build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 15-Dec-2011 at 18:46
Кога сме кај Кина...
 

 
Е да, пред вистината и боговите молчат, но парите железни врати отвораат.
 
На Велес му пресудија дека државата не е виновна за биохемискиот холокауст кој и до денешен ден се случува во тој град и покрај тоа што велешката топилница МХК Злетово не работи речиси 10 години, но сепак има доволно отпад за масовно труење со децении, а наместо орање и менување на почвата, што е скап, но повеќе од неопходен процес за Велес, општинските власти одлучија да ја прочистуваат почвата со садење рози, а од тоа резултатите ќе се почувствуваат после долги години, а во меѓувреме велешани и понатаму ќе се трујат.
 
Па и кај нас во Скопје ситуацијата не е ни малку розова.
 
ОКТА ги загадува Бујковци, Миладиновци и останатите околни села, ама зошто да ни е на нас гајле за тоа ?
 
На крајот на краиштата, ние живееме во централното градско подрачје, а не во околните села на ОКТА.
 
И Охис иако работи со мал капацитет, сепак веќе е проценето дека ако се сруши, на таа локација ништо не смее ни да се гради ни да се сади, бидејќи почвата е ептен загадена, но и за тоа не ни е гајле, бидејќи станиците за проверка на квалитетот на воздухот во Скопје се во Центар, не се во Кисела Вода, не се во Железара, не се во Бујковци, Миладиновци и останатите околни села на ОКТА, туку се таму каде што има најголема фреквенција на луѓе во Скопје, па затоа сега се прашуваме дали да излеземе надвор вечерва или не, како да демек никој не живее надвор од Центар и/или надвор од Скопје.
 
А факт е тоа дека ова загадување не е од денес, туку е од секогаш, уште од кога на некои (анти)генијални умови им текнало да градат топилница за тешки метали во внатрешноста на населено место, односно во внатрешноста на град како Велес, уште од кога на некои (анти)генијални умови им текнало да градат цементарница, Охис, рафинерија во внатрешноста на населено место, уште од тогаш се случуваат сите овие идиотизми.
 
Разликата е во тоа што, додека во минатото се криела вистината, а загадувањето во Велес било поради местоположбата на градот, а не поради местоположбата на топилницата, па поради Сонцето велешани се разболувале Bonk, исто како што во Скопје досега никој не сакаше да го постави прашањето за квалитетот на воздухот, сега ги има тие станици за мерење на квалитетот на воздухот, па не фати интерес и грижа за воздухот кој го дишеме.
 
А ако утре ги отстранат тие мерни станици поради некаков дефект или бидејќи прикажувале неточни резултати, сите преку ноќ ќе заборавиме на сето ова и ќе си продолжиме по старо, исто како ништо да не се случило и исто како никогаш да не бил вклучен алармот за здравјето.
 
Проблемот е во тоа што сите молчиме бидејќи лесно ни е да не веруваме дека не трујат кога отровот е без боја, без мирис, без вкус, го внесуваме и не умираме, бидејќи тоа е смртоносен процес на кој му треба време за да стави крај на човечкиот живот, а не е како отровот за глувци кој исто така е без боја, без мирис и без вкус, но веднаш убива по консумирањето.
 
Без здравствена и еколошка свест, џабе ни се било кои станици за мерење на квалитетот на водата и/или воздухот, џабе ни се сите предупредувања, џабе ни е било каква дискусија, бидејќи утре е нов ден, а мнозинството од нас, ако не и сите ние, ќе излеземе надвор, ќе го дишеме отровниот воздух, ќе се труеме, ќе се помириме со масовното труење и ќе си молчиме, барем додека не ни проработи здравствената и еколошката свест, иако се сомневам дека тоа ќе се случи во 5 до 12, бидејќи вообичаено се случува после 12 кога веќе сме свесни дека нема спас, туку само уште неколку денови или часови до последниот здив на овој свет.


Edited by Dexter26 - 15-Dec-2011 at 18:53
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 15-Dec-2011 at 22:54
Originally posted by lslcrew

Индустриско проиводсто и БДП се многу повеќе од само статисика.

