build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Буџет(и) - Скопје

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #161 Posted: 03-Oct-2015 at 11:04

Градскиот буџет до година ќе тежи 70 милиони евра

Градската каса следната година ќе располага со околу 70 милиони евра (3,9 милијарда денари) буџет, според првичните проекции за кои советниците и дирекорите на јавните претпријатија дискутираа на дводневна работна средба во Маврово.

Сепак, се работи за развоен буџет, кој до финaлниот предлог најверојатно ќе претрпи извесни измени, но генерално останува фактот што за следната година Градот најмногу ќе инвестира во инфраструктурни проекти – проширување, реконструкција и пробивање на улици, како и за проекти и изградба на нови кружни текови во Центар и во Карпош.

Според работната верзија на буџетот, во која се земени предвид и мислењата од сите 10 скопски општини, најмногу средства се предвидуваат за урбанистички проекти, околу 2,5 милијарди денари. Дел од нив се за изработка на урбанистички планови- 80 милиони денари, за геодетски услуги -15 милиони, за физибилити проекти- 7 милони денри, уривање на објекти- 2 милини, одржување на улици 130-милиони денари, одржување на фонтани -30 милиони денари, за Градска куќа -100 милиони денари, за изграба за трафостаница за Луна парк – 5 милиони, за нaбавка на реквизити за Луна паркот -60 милиони денари, за проекти на три кружни текови (два кај Јужен булевар и еден кај Судска палата околу 21 милиони денари, за фасади 30 милиони денари.

Како што нагласи градоначалникот Коце Трајановски, во проекциите на буџетот, е запазено во секој општина да се реаализира по некој капитален проект.

Пет нови кружни тека

Развојниот буџет предвидува булеварско решение на главната улица во Сарај, но доколку нема простор ќе се реконструираат двете ленти од Сарај до Глумово, и дел од гла улицата во Кондово.

Во општина Ѓорче Петров ќе се реконструира главната улица со тротоарите и ќе се продолжу булаварот Партизански одреди до црквата Св. Петар и Павле. Исто така, ќе се проширува и улицата Борис Сарафов на две места.

Карпош ќе добие кружен тек на крстосницата кај „Хубо Мркет“, а ќе се проширува и улицата Скупи. Ќе се изработува проект за продолжување на улицата Теодосиј Гологанов,како и за партерно уредување на просторот спроти студенстскиот дом „Гоце Делчев“.

Во Центар, предвидено е рекострукција на улицата Тодор Александров, од учлиштето „Кочо Рацин“ до првата кривина, со што ќе добие булеварско решение. Во најава е проект за голем кружен тек кај Нова Маакедонија и да помали ма Јужен булевар, а кај Судска Палата предвиден е кружен тек на повеќе нивоа.

Во Кисела Вода кон крајот на октомври ќе почнат градежните активности за продолжување на булеварот Борис Трајковкски, од „Стаклара“ до семафорите кај Пинтија, а на последна 24-ка, исто така се предвидува кружен тек. Во план е и санациа на улицата Народни херои.

Во Аеродром, следната година треба да заврши реконструкцијата на Трета Македонска бригада, а ќе се продолжува и булеварот Асном. Паркот од 90.000 метри квадратни, кој се гради кај последна 5-ка, треба да се заврши.

Во Гази Баба е предвидено проширување на булеварот Александар Македонски, од „Агро сервис“до АСУЦ.

Во Чаир ќе се проширува Пластичарската улица, улицата Хрстијан Тодоровски Карпош ќе се реконструира од „Веро“ до улицата Втора Македонска бригада.

Во Бутел, ќе се реконструира дел од Христијан Тодоровски Карпош, а ќе се санираат и улиците Серава и Александар Урдаревски.

Во Шуто Орризари ќе се заврши изградбата на водоводот, а се предвидува и санацијa на некои локални улици.

180.000 евра за карузел на плоштадот „Филип Втори“

По неуспешниот обид Скопје да добие нов Луна Парк преку јавно приватно партнерство, Градот одлучи овој проект да се финансира од градскиот буџет. Засега нема најави за субвенции од Владата. Кон крајот на годинава, ќе се распише тендерот за набавка на нови реквизити.

