build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Квалитет на воздухот во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 37>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #281 Posted: 26-Aug-2013 at 11:44
Убаво вели насловот и еден од коментарите на страницата, ова е само утринска доза.
 
http://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/utrinski-dzhoint-na-zhelezara
 

Утрински џоинт на Железара

 
 26 Август 2013 - 08:51
 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #282 Posted: 26-Aug-2013 at 12:01
Шаржирање на електролачна печка.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #283 Posted: 27-Aug-2013 at 12:50
Еве ја и вечерната доза.
 
http://off.net.mk/lokalno/bulshit-detektor/vecheren-dzhoint-na-zhelezara
 

Вечерен џоинт на Железара

 
27 Август 2013 - 09:10
 

 

 

 

 

 

 

Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12887
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #284 Posted: 27-Aug-2013 at 13:41
Оваа Железарава многу џоинти дува, мајката...
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #285 Posted: 27-Aug-2013 at 15:11
За да знаете со каков ментален склоп располага раководството на Макстил, само ќе ви кажам дека беа донеле одлука јачината на тонерот на копирите да биде ставена на 70%. Во мојот живот не сум сретнал ниту една фирма, колку и да била нерентабилна, и ниту еден поединец, колку и да бил сиромашен, да направи такво нешто.
За овие лекот е само немилосрдно удирање по џебот. Во криза биле? Нека не ви кажуваат приказни. Случајно да не се потрошиле давајќи високи плати на работниците? Или репроматеријалите им биле скапи? Да не ги набавуваат од Антарктик?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #286 Posted: 01-Sep-2013 at 00:22
Придружете се --> Скопската Железарница да престане со загадување

Edited by FoSsiL - 01-Sep-2013 at 00:23
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #287 Posted: 03-Nov-2013 at 08:31
Поздрав!

Ги следам дискусииве на форумов подолго, скоро се зачленив, ама досега не се одлучив да споделам мислење, затоа што сакав барем првото мислење што ќе го споделам да биде позитивно...

За жал, живеам во реалноста на скопсково секојдневие...

Загадувањево на Скопје станува АЛАРМАНТНО!
Сабајлево сакав да ги прошетам децата на Водно, ама кога се разбудив и видов дека градов повторно се гуши во густа магла, одлучив да ги поштедам од кашлање и други потенцијални респираторни проблеми, па ќе останеме дома.

Ќе останам на овие неколку редови, за да не биде првиот пост и последен (т.е. да бидам баниран) бидејќи во моментов сум ептен револтиран, па би можел да покажам со прст кон тие што ги обвинувам за ситуацијава...
Wallbash
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #288 Posted: 03-Nov-2013 at 11:23
Добредојде на форумов!

Од мое лично искуство ќе ти кажам, јас кога сакам да одам во Скопје прво си ја проверувам страницата:

Квалитет на воздух
http://airquality.moepp.gov.mk/

и ја проверувам моменталната состојба на квалитетот на воздухот и од тоа зависи дали ќе одам во Скопје или не.

開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #289 Posted: 03-Nov-2013 at 11:36
Originally posted by phenomenon

Добредојде на форумов!

Од мое лично искуство ќе ти кажам, јас кога сакам да одам во Скопје прво си ја проверувам страницата:

Квалитет на воздух
http://airquality.moepp.gov.mk/

и ја проверувам моменталната состојба на квалитетот на воздухот и од тоа зависи дали ќе одам во Скопје или не.



Фала за добредојдето.Smile

За жал ја го немам тој луксуз, пошто живеам у сам центар на Скопје, а сакал/нејќел мора да се работи, децава мораат да одат во школо/градинка и слично.

Го знам линкот и сабајле проверив и сите битни вредности беа на највисоко ниво Ohno.
Катастрофа! Ситуацијава е таква што неможеш нормално да функционираш.

Стварно нејќам да забегувам у политика, ама не ми е јасно кои се точно приоритетите на државава...нека градат и уредуваат, нека лицкаат колку сакаат, ама ПРВЕНСТВЕНО е битно да можам нормално да се чувствувам кога ќе излезам од дома, второстепено ми е се друго...

извинете за офф топик-ов
(/rant over)

All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #290 Posted: 03-Nov-2013 at 12:17
Што се однесува за одењето на работа и в школо тука тешко дека нешто може да направиш или да смениш.

Јас да сум во таква ситуација би пробал со ова дома кај мене:

http://www.interijernet.hr/hr-opremanje-interijera/protiv-zagadjenja-u-zatvorenim-prostorima--biljke-koje-jedu-otrove_56896
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Skopjanecot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-Oct-2013
Online Status: Offline
Posts: 147
  Quote Skopjanecot Quote  Post ReplyReply #291 Posted: 03-Nov-2013 at 12:38
^
Фала за препораката, сигурно ќе пробам.
И ја и жена ми сме хортикултура-ентузијасти и гледаме да го искористиме и најминималниов простор што ни е на располагање.