Муабетот ми беше дека ако не се тие, нема ама баш со ништо да има да се пофалат владите на РМ (без разлика која и чија влада).

Кога на своја кожа не осеќам дека ми е подобро, туку напротив... џабе ми кажуваат статистички бројки дека имаме раст од 3% или БДП е зголемено за 5%.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 17-Dec-2011 at 00:40

Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво:

38

Вредност на Индексот

 » 0 - 50 

Ниво за здравје

 » Добар 

Мерки за претпазливост

 » Нема

Сегашни вредности на полутанти

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек -------------37,80 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек --------------- 11,19 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ------------- 19,84 

CO [mg/m³] 8 час. просек ------------- 5,03

Вредности од изминатите 12 часа

Правец на ветер       Исток

Брзина на ветер      1,30 km/h 

Амбиентална температура      8 °C 

Релативна влажност      70,51 %RH



Edited by FoSsiL - 17-Dec-2011 at 00:40
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 17-Dec-2011 at 12:44
Мислам дека показателите од предходните неколку дена(врнежи, зголемено струење на воздух, ветер итн) се доказ дека алармантните прикази од пред неколку недели беа само склоп на климатски прилики. Само добар показател дека нашите новинари и политичари од секоја ситница знаат да направат светска сензација, желни за докажување и медиумска покриеност. ЖАЛНО !!!!!
Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 17-Dec-2011 at 14:26
Џоле88, што сакаш да кажеш, дека воздухот во Скопје е добар?!

Ако убаво разгледаш, ќе видиш дека средната вредност на индексот на прашина сепак е над дозволените 50 икрограми/метар кубен.

Треба значи нон-стоп да врне и да дува во Скопје, за да воздухот биде добар за дишење?!!
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 17-Dec-2011 at 14:40
Previous
 
Убаво спомнав во пост #101, доволно е да се сменат мерењата на станиците за мерење на квалитетот на воздухот поставени во Центар, или уште полесно и поедноставно, да се излезе пред јавноста со тврдење дека истите не се исправни и дека прикажуваат неточни резултати, и веќе наредниот ден скопјани ќе си продолжат како ништо да не било, како никогаш да не бил нездрав квалитетот на воздухот во Скопје, бидејќи како што веќе спомнав, отровот нема боја, нема мирис, нема вкус и не убива веднаш, туку постепено, бидејќи тоа е смртоносен процес кој трае подолг временски период.
 
А во меѓувреме ќе се појават таквите како Djole88, кои ќе кажат дека сето тоа била политичко-новинарска приказна за да од некаква ситница се направи светска сензација, па и за пушењето така велеа пред 30-40 години, ама денес на секоја кутија цигари, односно цигарети, пишува дека пушењето е штетно по здравјето и дека убива.
 
Велам цигарети, бидејќи тоа што се продава по трафиките и по продавниците се цигарети, а не цигари, бидејќи вистинските цигари се скапи бидејќи не содржат никотин, катран и не се обвиени со хартиена фолија и не содржат филтри, бидејќи не се толку отровни како цигаретите кои се продаваат по трафиките и по продавниците.
Back to Top
Djole88 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 611
  Quote Djole88 Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 17-Dec-2011 at 18:35
Никаде не пишав дека воздухот е перфектен или дека не беше загаден тие денови. Само толку се крена фама тие денови дури имаше и наслови „Скопје 2014“ го задуши градот и „Скопје најзагаден град во светот“. Факт е дека воздухот е далеку од перфектен, ама факт е и дека во Скопје воздухот е на едно завидно ниво поради Водно. Споредете средните вредности со други градови и ќе правиме муабет

Факт е дека неколку дена мерењата беа ненормални, над 300 па и 400 индекси. Ама факт е дека немаше ветер некои добри 2 недели и имаше магла како и секоја есен во Скопје

П.С: Dexter од кај знаеш дека баш кога прикажуваа над 300 мерни единици не беше тоа правено намерно? Ете може некој му текнало ај да направиме збрка за да ги ругаме што исекоа 2 дрвореда за 2 примарни булевари во СК. Оваа претпоставка е дебилна исто колку и твојата, дека некој сега наеднаш ги променил мерките за да не се дига фама

