build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Тетово

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 22-Mar-2015 at 09:52


За сè има вторпат
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 16-Jul-2015 at 13:53
Американската Леар почнува со реализација на инвестицијата во Полошко



Американската корпорација Леар ја почнува реализацијата на инвестицијата вредна над 15 милиони евра во полошкиот регион. Договорот денеска ќе го потпишат претставници на Леар Корпорацијата и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.

Компанијата почнува со производство на автомобилски навлаки за седишта првично во Гостивар, каде ќе се вработат околу 300 лица, а планира и изградба на нов објект во ТИРЗ Тетово и вработувања на 1500 до 2000 лица до 2018 година. Согласно нивното искуство постои потенцијал тој број да достигне и до 3.000 нови вработувања.

Објектот во ТИРЗ Тетово треба да биде готов до средината на 2016 година, а производството е наменето за сите големи европски автомобски производители.

Намерата за инвестирање во Македонија оваа компанија ја потврди на 19 мај 2015 година. Министерот Самак и неговиот тим повеќе од две години работат интензивно на убедување на Леар оваа инвестиција да се лоцира во Македонија.

- Горди сме што ова е веќе втора по големина фирма од рангот на Fortune 500 која одлучи да инвестира во Македонија покрај големата конкуренција во регионот. Особено значајно е што со оваа инвестиција ќе се отворат модерни работни места за многу млади и искусни луѓе во Гостивар и Тетово. Со оваа одлука само ја покажуваме нашата одлучност да бидеме најдобра дестинација за странските инвеститори и да се бориме за нови работни места, истакна министерот Самак.

Корпорацијата Леар (Lear Corporation) е еден од водечките глобални добавувачи на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција. Леар го опслужува секој поголем производител на автомобили во светот и производите на Леар може да се најдат на повеќе од 300 називи на возила. Производите од светска класа на Леар се дизајнирани, конструирани и произведени од различни тимови на приближно 132.000 вработени лоцирани во 34 земји. На листата на Fortune 500, Lear e рангирана на 177 место. Седиштето на Леар се наоѓа во Саутфилд, Мичиген.

Извор
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 06-Aug-2016 at 08:55
„ЛЕАР КОРПОРЕЈШН“ ПОЧНУВА СО ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОМОБИЛСКИ СЕДИШТА



Американската компанија „Леар Корпорејшн“ в понеделник официјално почнува со производство на автомобилски седишта наменети за странски пазари. Производниот капацитет се наоѓа во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово каде вчера свечено беше извршено примо-предавање на објектот.

Станува збор за инвестиција вредна 17 милиони евра. Во овој проект „Нормак Инвестмент Гроуп“ учествува со 7 милиони, додека делот на американската компанија изнесува околу 10 милиони евра.

Новите производствени капацитети се протегаат на површина од 11.800 квадратни метри, каде се очекува до крајот на 2016 година да бидат вработени околу 1.000 лица. „Леар корпорејшн“ планира до почетокот на 2018 година вкупниот број вработени да достигне 2.500 лица .

Изградбата на производните капацитети на компанијата за автомобилски седишта почна пред шест месеци, а беа ангажирани околу триесет компании, од кои најголемиот дел домашни. Објектот е од прва категорија и ги исполнува сите услови за енергетска ефикасност и е еден од ретките производни капацитети во Македонија од оваа категорија.

http://utrinski.mk/?ItemID=AF9830EE06A4334F8EAA5AA740BD4EDB
За сè има вторпат
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 03-Nov-2016 at 15:04

Aирлиа нека ни е!!!

Леар отвора нова фабрика во Македонија:
До 3000 нови вработувања, 15 милиони евра инвестиција
learcorp

Леар
првично започна со работа на браунфилд локација во Гостивар преку вработување на 300 лица со вештини за кроење и шиење на кожа и ткаенина за производство на автомобилски навлаки за седишта. Денес фирмата ги отвара вратите на новата фабрика во ТИРЗ Тетово.

