build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Плажи и бродови на Вардар

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 61>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #101 Posted: 02-Jun-2010 at 20:34
Де бре луѓе веста ја објавивме уште во неделата како ви промакнала

И јас како замерка би го ставил она што го вели Гахан, дека другата страна од реката е посоодветна. ОСвен причините кои Гахан веќе ги наброја, јас би ја ставил таму бидејќи тој дел од кејот е запустен и многу пологично е тој простор да се оплемени и заживее отколку да се забива трн во здрава нога.

ЈАс линкот од оваа страна го гледам во Хард Рок на кој фактички му се отвара целодневен бизнис доколку местово стане ИН (а знаеме колку скопјани знаат да бидат овци). Не би ме чудело да има корелација на оваа локација со некои бизнис интереси.

Во секој случај не би идел предалеку со критиките, ова е сепак една логична локација за ваква содржина и не би ми пречело доколку се изгради (за разлика од онаа која се планира во центарот на градот).




Edited by pbanks - 02-Jun-2010 at 20:35
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 4745
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #102 Posted: 02-Jun-2010 at 20:35
Јас искрено повеќе сум фан на идејата за платформи со кафичи. Тоа може да е уживање и дел од урбаниот живот. Плажи во центарот на Скопје, ретко кој ќе оди да ги посети. А тоа дека планираат нешто како тоа горе, со песок, заборавете го

Extra: Водата во Вардар е токсична, ако ве прсне добивате гратис поени за на дерматолог!


Edited by гитардемон - 02-Jun-2010 at 20:37
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #103 Posted: 02-Jun-2010 at 20:38
Originally posted by гитардемон

Јас искрено повеќе сум фан на идејата за платформи со кафичи. Тоа може да е уживање и дел од урбаниот живот. Плажи во центарот на Скопје, ретко кој ќе оди да ги посети. А тоа дека планираат нешто како тоа горе, со песок, заборавете го


Кафичи во Скопје има сосема доволно како и локации за нив, а Вардар ми е премногу загадена река за да морам да ја гледам од блиску, не дај боже да паднам од платформа после пар чашки. Коритото исто така не е преголемо и не би го затрупувал со платформи, водостојот не е постојан, а нема да ми се допадна кога од платформа ќе почне сето тоа да метастазира на кеј, па ќе се наредат најлони зимно време и така натака.


Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #104 Posted: 02-Jun-2010 at 20:39
Верувам на сите познато, Париз..
 
 
 
 
Ао има проблем со фоткиве, тргнете ги слободно..
Back to Top
alexgizh View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 07-Jan-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1968
  Quote alexgizh Quote  Post ReplyReply #105 Posted: 02-Jun-2010 at 20:41
Кога го споменавме Вардар и неговата вода... ме интересира дали се планира нешто да се превземе во врска со токсичноста? Дали постои можност за (1.) поставување на прочистителни станици некаде пред Ѓорче, или (2.) да не се исфрлаат сите фекалии во Вардар туку да се стори тоа на потехнолошки начин?

Во случај на двоен негативен одговор ќе имаме лебдечко срање на некоја од фонтаните кај Камени мост (ова не е моја претпоставка, некој веќе ја кажа дали на форум или IRL незнам).
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #106 Posted: 02-Jun-2010 at 20:41
Зошто проблем СкајБој, фотките се супер, плажата во сред Париз ми е ретко голема глупост и не знам како град со таква традиција на софистициран урбан развој си дозволи ваква вратоломија. 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #107 Posted: 02-Jun-2010 at 20:54

Јас мислам дека ваков проект не би се почнувал доколку водата не се среди..

видете колку е јасно (од нашите коментари), секој има одбивност на прва топка, па така и тој инвеститор или стопанственик што би го работел.. значи вака сигурно нема да остане, логично.. а за она со најлоните.. немора да значи, може да функционира само пролет/лето/есен т.е. сезонски, впрочем има и градски базени низ државава што функционираат на тој принцип..
 
патем, според анкетата на форумов, а и коментарите, добар дел од нас немаат проблем со плажа, ама не на тоа место (центар на град = театар, музеј), т.е. да би била накај парк, епа еве сега е накај парк...
 
и дечки, многу сте бе негативни, еве да претпоставиме дека ќе најдат начин за квалитетот на водата, дали тогаш сте океј со идејата !? Јас лично не верувам дека некој планира на база на недостатоци (како токсичноста на водата и сл.), да започнува нешто вакво..
 
И да, не спојувајте плажа со капење по секоја цена.