Исто така, центарот на метрополата ќе добие уште еден карузел, за кој се предвидени 180.000 евра, а ќе биде поставен на плоштадот „Филип Втори“.

Идејата Скопје да добие трамвај сеуште останува, но конкретни активности за ваков вид на алтернативен јавен превоз, за следната година не се предвидени.

Нетпрес

Edited by <Fresno> - 03-Oct-2015 at 11:05
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #162 Posted: 03-Oct-2015 at 17:33
Значи, 2016 г. ќе биде година на кружни текови, на проширени и продолжени булевари и на уште една вртелешка. Голем напредок за Град Скопје.
За сè има вторпат
Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #163 Posted: 03-Oct-2015 at 17:56
Уш една вртелешка, џизс. Што не ја преместат само оваа што сега го блокира кејот?
Back to Top
stratus View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Aug-2010
Location: Bitola/Skopje
Online Status: Offline
Posts: 754
  Quote stratus Quote  Post ReplyReply #164 Posted: 03-Oct-2015 at 18:32
Дали овој буџет е само на град Скпје? (без општините)

Дали има податоци за вкупен буџет на град Скопје плус буџетите на деветте скопски општини?

Дали има некаква статистичка анализа за тоа колку пари од годишниот буџет му „следува“ на секој граѓанин по различна општина/град/регион?
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #165 Posted: 03-Oct-2015 at 22:03
Значи и за наредните 15 месеци да не очекуваме барем некаков ангажман за изградба на мостот на крајот од Илинденска.
 
Ама затоа кружни текови и споменици на нив, се разбира, ќе ги има во изобилие.
 
И се разбира, нов карусел за задоволување на детинестите желби на пвеводбениците.
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4075
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #166 Posted: 03-Oct-2015 at 22:24
Секоја година станува полошо. Изгледа ,,некој,, изгубил осет со фантазиите!
Back to Top
Petar Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Sep-2014
Online Status: Offline
Posts: 271
  Quote Petar Skopje Quote  Post ReplyReply #167 Posted: 04-Oct-2015 at 08:00
Да си се вртиме у круг..
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #168 Posted: 04-Oct-2015 at 12:58
Инаку за кружните текови во центар големиот кај НИП и двата мали ќе се издвојат пари за нивни проекти, што значи далеку се од започнување на градежните активности, кога ќе се прочита меѓу редови за овој буџет повеќе ставки се за проекти (проект за продолжување на Теодосиј Гологоанов, проект за кружните текови и тој кај судска палата).
Back to Top
Dexter26 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 2035
  Quote Dexter26 Quote  Post ReplyReply #169 Posted: 04-Oct-2015 at 16:49
Previous
 
Кој црн кружен тек кај судска палата ?
 
Кај семафорите кај Мавровка ?
 
Доколку е на таа локација, тогаш овие навистина изгубиле секаков контакт со реалноста.
 
На такво тесно грло не може да се реши сообраќајниот метеж, може само да се контролира со семафори, а кружен тек ќе биде почеток на неконтролиран сообраќаен хаос.


Edited by Dexter26 - 04-Oct-2015 at 16:50
Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #170 Posted: 04-Oct-2015 at 17:20
Се мисли на две нивоа...

Али по тоа што сме навикнале сигурно ќе биде некоја импровизација
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Online
Posts: 15015
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #171 Posted: 29-Oct-2016 at 08:49
ГРАДСКИОТ БУЏЕТ ЗА 2017 ЌЕ ТЕЖИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА

Градските власти в година ќе имаат за трошење околу 80 милиони евра, што е за нецели 10 милиони повеќе од парите со кои Коце Трајановски располага годинава. Ова е првичната проектирана сума за буџетот на Град Скопје за 2017 година, за кој изминативе два дена во Маврово дискутираа градоначалникот и градската администрација, заедно со членовите на Советот и претставници на јавните претпријатија. Генерално, најголем дел од парите в година ќе се потрошат за изградба и проширување на улици и булевари, за проектирање кружни текови, за субвенции на јавните претпријатија. Практично, ќе се троши за завршување на тековните проекти, а ќе започне реализација и на неколку нови.