Новата фабрика која се простира на 12.000 метри квадратни е реализација на првичниот план на Леар со инвестиција вредна над 15 милиони евра.
Фабриката располага со врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории.
До 2018 година ЛЕАР ЦОРПОРАТИОН МАКЕДОНИЈА планира да вработи од 1.500 до 2.000 граѓани, бројка која согласно нивното искуство може да достигне и до 3.000 нови вработувања преку планирана експанзија од дополнителни 8.000 квадратни метри.


Линкови:

http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/93/133417054

http://lider.mk/2016/11/03/pocnuva-proizvodstvoto-na-amerikanski-lear-vo-tirz-tetovo/

Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4417
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 03-Nov-2016 at 17:20
Леле ќе мора да увезуваме работници од Авганистан и Сирија со толку многу нови работни места.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 03-Nov-2016 at 20:38
Јас како млад човек се изнаслушав за отварање на нови фабрики, нови работни места... Но мене тоа не ми е од никаква важност, бидејќи не би работел секако во фабрика за некои 12-15 илјади денари, да си уништувам младост и здравје. Патем не ја гледам својата перспектива како работник во фабрика... А верувам дека и многу други млади луѓе како мене не ја гледаат својата перспектива исто така таму...

Така да, не знам што е радувањево многу за фабрикиве... барем да беа производство на трамваи, возови, турбини за електрани... па да речеш ај работиш негде... а не правење пластични црева и шиење седишта...
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 03-Nov-2016 at 20:47
Originally posted by FoSsiL

Јас како млад човек се изнаслушав за отварање на нови фабрики, нови работни места... Но мене тоа не ми е од никаква важност, бидејќи не би работел секако во фабрика за некои 12-15 илјади денари, да си уништувам младост и здравје. Патем не ја гледам својата перспектива како работник во фабрика... А верувам дека и многу други млади луѓе како мене не ја гледаат својата перспектива исто така таму...

Така да, не знам што е радувањево многу за фабрикиве... барем да беа производство на трамваи, возови, турбини за електрани... па да речеш ај работиш негде... а не правење пластични црева и шиење седишта...


Заврши некој асален факултет (информатика, машински, мехатроника, електро...) И ќе работиш за 50+ илјади денари. Е сега без образование тоа е. На крај 15 илјади (А не се 15 туку се повеќе за оние кои имаат малку подолг стаж) се повеќе од НУЛА. Башка што има многу други работи кои дојдоа како бенефит со овие фирми.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 03-Nov-2016 at 20:56
Мене ми се допаѓа финтата во насловот од типот: „До 3000 вработувања“, а потоа во текстот читаш дека фабриката ќе отвори 1.500 до 2.000 работни места (што не се малку, ама не се ни 3.000) и дека можеби ќе отвори 3.000 работни места, што не значи дека и навистина ќе отвори.

Како и да е, со среќа нека им е на вработените таму, се надевам дека ќе добиваат пристојна плата и дека ќе имаат пристојни услови за работа. Иако вака предизборно сум скептик за многу најави од областа на економијата.
За сè има вторпат
Back to Top
Robbi-MKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Oct-2008
Location: GER, Dortmund
Online Status: Offline
Posts: 100
  Quote Robbi-MKD Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 03-Nov-2016 at 21:05
Originally posted by FoSsiL

Јас како млад човек се изнаслушав за отварање на нови фабрики, нови работни места... Но мене тоа не ми е од никаква важност, бидејќи не би работел секако во фабрика за некои 12-15 илјади денари, да си уништувам младост и здравје. Патем не ја гледам својата перспектива како работник во фабрика... А верувам дека и многу други млади луѓе како мене не ја гледаат својата перспектива исто така таму...

Така да, не знам што е радувањево многу за фабрикиве... барем да беа производство на трамваи, возови, турбини за електрани... па да речеш ај работиш негде... а не правење пластични црева и шиење седишта...