Edited by SkyBoy - 02-Jun-2010 at 20:56
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9096
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #108 Posted: 02-Jun-2010 at 21:13


јас воопшто не го поврзувам со токсичноста на водата, јасно е дека во Вардар нема бањање.

Сепак, независно од плажите, Вардар неможе да остане волку гнасен колку што е, мора да се прочисти.

На влезот во Ѓорче треба да има и филтри за третман на водата и површински брани за собирање на пловечкиот смет.
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #109 Posted: 02-Jun-2010 at 21:30

Мислам дека треба да се смени нешто со анкетата, по новиов момент (Плажи), не е релевантна повеќе..

Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #110 Posted: 02-Jun-2010 at 22:07
По се изгледа, сепак е една плажа и тоа онаа од пред Музеј-театар е преместена на нова локација кај Градски парк..
 
 

СТАРТУВА ИЗГРАДБАТА НА ПЛАЖА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР


Скопјанки - спремајте бикини!


На десниот кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни, позади Луна паркот, денеска почнува изградбата на првата градска модерна плажа во Скопје


На десниот кеј на Вардар, на повеќе од 300 метри квадратни позади Луна паркот денеска ќе почне да се гради првата градска модерна плажа. Локацијата е веќе оградена и подготвена за градежните работи, кои ќе почнат од денес по официјалното промовирање на проектот што ќе го изврши скопскиот градоначалник Коце Трајановски...

Како што дознаваме, градската плажа ќе се гради според идејното решение на авторите Бекир Адеми и Бетим Зекири, кои во јануари, годинава ја добија првата награда за конкурсот кој го распиша Град Скопје. Тогаш се планираше овој проект да се реализира на левиот брег на Вардар, но поради тековните градежни работи, локацијата е поместена на десниот брег, позади Луна паркот.

Идејното решение на Адеми Бекири предвидува овој дел од коритото на Вардар да биде покриен со песок на кој ќе има дрвени платформи со лежалки, маси и столови. Меѓу урбаната опрема се вцртани неколку мали базени, а целата плажа ќе биде покриена со тенди во модерна форма. Ќе има и комерцијален дел, односно шанкови кои Градот Скопје ќе ги издава под концесија. Плажата ќе биде наменета за рекреација, уживање и за игра, повеќе како урбана атракција со оглед на тоа дека водата во Вардар не дозволува капење. Затоа, на самата плажа се предвидени мини-базени за деца и додека тие уживаат во вода, нивните родители ќе можат да се релаксираат пиејќи кафе покрај реката.

Дознаваме дека првичниот проект има извесни корекции кои ги доработиле надлежните од Градот Скопје.

Проектот изградба плажа на кеј досега беше многупати најавуван од многумина градоначалници но, никој не успеаа да го реализира. Во минатото Скопје, имало пет градски плажи. Повозрасните со носталгија се сеќаваат на Опатија, Официрска, Градска, Руска и Ѓачка.
- На лето, кога ќе фатеа горештини, точковите под г'з и право на плажа на Вардар. А во неделите - фамилијарно. Со торби храна закачени на гиданите, ни раскажа еден стар скопјанец.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #111 Posted: 03-Jun-2010 at 03:57
Има една работа што ја кажа погоре СкајБој. покрај сите негодувања да плажата биде некаде во центар, се пресели тука. Нема простор за толку негодување, да видиме како
ќе излезе прво. Мислам дека за овој проект, за кој сега има голем број скептици, ќе  биде еден од проектите што ќе има доста поддржувачи. Највеќе од се што мора под итно да се исчисти е непосредното корито на вардар во неколку километри пред и после плажава и да нема воопшто никаква вегетација зашто посебно во овој дел има премногу комарци преку лето. Ова може да биде еден од поголемите проблеми тука. Всушност нема што да се изгуби. Се работи за една слабо користена ливада без предвидена друга намена, а проектот не е нешто скапо и од концесии може за сезона две да се исплати, ако веќе и тоа е битно во дискусијава. Во однос на бизнис интереси секако дека ќе има, и треба да ги има, барем тоа е еден од основните потреби да биде некаков гарант за успех на проектот и атрактивноста која ќе ја стекне, и колку медиумски со емисии од типот на ексклузив, тротоар, бекстејџ ќе се поддржи. Е сега колку ќе биде тоа транспарентно доделено е друго офтопик прашање. А идејава ми изгледа дека е доста атрактивна низ свет за плажи во урбани средини, што не е и не треба да е репер дали и ние треба да имаме, само таксативно го набројувам. Не секогаш се сите покрај вода.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #112 Posted: 03-Jun-2010 at 08:38
Originally posted by lslcrew

