели, а изградбата на фабриката лоцирана во Технолошко индустриската зона кај Штип да почне со изградба на средината на наредниот месец.

Според премиерот Никола Груевски, кој денеска имаше средба со менаџерот на проектот во Македонија Стивен Мејлеманс, ова е потврда за добрите услови за бизнис со оглед на тоа што компанијата Џонсон контролс одлучува да инвестира по вторпат во земјава. - Оваа инвестиција ќе даде поттик за македонската економија, истакна премиерот.

Мајлеманс рече дека Македонија е избрана за бизнис дестинација, бидејќи таа е конкурентна поради нивното позитивно постојно корпоративно искуство и пред се поради поддршката и професионалноста што ја добиле од институциите.

Фабриката е наменета за тапацир за автомобилски седишта. Ќе отвори нови 1.400 работни места, а се очекува да почне со работа за една година. Ќе служи за нивните европски клиенти.
http://press24.mk/story/biznis/nova-fabrika-na-dzonson-kontrols-vo-makedonija
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 05-Sep-2011 at 11:13

Џонсон контролс ќе го заживее Штип

Викторија Милановска
Џонсон%20контролс%20ќе%20го%20заживее%20Штип

Уште додека не беше официјализиран, влезот на Џонсон kонтролс во Штип ја раздрма бизнис-климата во градот. Новата фабрика ќе ја намали невработеноста во Штипско, но и ќе ја подобри бизнис-климата во регионот. Сопствениците на најголемите штипски конфекции се во паника. Тврдат дека не можат да им ја зголемат платата на вработените за да ги задржат на работа


За една година во Штип ќе никне нова фабрика на Џонсон контролс, поголема од постоечката во Бунарџик, вредна околу 20 милиони евра. Владата и американската автомобилска компанија пред два дена официјализираа дека во недоизградената технолошко-индустриска зона во Штип ќе се гради фабрика за производство на автомобилски седишта.

Проектниот менаџер на Џонсон контролс во Македонија, Стивен Мелеманс, истакна дека покрај тоа што новата фабрика ќе вработи 1.427 луѓе, секој вработен ќе добие и соодветна обука.

“Новата фабрика во Штип, која треба да почне со работа следната година ова време, ќе им служи и на нашите европски клиенти. Паралелно со градежните активности кои ќе стартуваат кон средината на октомври ќе почнеме со едукација на новите вработени. Ја избравме Македонија затоа што вашата земја е многу конкурентна, како и поради нашето позитивно искуство и поддршката што ја добивме од владините институции во анализата за новата инвестиција“, рече Мелеманс.

За премиерот Груевски оваа инвестиција во Штип ќе ја раздвижи целокупната економија.

“Има една мисла од Шекспир која вели дека кога несреќата доаѓа, доаѓа во бранови. Но, со оглед на тоа што во Македонија за месец ипол дојде да инвестира четврта глобална мултинационална компанија, се чини дека и среќата доаѓа во бранови. Оваа фабрика ќе даде сериозен придонес во нашата економија. За мене е посебно важно што една компанија втор пат одлучува да инвестира во Македонија. Тоа значи дека е задоволна од условите и од комуникацијата со Владата. Меѓународните инвеститори кои размислуваат за некоја инвестиција сигурно ќе го забележат тоа“, рече Груевски.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции пак, Виктор Мизо, вели дека новата фабрика на американската автомобилска компанија ќе биде поголема од постоечката во Бунарџик. Сепак, овие две фабрики нема да имаат исти привилегии.

“Новата фабрика ќе биде поголема од првата и по површина и по број на вработени, но нема да ги добие истите услови како Џонсон контролс во Бунарџик, бидејќи тогаш имавме слободни економски зони, а сега важи Законот за технолошко-индустриски развојни зони“, објаснува Мизо, иако не објасни под кои услови Џонсон контролс влегува во штипската зона.

