build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

GPS покриеност на MK

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 09-Jun-2008 at 14:33
managoid Thumbs%20Up
Back to Top
blejdsk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 319
  Quote blejdsk Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 12-Sep-2008 at 22:45
PA REDNO VREME BESE...........
 

АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ


GPS станици за глобално позиционирање


Вкупно 14 активни GPS станици поставени на растојание од 50 до 70 километри, ќе го сочинуваат системот за глобално позиционирање - МАКПОС кој ќе овозможи на брз и сигурен начин да се дојде до геопросторни податоци на било која позиција на територијата на земјава. Со помош на МАКПОС системот и користење на услугите на глобалните сателити ќе може да се дојде до точни податоци што се во границите од еден сантиметар до половина метар, во зависност од потребите на корисниците. Внимателно следејќи ја презентација на системот од страна на одговорни од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески рече дека со неговото пуштање во комерцијална употреба до крајот на 2009 година, придобивките ќе ги почуствуваат корисници од областа на геодезијата, инженерството, сообраќајот, рударството, шумарството, земјоделието, екологијата и слично.

- Владата постојано иницира и поддржува нови проекти што ги следат светските трендови во однос на примената на современи технологии што се употребуваат во транспортот, телекомуникациите и градежништвото. Тие и овозможуваат на Македонија да стане посакувано место за инвестиции и основање бизнис - потенцира Јанакиески.

Според директорот на АКН, Љупчо Георгиевски засега има поставено само пет активни GPS станици во Скопје, Велес, Прилеп, Кичево и Тетово и со нив е покриена 45 проценти од територијата на земјава. До крајот на оваа година треба да се постават уште две вакви станици во Охрид и Битола, со што покриеноста ќе достигне 65 проценти. До почетокот на 2010 година, заинтересираните корисници ќе можат бесплатно да ги користат податоците на овој систем.

http://vecer.com.mk/?ItemID=50BB739C639DBC47A2DC438E26FD0E0A



Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Sep-2008 at 02:48
Дали некој од вас има кола со ГПС, или било каков ГПС уред? Дали некој има испробано како работи?
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
GreatMakedon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
  Quote GreatMakedon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Sep-2008 at 17:08
la linea jas imam navman  GPS.. dosta mi e potreben posto slab sum so snaoganje niz golemi gradovi.
Vo Pert, kade sto ziveam, gradov e 70km sever jug i 35km istok zapad.. pa dosta potreben mi e.
Mnogu interesni uredi, neverojatno so kakva preciznost rabotat, isto taka ti kazuvaat so kolkava brzina se dvizis, mozes da izbiras dali sakas na najbrz nacin da te odnesi do destinacija ili po najkratka marsruta ili pola na pola da gi zeme dvete vo obzir..
isto taka ti kazuva posle kolku metri da vrtis kade, posle na kraj te predupreduva povtorno da svrtis.. ako ja promasis odma presmetuva nova marsruta .. isto taka ti kazuva na koj semafor imat 'red light camera' koj te slikaat ako pomines na crveno Big%20smile
mozes da biras isto taka dali sakas tridemincionalna karta ili dvodemicionalna..
mozes da biras vo koi boi da bidat patistata obelezani... ti kazuva pokraj koja adresa vrvis, ti kazuva kolku e daleku najbliskata benzinska stanica i uste trista drugi cuda.
Biras dali sakas maski ili zenski glas da ti "zboruva" (jas sakam zenski) Yes
Imat i dosta drugi moznosti koj nesum gi ni isprobal mojot GPS ured..
dosta evtini se sega vo avstralija barem.. mojot go kupiv $250 ... (10,000denari)
sepak mislam napraviv greska sto kupiv marka NAVMAN posto treba da platis za najnovi elektronski karti da instaliras, no ako si kupis marka TOMTOM gps, za tie uredi bezplatno preku internet mozes da daunlodiras karti za bilo koj grad upto-date.

Back to Top
ATC@LWSK View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2
  Quote ATC@LWSK Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 19-Dec-2008 at 11:30
BeTon ме повлече за јазик, еве го постот што го спомнува претходно за ГПС програмчето на Нокиа:

