build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Квалитет на воздухот во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #521 Posted: 22-Jan-2015 at 23:03
Нормално алиби им беше индустријата, која на некој начин ја притиснаа и побараа инсталирање на соодветни филтри.Сега веќе кога нема кој криви им се домаќинствата, па бараат други алтернативи како прскање на калциум-магнезиум ацетат.И тоа ако не им успее немаат друга шанса освен да се зафатат со сериозни проекти.Проекти кои ќе дадат ефекти на долг рок.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #522 Posted: 22-Jan-2015 at 23:08

пополека ќе дојдеме и до муабетот со Матка 1 и природниот еркондишн [1] ама прво да исцрпиме сите небулози успат нели
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #523 Posted: 22-Jan-2015 at 23:34
Originally posted by beTon


пополека ќе дојдеме и до муабетот со Матка 1 и природниот еркондишн [1] ама прво да исцрпиме сите небулози успат нели
може ќе стигне и до муабет за рушење на градски ѕид, поради струење на воздух, којзнае
можда следен проект ќе биде „голем вентилатор на секоја раскрсница 2020“

...дознајте во наредната епизода од трагикомичната серија
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #524 Posted: 23-Jan-2015 at 00:34
Не само до Матка ќе се стигне и до Козјак јас мислам. Затоа велам проблемот е комплексен и не треба да.се гледа од политички туку од стручен аспект. Проблемот е само дали во нашата држава има стручњаци кои темелно можат да се зафатат со детална анализа на загадувањето.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #525 Posted: 23-Jan-2015 at 01:12
Во 90-тите многу се изненадував кога во Скопје имаше магла,прст пред око да не се лгеда.Кога и да појдев дома во Кичево(многу ретко),таму воопшто немаше магла.И одеднаш започна период кога и кај нас фаќа магла и тоа доста голем период во зимата.Отприлика временски се поклопува со изгарбата на Козјак.

Кога ќе се изгради Вардарска долина,во Скопје ќе го снема и топлиот воздух што доаѓа од Егејско Море по течението на Вардар.Скопје е во најтоплите градови баш заради ова струење.

Кога ќе се изградат овие ХЕ,Скопје ќе добие клима како во кичево-улиците никогаш нема да бидат суви,иако со недели ќе нема врнето дожд.Студена и влажна клима
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #526 Posted: 23-Jan-2015 at 01:54
леле луѓе аман со тие дискусии за градски провеви и сончева светлина...

градов не го загади ни Матка ни Козјак, го загадија ужасно пласираните и неодговорни фабрики, илјадниците увезени канти на тркала и домаќинствата...
градов е во котлина, единствени два излеза на воздух по вода се тесни клисури... природно е тука да се задржува воздух дури и без брани
а и дури и урагани да дуваа низ градов, немаше да се реши проблемот со загадувањето... кај ќе идеше воздухот, во Велес? поентата е да не се загадува воздухот на прво место...

а климатските промени се нормални поради милион причини, глобални и локални, и градбите имаат влијание на нив, ама не е како да ги контролираат... не паничете до толку...
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #527 Posted: 23-Jan-2015 at 11:01

види решението не може да биде парцијално, но без никакво струење и да нема ниедно ауто у скопје ем сите на парно да се грејат Смог пак ќе има, особено бидејќи посреди се и други појави како воздушен притисок, ко што вели Ѓоко многу веројатно заради кревањето на Матка 2 односно полнењето на ез.Козјак има екстра испарување односно цела таа загреана водена маса дополнително го загрева планинскиот воздух овој пак го навјасува котлинскиот ладен и ето га куршлус

да се надеваме дека со спуштена матка 1 ќе се оправи многу што во скопската долина, ајде битно застанавме во редот на глобално наj+запушени градови

http://www.theweatherprediction.com/pollution/smog/

http://en.wikipedia.org/wiki/Inversion_%28meteorology%29



http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=559&PID=228650#228650


Edited by beTon - 09-Oct-2018 at 20:46
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #528 Posted: 23-Jan-2015 at 11:46
Не смее да се чека и калкулира со загадениот воздух. Мора да се преземат мерки. За пример на почеток би можеле следните мерки да се преземат:
1. Забрана за возила со ЕУРО 1 стандард (вклучувајќи и автобуси и камиони)
2. Градот треба да дава дозволи на таксисти само со ЕУРО 4 и ЕУРО 5 стандарди
3. Во општина Центар да се забрани греење на дрва
4. Во зимските месеци(декември/јануари/февруари) ДДВ-то за струја да се намали од 18 на 8% со цел да се стимулира користењето на електрична енергија за затоплување во змискиот период.
5. Намалување на цената за градски превоз во зимскиот период

