build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Хералдика и вексилологија

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 06-Dec-2014 at 04:57
Ова на пример

Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 06-Dec-2014 at 11:18
МАКЕДОНСКОТО ХЕРАЛДИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВ ГРБ

Лавот е симбол и на Македонците и Албанците и на другите заедници во Македонија

Црвениот лав на златно поле е најдобар хералдички симбол, кој има своја традиција, но и сегашност и иднина на една европска Македонија.



Сегашниот грб на Република Македонија во целост е дизајниран според грбот на Советскиот Сојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите советски републики, Југославија со своите републики, како и останатите држави од источниот блок и други земји со социјалистичко уредување како Ангола и Северна Кореја. Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа „посветлото опшество на комунизмот“ до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците.

Отстранувањето на црвената петокрака во 2009 година воопшто не го промени социјалистичкиот изглед на грбот, туку незначително го измени. Најкрупните елементи, сонце, житни класје поврзани со лента со народни мотиви останаа и целосно го дефинираат сегашниот грб како социјалистички. Претставата за социјалистичка земја од типот на Ангола и Северна Кореја воопшто не е одговара на реалноста.

Хералдичките грбови се безвременски културолошки симболи за идентификација. Тие ги сплотуваат сите заедници и поединци во државната традиција. Сите европски земји денес поседуваат хералдички државен грб. Дури и земјите од поранешниот источен блок со настапувањето на демократските процеси се навратија на своите историски грбови.

Македонија заедно со Белорусија е една од двете последни земји во Европа кои сè уште користат амблеми по урнек на советската амблематика.

Од друга страна, Македонија е една од ретките земји во Европа која има конзистентен симбол кој неоспорно се проткајува низ целата нејзина историја, и кој евидентно ги спојува заедниците кои живеат во земјата и се прифатливи за нив.

Предлогот за грб на Република Македонија е базиран на традицијата на грбови поврзани со Македонија, почнувајќи од илустрациите на Вилем Верланд (+1481) и грбовникот на Жером де Бара од 1581 год., кој преку Стематографиите на Витезовиќ (1694) и Жефаровиќ (1741), ќе стане и земски грб на Македонија.



Жером де Бара (1581 год.)

Во европските грбовници најконзистентна претстава е црвениот лав на златно поле. Најпознати претстави од него се дадени во грбовниците на Жером де Бара (1581 год.) и Жан Робен (1639 год.), кои претходат на илирските и потекнуваат од европски земји со развиена хералдичка традиција.



Жан Робен (1639 год.)

Блазонот на овој грб гласи: На злато-жолто поле разнгевен црвен лав. Штитот е крунисан со златно-жолта градобранска круна со пет кули, поставени на златна дијадема, украсена со рубини и бисери од Македонија.

Градобранската круна на грбот го претставува републиканското уредување на државата. Кулите на круната претставуваат графички израз на бројот пет, кој пак е симбол на државноста. Со тоа се цели да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата. Рубинот и бисерот се симболи со кои се поврзува државата со земјата како природно тло.

Ваквиот предлог е во согласност со историските факти, а воедно одговара на народната перцепција од преродбеничко време. Лавот како симбол може да биде обединувачки на сите заедници и граѓани, како што е тоа докажано и во низа европски земји. Лавот е несомнено симбол и на Македонците, Албанците и другите заедници во Македонија кој преставува и земски симбол на земјата, територијата, државата.

Затоа црвениот лав на златно поле, е најдобар хералдички симбол, кој има своја традиција, но и сегашност и иднина на една европска Македонија. Со донесувањето на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори.

Македонско хералдичко здружение

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/lavot-e-simbol-i-na-makedoncite-i-na-albancite-i-na-drugite-zaednici-vo
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 06-Dec-2014 at 12:59
Originally posted by Kid_A

Мислам дека е ова само пробна верзија. Рекоа дека ќе има јавна расправа, па сигурно дека понатаму ќе се доработува и усовршува. Ова е само почеток, но допрва ќе видиме како ќе реагира албанското, турското и босанското малцинство во државата.



