build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 41>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #661 Posted: 31-Aug-2018 at 17:19
Originally posted by Cloverstack


Originally posted by ehrlich

@Cloverstack

Како владино соопштение ми се сите овие твои коментари.
Какво фасцинантно ниво на дебата.
Јас сега да речам дека твоите коментари ми се како соопштение на дпмне и решен проблем?
Види ehrlich, јас погоре напишв бајаги многу работи, најголем дел од нив не се мои субјективни погледи или чувства, туку се објективни согледувања и неоспорни факти. Ако сакаш да дебатираме, те молам реплицирај ми конкретно на нешто што сум го пишал, а ти сметаш дека не сум во право, или повели изнеси нови информации кои фалат во дискусијава. Но немој да „дебатираш“ со вакви финти.

Originally posted by ehrlich

Ја имаш студијата за животна средина изработена во време на претходната власт на страницата на Општина Кисела Вода, каде можеш да ги најдеш сите алтернативи (насочени кон северниот дел на Скопје), но се отфрлени бидејќи биле скапи за изведби.
Од тоа што пишува во студијата, отфрлени се меѓудругото затоа што се значително поскапи за изведба. А и цената сама по себе нели е важен фактор? Еве на пример што ако целата таа заштеда се пренасочи кон пошумување на голините на Водно и исечената шума се надокнади 50 пати повеќе? Нели тоа е многупати подобра опција отколку тие пари да се потрошат на друга поскапа траса на гасоводот?
Тогаш би требало да се бара зголемување на оние 43 милиони денари за компензационо пошумување, но не стопирање на изградбата на гасоводот!

Originally posted by ehrlich

Извини, но јас не сум проектант па да пресметам колку ќе чини и каде да поминува, но ако се сака, се може да се направи.
Па никој не рече дека мора лично ти да пресметаш. Ама ако се залагаш за некоја алтернативна траса, со некакви податоци треба барем да располагаш и треба да образложиш зошто би биле релевантни за да се размислува за толку драстична промена на проектот во оваа фаза. Во спротивно излегува дека се залагаш за друга траса од нерационални или од лични причини.
А за она „ако се сака, се може да се направи“, некако многу лесно се расфрламе... Во секој случај, најпрвин е потребен добар одговор зошто воопшто би требало да се напрви тоа нешто.
Originally posted by ehrlich

Екологистите понудија додека се градат диструбитивните мрежи низ градовите да се изведува алтернативната рута на гасоводот
Ама секој може да понуди што сака, но прашањето е какви параметри има таа нивна траса. Каква е таа „понуда“? Усна? Има ли некаков документ што точно е понудено, па да видиме колку е сериозно тоа.
Originally posted by ehrlich

во време на
претходната власт ќе речевме дека режимот бутка на сила, сега изгледа со
овие со „животов“ не е така.
Извини, ова е некој аргумент во врска со трасата на гасоводот? Пропуштам нешто?
Originally posted by ehrlich

Извини, но муабетот дека ако претходната власт правела така, овие нема да прават, не може да помине со сите можни скандали кои им се случија за само една година власт и потфрлање во сите можни сфери на живеењето.
Истото прашање: Ова е некој аргумент во врска со трасата на гасоводот?



Знаеш како е во Македонија, кога едните сечеа дрвја низ цело Скопје и протестираа пет души, се собраа еден куп поддржувачи на таквото лудило, така и сега, се смени власта, повторно протестираат пет души, и повторно има еден куп поддржувачи на таквото лудило. Во меѓувреме на социјалните мрежи се прави изглед дека илјадници се против тоа. Се е исто, ништо не е сменето.

Да беше сменето, нашата нова власт ќе организираше јавни дебати, кампања за објаснување на гасоводот, мерки за заштита, обележување и исцртување на самата патека каде ќе поминува гасоводот, колку ќе биде широк, колку шума ќе се исече, што ќе биде потоа, колку ќе се вложи по ископот и ред друго.

