build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 5960616263 64>
Poll Question: Рeкoнcтрукција на oбјектoт на Влада на РМ
Poll Choice Votes Poll Statistics
21 [22.34%]
30 [31.91%]
0 [0.00%]
1 [1.06%]
7 [7.45%]
23 [24.47%]
12 [12.77%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1201 Posted: 08-Dec-2015 at 12:40
Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.
За сè има вторпат
Back to Top
Bojan10 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 21-Jun-2011
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 503
  Quote Bojan10 Quote  Post ReplyReply #1202 Posted: 08-Dec-2015 at 12:56
Не треба да бидеме до толку патетични. Како некој може да промени историја? Историјата те колве по главата секој ден, таа го следи и Груевски, свесно или несвесно. Последиците на таа власт од 1945 до осамостојувањето си ги живееме, како и што ќе ги живееме последиците од власта на Груевски.

Еве пример. Денес 99% од луѓето што ги довлекла комунистичката партија од село во град, им дала станови за речиси беспари, сметаат дека фасадите на зградите што им се распаѓаат, па и во Куманово, треба власта, државата да ги направи. И тоа го сметаат млади луѓе, што се родени во самостојна Македонија. Толку се уништени луѓето од 1945-1990, што дури ги индоктринираат своите деца и внуци со таа отровна глупава идеологија. И тие луѓе денес жмијат по штабови, дел се во сдсм дел се во вмро и чекаат партијата да им ги вработи децата, а они за тоа време се грејат со каси од стари врати и прозорци и прагови од пруга, и серат колку бил загаден градот. Тој што ќе победи ќе му се вработи детето и ќе биде бедно задоволен, тој што ќе изгуби ќе пцуе све живо и држава и ќе го прати детето во странство и го избере најбедниот начин за да го искаже незадоволството.
Све се гледа живеам во опшрина со власт на СДСМ, не може да ми држат морални предавања.

А за чудо, и тој Груевски, кој треба да е десничар, па и Жерновски, во 2015 година, даваат негативен пример на новите генерации, и им ги реновираат фасадите. И патем со што заслужил тој што живее во зграда да добие фасада, а тој што живее во куќа не?

Јас воопшто не копнеам по изгубените архитектонски ремек дела на комунистичката власт во Македонија, ама исто така се грозам од повеќето што се направени денес. Затоа што на прсти може да се избројат градбите со кои не би се срамел од 1945 до денес. Македонските архитекти се НУЛА, немаат никакво знаење, безидејни се, немаат муда, немаат ништо. Тој што има пари ги гмечи, ги меле, ги меси како сака. Било да е некој користољуб од власта или бизнисмен. На Македонија и се случува архитектонска трагедија, се градат грозни згради, бедно урбанизирани, населби во кои ќе излегува едно дете по семејство и тоа едно со задоволство ќе го праќаат во странство затоа што се затруени со граѓанштина, немаат ништо национално во себе.

Начинот на кој коментирааат и Култизин и Бојан доведува до заклучок дека се потполно исти луѓе, партиски склоп на размислување, само на спротивни страни. И тоа сум го заклучил не само од оваа тема, туку и за гасификација на пример. Еве сега Бојан ќе биде задоволен, нема да дојде руски гас, нема да бидеме зависни од Русите.


Edited by Bojan10 - 08-Dec-2015 at 12:57
Од чаламот си патиме!
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1203 Posted: 08-Dec-2015 at 16:39
Originally posted by Џоле

Не требаше воопшто да се менува фасадата на оваа зграда, а ќе беше подобро на нова локација Владата да си изгради нова (очигледно имаат пари за тоа) по свој вкус. Тогаш ќе можеа да ја накитат со милион споменици, со златни орнаменти, со вистински или лажен мермер, со илјадници столбови, ќе можеа да насадат мал лавиринт пред влезот за секој посетител вечно да се изгуби и никогаш да не може да го најде влезот (службениците ќе влегуваат од задниот влез), итн. итн.