Ма-да ако збориме најискрено...дур не се иселам од овој "град", нема да се смирам. Премногу работи ми се наталожени и навистина изгубив секаква љубов за градов.
(од поодамна ја имам оваа идеја и се надевам во иднина да ја реализирам)
All truth passes through three stages. First, it is ridiculed. Second, it is violently opposed. Third, it is accepted as being self-evident.

Arthur Schopenhauer
Back to Top
tanja1003 View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 13-Nov-2013
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote tanja1003 Quote  Post ReplyReply #292 Posted: 13-Nov-2013 at 13:31
SE NADEVAM NE VI PRECI OVAA PORAKA:
... procitajte, potpisete, izbrisete, no dokolku ve ZASEGA NAJVAZNO - PROSLEDETE SO VASI PRIJATELI...

Nasata poraka e kratka: VOZDUH SEGA! A inspirirana od katastrofalnite merni vrednosti na vozduhot, so meseci, pa i godini nanazad, no najvekje od nasata "gragjanska" pasivnost.

Dostignuvame 900, no Potrebni ni se uste potpisi. Pomegju potpisanite ima gragjani od razlicni verski, partiski i socijalni strukturi. Megju niv se doktori, profesori, glumci, muzicari, voditeli itn..

http://www.thepetitionsite.com/612/313/159/-/
Thank you for caring!

https://www.facebook.com/groups/1376821452538631/
NIE NE BARAME VLAST, NITU MOKJ, NIE SME GRAGJANITE I BARAME : VOZDUH SEGA!
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #293 Posted: 06-Dec-2013 at 10:53


06/12/2013, 8:14

Страшно загадено во Скопје – болниците се полнат, градоначалниците молчат!

Скопје се гуши! Во детската болница Козле веќе нема кревети од иритаците на децата и дишните патишта, а официјално молк. Граѓаните се загрозени, чувствуваат проблеми, а никој не се огласува, не кажува и не предупредува. Мерните центри за загаденост покажуваат опасни бројки од кои може и да има и смртна завршницa. Загадениот воздух може да предизвика низа кардиолошки и белодробни болести, рак, а потоа и смрт, децидни се лекарите .И молк -се е оставено на медиумите. По текстовите кои денеска сите ќе ги напишеме, градските татковци веројатно ќе дадат одоговор дека ете тоа е, времето студено, нема ветер, а нема што да се прави, и ќе ни го прочитаат законот дека тоа е тоа, и ќе си заминат на некоја нова промоција -колку е убав театарот на пример или новогодишните елки. Ќе се сликаат пред камери до секој лампион и семафор. Колку за илустрација:

Загадувањето на воздухот со прав во Скопје предминатата ноќ го достигна рекордот за оваа зима – на мерната станица Лисиче нивото на ПМ 10 честичките достигна 700 микрограми на кубен метар воздух, што е 14 пати повисоко од дозволената вредност, која во интерес на човековото здравје не смее да надмине 50 мцг/м3. Мерната станица во Лисиче е поставена на место што го мери загадувањето предизвикано од согорувањата во индустријата. Часовната концентрација од 700 микрограми е измерена во средата во 21 часот, кога нема голема фреквенција на сообраќај. На другите мерни станици во центарот и во Kарпош, аерозагадувањето последниве денови се движи околу 200 мцг/м3, односно 4 пати над дозволеното, а во одредени периоди достигнуваше и до 400 мцг/м3, објавуви Дневник.

Колку за добра насока може ли од градот првин да излезат со предупредување за хронично болните и децата, ако не мора да не треба да бидат надвор!

Можат ли да ги замолат граѓаните да ја редуцираат употребата на возилата и да се префрлат на градскиот сообраќај!

Можат ли да ги проконтролират фабриките што е со нивната преработувачка и филтрите, па ако ги немаат, да им го прекинат производството за во некое друго време, ете со ветер!

Не мора полицијата да казнува само за светла и појаси или немање зимска опрема, и да броиме колку возила кренал пајакот, а може ли полицијата да ги иклучи од сообраќај сите возило кој чадат од стари автобуси и камиони до автомобили со лошо согорување- ете се тоа за почеток !

Од толку многу секојдневни сликања на градоначалниците ќе пуштат ли глас за овој проблем, нешто за граѓаните, а не само за себе и броење колку цветчиња и лампиони закитиле на плоштад или ставиле бекатон од десната или левата страна на булеварот.

