build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #681 Posted: 14-Nov-2018 at 14:18
Дали еколошки налепници ќе се лепат и на автобусите?

Град Скопје во повеќе наврати информираше дека се превземаат нови 27 мерки за намалување на аерозагадувањето, како субвенции за печки на пелети, и за електрични тротинети и велосипеди, гасификација, субвенции за изградба на фасади...
И покрај тоа, скопјани едвај чекаат да дувне ветер, и за да го расчисти воздухот во Скопје. Една од новините со која Македонија, и македонската метропола ќе се борат против ПМ 10 честичките е забраната за возење на автомобили кои ја загадуваат животната средина.

Со цел полесно препознавање на ваквите автомобили, истите ќе треба да поминат задолжителен технички преглед, по што ќе добијат еколошка налепница во боја, во зависност од карактеристиките на автомобилот. Ова е мерка која ја подели јавноста.

Дел од граѓаните ја поздравуваат, други пак велат дека најзасегнати од неа ќе бидат ниската и средна класа во Македонија. Сепак, не само автомобилите, и автобусите се загадувачи. Дали и на нив ќе им се лепат вакви налепници го прашавме првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, кој вели дека според неговите очекува возниот парк на ЈСП Скопје многу наскоро ќе биде обновен со автобуси кои ги задоволуваат еколошките стандарди.

Пред само неколку дена на социјалните мрежи можевме да видиме стар автобус на ЈСП Скопје чии издувни гасови значително го загадуваат воздухот во градот. На нашето прашање зошто овие автобуси се сеуште во функција, добивме одговор дека се користат како алтернатива кога ќе се расипат новите автобуси.

Од мерките кои Градот ги превзема против загадувањето на воздухот, наскоро според најавите од Шилегов можеме да очекуваме и парк на кровот на Градскиот трговски центар.

https://skopjeinfo.mk/dali-ekoloshki-nalepnici-kje-se-lepat-i-na-avtobusite-video?fbclid=IwAR0LxZ4UXquu-_EmdHkeX5nBdzkMg40bGKfEKmWrjo6WwXdLpvhb_KVEhf8
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #682 Posted: 14-Nov-2018 at 14:29

Според мене оваа мерка со налепнициве нема воопшто да има ефект врз намалување на загадувањето.Пред се со нејзе ќе бидат опфатени првично само автомобилите а не камионите и автобусите кои се едни од поголемите загадувачи но како и да е сепак сообраќајот придонесува само со 20-тина проценти во загадувањето.Значи проблемот треба да се бара на друго место однсоно во 100-тици диви депонии кои секојдневно се повеќе се зголемуваат и спалуваат,потоа греењето кое во вечерните часови го зголемува нивото на загаденост бидејќи низ ромските населби па и на други места се греат на гуми,најлони и што ќе им дојде при рака.Исто така удел има и прашината од градилиштата(во Центар по улиците околу градилиштето на Лимак има разнесено големи колични песок и прашина од камионите и миксерите кои уште 6 години ќе гравитираат во тој дел па не би било лошо да ги мијат тркалата при излез од градилиште).Но не гледам некој дека превзема некакви мерки во врска со ова погоре за претстојнава зима е најавен само бесплатен јавен превоз во деновите со најголема загаденост.
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #683 Posted: 15-Nov-2018 at 07:17
Во град загаден како Скопје немаме луксуз за да речеме "Ова ќе допринесе повеќе или покалку за почист воздух" СЕ мора да се земе во предвид и на СИТЕ полиња потребна е повеќегодишна работа доколку сакаме резултати. А особено мерки кои допринесуваат за развој на свеста на луѓето знаејки дека живееме со луѓе чии родители не им помогнале во градење свест за ништо.
Комплетно ја поддржувам оваа мерка како и сите други мерки кои макар малку ќе ја променат состојбата. Кога загадувањето е 200-300 мг тогаш и 10% се многу.

