build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хералдика и вексилологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #201 Posted: 06-Dec-2015 at 11:11
остај црквите него хералдички овој добар ли е?? да не е на некој член на здружението....дека има иста круна како онаа шо ја ставате.... и имавте тука пратено стручен консултант како у к.вода??
Back to Top
Macedonicus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Google Maps: Regional Expert

Joined: 29-May-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 336
  Quote Macedonicus Quote  Post ReplyReply #202 Posted: 06-Dec-2015 at 12:09
Што им е со црквиве бре, нека се оправат...ај ако не крстови да наредиме на сите општини (со исклучок на муслиманските, таму месечинки)
ಠ_ಠ
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1967
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #203 Posted: 07-Dec-2015 at 10:31
Хералдички е горе-долу исправно, но тоа не е поентата. Имавме член во комисијата, но повторно без одлучувачка моќ, и дополнително на последните неколку состаноци воопшто не бил викнат, при што неколку предлози се сменети со неколку други. Ми смрди на корупција до тука. Што дека го испочитувале штитот со круната? Содржината е таа што е најбитна. Поради ваквиот тренд ми доаѓа да се откажам од се', бидејќи очигледно проблемот е суштински и лежи во примитивниот самобендисан менталитет, и осеќам дека е џабе секој наш труд тоа да се оправи. Единствено решение е сите општински грбови да се нацртаат од стручни лица и да се донесат со декрет, сите одеднаш. Вака лакрдијата останува, само пресоблечена во друга форма.
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
Back to Top
СК View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 02-Feb-2014
Location: СКопје
Online Status: Offline
Posts: 106
  Quote СК Quote  Post ReplyReply #204 Posted: 07-Dec-2015 at 18:44
аман!!

Originally posted by alexgizh

Единствено решение е сите општински грбови да се нацртаат од стручни лица и да се донесат со декрет, сите одеднаш. Вака лакрдијата останува, само пресоблечена во друга форма.


тоа му е мајката изглеа!!
Back to Top
Kid_A View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 24-Nov-2014
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 405
  Quote Kid_A Quote  Post ReplyReply #205 Posted: 08-Dec-2015 at 18:17
Кај нас сите општини крстови на грбовите, па човек ќе помисли што народ живее тука. Од црква не излегуваат

А, црквите зјаат празни. Дури градиме нови.
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #206 Posted: 22-Dec-2015 at 21:09
Промовирана публикацијата „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски

Капитална публикација насловена „Симболите на Македонија“ од авторот Јован Јоновски, прва книга од ваков вид, која ги открива хералдичките обележја кои го дефинираат идентитетот на македонскиот народ, неговиот легимитет со препознатливи вредности и особености во семејството на европските нации, е промовирана денеска во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Станува збор за една исклучително значајна, раритетна публикација која е дел од богатата Годишна програма на Министерството за култура и која се занимава со хералдиката не како помошна историска дисциплина, туку како самостојна мултидисциплинарна наука.

– Преку овој вреден авторски труд сите ние се навраќаме на богатото минато на македонскиот народ и го потврдуваме историскиот континуитет на употребата на нашето древно име, Македонија. Ова е дело чија вредност ќе се зголемува со секоја нова генерација, дело кое илустрирајќи ја вистината за македонската држава, ќе ја едуцира младата македонска популација за нејзините корени, за историските традиции, за минатото кое е сигурен патоказ кон иднината, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на промоцијата.

Публикацијата „Симболите на Македонија“ на авторот Јован Јоновски, докторант на Институтот за Национална историја по хералдика и вексилологија, посочи министерката, е темелник на современото истражување и проучување на националните обележја на нашата држава и на македонскиот народ низ историјата. Нагласи дека во ова значајно издание, на речиси 400 страници, со интересен и разбирлив јазик и со повеќе од 600 впечатливи илустрации, се презентирани различните историски периоди, кои имале влијание врз развојот на нашата држава.

