build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Тетово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #1 Topic: ТИРЗ Тетово
    Posted: 16-Apr-2010 at 23:09
економска зона во Тетово

Инфраструктурата во зоната, која ќе биде оддалечена од Тетово седум километри, на патот кон Желино, според Груевски, ќе почнела да се гради летово, во почетокот на јули. Работите се одвивале бавно, бидејќи барањето за денационализација на земјата ги успорило активностите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8AECCF7B77C6434DAFA16CCD3FD184F4
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 24-May-2010 at 20:21

Ќе се гради слободна економска зона во Тетово

published - 24/05/2010 15:23:00
Големина на текст: Decrease%20%20%20font Enlarge%20%20%20font
image


По три години блокада почнува изградбата на слободната економска зона во Тетово. Владата и сопствениците на земјиштата им ставија крај на пречките за почнување на работите. Министерот за економија Фатмир Бесими вели дека за експропријација останал уште еден мал дел од земјиштето за кое во тек е процес на компензација. Според него, сега ќе почне изградбата на патната инфраструктура, електричната мрежа, канализацијата и телекомуникациите.

„Времето поминато досега е потрошено за дефинирање на имотно-правните прашања. Можам да кажам дека значајна улога одигра и конструктивноста на семејствата и наследниците кои имаа сопственост таму или се во процес на денационализација. Отсега, па натаму можеме  де факто да го понудиме земјиштето како концепт пред инвеститорите кои воглавно доаѓаат од Турција и Европа.“

Слободната економска зона во Тетово има површина од 97 хектари, а во моментов Дирекцијата за слободни економски зони ги анализира моделите за нејзина изградба.

„Во периодот што следува ќе го дефинираме и моделот како зоните ќе се дадат  под концесија или како тоа ќе го изведе Дирекцијата. Но, шансите се поголеми  зоната да ù се даде на некоја компанија која има искуство за развој на Слободната економска зона во Тетово.“

Пред три години дански, норвешки, индо-американски компании, домашни претпријатија и една турска компанија изразија интерес за изградба на овој капацитет. За инвестиции во слободните економски зони во Македонија за компаниите се обезбедуваат даночни и царински олеснувања, како и олеснети можности за извоз на нивните производи.
Невзат Мамути

http://alsat.mk/ekonomija/679883.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 19-Jun-2010 at 05:24

Стартува изградбата на слободна зона во Тетово


Изградбата на инфраструктурата за технолошка индустриска развојна зона Тетово стратува на 22 јуни. Слободната зона ќе има површина од 97 хектари, а со неа откако ќе биде завршена инфраструктурата, која ја гради Владата, најверојатно ќе раководи фирма-концесионер. Пред три години дански, норвешки, индо-американски компании, домашни претпријатија и една турска компанија изразија интерес за изградба на овој капацитет.

Во моментов во земјава функционираат три технолошки индустриски развојни зони, Скопје 1 и 2 и зоната во Штип. Моментално инвеститори има само во Скопје 1, каде свои погони отворија "Џонсон контролс" и "Џонсон Мети". Предвидена е изградба на зони и во Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Струга, Струмица, Крива Паланка и во Кичево.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7B9518AF26375F459CAACCE1F630B109
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Jun-2010 at 18:44
Камен темелник за ТИРЗ Тетово

Во присуство на премиерот Никола Груевски, денес во близина на тетовското село Сараќино беше поставен камен темелник за изградба на инфраструктурата на Технолошката индустриска развојна зона Тетово. Зоната се простира на 95 хектари непосредно до автопатот Скопје – Тетово и е поделена на 27 блокови на кои е предвидено подигање на објекти за производство, дистрибуција и сервисни дејности. Првата фаза од изградбата на инфраструктурата опфаќа изградба на сообраќајна инфраструктура со атмосферска канализација, како и електрична, водоводна и канализациона мрежа. За таа цел во првата фаза е предвидено да се инвестираат околу 5,5 милиони евра, средства од буџетот на Република Македонија.