За почеток овие мерки мислам ќе бидат доволни, и до некаде безболни за спроведување.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #529 Posted: 23-Jan-2015 at 12:56
Какво греење на електрична енергија, се знае кое е најефтиното решение за греење на домаќинствата во Европа.Не е срамота ако прошеташ малце надвор од границите на Балканов и да копираш некои решенија.
Коце нема мрднато 4 години од Скопје подалеку.
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #530 Posted: 23-Jan-2015 at 13:12
Ова се најбрзите решенија, за нешто по софистицирано треба време и пари, а знаеме дека пари има само за споменици и фасади.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #531 Posted: 23-Jan-2015 at 14:04
Originally posted by Navigator

Полека малку со политиката, олабави. Не сме дошле на форумов да читаме партиски фрустрации.


Eве ти ја мапата на светот со најзагадените градови. Замисли, Скопје и Тетово се најзагадените градови во Европа. На истата мапа можеш да видиш колку се загадени Њујорк и Токио и да направиш споредба.

http://www.numbeo.com/pollution/gmaps.jsp

Или сè што знаете е кога ќе излезат еколошките друштва да протестираат поради загадениот воздух, да организирате контрапротести и да им дадете транспаренти на таа безлична маса на кои ќе пишува:"И ние сакаме чист воздух, но не сега"?

Edited by phenomenon - 23-Jan-2015 at 14:11
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #532 Posted: 23-Jan-2015 at 15:40
Originally posted by martind

Не смее да се чека и калкулира со загадениот воздух. Мора да се преземат мерки. За пример на почеток би можеле следните мерки да се преземат:
1. Забрана за возила со ЕУРО 1 стандард (вклучувајќи и автобуси и камиони)
2. Градот треба да дава дозволи на таксисти само со ЕУРО 4 и ЕУРО 5 стандарди
3. Во општина Центар да се забрани греење на дрва
4. Во зимските месеци(декември/јануари/февруари) ДДВ-то за струја да се намали од 18 на 8% со цел да се стимулира користењето на електрична енергија за затоплување во змискиот период.
5. Намалување на цената за градски превоз во зимскиот период

За почеток овие мерки мислам ќе бидат доволни, и до некаде безболни за спроведување.

Како за почеток ова се одлични мерки и требаше да бидат спроведени пред почетокот на оваа зима. За другата година веќе да се работеше на забрана на ЕУРО 2, субвенции за премин од греење на дрва кон нешто поеколошко, проширување на реонот каде е забрането греење на дрва итн.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 479
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #533 Posted: 23-Jan-2015 at 15:50
Originally posted by jyvation

Нормално алиби им беше индустријата, која на некој начин ја притиснаа и побараа инсталирање на соодветни филтри.Сега веќе кога нема кој криви им се домаќинствата, па бараат други алтернативи како прскање на калциум-магнезиум ацетат.И тоа ако не им успее немаат друга шанса освен да се зафатат со сериозни проекти.Проекти кои ќе дадат ефекти на долг рок.

Справувањето со домаќинствата ќе даде ефекти на долг рок. Надлежниве во недостаток на сериозни истражувања излегуваат со паушална проценка дека возилата, домаќинствата и фабриките учествуваат со по 1/3 во загадувањето. Моја проценка како лаик е дека 150к куќи во котлинава со ЕУРО0 се виновни за над 50% од загадувањето. Но, тоа е непопуларен проблем за решавање и бара доста финансии, па затоа сите го игнорираат.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #534 Posted: 23-Jan-2015 at 18:06
Originally posted by jyvation

Какво греење на електрична енергија, се знае кое е најефтиното решение за греење на домаќинствата во Европа.Не е срамота ако прошеташ малце надвор од границите на Балканов и да копираш некои решенија.
Коце нема мрднато 4 години од Скопје подалеку.


Да си го прегризиш јазикот Кога последен пат Коце беше надвор од државата(во Парис) ни ги донесе плажите и трулите лаѓи
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #535 Posted: 27-Jan-2015 at 11:53
Нешто од Битола



Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #536 Posted: 13-Mar-2015 at 21:14
Не е Скопје,ама нема посоодветна тема


ЈЕГУНОВЦЕ
Југохром почна да поставува филтри за задржување на прашината
Новата опрема што се поставува во комбинатот ќе обезбеди поголема заштита на животната средина и нови вработувања.