Бидејќи ништо од ова не се случи, да јас сум жестоко против изградбата на Водно, макар чинело и повеќе милиони евра самата изградба.

Изградбата преку Водно ми смета бидејќи тоа е единственото парче вистинска шума во градот Скопје, една од преостанатите зелени оази во градското подрачје и ако го изгубиме и него и го пуштиме и овој гасовод, тогаш само се остава простор и за други слични вакви проекти, кои исто може да се спроведуваат под кампањата, ама преку Водно е најевтино.

Извини, ама однесувањето на властите и те како е аргумент поврзан со оваа изградба и токму нивното однесување е спорно, па еве гледаме дека ниту имаа табли за изградба, ниту нешто друго, додека не им дојдоа екологистите таму и не прикажаа дека градот без никој да ги знае.

Според мене е невкусно да се обвинуваат граѓани (организирани во здруженија) дека не реагирале во 2010, бидејќи тие граѓани имаат свои животи, работат, и со ова се занимаваат од хоби и љубов. Ако се тие виновни, тогаш и ти си виновен за сечата во Скопје, како и јас и илјадниците жители на Скопје што не ги браневме. Само во Македонија, екологистите се обвинети од самите граѓани, а поддржана е власта во необјаснетите и недоречените проекти.

Патем, информативно, Скопска Црна Гора каде што би поминувала рутата (на пр. по текот на Обиколницата) јас не гледам нигде да има шума и додека траеја препукувањава можеше власта да излезе со целосно нова студија за животната средина и на јавност да и ги претставеше сите можни рути, со кост-бенефит анализа и со заштитни мерки за секоја рута, но не, битно е да се тера една и крај.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #662 Posted: 31-Aug-2018 at 18:06
 

“На Водно зеленилото ќе биде неприкосновено и во заштита на Град Скопје” #НеНизВодно #JoNëpërVodno #VodnoÜzerindenOlmaz #ГоСакамВодно #EDuaVodno #VodnoyuSeviyorum

 
30.08.2018 15:30
 
“На Водно зеленилото ќе биде неприкосновено и во заштита на Градот. Кај нас зборот е збор. Сите заедно мора да изградиме граѓанско општество.” #НеНизВодно #JoNëpërVodno #VodnoÜzerindenOlmaz #ГоСакамВодно #EDuaVodno #VodnoyuSeviyorum
 

 
 

Водно треба да е бушаво, а не со патец

 
31 Август 2018 - 11:45
 
Јани Макрадули бил во Сараево, Шапуриќ бил зафатен, па за Водно и планираниот гасовод зборуваат луѓе од иницијативата „Го сакам Водно“. Пошто овде нивото на дискусија е рамно на она од 1948-ма „Кој тоа е против Тито?“, одма да расчистиме: „Никој не е против гасовод“.
 

 
Сите досегашни дискусии и дебати започнувале и завршувале со ставот на властите: Мора низ Водно! 
 
Ѕирнете ја видео компилацијата на 17:47, ќе се наежите како глумат озбилни луѓе.
 

 
Пар поенти од емисијата:
 
Трасата преку Водно на која се инсистира е долга колку две Партизански (од Тифани до Ѓорче). 
 
Откако трасата ќе се избричи за цевки, таа никогаш нема да може да се ревитализира. Таму мора да постои заштитена траса на која не е дозволено садење дрвја, заради градежни стандардни: опасност од корењата, потреба од пристапност за возила за интервенција и сл. Така што, оние пароли дека за секое исечено дрво ќе се засадат 10 нови, може да се реализираат на Криволак; не и на Водно бидејќи на Водно ќе нема каде. 
 
Сè што досега е направено во парк шумата Водно, по површина НЕ Е НИ ПРИБЛИЖНО на она што е предвидено за гасоводот.
 
 • Патот за Сончев град - 50.000 квадратни метри 
 • Жичарата - 20.000 квадратни метри 
 • Градилиштето за кулата на АЕК 2.000 м2,  крстот 300 м2) 
--------------------- 
 • Трасата за гасоводот - 250.000 квадратни метри!
 
