build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>
Poll Question: Рeкoнcтрукција на oбјектoт на Влада на РМ
Poll Choice Votes Poll Statistics
21 [22.34%]
30 [31.91%]
0 [0.00%]
1 [1.06%]
7 [7.45%]
23 [24.47%]
12 [12.77%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1221 Posted: 22-Jan-2016 at 17:39

Диктатура и потчинетост:




Демократија и слобода на духот:



Еех, нивната чудесна земја.
Back to Top
MartinX View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 11-Jan-2016
Online Status: Offline
Posts: 11
  Quote MartinX Quote  Post ReplyReply #1222 Posted: 22-Jan-2016 at 18:02
Originally posted by Dexter26

Previous  И кутриот ти, уште повеќе исфрустриран, бидејќи реплицираш на коментар на некој кутар исфрустриран.



Труеш со политика бе пријателе, секој пост тоа па тоа, форумов го пратам со години... дај остајте го местово да биде чисто информативно, да не биде партиски препукувања
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1899
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1223 Posted: 22-Jan-2016 at 18:39
Previous
 
Посакувам да си во право бе пријателе, а верувам дека и администраторите и модераторите посакуваат да си во право и навистина јас да сум тој кој труе со политика, бидејќи во тој случај банирањето на само 1 (ЕДЕН) член на форумов - имено мене - ги дели нив од враќање на објективната дискусија на форумот.
 
Но не си во право пријателе, јас не сум тој кој труе со политика, туку политиката е таа која го труе градов (мислам на Скопјево, под претпоставка дека живееш во овој град), и политичарите се тие кои ја направија поделбата на предавници и патриоти, и со ваквите постапки ја трујат нацијата.
 
За да не испадне дека те лажам, прочитај што низ што поминуваат Полјаците, каде што неодамна им дошле на власт нивните пвеводбеници.
 
http://off.net.mk/vesti/svet/a-shto-vsushnost-mislat-poljacite
 

А што всушност мислат Полјаците?

 
20 Јануари 2016 - 15:15
 
Деновиве ги гледаме како домаќини на европското првенство во ракомет.  Црвено-бели, бучни, убави и радосни навиваат за своите. Но, како се живее таму, што ги секира и кои се секојдневните жиивотни и и политички дилеми на тие луѓе? Њујорк Тајмс ги праша, ние ќе ви пренесеме, а вие сигурно ќе се пронајдете во некој од нив.
 
...
 
ПОДЕЛЕНО ОПШТЕСТВО
 
Ана Вроњевич, 27, воспитачка во градинка за деца од странство
 
Тажна сум и шокирана колку брзо и лесно се поделивме на "наши" и "нивни", на "патриоти" и "предавници". Ваквата поделба е апсурдна и не се темели на рационални аргументи, но ѝ одговара на владеачката партија за да можат оние кои имаат моќ да ја одржуваат поделеноста и анимозитетот кај двете страни.
 
...

 
Прочитај ја статијата за поубаво и подетално да се запознаеш со терминот политичко труење.
 
Не пријателе, јас не трујам со политика, напротив, јас само го исфрлувам вишокот отров кој останал од таквото тотално непотребно труење.


Edited by Dexter26 - 22-Jan-2016 at 18:45
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1224 Posted: 22-Jan-2016 at 19:47
Статијата баш говори за периодот кој ни за жал го поминавме, а моментално сме во многу понапредна фаза.
Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #1225 Posted: 22-Jan-2016 at 22:32
Originally posted by hcitrS


Диктатура и потчинетост:




Демократија и слобода на духот:



Еех, нивната чудесна земја.


Убава паралела си направил. Јас ќе дадам уште една - парламентот на Австрија изграден во времето на Франц Јосеф е навидум многу слична зграда со македонскиот стиропор, но разликата е во тоа што во Виена можеш да се сликаш пред вратата на истиот, за разлика од него во Скопје парламентот е ограден од стравот за спуст од вечното владеење.