А оваа зграда можеше да се пренамени во што било, дури и во детска градинка.
и јас лично се залагам за ова што го збориш, секој објект си има своја вредност и треба да се тежнее да се задржи неговиот концепт и лик како оригинално дело... и дека доколку се решило дека објектот не е соодветен за потребите на владата, да се изгради нов
но ете некогаш некаде ќе се реши дека мора да се направат некакви естетски промени ако постои општо незадоволство од тој објект, ама на тие промени се пристапува со голема претпазливост, а ова што го гледаме е насилниочко креирање на лична визија за изгледот на одреден објект без допир со реалноста

затоа и го постирам едното од решенијата како пример, каде што е запазен целосниот концепт на објектот, а сепак е извршена голема естетска промена
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1204 Posted: 08-Dec-2015 at 16:42
Originally posted by Bojan10

Не треба да бидеме до толку патетични. Како некој може да промени историја? Историјата те колве по главата секој ден, таа го следи и Груевски, свесно или несвесно. Последиците на таа власт од 1945 до осамостојувањето си ги живееме, како и што ќе ги живееме последиците од власта на Груевски.

Еве пример. Денес 99% од луѓето што ги довлекла комунистичката партија од село во град, им дала станови за речиси беспари, сметаат дека фасадите на зградите што им се распаѓаат, па и во Куманово, треба власта, државата да ги направи. И тоа го сметаат млади луѓе, што се родени во самостојна Македонија. Толку се уништени луѓето од 1945-1990, што дури ги индоктринираат своите деца и внуци со таа отровна глупава идеологија. И тие луѓе денес жмијат по штабови, дел се во сдсм дел се во вмро и чекаат партијата да им ги вработи децата, а они за тоа време се грејат со каси од стари врати и прозорци и прагови од пруга, и серат колку бил загаден градот. Тој што ќе победи ќе му се вработи детето и ќе биде бедно задоволен, тој што ќе изгуби ќе пцуе све живо и држава и ќе го прати детето во странство и го избере најбедниот начин за да го искаже незадоволството.
Све се гледа живеам во опшрина со власт на СДСМ, не може да ми држат морални предавања.

А за чудо, и тој Груевски, кој треба да е десничар, па и Жерновски, во 2015 година, даваат негативен пример на новите генерации, и им ги реновираат фасадите. И патем со што заслужил тој што живее во зграда да добие фасада, а тој што живее во куќа не?

Јас воопшто не копнеам по изгубените архитектонски ремек дела на комунистичката власт во Македонија, ама исто така се грозам од повеќето што се направени денес. Затоа што на прсти може да се избројат градбите со кои не би се срамел од 1945 до денес. Македонските архитекти се НУЛА, немаат никакво знаење, безидејни се, немаат муда, немаат ништо. Тој што има пари ги гмечи, ги меле, ги меси како сака. Било да е некој користољуб од власта или бизнисмен. На Македонија и се случува архитектонска трагедија, се градат грозни згради, бедно урбанизирани, населби во кои ќе излегува едно дете по семејство и тоа едно со задоволство ќе го праќаат во странство затоа што се затруени со граѓанштина, немаат ништо национално во себе.

Начинот на кој коментирааат и Култизин и Бојан доведува до заклучок дека се потполно исти луѓе, партиски склоп на размислување, само на спротивни страни. И тоа сум го заклучил не само од оваа тема, туку и за гасификација на пример. Еве сега Бојан ќе биде задоволен, нема да дојде руски гас, нема да бидеме зависни од Русите.
за жал ваков е менталитетот на оваа земја... за мене многу е болно тоа што поради таквиот менатален склоп, не може да профункционира ни една наука или уметност на нашиов простор, со своите стандарди и принципи
без разлика кој ги градел и како, ја објективе ги гледам како објекти, како функционираат, по кој концепт се изградени и како изгледаат денес... мене не ми е битна политиката позади нив
за мене самиот потег и начинот на кој е сменета фасадата тука на пример ми смета, а не тоа дали ќе иде нарушен некаков политички систем со тоа
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #1205 Posted: 08-Dec-2015 at 18:54
Originally posted by Џоле

Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.

Што убаво си се тешите со колегата, нема комуњарски лик има комунистичка безлична зграда, ти можеш да бидеш и веројатно си комуњара. Комуњари се наследници на комунистите, лоша копија и лоша оставштина на комунистите. Инаку Скопје беше изградено за време на комунизмот и има многу одлични објекти од тој период, како инфраструктурни, така и згради. Неспорна е изградбата и ренесансата на Скопје по земјотресот, но на одредени позиции се направени крупни грешки. Срушени се многу предземјотресни згради и на нивно место заради партиската матрица не се изградени исти такви, туку се градени објекти согласно тоа време.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1206 Posted: 08-Dec-2015 at 19:14
Originally posted by King

Originally posted by Џоле

Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.