(во пооптимистичката варијанта 150.000 метри што повторно е повеќе од дупло од она што досега е интервенирано таму). 
 
Оние станбени градби (кај Панорама), колку и да се погрешни и урбанистички неисправни, се дел од деталниот урбанистички план на општина Центар и НЕ СЕ дел од заштитената парк шума Водно. Гасоводот минува низ срцето на парк шумата а пред Шишево влегува и во строго забранетата зона (Матка). 
 
Гасоводот е транзитен и тоа за места (Тетово, Гостивар и Кичево) на кои не е ни почнато да се гради секундарна мрежа (без која гасоводот не би бил функционален). Ако се суди по скопскиот пример (од кога градот има гас а од кога секундарна гасоводна мрежа), ќе се чека 20 години Тетово, Гостивар и Кичево да добијат секундарна гасоводна мрежа (а потоа и граѓаните да се убедат да ги гасифицираат своите домови), а Водно веднаш и трајно ќе биде унаказено. 
 
Постои алтернативна траса која би минувала низ земјоделско земјиште кое само времено и делумно би било експроприрано а обештетувањето би можело да се покрие со парите кои и онака ќе се даваат за надоместок за сечата на дрвјата (Шилегов на тоа име добил или ќе добие 700.000 евра) 
 
Сите досегашни дискусии и дебати започнувале и завршувале со ставот на властите: Мора низ Водно! 
 
Ѕирнете ја видео компилацијата на 17:47, ќе се наежите како глумат озбилни луѓе.
 
Водно памети. Водно враќа.
 
 
 
 
 
 
 

Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #663 Posted: 04-Sep-2018 at 01:11
а едно друго масакрирање на Водно, за изградба на пат кој и скоро воопшто нема важност за целосната инфраструктура на градот, пат кој не го доградија и сега е затворен, а доколку беше отворен по него ќе врвеа возила кои дополнително ќе загадуваат, а зеленилото нема никаква шанса да се регенира, плус тоа некои дополнителни мистериозни плацови и раскопани ридови... наспроти ова го имаме гасоводот, кој дополнително го снабдува градот со алтернативен енергенс, има помал профил од патот, зеленилото околу него може да се регенерира, и нема загадување од возила
за едното од овие се галами на велико, а за другово се преќуте и помина испод радар
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #664 Posted: 04-Sep-2018 at 06:06
Previous
 
Незавршениот автопат е веќе направена штета, која сепак може да биде контролирана во сегашниот облик - наједноставно нека го пренаменат во велосипедска патека и проблемот е решен, никогаш да не поминуваат моторни возила низ истиот.
 
Од друга страна, ова што се планира за на сртот на Водно е штета која сеуште не е целосно направена и може да биде спречена, наместо да биде контролирана во иднина.
 
А идејата за гасовод низ Скопска Црна Гора и тоа како само држи вода - Скопјево може да се шири само на север и на исток, западот и југот се веќе преполни и пренатрупани, а Скопска Црна Гора и онака не е национален парк како Водно.


Edited by Dexter26 - 04-Sep-2018 at 06:07
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #665 Posted: 04-Sep-2018 at 08:10
Водно не е национален парк, но независно, многу е битно за градот.

Инаку потполно си во право, различен е муабетот заз штета која веќе е направена, и штета која допрва треба да се направи. Занимавање со вој пат сега би било дефокусирање.
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #666 Posted: 04-Sep-2018 at 08:30
До „Алфа“ и „Офф.нет“ стигнавме да ни бидат релевантни референци за кампањата да се стопира изградбата на гасоводот. Убаво е тоа што се кажува дека ќе се исечат големи пространства шума, но овие навидум екологисти НЕ кажуваат дека ќе се засадат дрвја на Водно со кои ќе се надомести штетата од исеченото зеленило.