Штипската бизнис-клима раздрмана: работниците се радуваат, бизнисмените негодуваат!

Уште додека не беше официјализиран влезот на американскиот Џонсон контролс во Штип бизнис-климата во градот почна да се бранува. Едни се среќни што оваа инвестиција ќе ја намали невработеноста, но дел од сопствениците на конфекциите се плашат да не им заминат вработените.

Директорката на Агенцијата за вработување на Штип, Снежана Маролова, тврди дека Штип нема доволно работна сила.

“Не може новата фабрика да се потпре на работници само од Штип, туку ќе мора да акумулира работна сила и од околните градови. Дефинитивно имаме дефицит од квалификуван кадар. На пример, Џонсон контролс бара работнички, а поголем дел од пријавените невработени се мажи. Покрај тоа, на нашите списоци доминираат возрасни лица, а секој работодавец бара млади луѓе“, вели Маролова.

Таа потенцира дека неопходно е да заживее средното текстилно училиште во Штип.

Градоначалникот на Штип пак, Зоран Алексов, не се согласува дека Штип не може да ја задоволи побарувачката за работници на новата фабрика, но признава дека тоа ќе значи и главоболка за постојните фабрики.

“Оваа инвестиција ќе ја заживее економската зона во Штип, ќе ја подобри бизнис-климата и ќе ја намали невработеноста во градот. Сметам дека, генерално, во градот има доволно работна сила, но знам и дека многу конфекциски работници кои работат за екстремно ниски плати ќе ги напуштат погоните и ќе се вработат во Џонсон контролс. Ќе се појави една ситуација во која постојните конфекции ќе мора да ги покачат платите за да не останат без вработени“, вели Алексов за “Капитал“.

Сопствениците на најголемите штипски конфекции се во паника. Велат дека не можат да издвојат иста плата како странските компании затоа што имаат поголеми давачки од нив.

“Многу од колегите стравуваат дека ќе останат без вработени поради влезот на таа компанија. Како и да е, ако се реализира таа инвестиција, Штип нема да може да понуди доволно работна сила. Едноставно, нe ставаат во нерамноправна позиција со странските компаниии затоа што ги ослободуваат од многу давачки и нормално дека на тој начин се отвора простор за повисока плата. Ние не можеме да зголемуваме плати“, вели Стојан Коцев, сопственик на текстилната компанија Грација.

Џонсон контролс четири години работи во Македонија. Со фабрика лоцирана во индустриската зона Бунарџик, тоа е првата поголема странска инвестиција во земјава. За да ги привлече во Македонија тогаш Владата се обврза да го финансира Џонсон контролс со 4,5 милиони евра за изградба на фабриката и за тренинг на вработените.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73127/dzhonson_kontrols_kje_go_zazhivee_shtip.aspx?iId=2333
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 03-Oct-2011 at 08:19

„Џонсон контролс“ во Штип ќе стартува со четириесетина работници

Иван Бојаџиски

ШТИП - Иако најавуваше старт со околу 300 работници, познатата американска компанија „Џонсон контролс“ годинава ќе стартува само со четириесетина работници во фабриката во Штип. Од компанијата ни рекоа дека вработувањето ќе оди етапно и ќе трае во следните две години за кога е планирано бројот на вкупно вработените да се заокружи на вкупно 1.427 лица.

Според нашите информации, до овој момент за работа во „Џонсон контролс“, преку интернет, аплицирале над 2.400 лица. Оваа информација не сакаше да ја потврди или негира Аврам Стојчевски, одговорен за интересите на компанијата во нашата држава. Стојчевски само ни рече дека таков податок преставува деловна тајна на „Џонсон контролс“.