Ќе се реализира главната сообраќајница со вкупна должина од над 2 километри, која воедно претставува оска на сообраќајната мрежа во зоната. Останатата сообраќајна мрежа ќе се гради етапно согласно со потребите на корисниците. Изведувач на работите е компанијата Мавровоинженеринг,  а вредноста на договорот изнесува 144 милиони денари. Водоснабдителниот систем ќе обезбеди санитарна вода, вода за технолошките процеси како и вода за противпожарна заштита. Системот се состои од два бунари, потисен цевковод, објект за третман на водата со два резервоара со капацитет од по 175 метри кубни и водоводна мрежа.  За изведба на водоводната мрежа и канализационата мрежа ќе бидат инвестирани околу 201 милион денари, а изведувач на работите е компанијата Жикол од Струмица. Снабдувањето со електрична енергија се планира да биде изведено преку изградба на напојна трафостаница во зоната во близина на водот Тетово 1 – Скопје 1, во соработка со МЕПСО и ЕВН. Надзорот при изведбата на градежните работи во ТИРЗ Тетово ќе го извршува компанијата Евро Консалтинг, со вредност на договорот од 5,1 милиони денари. Рокот за реализација на овие активности е 12 месеци.

ТИРЗ Тетово е четврта по ред технолошка индустриска развојна зона во државата. До сега се започнати двете зони кај Бунарџик, како и онаа во близина на Штип, а засега се планираат уште седум вакви зони.


http://www.build.com.mk/?p=4083



Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Mar-2011 at 15:17
Јавно - приватно партнерство во технолошко развојната зона во Тетово

Во технолошката развојна зона во Тетово се планира да се изградат до 30 индустриски капацитети, по принципот на јавно-приватно партнерство, а во фабриките се очекува да се вработат од 7.000 до 10.000 луѓе. Од денеска до први август 2011 година, сите заинтересирани домашни и странски компании ќе може да аплицираат на повикот за јавно приватно партнерство, по што ќе следи фазата на квалификација не подолга од 40 дена, соопшти денеска Наташа Хаџи Лега, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

“Владата останува на концептот на технолошки индустриски развојни зони како модел за привлекување инвестиции зашто покажа дека функционира успешно во светски рамки. Но, паралелно го воведуваме и јавното приватно партнерство. Тоа значи дека ги прошируваме можностите  со нови модели за развој на технолошките индустриски зони“, изјави денеска министерот за економија, Фатмир Бесими.

Повик за јавно приватно партнерство за технолошката индустриска развојна зона во Тетово ќе се реализира во две фази, предквалификациска и квалификациска. Од компаниите, независно дали се странски или домашни, освен финансиска стабилност, ќе се бара и искуство во развивање на технолошките зони. Тие ќе бидат обврзани да достават и бизнис план.

“И кога ги почувствува ефектите од економската криза, Македонија не престана да работи во насока на привлекување нови инвестиции зашто само така се создаваат нови работни места, се воведува нова технологија и економијата станува поконкурентна“, рече Бесими.
http://daily.mk/cluster3/e37da52700bb34355497b3fac97c349f/646220
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 03-Sep-2011 at 17:46

Турски бизнисмени сакаат да стопанисуваат со тетовската зона

сабота, 03 септември 2011, 17:45

Турски бизнисмени сакаат да го преземат управувањето со економската зона во Тетово но бараат владата да ги смени концесиските услови. Стопанственици од турскиот град Бурса, центарот на автомобилската и текстилна индустрија се заинтересирани за инвестирање и промоција но само доколку државата, а не потенцијалниот концесионер ја изгради инфраструктурата во зоната. Што и колку ќе се инвестира во зоната не се открива, засега било најважно да се најде заеднички јазик со владата:

“Македонија е дел од Европа и за Турција инвестирањето во Македонија значи подобрување и за двете земји. Турција рапидно се развива и наскоро ќе стане земја каде имигранти ќе бараат работа. Затоа за нас е многу важно да воспоставиме односи со овој регион. Во градот Бурса има 4 илјади фабрики и многу бизнисмени кои потекнуваат од вашата земја. Затоа треба да се искористи овој предизвик, што се надевам дека ќе биде од корист и за двете земји“, изјави Речеп Алтип градоначалник на Бурса кој ја предводеше бизнис делегацијата од овој град.


За промена на стратегијата притиска и дел од домашната бизнис заедница која исто така е заинтересирана за инвестирање во зоната во партнерство со турците. Мендерес Кучи од Стопанската комора на северозападна Македонија смета дека владата треба да овозможи исти услови во тетовската зона со оние кои ги има во Бунарџик.