НИТУ патот за Сопиште, НИТУ зградите над Водњанска, НИТУ жичарата на Водно, НИТУ дивоградбите над Козле, не одвоија некакви средства за засадување на зеленило на оваа планина, а направија непоправлива штета. Она што е најинтересно овие квази екологисти тогаш никаде ги немаше да се бунтуваат против изградбата на Водно, а ги немаше ниту кога се започна со овој проект пред 2-3 години, а токму тогаш требаше да се реагира против проектот - пред да се потпише договорот за изведба.

И на крајот, вчера стигна информацијата дека досега се издвоени 10 милиони евра за овој гасоводот. Молим лепо, нека ги вратат во буџетот овие пари „екологистите“ од свој џеб, па после тоа ќе цртаме траса онаму каде што им одговара да биде гасоводот.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #667 Posted: 04-Sep-2018 at 08:33
Originally posted by BOJAN


НИТУ патот за Сопиште, НИТУ зградите над Водњанска, НИТУ жичарата на Водно, НИТУ дивоградбите над Козле, не одвоија некакви средства за засадување на зеленило на оваа планина, а направија непоправлива штета. Она што е најинтересно овие квази екологисти тогаш никаде ги немаше да се бунтуваат против изградбата на Водно, а ги немаше ниту кога се започна со овој проект пред 2-3 години, а токму тогаш требаше да се реагира против проектот - пред да се потпише договорот за изведба.


влегуваш во нивната клопка. Да ги коментираме нив, наместо да го коментираме проблемот.


И на крајот, вчера стигна информацијата дека досега се издвоени 10 милиони евра за овој гасоводот. Молим лепо, нека ги вратат во буџетот овие пари „екологистите“ од свој џеб, па после тоа ќе цртаме траса онаму каде што им одговара да биде гасоводот.

со овој дел не се согласувам. Ако има подобар начин, подбро е да чини повеќе пари. Ако нема подобар начин, одоносно ако аргументацијата на ПРО страната е надмоќна, тогаш нека тера како што е.


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #668 Posted: 04-Sep-2018 at 10:04
Еве да ја земам во предвид како веродостојна нивната изјава дека требало да се гради гасоводот преку Скопска Црна Гора и Жеден. Молам? Па кај Жеден се наоѓа изворот Рашче, а кој гарантира дека питката вода за Скопје нема да биде загрозена од еден ваков проект. А за да се гарантира, ќе треба да се изработат дополнителни студии и документација... едно 2-3 години ново чекање до изградбата.

Од друга страна, северната траса на овој гасовод би минувала исклучително блиску до косовската граница. Ние имавме случај во 2001 година кога возовите кон Кичево не можеа да сообраќаат преку Радуша поради фактот што селото се наоѓа на 1 километар од самата граница. Кој од екологистите ќе гарантира дека во иднина не може да се случи некој инцидент и да се спречи снабдувањето со гас на цел Полошки регион, плус на термоелектраната „Осломеј“ (овој гасовод треба да заврши токму до РЕК „Осломеј).

Трето, гасоводот на север ќе минувал низ ниви што привремено ќе се откупеле за изградба на гасоводот. А кој нормален може да гарантира дека тука нема да излезат проблеми околу купувањето на земјиштето? Како пример ја давам пругата Куманово-Бељаковце, која петта година се гради поради проблемите со експропријацијата на земјиштето, а да не говориме за булевар Трета Македонска бригада во Аеродром.

И финално, знаат ли овие квази екологисти дека главната цевка на гасоводот треба да минува надвор од градска средина, дури и надвор од тие ниви што ги замислиле. Подножјето на Скопска Црна Гора е густо населено со села, а на север од Скопје треба да се градат новите населби на градот. Не може да минува на исто место и магистрален гасовод и да се урбанизира таа локација.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #669 Posted: 04-Sep-2018 at 13:45

Груевизам пуштен на најјако. Квази екологисти, исмевање на медиуми, “каде бевте вие пред X години“, парите да ги врателе.

