build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Административни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Нова фасада и ограда на објектот на Владата

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 64>
Poll Question: Рeкoнcтрукција на oбјектoт на Влада на РМ
Poll Choice Votes Poll Statistics
21 [22.34%]
30 [31.91%]
0 [0.00%]
1 [1.06%]
7 [7.45%]
23 [24.47%]
12 [12.77%]
You can not vote in this poll

Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Suprise View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Suprise Quote  Post ReplyReply #121 Posted: 12-Jan-2012 at 19:13
Па за 2 и 4 токму тоа и е поентата, особено кај 4ката, да се задржи сегашниот изглед со минимални корекции, не се работи дали се скршил архитектот..

Впрочем иницијативата потекна од провевот и азбестот, ама тоа не значи по автоматизам барок, комплетно менување на фасада, надградби, куполи и сл.

2ка ми е најфина, само да ги тргнат и скулптурите, вишок се, нека имаме и некое современо ќоше..
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #122 Posted: 12-Jan-2012 at 19:19
Може и тука да ставиме едно гласање на петте фасади, чисто споредбено.
Back to Top
lupo View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Nov-2009
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote lupo Quote  Post ReplyReply #123 Posted: 12-Jan-2012 at 19:35
Za zal retko koj kaj nas ja razbira ultramodernata arhitektura
...kaj si kapelo pak ke si kape...
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2185
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #124 Posted: 12-Jan-2012 at 19:47
сите се грди...инаку би било убаво да биде така како лупо шо кажа!
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3439
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #125 Posted: 12-Jan-2012 at 20:38
Морам да признаам дека не ми се допаѓа ниту едно од пристигнатите решенија, поточно четири од предложените пет идејни изгледи на фасадата на владата ми се грозни. Целосна неиновативност и кич, која треба да резултира со поништување на огласот, според мене. Сепак, доколку морам да бирам за најдобро помеѓу лошите решенија на архитектите тоа би бил вториот предлог.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1165
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #126 Posted: 12-Jan-2012 at 20:52
Neka idat na Arhitektonski da im predavaat malku sovremena umetnos, izborot po broj 5 nekako mene veke mi e viden dali vo london vladata e vo takov stil ili neznam, a izborot po broj 1 nikako ne bi go sakal, poarno neka ostane vaka kakva sto e saklena pomoderno izgleda okolku nafurana so beton u barko stil !
Back to Top
kenzo_fan View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 306
  Quote kenzo_fan Quote  Post ReplyReply #127 Posted: 12-Jan-2012 at 21:08

Човек при здрава памет не би помислил да гласа за било кој предлог што го менува оригиналниот изглед на објектот. Не ми се верува кој недостиг на чуство за архитектонска вредност го читам на форумов. И она малку вредно со кое располагаме би го ставиле под булдожер, а инаку се жалиме за немање традиција која инстантно ја компензираме со порти, коњаници и слични небулози од централно-азиски тип.

Колку за информација, во Загреб постои еквивалент на нашава Це-ка. Ја викаат “Коцкица“, се наоѓа покрај Сава баш како нашава покрај Вардар, некогаш во неа бил ЦК СКХ, денес е владина зграда. Хрватите ја проогласиле за “заштитено културно добро“, веројатно од што не знаат што прават, за разлика од нас Ohno 

 http://www1.zagreb.hr/galerijakd.nsf/VO/430044D5D05EC41AC12578A2002A0CCF?OpenDocument

Back to Top
Suprise View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Suprise Quote  Post ReplyReply #128 Posted: 12-Jan-2012 at 22:56


Апсолутно те разбирам, во прв момент се згрозив од помислата воопшто да одберам билокој, пошто сите предложени ми се тапа. Подоцна сфатив дека тоа не ја менува реалноста и дека една ќе биде сигурно. Затоа - на работа!

