build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Квалитет на воздухот во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #601 Posted: 18-Dec-2017 at 18:53
Студија за загадувањето на Скопје ги лоцира најважните загадувачи

-Сообраќај 20%

-Индустрија 18%

-Градежни активности и градска прашина 19%

-Загревање на домаќинства 32%

-Соли на сулфат 7%

-Соли на нитрат 2%

-Транзит на загадувачки супстанции 2%

Извор: Студија за загадување на град Скопје изработена од Агенција за животна средина (Австрија) и Институт за метеорологија (Финска).

објавено на okno.mk
За сè има вторпат
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #602 Posted: 19-Dec-2017 at 10:18
Уште печките за согорување на странски отпад фалат и ќе ја имаме вистинската слика.
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1368
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #603 Posted: 10-Jan-2018 at 17:03
Originally posted by Dexter26

па сега продаваат приказни за мали деца од типот "греењето на дрва ја загадува околината", "старите автомобили ја загадуваат околината", "бесплатен јавен превоз за време на загадувањето", "повисоки цени на техничките прегледи и регистрирањата на возилата", или сега најновата приказна за мали деца "еколошки налепници за возилата".

Но греењето на дрва и старите автомобили навистина ја загадуваат околината. И непланското, т.е. криминалното градење на предимензионирани згради онаму каде што не им е местото има свој удел, но во никој случај не мпже да се каже дека десетици илјади ќумбиња и голем број стари возила не загадуваат.
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #604 Posted: 10-Jan-2018 at 19:23
Previous
 
Еден од првите и најголемите откритија на човештвото е огнот, речиси сите револуционерни изуми во историјата на човештвото не би биле возможни без огнот.
 
Проблемот не е во греењето на дрва, туку во - како што и ти самиот спомна - непланското, односно криминалното градење не само на згради, туку и на куќи, на локации каде што воопшто не треба да има било какви објекти кои би го блокирале ветрот.
 
Ене ти ги Шуто Оризари, Чаир и Топаана како одлични примери, а Центар и Карпош веќе подолг временски период го следат ваквиот тренд, а како што тргнале работиве, ниту избори, ниту нови градоначалници и советници нема да стават крај на себичноста и алчноста на одредени индивидуи кои не се двоумат за да дозволат уништување на околината во замена за стан.
 
Ако има ветар, чадот од оџаците и издувните гасови од автомобилите ќе биде најмал проблем, но тоа не е случајот со Скопје и Тетово, а и некои други населени места низ Македонија.


Edited by Dexter26 - 10-Jan-2018 at 19:27
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #605 Posted: 11-Jan-2018 at 01:03
PreviousПроблемот со загадувањето е во греењето со дрва, или поточно кажано, тој е најголемиот од неколкуте проблеми кои го причинуваат загадувањето. И ве молам да ги расчистиме еднаш за секогаш тие заблуди.

Аргументите од типот: „Огнот е стар колку човештвото и од секогаш бил користен како средство за греење. Како тек сега го причинува загадувањето?“, се апсолутно не валидни. Во секој систем, па така и во еко-системите постои точка на заситување по што тој постанува неодржлив и излегува надвор од баланс. Така е и со загадувањето од горење дрва. Во мала мера не смета воопшто, но доколку е тоа скалирано во магнитуди да загрева четвртина милион жители кои заедно со останатите свои сограѓани живеаат во малата Скопска Котлина, тогаш станува проблем.

И фекалиите на човекот се природно ѓубриво, но доколку се присутни во магнитуди од 2 милиони луѓе на површина колку Македонија, тогаш стануваат опасност и се отровни по животната средина. Не за џабе Европјаните се загрижија дека мора да се третираат отпадните води со пречистителни станици. И лук да јадеш е здраво, ама ако претераш можеш да се отруеш од арсен...