Интересно како за Клинички не беше проблем да се стопира готов проект, а за гасоводов онака јако интерпартиски се турка. 2-3 години за студија ќе се чекало, мислиш мрежата во Тетово и Гостивар е веќе направена, па во секој момент чекаат гасот да им стигне.

„Аргументиве“ некако слаби ви се. Од индиферентен, почнав накај против да влечам.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #670 Posted: 05-Sep-2018 at 00:57

Originally posted by ehrlich

Да беше сменето, нашата нова власт ќе организираше јавни дебати, кампања за објаснување на гасоводот, мерки за заштита, обележување и исцртување на самата патека каде ќе поминува гасоводот, колку ќе биде широк, колку шума ќе се исече, што ќе биде потоа, колку ќе се вложи по ископот и ред друго.
Се согласувам дека јавна дебата недостасуваше во време кога беше потребна и во вистинска суштинска форма (мада за недостатокот на јавна дебата голем дел од вината сноси и другата страна која предоцна се разбуди, иако трасата се знаеше минимум 7 години наназад). Во секој случај овие тековниве дебати не се тоа во вистинска смисла на зборот. Јас со тоа не спорам.

Но ветените мерки (доколку се спроведат, а според мене во даденава ситуација притисокот треба да биде насочен токму кон нивно доследно спроведување до секој детал) воопшто не се за потценување:
- скратена и корегирана траса
- стеснет коридор
- пошумување на Водно на површина 5 пати поголема од шумата што ќе се исече (оваа информација ја прочитав денес)

Патем, мислам дека треба да се инсистира на уште поголемо пошумување, и тоа да се спроведе при првата поволна прилика, претпоставувам дека тоа би било есенва. Од аспект на тоа што е реално во даденава ситуација, веројатно на ова поле можат да се обезбедат дополнителни концесии.


На крај кога се ќе се собере и оземе, останува фактот дека конкретна алтернатива не е понудена (да се каже дека требало да поминува ваму или таму, без сериозна поткрепа на тоа, особено во оваа фаза на проектот, навистина не е посочување на алтернтиви туку список на желби). А штетата од одложувањето или неизградбата на гасоводот е далеку поголема од неговата изградба под моменталните услови.



Originally posted by ehrlich

Според мене е невкусно да се обвинуваат граѓани (организирани во здруженија) дека не реагирале во 2010, бидејќи тие граѓани имаат свои животи, работат, и со ова се занимаваат од хоби и љубов. Ако се тие виновни, тогаш и ти си виновен за сечата во Скопје, како и јас и илјадниците жители на Скопје што не ги браневме.
Не! Она што е невкусно е некој да преспие речиси една деценија откако трасата е вцртана (време во кое можело реално да се преземе нешто суштинско за барање алтернативи), а сега кога се пропуштени сите возови, да се зазема најтврдиот можен став - целосно нова траса, по секоја цена, без разлика на неизвесноста и последиците што би произлегле од таков пресврт.

Трасата воопшто не беше тајна, како што кажав дури и по медиумите се објавуваа мапи. Ако тие што сега се бунат не можеле да се замараат со гасоводот во изминатите 7+ или повеќе години, со кое право сега се нарекуваат екологисти и ме „бранат“ мене од гасоводот?



Originally posted by ehrlich

додека траеја препукувањава можеше власта да излезе со целосно нова студија за животната средина и на јавност да и ги претставеше сите можни рути, со кост-бенефит анализа и со заштитни мерки за секоја рута
Додека траеја препукувањата не можеше да се направи ништо такво. Вакви студии, а особено ако се навистина темелни и квалитетни, не се прават преку ноќ туку се изготвуваат многу долго. Заедно со останатите процедури и документации што се потребни за изградба, зборуваме за многу изгубени години. Во меѓувреме многу време и пари се вложени во постојната траса. А колку и да има лоши страни оваа траса, нема гаранција дека со нова студија нема само да се потврдат заклучоците од првата студија, односно нема никаква гаранција дека ќе се најде некоја друга физибилна и подобра траса. Исто така нема гаранција дека дури и да се избере друга траса, нема да се појави друга групација која ќе блокира поради некоја причина, особено доколку се направил преседан претходно. Се ќе беше подруго ако се реагираше навремено.

