build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Комплекс „Верина“

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <123>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 05-Sep-2013 at 17:47
Што се случи со комплексов? Има ли нови фотографии? Го завршија ли?
За сè има вторпат
Back to Top
kurto View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 27-Oct-2010
Online Status: Online
Posts: 0
  Quote kurto Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 29-Sep-2013 at 21:23
investitorot  Blagoja Nikolovski se preseli vo  Verina otkako Subrata mu ja kupi kukata vo Zlokukani.
Sega , so parite od "Sahara"  pobrzo ke go zavrsi kompleksot.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 19-Oct-2013 at 05:17






За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 21-Jul-2014 at 10:17
Заврши изградбата на елитната населба „Верина“

Понудата на недвижности во Скопје е збогатена со нова луксузна станбена населба. Комплексот „Верина“ се простира на околу 30.000 метри квадратни, а во склоп на седумте објекти има вкупно 58 ексклузивни станови со површина од 170 и 210 метри квадратни. Верина се наоѓа на атрактивна локација кај Орман и Волково, во близина на скопската обиколница [»мапа]. Населбата е од затворен тип со сопствено обезбедување.







Станарите ќе може да уживаат во 15.000 метри квадратни зелена површина, порибено езеро со површина од 5.000 метри квадратни, вештачки водопад, базен со пикник простор, рекреативни терени, детско игралиште, билијард клуб и фитнес центар опремен со сауна и турска бања. Сите објекти се опремени со панорамски лифт, а становите се распоредени по два на еден кат и се целосно одвоени, односно немаат заеднички ѕидови. Секој стан има поглед кон езерото. Покрај ова, сопствен систем за греење и ладење, како и сопствен паркинг простор се дел од поволностите за идните станари.







„Верина“ се наоѓа на мирна и тивка локација далеку од градскиот метеж, но со оглед на непосредната близина на скопската обиколница и трасата на планираното продолжување на булеварот Илинден, комплексот има одлични сообраќајни врски со центарот и со другите делови на градот. Дополнително, со својот концепт и со квалитетот на градбата и на вградените материјали кои се на највисоко ниво, „Верина“ наметнува нови повисоки стандарди за домување во нашата држава. Градежните работи ги реализираше градежната компанија „Никоб Инженеринг“.









http://www.build.mk/?p=37143
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 21-Jul-2014 at 10:49
Previous
 
Како убаво ќе им дојдат сателитски чинии и климатизери на овие згради, милина. Big%20smile
 
Шегата настрана, целиот проект изгледа одлично испаднал, но премногу е далеку од централното градско подрачје.


Edited by Dexter26 - 21-Jul-2014 at 10:49
Back to Top
xnx View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 05-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 1941
  Quote xnx Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 21-Jul-2014 at 11:35
klimite se veke staveni i skrieni. inaku kompleksov mi se svigja najveke poradi ciglata na fasadata.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 21-Jul-2014 at 13:58
Originally posted by Dexter26

 Шегата настрана, целиот проект изгледа одлично испаднал, но премногу е далеку од централното градско подрачје.


Тоа може да се смета како предност, но и како недостаток, зависи како гледаш на работата. Од една страна, имаш мир, тивко опкружување, селска идила и слично, а, од друга страна, немаш пристап до лекар, до продавница, до забава и слично, и за сè треба да палиш кола и да одиш до град.
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4189
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 21-Jul-2014 at 18:24
Неколку слики од внатрешноста..






skopjeinfo.mk
Back to Top
Teglarot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 569
  Quote Teglarot Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 21-Jul-2014 at 20:26
Прекрасен е објектот. Навистина за пофалба.

А за одалеченоста од градот/центарот на градот и не е така страшно. За само 15тина минути сте на Рекорд. Но, така функционираме ние Македонците, се' е што е подалеку од 500м е ужасно далеку
Back to Top
tonikostov View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Oct-2009
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 127
  Quote tonikostov Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 22-Jul-2014 at 08:43
Објектот е прекрасен - се сложувам... Но, 15 минути до Рекорд? Само во недела или на државен празник...
Како и да е, локацијата е убава, но штета што инфраструктурата до самата локација е лоша... За жал, тоа е причината за генералните коментаре дека се што е подалеку од 500 метри е ужасно далеку...
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 22-Jul-2014 at 14:30
Инвеститорот сега треба да лобира како би се забрзал проектот околу Илинденска
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 22-Jul-2014 at 15:20
Тешко е да се дојде до заклучок дали е подобро да се подобри инфраструктурата кон населбата или подобро е да се остави вака.
 
Доколку се подобри инфраструктурата, тогаш ќе се отвори вратата за понатамошна урбанизација на местата низ кои се поминува помеѓу населбата и централното градско подрачје.
 
Нови станбени објекти, хотели, мотели, споменици, фонтани и ред други објекти и населбата ќе ја изгуби ексклузивноста што ја нуди со мирот и тишината.
 
Освен ако се подобри инфраструктурата, но сепак не дојде до некакви значителни урбанистички промени, како што е во случајот со булевар Словенија - се изгради, но покрај него засега не никнуваат поголеми објекти и тоа е огромен плус, бидејќи има ветар и отворен простор, за разлика од централното градско подрачје, каде што и дрвјата од поодамна станаа загрозен вид.
 
Кога сме кај ентериерот, иако финансиски не можам да си дозволам стан во било која од овие згради и несомнено нема да можам да си дозволам со години, сепак лустерите кај мене дома ги баталив пред повеќе од 10 години и неонките царуваат.
 
Кога било кој од овие станови би станал мој, лустерите први ќе летаат надвор.


Edited by Dexter26 - 22-Jul-2014 at 15:22
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 22-Jul-2014 at 15:25
Инаку инвеститорот е заплеткан во криминални зделки и со претходниот објект во Злокуќани се врзува со рекет на тамошните станари.

Edited by one1 - 22-Jul-2014 at 15:26
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2050
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 23-Jul-2014 at 14:01
Подобро да се гради на тој предел одколку само во Централното Градско подрачје.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2460
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 23-Jul-2014 at 14:15
Навистина убав комплекс. Ова веќе личи на елита, а не Тасино Чешмиче, Водно и слични места. И што ако Верина е толку оддалечена од централното градско подрачје? Каква потреба би имал некој што живее тука да оди во центар? Да не иде случајно во ГТЦ, да не пие кафе во чергарските сплавови или ќе иде на Зелен Пазар и Бит-Пазар?

Сити-мол им е во близина, а за зеленчук и овошје имаат доброснабдени пазари во Ѓорче Петров и Тафталиџе.
Сметки да плаќаат и нарачки да прават можат преку Интернет.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 23-Jul-2014 at 15:29
Единстцен проблем би било само далечината на добро училиште за деца.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 23-Jul-2014 at 19:31
Децата на ваквите богаташи или не учат во земјава, или имаат домашни учители. Ретко се мешаат со обичните смртници. (Можеби претерувам малку)
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 23-Jul-2014 at 19:56
Previous
 
Воопшто не претеруваш, се што спомна е чиста вистина.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 07-Nov-2014 at 16:15












За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 14161
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 07-Nov-2014 at 16:15
















фотографии: nikob-ing.mk
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <123>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.734 seconds.

Copyright ©2007 - 2022  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.