п.с

СЗО ги прогласи ситните честички ПМ10 за канцерогени, кои се поопасни за здравјето од пасивното пушење. Според Светската банка, годишно во Македонија поради загаден воздух умираат 1.350 лица.

Извор: http://lokalno.mk/strashno-zagadeno-vo-skopje-bolnicite-se-polnat-gradonachalnicite-molchat/

Edited by HugoGoulding - 06-Dec-2013 at 10:54
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #294 Posted: 09-Dec-2013 at 18:01
Сега ќе ви каже Владата

Скопје и во наредниот период ќе биде загаден град

Најголемиот проблем со загадениот воздух не е во големите индустриските капацитети, туку во неконтролираниот сообраќај, неразумната урбанизација која го задржува воздухот, домаќинствата и помалите фабрики поради што загаденоста на Скопје за неколку пати ги надминува дозволените вредности.

Од министерството за животна средина велат дека на терен состојбата со загадувањето ја мерат инспекторски служби. Надминувања на ограничувањата кај големите индустриски капацитети нема.

Од Владата велат дека преземаат мерки, како што се воведувањето на зелен бран на булеварите, нивно проширување, набавка на автобуси со еколошки горива.

http://24vesti.mk/skopje-i-vo-naredniot-period-kje-bide-zagaden-grad
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #295 Posted: 09-Dec-2013 at 18:27


Eдна од мерките беше да го соберат и европскиот автомобилски отпад во Македонија.
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1931
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #296 Posted: 09-Dec-2013 at 19:00
Кршот од западна европа е само дел од приказната. Сега ќе треба да се справат и со него, а начин е цената за регистрација да зависи од количината на издувни гасови, а не само од јачината на моторот.

Макстил, Цементара и ред други никој не ги чепка.

И ништо од враќање на одние мерачи на загаденост, се заташка како и да не постоеле.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #297 Posted: 09-Dec-2013 at 19:10
Пошто нема топик за `загадувањето на воздухот во Кичево` овде ќе си ги искажам маките.Ние сме во многу полоша ситуација од скопјани бидејќи ја имаме ТЕЦ Осломеј која дневно произведува околу 1400-1800(или во килограми -1 400 000) тони пепел,од кои еден дел дирекно се `истовараат` во воздухот,а останатиот го добиваме во второ полувреме кога ќе дувне ветер,па од депонијата со пепел ќе се разлее низ цела котлина.

Интересно е кога студирав во 90-тите во Скопје ,се зачудував како во Скопје има магла а кога ќе дојдев во кичево магла немаше ни за лек.Е сега е обратно.И при најмала кондензација ние имаме магла во комбинација со оџаците од куќите и ТЕЦ Осломеј(ние немаме парно,па све е на оџак).

Се запрашував во мене што е сменето во последноп време и освен изградбата на браната на Козјак друго ништо не е сменето.Вероватно е попречено прирдното струење на воздухот низ течението на р.треска и маглата едноставно нема што да ја растера.

По таа логика очекувам позитивно влијание од скорешното пробивање на цевките од тунелот под превојот `Пресека` каде очекувам проток на потопол воздух и малку промаја што ќе ја раздвижи атмосферата.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 896
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #298 Posted: 09-Dec-2013 at 20:40
Ѓоко потполно си во право, јас отпрвин се чудев од каде во Кичево толкава загаденост, се додека не ми текна дека Осломеј е до вас. Инаку, мерачите на Град Скопје и не беа некои веродојстојни, па така овие од министерството за животна средина се сосема добри и функционираат во неколку градови во Македонија.

Инаку и на линков се гледа дека Скопје, Кичево и Тетово имаат загаден воздух, само Кочани се држи најдобро, секогаш е зелено.
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2390
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #299 Posted: 10-Dec-2013 at 19:51
"Интересни" мапи















Edited by phenomenon - 10-Dec-2013 at 19:56
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
+Protagorist View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Nov-2012
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote +Protagorist Quote  Post ReplyReply #300 Posted: 13-Dec-2013 at 10:41


Се запрашував во мене што е сменето во последноп време и освен изградбата на браната на Козјак друго ништо не е сменето.Вероватно е попречено прирдното струење на воздухот низ течението на р.треска и маглата едноставно нема што да ја растера.

По таа логика очекувам позитивно влијание од скорешното пробивање на цевките од тунелот под превојот `Пресека` каде очекувам проток на потопол воздух и малку промаја што ќе ја раздвижи атмосферата.


sto mislis Gjoko dali ako se trgne branata na matka 1 moze da ima pozitivno vlijanie i za Skopje i taka istata e dotraena www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=357&PID=14390#14390
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1314151617 37>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.202 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.