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #671 Posted: 05-Sep-2018 at 01:34
Originally posted by <Fresno>

“каде бевте вие пред X години“
Можам да коментирам конкретно за мене, не знам дали Бојан го дели моето мислење.

Оние што сега протестираат јас не ги прозивам за тоа кеде биле кога се градел патот до сончев град, или кога се сечела шума за изградба на згради на Водно, или кога се уништувало зеленило во центарот на градот, итн...  Нивно право е да си изберат кауза.

Но најлегитимно е да се праша каде беа пред х години конкретно за овој проект! Значи за истиов овој проект, за истава оваа траса, никој не мрдна со мал прст толку долго време, никој ни глас не пушти, ама сега кога буквално помина и замина времето за реагирање, кога буквално почна изградбата на гасоводот, одеднаш протести и одеднаш се испорачуваат нереални и нерационални барања.

И дополнително, се поствува прашањето дали во протестите се вклучени само некакви групи и соло активисти, или и невладини организации кои располагаат со буџети и ваљда би требало нешто да работат, освен пост-фестум да глумат некакво дејствување, експлоатирајќи некаква ситуација.



Originally posted by <Fresno>

Интересно како за Клинички не беше проблем да се стопира готов проект, а за гасоводов онака јако интерпартиски се турка.
Нема основа за поставување на равенство. За клиничкиот ите како имаме дефинирано подобра алтернатива (прашањето е дали ќе бидеме доволно сериозни и посветени да ја спроведеме таа алтернатива, а не дали е подобра и дали вреди за парите). А фала богу за клиничкиот центар и не беа почнати градежни работи, туку се реагираше веднаш во моментот кога се создадоа услови за навистина да се преземе нешто.



Originally posted by <Fresno>

„Аргументиве“ некако слаби ви се. Од индиферентен, почнав накај против да влечам.
Секако твое апсолутно право е накаде ќе влечеш. Но не гледам дека тоа има врска со аргументите кои се изложени во дебатава. Ете, ако се навистина слаби, тогаш побиј ги и приложи појаки. Пиша за активистите, пиша за клинички, ама што да правиме со трасата на гасоводот?




Edited by Cloverstack - 05-Sep-2018 at 02:05
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #672 Posted: 05-Sep-2018 at 08:52
Originally posted by <Fresno>


Груевизам пуштен на најјако. Квази екологисти, исмевање на медиуми, “каде бевте вие пред X години“, парите да ги врателе.

Интересно како за Клинички не беше проблем да се стопира готов проект, а за гасоводов онака јако интерпартиски се турка. 2-3 години за студија ќе се чекало, мислиш мрежата во Тетово и Гостивар е веќе направена, па во секој момент чекаат гасот да им стигне.

„Аргументиве“ некако слаби ви се. Од индиферентен, почнав накај против да влечам.


Наспроти Груевизмот пуштен на најако, се некои јаки типчиња ко тебе што мислат дека се над државата. Учествувале на протести и сега се обидуваат да покажат дека оние се појаки од државниот апарат, ете они можат да сопираат проекти ако им се може. Тоа е пракса во демократија без искуство, предводена од бивши навидум освестен лумпен-пролетаријат.

Кредитот за изградба на Клинички центар јас не велам дека требаше да се врати. Тој требаше да се издејствува за да се пренамени во новиот објект кај Злокуќани. Тоа што го врати оваа влада, јас сметам дека е одраз на несериозност што скапо ќе не чини при барањето средства за идни проекти пред европските банкарски институции.

И не е само овој кредит, во Битола беше сопрен кредитот за топлификационен систем од РЕК „Битола“ до градот, кредит земен од германската КфВ банка.