Набавката на електрични автобуси, изградбата на Луна паркот, почеток на изградба на нови булевари и проширување на неколку улици, како и проектирање четири кружни текови, се главно проектите што ќе почнат да се реализираат во наредната година. Всушност, тие ќе бидат и адут на актуелниот градоначалник, во случај на негова трета кандидатура на локалните избори што треба да се одржат на пролет.

„Еден од приоритетите за в година ќе биде набавката на електричните автобуси. Пари за нив нема да трошиме од планираниот буџет, туку тие ќе се набават на кредит. Значителен дел од средствата за 2017 година ќе се потрошат за набавка на реквизитите за новиот Луна парк, како и за неговата изградба. Планирано е реквизитите да се набавуваат во рок од три години, односно, првиот дел да стигне в година, вториот во 2018, а забавниот парк ќе се комплетира во 2019 година“, појасни Трајановски.

Тој рече дека од буџетот ќе се издвојат пари за завршување на булеварите „Србија“, „Борис Трајковски“, „Трета македонска бригада“, „Христијан Тодоровски-Карпош“ од „Веро“ до зградата на Општина Чаир, како и третата фаза кон населбата Бутел.

„Проекти што ќе ги започнеме в година се проширување на улицата ‘Теодосиј Гологанов‘ од Клубот на пратеници до раскрсницата со булеварот ‘Климент Охридски‘, проектирање на кружните текови за подземната сообраќајница на Јужен булевар, проширување на улицата ‘Павел Шатев‘ кај Министерството за внатрешни работи со четири ленти, реконструкција на ‘Народни херои‘ во Кисела Вода, како и пробивање на новата улица ‘Есенинова‘ кај Тутунски комбинат, со цел директно поврзување на Кисела Вода со Аеродром“, истакна Трајановски.

Во план е со парите од буџетот за 2017 година да се прошири и булеварот „Никола Карев“, односно пластичарска улица. Во Општина Карпош ќе се реконструира улицата „Лондонска“ кај ТЦ „Сити мол“, а ќе се проширува и раскрсницата кај „Хубо маркет“, во Општина Ѓорче Петров улицата „Борис Сарафов“, во Гази Баба булеварот „Александар Македонски“...

Планирани над 5 милиони евра за фасади

Град Скопје и в година ќе потроши значителна сума за фасади во центар, во стилот на „Скопје 2014“. Во нацрт буџетот се предвидени околу 5 милиони евра за реконструкција на фасади. Околу половина милион евра, пак, е планирано да се потроши за подготовка на проекти, додека нецели 100.000 евра се предвидени во ставката за илуминација на спомениците и фонтаните.

Трета среќа за градоначалничката фотелја

Коце Трајановски не открива дали ќе се кандидира на претстојните локални избори напролет. Иако избегнува директен одговор на прашањето околу кандидатурата, очигледно е неговото задоволство од сработеното досега, што му дава мотив по третпат да се бори за градоначалничката фотелја. Вели дека тој само за една година направил колку што порано се правело за време на еден цел мандат.

„Битно е ние да ги завршиме почнатите проекти и да започнеме со новите. Дали ќе се кандидирам или не, не е толку битно“, вели Трајановски, но индиректно признава дека неговата желба е едно, но оти за евентуална повторна кандидатура влијаат и други фактори.

http://utrinski.mk/?ItemID=8E7B5AAEB736EC458F1AAA3A9B8AC8DB
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1108
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #172 Posted: 04-Jun-2019 at 18:00
Галески: Шилегов крати од капитални проекти

Вчера Советот на градот Скопје расправаше за ребаланс на буџетот, каде се предвидуваат одредени кратења, помалку пари за одредени проекти, и повеќе субвенции за јавните претпријатија, рече во вторникот Луке Галески, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот ребаланс беше критикуван од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