Масовноста на користење на огнот сега и во минатото е неспоредлива во однос на крајната апсолутна вредност на жители. Па така можеби во 1930 година 99% од жителите се грееле на дрва, ама тогаш Скопје броел 80 000 жители. Денес Скопје е преку 600 000 жители и околу 50% од жителите користат огрев за затоплување, тоа се 300 000 жители. Бројкиве не се од ракав, туку од неодамнешнo достапни информации од веб страната:
https://skopjesezagreva.mk/




Во однос на тоа дали дрвото загадува или не доволно е следново истражување од Американската Агенција за Заштита на Животната средина (анг. United States Environmental Protection Agency) на кое се покажани различни видови на извори на топлинска енергија и количеството на „фини честички“ (ПМ) кое тие го емитираат:


Тоа значи дека камин на дрва/едноставен уред за греење (какви што се голем број на уредите во Скопје, види информации во изворот горе), произведува 57 пати повеќе загадување со ПМ честички од печка на пелети, или 3373 пати повеќе ПМ честички од печка на гас!!

И додека секој од нас е експерт за екологија, струење на ветрови, географско-климатски влијанија итн. вистинските експерти излегоа со нивна анализа за причинителите, па видете дали греењето со дрва има удел или не во загадувањето.





*Знам дека темава е веројатно за некоја друга нишка, но следува како директен одговор на претходниот пост, па затоа ја ставив тука. Доколку има форумов соодветна нишка на која може да се премести или да отвориме нова која би ја обработувала неа.


Edited by Blagh - 18-Jan-2018 at 11:46
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #606 Posted: 11-Jan-2018 at 01:48
Previous
 
Е па и експертите кои ти ги посочуваш, повикуваат на запирање на градењето, а сепак не повикуваат на ставање крај на греењето со дрва. Ова со перење на улиците често ми делува како шлаг на црна комедија Big%20smile , скопјани не се во ништо љубители на урбаната култура и урбаната хигиена.
 
Немој погрешно да ме разбереш, јас живеам во стан, а истите радијатори со кои порано се греев преку Топлификација, веќе 6-та зима по ред се поврзани со мој домашен котел на пелети бидејќи на мене и моите ни` се смачи од високите сметки за парно греење.
 
Јас не сум ниту архитект, ниту еколог, ниту метеоролог, но сум жител на Скопје и активно ја следам градежната експанзија за која повеќе од очигледно е дека е се`, само не урбанистички планирана.
 
И не треба човек да биде архитект или еколог или метеоролог за да забележи дека бутањето згради на секој чекор - особено таканаречените лепенки - само го затвора градот и со тоа го блокира ветрот.
 
Токму бидејќи Скопје е град во котлина - опкружен со планини, деталното урбанистичко планирање е повеќе од потребно, но очигледно тоа не им е` приоритет на тие кои изгласуваат промени во деталните урбанистички планови и издаваат градежни дозволи во замена за по некој стан од кој ќе прават пари со негово издавање под кирија, хипотека или негова продажба.
 
Не негирам дека греењето на дрва ја загадува околината, но сепак е само еден од повеќето фактори кои придонесуваат за загадувањето, додека главниот фактор е недостатокот на ветар, кој тешко дека во блиска иднина ќе се отстрани, особено со новите изградби на овие таканаречени ексклузивни комплекси.


Edited by Dexter26 - 11-Jan-2018 at 01:55
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 1641
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #607 Posted: 11-Jan-2018 at 09:33
Во однос на студијата:
Епа како само во зима толку многу е загаден градот?
Индустријата и сообраќајот функционираат цела година, дуги голем дел од градежниот сектор не работи со полн капацитет зимно време.
Главен проблем е загревањето на домакинствата.

Ако загревање на домакинствата е само 32% дали тоа значи дека од ноември до март в Скопје е за само 32% по загадено во однос на периодот од април до октомври?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #608 Posted: 11-Jan-2018 at 10:29
@Dexter26 ајде уште една реплика по методот rebuttal & refutation, па после може да излеземе со заклучоци SmileSmile

Секако дека мерките кои се предложени повикуваат на ставање крај на греењето со дрва. Погледнете ги првите две мерки што се посочени на инфографикот погоре: гасификација и пелети, се директно насочени кон заменување на постојниот начин на греење.