И уште нешто, еве како пример. кога имаше магла и кога загадувањето беше на врв, од тераса во Козле неможев да видам до улицата која ми е на 5 метри. А вчера да речеме можев со двоглед да видам какви јакни носеа на Шара од што беше чист воздухот LOL
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 17-Dec-2011 at 21:39
не знам за вас, ама јас бројќиве од „мерачите“ по центарот, ги сметам за далеку од достојни, се додека не се направи детална студија на загаденоста на животната средина општо, и се направи некаква посериозна стратегија за контрола на загадувањето, никаде не одиме
вака само безпотребно се прават галами, околу практично ништо, а медиумите си заработуваат, бидејќи ги читаме сите глупости кои ќе им паднат на памет на „репортерите“
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 17-Dec-2011 at 23:18

Стигна и до Al Jazeera Balkans... иако не го погодиле тајмингот, со оглед дека деновиве е чисто... малку утнале, задоцниле...

Skoplje se guši u smogu (17 decembar 2011 Izmijenjeno 20:55 CET)

Еве го видеото за Скопје. 

И добро анализирање и обработка на ситуацијата и притоа посочување на проблемите и причините, и давање решенија за проблемите. Но во овој слуачј станува збор за Сараево, најверојатно и тие го имаат истиот проблем. Но јас мислам дека излагањето на гостинот потполно се совпаѓа и важи и за ситуацијата и состојбата во Скопје и скопскиот воздух.



Edited by FoSsiL - 17-Dec-2011 at 23:25
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 18-Dec-2011 at 01:23
Originally posted by Djole88

Никаде не пишав дека воздухот е перфектен или дека не беше загаден тие денови. Само толку се крена фама тие денови дури имаше и наслови „Скопје 2014“ го задуши градот и „Скопје најзагаден град во светот“. Факт е дека воздухот е далеку од перфектен, ама факт е и дека во Скопје воздухот е на едно завидно ниво поради Водно. Споредете средните вредности со други градови и ќе правиме муабетФакт е дека неколку дена мерењата беа ненормални, над 300 па и 400 индекси. Ама факт е дека немаше ветер некои добри 2 недели и имаше магла како и секоја есен во СкопјеП.С: Dexter од кај знаеш дека баш кога прикажуваа над 300 мерни единици не беше тоа правено намерно? Ете може некој му текнало ај да направиме збрка за да ги ругаме што исекоа 2 дрвореда за 2 примарни булевари во СК. Оваа претпоставка е дебилна исто колку и твојата, дека некој сега наеднаш ги променил мерките за да не се дига фамаИ уште нешто, еве како пример. кога имаше магла и кога загадувањето беше на врв, од тераса во Козле неможев да видам до улицата која ми е на 5 метри. А вчера да речеме можев со двоглед да видам какви јакни носеа на Шара од што беше чист воздухот LOL



Единствено ќе се согласам со тебе околу тоа дека премногу фама се крена поради проектот Скопје 2014 и неговото влијание врз квалитетот на воздухот во Скопје.

Да, не е само проектот Скопје 2014 главен виновник за лошиот квалитет на воздухот во Скопје, туку и како што веќе ги спомнав, ОКТА, Охис, Цементара, Железарница... ехехе, Железарница не чини и пари, а не само здравје, има посебен водовод кој доставува вода за пиење до Железарница, а Железарница за таа вода плаќа 0 (НУЛА) денари, бидејќи ние скопјани од наш џеб плаќаме за водата за пиење која Железарница ја користи како индустриска вода.

И жал ми е бидејќи само сега се крена фама околу квалитетот на воздухот во Скопје, бидејќи квалитетот на воздухот во Скопје треба да биде меѓу првите 5 вести за кои ќе се известува секој ден од годината, особено од страна на локалните скопски телевизии, а исто така квалитетот на воздухот треба да биде меѓу првите 5 вести за кои ќе се известува секој ден од годината на сите локални телевизии во Македонија, за да локалното население знае каков воздух вдишува.