„Пред само две недели на истава говорница се фалевте со финансиските успеси на јавните претпријатија, додека сега на оваа седница кратите од капиталните расходи и ја зголемувате сумата за субвенционирање на јавните претпријатија со парите на скопјани, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески. Се зголемува сумата за субвенции за јавни претпријатија за 17 милиони денари, додека сумата за капитални субвенции за претпријатија и невладини организации од 9 милиони на 44 милиони денари“, посочи Галески

„Ова не е развоен буџет, овој буџет нема да значи решавање на проблемите на скопјани туку крпење на дупки, и купување време. И Градот Скопје го следи неславниот рекорд на Владата па крати од сумата предвидена за капитални инвестиции и ги прераспределува парите во други ставки. Капиталните расходни вкупно се намалуваат за 47 милиони денари, а в исто време се зголемува сумата за купување на мебел за 3 милиони денари, додека за 11 милиони денари се намалува сумата која се издвојува за купување на опрема и машини“, истакна советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески.

Истакна дека градот ја зголемува сумата за привремени вработувања за 12 милиони денари наспроти ветувањата на Шилегов за мала стручна и ефикасна администрација.

„Се зголемуваат субвенциите за АД Градски енергетски системи во износ од 5 м денари, би било добро да кажете која услуга ја произведува ова претпријатие за да се додели оваа сума“, истакна советникот Луке Галески.

Шилегов беше прашан дал кратењето на парите за одржување на Кејот на Вардар, за Вардариште и булеврите АСНОМ, Србија, Теодосиј Гологанов, Февруарски Поход ќе значи и запирање на овие проекти. Советникот Галески истакна дека Шилегов ветувал чист воздух а крати од секторот животна средина 32 милиони денари. Каков ќе е тој чист воздух кога не инвестирате ништо да подобрите, додаде тој.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова го запраша Шилегов зошто ја покауваше цената на влезниот билет во Золошката градина кога сега со овој ребаланс на буџетот се даваат субвенции за ова претпријатие. Образложението тогаш беше дека на Золошка Градина и требаат пари, а сега и самиот град дава пари. На крајот граѓаните се најоштетени истакна Попова која додаде дека на овој начин граѓаните се изманипулирани и дека не е да има развој кога се кратат пари за едни проекти.

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ посои дека Шилегов нема предвидено и крати пари за Езеро Треска а негово ветување беше дека ова лето Скопјани ќе може да се капат. Воедно посочи дека целосно е заглавена изградбата на улица Есенинова, иако Шилегов наследи готов проект.

На ваквите обвинувања градоначалникот на Скопје Шилегов одговори дека погрешно се интепретираат информациите за буџетот. Тој истакна дека парите за капитални расходи се кратат, но тие се користат за други стапки. Истакна дека улицата Есенинова ќе се гради, но и дека сите споменати булвари има активности кои ќе значат нивна градба. Воедно Шилегов посочи дека парите наменети за Градски енергетски ресурси се за плати на вработените. Тој не одговори за зголемените суми за субвенции на претпријатијата, за договрните вработувања, ниту за закениот проект за ревитализација на проектот Езеро Треска.

Нетпрес

Back to Top
fichot View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2598
  Quote fichot Quote  Post ReplyReply #173 Posted: 04-Jun-2019 at 23:51
капитални проекти?

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #174 Posted: 17-Dec-2020 at 18:27
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ И НОВИ БУЛЕВАРИ, ДЕЛ ОД КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021

За 8,5 отсто помал ќе биде буџетот на Град Скопје за 2021 година во однос на овогодинешниот. Вкупниот буџет ќе биде 117 милиони евра, додека основниот 70,5 милиони евра. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов намалувањето на буџетот се должи на пандемијата на ковид-19 и е подготвен применувајќи ги начелата на економичност, рационалност, фискална одговорност, отчетност и транспарентност.

„Меѓу капиталните проекти за наредната година е реконструкција на Универзална сала, изведба на системот за паметно осветлување, изградба на Луна парк, реконструкција и изградба на нови булевари и улици, уредување не кејот на реката Вардар од двете страни, поставување спортски содржини на отворено, подигнување на ново зеленило. За капиталните проекти предвидени се 40 отсто од средствата во буџетот“, кажа градоначалникот Петре Шилегов.

