build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Земјоделски откупно-дистрибутивен центар - Ресен

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Земјоделски откупно-дистрибутивен центар - Ресен
    Posted: 10-Jan-2012 at 17:09
Државата продава земјиште за откупно – дистрибутивен центар во Ресен

Парцела со големина од 61.443 метри квадратни во општина Ресен, наменета за изградба на стопански компплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи, ќе оди на електронска лицитација со почетна цена од едно евро за квадрат. Градежната маркичка предвидува објект со максимална површина од 56.315 метри квадратни и висина од 12 метри.

Идниот инвеститор се обврзува во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба, а објектот да го изгради во рок не подолг од 6 години од денот на добивање на одобрението. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 2% од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за секој изминат месец. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 16.02.2012, а наддавањето ќе се одржи на 23.02.2012.



#
Објавено на 09.01.2012 во категорија Вести.

Тагови: Индустриски, Комерцијални, Откупни и дистрибутивни центри, Ресен, Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=11649
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 01-Feb-2012 at 01:00

Еве каде треба да биде откупно-дистрибутивниот центар во Ресен за кого што моментално тече постапка за продажба на земјиштето:
(локацијата опкружена со црвени точки)

41° 4'2.31"N  21° 3'17.32"E





Edited by Cloverstack - 09-Mar-2012 at 01:32
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 09-Mar-2012 at 01:30
Огласот од јануари очигледно пропаднал, пред десетина дена бил објавен нов повик, колку што видов со идентични услови. Исходот ќе се знае на почетокот на април.


Edited by Cloverstack - 09-Mar-2012 at 01:32
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 24-Nov-2013 at 00:29
Голем откупен центар за земјоделски производи ќе се гради во Преспа

Компанијата „Епл Ленд“ (Apple Land), основана од инвеститор од Дубаи е најповолен понудувач на вчерашното електронско јавно наддавање за продажба на земјиште за изградба на стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во општина Ресен. Министерството за транспорт и врски информира дека е отуѓена градежна парцела со површина од 61.433 метри квадратни, при што е достигната вкупна цена од 4.361.743 денари или 71 денари за метар квадратен. Идниот индустриски објект е со предвидена висина од 12 метри и ќе се гради кај локалитетот Макази [»мапа].

 

Локацијата%20на%20која%20е%20предвиден%20објектот       Извадок%20од%20урбанистички%20план

 

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање треба да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето. По склучувањето на договорот, инвеститорот од Дубаи ќе треба да се стекне со одобрение за градба во рок од 12 месеци од солемнизацијата на договорот, а објектот е должен да го изгради во период од 72 месеци по добивањето на градежната дозвола.



#
Објавено на 23.11.2013 во категорија Вести.

Тагови: Индустриски, Комерцијални, Откупни и дистрибутивни центри, Ресен, Тендери и лицитации

http://www.build.mk/?p=30577
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 08-Dec-2015 at 17:21
Наместо инвеститор од Дубаи, локалци откупуваат јаболка во новиот центар во Ресен

Владо Апостолов Призма

Откупот на ресенското јаболко го управуваат македонски и српски бизнисмен. Едниот од нив со бизниси што се протегаат дури до Прага, но далеку од пазарите на средниот исток, како што беше најавено при отворањето на откупниот центар.
Откупниот центар на Apple Land пред влезот на Ресен / ФОТО: БИРН

Откупно-дистрибутивниот центар за јаболка, Apple Land се отвори во септември годинава во индустриската зона „Макази“ близу Ресен, а на свеченоста беа премиерот Никола Груевски и неколку министри. Инвеститорите беа претставени како ексклузивни добавувачи за еден од најголемите светски саеми World Expo, кој во 2020 година ќе се одржи во Дубаи.

Владата го најави центарот како странска инвестиција од Дубаи во вредност од пет милиони евра што ќе отвори 100 нови работни места и ќе собира најмногу до 10.000 тони јаболка од Ресенско.

Сопственикот на компанијата, Абдошамак Насер, на отворањето на откупниот центар во септември изјави дека неговите планови во Македонија не завршуваат со овој проект.

„Годинава ќе почнеме и со една фарма во која ќе имаме илјада крави, а сточарите ќе ги обучуваме во Австрија. Вториот проект ни е за извоз на цреши од Охрид за Дубаи. Овој објект планираме континуирано да го прошируваме и да инвестираме во него “.

Досега се изгради ладилник со капацитет од 5.000 тони и само таму овошјето ќе може да се чува една година и да има ист квалитет како од денот на бербата. Во охридско-преспанскиот регион годишно се раѓаат околу 100.000 тони јаболка или 67 проценти од целото производство во Македонија.