Инаку Скопје беше изградено за време на комунизмот и има многу одлични објекти од тој период, како инфраструктурни, така и згради. Неспорна е изградбата и ренесансата на Скопје по земјотресот, но на одредени позиции се направени крупни грешки. Срушени се многу предземјотресни згради и на нивно место заради партиската матрица не се изградени исти такви, туку се градени објекти согласно тоа време.





...туку се градени објекти согласно тоа време, согласно трендовите и развојот на архитектурата во светски рамки во истото тоа време, пропорционално на можностите.




Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1207 Posted: 08-Dec-2015 at 19:57
Originally posted by King

Originally posted by Џоле

Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.

Што убаво си се тешите со колегата, нема комуњарски лик има комунистичка безлична зграда, ти можеш да бидеш и веројатно си комуњара. Комуњари се наследници на комунистите, лоша копија и лоша оставштина на комунистите. Инаку Скопје беше изградено за време на комунизмот и има многу одлични објекти од тој период, како инфраструктурни, така и згради. Неспорна е изградбата и ренесансата на Скопје по земјотресот, но на одредени позиции се направени крупни грешки. Срушени се многу предземјотресни згради и на нивно место заради партиската матрица не се изградени исти такви, туку се градени објекти согласно тоа време.
да, многу убав објект на женската гимназија постоел на таа локација пред да гo изградат новиот објект... толку убав што денес ќе му ја сменеа фасадата најверојатно...

Edited by zabegan - 08-Dec-2015 at 20:18
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #1208 Posted: 09-Dec-2015 at 01:40
Originally posted by fichot

Originally posted by King

Originally posted by Џоле

Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.

Инаку Скопје беше изградено за време на комунизмот и има многу одлични објекти од тој период, како инфраструктурни, така и згради. Неспорна е изградбата и ренесансата на Скопје по земјотресот, но на одредени позиции се направени крупни грешки. Срушени се многу предземјотресни згради и на нивно место заради партиската матрица не се изградени исти такви, туку се градени објекти согласно тоа време.





...туку се градени објекти согласно тоа време, согласно трендовите и развојот на архитектурата во светски рамки во истото тоа време, пропорционално на можностите.





Не бе пријателе градени се по идеолошка матрица, зошто Дрезден по ѕверското бомбардирање не е граден *согласно трендовите и развојот на архитектурата во светски рамки во истото тоа време*, туку искористени се зачуваните проекти и изграден е идентичнен како пред рушењето.
Back to Top
King View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 655
  Quote King Quote  Post ReplyReply #1209 Posted: 09-Dec-2015 at 01:40
Originally posted by zabegan

Originally posted by King

Originally posted by Џоле

Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.

Што убаво си се тешите со колегата, нема комуњарски лик има комунистичка безлична зграда, ти можеш да бидеш и веројатно си комуњара. Комуњари се наследници на комунистите, лоша копија и лоша оставштина на комунистите. Инаку Скопје беше изградено за време на комунизмот и има многу одлични објекти од тој период, како инфраструктурни, така и згради. Неспорна е изградбата и ренесансата на Скопје по земјотресот, но на одредени позиции се направени крупни грешки. Срушени се многу предземјотресни згради и на нивно место заради партиската матрица не се изградени исти такви, туку се градени објекти согласно тоа време.
да, многу убав објект на женската гимназија постоел на таа локација пред да гo изградат новиот објект... толку убав што денес ќе му ја сменеа фасадата најверојатно...

Хипокризија
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1210 Posted: 09-Dec-2015 at 02:53
Originally posted by King

Originally posted by fichot

Originally posted by King

Originally posted by Џоле

Види, тоа што го велиш е веќе општо познато. Затоа и се спроведе масовна акција за менување на „комуњарскиот“ лик на Скопје, нешто што ќе се покаже како Потемкиново село во блиска иднина.

Инаку Скопје беше изградено за време на комунизмот и има многу одлични објекти од тој период, како инфраструктурни, така и згради. Неспорна е изградбата и ренесансата на Скопје по земјотресот, но на одредени позиции се направени крупни грешки. Срушени се многу предземјотресни згради и на нивно место заради партиската матрица не се изградени исти такви, туку се градени објекти согласно тоа време.