„Се' што можам да ви кажам во овој момент е тоа дека забрзано се работи на реконструкцијата на поранешната фабрика ’Политекс’, која е во кругот на некогашниот текстилен комбинат ’Македонка’. Очекуваме работите таму да бидат завршени до крајот на овој месец, по што, по пат на интервјуа, ќе ги избереме првите четириесет до најмногу педесет лица, кои ќе ја започнат обуката за работите што ги очекуваат. Во план ни е до март идната година бројот на вработените да се заокружи на 150 лица, а до средината на идната година да стигнеме до бројката од 300 вработени“, изјави Стојчевски.

Компанијата доби плац од 60.000 квадратни метри во индустриската зона во близина на Штип каде што најави изградба и на нова фабрика и вработување на 1.427 лица. Но, проблем претставува фактот дека оваа индустриска зона не се уредува, односно работите на неа се прекинати во февруари годинава кога скопски „Гранит“ и струмички „Жи кол“ си ја повлекоа механизацијата. Причините за овој нивен потег досега јавно не се објавени, но се говори дека спомнатите градежни фирми повлекле таков потег поради тоа што државата не им исплатила ниту денар за работите што ги изведуваа во зоната околу осум месеци.

Во Штип, град со 6.100 невработени лица, но и во околните места Свети Николе, Пробиштип, Кочани, Радовиш, Виница владее голем интерес за вработување во фабриката на американската компанија во која ќе се произведуваат тапацири за автомобилски седишта. Интересот е голем и поради најавите дека во овој нов индустриски капацитет ќе се делат плати значително повисоки од платите што ги остваруваат работниците сега во доминантно трудоинтензивното штипско стопанство.

Компанијата најави дека во изградбата на фабриката во штипската индустриска зона ќе инвестира дваесет милиони евра и дека рокот во кој фабриката ќе биде подготвена да започне со производствениот процес нема да биде подолг од една година. Всушност, првичните најави беа дека фабриката во индустриската зона ќе започне да се гради од средината на овој месец, но состојбата во која се наоѓа зоната, каде што и вчера немаше никакви градежни активности, ја доведува во прашање таквата можност.

Во секој случај, ако „Џонсон контролс“ целосно ја реализира најавената идеја за отворање фабрика во Штип, тоа ќе биде најголемиот индустриски капацитет во градот. Капацитети со поголем број вработени Штип имаше до пред две децении. Тогаш „Македонка“ имаше над 5.500 работници, „Астибо“ над 3.000 а толкав број работници имаше и земјоделскиот комбинат „Црвена ѕвезда“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3CA219B6795A9A42AA71A76534BA05AC
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 17-Oct-2011 at 18:48

Почнува изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ кај Штип

Американската компанија „Џонсон контролс“ почнува со изградба на втората фабрика во Македонија, инвестиција вредна 20 милиони евра. Камен темелникот ќе биде поставен денеска во Технолошко-индустриската зона кај Штип.

Во фабриката ќе се произведува тапацир за автомобилски седишта. Ќе отвори нови 1.400 работни места. Огласот за ангажирање на вработените беше објавен во септември, а се бараа стручни лица во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инженери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистен, како и искусни оператори за шиење. Се очекува фабриката да почне со работа за една година.

Договорите за реализација на оваа инвестиција на „Џонсон контролс“, кој веќе работи на ТИРЗ - Скопје, беа потпишани во септември годинава.

Според премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе биде сериозна контрибуција и придонес за македонската економија, а одлуката за изградба на фабриката е потврда за добрите услови за бизнис во Македонија.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=7EC54EA1163DE64B898F1BB80B68892D
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 17-Oct-2011 at 20:24
Камен темелник за фабрика на Џонсон Контролс во Штип

Ќе никне првата фабрика во Технолошко – индустриската развојна зона Штип. Американската компанија „Џонсон Контролс“ (Johnson Controls, Inc.) денеска почна со изградба на производствен капацитет во зоната. Фабриката ќе произведува тапацир за автомобилски седишта, а инвестицијата е во висина од 20 милиони евра. Се очекува да бидат ангажирани околу 1.400 работници. Веќе се објавени огласи за новите вработувања и се подготвува просторот каде времено ќе почне обуката на кадарот. Според планот, производството треба да стартува во септември догодина. После фабриката во зоната „Бунарџик“, ова е втор производствен капацитет на „Џонсон Контролс“ во земјава.