Идеален старт за откупниот центар

Ресенци велат дека Apple Land не можел да посака подобра години за да почне со откуп на јаболка.

„Ова е година на векот!“, велат одгледувачите на јаболка.

Ако обично во овој регион се раѓаат околу 100.000 тони, од кои најмногу црвената сорта ајдарет, годинава родот е за околу 30.000 тони поголем. Иронично, токму големиот род им донел проблеми на ресенци, многу од производителите останале без палети, големи сандаци што собираат од 600 до 700 килограми со кои го превезуваат родот до откупните центри.

Поради недостигот на палети морале да ги користат оние на откупувачите, а тие, пак, за услугата им намалуваат на производителите од пет до 10 проценти од вредноста на јаболката. Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем. Вистинска драма за производителите во Ресен е тоа што цената на ајдаретот од ланските просечни 12-13 денари по килограм, заради поголемата понуда годинава паднала на 10, односно девет денари за оние што немаат палети. Падната е цената и на поквалитетните сорти како што се црвениот и златниот делишес и муцу.

Реколтата на јаболка рекордно најголем, цената рекордно најмала / ФОТО: БИРН

„За таа цена не се исплати да работиме, повисока е производната од продажната цена на јаболката“, велат ресенци.

Ваквата слика на теренот е поинаква од она што премиерот Никола Груевски го најави при изградбата на откупниот центар.

„Инвестицијата стана реалност и верувам дека ефектите од неа набрзо ќе бидат почувствувани од страна на производителите“, изјави Груевски во септември.

Мистериозните газди на Apple Land

Сопственици на компанијата Apple Land, која е регистрирана само во Македонија, се Аднан Али Рашид Алабар Алабар и Абдошамак Насер Ахмед Насер, првиот од Обединетите Арапски Емирати, поточно од Дубаи, додека другиот потекнува од Јемен.

Арапската инвестиција во Македонија е регистрирана преку адвокатската канцеларија „Апостолски“ која ја запишала компанијата Apple Land во македонскиот регистар на компании и тоа на сопствената адреса во Скопје. Станува збор за релативно честа практика, странски инвеститори за свое седиште да ја наведат адвокатската канцеларија која ги застапува. На адресата на „Апостолски“, на пример, беше регистрирана и првата компанија на индискиот тајкун Субрата Рој во Македонија.

Адвокатското друштво „Апостолски“ го водат Јордан и неговиот постар брат Антонио. Нивни можеби најпознат клиент, особено за новинарите, е Сашо Мијалков кого го застапуваа во судските случаи кога ексдиректорот на УБК тужеше новинари и опозициски политичари.

Јордан Апостолски за БИРН изјави дека не се сеќава како стапил во контакт со сопствениците на Apple Land. Го замоливме да ни помогне да контактираме со газдите на компанијата, меѓутоа тој нè препрати кај неговиот колега Кирил Чејковски, со образложение дека тие сега се негови клиенти.

Адвокатот Чејковски, пак, во кусиот телефонски разговор рече дека сè што знае за Apple Land го има во документите од Централниот регистар и нè посоветува повторно да се обратиме во канцеларијата на „Апостолски“, бидејќи тие, сепак, подолго соработувале со сопствениците.

Со оглед дека не добивме никакви информации за газдите на Apple Land од нивните адвокати во Скопје, ги прашавме македонските институции, меѓутоа резултатот беше ист.

Директорот на Технолошко развојни и индустриските зони (ТИРЗ), Виктор Мизо, се прогласи ненадлежен околу оваа странска инвестиција, бидејќи, како што велат од неговиот кабинет, ТИРЗ не ги опслужува компаниите чија дејност е храната.

Оттаму нè препратија во Министерството за земјоделство, од каде што, пак, нè пратија кај претставникот Apple Land во Ресен, Живка Груевска.

„Би сакала да ве информирам дека не добив согласност да ги одговорам вашите прашања, но моите управители би биле среќни да ви одговорат лично, следниот пат кога ќе присуствуваат во Македонија и имаат порастоварен распоред“, изјави Груевска за БИРН.

Затоа остана непознато колку и какви сè инвестиции овие бизнисмени имаат во Обединетите Арапски Емирати, Јемен или каде било во светот. Не дознавме и колкаво е искуството на инвеститорите во бизнисот со овошјето, а не добивме ниту одговор кој е Франсис Турно, човекот што во Македонија беше најавен како претставник од Apple Land и кој гостуваше на отворањето на центарот.

Од она што може да се прочита на интернет, Абдошамак Насер Ахмед Насер е првиот човек на јеменската градежна компанија „Шафа инженеринг”, која на својата веб страница се претставува како светски позната компанија со традиција од 25 години која гради пристаништа и други објекти на море, меѓутоа на веб страницата не најдовме никаква информација за инвестицијата во Ресен.