...туку се градени објекти согласно тоа време, согласно трендовите и развојот на архитектурата во светски рамки во истото тоа време, пропорционално на можностите.





Не бе пријателе градени се по идеолошка матрица, зошто Дрезден по ѕверското бомбардирање не е граден *согласно трендовите и развојот на архитектурата во светски рамки во истото тоа време*, туку искористени се зачуваните проекти и изграден е идентичнен како пред рушењето.




Имаш претстава колку стари (неокласични, викторијански, ривајвал, артдеко и сл.) објекти се срушени НАМЕРНО (без војни, земјотреси итн) за на нивно место да дојдат современи објекти?
И не дека денес не се жали некаде по тие одлуки, ама едноставно во моментот кога се рушеле мислењето (јавно, експертско, вотевер) било дека се недоволно вредни.
По која идеолошка матрица ги рушеле нив? Стоковнана на Марианплац по која матрица ја правеа, не беше плацот нива пред тоа. Париз не е бомбардиран, рушен итн. Како тоа во сред Париз имаш десетици и десетици објекти од 50ти-60ти, сите со ред безлични (според тебе)? Празни плацеви ли беа, во блокови од пред 150 години? Да, важи.

Пред војната по која матрица се водеа? Колку постари објекти се срушени за Народна банка, собранието, болницата, Метропол и други покрупни објекти да дојдат на нивно место?

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 6995
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #1211 Posted: 09-Dec-2015 at 04:12
ама човече, каква црна идеолошка матрица?
претходно на местото на сегашниот објект стоел објект кој потекнува од истата матрица, дури и похардкор „безличен“, а ла денешен градежен факултет... зошто воопшто ја внесувате таа дискусија тука кога нема смисла?
дури и контра на популарното мислење, постземјотресната архитектура во градов е крајно отварање кон стиловите од западот...
дури и комиблоковите се западна измислица, и можеби го буни некој името, дека тоа се комунистички блокови, а името да ти потекувало од communal buildings
истовремено, иронично, единствено нешто што постои социјалистичко во градов, е градежната офанзива на овие станбени блокови уште пред земјотресот, и сето ова нема врска со стилот.. главната фора е дека се станбени
дури и делумно постземјотресни планови се искасапени поради конфликти во идеологија и политички блокови...

и што правиме со фактот дека при земјотресот се срушени еден куп такви објекти? на пример, женскава гимназија, филозофскиот факултет, чудовиштето од објект каде што сега е лоциран жена-борец паркот, кафетеријата кај домот Кузман, хотел македонија кој со денешниот менталитет ќе беше осудуван како ружно комуњарско дело?

доста веќе со ставање на ствари во ист кош, некакви теории на заговор дека земјотресот бил изговор за бришење на градов и не знам што... погледнете барем некои фотографии ако ве мрзи да ја читате историјата на градов
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1212 Posted: 14-Dec-2015 at 14:13
За сè има вторпат
Back to Top
macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Feb-2008
Location: Lerinsko
Online Status: Offline
Posts: 674
  Quote macedonia Quote  Post ReplyReply #1213 Posted: 29-Dec-2015 at 03:43
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2367
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #1214 Posted: 29-Dec-2015 at 07:23
Да ти е мерак да протестираш пред ваков објекат.   
Back to Top
ja_licno View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 11-Aug-2015
Online Status: Offline
Posts: 110
  Quote ja_licno Quote  Post ReplyReply #1215 Posted: 29-Dec-2015 at 21:40
За разлика од коцките порано,многу поубаво.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Online Status: Offline
Posts: 290
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #1216 Posted: 15-Jan-2016 at 21:59
Само што коцките се уште се тука,позади сталажата на која е лепена фасадава.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 10814
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1217 Posted: 22-Jan-2016 at 09:29
ВЛАДАТА СЕ ОПРЕМУВА СО МАСА ВО СТИЛОТ НА ЛУЈ 15 И СТОЛОВИ ОД 30-ТИТЕ

Деспина Трајковска-Димова

Маса во стилот на Луј 15, столови како од 30-тите години, перници исполнети со мемори-пена и пердуви со извонреден квалитет, фотелји тапацирани во „натурал“ кожа со боја на „кралско“ вино, рачно ткаени килими од 100 отсто волна... Со ваков мебел ќе се опреми дел од старо-новата владина зграда. Владината Служба за општи и заеднички работи од вчера е во потрага по мебел за одмор, мебел за тераса, канцелариски мебел и килими. Надлежните процениле дека за ова ќе потрошат околу 52.000 евра.

