build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 32>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 24-Nov-2011 at 17:09

Заборавив малку повеќе да објаснам околу моторните возила и сообраќајот.

Морам да кажам дека одлуката со која се овозможи увоз на половни возила од Европа со ниски еколошки стандарди на моторот беше катастрофална грешка, огромна грешка. Просто, им го собравме ѓубрето на Европејците. Со исклучок на возилата за јавен превоз и оние со повисоки еколошки стандарди. За мене се‘ под Еуро 4 е низок еколошки стандард...

Друга работа.... техничкиот и регистрација... дај нека донесат некој закон да не се регистрираат возила со пониски еколошки стандарди, еве граница нека е и Еуро 3, нека не е Еуро 4, ама со тек на време нека се качува... Европа почна со Еуро 6ка, а ние уште неможеме да обезбедиме целосна Еуро 4ка, ма каква 4ка, тројка дали имаме...

Потоа околу сообраќајот... аман веќе, до кога ќе се полни центарот со возила, па и не само центарот... Скопје треба да се подели на зони.... Пешачки центар, Ограничен со наплата за влез поширок центар, и за пошироката околина, регулирано со данок на загадување вклучен во регистрацијата... или немора да е вака.... како било нека е ама нека се регулира... Пример во Италија имаат некој вид на градарина, кога влегуваш во град си плаќаш одредена сума за одреден период. Рим е одличен пример... иако така е и по другите градови... 

Во секој случај, центарот треба да ни биде пешачки.... нека се шири пешачката површина, немора веднаш, ама нека се шири...

Потоа околу самиот сообраќај... подобро регулирани раскрсници, аман веќе, нека го пуштат тој долго зборуван центар за регулирање на сообраќајот... испоставија камери, и така си стојат... потоа воведување на нови видови раскрсници, подземни, надземни, какви сакаат... клучки, на две нивоа, на три нивоа... само нека се реши застојот во сообраќајот во градот...

подземни сообраќајници.... ама ја згрешија со онаа КЈ Питу - Илинденска, ама ај ќе видиме, може ќе ја биде.... во секој случај што повеќе подземни сообраќајници, толку подобро, секако добро испланирани, не кај ќе ни стигне да градиме, ако воопшто и можеме

И јавниот превоз, грешат со трамвајот, ама ај.... поголем процент од јавниот превоз на струја... толку подобро... нека земат и тролејбуси ако е потребно... некои нови изуми... што сакаат нека прават.... нека биде на струја.... дали ЛРТ, дали Метро, тролејбус, обичен трамвај.... нека биде... ама да функционира... а не да прави само полошо во сообраќајот а со тоа и во екологијата, односно на клавитетот на воздухот во градот... 

Или пак нека одат со гасифицирање на автобусите и/или повисоки стандарди (Еуро 5), добро ај со новиве... па некако подобро е... ама кога тогаш пак ќе треба да се инвестира...

И многу многу инвестиции во велосипедската инфраструктура... ама озбилно... мора... 

И дајте луѓе користете велосипеди.... Не е Скопје којзнае колку голем град, Аеродром Карпош се стига за 30-40 минути, со подобрa инфраструктура може и побрзо.... исто, дури и побрзо можеби од 15ката  И притоа, возејќи по кеј, кој е вртење лево десно... Еден прав и функционален велосипедски коридор од Ново Лисиче до Ѓорче по права линија, и Аеродром - Карпош за 20 минути ќе се стига.... Не загадуваш, почист град, плус раздвижување наместо седење, и подобро здравје секако.... а и поефтини и поекономични се за користење и одржување.

И набака на повеќе градски велосипеди... а и во индивидулна сопственост...

И така, за друго понатаму....



Edited by FoSsiL - 24-Nov-2011 at 18:27
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 24-Nov-2011 at 17:24

Добро е... денес... падна под 500, ама пак е над 300 и е прилично висок....