1


2


3


4




http://www.build.mk/?p=10121
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Oct-2011 at 08:54
Поставен камен темелник за новата фабрика на Џонсон Контролс

18 Октомври 2011

Свечено беше поставен камен-темелник на нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта на американската компанијата Џонсон Контролс во Штип.

Настанот се оддржа на Технолошко-индустриската развојна зона Штип.

Покрај претставниците на „Џонсон контролс“ на церемонијката присуствуваа Премиерот Никола Греувски и Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.

Фабриката се оечкува да биде изградена до септември 2010 година. Во неа се планирани 1400 вработувања. Во меѓувреме, „Џонсон контролс“ ќе започне со работа во кругот на поранешниот комбинат Македонока, каде интензивно се уредува работен простор за 40-тина вработени. Овој погон треба да биде завршен до крајот на октомври.

Американскиот автомобилски гигант најави дека ќе инвестира 20 милиони евра во новиот капацитет кој ќе произведува тапацир за автомобилски седишта за европскиот пазар.

„Џонсон Контролс" е првата компанија која изгради фабрика во Бунарџик.

http://www.stip.gov.mk/images/stories/10-2011-Novosti/JohnsonControls-nova_fabrika-18102011-1.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/10-2011-Novosti/JohnsonControls-nova_fabrika-18102011-2.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/10-2011-Novosti/JohnsonControls-nova_fabrika-18102011-4.jpg
http://www.stip.gov.mk/images/stories/10-2011-Novosti/JohnsonControls-nova_fabrika-18102011-8.jpg

http://www.stip.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 05-Nov-2011 at 15:45

Стигнаа првите машини за фабриката на Џонсон Контролс во Штип

30 машини, е првиот пристигнат контингент од планираните 300, на кои по нова година Џонсон Контролс, во реновираните хали од бивша штипска Македонка, поточно некогашен Политекс, ќе стартува со пробно производство на автомобилски навлаки за седишта.

Стив Мерил, проект менаџерот на штипскиот погон на Џонсон Контролс, објаснува зошто е потребно толку време за почеток.

- Дури в година стартуваме, бидејќи работниците мораат да бидат високо обучени за производството кое се базира на строги и високо квалитетни нормативи, објасни Мерил.

Наредната недела Американците ја стартуваат двомесечната обука на идните 30 - контролори на производниот процес. Првите навлаки произведени во Штип ќе одат во халите на Волксваген, БМВ, Форд, Цитроен.

- Да, првите испораки на готов производ, навлаки за седишта на автомобили, наменети се за гигантите, како Волксваген, БМВ, Форд, Цитроен, дополни Мерил.

Стандардите за високо квалитетен производ и соодветно платен работник Џонсон Контролс, во штипската економија ги воведува со почеток на пробното производство. Реакциите на овдешните текстилни менаџери, но и економски аналитичари се различни. Дозата на скептицизам како ќе биде, им е заедничка нитка.

- Не дај Боже да се кажуваат бројки и услови под кои работници ќе преминат од нашите погони во погодните на новата фабрика. Тоа ќе биде голем проблем за нас, смета Перо Санев, еден од угледните штипски текстилни менаџери.

- За почеток овој нов чекор со влегувањето на американска компанија во штипската економија е меч со две острици, значи со доза на ризик за сериозна промена на сегашната структура на овдешното стопанство. Сепак, за подолг период, тоа е повеќе од добро за промена на економската рамка на овој регион, коментира Стојче Самарџиев, познат економски аналитичар од Штип.