Наместо блискоисточна, фукционира балканско-руска рута

Камиони со српски регистрации паркирани пред откупниот центар Apple Land / ФОТО: БИРН

Според нашите информации потврдени и од претставникот на Apple Land, дел од новиот објект го зела под закуп фирма со која е поврзан ресенецот Тодорче Мушаревски и таа сега врши откуп на јаболка. Мушаревски по телефон ја потврди информацијата, меѓутоа ги игнорираше нашите повици и СМС-пораки откако побаравме состанок и контакти од неговите претпоставени.

Министерството за земјоделство ниту демантираше, ниту, пак, потврди дека наместо компанијата најавена како странски инвеститор центарот го користи домашна фирма, оттаму само коментираа дека Apple Land е приватна компанија и може да прави што сака.

Екипата на БИРН минатата недела го посети откупниот центар, кој се наоѓа пред самиот влез на Ресен. На паркингот имаше три шлепери од Србија и тоа од Лесковац, Ваљево и од Бујановац.

Производителите кои ги предаваат своите јаболка во откупниот центар добиваат декларација на име на фирмата „Меџик фрутс ленд“, а на пусулчето пишува и дека крајната дестинација на овошјето е Русија.

Освен Мушаревски кој е директор на фирмата „Меџик фрутс ленд“ нејзини газди се и извесен Александар Стојанов од Кавадарци и Добросав Николиќ од Шабац, Србија.

Добросав Николиќ е познат меѓу српските овоштари преку аферата за откуп на сливи за рускиот пазар. Белградска „Политика“ пишува за измама на српски овоштари тешка 1,2 милиони евра.

Николиќ до септември 2009 бил сопственик на фирмата „Грин натурал фуд“, а потоа ја продал на рускиот државјанин Александар Никитович Дирсу, кој според „Политика“ земал овошје од српските земјоделци, ама не им го плаќал.

Газдите на српската фирма „Пољооткуп“ за весникот велат дека токму Николиќ во името на рускиот бизнисмен ги продал нивните суви сливи на кванташкиот пазар во Москва и тоа во кеш, меѓутоа тие не ги добиле своите пари. Еден од сопствениците на „Пољооткуп“, Милољуб Џокиќ, ни ја потврди оваа информација и додаде дека од бизнисот меѓу Николиќ и Русинот тој останал покус за 45.000 евра.

„Врската меѓу овие двајца и преносот на фирмата се намерно направени за да можат да им подметнуваат на продавачите. Mногу фирми досега се ограбени и не им е платено“, вели Џокиќ за БИРН.

Прашка врска

Земја за џабалак, Владата им направила пат
Apple Land пред точно две години го купи земјиштето на кое сега се наоѓа откупниот центар со површина од 61.000 м2 и за него плати околу 71.000 евра или 71 денар по квадрат. Откупниот центар e првата инвестиција во индустриската зона „Макази“, а за да може да се дојде до зоната, Владата изгради пат од 850 метри за кој потроши 178.884 евра, иако еден дел од патот до зоната сè уште не е асфалтиран. Инвестицијата на Apple Land не спаѓа под Законот за технолошко-индустриски зони и затоа за бизнисмените од Дубаи нема посебни бенефиции од државата.


Во потрагата по единствениот „странски“ партнер кој во дело го спроведува она што беше најавено како голема странска инвестиција која ќе ги пласира ресенските јаболка на блискоисточниот пазар, БИРН дојде до податоци дека Добросав Николиќ има заедничка компанија во Прага со извесен Ријад Изиќ.
Иако непознато за македонската јавност, за името на Изиќ, истражувачките новинари од српскиот портал KRIK минатата недела објавија дека токму тој е бизнис-партнер на Сашо Мијалков, поранешниот шеф на македонската тајна полиција.

Дополнително, Ријад Изиќ е член на надзорниот одбор на едно акционерско друштво во Прага, во кое во одборот на директори седат браќата Војислав и Дејан Спаравало.

Браќата Спаравало се посочуваат како дел од балканската контроверзна бизнис мрежа во која своевремено беше спомнуван и ексдиректорот на УБК - Сашо Мијалков.

Фирмата што ги поврзува Спаравало и Мијалков е Service Point MM, која во 2013 година е ликвидирана и веќе не постои. Во оваа компанија ексдиректорот на УБК, Мијалков, имал половина од сопственоста, додека остатокот го делеле браќата Спаравало.

Извор: http://prizma.birn.eu.com/%D0%BC%D0%BA/%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B8/%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B8%D0%BD%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B8-%D0%BB%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B8-%D0%BE%D1%82%D0%BA%D1%83%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%98%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D0%BB%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD
Back to Top
 Post Reply Post Reply

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.098 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.