Сегашен квалитет на воздух  24 Ноември 2011 17:20 часот
Квалитет на воздух
Опасно

Сегашно ниво: 372 
Вредност на Индексот
 » > 300 
Ниво за здравје
 » Опасно 
Мерки за претпазливост
 » Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 521,67 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 25,89 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 29,63 

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 3,47

Вредности од изминатите 12 часа


Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 24-Nov-2011 at 18:27
Фосил многу филозофираш
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 24-Nov-2011 at 19:46
европски метрополи(Милано на пример) овојо проблем го решаваат со забрана на движење на моторни возила во централно градско подрачје.Не е проблем Фосил тоа што се увезоа возила со еуро1 и 2,туку што има премногу возила на улиците.кога студирав во Скопје во средината на 90-тите немаше волку коли на улица,а како пример наведувам дека беше чест случај да се види трка на југовци на партизанска среде бел ден,што денес е незамисливо со оглед на тоа колку коли има.сега за релација Тафталиџе-Чаир треба најмалку 1 час а тогаш 15-20 минути.е тука се ствараат вишокот на издувни гасови.

посебна приказна се таканаречените ЕУРО норми кои се утврдуваат кога колата е на ваљаци во тест полигоните и кога симулираат градска вожња-не е тоа вистиски показател,се `вози` со мала туража рамномерно.при секое додавање на туража сликата е друга.

Друг пример-спортските коли со помоќни мотори кои во Скопје ги има не баш малку(нови),при нормална вожња генерираат над 500 грама ЦО2 на километар што е многу и за Југо,значи паѓа во вода увозот на половни возила,а и тогаш југо9берз еуро норма) се заменило со Голф3кој е со еуро2 норма-разликата е 2 класи
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 24-Nov-2011 at 20:55

Да тоа е точно. Дека во градска вожња се испуштаат повеќе издувни гасови отколку на мерење на технички, но кога мерат, мерат тоа што го покажува таму, и во секој случај потоа соодветно количината на издувни гасови се зголемува. Што сакам да кажам. Да, ќе покаже помалку. Но кога мерат пример Еуро 3 и Еуро 4, Еуро 3 повеќе ќе покаже на технички од Еуро 4, но истото ќе биде и кога овие две возила ќе се најдат во градска вожња. Така да сакам да кажам дека дали на технички, дали во градска вожња многу е неверојатно Еуро 4 да покаже повеќе од Еуро 3.

Но кога веќе би се поставиле граници на Еуро 3, во тој случај ниту Голф 3, ниту Југо-то не би се нашле на македонските патишта. 

Увозот на автомобили, не само поради ниските Еуро стандарди (што и немора да е дефинитивно, најверојатно се увезле и автобмобили и со над Еуро 3), туку многу повеќе поради увезената количина, бројот на возила, е голема грешка. Можноста да се купи автомобил по ниска цена, го зголеми бројот на луѓе кои поседуваат автомобил, а со тоа и воопшто бројот на автомобили на македонските, или во случајов, скопските патишта. Со тоа секако се зголеми и загадувањето на воздухот, и тоа од два извора, директно од самото генерирање повеќе издувни гасови поради поголемиот број на возила во сообраќајот, и индиректно поради поголемиот застој, кој дополнително ја зголемува потрошувачката на гориво, а со тоа и создавањето на издувни гасови.

Од економски и социјален аспект увозот е најверојатно потполно оправдан, но се паѓа на сметка на екологијата на градот.

А околу стандардите. Ги спомна спортските автомобили, и тоа е точно. Но исто како во случајот со Еуро 3 и Еуро 4. Не важен изгледот на возилото, може и Југо и Фичо да е, но ако има мотор кој задоволува параметри на Еуро 3, тогаш би можело да се најде во сообраќај. Истото и за спортски, иако не верувам дека тоа така би било. Во тој случај истото важи и како и тоа сега, поголема кубикажа, поскапа регистрација. Но и дополнителна такса, како данок на загадување. Кој има пари за спортски автомобили би имал и за ова.

Не се разбирам многу во ова... но во секој случај треба да се направи нешто... околу автомобилите и сообраќајот...

Пс. Мислам дека околу ова стандардите, најмногу се работи околу катализаторот... па еден катализатор да неможат да сменат.. 