Најпрефинето ќе се опреми делот наменет за одмор. Планирано е таму да се смести една маса во француски стил од времето на Луј 15 со 12 стола со форма во стилот на 30-тите и со ногалки од масивно буково дрво, како и две фотелји во модерен стил, со дрвена конструкција, а тапацирани во „натурал“ кожа со боја на „кралско“ вино. За оваа соба ќе се купи и модерна таканаречена клуб- маса со ногалки од јасен, како и аголна гарнитура составена од шест парчиња, меѓу кои и една лежалка со десен наслон.

Во објавената набавка е напомнато дека се бара и мебел за опремување на тераса. За таму, Владата бара да купи тросед и двосед без наслони изработени од дрвена конструкција, а се инсистира перниците на мебелот да се исполнети со мемори-пени и пердуви со извонреден квалитет. За терасата ќе се купат и по две клуб-маси и помошни масички, четири мали маси и една ТВ- комода. Од канцелариски мебел ќе се набавуваат 10 работни столови, една маса за состаноци, една клуб-маса... Владата бара да купи и три килими со максимум димензии 3 на 2 метри. Треба по состав да се 100 отсто волна на лицето и 100 отсто памук на опачината. „Килимот да биде рачно ткаен, со карактеристични крупни видливи бодови, во антрацит или кафеава боја“, стои во описот на објавената набавка.

„Ова, всушност, се набавки за доопремување на некои простории. Генерално, ќе се искористи стариот мебел, но неопходно беше и дел да се докупи. На пример, како за прес-центарот“, ни изјави вчера Васе Доневски, директор на владината служба.

Тој посочи дека со оваа набавка, практично, привршуваат активностите за доопремување на владината зграда. Неодамна е набавено планираното зеленило, кое ќе се засади откако ќе поминел студениот бран. Дрво на животот, чемпреси, по некое борче, но не палми и рози, ќе го красат владиниот двор и дел од холовите. При крај е, информира Доневски, и инсталирањето на системите за ладење и за греење. „Очекуваме за месец до два објектот да биде комплетно готов“, додава Доневски.

Инаку, досега за реконструкција на зградата се потрошени 11 милиони евра, сума која е јавно прикажана од објавените зделки. Речиси 10 милиони евра се потрошени само за фасадата, еден милион за терасата, 700.000 евра за оградата... Остана непознато колку пари ја чинеа Владата седумте скулптури поставени над влезот и комплетното уредување со мебел и друга опрема.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=85319DF8BE6149498BEDE6B5106FC8B0
За сè има вторпат
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1218 Posted: 22-Jan-2016 at 13:35
Previous
 
Малку чудно е ова со Луј 15-ти, од тројцата француски кралеви од Бурбонската династија кои живееле во палатата во Версај, Луј 15-ти бил вториот и најомразениот до тој степен што Французите воопшто не тагувале кога тој починал.
 
Но францускиот крал кој ја надградил и проширил палатата во Версај, а истовремено создал огромни долгови, бил Луј 14-ти.
 
И како што знаеме од историјата, владеењето на кралската династија Бурбонци било прекинато со абдикацијата и обезглавувањето на гилотиња на Луј 16-ти.
 
Бидејќи веќе го имавме македонскиот Луј 14-ти со надградената и проширената пвеводба, сега на ред е македонскиот Луј 15-ти, што во превод значи дека работите ќе тргнат кон полошо.
 
Дајте некако нека се убрза овој процес, па да стигнеме до македонскиот Луј 16-ти и да завршиме еднаш и засекогаш со македонските Бурбонци.


Edited by Dexter26 - 22-Jan-2016 at 13:44
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 675
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #1219 Posted: 22-Jan-2016 at 13:46
Неполитички коментар на темата. Колку си ти кутриот исфрустриран...
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 1896
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #1220 Posted: 22-Jan-2016 at 14:09
Previous
 
И кутриот ти, уште повеќе исфрустриран, бидејќи реплицираш на коментар на некој кутар исфрустриран.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 5960616263 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.188 seconds.

Copyright ©2007 - 2017  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.