– Со еден сериозен, сеопфатен и строго научен пристап кон националните симболи кои ги вклучуваат државното знаме, државниот грб, државната химна и националните етнички обележја кои вековно го претставувале и симболизирале македонскиот народ, Јоновски ги разработува речиси сите аспекти од развојот и примената на симболите на Македонија со што на успешен начин го пополнува вакуумот на дела од оваа мошне сериозна област. Во овој контекст, Јоновски особено се осврнува на симболите присутни од антиката, како историските грбови поврзани со Македонија преку припишаните грбови на Александар Македонски и „кралот на Македонија“, истакна Канческа Милевска.

Според неа, најхрабрите ставови на Јоновски се однесуваат токму на „земскиот“ грб, каде авторот дава нови аргументи и сосема ново светло на илирската хералдика и досегашните теории за старите грбовници меѓу кои се наоѓа и грбот на земјата Македонија.

Дадениот преглед на разните обредни и воени знамиња, одликувања, како и химната на Република Македонија, потенцира Канческа Милевска, ја покажува проникливоста и умешноста на авторот да се презентира колективното симболично живеење на овие простори од дамнина, се до модерниот период кој е клучен за градењето на националниот идентитет во кој симболите играат значајна улога.

– Монографијата „Симболите на Македонија“ е уште едно документирано сведоштво за македонската историја и многуслојните вредности кои таа ги поседува, монографијата е трајна придобивка која нашата генерација ќе ја остави за идните поколенија, додаде Канческа Милевска.

Промоторот Раде Силјан рече дека народите се препознаваат по симболите, по обичаите и традиционалните обележја, негувани и одржувани од многу поколенија. Преку проткајувањето на историското наследство и творечките остварувања на современиците, посочи, се гради култот на една автохтона нација.

– Развојните духовни процеси на македонскиот народ ги бележиме во континуитет во изминатите бурни столетија. Токму затоа познавањето на симболите е од особено значење за нашиот народ. Македонија има големо историско и културно наследство и богатство со специфични и препознатливи симболи. За оваа наша констатација најилустративно говори делото „Симболите на Македонија“ од Јован Јоновски кое според моето убедување е настолна книга долго очекувана во нашата наука, рече Силјан.

Тоа, нагласи, е можеби никулец за целосно современо истражување и проучување на македонските симболи како низ историјата, така и денес зашто во него се разработени значајни аспекти од развојот и примената на симболите во Македонија.

Според него, со книгата „Симболите на Македонија“ Јоновски прави сериозен исчекор во истражувањето на историскиот развој на грбовите на Македонија и на најдостоен начин го продолжува пионерскиот зафат на академик Александар Матковски остварен во втората половина на минатиот век.

– Делото е напишано со научно-популарен стил и е поткрепено со илустративен материјал што го прави податливо и исклучително интересно четиво. Во него се наоѓаат многу одговори во врска со симболите на Македонија и претставува основа за нови натамошни научни истражувања, додаде Силјан.

Авторот Јоновски се осврна на содржината на публикацијата која, како што рече, е поделена во девет глави. Во првата глава насловена „Симболи и системи на симболи“, посочи, е поставена основата со објаснувањето на значењето на поимот симбол и принципите на толкување на неговото значење.

Нагласи дека во главата „Древните симболи на Македонија“ се претставени најстарите симболи кои се употребуваат во Македонија, но кои се пренесени до нас и ги наоѓаме во археолошките наоди на накит, садови и на нумизматички материјал.

– Третата, а воедно и најголема глава, насловена „Хералдика“ ги дава основните поими на хералдиката и нејзиниот историски развој. Во четвртата глава „Грбовите на Македонија“ посебен осврт ќе се даде на историските грбови поврзани со Македонија. Петтата глава „Територијална хералдика“ е посветена на месната хералдика-хералдиката на единиците на локалната самоуправа со многу илустрации од постојните грбови, како и за македонскиот месно-хералдички систем, според кој се дизајнираат општинските грбови, додаде Јоновски.

Останатите глави во публикацијата на Јоновски се насловени „Вексилологија“, „Химна“, „Фалеристика“…
http://lider.mk/2015/12/22/promovirana-publikacijata-simbolite-na-makedonijaod-jovan-jonovdki/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 91011

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.094 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.