Со буџетот за наредната година се предвидуваат и пари за субвенции за јавните претпријатија поради потешкотии во работењето, уредување на тврдината Кале и Кејот 13 Ноември, изградба на кружен тек и клучка кај Момин Поток, субвенции за инвертери и велосипеди, изградба на зелени кровни површини, реконструкција на фасади, изградба на нови паркови како и детски адреналински парк.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/rekonstruktsija-na-univerzalna-sala-ureduvane-na-kejot-i-novi-bulevari-del-od-kapitalnite-proekti-na-grad-skopje-za-2021/
Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2083
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #175 Posted: 17-Dec-2020 at 20:54
Кружен кај Момин Поток, што друго?

Кружен кај Хубо
Мост на Љубљанска
АСНОМ до Саем

Качанички до Словенија?
Продолжување на Словенија?
Најави за Хрватска?



Што е со проектирањето на влез/излез од подземниот дел на бул.Македонија?
Ако булеварот се изгради во пролет 2022 тоа значи дека на крај на 2021 треба да се започне со градба на пристапите.

*Тунелот под Кале не го спомнувам

Edited by alexsend - 17-Dec-2020 at 20:57
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #176 Posted: 17-Dec-2020 at 22:01
Очигледно освен за кружниот кај Момин Поток другото е баталено или ќе се одвива со многу слабо темпо(на ниво на најави и некакви си проектирања)
1.Мостот џабе го почнаа кон Саем бидејќи којзнае колку време и пари ќе им требаат за експропријација на 150-тина објекти на тој потег така да мостот и да биде готов следно лето нема поента.
2.Подземната улица што ја прави Лимак и да се заврши за година-две пак ќе биде бескорисна во отсуство на пратечка инфраструктура и кружни текови кои се обврска на градот(судејќи по тоа колку се експедитивни до 2030 ако се комплетира тој потег како што треба добро е)
3.Мавровка не ни ја спомнуваат камо ли да ја решат...
4.Тунел под Кале очигледно ни во блиска иднина.

Во принцип планираат и цела следна година да ја сведат на по некој сквер,парк,гребење улици и нивно стеснување со вело патеки исто како во изминатите 3 години.
Подобро ќе беше да се фокусираат барем на еден од горниве проекти клучни за решавање на метежот и подобрување на колекциите ама ќе остане за некој следен мандат а можеби ни тогаш...
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #177 Posted: 17-Dec-2020 at 22:17
Добро е, има пари за ПР-проекти Знаете какви фотки ќе паднат од тоа кровна зелена површина, садење пар дрвја и обележување на некоја нова велопатека, па, па, па

Капиталните проекти не знам дали вреди да ги коментираме, НЕМА.
Back to Top
Staro Skopje View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2692
  Quote Staro Skopje Quote  Post ReplyReply #178 Posted: 17-Dec-2020 at 22:28
Нели годинава ќе почнеа со Љубљанска?
Од капиталните добро би било барем Хрватска или Словенија да се почне догодина.


Edited by Staro Skopje - 17-Dec-2020 at 22:28
Градот убав никна, но го откорнаа
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #179 Posted: 04-Feb-2021 at 18:06
Усвоен буџетот на Општина Центар за 2021 година

На денешната прес - конференција одржана во салата за состаноци во Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ го презентираше Буџетот на Општина Центар за 2021 година и ги најави новите капитални инвестиции кои ќе се реализираат оваа година.

Предлог - буџетот на Општина Центар за 2021 година кој беше предложен и усвоен на 58. седница од страна на Советот на општината, проектиран е основен буџет во износ од 756.100.000,00 денари, за финансирање на сите надлежности на општината и реализација на развојните програми и активности на секторите.