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 24-Nov-2011 at 21:09
дека не е све до ЕУРО стандардите покажува и испитувањето дека една крава???????произведува стакленички гасови колку 17 коли со еуро5 стандард,а авион колку 100 коли.за нив се премолчува затоа што се има колективна потреба од нив,а колите се луксуз па затоа на нив е најлесно да се удри.

а за регистрирање на коли во цел свет важи правилото дека таа кола треба да ги исполнува техничките параметри како во моментот на производство-т.е.Москвич ако се направи ремонт на моторот нема можност да не се регистрира,може само да му се воведат еколошки такси рангирани према еуро стандардите(најскапи без еуро,најевтини за електрични коли) како во Италија
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 24-Nov-2011 at 21:23

Па, да најверојатно си во право. Немој да ми замеруваш, јас немам големо познавање како се поставени прописите за регистрација и стандардите, но нудам начини како би можело да се реши проблемот со големиот број на автомобили и загадувањето на воздухот.

И се согласувам околу еколошките такси, многу паметна работа е тоа.

А околу кравата Па добро, за глобално ниво, да (иако не го знам соодносот на крави и автомобили во Светот), како и да е... во центар на Скопје најголем проблем се автомобилите.... и тие имаат голема улога во загадувањето на воздухот... крави... па немаме крави во центар, или имаме? ... иначе кога сме кај кравите, сум видел крави на Средно Водно



Edited by FoSsiL - 24-Nov-2011 at 21:25
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 24-Nov-2011 at 22:01
информацијава ја читав во АУТОКЛУБ од Хрватска каде беше детално објаснета хипокризијата на екологистите.

друга ваква нелогичност е форсирање на коли на струја кои се полнат од штекер на куќна инсталација,а која струја воглавном доаѓа од термоелектрани кои се најголеми загадувачи на воздухот каде коеф. на полезно дејство не е поголем од 40% или од биогорива каде за 1 kwh енергија добиена од биогоривото се трошат 0.8 kwh енергија во погонот за производтство на горивото,а поскапувањето на храната е гратис

Edited by gjoko - 24-Nov-2011 at 22:03
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 24-Nov-2011 at 22:25

Но ѓоко, јас не спомнав ни електромобили ни био-горива, и не сум екологист.

Јас само кажувам дека загадениот воздух ми пречи. И давам примери како може да се реши, ако има подбри решенија, јас немам ништо против, само нека биде почисто.

Сум читал дека за изработка на батериите се ископувал Неодиум кој пред обработка или што и да е, е радиоактивен и дека неговото ископување е еколошки неоправдано.

А воедно суми некако против био-горивата. Баш од тие причини ти што ги спомна.

Но сум за едно нешто сигурно, велосипедот.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 25-Nov-2011 at 00:33

Во Аеродром се диши. 

Центарот најверојатно исто, но еве податоци

Сегашен квалитет на воздух  25 Ноември 2011 00:26
Квалитет на воздух
Многу нездрав

Сегашно ниво:
220
Вредност на Индексот
 » 201 - 300 
Ниво за здравје
 » Многу нездрав 
Мерки за претпазливост
 » Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, да не излегуваат надвор. Сите останати, особено деца, треба да го избегнуваат изложувањето и престојот надвор.

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 369,87 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 13,04 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 15,92 

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 2,54

Вредности од изминатите 12 часа


Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 25-Nov-2011 at 00:42
Северен ветер ќе не' спаси од аерозагадувањето



Во Скопје, конечно, ќе се дише полесно по неколкудневните алармантно високи вредности на прашина

Сања Наумовска


Расчистување на маглата со продор на северен ветер во текот на викендов ќе го намали загадувањето на воздухот во Скопје. Во градот, конечно, ќе се дише полесно, по периодов кога вредностите на прав се алармантно високи, особено во централното градско подрачје.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста и маглата ќе почнат да се намалуваат уште попладнево, а од утре изутрина многу повеќе ќе се почувствува расчистувањето на небото. Свежиот воздух, очекуваат метеоролозите, ќе продре и во приземните слоеви и ќе ја расчисти маглата, за која деновиве се залепија сиот смог и градската прав. До крајот на идната недела не се очекуваат магливи денови, велат во УХМР.

