build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Винарија Стоби

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Винарија Стоби
    Posted: 26-May-2009 at 08:33
Кловер ти неодамна прашуваше за еден објект што се гради покрај автопатот во близина на Градско. Се работи за винарската визба "Аргеади". Објектот е веќе карабински завршен и е од прилика со големина колку една од помаливе спортски сали што се градат сега, само не стигнав да го сликам.

Еве и еден текст од весник од 14-ти февтуари 2009 кој ни промакнал...
„Аргеади“ - македонска винска приказна
Економија
Агрокомбинатот „Вардар Градско“ почна со изградбата на винарија во која ќе се произведува висококвалитетно вино „Аргеади“. Винаријата ќе биде една од најсовремените на Балканот со целосно автоматизиран процес на производство на вино. Во неа ќе биде инсталирана италијанска опрема, која е изработена според најновите технолошки достигнувања во производството на вино. Целокупната инвестиција е процената на повеќе од 10 милиони евра и претставува најголема гринфилд инвестиција во земјата во овој момент. Вкупниот капацитет е проектиран на околу 4 милиони литри вино, што ја става во категоријата на средни винарии. Во неа ќе се преработува грозјето кое се добива од сопствените плантажи на комбинатите „Вардар - Градско“ и „Црвени брегови“. Годишно во неа ќе се преработуваат околу 6,5 милиони килограми грозје, за што ќе се врши и откуп на грозје од локалните кооперанти од 1 до 1,5 милиони килограми грозје. Официјалната промоција од почетокот на градбата ќе биде направена денеска на Св. Трифун, каде во лозовите насади на „Вардар Градско“ ќе биде извршено закројување на лозите.

Деновиве на локацијата до стариот пат за Велес, на излезот од Градско се во тек на градежните работи на новата винарница. Во првата фаза која е планирана да заврши до годинашнава берба на грозје се планираат да бидат изградени објектите за прием на грозјето, за винификација и ферментација. Во втората фаза се предвидува довршување на останатите објекти за одлежување на виното, барикот, магацинските простории и управната зграда.

- Производствениот процес ќе биде целосно автоматизиран, но ќе биде задржан класичниот начин на правење на виното. Сакаме да го задржиме традиционалниот вкус на виното, што со генерации го произведувале нашите татковци и дедовци. Ќе правиме неколку типови на вино, а поголемиот дел ќе се однесува на правењето на црвените вина, а една третина ќе биде од белите вина. Ќе користиме грозје од сопствено производство со што ќе може да обезбедиме континуиран квалитет на виното - вели Ѓорѓи Јованов Хермес, главен технолог во новата визба.

Вината од „Аргеади“ ќе го имаат специфичниот вкус што го дава најголемото виногорје во земјата тиквешкиот регион, што се протега во триаголникот Неготино - Градско - Трстеник (кавадаречко). Во овој простор се судираат двете клими - медитеранската и континенталната што му дава на грозјето поволни услови за вегетирање на различна надморска висина.

Во винарската визба во градско ќе се прават традиционалните сорти на вина: шардоне, мерлот, каберне, ризлинг, совињон и познатиот македонски вранец. Покрај овие вина, ќе се произведуваат и типски сорти што се добиваат со „мешање“ на повеќе видови на грозје. Затоа, во лозовите плантажи на „Вардар Градско“ се врши подобрување на сортиментот. Лани биле подигнати 32 хектара лозови насади од новите сорти каберне роушеду, мерлот ширас што се компатибилни со нашиот вранец. Годинава ќе бидат подигнати уште 31 хектар од новите сорти на грозје што се барани на светските пазари.

- Сакаме да ја задржиме автохтоноста на нашето македонско вино, кое ќе биде препознатливо за странските консументи. Располагаме со знаење и стручен кадар кои можат да ги искористат поволностите што ни ги дава нашето поднебје. Ако досега постоела француска, германска или од поново време американска или аргентинска школа за правење вино, сега можеме да кажеме дека имаме македонска школа. Сакаме да ја градиме нашата македонска приказна за виното. Во мојата работа не сум правел имитации. Имаме добри можности да направиме добро и врвно вино. Сакаме тоа да биде автохтоно македонско. Тој пат е тежок, но според мене еден технолог треба да биде толку добар за да не го расипе она што ни го дава природата - вели Јованов.




Вино на македонските кралеви

„Аргеади“, името на винарската визба во Градско датира уште од античките времиња. Произлегува од кралот Аргеј, кој бил првиот македонски владетел од племенската лоза на Филип Втори и Александар Македонски, која била позната како лозата на Аргеадите.