Затоа новиот грб на Македонија веројатно ќе биде ваков:



Edited by phenomenon - 06-Dec-2014 at 12:59
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 06-Dec-2014 at 13:08
Originally posted by FoSsiL

Originally posted by jyvation

...На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови...

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BB%D0%B0%D0%B2

Википедиа и не е некаков извор, ама барем да имаме основа


Ама не можеш да имаш грб на држава што симболизира лов на лавови некогаш кога постоеле. Грбот на државата треба да биде поврзан и да симболизира нешто од идентитетот на државата и народите кои живеат во неа. Да сме „лавови“ ко држава и народ, ајде, ама не сме, поише наликуваме овци.
Намерно не се нафатив да ти објаснувам зошто знаев каков ќе беше крајниот резултат. Секоја чест за juvation што се нафати , мн просто ти објасни. Но тоа е кога не сте учеле историја во средо, не сфаќате некои работи. Паметен дечко си ти Fossil, не пливај во малограѓанските води, земи некоја книга прочитај или пак гуглни, најчиста работа. Не не терај да ти објаснуваме некои основни работи кои требало да ги научиш во средно !
Back to Top
Z|evzek View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 10-Jun-2012
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 423
  Quote Z|evzek Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 06-Dec-2014 at 13:24
Ова е од 1741 година (Сликава ја имавте во учебникот по историја од 3та година)



Рилски манастир


Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Dec-2014 at 13:40
Еве и мое мислење за Грбот.

1. Менување на грбот ќе придонесе непотребни трошоци. Менувањето на грбот пред се е иницирано повеќе од Власта односно со тоа сакаат да стават одреден печат на нивното владеење. Ова било случај многупати во историјата на другите земји и сосема очекувано беше ова да се случи.
2. Не ми е јасно зошто упорно се вадат на тоа "комунистички" кога комунизмот е дел од Македонија и македонската историја колку и да сака некој тоа да го оспорува или оцрнува (при тоа забораваат дека Јане Сандански, Никола Карев и останатите биле комунисти т.е. социјалисти).
3. Грбот треба да биде поврзан со македонската традиција и воопшто не е потребно да се внесуваат антички симболи бидејќи македонската традиција не настанала за време на антиката, а ниту антиката е поврзана со македонската традиција (Античка Македонија и Македонија освен територијално немаат некоја поголема поврзана допирна точка).
4. Предлогот што беше на Алфа вести воопшто не отсликува ништо со македонската традиција и историја пред се поради corona muralis.

И едно прашање за крај, дали овие што ќе го сменат грбот ќе имаат исти третман како оние што го сменија знамето во 90тите?
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 06-Dec-2014 at 15:43
Originally posted by Z|evzek

Originally posted by FoSsiL

Originally posted by jyvation

...На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови...

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BB%D0%B0%D0%B2

Википедиа и не е некаков извор, ама барем да имаме основа


Ама не можеш да имаш грб на држава што симболизира лов на лавови некогаш кога постоеле. Грбот на државата треба да биде поврзан и да симболизира нешто од идентитетот на државата и народите кои живеат во неа. Да сме „лавови“ ко држава и народ, ајде, ама не сме, поише наликуваме овци.
Намерно не се нафатив да ти објаснувам зошто знаев каков ќе беше крајниот резултат. Секоја чест за juvation што се нафати , мн просто ти објасни. Но тоа е кога не сте учеле историја во средо, не сфаќате некои работи. Паметен дечко си ти Fossil, не пливај во малограѓанските води, земи некоја книга прочитај или пак гуглни, најчиста работа. Не не терај да ти објаснуваме некои основни работи кои требало да ги научиш во средно !


Значи јас не реков дека не постоел таков грб и дека денешниот потекнува од него, јас друго прашав... Зошто ваков грб ДЕНЕС, кога реално си нема врска со ДЕНЕШНА Македонија? Почнувајќи од лавот... ве молам дајте ми објаснување ако можете? За неговата употреба денес секако... зашто тоа објаснување дека... „Лавот како симбол може да биде обединувачки на сите заедници и граѓани, како што е тоа докажано и во низа европски земји. Лавот е несомнено симбол и на Македонците, Албанците и другите заедници во Македонија кој преставува и земски симбол на земјата, територијата, државата.