Се согласувам дека градењето има влијание на микроклимата во градот, но струењето кое е подспречено на ниво на улица едноставно не е доволно за да го прочистува градот. Но еве и доколку тој поветарец е спречен на ниво на улица, тогаш би требало да струи без проблем на повисоките точки од градот. Голема е разликата кога има воздушно струење таму горе или го нема и таму. Многу едноставен опит е со јарболите со знамиња на кулите на Кале (издигнати на некои 100 метри над околината, без никакви препреки околу, на сам брег на речното корито). Кога и тие не мрдаат всушност се оние шпицови на најзагадени денови.
Воздухот во тие денови во котлинава стои и тоа е тоа.

Не може да тврдиме дека недостатокот на ветер е причина за загадување. Причина за загадување се изворите на загадување
, неодстатокот на ветер ја прави само ситуацијата полоша. Таквото тврдење би било исто како да некој ученик да тврди дека имал кецови затоа што не му дозволиле да препишува на тестовите, а не дека не седнал да прави домашна и не го совладал материјалот.

Затоа треба да седнеме и сите да ја сработиме домашната да го решиме овој проблем.


Edited by Blagh - 11-Jan-2018 at 10:31
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #609 Posted: 11-Jan-2018 at 10:53
@alexsend Во однос на загадувањето зиме/лете најпрво веројатно треба да се даде одговор дали системот е линеарен, односно дали 35% повеќе загадувачи значи 35% повеќе загаден воздух. Многу системи не се такви, пример сообраќајот. Кај него постои точка околу која 20% повеќе или помалку коли на улиците е разликата меѓу нормален проток или тотален собраќаен метеж. Таквите разлики не соодветствуваат со очекуваните 20% подолго/пократко време на патување туку се многу поголеми.

Втора прична е што во зиме нема вертикална вентилација на градов, т.е. кревање на топлиот воздух нагоре. Ова се случува поради појавата на температурна инверзија во котлинава која дејствува како тенџере со капаче и се се така убаво сакухтува и го заробува токсичниот воздух заедно со нас.


Повеќе за темепратурната инверзија прочитајте тука:
http://kanal77.mk/%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D0%B0%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D0%B0%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%B8-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC/





Edited by Blagh - 11-Jan-2018 at 16:09
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 481
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #610 Posted: 11-Jan-2018 at 12:55
Џабе објаснуваш... Кај нас секој си има избрано свој „омилен“ извор на загадување и кога ќе го соочиш со научен факт или студија, едноставно ги прогласуваат за нерелевантни или ги игнорираат. Трагично е што политичарите наместо да почнат веднаш да применуваат тешки и скапи мерки, се занимаваат со теми како бесплатен автобус, миење улици и „дебати“.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #611 Posted: 11-Jan-2018 at 12:59
Previous
 
Тоа кажи им го на политичарите, тие земаат пари за да продаваат магла, бидејќи ете и ветрот го снема.
 
Јас од друга страна само го кажувам моето лично мислење.

Originally posted by Blagh

@Dexter26 ајде уште една реплика по методот rebuttal & refutation, па после може да излеземе со заклучоци SmileSmile

Секако дека мерките кои се предложени повикуваат на ставање крај на греењето со дрва. Погледнете ги првите две мерки што се посочени на инфографикот погоре: гасификација и пелети, се директно насочени кон заменување на постојниот начин на греење.

Се согласувам дека градењето има влијание на микроклимата во градот, но струењето кое е подспречено на ниво на улица едноставно не е доволно за да го прочистува градот. Но еве и доколку тој поветарец е спречен на ниво на улица, тогаш би требало да струи без проблем на повисоките точки од градот. Голема е разликата кога има воздушно струење таму горе или го нема и таму. Многу едноставен опит е со јарболите со знамиња на кулите на Кале (издигнати на некои 100 метри над околината, без никакви препреки околу, на сам брег на речното корито). Кога и тие не мрдаат всушност се оние шпицови на најзагадени денови.
Воздухот во тие денови во котлинава стои и тоа е тоа.

Не може да тврдиме дека недостатокот на ветер е причина за загадување. Причина за загадување се изворите на загадување
, неодстатокот на ветер ја прави само ситуацијата полоша. Таквото тврдење би било исто како да некој ученик да тврди дека имал кецови затоа што не му дозволиле да препишува на тестовите, а не дека не седнал да прави домашна и не го совладал материјалот.

Затоа треба да седнеме и сите да ја сработиме домашната да го решиме овој проблем.
 

 
Ти благодарам бидејќи индиректно сепак го потврди тоа што и јас го тврдам - дека недостатокот на ветар е главен фактор за загадувањето, а не греењето на дрва.
 
И претходно спомна дека заситувањето во еко-системите ги прави неодржливи и излегуваат надвор од баланс.
 
Јас ти спомнав добри примери за ваквото тврдење - Шуто Оризари, Чаир и Топаана. Точно, речиси сите куќи таму (Чаир е исклучок до некаде) набутани една до друга се грејат на дрва и да, таму има заситување, односно преголема концентрација на чад од оган на дрва, но тоа не е случајот и со други населби низ Скопјево, што говори дека проблемот сепак лежи во урбаното НЕпланирање.


Edited by Dexter26 - 11-Jan-2018 at 13:01
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 481
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #612 Posted: 11-Jan-2018 at 13:08

Недостатокот на ветер е фактор, но не е извор. А на него не може да се влијае. Но, доколку од греење на дрва (и се и сешто) се премине (барем) на пелети, тој извор ќе се намали за 57 пати.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #613 Posted: 11-Jan-2018 at 13:21
Previous
 
Е па токму тоа и јас го спомнав - дека недостатокот на ветер е главен фактор за загадувањето, никогаш не реков дека е извор на загадувањето.
 
Воопшто не го оправдувам греењето на дрва, но воопшто не ни планирам да го посочам како главен причинител за загадувањето - бидејќи не е.
 
Од друга страна, нови објекти како овие "ексклузивни комплекси" на ама баш никаков начин нема да му одмогнат на загадувањето.


Edited by Dexter26 - 11-Jan-2018 at 13:22
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #614 Posted: 11-Jan-2018 at 13:45
Originally posted by Dexter26

 
 
Ти благодарам бидејќи индиректно сепак го потврди тоа што и јас го тврдам - дека недостатокот на ветар е главен фактор за загадувањето, а не греењето на дрва.
 


Не ми ја сфати поентата. Кога има циркулација на воздух која не се осеќа на ниво на улица, но сепак постои на мала висина (100 метри), загадувањето е во нормални рамки.

Добар пример е денешниот ден, нема ветер на земјата ама има струење на воздухот нешто над нас и веднаш воздухот е по чист (јарболите на Кале се вееа, проверив YesYes). Отука следува не мора да дува ветер по улици и да крева дополнително прашина за да има мешање на воздушните маси и прочистување. Но кога нема никаква циркулација ни на поголема висина (пример последните неколку дена) тогаш е она најстрашното.


Edited by Blagh - 11-Jan-2018 at 14:33
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 481
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #615 Posted: 11-Jan-2018 at 14:05
Originally posted by Dexter26


Previous  Е па токму тоа и јас го спомнав - дека недостатокот на ветер е главен фактор за загадувањето, никогаш не реков дека е извор на загадувањето.  Воопшто не го оправдувам греењето на дрва, но воопшто не ни планирам да го посочам како главен причинител за загадувањето - бидејќи не е.  Од друга страна, нови објекти како овие "ексклузивни комплекси" на ама баш никаков начин нема да му одмогнат на загадувањето.

Како не е? Ете според оваа студија е 32%. Очигледно пробуваш на мала врата да ја протнеш теоријата дека зградите го блокираат ветерот и затоа е загадено (не викам дека нема влијание, но ми се чини дека е минимално), но те молам поткрепи го тоа со некое истражување. А тоа што ти не планираш да го посочиш греењето како главен причинител е ирелевантно. Институциите треба да делуваат според податоците и веднаш да почнат со мерки за целосно префрлање кон поеколошки начини на затоплување.
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #616 Posted: 11-Jan-2018 at 14:31
Previous
 
Е па погрешен ти е заклучокот.
 
Мене работата едно време ме носеше низ Шуто Оризари и Топаана и затоа од лично искуство ти велам дека не станува збор за теорија, туку за чиста вистина.
 