Според податоците од мерната локација во Центар, вредностите на најопасните загадувачи, јаглеродниот моноксид, сулфурниот диоксид и азотните оксиди и вчера беа во дозволените граници, а загадувањето со прав и натаму е близу максималните вредности, но, сепак, за 200 единици помало од пред два дена.

Иако ветерот е тој што овојпат ќе не' спаси од аерозагадувањето, скопјани, сепак, ќе мора да менуваат некои свои навики, предупредуваат експертите. Факт е дека живееме во град со местоположба погодна за магливи зими, поради што мора самите да внимаваме на квалитетот на воздухот. Аерозагадувањето не е новина во Скопје, но граѓаните и понатаму, по поставувањето на мерната станица со која постојано има увид во вредностите на загадувањето на воздухот, не се откажуваат од навиката сами да се возат во автомобил. Иако е познато дека индустријата и густиот сообраќај се најголемите причинители на аерозагадувањето, во секој втор автомобил на скопските улици се вози само возачот.

„Скопје до некаде веќе се ослободи од еден голем загадувач, старите автобуси на ЈСП, со купувањето на новите возила што се поеколошки. Но, сепак, евидентно е дека и граѓаните мораат да внимаваат, за секоја ситница да не палат автомобил, бидејќи истиот воздух самите го дишат“, препорачуваат експертите.

Препорака да се избегнува излегување, особено за најмладите, за чувствителните и за хронично болните вчера даде и градоначалникот Коце Трајановски. Тој ги посоветува што помалку да излегуваат од дома и физички да работат на отворено, се' додека не се намали загадувањето.

„Во постојан контакт сме со Министерството за животна средина и со УХМР. Ги следиме податоците и препораките што најавуваат скоро расчистување на времето и подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје“, изјави Трајановски.
http://www.time.mk/read/57e152518a/00d3515ca9/index.html
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 25-Nov-2011 at 11:31

Сегашен квалитет на воздух  25 Ноември 11:23

Квалитет на воздух

Нездрав за осетливи групи граѓани

Сегашно ниво:
109
Вредност на Индексот
 » 101 - 150 
Ниво за здравје
 » Нездрав за осетливи групи граѓани 
Мерки за претпазливост
 » Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, треба да го намалат изложувањето и престојот надвор

Сегашни вредности на полутанти

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 166,73 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек --->  24,78 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек --->  13,38 

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 2,07



Edited by FoSsiL - 25-Nov-2011 at 11:31
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 25-Nov-2011 at 15:23

Сегашен квалитет на воздух 25 Ноември 2011 15:20 часот

Квалитет на воздух

Умерен

Сегашно ниво:
92
Вредност на Индексот
 » 51 - 100 
Ниво за здравје
 » Умерен 
Мерки за претпазливост
 » Премногу осетливите лица треба да го намалат изложувањето и престојот надвор

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 133,24 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 39,55 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 23,14 

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 2,18

Вредности од изминатите 12 часа

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 25-Nov-2011 at 21:14
Сегашен квалитет на воздух  25 Ноември 2011 21:10

Квалитет на воздух 

Умерен

Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво: 
87
Вредност на Индексот
 » 51 - 100 
Ниво за здравје
 » Умерен 
Мерки за претпазливост
 » Премногу осетливите лица треба да го намалат изложувањето и престојот надвор

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 122,91 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 16,05 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 16,97 

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 1,95

Вредности од изминатите 12 часа

Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 30-Nov-2011 at 23:53
Има едно и единствено решение кое ги опфаќа овие точки:
1. Фабриките во Скопје да се дислоцираат подалеку од градот
2. Да се постават пунктови за напојување со електрична енергија за електричните автомобили како што неодамна поставија во Загреб (а тоа е веќе одамна практика во Европските земји).
3. Да се форсира велосипедизмот и да се направат повеќе патеки за велосипеди. (идејата ми е велосипедите да ги заменат автомобилите)

Знам дека ниедно од горенаведениве кај нас не се изводливи но сепак тоа е решението.