Edited by alexsend - 15-Nov-2018 at 07:18
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #684 Posted: 15-Nov-2018 at 09:53
Стефчо не би се согласил дека меркава нема воопшто да има ефект врз намалување на загадувањето. Сигурно дека нема да го реши целосно загадувањето, но сигурно и дека ќе го намали бидејќи сообраќајот е втор загадувач после греењето. Ми се допаѓа како мерка и ја поддржувам најмногу затоа што е непопуларна мерка, а сепак имаат храброст (што е реткост за која и да е наша влада) да ја донесат. Се надевам нема да се откажат на пола пат. Додека се убедуваме требаше од ова да почнат, а не од она, подобро е да се почне од некаде. Потребни се непопуларни и храбри мерки за да се реши загадувањето, во спротивно сите ќе се разболат од него.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1452
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #685 Posted: 15-Nov-2018 at 19:03
Владата сака за две години да го преполови аерозагадувањето

Владата сака за две години да го преполови аерозагадувањето. Амбициозната цел вчера ја соопшти заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, кој најави дека борбата со загадениот воздух ќе биде стратегиски приоритет на извршната власт. Македонските градови со години се задушуваат од отровен воздух, а во текот на зимските месеци се во врвот на светските листи според концентрациите на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, а Владата конечно призна дека борбата со аерозагадувањето мора сериозно да се сфати. На последната седница донесена е одлука за утврдување програма за намалување на загадувањето на воздухот, која ќе се спроведува во следните две години.
Целите се амбициозно поставени, со оглед на реалната состојба. Како што информираше Макрадули, цел е да го намали загадувањето на воздухот во Скопје до 50 отсто, а во другите градови од 30 до 50 отсто. Тој посочи дека Владата првпат одлучила од буџетот да одвои и строго наменски средства од 1,5 милион евра, кои ќе треба да придонесат за реализација на проекти насочени кон намалување на загадувањето.

„Има многу предности во усвојувањето на програмата, јасно изразената политичка волја, подобрувањето на интерсекторската соработка, поставување јасен план како да се намали загадувањето, поканата за партнерски однос со граѓанските организации и компаниите, и посебно буџетски средства исклучиво за оваа намена. Финансирањето е од посебен фонд од 1,5 милион евра, покрај другите средства во висина од 20 милиони евра кои се предвидени во програмите за работа на повеќе министерства. Дел од проектите ќе се финансираат и од странски пари, а планот ќе биде дел донаторска конференција бидејќи веќе има странски финансиски институции кои се јавиле како заинтересирани донатори“, вели Макрадули.

Владиниот план за чист воздух предвидува идната година да се набават нови инструменти за сите 18 постоечки мерни станици, со оглед на тоа дека дел од сегашните не работат со месеци. Ќе се користи и технологија за предвидување на состојбата со воздухот во реално време и ќе се прават проекции за следните три дена. Освен категоризацијата на возилата со еколошки налепници и субвенциите за хибридни и електрични возила и за вградувањето системи за автогас, ќе се воведе и зимски режим на сообраќај кога загадувањето е големо. Сообраќајот ќе биде контролиран особено во централното градско подрачје, а на граѓаните ќе им се обезбедат и подобри услови за јавен превоз. Во мерките се предвидуваат и училишни автобуси за учениците и забрана за движење на градежните машини. Дури и на куририте на државните институции ќе им биде забрането да користат возила за достава на пратки кога е загадено.

За индустријата Макрадули најави дека најбрзо ќе биде донесен новиот закон за индустриски емисии што ќе предвиди поголем мониторинг и построги правила.

„Ќе се става акцент и на зазеленувањето, а позитивниот пример со реката Треска пред вливот во Козјак ќе се искористи и на Вардар, каде што ќе се постават мрежи за собирање на цврстиот отпад. За поголема ефикасност ќе се здружат и државните и општинските инспектори, ќе работат и попладне и за викенди, кога злоупотребите се најголеми. Очекуваме и банките да даваат поволни кредити со ниски камати за купување еколошки грејни тела“, вели Макрадули.

Ќе се намалува ДДВ за сметките за парно

Една од целите на новата владина стратегија е и привлекување 10.000 нови домаќинства кон системот на парно греење во следните две години. Тоа ќе се направи со намалување на данокот на додадена вредност за испорачана топлинска енергија, кој Макрадули очекува многу брзо да се усвои.

„Граѓаните не се виновни што загадуваат, државата треба да им помогне да го надминат тоа. Топловодната мрежа ќе биде проширена, а 20.000 домаќинства ќе ги сменат нееколошките печки на дрва. Дополнително, 15.000 ќе инвестираат во енергетска ефикасност на домовите, 20.000 ќе користат инвертер-клими, а 3.000 ќе бидат приклучени на гасоводната мрежа. Ќе субвенционираме 2.000 социјално загрозени семејства да го сменат начинот на греење“, вели Макрадули и додава дека е убеден е дека овие мерки не се невозможна мисија.