Затоа црвениот лав на златно поле, е најдобар хералдички симбол, кој има своја традиција, но и сегашност и иднина на една европска Македонија. Со донесувањето на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори. “... ми е колку да се каже нешто кое не е поткрепено со реалната ситуација... и патем еве што означува лавот во хералдиката... „It traditionally symbolises bravery, valour, strength, and royalty, because historically it has been regarded as the king of beasts.“... Ако ова соодвествува со Македонија и народите тука... тогаш сите се лажеме... и ќе носиме грб кој не сме достојни да го носиме... ама добро...

Или допрва ќе измислуваме нешто?
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 2347
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 06-Dec-2014 at 16:15
Moже нешто вакво, само наместо едреник ќе ставиме некоја од галиите на Вардар?


開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 11764
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 06-Dec-2014 at 16:19
Ми се допаѓа... Може наместо написот Desite the Right да стои „Република Недојдија“.
За сè има вторпат
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 06-Dec-2014 at 16:30
Ама не стварно... многу пореално и побрзо е да дадеш објаснување за поврзаност со овца отколку со лав...



Еве како би било: Овцата најдобро ја отсликува природата на македонскиот народ. Таа претставува вредности на сталоженост, смиреност, трпеливост, покорност и зависност од својот владетел. Овцата ја интересира само да пасе и ништо друго посебно, освен кога ќе удри гром па малку ќе се вознемири. Овцата е кротко животно, но е поставена во исправена позиција затоа што македонскиот народ многу сака да се дига, но само за кратко, потоа пак си се враќа на пасење. Доминантна овца во Македонија е црвената (ги има и сини ама кој ги... нив), а и по мерка на владетелот кој омилена боја му е црвената. Секако освен пасење, овцата посетува и редовно стрижење. А кога ќе и здосади да биде овца се преобразува во галеб и одлетува од Македонија, ама тоа сега не е важно.

ПС: А тоа горе круната онака е ставена, за украс.

Edited by FoSsiL - 06-Dec-2014 at 16:34
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
citizenK View Drop Down
Newbie
Newbie


Joined: 06-Dec-2014
Online Status: Offline
Posts: 27
  Quote citizenK Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 06-Dec-2014 at 18:51
Фосил не мислам дека овцата го отсликува македонскиот народ. Сепак мислам дека треба да има мала сликичка до лавот од говедо пошто има еден мал дел од македонскиот народ кој со векови кења кај што не треба.
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 06-Dec-2014 at 19:08
пасошите и личните документи сигурно нема да се менуваат се додека не им истече важноста,барем досега било така .еве една варијанта како би изгледало

Back to Top
Max View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 3516
  Quote Max Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-Dec-2014 at 19:35

вака ко силуета на шарпланинец ми личи уште боздоганот на крали марко в рака му фали

Edited by Max - 06-Dec-2014 at 19:35
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4187
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 06-Dec-2014 at 23:06
Originally posted by FoSsiL

Originally posted by Z|evzek

Originally posted by FoSsiL

Originally posted by jyvation

...На територијата на Македонија некогаш живееле лавови, што е и поткрепено од антички историчари и фосилните наоди од околината на Делчево. Ловот на лавови бил популарен помеѓу Македонците и како резултат на тоа пронајдени се поголем број на мозаици и слики со сцени од лов на лавови...

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BB%D0%B0%D0%B2

Википедиа и не е некаков извор, ама барем да имаме основа


Ама не можеш да имаш грб на држава што симболизира лов на лавови некогаш кога постоеле. Грбот на државата треба да биде поврзан и да симболизира нешто од идентитетот на државата и народите кои живеат во неа. Да сме „лавови“ ко држава и народ, ајде, ама не сме, поише наликуваме овци.
Намерно не се нафатив да ти објаснувам зошто знаев каков ќе беше крајниот резултат. Секоја чест за juvation што се нафати , мн просто ти објасни. Но тоа е кога не сте учеле историја во средо, не сфаќате некои работи. Паметен дечко си ти Fossil, не пливај во малограѓанските води, земи некоја книга прочитај или пак гуглни, најчиста работа. Не не терај да ти објаснуваме некои основни работи кои требало да ги научиш во средно !