Јас гласав за 2, ми се чини како најприфатлива и најблиску до сегашната, а со една пософистицирана линија. Впрочем и најблиску е до првата опција по водство, па би можеле да ја поддржиме сите таа опција, за да ја истиснеме првата опција која имам впечаток ја обожаваат

Инаку кога ја отворив статијата на курир и првата фотка што се отвори беше сегашната фасада, ја загледав и навистина ми се чини поубава од билокоја од предложениве, особено 1 и 5.
Back to Top
Zoc View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
  Quote Zoc Quote  Post ReplyReply #129 Posted: 12-Jan-2012 at 23:26
Ајде да се кладиме дека ќе биде првиот
Инаку ни мене не ми се допаѓа никој од понудените можеби и јас би го избрал вториот предлог некако ми е најбезболен
Back to Top
makaff View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 12-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote makaff Quote  Post ReplyReply #130 Posted: 12-Jan-2012 at 23:34
Back to Top
Suprise View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 19-Dec-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote Suprise Quote  Post ReplyReply #131 Posted: 12-Jan-2012 at 23:44
Првиот де знаеме, еве се турка.. Има фотки под веста само од првиот "Вечер"


ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА НОВИОТ ИЗГЛЕД НА СТАРИОТ ОБЈЕКТ


Реконструкција на Влада


Владата на Република Македонија на својата интернет-страница објави анкета на која граѓаните ќе може да гласаат за пет идејни решенија за реконструкција на постојната фасада на Владата, која ќе се реализира во период од 18 месеци.
- Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за изнаоѓање на идејно архитектонско решение за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија кој вклучува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата, се вели во објавената анкета на Владата.

Оттаму сметаат дека токму поради тоа што се работи за проект и решенија кои беа надвор од Програмата за работа на Владата, а усвоена од Собранието на Република Македонија, финалната оценка и потврда за изборот треба да биде од страна на граѓаните.

Оценката од граѓаните ќе биде од значајна корист и за стручната комисија при натамошните постапки.



http://vecer.com.mk/?ItemID=4E3872061AB9A84D99A248C22908A836

Edited by Suprise - 12-Jan-2012 at 23:45
Back to Top
kitkiritki1 View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 28-May-2011
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote kitkiritki1 Quote  Post ReplyReply #132 Posted: 12-Jan-2012 at 23:57
Менување било какво, на признат и наградуван архитектонски објект, чив автор е жив и притоа не е консултиран, нема никаква професионална етика и морал. За вкусот на луѓето ќе се воздржам. Моја лична оцена за понудените решенија -
-4ката ја следи оргиналноста,
-двојката минимално менува и е супер со водните површини  иако потсеќа премногу на МАНУ и потписот на Чипан
-тројката е пресмела за ова општество.

За објектот на кратко--- Изграден е во 1970 и се состои од неколку кубуси поврзани со заеднички холови. Секој од нив е изграден со централно бетонско јадро и со висечка конструкција, затворена со сендвич панели, направени со алуминиумска поврчина и стакло - извадено од100 години Модерна Архитектура 3 - Михаил Токарев
Инаку објектот и творештвото на Муличковски е поврзан со инспирацијата од македонската традиционална архитектура, меѓутоа на нашето интересно оштество не му е премногу битно тоа...

http://twitpic.com/86d1jj/full
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #133 Posted: 13-Jan-2012 at 00:53


Иако слободна оценка за сите ми е дека се подеднакво катастрофални, а се виде и фората која што сакаат да ни ја продадат, еве 5 предлози, 3 модерни, апла ужасии, ондак дајте една барок, кога и така модерното не чини. За ова се лежи у затвор а не јавна анкета да се прави.



Edited by Cloverstack - 15-Jan-2012 at 18:35
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #134 Posted: 13-Jan-2012 at 01:13
Не е за смеење работава, ама N23 ме изнасмеа

И потпис ставам на твојот пост.

Манипулаториве или мислат дека сме глупи, или дека сме луди. Трето нема! Puke
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #135 Posted: 13-Jan-2012 at 01:25
Originally posted by Suprise

Ако не се лажам скуптурите пред зградата се "антички". Од тука истите би одговарале единствено со првата опција која и води во анкетите. Така да, гласањето е проформа, фасадата треба да одговара со скулптурите. Мене ни едно од понудените решенија не ми се допаѓа. Сметам дека сегашниот изглед, е одличен и ајде евентуално малце да се модернизира, но никако такви смешни стакла како крст или сл. Првата и петтата никако не ми се прифатливи пошто ми се аут ама скроз, а овие 2,3,4 навидум модерниве ми се тапа. Доколку е нож до коска, би одбрал некое од нив.

Така да, џабе ќе гласате, на првата се намерачени, само демек транспарентно, без протести и тепачки овојпат.


Исто како што по дома ентериерот треба да ти се усогласи со шољата за кафе или четката за заби.