Новите капитални инфраструктурни инвестиции се предвидени за целосна реконструкција на улицата „Орце Николов“ со финансиски износ од 70.000.000,00 денари, каде ќе биде воведен нов сообраќаен режим (кружен тек и пешачки патеки), нов коловоз, тротоари и улично осветлување. Исто така, 80.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Центар за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона и за комплетна реконструкција на улицата „Аминта Трети“.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ ја најави изградбата на новата детска градинка во населбата Пролет, каде што вкупната проектирана вредност на проектот изнесува 90.000.000,00 денари, од кои 30.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени во 2021 година за целосно опремување и партерно уредување на градинката на површина од 3000м2. Во програмата за образование ќе биде опфатен и проектот за доградба на училниците во ООУ „Коле Неделковски“ со површина од 500м2 и на тој начин ќе се зголеми капацитетот за нови ученици. За оваа реконструкција која се планира да заврши во 2022 година, обезбедени се вкупно 40.000.000,00 денари за период од две години. Во однос на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на топлинска и електрична енергија ќе бидат реконструирани фасадите во градинката „13 Ноември“ – објект Јасмин и во ООУ „Кочо Рацин“ со вкупен износ од 10.500.000,00 денари, а 10.000.000,00 денари ќе бидат обезбедени за реконструкција на фасади на станбени објекти во Центар.

Со цел да се решат инфраструктурните проблеми на територијата на Општина Центар, обезбедени се 79.500.000,00 денари од Буџетот на Општина Центар за 2021 година за реконструкција на повеќе улици во локалитетите: Крњево, Буњаковец, Дебар Маало, Капиштец, Водно и Маџир Маало како и 10.000.000,00 денари за изградба на нов монтажен паркинг. Планирани се 8.000.000,00 денари финансиски средства од буџетот за модернизација на системот за јавно осветлување и воведување нова ЛЕД технологија, како и 11.900.000, 00 денари за нова урбана опрема, јавно зеленило и одржување на постоечкото на територијата на Центар.

Во план е изградба на три нови детски игралишта во населбите Кале, Маџир маало и Капиштец во во рамки на матичниот објект на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, како и реконструкција на шест детски игралишта на разни локации на територијата на Центар.

Во рамки на зачувување на животната средина, општината ќе обезбеди три нови комунални возила за одржување на јавната хигиена и чистота во Центар со вкупен износ од 18.000.000,00 денари, а 18.650.000,00 денари се планирани за одржување и заштита на локалните патишта, како и 9 милиони денари субвенции за жителите кои ќе се вклучат во процесот на рециклирање во проектот „И отпадот има вредност“.

Останати средства кои се планираат во Буџетот на Општина Центар за 2021 година се предвидени за КК Работнички во износ од 10.000.000,00 денари, за урбанистичко планирање во Општина Центар ќе бидат обезбедени 26.950.000,00 денари, додека пак, 14.500.000,00 денари се планирани за рушење на бесправно изградени објекти во Центар, 3.000.000,000 денари за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови, 1.500.000,00 денари за програмски активности на здруженија и фондации и 2.000.000,00 денари за меѓуопштинска соработка со Град Скопје, за поддршка на новоотворениот стационар Лајка.

Проекти кои што ќе продолжат да се реализираат во Општина Центар и се опфатени во рамки на новиот буџет за 2021 година се: Центар за грижа на возрасните, еднократна помош за новороденчиња и социјално загрозени семејства, стипендии за талентирани ученици и ученици од семејства во социјален ризик, Феникс награда, награди за најдобрите наставници и негувателки, како и обезбедување средства за хигиена и тековно – оперативни трошоци во градинките и основните училишта во Општина Центар.

https://kanal5.com.mk/usvoen-budjetot-na-opshtina-centar-za-2021-godina/a459524
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19539
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #180 Posted: 01-Jun-2021 at 14:27
Порталб анализа: Едни општини ги „топат“ – други ги зголемуваат долговите, за три месеци вкупниот долг се зголемил за 2,2 милиона евра

Само во првиот квартал од годинава вкупниот долг на сите општини во земјава се зголемил за 2,2 милиона евра, во споредба со крајот на декември минатата година. Иако Владата законски овозможи намалување на долговите на локалните власти со директни финансиски инјекции, сепак, најновите податоци од Министерството за финансии упатуваат на тоа дека дел од општините го зголемиле долгот, а дел успеале да го намалат на квартално ниво, пишува Порталб.мк. На новата должничката листа на која се наоѓаат близу 1.200 државни институции и фирми, јавни претпријатија, здравствени и образовни институции и министерства, се и речиси сите општини и Градот Скопје.

