build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Квалитет на воздухот во Скопје
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Квалитет на воздухот во Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 35>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Квалитет на воздухот во Скопје
    Posted: 19-Nov-2011 at 16:17

  Темата е со цел да се следи квалитетот на водухот во Скопје, да се дискутира и да се дебатира за истиот. Да се евидентира секоја информација која е поврзана со него, како и трудови, истражувања, студии и решенија кои ја обработуваат оваа тема.

Најпрвин еден мал вовед.

Квалитет на воздух измерен
на:     17 ноември 2011 во 11:22 на мерна станица Центар (улица Македонија)
Квалитет на воздух :     Нездрав

Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво: 
159
Вредност на Индексот
 » 151 - 200 
Ниво за здравје
 » Нездрав 
Мерки за претпазливост
 » Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари,треба да го избегнат изложувањето и престојот надвор. Сите останати, а особено деца, треба да го намалат подолгото изложувањето и престојот надвор

Измерени вредности на загадувачки супстанци (полутанти) измерени на 17 ноември 2011 во 11:22 

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 268,19

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 22,56

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 27,36

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 3,35

Сите информации и вредности се преземени од сајтот. http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk/



Edited by FoSsiL - 22-Nov-2011 at 00:21
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 22-Nov-2011 at 00:19

Сегашен квалитет на воздух 22 Ноември 00:14 часот

Квалитет на воздух 

Многу нездрав

Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво: 264 

 Вредност на Индексот

 » 201 - 300 

 Ниво за здравје

 » Многу нездрав 

 Мерки за претпазливост

 » Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, да не излегуваат надвор. Сите останати, особено деца, треба да го избегнуваат изложувањето и престојот надвор.

Сегашни вредности на полутанти  22 Ноември 00:14 часот

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек 

414,12 

SO2 [µg/m³] 1 час. просек 

10,49 

NO2 [µg/m³] 1 час. просек 

26,79 

CO [mg/m³] 8 час. просек 

5,49

Правец на ветер ---> Север - Исток

Брзина на ветер 
0,32 km/h
Амбиентална температура
-0,37 °C
Релативна влажност
76,92 %RH



Edited by FoSsiL - 22-Nov-2011 at 14:24
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 22-Nov-2011 at 14:29

Квалитет на воздух измерен
на:     22 Ноември 2011 во 14:26 часот  на мерна станица Центар (улица Македонија)
Квалитет на воздух :     Многу нездрав

Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво: 
 299

Вредност на Индексот
 » 201 - 300

Ниво за здравје 
 » Многу нездрав

Мерки за претпазливост
 » Деца и возрасни, како и лица со белодробни заболувања и астматичари, да не излегуваат надвор. Сите останати, особено деца, треба да го избегнуваат изложувањето и престојот надвор.

Измерени вредности на загадувачки супстанци (полутанти) измерени на 22 Ноември 2011 во 14:26 часот

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 449,38

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 118,44

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 60,41

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 4,12

Вредности од изминатите 12 часа

Правец на ветер ---> Исток

Брзина на ветер
1,37 km/h
Амбиентална температура
4,77 °C
Релативна влажност
56,91 %RH



Edited by FoSsiL - 22-Nov-2011 at 14:42
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 22-Nov-2011 at 14:51

Бидејќи забележав дека графиците кои ги постирав, откако ќе се променат (ап-дејт) на веб-страната на екоинформатика на Град Скопје, едноставно исчезнуваат. Најверојатно поради тоа што новите се на истиот урл со старите. Направив да ги постирам под друго посебен урл, и при што сите се заедно, а не одделно како што беа претходно. Вака сега ќе можат да се зачуваат и да останат за во понатаму, за во иднина ако има потреба за нивна споредба, да може да се искористат. 