Владини извори за Алфа не ја исклучуваат можноста веќе идната недела да се стави на маса предлогот за промена на стратегијата за развој на зоната, која досега не даде резултат. Иако се најавуваше дека за тетовската зона има интерес, на последниот јавен повик не се јави ниту една заинтересирана компанија.

http://www.time.mk/read/d66eece29a/5ae4042fb9/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 21-Dec-2011 at 18:09

Владата бара партнер за зоната во Тетово

вторник, 20 декември 2011, 18:34

Нов обид на владата да најде инвеститор за економската зона во Тетово. На меѓународен тендер се бара странска компанија што ќе влезе во јавно приватно партнерство со државата за изградба и управување со зоната. Директорот на Технолошко индустриските развојни зони Виктор Мизо очекува на овој тендер да има поголем број заинтересирани комапнии. Тендерот е во прва фаза на претквалификација, а рокот за пријави е до крајот на идниот месец.

Владата очекува интерес од компании кои ќе треба да ја изградат во целост инфраструктурата во зоната. Обврска на државата е да ја изгради пристапната инфраструктура. Ова е втор обид за да се најде инвеститор за зоната во Тетово. Првиот тендер заврши безуспешно, иако интерес имаше од неколку комапнии од Турција. Од владата сметаат дека зоната во Тетово е најповолна од инфраструктурен аспект.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=43978
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 21-Feb-2012 at 12:51
Три компании заинтересирани за менаџирање со ТИРЗ Тетово

Скопје, 21 февруари 2012 (МИА) - Три компании, две од Турција и една од Норвешка, доставија понуди на тендерот за менаџирање со Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово по принципот на јавно-приватно партнерство. Искуство со менаџирање со зони имаат норвешката и една од турските компании.

- Комисијата за евалуација на тендерот во наредните две недели треба да ги разгледа понудите и да одлучи која од компаниите ќе се квалификува за втората фаза што ќе почне да се спроведува од 1 април годинава. Квалификуваните компании ќе имаат рок од 40 дена за доставување на конечните понуди, рече министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција.

Тој прецизира дека доколку се биде во ред до средината на идната година би можеле да бидат готови првите фабрики што ќе функционираат во зоната во Тетово.

- Технолошко-индустриската развојна зона Тетово се простира на површина од 94 хектари и во неа во првата фаза е планирано да се изградат 25 до 30 индустриски објекти во кои се предвидува да се отворат до 7.000 работни места. Се предвидува зоната со целата инфраструктура да чини околу 300 милиони евра. Државата треба да ја направи клучката на автопатот Тетово-Скопје за полесно поврзување на зоната до која сега води регионалниот пат Тетово-Желино, како и целата надворешна инфраструктура, додека концесионерот ќе биде задолжен за внатрешната инфраструктура, појасни Сарачини.

Директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо истакна дека предност на менаџирањето зо развојните зони по принципот на јавно-приватно партнерство е што концесионерот може предвреме да ги изгради објектите и да им ги нуди под кирија или за продавање како готови на потенцијалните инвеститори.

Тој посочи дека Економскиот совет на вчерашната седница ги разгледувал динамиката и акцискиот план за реализација на изградбата  на ТИРЗ за 2012 година во кој влегуваат активностит е за довршување на целата инфраструктура и се што е потребно за инвеститорите во зоните Скопје 1, Скопје 2, Штип и во останатите седум ТИРЗ.

- Очекуваме некои од компаниите заинтересирани за инвестирање во ТИРЗ до средината  на годинава да донесат одлука за која се надеваме дека ќе биде позитивна за Македонија, рече Мизо. вј/са/12:25     

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=91487434&lId=1&pmId=504

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 27-Apr-2012 at 14:34

Турска и норвешка компанија во трка за оператор со ТИРЗ Тетово

Две компании влегоа во втората фаза по повикот за наоѓање на реномиран меѓународен оператор по моделот на јавно-приватно партнерство на технолошката индустриска развојна зона ТИРЗ Тетово.

Како што информираше во петокот Министерството за економија, станува збор за турскиот Конзорциум TBS Yonetim Isletme ve Insast Anonim Sirketi и Пера Констракшн Интернационал ДОО Скопје и норвешката Small Business Association of Norway, Blackard Global (SNB), Normac Investment Group AS, во соработка со SIVA Norway (SNS).

Според евалуацијата на валидните пријави од страна на Комисијата, овие две компании ги исполнуваат условите од предквалификацијата и ќе бидат поканети да поднесат понуда во втората фаза од ограничениот повик.