Еве едно програмче да им препорачам на сите што сакат да спортуваат, аматерски или професионално, или воопшто за сите што практикуваат outdoor активности. Бесплатно е и се download-ира од http://sportstracker.nokia.com
Не мора да напоменам (името кажува) дека работи на Нокиа телефони од Series 60 v3 платформата. Основна опрема е ГПС рисивер (интегриран или екстерен Bluetooth) и желба за спортување. Има 6 активности кои може да се селектираат пред почетокот на workout-от: Walking, Running, Cycling, Skiing, Other 1, Other 2. Other 1 и 2 се customizable, на пример Flying (ако летате со параглајдер или сл) или било која друга активност која и не мора да подразбира физичка активност (пример Driving/Bike riding) или било што.
По одбирање на активноста, се чека ГПС lock, и се притиска Start. Има неколку screen-a на кои се гледаат разни информации, пример на еден екран гледаш моментална брзина, поминат distance, поминато време, просечна брзина и моментална надморска визина. На друг екран се гледа моментална позиција со координати, моментална брзина и насока на движење. Следни се три screen-a со графикони: speed vs. time, па speed vs. distance, па altitude vs. distance. Следен е графикон со laps covered, ги прикажува поминатите кругови за споредба, пример при трчање на кружна патека или сл. Потоа следува мапа со covered distance, и на крај комбиниран екран со мапата од лево, и брзина, distance и time лево. Секој workout може да се уплоадира на http://sportstracker.nokia.com по креирање на User profile, и потоа да се гледа онлине на Google maps, постои можност да се сподели со пријатели или да биде јавен (да го гледаат сите) или воопшто да не се објавува. Исто така, workout-от може да се екстрахира во КМЛ фајл, и да се отвори со Google Earth. А да, бидејки е Нокиа, мора да има фокус и на мултимедијалноста, односно сите слики и видеа што ги сликате при некој workout (пример возите точак cross-country, и сте некаде од каде може да се направи добра фотка, правите пауза, и сликате неколку фотки или видеа со вашиот Нокиа мобилен телефон. Тие слики и видеа може да одберете да бидат истотака уплоадирани на вашиот Sports Tracker homepage, нормално гео-тагирани. Се разбира, додека правите пауза или се одмарате, Workout-от е на autopause, бидејќи можете да го подесите при одредена активност, да оди на autopause при брзини помали од x (пример, при возење точак, може да подесите autopause да се активира при брзина помала од 2km/h).
Се на се, одлично програмче и им го препорачувам на сите (што имаат Нокиа smartphone, се разбира)

Поздрав,

ATC@LWSK


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 20-Dec-2008 at 16:00

ова навистина е топ работа, ефтино и интерактивно решение! ова е добро за се, но за аеро спортови е уникатна појава, ретко кога би можеле да имаме(добиле) приказ пример на траекторија на прелет, слетување, полетување  и кружење на авиони, хеликоптери, делтаплани, параглајдери  или кајтови. фактички може некој да ја сними траекторијата при слетување на скопки аеродром и да ја конвертира во kml фајл и да ја пушти на GE, како би имале прецизна претстава за воздушните коридори и пристапните точки околу СК...     

можеби треба ова да оди во GPS покриеност на МКД со оглед дека преголема дебата нема да се развие тука, но евентуално може да се преименува темава во GPS софтвер, па да остане тука.      

Back to Top
Radioamater View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Radioamater Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 06-May-2009 at 17:17
Originally posted by blejdsk

Вкупно 14 активни GPS станици поставени на растојание од 50 до 70 километри, ќе го сочинуваат системот за глобално позиционирање

Не свакам за што служат тие GPS станици? ГПС сигналот се емитува од сателити и без никакви станици си има сигнал и прцизност
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 06-May-2009 at 17:26
Радиоаматер добредошол!!!

Оддамна немаме информација што е со системот МАКПОС но вероватно не се работи за ГПС систем туку се работи за некој сличен, но терестријален систем на позиционирање сличен на ГПС, но новинариве си го викаат ГПС од навика и од неинформираност.
Back to Top
Radioamater View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Radioamater Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 06-May-2009 at 17:51
Добре ве најдов
Вероватно е и тоа што викаш новинарите од незнаење а и "немање времe" да со запознаат системот и брзање да ја прикажат информацијата во јавност и нешто ке утнат
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 07-May-2009 at 01:43
Види не е само до незнаење. Не им замеравам до толку на новинарите, нормално не можат да бидат стручни у секоа област. И ги сваќам луќево кога за било каков систем на позиционирање викаат ГПС, имам живци и да објаснам . Но бахати грешки како што ги приметуваме секој не смеат да и дозволат. Но кога веќе се нафаќаш да истражуваш за некој систем пожелно е да употеребиш правилен збор.