Фабриката за производство на феролегури, Југохром од Јегуновце почна со реализација на проектот за изградба на филтер станици за прочистување на издувните гасови од производството на фабриката.

Работата на филтер станиците покрај заштита на животната средина, ќе овозможи и нови вработувања во фабриката која во моментот работи со половина капацитет и има повеќе од 1.000 вработени.

Целокупната инвестиција која опфаќа изградба и опремување на три филтер станици, планирано е да се заврши до крајот на годинава. Изградбата на филтер станиците, чиј габарит ги надминува дури и димензиите на производствените погони на фабриката, ќе овозможи задржување на прашината која се создава со производство на феросилициум и прочистување на чадот кој се испушта од фабриката до ниво на концентрација на ПМ10 честички од 10 mg/m³. Според позитивните прописи дозволената концентрација на ПМ10 честички во воздухот изнесува 50mg/m³.

„За реализација на инвестициски проект од оваа големина потребни се време и финансиски средства. Оттука со задоволство можам да кажам дека Југохром го почна овој инвестициски процес, за чија реализација во најголем дел се ангажирани домашни компании. До крајот на годинaва можеме да очекуваме заокружување на инвестицијата, а со тоа и зголемување на искористеноста на капацитетите на фабриката и нови вработувања“, изјави Славко Стојчески, технички директор во Југохром.



Фабриката за производство на феролегури Југохром, произведува феросилициум, легура која во главно се користи како суровина во челичната индустрија. Работењето на фабриката има значајно влијание врз економијата на земјата, учествувајќи со 0,9% во БДП и 7% во извозот од металопреработувачката индустрија. Покрај редовните вработувања, функционирањето на фабриката овозможува уште над 5.000 индиректни вработувања во компании чие работење е поврзано со Југохром, соопшти компанијата.

http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/jugohrom-pochna-da-postavuva-filtri-za-zadrzhuvanje-na-prashinata
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #537 Posted: 25-Mar-2015 at 20:37
само како информација за споредба-сите поголеми градови го имаат истиот проблем

ПАРИЗ ПРЕЗЕМА ДРАСТИЧНИ МЕРКИ ЗА ДА СЕ СПРАВИ СО СМОГOТ

Париз во пролет - звучи романтично, но оваа година легендарнaта француски метропола го запира здивот и на друг начин - со загадениот воздух.



На крајот на минатата недела загадувањето на воздухот во градот на модата достигна такви непријатни нивоа, што во средата Ајфеловата кула речиси не се гледаше - таа беше затворена од задушлива кафеава магла.


Во обид да се смири кризата, градоначалникот на Париз, Ан Идалго, ја повика националната влада да воведе итни ограничувања во сообраќајот. Веќе е направена стратегија според која во суштина ќе се дозволи ограничување на пристап до градот за половина од автомобилите од автопатите, според францускиот весник Le Monde. Досега францускиот министер за екологија Сеголен Ројал се воздржуваше од наметнување на такви строги ограничувања, но е можно во секој момент да ја преиспита ситуацијата, ако состојбата на воздухот не се подобри.




Во меѓувреме на возилата во градот е забрането патуваат со брзина повеќе од 22 km/h. На париските граѓани им се нуди бесплатно користење на јавниот транспорт во обид да се намали нивото на издувни гасови и саѓи.

http://avtoplus.mk/vesti/zanimlivosti/pariz-prezema-drastichni-merki-za-da-se-spravi-so-smogot
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #538 Posted: 25-Mar-2015 at 21:28
Не знам дали има некоја статистика за периодов по Нова година, но барем онака колку што фрлам око од време на време за состојбата на квалитетот на воздухот, забележувам дека во Скопје, состојбата е дури и добра, односно скоро секој ден е под 50 или околу 50, што претставува нормала.
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #539 Posted: 25-Mar-2015 at 22:49
Интересна статистика во колумнава.

http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=324151558398&id=13&prilog=0&setIzdanie=23428

Edited by fichot - 25-Mar-2015 at 22:50
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2400
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #540 Posted: 08-Apr-2015 at 12:54
Моторните возила во многу градови прават од 60 до 90 отсто од вкупното загадување.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=47151634432&id=13&prilog=0&setIzdanie=23440
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2526272829 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.187 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.