Со тоа е исполнет условот од најмалку два квалификувани понудувачи, па може да се очекува во третиот квартал на 2012 година да имаме конкретен завршен избор на оператор на ТИРЗ Тетово.  

Индикативната инвестициона вредност на ТИРЗ Тетово во делот на внатрешната инфраструктура ќе биде приближно 15 милиони Евра. Дополнителна инвестиција се придружните објекти неопходни за функционирање на Зоната, како административен објект, терминал и сл., која заедно со приклучокот до автопатот и до регионалниот пат ќе изнесува приближно 4-5 милиони Евра.

Од Министерството истакнуваат дека доколку се земат превид изградените фабрики во зоната, во зависност од употребената технологија, проценатата вредност е околу 500 милиони евра.

Во Технолошко индустриската развојна зона е планирана  изградба на  околу 25-30 Индустриски комплекси со лесна незагадувачка индустрија и се очекува дека развојот на  Зоната ќе овозможи влез на нови технологии, а се планираат околу седум илјади нови вработувања, стои во соопштението.

http://www.makfax.com.mk/#282358%2Fturska_i_norveshka_kompanija_vo_trka_za_operator_so_tirz_tetovo
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 27-Apr-2012 at 23:28
Back to Top
Portal View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 399
  Quote Portal Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 28-Apr-2012 at 13:15
dali nekoj go razbra tocno koj e nacinot na stopanisuvanje BOT sistem ili!?
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 28-Apr-2012 at 16:42
Ни мене не ми е сосема јасно, но не ми изгледа како БОТ систем. Изградбата на самата зона и инфраструктурата веројатно е целосно должност на државата, а операторот само би менаџирал. Операторот би можел сам да гради и „advance“ фабрики кои потоа би ги продавал или изнајмувал на потенцијални инвеститорти (како „advance“ фабриката во Бунарџик која му беше продадена на Текнохозе).



Through the process of public private partnership, the main advantage for the concessioner would be the opportunity to build the internal infrastructure and the industrial facilities in TIDZ Tetovo, and later rent or sell it to future potential investors. Furthermore, it would be the obligation of the state to construct the intersection on the highway between Tetovo and Skopje, as well as to construct the complete external infrastructure of TIDZ Tetovo.


Viktor Mizo, Director of the Directorate for Technological Industrial Development Zones, said that advantage in management with development zone according to Public Private Partnership is that the concessionaire can construct facilities ahead of time and to rent or sold them to potential investors.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Aug-2012 at 19:57
Има ли некакви градежни активности во зонава?
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Aug-2012 at 17:28
Suvo barut   
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12004
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 11-Dec-2012 at 20:54
Повторно се бара приватен партнер за ТИРЗ Тетово

#

После два неуспешни тендери, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони распиша трет повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за развој, финансирање, управување и вршење работи на основач на технолошко индустриската зона во Тетово. Најповолниот понудувач во наредните 96 години ќе треба да управува со индустриската зона која е со површина од над 974 илјади метри квадратни. Главен критериум при изборот на идниот партнер е цената што тој ќе ја понуди во доставената документација, но и бројот на вработени лица со македонско државјанство. Понудите од заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 15 јануари. Индустриската зона во близина на тетовското село Сараќино е планирана како простор за изградба на објекти за производство, дистрибуција и сервисни дејности.

Од идниот инвеститор се очекува да вложи околу 15 милиони евра во изведба на неопходната внатрешна инфраструктура, а дополнителни 4 до 5 милиони евра е предвидено да се издвојат за сообраќајна инфраструктура, административен објект и терминал. Досега пропаднаа два тендера за пронаоѓање на партнер кој ќе управува со индустриската зона, при што во април годинава беше поништен вториот тендер иако беа пријавени две турски и една норвешка компанија. Државата се обиде сама да ја изгради потребната инфраструктура во ТИРЗ Тетово во текот на 2010 година со инвестиција од буџетот во износ од околу 5,5 милиони евра. Доколку успешно се спроведе третиот тендер и се изгради изведе инфраструктурата, во идната индустриска зона преку директни странски инвестиции би можеле да се вработат околу 7 илјади лица.


Објавено на 11.12.2012 во категорија Вести.