- Оттогаш се знаело дека чашата вино била користена како лек за слабите и изнемоштените. Во тоа време се сметало дека виното било божја капка која било привилегија само на високата класа. И самиот Александар Македонски на неговите војници им давал по една чаша црвено вино за да им се врати силата по тешките борби и походи - објаснува Ѓорѓи Јованов.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&EditionID=317&top=1&ArticleID=18092

Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 26-May-2009 at 10:50

Па вчера поминав со воз покрај него и баш сакав да прашам на форумов што чудо е тоа. Рамката е готова, меѓутоа далеку е од завршено. Во секој случај изгледа поголемо од спортските сали, дефинитивно.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 26-May-2009 at 12:29
Еве како го усликав пред два месеци. Според работниците што се гледаат и мене ми се чини дека е поголем од сала, а плус на сликава не се забележува ама освен високиов објект се гради и на солидна површина во продолжение кон лево.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 26-May-2009 at 13:29
Jas sum sega dosta zbunet. Ja zaboraiv slikava deka ja postirashe, ama objekot sho go vidov pokraj avtopat mi izgledashe dosta podaleku nego shto e ovoj blisku na slikata. Inaku na toj objekt shto go vidov na ogradata so golemi bukvi beshe napishano vinasrka izba Argeadi i beshe vo izgradba i tekstot pogore go potvrduva toa deka postoi objekt vo izgradba na Argeadi. E sega drug objekt vo igradba ne primetiv. Taka mi ostanuva malku somnez (posle slikata i razdalechenosta od patot) da ne sluchajno postojat dva objekta. Dunno
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 26-May-2009 at 14:49
Big%20smile

Ова не е сликано од автопат, туку од Р-103
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8961
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 26-Apr-2010 at 20:10
Интервју со авторите на проектот за Винарија Стоби, победник на овогодинешниот БИМАС. Содржи и галерија од објектот. Повеќе на линкот

http://www.build.com.mk/?p=2934


ИНТЕРВЈУ: Александар Радевски и Викторија Ставриќ – Радевски

големата награда ја доби проектот Винарија Стоби на авторите Александар Радевски и Викторија Ставриќ – Радевски. Капацитетот се наоѓа во индустриската зона на Општина Градско, во непосредна близина на стариот пат Скопје – Гевгелија. Веќе е ставен во функција, а за два месеци треба да биде целосно завршен. Објектот има П форма која е условена од конфигурацијата на теренот, потребата од различни сообраќајни пристапи и максимално искористување на парцелата. Во негов состав влегуваат 8 функционални единки периметрално распоредени околу централниот двор и со вкупна квадратура на сите нивоа од приближно 9.000m². Единките се со пропорција во сооднос од 1:1 (24m х 24 m) и 1:1,618 (24m x 38,8m – златен пресек). Се работи за објект од „отворен карактер“ проектиран и за вински туризам, а без нарушување на технолошкиот процес. Во иднина е предвидена и триаголна кула-видиковец висока 35m, која на највисокото ниво би содржела ресторан со прекрасен поглед на околината, пред се реката Вардар и локалитетот Стоби.  

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 29-Jun-2010 at 18:31
Винарницата „Стоби“ свечено се отвора





 
Винарницата „Стоби“ од Градско утре свечено ќе го одбележи заокружувањето на полниот производствен циклус. Во Винарницата „Стоби“ вградени се најновите технолошки можности и иновации. Винарницата има производен капацитет од 4.700.000 литри. Вкупната досегашна инвестиција изнесува над 15 милиони евра  
 
%20  
„Стоби“ произведува вино исклучиво од сопствените лозови насади, по најсовремени стандарди и под строга контрола на врвни енолози.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=629101024598&id=9&prilog=0&setIzdanie=22020


Edited by Cloverstack - 29-Jun-2010 at 18:34
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 01-Jul-2010 at 05:43
Нова винарија во Градско
nasa_vinarija.jpgВинаријата „Стоби“ денеска свечено ќе биде отворена, а со тоа ќе се заокружи и производствениот инвестициски циклус. Производството на Винаријата Стоби исклучиво се базира на грозје од сопствените лозови насади, по најсовремени стандарди пропишани од Европската Унија, како и органска заштита на грозјето и постојана строга контрола од страна врвните македонски енолози.

Вкупната досегашна инвестиција за остварување на полниот циклус на производството во винаријата изнесува над 20 милиони евра за капацитет од 4.4 милиони литри. Со самото тоа Винаријата Стоби има најголема инвестиција по литар (2.2 евра по литар). Свеченоста предвидува официјално пуштање во употреба на производниот капацитет со свечено сечење лента, разгледување на примарното и секундарното производство. На свеченоста е предвидено да присуствуваат највисоки државни претставници, како и претставници на локалната самоуправа, деловни партнери, претставници на дипломатскиот кор, медиуми и други гости. (Нетпрес)

 

nova-vinarija.jpg

  http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2404&Itemid=125
 
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Jul-2010 at 15:21
q

vinarija stobi
Back to Top
ArchiTechTone View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
  Quote ArchiTechTone Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 25-Oct-2010 at 07:20
Не знам дали му е тука местото на линков, можда е веќе постиран негде на друго место, ама нека стои.

http://www.archdaily.com/83489/stobi-winery-aleksandar-radevski-viktorija-stavrik/

Текст за Винаријата Стоби на еден од најактуелните сајтови за архитектура во моментов. Твитерашки кажано, ова е прав #mkwin Cheers
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 25-Oct-2010 at 07:42

фејсбушки кажано - like
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 09-Feb-2012 at 14:17

Винаријата Стоби отвори вински ресторан за посетители

Градско, 9. февруари 2012 (ИНПРЕС)
извор: Инпрес фото: архива

Отворањето на нов ексклузивен ресторан е последен чекор на заокружување на проектот на Винаријата Стоби во комплексот во Градско.