Ти што не си среќен тоа е твоја лична перцепција и никој неможе да ти помогне таму, мислам дека не е коректно да се омаловажуваат работните места и позиции од твоја страна, па дури до некаде е и перфидно да се даде таква констатација!
За многу семејства тиа вработувања им значат МНОГУ, изгледа не си бил невработен, немаш семејство да се грижиш за некого, немаш обрврски ако живееш кај мама и тате, па незнаеш што зборуваш!
Неможе пријатељу да бидат сите памењаковиќи како тебе и секој да праве „турбини„  „возови„ „камиони„ „авиои„ како ТЕБЕ... Nuts
некој треба и да посее жито за некој како натебе да ти направе леб, да ти сошие панталони, блуза, чевли итн итн секое работно место во ова време е битно!
Такво понижувачко однесување кон работните места и професиите, кои не се нималку лесни и едноставни, од твоја страна, е просто запрепастувачки, Nonsense на квадрат!!! Cheers
Не си глуп кога нешто незнаеш, туку кога се правиш дека знаеш сe´!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 03-Nov-2016 at 23:02
Очигледно не ја сфаќате поентата.

Сѐ додека оваа држава има на ум дека треба да се закрпи кај што може, да се преживие со колку може, и да се биде вработен колку за кришка леб... нигде нема да стигнеме.

Ова вклучува немање на квалитетни стратегии и системи за млади, нивно образование, потоа созадавање на економски гранки и индустрии кои се високопрофитабилни, развивање на пазарот, и можности за себереализирање.... поради ова ќе останеме на нископлатени работни места, слаба економија... и наместо да бидеме држава која што ќе биде просперитетна, сме држава која гледа како што и самите викате да скрои крај со крај и за кришка леб.

Кога ќе дојде време кога ќе работиме поради себереализирање и некакво животно постигнување, тогаш може да речеме дека сме се оправиле... сѐ до тогаш ќе биде само мизерно преживување... на некој тоа не им одговара и си одат, ама за жал тоа е како надолна спирала, бидејќи намалување на популацијата носи секакви социо-економски последици... а тоа поттикнува уште млади повеќе да ја напуштаат државата... дури и тие кои се решиле да работат во овие фабрики за да преживеаат во меѓувреме, планираат да си одат... зашто не верувам дека нечиј сон е да работи за 12-15 илјади во некаква си странска фабрика која гледа што повеќе да извади од тебе за да оствари повеќе профит.

А вие само може да се лажете дека тоа е „одлично“, „убава вест“ или сл.

Инаку јас имам менаџмент Култузин... не е твоја работа, ниту пак на Грујо да ми кажува што сакам или треба да учам.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 03-Nov-2016 at 23:05
Ау, да, патем... Роби, ти што бараш у Германија?

Да, и Култизин забораив дека е таму некаде у странство...

Edited by FoSsiL - 03-Nov-2016 at 23:06
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 03-Nov-2016 at 23:10
Originally posted by FoSsiL



Инаку јас имам менаџмент Култузин... не е твоја работа, ниту пак на Грујо да ми кажува што сакам или треба да учам.


Имаш тоа што има половина Македонија а другата половина се на правен. И после немало работа епа нема. Еве другари мои информатичари, инжинери, хемичари се расправат со плати од 1000+ евра. Така да студирај си ти што сакаш нојас ти кажувам кои професии се барани. Инаку кога веќе ја спомна Германија еве ги гледма и овде таквите со економски и менаџмент завршен во Македонија скоро сите работат во Mc Donalds на каса.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 03-Nov-2016 at 23:27
Е фала што ми кажа, еве уште од следен септември ќе запишам електро.

Не сум јас тема на муабет, но очигледно вие не знаете да се задржите на нешто за кое немате аргументи кои држат, па се префрлате на каква е мојата судбина, исто како што те снема и избега кога зборевме за долгите автобуси за у Скопје у споредба со шински возила.

Системски, и стратешки, Македонија е каша попара... а јас, и „таквите“ како мене не се изговор за тоа што ни се дешава.