Високо на должничката листа котираат општините, според доспеани, а неплатени обврски. „Порталб“ веќе ги објави најновите податоци за долговите на институциите под државна капа, но забележително е дека општините и натаму се високо рангирани.

Меѓу првите 30 најголеми должници на крајот од првиот квартал од годинава, се шест општини и Градот Скопје. Од општините и натаму најголем долг има Тетово – 11,2 милиони евра. Во споредба со состојбата на крајот од декември 2020, долгот на општина Тетово е зголемен за 1,5 милиони евра.

Според висина на долг, следна е општина Охрид, со 7 милиони евра и во однос на претходниот квартал, има намалување за 122.300 евра. Општина Карпош на крајот од март имала долг од скоро 4,9 милиони евра, помалку за 73.000 евра, споредено со претходен квартал.

Доспеани, а неплатени обврски, за март 2021 (во милиони евра)

Тетово        11,2
Охрид            7
Карпош        4,9
Гостивар       4
Делчево        3,1
Струга           2,9
Град Скопје 2,8
И Општина Гостивар бележи намалување на долгот на квартално ниво. На крајот од март годинава должела 4 милиони евра, што е помалку за 510.000 евра во однос на состојбата на крајот од декември. Мало намалување на долгот има и кај општина Делчево, која е на листата во првите 30 најзадолжени субјекти на крајот од првиот квартал, со долг од 3,1 милион евра, помалку за 500 евра во однос на состојбата на крајот на декември минатата година. Општина Струга исто така, го намалила долгот во трите месеци, кој заклучно со март изнесувал скоро 3 милиони евра, со пад на доспеани обврски за 140.000 евра.

Град Скопје за разлика од претходната декемвриска листа, каде има доспеани, а неплатени обврски од 276.000 евра, на мартовската листа пријавува обврски од 2,8 милиони евра.

Вкупно, долговите на локалните власти во првиот квартал годинава, во споредба со последниот квартал лани, се зголемени за 2 милиона евра. Или, нивните доспеаните, а неплатени обврски во март 2021 година изнесувале 62,2 милиона евра, а во декември 2020 година, 60 милиони евра.

Во однос на декември, сепак, дел од општините успеале да го намалат долгот. Меѓу нив се и Студеничани, Василево, Гази Баба, Кисела Вода, Сарај, Дебар, Арачиново и други. Останува фактот дека општините, и покрај операцијата за топење на долговите со државни средства, и натаму пријавуваат милионски обврски. Во обид да го намалат должничкото салдо дел од градоначалниците во договор со доверителите ја исплаќаа главницата на долговите, по различни основи, но со отпишани камати, како модел да се намали долгот на локалната власт, а во исто време и фирмите кои побаруваа средства за да ги наплатат побарувањата. Освен општините, високо на должничката листа котираат и Јавните претпријатија на локално и на централно ниво.

Така, ЈП Колекторски систем должи 12,5 милиони евра, ЈП Водовод Куманово 7,9 милиони евра, ЈП МРТ 5,9 милиони евра, ЈП Водовод и канализација – Скопје 5,6 милиони евра, ЈП Комунално претпријатие – Тетово 4,7 милиони евра, а ЈП Чистота и зеленило Куманово должи 4,3 милиони евра.

Останатите јавни претпријатија имаат долг помал од 4 милиони евра. На ниво на државата сите јавни претпријатија на локално и на централно ниво, заедно со државните трговски друштва, должат 175 милиони евра, со тренд на пораст на долгот во споредба со последниот квартал од минатата година.

https://meta.mk/portalb-analiza-edni-opshtini-gi-topat-drugi-gi-zgolemuvaat-dolgovite-za-tri-meseci-vkupniot-dolg-se-zgolemil-za-22-miliona-evra/
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 78910>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.110 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.