Сега бараат некои квази-екологисти да се сопрел и овој кредит за гасоводот на Водно. Извинете молам, самиот кредит е одобрен врз основа на оваа траса на Водно и затоа кредиторот ќе бара да се вратат парите ако не се работи по изработениот проект.

Ако има некој пари за дополнително да работи проектна документација и да ги подготвува студиите за животна средина, слободно нека ги плати. И повторно потоа нека ја плати изградбата на гасоводот по нова траса.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #673 Posted: 05-Sep-2018 at 09:10
Originally posted by Cloverstack


Значи за истиов овој проект, за истава оваа траса, никој не мрдна со мал прст толку долго време, никој ни глас не пушти, ама сега кога буквално помина и замина времето за реагирање, кога буквално почна изградбата на гасоводот, одеднаш протести и одеднаш се испорачуваат нереални и нерационални барања.

Чест случај е тоа, да се реагира кога нешто ќе стане видливо. Не викам дека така треба, едноставно луѓето не пратат се можно што се случува во државава уште од фаза на идеја. Да те потсетам само дека поради протестите “квази екологистиве“ успеа да издејствуваат намалување на појасот што треба да се сече и промена на трасата. Треба фала да им кажеме.

Originally posted by Cloverstack

Нема основа за поставување на равенство. За клиничкиот ите како имаме дефинирано подобра алтернатива (прашањето е дали ќе бидеме доволно сериозни и посветени да ја спроведеме таа алтернатива, а не дали е подобра и дали вреди за парите).

Не ставам равенство, повеќе во контекст на тоа дека ми личи дека бизнис интереси на политичкиот дуопол се задолжени за вака храброто туркање на трасава. Како и тоа дека Бојан претставува 2-3 години за студија како којзнае каков период, а за новиот Клинички.. јасно е.

Originally posted by Cloverstack

Секако твое апсолутно право е накаде ќе влечеш. Но не гледам дека тоа има врска со аргументите кои се изложени во дебатава. Ете, ако се навистина слаби, тогаш побиј ги и приложи појаки. Пиша за активистите, пиша за клинички, ама што да правиме со трасата на гасоводот?

Кажав дека бев ок со трасата (или индеферентен). Но сега сакам да видам детална cost-benefit компаративна анализа со другите траси (како што бараа и екологистиве, а не им доставија). Инаку тоа што ме испровоцира не е самата траса, туку односот на властите и Бојан, кој веројатно има добри намери, но не сфаќа дека односот кон тие што се против „неговите“ политики е тажен и во ништо различен од претходните.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #674 Posted: 05-Sep-2018 at 09:17
.

Edited by <Fresno> - 05-Sep-2018 at 09:18
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #675 Posted: 05-Sep-2018 at 09:18
Originally posted by BOJAN


Наспроти Груевизмот пуштен на најако, се некои јаки типчиња ко тебе што мислат дека се над државата. Учествувале на протести и сега се обидуваат да покажат дека оние се појаки од државниот апарат, ете они можат да сопираат проекти ако им се може. Тоа е пракса во демократија без искуство, предводена од бивши навидум освестен лумпен-пролетаријат.

Се слагам за ова до негде, ама не генерализирај. Честа грешка е тоа.
Back to Top
hcitrS View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 873
  Quote hcitrS Quote  Post ReplyReply #676 Posted: 05-Sep-2018 at 14:29
Originally posted by BOJAN




И не е само овој кредит, во Битола беше сопрен кредитот за топлификационен систем од РЕК „Битола“ до градот, кредит земен од германската КфВ банка.




?
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #677 Posted: 02-Nov-2018 at 12:11
Од Твитер...