Значи јас не реков дека не постоел таков грб и дека денешниот потекнува од него, јас друго прашав... Зошто ваков грб ДЕНЕС, кога реално си нема врска со ДЕНЕШНА Македонија? Почнувајќи од лавот... ве молам дајте ми објаснување ако можете? За неговата употреба денес секако... зашто тоа објаснување дека... „Лавот како симбол може да биде обединувачки на сите заедници и граѓани, како што е тоа докажано и во низа европски земји. Лавот е несомнено симбол и на Македонците, Албанците и другите заедници во Македонија кој преставува и земски симбол на земјата, територијата, државата.

Затоа црвениот лав на златно поле, е најдобар хералдички симбол, кој има своја традиција, но и сегашност и иднина на една европска Македонија. Со донесувањето на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори. “... ми е колку да се каже нешто кое не е поткрепено со реалната ситуација... и патем еве што означува лавот во хералдиката... „It traditionally symbolises bravery, valour, strength, and royalty, because historically it has been regarded as the king of beasts.“... Ако ова соодвествува со Македонија и народите тука... тогаш сите се лажеме... и ќе носиме грб кој не сме достојни да го носиме... ама добро...

Или допрва ќе измислуваме нешто?


А зошто Норвешка не постави нафта и нафтени полиња на својот грб.Нели они се некако посебни и тоа ги отсликува во денешно време?Мислам ако сакаш да се зезаме за вакви работи тоа може да го правиме и на собиранките.

Ете има рубини и бисери горе.Првите ги има во Прилеп а вторите во Охрид.Доле е поставен лавот кој пастирав поназад зошто е поставен.Ете ти некој микс.
Па и мене не ми се допаѓа до некаде, ама ова ќе претрпи сигурно измени.Не е ова конечно решение

Edited by jyvation - 06-Dec-2014 at 23:08
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 06-Dec-2014 at 23:33
Норвешка е кралство (со традиција), Македонија не е, а не ни била.

Србија и Бугарија на пример... имаат исто лавови и орли... ама биле кралства некогаш и ги задржале, односно повратиле од таму... Не дека морале или е оправдано или соодвествува со денешните држави... ама колку толку повеќе има смисла од нашиов грб...

Мислам дека на Македонија и требаше некој грб налик хрватскиот, босанскиот, кипарскиот, словенечкиот, словачкиот, швајцарскиот, па дури можеби и италијанскиот и португалскиот.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 07-Dec-2014 at 00:09
Кралствата имаат грб со круна,а републикански ориентирани држави имаат круни во обил на трвдини(кастели).Така имам читано
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 07-Dec-2014 at 00:14
Не зборам за круната... зборам за целокупното значење на грбот.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 07-Dec-2014 at 00:22
Originally posted by FoSsiL



Мислам дека на Македонија и требаше некој грб налик хрватскиот, босанскиот, кипарскиот, словенечкиот, словачкиот, швајцарскиот, па дури можеби и италијанскиот и португалскиот.


Фосил ти друже имаш проблем да разбереш што е историја, традиција, минато. Грбот не е уметничко дело па да го црткаш како сакаш. Тоа е што е. Овој грб не е од денес, има своја историја, симболика, значење. Не е тоа бел лист и ај сега цртај шо сакаш.
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4687
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 07-Dec-2014 at 00:28
Добро. Прашувам: Која е историјата, симболиката и значењето на овој грб и како е поврзана со Република Македонија?

Одговорете ми на прашањето и ќе престанам да критикувам.
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 07-Dec-2014 at 00:33
доста историја,еве ви малку `практика`:



Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.125 seconds.

Copyright ©2007 - 2018  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.