Нема да ме изненади ако испадне дека станиците за мерење на квалитетот на воздухот во Центар се неисправни или можеби намерно наштелувани за да прикажуваат неточни информации, но како што и ти самиот спомна, воздухот во Скопје не е перфектен, јас ќе додадам дека не е ни нормален, туку е на секое ниво под нормалата, можеби не е нездрав, но дефинитивно не е ни здрав.

Edited by Dexter26 - 18-Dec-2011 at 01:25
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 18-Dec-2011 at 14:38
не е прашање дали воздухот во Скопје е загаден, тоа го знаеме и без да ни мери некој, работата е што медиумите го запалија народот поради некои далеку од веродостојни бројќи кои ги прочитале на интернет страна и околу сето тоа се крена галама, зошто инаку никој не се загрижи досега дали воздухот ни бил загаден?
а зошто ги сметам броевите за далеку од достојни? поради тоа што се ненормално високи, Скопје е загаден град, ама е далеку од 300, според тој број, најголем дел од скопското население во моментов ќе имаше сериозни заболувања, па дури и оние најздравите

затоа и зборам дека не е озбилен ваквиот однос кон квалитетот на воздухот, еве, доколку медиумите буцнале, нека се потрудат да го потврдат тоа... не може да донесуваме заклучоци се додека тие се донесени, поради две мерни станици во центарот
тука треба да се вклучат повеќе стручни лица, да се земат повеќе локации за мерење, да се земат во предвид разни климатски услови, густина на населеност, број на загадувачи и тн, па да  се направи цела студија, па да се извади во јавност дека загадувањето е сериозен проблем, за некој да го разбере озбилно и да се превземат мерки
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 18-Dec-2011 at 15:14
Да бидеме среќни што содржината на SO2 во воздухот е мала, тоа значи дека нема голема опасност од кисели дождови и опасност барем од овој вид гас.
И додека кај нас содржината на SO2 (Сулфур диоксид) е од 10 до 20 микрограма на метар кубен во Сараево содржината е 160 микрограми по метар кубен. Инаку сулфур диоксидот најчесто се јавува како резултат на согорување на Јаглен и Нафтени продукти. Што ќе рече најголема количина на овој гас би требало да се испушта од топлификација.


Edited by kultuzin - 18-Dec-2011 at 15:14
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 18-Dec-2011 at 15:54
Бидејќи дури и за (не)квалитетот на воздухот во Скопје и Македонија добиваме информации од политички побуди, ви ги пртставуваам овие научни податоци за конечно да расчистиме каков воздух дишеме:

Најзагаден воздух по градови во Европа

1. Ван, Турција (146 PM10)
2. Сараево, Босна (117 PM10)
3. Коња, Турција (104 PM10)
4. Карс, Турција (103 PM10)
5. Денизли, Турција (100 PM10)
6. Хатај, Турција (99 PM10)
7. Ерзурум, Турција (95 PM10)
8. Баликесир, Турција (84 PM10)
9. Тетово, Македонија (84 PM10)
10. Скопје, Македонија (80 PM10)

- просечен PM10 годишно
- податоци од 1084 градови од сите континенти
- Тетово во светски рамки е на 986, а Скопје на 979 место
- останати градови од Македонија: Кочани (59 PM10) 934 место, Велес (64 PM10) 948 место и Битола (66 PM10) 953 место.

Најзагаден воздух по држави во Европа

1. Босна (77 PM10)
2. Македонија (74 PM10)

- просечен PM10 годишно
- податоци од 92 држави од сите континенти
- Македонија е на 73 место

Ова се официјални податоци на Светската здравствена организација. Извештајот е од Септември 2011, а мерењата се вршени во 2008.

http://www.who.int/entity/phe/health_topics/outdoorair/databases/OAP_database_8_11.xls
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 18-Dec-2011 at 16:22
Previous
 
Не сакам да се сфати ова како политички коментар, но треба да се додаде дека кога мерењата биле вршени во 2008, се градеа само староновиот скопски театар и новото седиште на Уставниот Суд, на Државниот Архив и на Археолошкиот Музеј, а дури подоцна на јавноста и беше прикажана анимацијата за Скопје 2014, по што започна изградбата и на други објекти во Центар.
 
Е сега, за Сан Марко и за зградата на местото на стара Народна Банка не знам кога започнале да се градат, мислам дека се градеа пред 2008, но не ме држете за збор, не сум добро запознаен со нивната историја.
 
Поентата е во тоа дека ако според мерења од 2008 Скопје бил 10-ти град со најзагаден воздух во Европа, баш интересно би било сега во 2011, или до година во 2012 да се направат нови мерења, бидејќи баш сега се дига фама околу наводно неверодостојните мерења од страна на станиците за мерење на квалитетот на воздухот поставени во Центар, па да видиме на кое место би бил Скопје, или уште подобро, на кое место би била Македонија според овие понови евентуални мерења.


Edited by Dexter26 - 18-Dec-2011 at 16:24
Back to Top
medlence View Drop Down
Newbiе
Newbiе
Avatar

Joined: 12-Mar-2011
Location: UK
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote medlence Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 18-Dec-2011 at 17:56
Ова поврзувањето на СК2014 и загадувањето на воздуход неможам никако да го разберам. Може и јас да сум грешка, но повеќето од објектите што се градат се околу Вардар, што значи зголемено движење на воздухот по течението на реката, а додуша се претставува како некакви 5-6 објекти да го загадуваат цело Скопје (освен политички побуди ова неможам никако на друг начин да си го објаснам).
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 18-Dec-2011 at 20:25
Previous
 
Е па и во тоа е проблемот.
 
Тие мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот се поставени само во Центар, а и целиот проект Скопје 2014 ја опфаќа исклучиво територијата на општина Центар, така да, би требало да се обрне внимание на квалитетот на воздухот во Центар, а не во Скопје.
 
Нема смисла тие кои живеат во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Сарај, Чаир, Илинден, Петровец и останатите скопски општини да бидат заплашувани со квалитетот на воздухот во Скопје, кога резултатите од тие мерења во живо важат исклучиво само за квалитетот на воздухот во Центар, а не и за квалитетот на воздухот во останатите скопски општини.


Edited by Dexter26 - 18-Dec-2011 at 20:29
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 19-Dec-2011 at 01:09

ЕКСПЕРТИТЕ ГИ ЛОЦИРААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ


Скопје тешко дише, поради градбите на Водно


Изминатите години планината е окупирана од несоодветни градби, згради и палати, нема ниту прецизна граница меѓу градот и зелените површини па дивоградбите тешко се лоцираат, велат упатените




Неконтролираното и несоодветно градење на Водно ја спречува циркулацијата на чистиот воздух од планината, и обратно, и тоа е еден од клучните проблеми поради кои градот не дише, велат експертите. Токму пошумувањето на Водно, направено пред педесетина година, требало да ја подобри климата во градот и да ги спречат силните. водњанските порои. Но изминатите години планината е окупирана од несоодветни градби, згради и палати, а последиците веќе ги чувствуваат скопјани бидејќи речиси секој ден мерните станици во градот покажуваат алармантна состојба со загадувањето. Од јавното претпријатие "Паркови и зеленило" велат дека проблем со градбите на Водно е границата меѓу градот и зелените површини која не е означена на терен. Тоа пак ја отежнува прецизна слика, дали некои градби навлегле во зелената површина и се нелегални. Освен потенцијалните дивоградби, стручњаците велат дека проблем се и типот на објекти што се градат, односно високите градби во тој дел целосно ќе го затворат пристапот до чистиот воздух.
-Градбите на Водно се прават на места каде што треба да влегува свеж воздух во градот, а објектите може да предизвикаат и опасни свлечишта бидејќи тежината е огромна и несоодветна за таков терен и без потпорни ѕидови. Тој простор сега таму се узурпира и тоа треба да се спречи, советниците што го носеле деталниот урбанистички план не го носеле во согласност со генералниот урбанистички план, бидејќи начинот на градба на Водно е спротивен со уставното начело за здрав живот. Од летово, па наваму, секојдневно на Водно никнуваат поединечни градби, а општините како да се натпреваруваат да издадат дозволи - вели пратеничката Лилјана Поповска од партијата на зелените ДОМ.

Според архитектите во Скопје има нерамномерен просторен развој на Градот и тие предлагаат Собранието да се изјасни за просторниот развој на метрополата.
-Веќе ниту еден инвеститор не спроведува испитување дали меѓу зградите струи воздух, а згради се градат и паралелно со Водно со што се спречува да навлезе воздухот од планината. Одамна е докажано дека Скопје може да поднесе 200 до 300 илјади жители што значи дека од еколошки капацитет е преполн град. Во Скопје има ефекти на температурна инверзија, горниот слој на воздухот е потопол, а долниот поладен и се создава , така што загадувањето кружи и не излегува од тој капак кој е пробиен само на неколку места кај Топлификација и Железара. Основниот проблем е несоодветно просторно планирање во градот - вели архитектот Михаил Токаров

Од ЈП "Паркови и зеленило" кои се задолжени за зеленилото на Водно велат дека негде деталниот урбанистички план ги зафаќа површините и од генералниот урбанистички план. Такви случај се дивоградбите во Шпанско село, а сомневања имало и за населбата Нерези во општина Карпош, но на крај било утврдено дека таа не навлегува во заштитените зелени површини утврдени со генералниот план. Сепак, велат од претпријатието прецизна слика колку од овие објекти се дивоградби и навлегуваат во генералниот урбанистички план нема.
- Зелениот катастар што се прави е токму со намена да се определи границата на зелената површина и да се избегне навлегувањето на градбите во зеленилото. Границата сега е груба определена и не можеме да се потпреме на неа за дивоградбите. Има случаи и каде со денационализација е вратена земја која се наоѓа во паркот, такви случаи има во Гази Баба и на Водно. Со зелениот катастар треба да ја решиме границата на градот со Водно бидејќи секоја градба таму има негативна влијание врз квалитетот на воздухот во метрополата - вели Велијан Јагев, технички директор на ЈП "Паркови и зеленило".

Со присуството на дождот и најавениот снег воздухот во земјава ќе се стабилизира, а тоа го покажуваат и податоците од мерните станици изминатите денови. Најтешко за граѓаните, особено оние со проблеми на дишните патишта е кога ќе падне магла бидејќи загадувањето тогаш драстично се зголемува. Податоците покажаа дека присуството на прашина во воздухот на некои места беше повисока и до 14 пати од дозволената граница. Градот формираше Координативно тело кое ќе ја следи состојбата со загадувањето, а инспектори го проверуваат загадувањето од фабричките оџаци.


Сања Момировска
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5B57699DFF20FA448412D21ED394AFA3
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 21-Dec-2011 at 22:26

Технологијата како решение за загадениот воздух во Скопје

декември 05, 2011

Атанасовски Александар


Загадувањето на воздухот е проблем кој е најизразен во урбаните средини каде собраќајот е најгуст, има најмногу население и каде има најголема концентрација на фабрики. Па така, според тие параметри не е чудно што Скопје е еден од најзагадените градови во Македонија во кој квалитетот на воздухот е оценет како мошне лош или опасен по здравјето. Ова е факт кој е потврден од мерните станици во градот и за жал нешто со кое скопјани ќе мора да живеат подолго време. Сепак, колку што е алармантна состојбата толку никој не знае што треба да се направи прво. Се слушаат најразлични изјави од политичарите од типот како со зголемена енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија би се подобрила сликата. Но, факт е дека уште утре сите во Скопје да стават соларни системи и ветерници на домовите проблемот нема ни одблизу да биде решен.

Исто така, факт е дека центарот на градот е најзагадениот дел од градот со оглед дека тука се одвива поголемиот дел од сообраќајот. Во многу од големите градови тоа е решено со тоа што за секој кој сака да вози низ централното градско подрачје ќе си плати за привилегијата и за загадувањето кое ќе го предизивика со своето возило, а средствата собрани од тоа би се искористиле за озеленување на градот. Така поголемиот дел од граѓаните во централните подрачја ги преферираат метроата, автобуските линии, велосипеди и сл. Но, со оглед на ситуацијата во државата, уште една таква давачка и би се прелила чашата кај многу луѓе.