За сè има вторпат
Back to Top
Graditelot View Drop Down
Groupie
Groupie


Joined: 17-May-2016
Online Status: Offline
Posts: 77
  Quote Graditelot Quote  Post ReplyReply #678 Posted: 02-Nov-2018 at 12:30
Тука стан кошта 1600 евра/квадрат.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #679 Posted: 11-Nov-2018 at 19:03
Со новиот закон се воведуваат еколошки налепници, еве како ќе се категоризираат возилата

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, денеска, одржа прес конференција на која ги појасни новите измени во Законот за возила со кој се воведуваат еколошки налепници, субвенции за електрични и хибридни возила и нивното позитивно влијание врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух и здравјето на граѓаните.

Макрадули истакна дека со предложените измени на Законот за возила, Владата на Р. Македонија започнува со координирана и интегрирана акција во борбата за здрава животна средина и справувањето со аерозагадувањето, каде урбаниот транспорт претставува важен сегмент.
Согласно европските еколошки стандарди и добри практики, со предложените измени на Законот за возила, се воведуваат еколошки налепници за возилата, кои ќе бидат поделени во три еколошки категории во зависност од европските емисиони стандарди (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6) и од погонот на моторот на возилото, (на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, на електричен погон или хибридно возило). Согласно одлуките донесени од општините, односно од Град Скопје, во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста во градските средини, се воведува ограничено движење во заштитени еколошки зони. Возилата од првата еколошка категорија (возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила) се означени со еколошка налепница во зелена боја, и ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони, се вели во соопштението од Министерството.

Возилата од втората еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, ќе се означуваат со еколошка налепница во жолта боја за кои ќе има ограничено движење во сообраќајот.

Возилата од третата еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, ќе се означуваат со еколошка налепница во црвена боја и за овие возила ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.

Еколошката категоризација на возилото ја прави овластена техничка служба.

Со донесување на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, согласно заклучоците на Владата на Република Македонија ќе се утврдат и одредби со кои Министерството за економија се задолжува за воведување на Програми за доделување на субвенции при купување на возило на електричен погон или поврат на дел од средствата на физичките или правните лица кои ќе купат возило на електричен погон или хибридно возило.

Со Програмата за субвенционирање на купување на нови хибридни и електрични возила, се предвидуваат субвенции од 5.000 евра во денарска противвредност за набавка на електрични возила, а 3.000 евра во денарска противвредност за набавка на хибридно возило, а во првата година се предвидува да бидат доделени субвенции за 200 возила.

Со овој закон се предвидува Програма за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила.

Со Програмата се субвенцинира 50% од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1200 возила на годишно ниво.
Истовремено со овој Предлог на закон се предвидува Програма за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Исто така, на барање на здруженијата на такси превозниците, за нив се воведуваат жолти таблици со кои ќе се воведе ред во такси услугите и со кои, од една страна, ќе се намали нелојалната конкуренција, а од друга, ќе се зголеми квалитетот на услугите што им се нудат на граѓаните.

Освен тоа, законот ги утврдува и стандардите за регулирање на системот за вградување на плински уреди на возилата.

Сите овие измени имаат за цел имплементација на европските еколошки стандарди и поттикнување на купувањето на електрични и хибридни возила, со што долгорочно ќе се влијае врз намалувањето на загадувањето на амбиенталниот воздух, кој го предизвикува сообракајот.

https://skopje24.mk/so-noviot-zakon-se-voveduvaat-ekoloski-nalepnici-eve-kako-ke-se-kategoriziraat-vozilata/?fbclid=IwAR1jqiUUDYqHWTK_mCoD9GkRuwoNjnXbA7HEpNZRgo9XYJg_lIXkZM5x-lA
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #680 Posted: 12-Nov-2018 at 07:50


Само субвенциите за електрични возила можеле и да ги зголемат за неколку илјади евра и да додадат поволност плус (0% царина и акциза, бесплатен паркинг, патарини...)

И заборавиле да направат измена за регистрирање на возила по ист формат на пресметка како и кај лепенките (пр. зелена налепница -30%, жолта -10%)

Edited by alexsend - 12-Nov-2018 at 07:52
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3233343536 41>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.235 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.