Оваа долна слика, во мирно време, време во кое Македонија се ослободи од комунизмот и полека од транзицијата, е навидум убава парлалела со фашизмот кој владее во Туркменистан и Белорусија. Додуша во Белорусија нема полицајци и желени зандани пред државните објекти.

Edited by one1 - 22-Jan-2016 at 22:34
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #1226 Posted: 22-Jan-2016 at 23:16
Додуша во Белорусија нема полицајци и желени зандани пред државните објекти.

Нема, бидејќи одамна го сотреа секој што мислеше против нив, а нивниот претседател сите избори и понатаму ги добива со по 75% од гласовите
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1227 Posted: 31-Jan-2016 at 18:11
Отворање на новиот објект на Централниот Комитет на Сојузот на комунисти на Југославија, 11 јуни 1970


Јосип Броз Тито и соработниците во негова обиколка


Разговор со културната и научната елита на Скопје


Одржан во истата зграда


Медиумски пренос на настанот


Присутни се Ангел Чемерски, Јованка Броз, Никола Минчев, Ѓука Баленовиќ, Марко Врхунец, Крсте Црвенковски, Блаже Конески, Ксенте Богоев, Гане Тодоровски, Киро Глигоров, Лазар Колишевски, Љупчо Арсов, Васко Карангелски, Славко Милосавлевски и други
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1228 Posted: 31-Jan-2016 at 18:14
Јованка Броз го разгледува објектот


Декорација


Сала за одмор


Броз и Црвенковски во обиколка
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1229 Posted: 31-Jan-2016 at 18:16
12 јуни 1970


На разговор со друштвено-политичкиот актив на СРМ


Во позадина се гледаат објекти оштетени од земјотресот


Броз со соработниците


Разговорот


Одржан во салата за состаноци
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1230 Posted: 31-Jan-2016 at 18:21
Крај на средбата


Детаљ од ентериерот


Излегување од зградата


Фонтаната во дворот


Детаљ од екстериерот


Заминување на Јосип Броз Тито


Фотографиите се преземени од foto.mij.rs. На врската има повеќе фотографии од истата колекција, но во нив фокусот е целосно ставен на личностите, занемарувајќи го објектот
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Newone View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 15-Oct-2015
Location: Male
Online Status: Offline
Posts: 34
  Quote Newone Quote  Post ReplyReply #1231 Posted: 01-Feb-2016 at 09:33
Staro Skopje, so ti e poentata so ovie fotografii?Demek objektot e vazen oti dosol da go otvori Tito? Ili?
Архитектурата го отелотворува сонот на луѓето.
Back to Top
buco55 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 20-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 12
  Quote buco55 Quote  Post ReplyReply #1232 Posted: 01-Feb-2016 at 09:49
Браво за фотографиите StaroSkopje. Одлично е да се види квалитетот и креативноста која била присутна во тоа време. Вака гледајќи го ентериерот, забележително е дека се користеле многу модерни и современи елементи, не само за Македонија/Југославија туку и пошироко. Вградените сијалици, овални континуирани модуларни маси, тешки завеси со огромни и нестандардни димензии, ламперија направена од едно парче, скриено светло, спуштени плафони, културни и уметнички форми и други работи само зборуваат за тоа на што се се пазело при дизајнирање и изведување на еден важен објект, кој според моите скромни познавање од ТВ би можел да речам дека за своето време бил рамо до рамо со најпрестижните модерни објекти во Америка и светот.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3191
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #1233 Posted: 01-Feb-2016 at 10:44
Поаѓајќи од тоа какво образование имал авторот како основа во изработката на ова архитектонско здание, не ме чуди тоа што сме добиле простории кои можеле да се споредат рамо до рамо со модернизмот во САД и во Западна Европа.
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #1234 Posted: 01-Feb-2016 at 11:42
Фантастични фотографии. Благодарам!
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1147
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #1235 Posted: 08-Feb-2016 at 21:16
Newone,