За жал претходните две мерења ги изгубија своите графици, бидејќи ми требаше времеда сфатам што е работата. Но добро, ништо страшно.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 22-Nov-2011 at 15:44

  Загаденоста на воздухот во Скопје ја премина критичната граница и премина во највисоко ниво (5) на загаденост. Еве нешто од 15:41, 22 Ноември 2011


Квалитет на воздух : Опасно


Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво:
 304


Вредност на Индексот
 » > 300


Ниво за здравје
 » Опасно

Мерки за претпазливост
 » Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор


Измерени вредности на загадувачки супстанци (полутанти) измерени на 22 Ноември 2011 во 15:41 часот 

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 454,28


SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 69,06


NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 64,76


CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 4,05

За графици не е потребно сега, нека помине некое време



Edited by FoSsiL - 22-Nov-2011 at 15:54
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 22-Nov-2011 at 16:36

И уште расте, сега е на 306.

Ќе пробам да потикнам дискусија и дебата на оваа тема.

Што се случува во Скопје?

Се гушиме.

Во Скопје квалитетот на воздухот е многу низок, и концентрацијата на смог е огромна, а ретки се деновите кога го нема.

Веќе неколку дена ги следам мерењава, но и да не ги следам ги осеќам на свои гради, бели дробови.

Паднаа температурите, почнува зимата, и периодов е доста суво. Нема паднато дожд подолго време да го ‘‘измие‘‘ воздухот, а ветер практично и нема, да ги издува полутантите и да донесе чист и свеж воздух. Исто како стојна вода, бара, мочуриште, без проток на свежа вода, истото и со воздухот во Скопје се случува. А и не само зимно време, и летно, поготово ако е сушно, да се качиш на Водно, се гледа од горе дека Скопје е покриено со смог.

Но не треба да ги кривиме временските услови или неприлики за тоа што Скопје има загаден воздух.

Бројот на возила е многу голем. Застојот во сообраќајот исто така, и е се почест.

Незнам каква е состојбата со околните индустриски капацитети, дали имаат филтри и дали задоволуваат еколошки стандарди, тоа треба да се испита.

Формата и конструкцијата на центарот особено, не дозволуваат поголем проток на воздух, а ние се повеќе и повеќе го пополнуваме и секое можно останато празно место.

Скопје е во лоша еколошка состојба, и воздухот кој го дишиме е премногу загаден, и тоа преку цела година.

И мислам дека не треба да седиме со скрстени раци и треба да најдеме решенија за овој проблем.

Околу тоа колку влијае на здравјето. Можам да кажам од мое искуство. Јес да пушам (немој некој случајно да се фатил за ова), ама вака не сум се чуствувал никогаш. Откако паднаа температурите и се поголемата загаденост на воздухот, јас едвај дишам. Сабајле станувам во 6 и дур да стигнам до школо ми отидоа градите. Смрди, едноставно смрди. Цело Скопје смрди. Цел ден, цела ноќ.

И после ако тоа е здрав живот, и што сака нека стане градов, и најубавото место на Светот, ама со ваков воздух ништо не правиме.

ПС. Ми се рестартира компјутерот, го имав подобро склопено, па од почеток го пишував, ама тоа е, бетр лак некст тајм.

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 22-Nov-2011 at 16:49

Една иронична работа.

На веб-страната на екоинформатика, со големи букви пишува Скопје Дише.

Според податоците и оценката за квалиетот на воздухот според мерењата, многу посоодветно би било --> Скопје се Гуши

Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 22-Nov-2011 at 17:13
Скопскиот воздух за жал е многу лош, поготово во зима. За сите е опасно, ама најжалосно е за децата, особено претшколска возраст. Во таа возраст (0-5 години) има директна докажана поврзаност меѓу загаден воздух и појава на респираторни проблеми, алергии, астма и проблеми со имунитет подоцна.

Старите дотраени возила, и особено камиони и автобуси имаат добар удел во загадувањето на воздухот. При технички преглед пропишано е колку сулфур, СО и СО2 смее да има во издувните гасови. Има можност и мерни инструменти за да се измери колку и каков квалитет имаат издувните гасови на возилата, но не се користат освен во ретки ретки случаи, па и тогаш се толерира. Сите сме виделе каков чад излегува од ауспустите на стари автобуси, не само градски, туку и меѓуградски, па потоа дотраени камиони, цистерни... За старите автобуси од ЈСП знам дека бидејќи се моторите толку стари, порано ставале директно уље во дизелот за  да може колку толку да работат. И потоа ние дишеме испарувања од прегорено уље, едно од најканцерогените супстанци.

