build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Животот во Скопје 1918-1941

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Животот во Скопје 1918-1941
    Posted: 11-Jan-2008 at 13:38
Najdov edna mnogu interesna stranica za Skopje/staro Skopje tuka neznam dali vekje ja poznavate stranicava. Knigata treba da bide dobra, a i stranicata ima dosta informacii.

Edited by dejan - 11-Jan-2008 at 13:39
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 11-Jan-2008 at 14:04
Dosta intereseni informacii ima sajtov, na primer kako Vlasi ja izgradile deneshnata Italjanska ambasada.
Isto ne sum znael deka postoeshe 'Vardar Banka'? Eve tuka pishuva za toa, i ima dosta informacii za Skopskite familii vo toa vreme.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 11-Jan-2008 at 14:39
А ЗАТОАААА ли било Дебар Маало..... 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
dejan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 673
  Quote dejan Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 11-Jan-2008 at 14:51
jas sepak mislev deka imeto 'Debar' kazhuvashe od kade poteknuvale lugjeto? Ama ova go potvrduva.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12129
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 12-Jan-2008 at 20:37
Одлично!

Има изобилство на информации, а и по некоја фотка Smile
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 12-Jan-2008 at 20:57
Јас го имам видено сајтот и порано но само го имам складирано во Фејворитс никогаш не сум го разгледал. Изгледа солидно Thumbs%20Up
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 13-Jan-2008 at 00:23
Одлични податоци има на сајтот. Голем дел од сево ова би требало да се најде и на официјалната страна на Град Скопје. Сепак колку и да се трудиме да извадиме континуитет со Скупи, Јустинијана Прима или Средновековно Скопје пред Пиколомини ова докажува дека денешното градско јадро е старо 100-150 години, а пред тоа Скопје била обична паланка. Не е ни чудо што така бесмислено се гради и урбанизира.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3514
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 15-Oct-2017 at 09:33

еве и кој бил романтичарскиот односно пост-османлискиот ага кој палел и гасел на урбаниот семафор в Скопје

уште да имаше стенограми од седниците, таман идните урбани мајори да имаат абер како се почнало и до каде бива да ја спуштат топката

http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/c04/c04regulacionen.html

~

14.10.2017 - СКОПСКИ ЛЕГЕНДИ

Данило Коцевски

Малку се познати податоците за некогашните скопски градоначалници, кои денес речиси се заборавени. Граѓаните обично се интересираат каква промена настанала во управата на градот Скопје по заминувањето на Османлиите. Која личност била назначена за прв градоначалник во тоа време? Честa прв да ја извршува таа функција во 1912 година ја имал познатиот политичар и трговец, Спиро Хаџи Ристиќ. Тој бил член на Радикалната партија, но имал свои бизниси и во тутунската индустрија. Бил пратеник во османлискиот парламент, а подоцна бил сенатор во периодот меѓу двете војни, како и претседател на Трговско-индустриската комора на Скопје. Се образовал во Швајцарија и во Багдад, бил професор во скопската машка гимназија.

Спиро Хаџи Ристиќ бил градоначалник во два мандата. Од 1912 до 1915 година, кога почнало повлекувањето на војските преку Албанија и кога Скопје морало да се напушти. Вториот мандат го добил по Првата светска војна со траење од 1918 до 1920 година. Интересен е податокот дека Спиро Хаџи Ристиќ потекнува од Западна Македонија, од Тетово, поточно од селото Јeдоарце. И во двата мандата на Хаџи Ристиќ, градот веќе почнал да доживува значајни урбанистички трансформации. Донесен е првиот модерен урбанистички план, потоа почнуваат градбите што постепено му ги даваат препознатливиот дух и атмосферата на старо Скопје.

Промените ќе кулминираат некаде во периодот на 1930-тите години. За тие урбанистички промени Спиро Хаџи Ристиќ ќе запише: „Скопје се претвори во модерен европски град. Само за периодот од 10 години, во 1928 година, градот економски напредуваше...“. Забележано е дека во 1920-тите и 1930-тите години, стопанскиот, трговскиот и културниот живот во градот се развивал со полна пареа. Имало над триесет индустриски претпријатија и над две илјади трговски работилници. За тој подем на градот ќе придонесе подоцна уште еден градоначалник од Западна Македонија (од селото Тресонче), познатиот Јосиф Михајловиќ.

Спиро Хаџи Ристиќ имал проблеми не само во политиката, туку и во семејството. Неговата ќерка Дара била позната скопска убавица, скопјаните ја опишувале како „стројна, убава и сентиментална црнка“ од тетовско аџиско семејство. Со таа „згодна црнка“ се оженил никој друг туку познатиот скопски боем, поет и новинар Раде Драинац. Овој брак не траел долго поради непредвидливиот и нестабилен карактер на Драинац, кој сакал повеќе да седи во кафеана отколку дома. Распаѓањето на овој брак му донело доста проблеми на семејството Хаџи Ристиќ.

Но главните проблеми на градоначалникот, доаѓале од политиката и од неговата позиција на моќен опиумски магнат. Покрај трговијата со тутун, тој тргувал и со опиум, а се смета дека моќта во политиката постепено почнал да ја меша со сопствениот бизнис со опиумот и тутунот. Тоа подоцна ќе биде фатално по неговиот живот. Иако имало и други политички причини. Имено, познато е дека македонскиот опиум бил надалеку познат во светот. На пример, македонскиот опиум содржел од 4 до 16 проценти морфин, додека кинескиот само 3 до 5 проценти. Државната трговија и извозот постепено почнале да преоѓаат во приватни раце преку разни видови коруптивни зделки. На штета на производителите, реалната вредност на опиумот од 80 милиони, била спуштана на само 2 милиони. Тој се продавал под реалната цена. Опиумот од Македонија бил шверцуван на специфичен начин: или во охридската јагула, или во шарпланинскиот кашкавал.

Како на тутунски и опиумски велетрговец, главен идол на Хаџи Ристиќ му бил швајцарскиот индустријалец Хофман Ларош, кој заработил огромно богатство со продажбата на препарат што бил подготвуван врз база на морфин. Скопје пред војната имало значајна улога во официјалното и дозволеното извезување на опиумот. Извозот требало да биде одобрен со посебен сертификат на лабораторијата од скопскиот Тропски институт, кој се наоѓал во кругот на денешниот Клинички центар. Во ноември 1938 година се случила трагедија со првиот градоначалник на Скопје по заминувањето на Османлиите. Тој бил застрелан со револвер во центарот на градот од еден доверител, кој бил „незадоволен од неисплатената заработувачка од страна на Тутунската задруга чиј претседател бил Спиро Хаџи Ристиќ“. Велат дека во заднината стоела политичка пресметка.

Несомнено е дека тој бил способен и заслужен градоначалник и покрај сите перипетии во кариерата.
Постои и еден куриозитетен податок дека првиот авион што полетал од скопскиот аеродром бил руски воен авион од марката „дукс“. Тоа се случило 1912 година, кога се собрале многу скопјани на аеродромот, а градоначалникот Спиро Хаџи Ристиќ одржал свечен говор.

Нашиот познат етнолог Миодраг Хаџи Ристиќ е од истото семејство. Фармацевтот Владислав Ристиќ, градителот на Ристиќевата палата од 1926 година, нема никаква семејна врска со Спиро Хаџи Ристиќ.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Кој-бил-првиот-градоначалник-по-заминувањето-на-Османлиите&id=30d479f8-1803-4bcb-b5de-074f3c6058ff
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.