Сања Наумовска

https://nezavisen.mk/mk/vesti/2018/11/104598/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 679
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #686 Posted: 15-Nov-2018 at 22:30
Originally posted by stef4o


„Граѓаните не се виновни што загадуваат, државата треба да им помогне да го надминат тоа. Топловодната мрежа ќе биде проширена, а 20.000 домаќинства ќе ги сменат нееколошките печки на дрва. Дополнително, 15.000 ќе инвестираат во енергетска ефикасност на домовите, 20.000 ќе користат инвертер-клими, а 3.000 ќе бидат приклучени на гасоводната мрежа. Ќе субвенционираме 2.000 социјално загрозени семејства да го сменат начинот на греење“, вели Макрадули и додава дека е убеден е дека овие мерки не се невозможна мисија.




Вака бројкиве одлично звучат, но еве некој нека ме поправи, но јас нигде не видов и издржана анализа за тоа како ќе се постигне, како и поединечни буџети за ова, затоа што 1,5 милиони евра се премалку за ова.

Најсмешниот дел ми е инвертер-клими. Што е меркава, ќе им купат клими на луѓето? После тоа, што, кој ќе ја плаќа таа струја? Воедно, ако сите преминеме на струја, нашиот систем ќе се распадне.
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 200
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #687 Posted: 15-Nov-2018 at 22:55
Претпоставувам ги вадат бројкиве од сите мерки што се во моментов активни, како на пример и тие еко кредитите од Шпаркасе и Охридска банка, но во секој случај без објавена анализа делуваат како од ракав извадени. Поправете ме ако грешам, ама ми делува како целава работа (топловодна мрежа, гасоводна мрежа, итн.) да е само за намалување на загадувањето во Скопје. И сите бројки за загадувањево во Македонија се базираат на бројките во Скопје, што скоро 100% не соодветствува со ниту еден друг град, бидејќи секој има свои проблеми. Каде се другите загадени градови во целиов муабет како Тетово, Куманово, Кавадарци, Струмица, Охрид, итн.? Зошто за Скопје има повисока цел за намалување на загадувањето во однос на другите градови?

Патем министеров зборува за некои 70.000 домаќинства, а во Македонија има 600.000.  Тоа е опфат од 12%, а планираат да го преполоват загадувањето........
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1655
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #688 Posted: 16-Nov-2018 at 07:39
ОДЛИЧНО е тоа што се почнува од некаде макар и декларативно но нема потреба да се забегува со бројки, 50% нема да се намали ни за 10 години.
Но пак ќе речам, на вакво загадување и 10-20 да се смани е одличо. Само нека почнат со нешто.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #689 Posted: 16-Nov-2018 at 09:05
Originally posted by ironm

Стефчо не би се согласил дека меркава нема воопшто да има ефект врз намалување на загадувањето. Сигурно дека нема да го реши целосно загадувањето, но сигурно и дека ќе го намали бидејќи сообраќајот е втор загадувач после греењето. Ми се допаѓа како мерка и ја поддржувам најмногу затоа што е непопуларна мерка, а сепак имаат храброст (што е реткост за која и да е наша влада) да ја донесат. Се надевам нема да се откажат на пола пат. Додека се убедуваме требаше од ова да почнат, а не од она, подобро е да се почне од некаде. Потребни се непопуларни и храбри мерки за да се реши загадувањето, во спротивно сите ќе се разболат од него.


И јас ја подржувам но сум скептик. Лепење налепници е најмала работа, за таква шминка сме докажани. Спроведувањето на законот/правилото е битното. Возилата со црвени налепници да не возат кога не смеат да возат. Секој ден се соочувам со ситации каде кола ќе помине со 100км/ч покрај полициска патрола или полициска кола ќе се размине во едносмерна улица со кола која вози контра и ништо нема да превземе. Во други земји, патролите веднаш реагираат.

Ако нема строга контрола, ова нема да даде никакви ефекти.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 8968
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #690 Posted: 16-Nov-2018 at 09:07
Originally posted by ehrlich


Вака бројкиве одлично звучат, но еве некој нека ме поправи, но јас нигде не видов и издржана анализа за тоа како ќе се постигне, како и поединечни буџети за ова, затоа што 1,5 милиони евра се премалку за ова.

Најсмешниот дел ми е инвертер-клими. Што е меркава, ќе им купат клими на луѓето? После тоа, што, кој ќе ја плаќа таа струја? Воедно, ако сите преминеме на струја, нашиот систем ќе се распадне.


Јас се греам со инвертери, ефектот е одличен, со многу мала потрошувачка одлично го загревам објектот. Не верувам дека системот не би можел да го поднесе ова, сепак зборуваме за локална мерка и на одредени сегменти на населението, веројатно во региони каде топловоди или греење на пелети не се опција.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 333435

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.215 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.