Сепак мислам дека најголем проблем со фабриките, кои се што се вика, среде град. Железарница, Усје, топланите... Еден куп примери. Цела индустриска зона во Ќерамидница/Автокоманда е на само 2,5км воздушна линија од плоштадот Македонија. Железарницата е на 3км. МЗТ и десетината мали фабрики на тој простор се на 4,2км. Усје исто 4,2 км. Најдалеку е Охис (а итоа е блиску!) со 6км.

Тешки загадувачи, како Железарница, Усје, Охис НЕ СМЕЕЛО да се дозволи да се градат таму каде што се денес. Некој ќе рече, градот не бил проширен толку во тоа време. Колкав и да бил градот, да направиш челичара на 3км од центарот на тогашно Скопје, треба да си неписмен (претпоставувам дека баш ова биле тогашните планери, неспособни апаратчици).

Да се разбереме, јас не сум против фабрики. Нека има. Ама денес има толку добри начини на заштита, такви hi-tech филтри, постројки за филтрирање на вода, воздух, земјиште, што загадувањето нема да биде толку изразено.

За жал, нашите фирми штедат (зашто hi-tech филтрите се скапи), а власта ги толерира, поготово најголемите загадувачи. Зошто? Затоа што  најголемите загадувачи истовремено и се мускулите за билдање на статистиката, бројки како извоз, БДП, економски раст. Најголемите загадувачи се и меѓу најпрофитабилните фирми, имаат кеш и да платат казна ако треба.

Еве неодамна имаше и вест за тоа:

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=4&item=12389

Поставувале филтри, ама ќе им требале 3 години за тоа?! Господа од Макстил, на чело со генералниот Минчо Јорданов: за 3 години може цела фабрика дупло поголема од Железарата да изградите, а не па филтри да поставите.

Само, убаво се поврзува Минчо со секоја власт, и тоа е. Ќе треба како во Велес да излеземе сите на улица изгледа.


Јас лично би се ангажирал повеќе на оваа тема, бидејќи не сакам утре моите деца да имаат проблеми со здравјето, зашто денес сум бил пасивен набљудувач.



Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 22-Nov-2011 at 19:29
ConfusedVreme e ministerstvoto za ekologija da pezeme nesto! Ima dosti metropoli sto imaat 100 pati povekje Avtomobili i lugje no sepak kvalitetot na vozduhot ne e tolku zagrosen kako vo Skopje...Ne znam, tesko vas/nasRoll%20eyes
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 22-Nov-2011 at 19:37
Скопје го загадуваат фабриките во најголем процент а потоа издувните гасови на возилата. Единствено воздухот ќе се прочисти ако сите возила бидат на електричен погон а фабриките се дислоцираат
ಠ_ಠ
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: R. e Maqedonisë
Online Status: Online
Posts: 3793
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 22-Nov-2011 at 19:45
Originally posted by Macedonicus

Скопје го загадуваат фабриките во најголем процент а потоа издувните гасови на возилата. Единствено воздухот ќе се прочисти ако сите возила бидат на електричен погон а фабриките се дислоцираат


Fabriki ima sekade isto kako i koli, znaci ako odime spored tvoja logika togas Paris ne dise voopsto....Big%20smile
Treba nesto drugo da se pravi, da se sadat se povekje drva(kolku za pocetok), a vednas potoa da se pocne so seriozni akcii, ne se pravi dovolno za zivotnata sredina..
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 22-Nov-2011 at 19:49
Лаик сум во врска со темава, но од луѓе кои се доволно образовани за ова, дел од вината што Скопје е толку загадено е и самата причина што лежи во котлина, а со самото тоа концентрацијата на штетни материи во воздухот е поголема. Од друга страна, и во соседството се користат и постари автомобили, автобуси и камиони па не се гушат у смог, ене на крај краева Берово е цело со половни коли ама е чисто ко солза. Не дека може да се споредува Берово со Скопје, ама самите си го загадуваме градот.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 22-Nov-2011 at 21:34

Точно, да речеме дека е како некој вид на корито, но тоа не е оправдување. И да продолжиме да бидеме рамнодушни кон тоа дека се гушиме само поради Скопје е во котлина. И не само тоа, има многу географски и метеоролошки особености кои придонесуваат кон ова. Но што правиме ние во врска со ова, освен што спокојно се гушиме.

ПС. Сега е на ниво на 354.

Со тоа што,

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 503,99

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 29,31

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 43,28

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 5,01

Еве нешто грфици за изминатите 12 часа

На графикот за PM10 се гледа дека негде околу 20 часот стигнал и од вредност на индексот од 1100



Edited by FoSsiL - 22-Nov-2011 at 21:44
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 23-Nov-2011 at 18:41
Квалитет на воздух измерен

на: 23 Ноември 2011 во 18:32 часот на мерна станица Центар (улица Македонија)

Квалитет на воздух : Опасно

Опис за нивото на квалитет на воздух

Сегашно ниво:

 500

Вредност на Индексот 

 » > 300

Ниво за здравје 

 » Опасно

Мерки за претпазливост 

 » Сите треба да избегнуваат секаква физичка активност надвор

Измерени вредности на загадувачки супстанци (полутанти) измерени на   23 Ноември 2011 во 18:32 часот  

PM10 (прашина) [µg/m³] 24 час. просек ---> 780,19

SO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 38,46

NO2 [µg/m³] 1 час. просек ---> 60,10

CO [mg/m³] 8 час. просек ---> 4,65

Вредности на полутанти во изминатите 12 часа

Back to Top
tomi_z View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Oct-2010
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 196
  Quote tomi_z Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 23-Nov-2011 at 19:15
Previous Бројкиве се луди...
Ја прочитале и новинариве дискусијава, па денес на повеќе вести имаше прилози за тоа:

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=42845
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Nov-2011 at 19:41

Највисока општа вредност на индекс што сум ја забележал до сега е 507.

Иако, од друга страна пак според графиците, нивото на PM10 знае да надмине вредност над 1000, највисоката што сум ја видел е приближно 1100 микрограми на метар кубен.

И навистина е премногу загаден. 

Од следени 5 дена на податоците, само еднаш беше ‘‘Нездрав‘‘, два пати ‘‘Многу Нездрав‘‘ и два пати ‘‘Опасно‘‘. А еве го па сега, нејќе да се спушти под 500, а камо ли 300. 

Денес бев да садам во Мршевци, па мислам дека таму беше почист одколку во Скопје, иако локацијата е едвај километар од Окта, и толку воопшто дали има. Не велам дека таму воздухот беше чист, сигурно беше над 300, ама во секој случај полесно дишев таму одколку во Скопје.

Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 24-Nov-2011 at 13:51
24.11.2011, 09:34




ИНДЕКСОТ НА ЗАГАДЕНОСТ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД ОПАСЕН ПО ЗДРАВЈЕ

Седете дома, прашина го покри Скопје

Хронично болните, болните од респираторни заболувања и алер­гич­ни­те на прашина редовно да ја примаат терапијата, а здравите да избегнуваат физичка активност на отворено

Скоп­ја­ни веќе неколку дена дишат прашина, бидејќи мерната станица за ква­ли­тет на воздухот на Град Скопје покажува дека концентрациите на сус­пен­ди­ра­ни честички во воздухот се повеќекратно зголемени. Нор­мал­на­та вредност на овие честички во воздухот е до 50 микрограми на кубен ме­тар, а вчера мерната станица, која се наоѓа на улица Македонија, по­ка­жу­ва­ше 749,28 микрограми на кубен метар. Индексот на загаденост на воз­духот изнесуваше 500, а секоја вредност на индексот над 300 се смета за опас­на за здравјето на луѓето и има препорака да се избегнува се­как­ва физичка активност надвор. Овие информации може да се видат на стра­ни­ца­та на Градот, преку линкот њњњ.скопје цен­тар.екоинформатика.мк. Оваа мерна станица веќе неколку дена покажува ин­декс на загаденост над 300, а нормалната вредност се движи од 0 до 50.
Цве­тан­ка Икономова - Мартиновска, раководител на сектор за екологија во Гра­дот, вели дека загаденоста на воздухот доаѓа само од суспендирани чес­тич­ки или прашина, додека присуството на сулфур диоксид, јаглероден мо­нок­сид и на азотни оксиди е во рамки на дозволените граници.
"Во случајов, тоа се должи на загадувањето од сообраќајот и од греењето на објектите. Временските услови во кои има појава на магла, уште повеќе при­до­не­су­ва­ат загаденоста да биде поголема, бидејќи маглата ги за­др­жу­ва овие честички во подолните слоеви, па загаденоста на воздухот во зим­ски­от период секогаш е поголема", вели Икономова - Мартиновска.
Д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје вели дека ос­нов­на­та препорака до граѓаните е во вакви услови непотребно да не из­ле­гу­ва­ат од дома, а оти тоа особено се однесува на хронично болните, ста­ри­те лица и на децата. Според него, ваквата загаденост на воздухот може крат­кот­рај­но да предизвика тешкотии во здравјето, особено кај бол­ни­те од респираторни болести. Подолгорочни последици од зголемените ко­ли­чи­ни прашина, според Кочубовски, нема, освен ако ваквата состојба на загаденост потрае подолго време.
"До­кол­ку мерната станица на Градот добро ги мери концентрациите на за­га­ду­вач­ки материи, тогаш оваа бројка од над 700 микрограми на кубен ме­тар на суспендирани честички покажува многу високи вредности. Мерната ста­ни­ца, бидејќи е во центарот, може да покажува олкави концентрации по­ра­ди сообраќајот, како и поради градежните активности кои во последно вре­ме се одвиваат токму во овој дел од градот", вели Кочубовски.
Проф. д-р Анѓелко Ѓорчев од Клиниката за пулмологија и алергологија ве­ли дека состојбата не е алармантна и оти прашината нема да предизвика по­се­ри­оз­ни последици врз здравјето.
"Лу­ѓе­то треба да останат дома, но не да седат во задушливи простории. Ова особено треба да го почитуваат хронично болните, болните со рес­пи­ра­тор­ни и белодробни заболувања. Проблем може да имаат луѓето што се алер­гич­ни на домашна и на надворешна прашина, како и болните од астма. Тие треба редовно да ја примаат терапијата и при одреден проблем, вед­наш да се јават на лекар", вели професор Ѓорчев.
(Е.А.)

http://www.time.mk/read/43ce9ec877/0669ed7c87/index.html
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 24-Nov-2011 at 15:07
Фосил дигна ревоулција.  Cheers
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 24-Nov-2011 at 15:18
ИЗВЕСТУВАЊЕ

Градот Скопје ги известува граѓаните дека квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на градот е нарушен заради надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот и стабилната временска состојба со магла, карактеристична за скопската котлина во зимски услови, којашто не дозволува дистрибуција на загадувачките материи.

Во таа насока Градот Скопје им препорачува на граѓаните да го сведат на минимум престојот на отворено, а граѓаните со хронични здравствени проблеми да се придржуваат кон препораките од лекарите.

Покачувањето на концентрациите на РМ10 во урбаните средини е карактеристично за зимскиот период, како резултат на процесите за затоплување на домовите и сообраќајот, но се должи и на минималното струење на ветерот, маглите и температурните инверзии, заради што загадувачките материи не се дисперзираат и остануваат на местото на создавање.

Градот Скопје во рамките на своите надлежности презема перманентни мерки во насока на заштита на амбиентниот воздух.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4678&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 24-Nov-2011 at 16:41

Мило ми е што ова допре до пошироката јавност.

Но не се согласувам со на некој начин релативизирање на проблемот, и посочување на вина кон географските и временските одлики на Скопје и периодот во кој се наоѓа. 

Точно е дека зимно време, а поготово овој период кога дожд не е паднат по подолго време, и ветер кој го нема... загаденоста е поголема, поизразена и повидлива.

Но, проблемот е далеку поголем и посериозен.

Скопје е загадено во текот на целата година, и мислам дека треба сериозно да се фатиме со решавање на овој проблем, наместо само да даваме препораки за движење на граѓаните.

Јас еве, денес не отидов во школо, баш поради тоа. Полн сум со шлајм, со секрет, едвај дишам, кашлам, и не запирам од кивање. Да, настинка е... Ама од што? 

Значи треба да се гледа посериозно, најпрвин да се анализира добро состојбата, односно извори на полутанти, причини, географски и метеоролошки карактеристики, потоа да се увидат сите елементи на проблемот, да се класифицираат, да се изготви стратегија за решавање на проблемот и да се почне да се решава, и тоа итно.

Јас не сакам да си играм некој експерт за екологија или да се правам паметен. Но посочувам дека воздухот во Скопје е навистина загаден и дека тоа ми пречи, а им пречи и на сите скопјани, иако со време и се навикнавме.

Сакам да кажам дека екологијата на еден град, и здравјето на неговите граѓани се работи од огромна важност. Бидејќи ако не се, и ако се нарушени, тогаш градот ја губи својата смисла на постоење.

И не е работата клавитетот на воздухот да го сведеме од Опасен и/или Многу Нездрав, на Нездрав и да речеме: ‘‘знаете не е чист ама може да се диши, па што сакате вие, град е ова не е планина‘‘. Тоа е многу погрешно.

Ќе бидам задоволен кога воздухот во Скопје ќе биде квалификуван како Здрав (а за заж тоа се случува само кога има (после) поројни дождови, и после силен или континуриан ветер. Ама неможеме на тоа да се ослониме. Таквите денови во Скопје многу малку ги има, и што правиме тогаш со останатите, ќе се гушиме и ќе се надеваме на дожд или ветер.

Го гледав вчера Јанко, и навистина ме изнервира малку. Човекот си даде за право да објаснува зошто е опасен воздухот во Скопје, без никакви знаења околу тоа што придонесува кон оваа ситуација.

Па наместо, како што јас посочувам и како што реално е, дека загаденоста на воздухот во Скопје е голема веќе подолго време, како ‘‘последица‘‘ на сувото и ладно време и немањето на дожд и ветер, тој рече дека само овие два дена било така поради ‘‘дождот‘‘ кој паднал и поради што се создала магла. Ко прво тоа не беше дожд, дали едвај беше заросување. Ко второ, магла има веќе подолго време, поготово во ноќните и утринските часови, и не е присутна само во изминативе неколку дена.

Но, како што реков, временските услови ама баш не се виновни за тоа што се случува. Временски услови се, неможе да ги промениме. Но можеме да направиме промени и да го подобри квалитетот на воздухот, со мерки кои зависат од нас, луѓето. Да ги елиминираме или да ги донесеме до минимум причините за загадување на воздухот. Барем тоа можеме, секако, ако сакаме.