Целта поради која објавив фотографии од отворањето на објектот на Централниот Комитет на Сојузот на Комунисти на Македонија (кој денеска служи како седиште на Владата на Република Македонија) воопшто не ми беше експонирање на прикажаните личности и воздигнување на нивното присуство, кои се фокус на фотографот и организацијата која истите ги објави. Целев кон прикажување на оригиналниот екстериер и ентериер на објектот, изграден во духот на модерната архитектура популарна во западните земји (САД, западна Европа и Југославија), кој се одликува со иновативност, функционалност и квалитет, а за жал од сосема лични и неразумни причини беше уништен (поточно кажано несмасно сокриен) со последната „реконструкција“ на објектот.

Поздрав,
Ani
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1236 Posted: 08-Feb-2016 at 23:34
Originally posted by hcitrS


Диктатура и потчинетост:

http://photos.wikimapia.org/p/00/00/96/29/79_big.jpg

Демократија и слобода на духот:

https://c2.staticflickr.com/6/5625/23736747010_0e62d66740_b.jpg

Еех, нивната чудесна земја.



Споредбава исто ко кај миленко, само обратно. Најдобронамерно кажано.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 452
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #1237 Posted: 09-Feb-2016 at 01:05
Originally posted by fichot

Originally posted by hcitrS


Диктатура и потчинетост:

http://photos.wikimapia.org/p/00/00/96/29/79_big.jpg

Демократија и слобода на духот:

https://c2.staticflickr.com/6/5625/23736747010_0e62d66740_b.jpg

Еех, нивната чудесна земја.



Споредбава исто ко кај миленко, само обратно. Најдобронамерно кажано.


Нема шо добронамерно или не. Од небо смрди да миленшчина. Но веќе не е ни битно, и онака нема повеќе правила. Чиста лакрдија. И владата би го направила истото, дури и во подлабока крајност би отишла. Би ја претставила зградата окапана, муфлосана, со нечисти прозорци, како пример за лошата архитектура на социјализмот (црно-бело се разбира, за да се појача ефектот на „лошотилок“).

Едноставно ми е искрено криво што успеваат секоја ситница, секој добар момент, да го е**т, испустат, тривијализират, изџвакаат, покакаат. Во малку работи сме оригинални (во смисла на позитивно оригинални), а едната од нив беше „владата на народот“, т.е. самото седиште на извршната власт беше скејтпарк, урбан елемент. Колку само симпатично беше тоа, една таква „македонска работа“ ама со позитивна конотација. Се претераа системи, идеологии, државници и политиканти, се менаа граници, се кренаа востанија, се потпишаа капитулации... а владината зграда секогаш беше органски дел од градот, од паркот, од народот... на ништо не потклекна, за на крај да дојди еден смрден, грд, крив, необразован патуљак и да зафркни се. Криво ми е. Едноставно. Да останеа јајцата со кои ја декорирав тортава, можеби ќе бев за нијанса посреќен.

Он топик:

Железото од оградата доби и златни завршетоци. Нема да се зачудам ако уште и врвчиња во форма на круни додадат.


Edited by hcitrS - 09-Feb-2016 at 01:18
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6998
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1238 Posted: 09-Feb-2016 at 02:15
значи џабе се објаснувате... комунистичка лименка е објектот...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10875
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1239 Posted: 09-Feb-2016 at 13:30
Златните завршетоци на оградата





http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=27161&cat=2

Edited by Џоле - 09-Feb-2016 at 18:09
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2369
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1240 Posted: 11-Feb-2016 at 01:14
Од лошо на полошо. Крај му нема на лудилово.

@hcitrS: Те разбирам. Ама едната фотка од секојдневие, а другата од протест, синким порано немаше обезбедување при протести. Тоа ми беше мислата.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 6061626364>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.