Патем, не ја водам ја државава, одговорноста треба да се бара на друго место... се надевам во сегашно време и иднина, а не како било у турско и сл...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 03-Nov-2016 at 23:40
Да, патем да додадам... Мене, а верувам и на доста други... не ни играат парите некоја голема улога... да, пожелно е да заработувам достоинствено и да имам некогаш и повеќе од доволно... Но бидејќи гледам не ми ја сфаќате поентата, еве да ви објаснам... Парите иако важни, не се одлучувачки... многу поважно е тоа дали ја ќе работам нешто кое ќе ме исполнува, со кое ќе постигнам нешто и со кое ќе оставам нешто позади себе, притоа да остварам корист за мене, моите блиски, но исто така и за јавното и заедничко добро, за општеството, за државата...

За жал... у Македонија има многу лешинари кои гледаат што повеќе да земат за себе, и не ги окривувам, не знаат за друго, мизерија не опколува, не секој е достоен да се задржи до некои човечки вредности и принципи...

А кога ќе имаме сите повеќе од доволно и го живееме животот за да оставиме нешто, а не у страв дали ќе имаме или немаме за утре... може и ќе се излечиме од вкупната социо-психо-патолошка состојба у која се наоѓаме... и нема да шиеме седишта, а ќе развиваме нови технологии, ќе размислуваме за нови начини, ќе откриваме нови нешта...

Да, може е малку романтично... но барем сонувам за таква држава... а не за некои странци кои ќе дојдат тука да ја цицаат и залажуваат Македонија... или пак да се гордеам со и да подржувам криминалци кои ја уништија државава... Не сум сељак, за среќа.

Edited by FoSsiL - 03-Nov-2016 at 23:42
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 406
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 04-Nov-2016 at 02:56
Originally posted by FoSsiL

Јас како млад човек се изнаслушав за отварање на нови фабрики, нови работни места... Но мене тоа не ми е од никаква важност, бидејќи не би работел секако во фабрика за некои 12-15 илјади денари, да си уништувам младост и здравје. Патем не ја гледам својата перспектива како работник во фабрика... А верувам дека и многу други млади луѓе како мене не ја гледаат својата перспектива исто така таму...

Така да, не знам што е радувањево многу за фабрикиве... барем да беа производство на трамваи, возови, турбини за електрани... па да речеш ај работиш негде... а не правење пластични црева и шиење седишта...


Новите фабрики во Македонија доаѓаат, затоа што имаме евтина работна сила и голема невработеност. Како ќе ги доведеш тие фабрики коишто ќе ти дадат 1.000 евра просечна плата? Со сигурност никако. За помалите градови и села ваквите фабрики вредат злато, затоа што ќе се вработат можеби 2-3 од едно семејство. Секоја нова фабрика значи намалување на невработеноста и зголемување на конкурентноста и платите. Втора работа, оваа фабрика е од големо значење за Македонците од полошко за да останат и живеат таму наместо да се иселуваат. Трета работа, треба масовна реорганизација на образованието и тоа какви кадри во иднина ќе произведуваме. Се дур правниот, економскиот, филолошкиот и педагошкиот факултет ни се примарни факултети на коишто најголем дел од младината оди сигурно дека нема да имаме некоја подобра иднина.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 04-Nov-2016 at 03:17
Али тоа не функционира така.

15 илјади не те задржуваат во државава... Мене ни 30 илјади не би ме задржале... Не е сѐ во парите...

Друга работа... Никој не вика да се донесат фабрики кои ќе даваат 1000 евра плата. Не треба да се носат воопшто, туку да се стимулира домашната економија, домашното претприемништво и развој на нови бизниси, технологии, производи и услуги.

Трета работа... Да, треба да се има некоја политика и за стански инвестиции, но сепак, прво треба да се одреди кои компании ќе ни се таргет и што ни е важно за развој на државава, и што можеме како држава да добиеме освен нови работни места. Потоа, зошто ние да треба да ги носиме, доволно е да создадеме услови, тие сами ќе дојдат ако им одговара, но сепак не смееме да дозволиме ефтина работна сила на сметка на нови работни места. Исклучок на тоа дека не треба да носиме би биле одредени фирми кои ни се на нас од посебен интерес, како на пример фирми од калибар на Тесла и сл.