Причини за загадување на воздухот се: големата количина и концентрација на моторни возила со ниска еколошки стандарди за издувни гасови (збориме со татко ми за ова, и ми вика, да ја однесеме нашава кола во германија на технички и регистрација, ќе ни речат носете на преса, ова не е за да се регистрира во сообраќај), бавниот сообраќај и големите застои, потоа малата количина на вегетација (да се разбереме околу ова, не дрвца по тротоари и булеварски жардињери, зборувам за широки зелени површини а.к.а паркови), за која не само што слободниот простор во централното подрачје се смалува (како предуслов за изградба на нови паркови) туку и се намалува и се нарушува површината на веќе постоечките паркови. Пример и ‘‘Жена Парк‘‘. Потоа изградбата на нови објекти, кои во тек на изградба да прават загадување, но да речеме дека тоа е привремено. Многу позагрижувачки е нивната зафатнина на простор, односно едноставно се помалку и помалку простор останува за струење на воздух, се одзима од средината за потребата на објектите. И не само што одзимаат простор, туку и поставеноста е многу лоша. Не сакам да ме сфатите погрешно, не се работи за Скопје 2014, се работи за цело градско подрачје, вклучувајќи го и Градски Ѕид како голема бариера за протокот на воздух, иако тука се применети решенија за намалување на ефектот, но со изградба и на други објекти наоколу, тие решенија губат на цел. Потоа, нередовното миење на скопските улици, многу многу ретко се случува да видам да помине негде цистерна и да ги измие улиците, исто како што и многу ретко, освен кога врне, да видам улиците да се влажни. Зошто е ова важно. Затоа што полутантите, еве пример прашината е потешка од воздухот и се наталожува во ниските слоеви. Влажните коловози прават таа да се лепи на нив, и притоа се следното миење да се отстрани во атмосферската канализација. Истиот ефект го прави и дождот иако неговиот е многу поголем поради тоа што се паѓањето собира честички и од погорните слоеви.

Потоа спомнаа греење на објектите. Па сигурно дека загадуваат. Кога цел центар ни е со ниско-енергетско-ефикасни и ниско-еколошки објекти. Наместо тоа да се среди, ние пак градиме уште објекти за кои нивната енергетска ефикасност и ефект врз екологијата на средината, или пошироко градот се под знак прашалник.

Самата ‘‘расцепкана‘‘ дистрибуција на топлинска енергија од климатизерите е ногу полоша од централно греење и ладење, притоа кај централното се поставуваат и филтри, а кај климатизериве иде право во надворешниот воздух.

Самото ѓубре во градот придонесува до загадување на воздухот, поготово оние мини диви депонии, кои ги има насекаде низ градот. Нивното стоење, скапување, ферментирање внесува отровни и штетни материи во воздухот во градот. 

Истото е и случај и со палењето на ѓубре, гуми, и што и уште не. Што е доста застапено во самиот град но и околу. 

Немањето доволно грижа за парк-шумите Водно и Гази Баба, и останатите паркови во Скопје.

За на крај да дојдат индустриските и енергетсктие капацитети, како што се Усје, Железара, Топлификација (Исток, Тафталиџе, Скопје-север), кои и покрај тоа што се гасифицирани (за Исток сум сигурен, за другиве и не баш) сепак придонесуваат за приликите на загадување во Скопје, нека е водна пареа само, пак е влажност, и ете ти магла....

И кога сме кај маглата, маглата луѓе е влажна, а ова што е во Скопје е суво, сув воздух е, Смог е... добро има нешто и од тоа влага, ама повеќе е прашина и штетни гасови отколку што е вода....

Усје и Железара се премногу блиску, т.е тие се во Скопје.... Исто и за топланиве, кои и мора да бидат.

Но еве, и нека се, во тој случај ќе треба многу повисоки стандарди и мерки за заштита да се преземат, и од самите идустриски капацитети, но и од градот, па и државата. Од кај да ја знам, повисоки оџаци, филтри, многу филтри, зелени бафер (тампон) зони, или пак можност со цефководи, пренасочување на издувните гасови подалеку од Скопје, дури можна и нивна преработка и корист, зависи за што се работи....

И во секој случај садење и создавање на вегетација и зелени површина, ако сакаат и по кровови на згради нека ставаат (што е и одлична идеја, кога сме кај тоа, заедно со соларните панели), ама мора да има...

Еколошки фасади итн.... итн...

И помалку дишење, и ние произведуваме ЦО2 се зезам... се‘ ова што го напишав е за подобро, поздраво и повеќе дишење на скопјани.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 35>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.124 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.