Има една работа што ја кажа погоре СкајБој. покрај сите негодувања да плажата биде некаде во центар, се пресели тука. Нема простор за толку негодување, да видиме како
ќе излезе прво. Мислам дека за овој проект, за кој сега има голем број скептици, ќе  биде еден од проектите што ќе има доста поддржувачи. Највеќе од се што мора под итно да се исчисти е непосредното корито на вардар во неколку километри пред и после плажава и да нема воопшто никаква вегетација зашто посебно во овој дел има премногу комарци преку лето. Ова може да биде еден од поголемите проблеми тука. Всушност нема што да се изгуби. Се работи за една слабо користена ливада без предвидена друга намена, а проектот не е нешто скапо и од концесии може за сезона две да се исплати, ако веќе и тоа е битно во дискусијава. Во однос на бизнис интереси секако дека ќе има, и треба да ги има, барем тоа е еден од основните потреби да биде некаков гарант за успех на проектот и атрактивноста која ќе ја стекне, и колку медиумски со емисии од типот на ексклузив, тротоар, бекстејџ ќе се поддржи. Е сега колку ќе биде тоа транспарентно доделено е друго офтопик прашање. А идејава ми изгледа дека е доста атрактивна низ свет за плажи во урбани средини, што не е и не треба да е репер дали и ние треба да имаме, само таксативно го набројувам. Не секогаш се сите покрај вода.
Речиси секој ден трчам или се шетам покрај овој дел од кејот и не би се сложил со болдираниот дел. Огромен број луѓе го користат за рекреација така што веќе на тие 200-300 метри се ствара проблем па огромен број рекреативци треба или да одат по патеката за ролери и точаци која е и онака тесна. Освен локацијата, поточно брегот, друг проблем не гледам со плажата и мислам дека е убава идеја. Но навистина, од другта страна на мостот сметам дека ќе имаше неколку пати подобра намена. Прво ќе го заживеше тој дел, вероватно ќе мораа даја растурат дивата Ромска населба која се наоѓа веднаш после мостот (по американска амбасада), а тоа можеше да биде и фин почеток на уредувањето на десната страна на кејот.
Back to Top
Dave Gahan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
  Quote Dave Gahan Quote  Post ReplyReply #113 Posted: 03-Jun-2010 at 10:49

Потполно сме на иста линија...па барем малку да биле пријателски настроени кон патеката, да остаеле простор барем двајца да се разминат...
Не е проблем...еве и од кеј ќе се тргнеме, само туристи да ни го преплават селово...
MAKE CAPITALISM HISTORY
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #114 Posted: 03-Jun-2010 at 12:46
ниту нешто ќе се узурпира, ниту ќе се преплави.. тие што шетаат, седат по клупи и слично ќе се спастрат на местово и баш мислам дека ќе се растеретат патеките (пешачки и ролерско-велосипедски).. дај боже да има толку голем интерес па да се прошири уште малце.. а којзнае можда со тек на време и од карши ќе направат..
 
од ливада и малтене запуштен дел се прави атрактивен урбан рекреативен дел.. како воопшто може на некого тоа да му смета ?
 
плажа, туристи, купачи... мислам дека перцепцијата не е соодветна, затоа и поставив фотки.. не збориме за приморска-океанска-езерска плажа.. целта не е туризам, бар не да каниме туристи да дојдат на одмор на плажава.. (ако некад толку тоа стане популарно, дај боже но.. сепак), јас повеќе го перципирам ко кеј-гтц-кафичи само во поолабавена варијанта..
 
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 3886
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #115 Posted: 03-Jun-2010 at 15:31
abe da imase nekoj zid vo sredina(rolerska pateka- plaza) i da bese polnet so voda pa duri i fontani kako bulevarot vo strumitza....
Neli ideata bese dek ke ima i mali bazencinja ama izgleda ne na ovaj proekt(lokacija)
eve fotki od www.skopje.gov.mk
 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #116 Posted: 03-Jun-2010 at 15:47
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ГРАДСКА ПЛАЖА НА КЕЈОТ НА ВАРДАР
Градот Скопје денеска /03.06.2010 година/ го почна проектот за изградба на плажа на кејот на реката Вардар, на просторот зад „Луна-парк“. Целта на проектот е да се овозможи сите граѓани да добијат можност да се рекреираат на плажа и да се обезбеди пријатно место за одмор и забава во центарот на градот. Плажата се очекува да биде готова до крајот на јуни.
 
- Проектот за градска плажа на кејот на Вардар ги враќа плажите во Скопје, на кои со задоволство се сеќаваат повозрасните скопјани. