build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #441 Posted: 11-Jul-2014 at 11:16
Човек, нив не ги боли к...от ни каков воздух дишат, ни каков воздух им дишат нивните деца. Тоа се најгруби материјалисти и егоисти, за кои не постои ништо друго освен парите.

Edited by phenomenon - 11-Jul-2014 at 11:19
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #442 Posted: 11-Jul-2014 at 15:00
Originally posted by Џоле

Сум го гледал филмот... Меѓутоа, едно не ми е јасно - загадениот воздух подеднакво ги погодува и политичарите, и обичните граѓани. И градските власти, и премиерот, и министрите, и сите други обични и необични смртници што живеат во Скопје го дишат истиот воздух. Сите тие имаат деца што го дишат тој воздух. А воздухот е загаден, и секојдневно се загадува. Не сфаќам зошто го трпат сопственикот на фабриката (Минчовски); односно, знам зошто - типот им фрлил доста пари за предизборната кампања, и сега му прогледуваат низ прсти. Но загадувањето мора да прекине, макар по цена да се затвори Макстил и индустриското производство на Македонија да се намали за 5% или за 10% поради тоа.

 
Па не е баш така.
 
Истото прашање човек би го поставил за образованието, за улиците и патиштата, за безбедноста во сообраќајот, а одговорот е едноставен:
 
Децата на политичарите не живеат во Македонија, а ако живеат, тогаш живеат во оние населби на малку поголема надморска височина, оддалечени од Железара.
 
Не е ништо ново фактот дека децата на речиси сите политичари живеат, студираат, а некои од нив и работат, во Швајцарија, Австрија, Германија, Италија, Франција и други држави.
 
А и политичарите планираат да им се придружат - откако ќе ја изгубат власта и откако ќе изгубат секакви шанси за враќање на власт, а со оглед на фактот дека тоа нема да се случи наскоро, за нив исплатливо е да останат и да се испотрујат и себеси со отровите од Железара и ОКТА, бидејќи заедно со отровите им следуваат и добри пари.


Edited by Dexter26 - 28-Jul-2014 at 23:42
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #443 Posted: 28-Jul-2014 at 22:27

Трајановски планира да ги прска улиците со впивач на прашина

Оваа зима градските власти ќе се обидат да го намалат загадувањето во воздухот со посебно средство за впивање на штетните ПМ 10 честички, објави Вест.

 

Со ова средство ќе се премачкуваат улиците за на нив да се залепи прашината.

 

Во Град Скопје во тек е подготовка на тендерска документација за набавка на средството.

 http://www.plusinfo.mk/vest/145456/Trajanovski-planira-da-gi-prska-ulicite-so-vpivach-na-prashina


И за оваа зборуваше Коце во емисијата Ринг на радио слободна Македонија. Се работи за џемиски раствот кој не дозволува измиение честички кога ќе испари водата повторно да лебдат во возудхот.

Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #444 Posted: 28-Jul-2014 at 23:42
Previous
 
Супер, честичките ќе се залепат за улиците и воздухот ќе остане чист.
 
А тоа што Железара, ОКТА и останатите загадувачи ќе продолжат да го загадуваат воздухот секојдневно не се важи ?
 
Ова е евтино продавање ветер во магла, или муда за бубрези.


Edited by Dexter26 - 28-Jul-2014 at 23:44
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #445 Posted: 28-Jul-2014 at 23:47
ова мора да е само еден чекор од една пооширна програма за намалувањето на загадувањето во скопје.

не смее да се остани само на тоа,и мислам дека ниеден совесен човек неможи да застани на тој пат бидејќи и неговите најблиски дишат од тоа загадување.не се тие во амазонија па да дишат кислород
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #446 Posted: 29-Jul-2014 at 09:37
Previous
 
Само еден чекор ?
 
Ни под разно, верувај ми, ќе остане на само тој еден чекор.
 
Работава е дека ова лето 2014, чисто изненадувачки, врнеше речиси цел јули, па дочекавме малку да се почувствуваме како луѓе, а не како предмети фрлени среде пустинско буниште, па сега властите ќе ни продаваат муда за бубрези.
 
Верувај ми, нема да бидне ништо повеќе од ова.
 
А во меѓувреме Железара и ОКТА слободно ќе можат да продолжат со своите секојдневни рутински работи, меѓу кои спаѓа и деноноќното загадување на околината.


Edited by Dexter26 - 29-Jul-2014 at 09:38
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2648
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #447 Posted: 29-Jul-2014 at 11:35
< ="text/" ="" ="/B1D671CF-E532-4481-99AA-19F420D90332/netdefender/hui/ndhui.js?0=0&0=0&0=0">
Originally posted by OCB

23 март 2014

Макстил бара уште осум месеци за обезбедување еколошка дозвола

На компанијата Макстил и се потребни дополнителни осум месеци да ја комплетира потребната еколошка дозвола за работа.

 За изградбата на еко-системот Макстил инвестирал 10 милиони евра.

„Градбата е отпочната, поголемиот дел од oбврските се завршени, а неговата финализација очекуваме да биде кон крајот на ноември или почетокот на декември. Вкупната инвестиција која ја вложивме во подобрувањето на еколошките стандарди изнесува 10 милиони евра.“, велат од Макстил.



Оваа зима градските власти ќе се обидат да го намалат загадувањето во воздухот со посебно средство за впивање на штетните ПМ 10 честички, објави Вест.


Kaко го разбирате ова? Јас, лично, го разбирам дека:

1. Со купувањето на впивачот на PM10, кон загадувачите ќе се намали притисокот за ставање филтри и тие и понатаму ќе си загадуваат

или

2. Загадувачите и понатаму планираат да си загадуваат и на крај памет не им е да постават филтри, па Градот од немајкаде е принуден да импровизира со прскање на улиците со впивач на прашина.


 



開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #448 Posted: 29-Jul-2014 at 19:51
Велат една слика вреди илјада зборови, но јас лично мислам дека пораката која оваа слика ја испраќа може да спаси милион животи.
 



Edited by Dexter26 - 29-Jul-2014 at 19:54
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #449 Posted: 09-Aug-2014 at 12:00
ВОЗДУХОТ ВО СKОПЈЕ ЦЕЛА НЕДЕЛА Е ЛОШ

ВЛАГАТА И НИСКИОТ ПРИТИСОК ГО ЗГОЛЕМУВААТ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО



Соња Христовска-Угриновска

Мерните станици за квалитетот на воздухот во Скопје цела недела покажуваат зголемени часовни вредности на аерозагадување со ситен прав (ПМ10-честички), кои во вечерните часови достигнуваат и до пет пати над максимално дозволените концентрации. Ако до неодамна мерната станица во Лисиче ги бележеше рекордите во Скопската Kотлина, од неодамна проработи и мерната станица во Гази Баба, која во последно време ги има највисоките часовни вредности. Пиковите, односно највисоките загадувања на оваа станица се забележани во текот на минатиот викенд и во средата, четвртокот и во петокот во раните утрински часови кога часовните вредности на прав изнесуваа од 150 до 250 микрограми на кубен метар воздух.

Kако гранична вредност за заштита на човековото здравје се смета среднодневната концентрација на прав од 50 микрограми на кубен метар воздух и таа редовно, практично секојдневно е минимално надмината на повеќе мерни станици во Скопје. На 5 август среднодневната вредност на прав во Лисиче била 114 мцг/м3, што значи дека жителите во овој дел од градот цел ден постојано дишеле воздух, што е најмалку двапати повеќе загаден од она што се смета за безбедно за здравјето.

За алармирање е рано

За алармирање е рано затоа што според одлуката на Владата од минатата зима, кога загадувањето беше неиздржливо високо, за да се преземаат вонредни мерки, треба десет дена по ред да дишеме воздух чија среднодневна вредност е над 100 мцг/м3.

Во Институтот за јавно здравје велат дека секојдневно ги следат податоците од мониторингот на квалитетот на воздухот и дека ова летно аерозагадување е последица на метеоролошките услови и на актуелните загадувачи.

- Сите загадувачи на воздухот и сега се актуелни, освен греењето. Воздухот е загаден поради сообраќајот, индустријата и големиот број градилишта. За зголеменото загадување придонесува актуелната временска состојба, односно нискиот воздушен притисок и високата влажност. Немаме ветер кој ќе ја разнесе правта, туку само краткотрајни дождови, кои накратко ја симнуваат. Потоа пак времето се смирува и загадувањето се зголемува. Исто така, влажноста на воздухот е висока, има пареа, па ситните водени честички ги задржуваат ниско и честичките со прав - објаснува д-р Михаил Kочубовски од ИЈЗ.

Во Министерството за животна средина велат дека квалитетот на воздухот изминативе денови е добар, односно дека среднодневните вредности имаат само минимални зголемувања. Во такви случаи сметаат дека не е алармантно, односно дека не се работи за загадување кое е предизвикано од еден извор и нема потреба да се презема вонредна акција за да се открие кој загадува.

Во Лисиче досега нездрав воздух во 114 дена

Граѓаните, пак, чија свесност за аерозагадувањето с` повеќе расте, осмислуваат нови начини на протести, со кои бараат да им биде остварено правото да живеат во здрава средина со чист воздух. Вчера попладне граѓанската иницијатива на жители од населбата Железара и околните населби, кои повеќе месеци протестираат против загадувањето од челичарницата „Макстил“, требаше да одржат голема велосипедска тура во градот, со завршница во парк-шумата во Гази Баба. Настанот е замислен така што учесниците ќе излепат еколошки пораки на своите велосипеди со апели за поодговорно однесување на сите нас со цел заеднички да се придонесе воздухот во Скопје конечно да биде здрав.

Инаку, Скопје одамна ги истроши своите бонуси кога е во прашање аерозагадувањето. Според Законот за квалитетот на воздухот, во рок од една година не смее да има 35 дена во кои среднодневната вредност на ПМ10 е повисока од 50 мцг/м3. Но, мерната станица Лисиче досега отчитала 114 такви дена, Центар 82, Ректорат 73, а Kарпош 71 ден. Досега од годината поминаа 220 дена, што значи дека во Лисиче колку дишеле здрав, толку дишеле и воздух што може да му наштети на здравјето.

Во Македонија, според студија на Светска банка, годишно од загаден воздух умираат по 1.350 лица. Аерозагадувањето со прав предизвикува низа белодробни и срцеви заболувања и други здравствени проблеми, а најранливи се децата, хроничните болни и старите лица.

http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=C4850AD716E5A449B45C2A56E243F0A3

Edited by jyvation - 09-Oct-2014 at 20:34
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #450 Posted: 09-Oct-2014 at 20:12
Оваа статија не се однесува само на квалитетот на воздухот во Скопје, туку и на квалитетот на воздухот низ цела Македонија.
 
Меѓу причинителите на загадувањето во Скопје се спомнува и проширувањето на скопските улици и булевари како еден од факторите кои дополнително придонесуваат за загадувањето во Скопје.
 
Пообјективна и пореална статија, здравје. Cheers
 
Штета што очигледно властите се глуви и слепи за да ја слушнат и/или прочитаат оваа статија и да превземат конкретни мерки против ваквиот биохемиски геноцид кој се случува во Скопје и во Македонија. Bash
 
http://inbox7.mk/?p=2473
 

Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

 
9 Oct 2014
 
СКУП Македонија
 
автор: Жаклина Хаџи-Зафирова

 
Две третини од годината сме изложени на загадување, а се проценува дека една третина од смртните случаи се од аерозагадување. Министерството за животна средина само констатира загриженост за процесот на набавка на филтри за фабриките со што се очекува да се намали загадувањето
 

 

 
“Порано имаше дим, но не се чувствуваше смрдеата. Порано се знаеше дека се топи руда во Железара. Сега не се знае ниту кој работи во Железара, ниту што се топи. Единствено што знаеме е дека чувствуваме печење во грлото и очите, кашлање…, раскажува жителката на Железара, каде летоска граѓаните се собраа на протести поради енормното загадување од кругот на комплексот, по што добија уверувања од фабриката “Макстил” дека ќе ја намалат работата на 30 проценти, а дека ќе работат исклучиво навечер. Сепак, Тушевска вели дека не е смирена поради ветувањата. “Чадот и смрдеата почнуваат да се чувствуваат навечер околу 19, 20, некогаш 21 часот. Некогаш кога ќе станам ноќе и ќе погледнам преку прозорец се гледаат облаци. Буквално како атомска бомба да паднала. Не можам да го опишам тоа. Бранови и бранови чад се креваат нагоре. Има моменти кога целата населба е во дим. Сите коментираат за ова, но кога треба да се излезе на улица, сите седат дома, со жалење констатира таа. Се жали дека има различни заболувања, меѓу кое и операција на очите, за што вели дека “сигурно не и е од одење на балет или седење во кафеана”. Но, она што е посебно загрижувачки за Тушевска е порастот на карцином на бели дробови во нејзиното соседство. “За една година во моето соседство четворица починаа од карцином на бели дробови. Мене ми изгледа алармантно. Се јавував во Министерството за животна средина за да го пријавам загадувањето, но знаете ли кој одговор го добив: па, еве и кај нас е загадено. Зарем тоа е одговор?”, вели  Тушевска. Таа ни го покажува огромното брдо од јаловина, за кое вели дека е создадено во последниве две-три години, иако пред тоа таму биле ниви каде се садело бостан и пченица. “Тоа брдо расте и расте. Дали е испитано што содржи јаловиштето? Јас не сакам ниту да критикувам, ниту да фалам, јас сум граѓанин на оваа држава и сакам пристоен живот“, со солзи во очите раскажува Тушевска.
 
Најголем број заболени од канцер во последните четири години се регистрирани во Скопје, каде само во општината Центар лани има 800 новозаболени во споредба со преклани. Од другите општини, на врв на табелата е Струмица, а потоа следуваат Битола, Велес, Куманово и Тетово
 

Број на заболени од неоплазма (канцер) по општини

 

 
Created with Datawrapper
 
Сепак, во моментов, државните институции не водат евиденција дали канцерот го добиваат претежно пациенти кои живеат покрај фабрики и топлани, а кои се сметаат за најголеми загадувачи. Само се водат генерални бројки.
 

 
СКУП-Македонија истражуваше како и во која мерка аерозагадувањето може да се поврзе со појавата на канцери кај населението. Сознанијата се алармантни: Дури две третини од годината сме изложени на загадување, а се проценува дека една третина од смртните случаи се од аерозагадување.Високите концентрации на штетни гасови во последниве години се забележуваат и во летните месеци. А кога на ова ќе се додаде и фактот дека претстои грејната сезона, може само да се претпостави дали ќе ги надминеме рекордните загадувања на воздухот кои ги имавме зимоска.
 
Летово, Светска банка излезе со поразителни податоци, дека воздухот во Македонија е меѓу најзагадените во Европа,  како и тоа дека загадувањето со години е над европските стандарди. Македонија е на прво место на листата на Банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Додека, земјата се наоѓа на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно ПМ 10 честичките.
 
Според Светска банка, цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно.
 
„Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година, нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одговорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно“, се нотира во извештајот на Банката.
 

 
Драган Ѓорѓев, експерт по здравствена екологија од Институтот за јавно здравје кој работел на извештајот за Светска банка потенцира дека препораките од Извештајот, кои биле презентирани и на Владата, треба да се сфатат сериозно.
 
„Концентрациите на аерозагадувaњето се гледа дека во текот на годината се во огромен процент над дозволените лимити. Најголемиот процент на загадување е во Скопје, но и сами гледате дека од година во година и во други градови како Тетово, Кавадарци, често пати Куманово, Битола има загадување. Тоа се градови кои се сериозно загадени“, вели Ѓорѓев. Тој посочува дека во Скопје и во Тетово како клучни градови сега, загадувањето, кое е над дозволената концентрација, на одредени места е 60-70 отсто.
 
„Фактички, само 20 или 30 отсто од годината имаме концентрации под тие 50 микрограми на честички ПМ 10. Тоа се огромни концентрации. Некаква толеранција е највеќе 20-30 дена да се дозволи годишно да е загадувањето над дозволените концентрации, ама да имате 150, 200 или повеќе денови загадување, тоа се фрапантни бројки. Тоа е страшна пресија на живеење. Во Европа ако постои вакво нешто, веднаш се преземаат мерки за санација“, смета Ѓорѓев. Според неговите проценки, само во Скопје од околу 5000 смртни случаи кои годишно се регистрираат, 1200 се претпоставува дека се од аерозагадување.
 
Во текот на истражувањето, експертите од Светска банка правеле и таканаречени сценарија, а според кои ако само 5 микрограми се смали загадувањето, годишно ќе се спасат над 120 животи само во Скопје.
 

 
СКУП-Македонија побара од Институтот за јавно здравје информации како се движи бројот на заболени од канцер по општини. Според извештајот на оваа установа, најголем број заболени од канцер во последните четири години се регистрирани во Скопје, каде само во општината Центар лани има регистрирано 800 новозаболени годинава во споредба со лани. Потоа следуваат општините Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош и Гази баба.
 
Додека, од другите општини, на врв на табелата е Струмица со регистрирани 3491 заболени од канцер, што е за 400 повеќе од преклани. Четиристотини новозаболени за само една година, лани се регистрирани и во Битола и Велес. А, стотина новозаболени се јавуваат и во Куманово и Тетово.
 

 
Директорот на Клиниката за онкологија во Скопје, д-р Милан Ристески вели дека секоја година во државава се регистрираат 4.500 новозаболени од канцер. Од година во година се зголемува бројот на заболени од рак на бели дробови, а како главни причини тој ги наведува пушењето и загадувањето.
 
На прашањето дали може да се доведе во корелација појавата на канцери со загадувањето на воздухот, Ристески одговара:
 
„Секако, посебно во корелација со респираторните. Кога ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките ќе се внесат во организмот, тие не предизвикуваат веднаш канцер. Прво, треба на точно одредено место да предизвикаат мутација. Значи, не постои канцер без мутација. Треба да се случи генетска мутација“ појаснува д-р Ристески. Тој додава дека малигните заболувања настануваат по извесен број години, а ризикот за нивна појава расте и со возраста на луѓето.
 
Уште грејната сезона не е започната, а деновиве високи концентрации на загадување се регистрирани во Карпош, Гази Баба, Тетово, Велес, Лисиче и Кавадарци. На веб страната (http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=2) на Министерството за животна средина и просторно планирање загадувањето се следи преку  17-те мерни станици, но сите не функционираат. Надлежните не можат со сигурност да кажат кои загадувачи се „заслужни“ за овие високи концентрации. Уверуваат дека уште пред две години е формирана меѓуресорска група за намалување на загадувањето.
 
„Ние уште пред две години формиравме меѓуресорска група од сите релевантни министерства каде договоривме краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето. Точно ја знаеме состојбата со загадувањето, затоа и преземаме мерки. Порано топланите работеа на мазут и нафта, сега се сите на гас, тоа е огромна мерка за намалување на загадувањето. Набавката на новите автобуси исто така влијаат во делот на сообраќајот. Тука има огромно влијание и сообраќајот, ние се бориме да воведеме повисоки стандарди за увоз на постари возила. Огромно влијание има и градежниот сектор. Дадовме препорака до градежните компании да се мијат тркалата при излегување од градилиштата затоа што сето тоа е еден вид прашина која влијае врз здравјето на граѓаните. Потоа, препорачавме да се користи јавниот превоз“ објаснува Сашо Секуловски, портпарол во Министерството за здравство.
 
Сепак, експертите во Институтот за јавно здравје се сомневаат во спроведувањето на мерките за намалување на загадувањето кои беа дадени зимоска поради енормното загадување кое беше регистрирано. И додаваат дека мерките би требало да се воведат меѓу две грејни сезони, а не пред непосредниот старт на грејната сезона.
 
Кои се најголемите загадувачи?
 
Во текот на изработката на Извештајот на Светска банка, експертите ги утврдиле и загадувачите во индустријата за кои побарале концентрации на издувни гасови од фабриките.
 
“Направивме проценка кои се најголемите загадувачи, а тоа се РЕК Битола, Осломеј, односно тие што произведуваат енергија, се генерално најголеми загадувачи. На ниво на градови, тоа е процесот на греење, сообраќајот, сега веќе и урбанизацијата, оваа прашина што се крева, и индустријата, зависно од тоа која индустрија каде е лоцирана”, тврди Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје. Според него, честичките не се врзани само со одредена индустрија, туку се дел од издувни гасови кои доаѓаат од согорувањето на горивата кои се користат и во сообраќајот, греењето и од фабриките.
 
Сепак, како експерт по здравствена екологија тој посочува дека во светот не требаат вакви проценки за да се преземат мерки и да се одлучи за затворање на некој објект.
 
“На пример, јасно е дека Макстил загадува, дека е ставен во населена зона. Имате индустриски комплекси како што е Макстил, Цементарница Усје, кои се ставени во населена зона што е надвор од сите правилници. Мора да имате голема заштитна зона со зеленило околу тие објекти за да може да се намали аерозагадувањето. Така да нивото на ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките, на пример, на нивото на населбата Лисиче е конгломерат од повеќе индустриски комплекси, но со насочено мерење ќе најдете од каде доаѓа загадувањето. Она што исто така треба да се прави, а не се прави редовно е мерењето на емисијата на местото каде што се издувните гасови. Од оние мерења кои се прават во Инспекторатот за животна средина, а кои ги имам како сознание, високи се тие емисии. Не е потребно некое строго поврзување: Тие загадуваат, емисиите им се високи, тие мора да намалат”, дециден е Ѓорѓев.
 
Тој наведува дека во светот, па и кај нас во Законот за животна средина постои овластување на политичките фактори и по мерка на предострожност да затворат некој објект ако се смета дека тој е потенцијален извор на загадување. “Значи, не мора да докажувате на суд дека тој објект загадува, туку може да се затвори по мерка на предострожност. Загадувачите се знаат, никој не може да спречи некого да се преземат мерки”, вели Ѓорѓев.
 
Според него, не се преземаат доволно мерки за да се сопре загадувањето. “Исто е и со сообраќајот. Јасно е дека Скопје не може да прими толку возила, а ние ги проширивме улиците.
 
Наместо да се прави рестрикција на сообраќајот, фокусот да биде на јавниот сообраќај, ние ги викаме возилата да дојдат во Скопје. Понатаму, градежни локалитети. Мерките да се наводнуваат тркалата на возилата од градилиштата, овие мерки не се спроведуваат стриктно. Тука имате голем извор на прашина. “Најтешко се контролира греењето на граѓаните, не се знае кој на што се грее”, додава Ѓорѓев.
 
Се уште се чека да стартуваат филтрите на „Макстил“ и „Југохром“
 
На еден месец пред завршетокот на пролонгираниот рок за набавка на филтри на фабриките „Макстил“ и „Југохром“, се уште нема официјална потврда до каде е процесот за и овие два индустриски капацитети да ја набават потребната А интегрирана дозвола. Како што е познато, тие претходно не го исполнија условот да ги купат филтрите до 1 април годинава, рок до кога  сите индустриски капацитети требаше да ја добијат А интегрираната дозвола. Владата донесе одлука само за овие две фабрики да се пролонгира рокот за набавка на филтрите до крајот на месецов.
 
Министерот за животна средина, Нурхан Изаири на почетокот на минатиот месец беше во посета на “Југохром“, каде констатираше дека фабриката доцни со реализација на плановите за исполнување на условите за набавка на еколошката дозвола.
 
Додека, пак, Министерството за животна средина и по четири месеци не ги обелоденува резултатите од мониторингот на загадувањето на инсталациите во “Макстил”, кои според нив, уште во јули се испратени во акредитирана лабораторија. Иако, двата мобилни апарати пет дена го мереа загадувањето во фабриката уште летово, резултатите се уште не се обелоденуваат со изговор дека се вршат споредби на резултатите кои, наводно, се добиени од акредитирана странска лабораторија.
 
„Ние сме во постојан контакт со менаџментот на двете компании. Образложението зошто досега не се ставени филтри беше дека инвестициите се големи кај нив. Негде 10-11 милиони евра Макстил треба да одвојат за таканаречена хауба за прифаќање на овие ПМ 10 честички, односно прифаќање на прашината. А, исто се однесува и кај Југохром, кај нив пак проблем беше што сопственоста се префлуваше и постапките стоеја во место“ појаснува Сашо Секуловски, портпарол во Министерството за животна средина и просторно планирање. Железарци, кои летово протестираа поради издувните гасови кои се испуштаа од кругот на Железара, барајќи да сопре загадувањето, се помалку веруваат дека ќе се исполнат ветувањата за ставање на филтрите за да се спречи загадувањето.
 

 
“Навечер и наутро не може прозорец да отворите. Се чувствува неподнослива смрдеа, облаци, ништо не се гледа. Кога дишете таков воздух како нема да кашлате. Само никој не сака народот да го слушне во оваа држава. Како тргнала државата со одлагањето за филтрите, од месец до година, може на крај ќе не однесат до Бутел додека да стават филтер”, вели постар жител на населбата Железара кој живее во непосредна близина на индустрискиот комплекс Железара.
 
Разочарување има и кај невладините организации.
 
“Конкретните загадувачи Макстил и Југохром не го испочитуваа рокот за усогласување на технологијата со најдобрите достапни техники за намалување на загадувањето до април 2014 година, односно не ги спроведоа сите мерки и активности од оперативните планови со цел намалување на загадувањето. Макстил вети дека исполнување на мерките и спроведување на клучната мерка, изградба на кровна хауба за зафаќање на емисиите, ќе биде најдоцна до декември 2014 година. За жал, освен ветувањето и неколку објави од страна на Министерството за животна средина дека им изрекло казни поради непочитување на крајниот рок (иако никогаш не беа објавени податоци дека Министерството ги казнило), до сега нема податоци дека Макстил работи на изведување на кровната хауба”, вели Александра Бујароска од невладината “Фронт 21/42”, кои го следат загадувањето од индустриските капацитети. За “Југохром”, Бујароска констатира дека ситуацијата со спроведување на мерките е уште покомплицирана. “Операторот нема спроведено голем дел од мерките за намалување на загадувањето и оправдано, со оглед на финансиската состојба, се поставува прашањето дали овој оператор ќе успее воопшто да спроведе мерки за намалување на загадувањето или истиот ќе мора да се затвори” смета Бујароска.
 
(„Сторијата е поддржана од ЦИН СКУП Македонија во рамките на НЕД проектот “Подигнување на јавната свест против корупција преку истражувачко новинарство“.)

Back to Top
one1 View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 13-Mar-2013
Online Status: Offline
Posts: 416
  Quote one1 Quote  Post ReplyReply #451 Posted: 09-Oct-2014 at 22:07
И само што не почнало... Исто како лани овој период... Само што овојпат имаме отприлика 200-300 возила повеќе од лани на улиците на Скопје, помалку зеленило од лани поред улиците и парковите низ Скопје и повеќе семафори од лани ова време на улиците низ Скопје. Брзи сообраќајници научна фантастика.
Back to Top
Oxygen View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Jun-2012
Online Status: Offline
Posts: 14
  Quote Oxygen Quote  Post ReplyReply #452 Posted: 13-Oct-2014 at 12:26
Новите филтри кои треба да ги стават нема да имаа голем ефект бидеки објектот повеке чади од страните на покривот отколку од оџакот. 
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15039
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #453 Posted: 17-Oct-2014 at 11:46
За сè има вторпат
Back to Top
Dzeksi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Apr-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 412
  Quote Dzeksi Quote  Post ReplyReply #454 Posted: 18-Oct-2014 at 01:08
ne otruja ni ebaa majakta a nie uste navivame za metalurg i si svirkame !!!!
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #455 Posted: 18-Oct-2014 at 06:55
Синоќа беше поприлично алармантна ситуацијата со Макстил, среќен сум што не требаше да се разбудам у Ново Лисиче, пошто цел дим отиде према таа скопска населба.
23ka.wordpress.com
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #456 Posted: 20-Oct-2014 at 13:24
РАСПИШАН ОГЛАС ЗА АДАПТАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА НА „KОМУНАЛНА ХИГИЕНА“

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ ЧЕСТИЧКИТЕ ПМ-10 ЌЕ ПОЧНЕ ОД ЈАНУАРИ



Прскањето на скопските улици со калциум-магнезиумацетат, за намалување на загадувањето од честички ПМ-10, најверојатно ќе почне од јануари в година. Дотогаш се очекува да заврши целата постапка за инсталирање на новиот систем на десетина возила на „Kомунална хигиена“. Пред еден месец, надлежните од Градот и од „Kомунална хигиена“, најавија можност препаратот да почне да се применува со почетокот на грејната сезона, но, според градоначалникот Kоце Трајановски, две објави досега биле неуспешни, немале согласност од Советот за јавни набавки. Сега имаат, при што може и да почне инсталирањето на системот на возилата од комуналното претпријатие. Очекувањата на Трајановски се загадувањето да се намали за околу 30 отсто.

Деновиве е распишан и оглас за адаптација на потребните камиони-цистерни за влажно миење на улиците, а и за изработка на надградби. Повикот ќе трае до 2 декември годинава, а проценетата вредност е 11,5 милиони денари.

Според објавата, времетраењето на договорот е одредено на 12 месеци. Се планира да почне од 2 јануари 2015 година, а да заврши следната 2016 година.

Од компаниите што ќе конкурираат се бара изјава за обезбедување резервни делови, како и да обезбедат овластен сервис на територијата на Македонија во времетраење на гарантниот рок. Од операторот се бара да има најмалку три години искуство во предметната област на испорака, односно изработка на адаптација и надградби од ист или сличен вид, како и да има реализирано минимум еден договор за извршени испораки во претходните години.

- Со Владата, Градот максимално работи за сите што се чинители, како и објективно каде може да се намалат причинителите, а кои придонесуваат за загадувањето - изјави Трајановски во контекст за мерките за справување со загадувањето во метрополата.

Препаратот калциум-магнезиумацетат, како што досега информираа од Градот, се користи во многу светски метрополи, особено во Лондон. Честичките ПМ10 се лепат на течноста, а препаратот, кој не е отровен, не дозволува тие повторно да кружат во атмосферата. Улиците потоа се мијат со вода, а смесата истекува во атмосферската мрежа.

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=05BC8B247843EC4EB20A87A7252629E8
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #457 Posted: 20-Oct-2014 at 21:36
Најновата идеја на генијалецот наречен градоначалник на Скопје.
 
http://www.24vesti.com.mk/grad-skopje-raspisha-tender-za-prashok-za-chistenje-na-vozduhot
 

Град Скопје распиша тендер за прашок за чистење на воздухот

 
20.10.2014 | 20:43
 
Градот Скопје распиша тендер за набавка на супстанцата калциум магнезиум ацетат која нема да дозволува штетните ПМ10 честички да се шират во воздухот, додека јавното претпријатие Комунална хигиена преку јавен оглас ќе набавува специјалното возило кое ќе ја распрскува. За два месеци се очекува супстанцата да пристигне а со тоа и да се намали концентрацијата на канцерогените честички.
 

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2599
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #458 Posted: 21-Oct-2014 at 08:32
Не сум стручен ама еве некои линкови.

http://www.vti.se/en/publications/operational-measures-against-pm10-pollution-in-stockholm--evaluation-of-winter-season-20122013/

http://gpc.slb.nu/register/wp-content/uploads/2010/05/Gustafsson_Ferm_Blomqvist_Gruhs.pdf

The results show that dust binding with CMA is still the most effective method to reduce high PM10 concentrations resulting from road dust suspension and that the effect can be seen also the day after treatment.

Колку што гледам оваа мерка не се однесува на загадување од издуви, оџаци и сл.. така да може да има намалување, ама колку, ќе видиме.


Edited by fichot - 21-Oct-2014 at 08:33
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #459 Posted: 21-Oct-2014 at 14:23
Со вакво силување на природата, било какви решенија на властите се тотално бескорисни.
 
http://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/vodno-izvini
 

Водно, извини

 
21 Октомври 2014 - 12:44
 
Во недела Водно е единственото парче пристоен воздух во Скопје. И тоа го знаат премногу луѓе. И сите имаат кола! Побогу! Да имаше нозе, Водно ќе ни избегаше во Мариово.
 
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #460 Posted: 21-Oct-2014 at 14:29
Добро, не се ни луѓето што отишле на Водно виновни, многумина од нив дошле до Средно Водно со кола, затоа што дошле со деца, со колички, па после Средно Водно си продолжуваат по патот пешки. Тука повеќе е проблемот на недоизградената жичница до Водно, а не самите луѓе. Ова го кажувам бидејќи во неделата со свои очи го видов ова (иако навистина имаше премногу гужва), жива среќа јас си бев пешки, па немав нервози
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2122232425 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.