Со отворањето на ресторанот, неколку дена пред празникот на виното Свети Трифун, се комплетира концептот на Винаријата Стоби со што сега може да се најде се на едно место – од лозови насади, преку производство на вино, специјален начин на чување, дегустација на вина, до вистинско уживање.

- Првата асоцијација за вино е секогаш уживање – секое вино мора да се вкуси, дегустира, да се ужива во неговите вкусови. Сосема нормално за нас беше концептот на нашата модерно конципирана винарија - се на едно место - Сопствени лозови насади, производство, барик дел, вински дел за дегустација, ВИП салон, а од сега и ресторан од отворен тип. Со отворањето на новиот ресторан за сите посетители креиравме место во кое може да се ужива виното Стоби, изјавија од винаријата Стоби.

Винаријата Стоби лоцирана во општината Градско, веднаш до античкиот локалитет, работи според најсовремените европски стандарди. Капацитетот на винарската визба е 4,5 милиони литри на годишно ниво со над 15 сорти распределени во четири категории – традиционални, класик, елит и премиум. Производството се базира исклучиво на сопствените лозови насади, кои се простираат на површина од 600 хектари. Винаријата е опремена со најновите технолошки достигнувања како и неспоредливи системи за филтрација кои помагаат при задржување на континуирано висок квалитет на виното. Целата инсталирана технологија потекнува од Италија и Германија, вклучувајќи опрема од реномирани компании како што се Gimar Tecno, Siprem, Gortani, Dalla Torre Impianti, Pall Filtration Systems и Krones Ag.

За 2012 година планирани се инвестиции за проширување на капацитетите со што ова бројка ќе се зголеми за дополнителни 1.000.000 литри.

http://daily.mk/cluster3/16f2a6c990f0a79625380439a69d2422/1136643/vinarijata-stobi-otvori-vinski-restoran-za-posetiteli
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12003
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 26-Nov-2012 at 00:02
1


2

Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 26-Nov-2012 at 11:01
убаво направено.виолетовата боја е вероватно како заштита од размножување на бактерии(колку што знам тие се размножуваат најмногу на бела светлина,ама не сум сигурен,така нешто се сеќавам)
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 26-Nov-2012 at 23:06
Виолетовата боја така се погодила за сликата. Инаку, барик подрумот има скап систем за осветлување набавен од истата фирма што ја опреми фонтаната на споменикот на Александар Македонски во Скопје (делта или како и да се викаше).

Салата за дегустации има капацитет за околу 70 гости и нуди прекрасен панорамски поглед на барик подрумот додека трае дегустацијата. За време на дегустацијата подрумот се осветлува во различни бои според претходно активирана програма.

Посетата на винаријата вреди за сите пари. Цените се навистина достапни за секого (комплетно мени со дегустација на 4 врвни вина е околу 600 денари). Кој не бил, мора да оди
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 27-Nov-2012 at 00:46
знам дека во неколку хирургии каде сум престојувал(како пациент ) ноќно време се пушташе виолетова боја во операционите сали со објаснување дека така се убивале бактерии или нешто слично.

е сега тоа го поврзав со виното,каде исто така не е пожелно да се размножуваат непоканети бактерии,ама изгледа овде тоа нема врска.

иначе гледам дека бочвите се нормално дрвени, и во една емисија на некој од странските канали се прикажуваше за винариите во Франција како бочвите секоја година ги ставаат на струг и се стружи слој од дрвото,и така најмногу 2-3 години додека се истанчи бурето и после се купува ново.

по нивно објаснување во самото дрво се стрварале некои од овие ситниве створења кои го расипувале виното од следната берба.

една од причините зошто се тие скапи вина.

иначе за вина сум многу неупатен да неречам дудук
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 27-Nov-2012 at 09:29
да, држи вода муабетот, но во случајов не е така. Ако ја погледнеш другата фотографија (онаа со просторијата за дегустација), ќе видиш дека светлото во барик подрумот е со зелена боја.

Последниве години во Македонија во раст е винскиот туризам и јас сум особено среќен поради тоа . Винарии како Стоби, Попова Кула, Тиквеш, Попов, итн... имаат убаво организирани вински тури. Сите овие поседуваат ресторани во кои со виното служат соодветно подготвена храна.

Инаку, вреди да се посети винаријата Стоби. На 80км од Скопје е, така што за 45 минути си таму. Веднаш може да се забележи колку многу пари е фрлено во дизајн и изведба на објектот, технологија на производство, барик подрумот, а исто така и на ресторанот. Најважно од се е дека се тоа резултира со врвни вина, а уште побитно е дека истите тие врвни вина ги продаваат по многу пристапни цени. Разбрав дека тоа им е политиката, дека сакаат да ја зголемат конзумацијата на флаширано вино по глава на жител во Македонија - бројка што е страшно ниска за земја производител на вино.
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.