Како и во Бунарџик кај Скопје, така и во Штип, Џонсон Контролс е првата голема странска инвестиција, која со изградба на фабрика ги отвори вратите на македонските техничко технолошки зони за останатите странски инвеститори. В година во октомври Американците официјално со 1400 вработени почнуваат со работа.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=82446
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 26-Jan-2012 at 12:23

Излегоа првите производи од Џонсон Контролс во Штип

Од машините на Џонсон Контролс во халата на неговата втора фабрика во Македонија, лоцирана во некогашна штипска Македонка, деновиве произведен е првиот комплет сет навлаки за автомобилски седишта наменети за познати светски компании производители на автомобили.

Првиот контингент е пробно производство. За него менаџерскиот тим денеска пред камерата на Канал 5 не ги штедеше комплиментите за квалитетот на сработеното од ново примените работници.

- Ново вработените се исклучително вредни работници, во потполност посветени на работата, и што е најважно дадената обврска ја извршуваат со бараниот висок квалитет, изјави Аврам Стојчевски – менаџер во Џонсон Контролс, Штип.

Во Март ќе стартуваат со редовно производство. Дотогаш, тече динамиката за примање на нови работници, по претходно завршена обука за работа на оваа најсовремена техника. До крајот на годината, бројката ќе порасне до 400 вработени. Полниот капацитет од 1400 вработени ќе се исполни наредната година, со изградба на новиот фабрички погон во штипската индустриска зона, каде пред неполни пет месеци премиерот Груевски го удри камен темелникот.

- За почеток, дневно ќе се произведуваат од 30 до 40 сетови. По една година, кога ќе се преселиме во новата фабрика, производството ќе го зголемиме за десет пати повеќе, најави Стојчевски.

Американската компанија е прва на Балканот која е присутна со две инвестиции во една држава, во случајов, Македонија. Џонсон Контролс со влог од 20 милиони долари, е прв и со фабрички погон во штипската индустриска зона. Американската инвестиција значително го размрдаа досега монополизираниот пазар на текстилна работна сила во Штип, нудејќи квалитетни услови за работа,а соодветно на тоа и солидни месечни примања.

Дејан Ефремов

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=8616126.01.2012, 11:12
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 26-Apr-2012 at 18:08



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 22-May-2012 at 13:23

Изградбата на „Џонсон контролс“ кај Штип почнува во јуни

Фабриката се очекува да почне со производство во мај следната година, изградбата ќе чини 6,5 милиони евра, а ќе има работа за 1.427 работници

Иван Бојаџиски

Штип – На 2 јуни годинава и официјално ќе биде означен стартот на изградбата на фабриката на „Џонсон контролс“ во индустриската зона кај Штип. Ќе ја гради познатата штипска фирма „Актива“, која ќе има задача во рок од една година да ги заврши сите работи за фабриката да почне со производство. Во индустриската зона „Три Чешми“ вчера забележавме голема раздвиженост. Многу механизација, работници кои извршуваа работи на две локации. Едните ја подготвуваа главната сообраќајница од 2,2 километри за асфалтирање, другите работеа на плацот на кој ќе се гради првата фабрика во зоната за производство на навлаки за автомобилски седишта на „Џонсон контролс“. Објектите на фабриката ќе зафаќаат површина од 12.500 квадратни метри, а треба да биде пуштена во работа во мај следната година. Според најавите од одговорните, изградбата ќе чини 6,5 милиони евра, а ќе има работа за 1.427лица.

„Џонсон контролс“ во Штип почна со работа пред околу осум месеци. За почеток беше одбрана една хала во поранешната текстилна фабрика „Политекс“ каде што на работа се примени педесетина млади штипјани. Првите производи од фабриката излегоа пред неколку месеци кога Аврам Стојчевски, одговорен за фабриката во Штип, го изрази своето задоволство од посветеноста на вработените и квалитетот на произведеното наменето за автомобилската индустрија.