Edited by Macedonicus - 30-Nov-2011 at 23:54
ಠ_ಠ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 01-Dec-2011 at 19:53

Заради голема загаденост на воздухот во Рим ќе се вози пар- непар

01.12.2011 - 14:30:19
Заради%20голема%20загаденост%20на%20воздухот%20во%20Рим%20ќе%20се%20вози%20пар-%20непар
Во главниот град на Италија се воведува посебен режим на возење заради недостигот на нафта и зголемената загаденост во воздухот, јавуваат тамошните медиуми. 

Сопствениците на автомобилите, во посебни појаси од градот, треба да го почитуваат правилото пар- непар. 

Оние автомобили кои имаат непарен број на своите регистерски таблички во четврток не смеат да се движат по улиците на Рим. 

Додека во петок возењето во зелениот појас на Рим ќе биде забранет за сите возила со парни броеви на регистрациите. 

Во тие посебно утврдени делови од градот нема да смее да се вози од девет до 13 и од 16 до 21 часот.

http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=95469&kategorija=6
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3632
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 03-Dec-2011 at 21:41

ШОКАНТНО: Скопје е најзагаден град на светот!

http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/12/03/skopje%20magla.jpg

Скопје и дефинитивно е најзагадениот град во светот. Според податоците на Светската здравствена организација од пред извесно време, во светот најзагаден е градот Ахваз во Иран со 372 микрограми ПМ10 прашина на метар кубен, но во моментов според веб страницата на Град Скопје – „Скопје дише„ во главниот град на Македонија оваа прашина е застапена со 433 микрограми на метар кубен.


Инаку  границата на СЗО за ПМ10 е 50 микрограми на метар кубен воздух.


Статистиката на светот вели дека градови во Иран, Индија, Пакистан и Монголија имаат најлош квалитет на воздухот. Најзагаден воздух во светот има иранскиот град Ахваз, а според СЗО, најздрав воздух има во делови од Соединетите американски држави и Канада.


Микроскопските честички, наречени ПМ10, можат да се вгнездат длабоко во белите дробови и се многу канцерогени, соопштуваат од СЗО. 


 

http://img.plusinfo.mk/medium_gal/2011/12/03/skopje%20magla.jpg
  • http://img.plusinfo.mk/small_gal/2011/12/03/skopje%20magla.jpg
  • http://img.plusinfo.mk/small_gal/2011/12/03/ahvaz.jpg
http://www.plusinfo.mk/vest/25105/ShOKANTNO-Skopje-e-najzagaden-grad-na-svetot
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 04-Dec-2011 at 09:21
Тоа што е мерено во Иран е кумулативна средна вредност на годишно ниво, а не моментална. Ова се неколкуте критични денови во Скопје што сега се на пик и неможе вака да се манупилира со информацијава, смешно е. Не ми се јасни, дали мислат дека имаат ексклузивна вест или од незнаење направиле ваква смешна споредба. Ако сакаат да го бараат Скопје, нека го побараат во истиот тој список што го нашле и тој градот во Иран, ако е Скопје град кој со своето загадување вреди да се стави во тој список, сигурно ќе го има. Пред неколку месеци јас памтам вест, дека Тирана беше најзагаден балкански град.

Edited by lslcrew - 04-Dec-2011 at 09:25
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 04-Dec-2011 at 09:45
http://www.who.int/entity/phe/health_topics/outdoorair/databases/OAP_database_8_11.xls Чисто заради објективност, еве го списокот, за Скопје има податок од 2008 за ниво 80 на годишно ниво.

А еве и некои матерјали за Европа.
http://www.eea.europa.eu/themes/air/airbase
http://www.eea.europa.eu/themes/air/airbase/map-statistics

Е ова е веќе непријатна слика.





Edited by lslcrew - 04-Dec-2011 at 10:53
Back to Top
HugoGoulding View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 05-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1303
  Quote HugoGoulding Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 04-Dec-2011 at 13:29
Слабо не сме единствени во Европа, и тоа кај најмали по квадратура, со 5 триаголничиња.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 32>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.234 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.