Тагови: Индустриски, Индустриски зони, Инфраструктура, Сараќино, Тендери и лицитации, Тетово, ТИРЗ Тетово

http://www.build.mk/?p=21068
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3634
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 16-Jan-2013 at 17:50

Норвежаните со амбициозни планови за зоната во Тетово

Норвежаните%20со%20амбициозни%20планови%20за%20зоната%20во%20ТетовоНовите норвешки концесионери на технолошко-индустриската развојна зона во Тетово најавија дека во 2014 година ќе може да се очекуваат првите поголеми инвестиции во зоната која ја добија на менаџирање.

Тие оптимизмот го темелат на претходно искуство со 60 вакви зони во Норвешка и уште неколку десетици ширум Европа.Ларс Рис, претставник на Нормак инвестмент груп од Норвешка, кои беа единствените пријавени на неодамна завршениот тендер за менаџирање со зоната, најави дека нивниот ангажман во Македонија ќе придонесе за развој на малите бизниси и за зголемување на извозот.

„Имаме навистина голема мрежа од наши членки и партнери, како во Норвешка, така и во странство, и со оглед на тоа што сега имаме да им понудиме нешто конкретно во земја која е пријателски настроена кон инвеститорите, очекувам навистина голем интерес“, вели Рис.

Сепак, Рис не кажа никаков конкретен проект или компанија кои би инвестирале во зоната, велејќи дека за тоа е премногу рано да се зборува.

И Ерик Вел Вагне од Иновејшн Норвешка, дел од групацијата која вчера ја доби зоната на управување, рече дека не треба да се очекува фабриките да никнат преку ноќ.

„Значи, ние ја менаџираме зоната само еден ден засега. Ќе ни треба барем една година за да ја подготвиме инфраструктурата, да ги најдеме потенцијалните инвеститори, да се направат плановите за градба, да се добијат дозволите и другите технички потреби, па дури потоа да почне да се гради. Реално е да се очекува дека дури во 2014 година ќе може нешто конкретно да се види“, вели Вагне.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/91689/norvezhanite_so_ambiciozni_planovi_za_zonata_vo_tetovo.aspx
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1302
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 12-Apr-2013 at 17:12
Најголемата европска компанија ќе рециклира гуми во Тетово

Европската компанија за рециклирање гуми „Инова Технологии“ ќе инвестира во Македонија во Индустриската зона во Тетово. Договорот за инвестирање е потпишан денеска од министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија Висар Фида и претставници на компанијата во Гебзе, Турција. Се очекува инвестицијата брзо да се реализира.



Компанијата е сопственик на најголемиот капацитет во Европа за рециклирање гуми преку пиролитички процес од кој се добиваат течно гориво,челична жица и тонер.

Компанијата „Инова Технологии“ практикува производствени процеси со примена на најнови технологии кои овозможуваат рециклирање гуми со целосно избегнување на загадувањето на животната средина кои инаку по природен пат имаат период на разложување од 1.000 години.

Проектот е инициран од промоторот на Македонија во Истанбул Филиз Вели и генералниот конзул Зерин Абаз.

Делегацијата ја посети и индустриската зона Гебзе Ѓузлер и индустриската комора на Коџаели, каде што се сретнаа и со претседателот на комората и претставници на компании од автомобилската индустрија. Беа договорени и посети на неколку компании во Македонија каде што домаќин ќе биде Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, изјави директорот Фида.

http://ekonomski.mk/?p=35108
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 23-Mar-2014 at 22:31
Неколку фотографии од оваа зона на линкот...

http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleGalleryTest/3758/1?month=3&year=2014&day=23&desc=0
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 21-Aug-2014 at 17:37
Погон на италијанската ИТЕК во ТИРЗ Тетово



Околу 120 нови вработувања ќе обезбеди новата инвестиција од 3,8 милиони евра на италијанската компанија ИТЕК, која денеска во ТИРЗ во Тетово ја почна изградбата на новиот производствен погон.
Фабриката ќе се протега на површиа од околу 4.000 квадратни метри и е првата инвестиција во оваа ТИРЗ.
Инвестицијата ќе се реализира преку компанијата PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES и планирано е да се отворат пет производствени линии на композитни профили за производство на стаклени и карбонски влакна.
Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето камен-темелник, оцени дека се работи за значајна инвестиција со која ќе се обезбедат нови вработувања за луѓе од различна етничка припадност.

http://www.porta3.mk/pogon-na-italijanskata-itek-vo-tirz-tetovo/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 21-Aug-2014 at 19:09






фото: миа.мк
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.