Но повеќе не е прашање каде е згрешено, прашањето е има ли нешто што би можело на краток рок да продонесе за подобрување на ситуацијата со квалитетот на воздухот. Решението можеби би било во една иновација на иноваторот Кен Јасиснски. Имено, неговите прочистувачи на воздух се монтираат на постоечките улични светилки. Неговиот „прочистувач на воздух” ја користи сончевата енергија за напојување на ултравиолетовиот систем за прочистување на воздухот. Во недостиг на сонце системот својата енергија ја црпи од електричната мрежа. Системот го апсорбира штетниот јаглерод диоксид од воздухот и наместо него ослободува кислород во атмосферата. При тоа користи мошне малку енергија која ја добива од сонцето. Уште еден плус е што овој систем е направен од материјали кои се рециклираат. Ова е само еден аспект од тоа како би можело да му се пристапи на проблемот; убедени сме дека има и други решенија кои во најмала мера ќе помогнат за ублажување на проблемот со загаденоста во Скопје само треба волја и решеност за справување со проблемот.



Извор: Енергетска Ефикасност

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 22-Dec-2011 at 10:38
Системот го апсорбира штетниот јаглерод диоксид од воздухот и наместо него ослободува кислород во атмосферата. При тоа користи мошне малку енергија која ја добива од сонцето. Уште еден плус е што овој систем е направен од материјали кои се рециклираат. Ова е само еден аспект од тоа како би можело да му се пристапи на проблемот; убедени сме дека има и други решенија кои во најмала мера ќе помогнат за ублажување на проблемот со загаденоста во Скопје само треба волја и решеност за справување со проблемот.
Се е тоа убаво, само авторот на оваа вест очигледно не видел кои параметри се покачени во скопскиот ввоздух. Значи не се работи за зголемено присуство на CO, CO2, SO2, туку исклучиво на ПМ10 честичките кои се директна последица од согорувањето во топланите, домовите кои се греат на дрва, нафта, ситна градежна прашина и сл. Значи по сите други параметри воздухот во централното градско подрачје е цело време во здравата зона, барем според мерењата кои Фосил (Cheers за трудот на Фосил) редовно ни ги постира на форумов.
אל תסתכל בקנקן, אלא במה שבתוכו
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 25-Dec-2011 at 23:22
Originally posted by Dexter26

Тие мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот се поставени само во Центар... Нема смисла тие кои живеат во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош, Сарај, Чаир, Илинден, Петровец и останатите скопски општини да бидат заплашувани со квалитетот на воздухот во Скопје, кога резултатите од тие мерења во живо важат исклучиво само за квалитетот на воздухот во Центар, а не и за квалитетот на воздухот во останатите скопски општини.

Неточно. Само во Скопје се поставени 5 мерни станици и тоа во:

Центар х 2 (улица Македонија и во дворот на Ректоратот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј)
Лисиче (до средното хемиско училиште, во близина на Усје)
Гази Баба (во близина на Природно математичкиот факултет) и
Карпош (во дворот на ОУ Петар Поп Арсов).

Уште 2 се поставени во близина на градот, односно во Миладиновци и Мршевци. Се поставува прашањето дали воздухот во строгиот центар на градот е најзагаден? Да ја погледнеме статистиката од последниот месечен извештај (за ноември 2011) на Министерството за животна средина:


* нема податоци за Гази Баба и Ректорат



Овие показатели јасно говорат дека регионот Лисиче е далеку позагаден од Центар. Загадувањето во Карпош е скоро идентично со она во строгиот центар.

Извештаи (за жал непотполни) за квалитетот на воздухот по месеци за неколку години:

http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=37E19F21B530D44B82C0FEA04DDCC733

Edited by OCB - 26-Dec-2011 at 00:06
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.406 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.