Се согласувам дека гасификацијата и греењето на пелети ќе придонесат за почиста околина, но без ветар, а истовремено и со натрупување на згради на секој чекор, ефектите ќе бидат слаби.
 
А и да не заборавиме дека дури сега им текна на некои да ја извадат на виделина токсичната вистина за Дрисла и нејзината печка за горење на отпад - што и досега беше општо познато, но некако на никого не му текна да ја спомне. А баш и оваа недела беа објавени нови податоци според кои Дрисла сепак не ја загадува околината. Bash
 
Без ветар воздухот не мрда, а без воздухот да мрда, ни греење на сончева енергија не не` спасува од загадување.
 
Originally posted by Blagh

Не ми ја сфати поентата. Кога има циркулација на воздух која не се осеќа на ниво на улица, но сепак постои на мала висина (100 метри), загадувањето е во нормални рамки.

Добар пример е денешниот ден, нема ветер на земјата ама има струење на воздухот нешто над нас (јарболите на Кале се вееа, проверив YesYes). Отука следува не мора да дува ветер по улици и да крева дополнително прашина за да има мешање на воздушните маси и прочистување. Но кога нема никаква циркулација ни на поголема висина (пример последните неколку дена) тогаш е она најстрашното.

 
Хехе, значи велиш да се селиме сите на Кале, бидејќи таму дува ветар.
 
Еве ти уште една идеја - дува ветар и на Скопска Црна Гора, па ај таму да го селиме градот.
 
За град во котлина мора да има детално урбанистичко планирање кое нема да дозволува натрупување на недвижнини на секој чекор и кое нема да дозволува лепенки. Тоа го имавме порано, но некако го снема после 1990-те години.


Edited by Dexter26 - 11-Jan-2018 at 14:32
Back to Top
Blagh View Drop Down
Newbie
Newbie
Avatar

Joined: 10-Feb-2013
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote Blagh Quote  Post ReplyReply #617 Posted: 11-Jan-2018 at 15:40
Originally posted by <Fresno>

Џабе објаснуваш... Кај нас секој си има избрано свој „омилен“ извор на загадување и кога ќе го соочиш со научен факт или студија, едноставно ги прогласуваат за нерелевантни или ги игнорираат. Трагично е што политичарите наместо да почнат веднаш да применуваат тешки и скапи мерки, се занимаваат со теми како бесплатен автобус, миење улици и „дебати“.


Ок, прифаќам толку...

*Модератори би било добро ако можете да ја преместите дикусијава од пост број 15, па наваму во Урбани прашања->Квалитет на воздухот во Скопје

ЕДИТ:
Фала Thumbs%20UpThumbs%20Up


Edited by Blagh - 11-Jan-2018 at 16:00
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7069
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #618 Posted: 17-Jan-2018 at 22:10

не знам од каде излезе тоа дека човечки градби спречуваат воздушни струења и не знам како сеуште во 2018 година како дискусија се протега истото
единствен метеоролошки фактор можеби се браните на хидроелектраните, и во Скопје можеби нагло се промени ситуацијата после Козјак, ама ете, не би шпекулирал
дури и сето тоа да е точно, поентата е загадувањето да се намали минимално, не да се дисперзира на друго место
Architects create dreams...politicians create nightmares
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11719
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #619 Posted: 17-Jan-2018 at 23:35
Наводно деновиве е изгасена печката во Дрисла, а во Усје менувале филтри и не работела фабриката, па затоа загаденоста била намалена. Ова го слушнав во муабет, значи не е официјално потврдено.

Edited by Џоле - 17-Jan-2018 at 23:36
За сè има вторпат
Back to Top
iGi_PoP View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 09-Apr-2015
Online Status: Offline
Posts: 211
  Quote iGi_PoP Quote  Post ReplyReply #620 Posted: 18-Jan-2018 at 16:55
Usje menuva filteri 20 godini i nikako da stavat filteri sto rabotat.... od druga strana, vladinata inspekcija vo Kisela Voda go duplirala prihodot na pari... multi-coincidenza


Edited by iGi_PoP - 18-Jan-2018 at 16:55
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2930313233 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.142 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.