Дали е ова „дно дна“ или ќе има уште?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3646
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #136 Posted: 13-Jan-2012 at 01:36
не знам што мислат ама на крај поминува кај народот за жал,на сител на вести добро ке го изрекламираат демек ремек дело е.а тоа пали кај нашиов народ еве да излезе пр прилог за ДИЛАЈЛА да кажат дела е одличен убав,современ објект мнозинството го прифакја тоа за жал,ама такви сме ние македонците (не зборам за сите) да не се навреди некој LOL ама со им сервира некој од медиумиве тие тоа го прифаќаатисто ке биде и со фасадата на владава,мислам дека првиот проект ке победи,како тргна работава бароков и неокласицизам од музие судови до КАТНИ ГАРАЖИ би било вистинско чудо фасадата на влада да го задржи модерниот изглед (стил)
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2463
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #137 Posted: 13-Jan-2012 at 01:49
Неофицијално. Имало и 6ти предлог, ама од икс причини не успеал да влезе на анкетата.



Edited by fichot - 13-Jan-2012 at 01:51
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #138 Posted: 13-Jan-2012 at 02:44
Originally posted by tomi_z

Не е за смеење работава, ама N23 ме изнасмеа

И потпис ставам на твојот пост.

Манипулаториве или мислат дека сме глупи, или дека сме луди. Трето нема! Puke

Далеку е од смеење, плус дури вечерва дознав за оваа квази архитектура така да и последниот систем за контрола ми откажа.

Следев кратки дискусии низ ФБ и неможам да се изначудам на фактот дека ретко кој иде контра фасадиве, туку најчесто се дебатира која е подобра. Со овој избор се изгуби демократијата тотално. Не е демократија да ти дадат да бираш помеѓу 5 подеднакво неквалитетни содржини. Тоа ти е као да бираш измеѓу Ахмадинеџад, Гадафи, некој диктатор од Африка и Мубарак.

Во најлош случај кога би бирал, приоритет би дал на 2, со која за среќа фасадава би станала само транзициско-кондиторска-покрај пут драчевска, што и не би било така лошо, додека со 3-ка можно е да искочи фина комбинација ако преку лето планираат диско на отворено. Првата ми приликува на судот што сеа го градат спроти УКИМ, и на онаа фамозна зграда од првиот серијал за Бетмен и Робин, која патем ја има во некоја од нишките. 4 е уфрлена за "конкуренција", а 5-ката е ала зграда Пелистер на плоштад. Се надевам на конечна граѓанска и свесна акција, заедно со архитектот на оригиналното дело за стопирање на криминализирањето на секо дело, па макар била и одвратна комиблоковска зграда.

Многу сакам да знам како за едно 15-тина години, ако некоја друга Влада се реши на фасадирање на објектите од 2014, дали оваа сегашна гарнитура би се противела?

Back to Top
FCB View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 26-Jul-2011
Location: USA
Online Status: Offline
Posts: 29
  Quote FCB Quote  Post ReplyReply #139 Posted: 13-Jan-2012 at 05:01
Jas glasam ZA rekonstrukcija na vladata.
Back to Top
Граѓанин View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 233
  Quote Граѓанин Quote  Post ReplyReply #140 Posted: 13-Jan-2012 at 08:38
Originally posted by N23

Не е демократија да ти дадат да бираш помеѓу 5 подеднакво неквалитетни содржини. Тоа ти е као да бираш измеѓу Ахмадинеџад, Гадафи, некој диктатор од Африка и Мубарак.

Точно дека не е. Не ме бендисува ниеден предлог. Но не е само кај нас така. Сум престојувал во две високоразвиени западни земји кога имало ист ваков конкурс за важни јавни објекти што треба да бидат обележје (еквивалентен случај). На токму на ист начин беа презентирани за гласање. Проектите ги истакнаа и се бираше од доставеното и тоа беше тоа. Дури во едниот случај надлежниот одбор го отфрли изборот на граѓаните и изгради друг предлог (полош). Немаше некои забележливи побуни. Некаде една статија се појави што не предизвика голем интерес и толку.
Да беше тоа кај нас ќе беше скандал и сите ќе збореа како ништо не чини. Не велам дека тамошната (не)реакција е во ред, но сакам да кажам дека треба да сме свесни дека некои работи се вообичаени на многу разни места, макар биле и нефер.


Edited by Граѓанин - 13-Jan-2012 at 08:58
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 56789 64>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.