Образованието секако треба да претрпи реформа, и да биде и поквалитетно но и ефективно. Не можеш на никој да му кажеш што да избере да учи, и сите професии се подеднакво важни во развиени општества, но секако можеш уште во основно и средно да направиш некои насоки да бидат поинтересни и попопуларни за младите... а тоа не се прави со набилдана програма и екстерно тестирање... тоа се прави со практика, екперименти, предизвици, натпревари и сл.

Значи... ова е сериозна политика која е поврзана со голем број ако не сите сфери од општественото живеење, економските прилики, државното управавување... и не се креира и одржува со некакви си адхок решенија од типот на фабрики за 3000 вработувања... екстерни тестирања... или пак што кажал Грујо дека требало да се запишуваат луѓе на технички факултети...

Патем... лесно е да кажеш запиши се на технички факултети... прашање е после дали ќе можеш да го завршиш... ако си необразован од претходно џабе ти е... а тие што си се образовани си одат на техничките факултети... си учат, си завршуваат... ако најдат тука работа ок, ако не, се собираат парталите и си одат... не дека нема луѓе... има... само никој не знае да го стави во функција нивниот потенцијал, и си бегаат... а наместо нив се вработуваат партиски кадри кои поим си немаат... Како што реков, проблемите у државава не се така едноставни и се испреплетени едни со други... и се додека некои клучни проблеми не се решат... па ако сакаш и од марс донеси инвеститори... нема да ја биде државава...

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 04-Nov-2016 at 04:33
тоа што сака да каже Фосил е дека немаме диверзитет на пазарот на труд, а и оној лабав пазар што го имаме е очигледно на различен универзиум со факултетите што ги имаме

Edited by zabegan - 04-Nov-2016 at 04:35
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 04-Nov-2016 at 04:41
Originally posted by Џоле

Мене ми се допаѓа финтата во насловот од типот: „До 3000 вработувања“, а потоа во текстот читаш дека фабриката ќе отвори 1.500 до 2.000 работни места (што не се малку, ама не се ни 3.000) и дека можеби ќе отвори 3.000 работни места, што не значи дека и навистина ќе отвори.

Како и да е, со среќа нека им е на вработените таму, се надевам дека ќе добиваат пристојна плата и дека ќе имаат пристојни услови за работа. Иако вака предизборно сум скептик за многу најави од областа на економијата.
тоа што сум приметил во сите медиуми е што се пишуваат оптимални бројки за wow фактор... се отвара фирма со капацитет од 1000 работни места, а дали таму ќе се вработат 1000 или 100 луѓе не е битно нели?
а добро позната работа е тоа што кај нас еден вработен работи за пет
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 676
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 04-Nov-2016 at 10:22
Originally posted by zabegan

Originally posted by Џоле

Мене ми се допаѓа финтата во насловот од типот: „До 3000 вработувања“, а потоа во текстот читаш дека фабриката ќе отвори 1.500 до 2.000 работни места (што не се малку, ама не се ни 3.000) и дека можеби ќе отвори 3.000 работни места, што не значи дека и навистина ќе отвори.

Како и да е, со среќа нека им е на вработените таму, се надевам дека ќе добиваат пристојна плата и дека ќе имаат пристојни услови за работа. Иако вака предизборно сум скептик за многу најави од областа на економијата.
тоа што сум приметил во сите медиуми е што се пишуваат оптимални бројки за wow фактор... се отвара фирма со капацитет од 1000 работни места, а дали таму ќе се вработат 1000 или 100 луѓе не е битно нели?
а добро позната работа е тоа што кај нас еден вработен работи за пет
Не се објавува капацитетот на фабриката, туку бројот на вработени во оптимална оперативна фаза, односно број што е предвиден во бизнис планот на компанијата. Така што, податокот за 1000, 2000 или 3000 лица е податок од компанијата, а не на тој што објавува. Во овој случај, ако ги слушаше говорниците на настанот, беше конкретно објаснето: до овој момент работат 520 лица, до крај на година 800, до крај на следна 1500, а вкупно се предвидени 2000 лица. Понатаму постојат планови за проширување, што може да доведе до 3000 вработени лица.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11705
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 04-Nov-2016 at 10:29
Фабриката Леар



фото: миа.мк
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.109 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.