Индустриската зона кај Штип почна да се гради на 27 март 2010 година, кога премиерот Никола Груевски лично го постави камен-темелникот. Во таа пригода Груевски најави дека зоната ќе биде готова за една година, а за нејзината изградба Владата издвои седум милиони евра. Но, во февруари минатата година работите на индустриската зона беа прекинати, а изведувачите ги повлекоа машините. Таа состојба траеше се' до пред крајот на минатата година кога во зоната повторно почна да се гради, а од пред два месеци интензитетот на работите беше подигнат на највисоко ниво. Оваа индустриска зона, според вицепремиерот Владимир Пешевски, ќе биде втора по големина во земјава, веднаш по слободната зона „Бунарџик“ во близина на Скопје. Во неа ќе има локации за 50 фабрики, во кои се очекува да се вработат 10.000 работници.

„Џонсон контролс“, како светски позната компанија, се очекува да повлече нога, односно да биде пример за поголем број странски компании да ја одберат оваа зона како место каде што би инвестирале. Оваа зона се наоѓа на локација која сообраќајно е поврзана со Виница, Кочани, Пробиштип, Свети Николе, Лозово, Штип и Радовиш. Најголем интерес за вработување во фабриките кои ќе се градат во зоната, вклучително и онаа на „Џонсон контролс“, се очекува да покажат кочанци, бидејќи во оваа општина бројот на невработени од 9.000 лица, е убедливо најголем во источниот регион.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=297500B67F5C02449F1F40A5F1EFC364
Back to Top
ko4ani View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 288
  Quote ko4ani Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 14-Sep-2012 at 16:52
Овие слики се од средината на август месец
ова е парцелата на џонсон контролс

еве ја целата зона



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 31-Jul-2013 at 14:09

ОТВОРЕНА СЛОБОДНАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ВО ШТИП


Џонсон Контролс се подготвува за старт на производството во новата фабрика


Технолошко-развојната индустриска зона во Штип е отворена. Завршена е изградбата на фабриката на "Џонсон Контролс" и во моментов се префрла опремата и машините за производство


Слободната економска зона во Штип во која нов погон изгради американската автомобилска компанија "Џонсон Контролс", е отворена. Единствениот засега инвеститор во зоната чиј основач е државата е во фаза на префрлање на производството од погонот кој досега функционираше во индустриската зона Македонка во Штип и се очекува за неколку недели да започне со пробно производство.

Од Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони (ТИРЗ) велат дека официјалниот старт на производството е планиран за две до три недели зависно од динамиката на завршување на финалните активности со воспоставување на производните линии во фабриката.
-Завршена е изградбата на фабриката на "Џонсон Контролс" и во моментов се префрла опремата и машините за производство - објаснува за Вечер, Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за зони. Според неговите очекувања, официјалното отворање на зоната, а со тоа и на фабриката на "Џонсон Контролс" би требало да се случи за две до три недели кога инвеститорот ќе биде целосно подготвен за почеток на производство во новиот производствен погон.
Втората фабрика во Македонија, американскиот автомобилски гигант во Македонија почна да ја гради во ноември 2011 година, а во меѓувреме во индустриската зона Македонка во Штип опреми еден погон во кој повеќе од една година произведува навлаки за автомобили, како привремено решение.

Новата фабрика која инвеститорот ја изгради во слободната зона се простира на површина од 12.500 квадратни метри, а се очекува во неа да работат вкупно 1.400 лица.
"Џонсон Контролс" во Македонија е присутен од декември 2007 година кога започна со комерцијално производство во својата фабрика во ТИРЗ Скопје 1 каде произведува компоненти за инструмент-табли за автомобилска индустрија. Четири години подоцна компанијата се одлучи да изгради втор производствен капацитет во Македонија, во која се произведуваат навлаки за автомобилски седишта, а како најдобра локација за тоа го избраа Штип кој е мека на текстилната индустрија во Македонија. Камен-темелникот на новата фабрика беше поставен во ноември 2011 година.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=D9A3DECFDE4FC0498EF00E1984EBC8FF

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 7>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.