Инаку околу системов незнам што посебно би добиле со толеранција на грешка од пола метар. Коју би ја користел?! За Катастар сигурно не. Па за пола метар знаеме колку копачи у глава за забиле. Crazy
Back to Top
josif888 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote josif888 Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 07-May-2009 at 23:16
Jas imam Nokia i imam instalirano piratsko Garmin XT, Preku Adria Route najdov mapi za cela Mk(gi ima i malite ulicki i poznacajnite objekti za pogolemite gradovi) i do sega odlicno mi funkcionira.
--*Josif*--
Back to Top
josif888 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 07-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote josif888 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 07-May-2009 at 23:19
Tie GPS stanici gi koristi katastarot na RM za da ja mapira celata teritorija na drzavata. Nemaat vrska so GPS-ot za koj se pravi muabet
--*Josif*--
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 07-May-2009 at 23:20
Јосиф добредошол!
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 07-May-2009 at 23:46

Само на кратко околу базните ГПС станици. Тие служат за корекција на координатите добиени од сателитите, и не се користат во комерцијалните ГПС уреди. Ги има два типа, корекција во реално време и постпроцесинг корекција. Со нивна помош точноста на мерењата со професионалните ГПС уреди и инструменти се зголемува на само неколку сантиметри. Инаку соседните земји имаат државни и приватни мрежи и нивното користење е огромно, како во градежништвото, катастарот, туризмот и сл. Пред некоја година со помош на еден шведски проект Катастарот набави неколку базни станици (мислам со само постпроцесинг опции ) и почна со нивна инсталација. Мислам дека за да се покрие целата територија на РМ им требаа 17-18 станици.



Edited by UrbanFreak - 07-May-2009 at 23:48
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12126
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 07-May-2009 at 23:52
Дечки да не знаете колку чини една таква базна станица?
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 08-May-2009 at 08:26
Не можам со 100% сигурност да тврдам колку чинат, но мислам дека се движат во ранг од околу 20.000-50.000 еур во зависност од опремата и типот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 08-May-2009 at 09:53
Урбан ќе можеш ли подетално околу начинот на функционирање. Ја колку што знам обичните приемници на оваквиот сигнал всушност мерат разлика во време меќу сигналите примени од различните станици кои пулсираат во синхронизиран такт. Дали овие станици терестријалните кои ги збориме се всушност на некој сличен начин или пак има и некој повратен сигнал (што дополнително значително би ја зголемило цената на терминалите)?!
Back to Top
Radioamater View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Radioamater Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 09-May-2009 at 18:57
Originally posted by lslcrew

Но кога веќе се нафаќаш да истражуваш за некој систем пожелно е да употеребиш правилен збор

нормално!
Originally posted by UrbanFreak

Само на кратко околу базните ГПС станици. Тие служат за корекција на координатите добиени од сателитите, и не се користат во комерцијалните ГПС уреди. Ги има два типа, корекција во реално време и постпроцесинг корекција. Со нивна помош точноста на мерењата со професионалните ГПС уреди и инструменти се зголемува на само неколку сантиметри. Инаку соседните земји имаат државни и приватни мрежи и нивното користење е огромно, како во градежништвото, катастарот, туризмот и сл. Пред некоја година со помош на еден шведски проект Катастарот набави неколку базни станици (мислам со само постпроцесинг опции ) и почна со нивна инсталација. Мислам дека за да се покрие целата територија на РМ им требаа 17-18 станици.



значи тие станици во комбинација со постоечките ГПС сателити служат за навигација на тие уреди?
Имаш информација на кој фрекфентен банд емитуваат тие станици?
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 11-May-2009 at 22:13
во право е josif888  се работи за два слични но не и исти системи, користат како што кажа урбан различен степен на прецизност, само грешка ти е мислата дека нашиот систем МАКПОС, кој го комплетира државата неодамна е постпроцесинг систем, напротив имаме лајка ресивери (антени) технологија која овозможува прецизни податоци од 1 см до 0,5 м, во реално време (еден од најврвните произведувачи на на gps станици), еве малку посликовито објаснување www.grf.bg.ac.yu/mm/files/learnmat/10LEKCIJA9.pdf

ова е систем кој се надоврзува на веќе изработените топографски и катастарски мапи со што прецизно се потврдуваат, утврдуваат или корегираат постојните бази на податоци со кои располага државата како што  е аерофотограметриско снимање, незнам т.е. не ми е познато дали доесега во склоп на ова фотогаметриското снимање кај нас е направено и радарско снимање  www.grf.bg.ac.yu/mm/files/learnmat/11saoLEKCIJA8.pdf   што чисто се сомневам, но и да е сигурно не им е на располагање на сите!


Edited by beTon - 11-May-2009 at 22:15
Back to Top
Radioamater View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 06-May-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Radioamater Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 12-May-2009 at 16:30
значи овој ГПС систем од базни станици нема никаква врска со ГПС сателитите?
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.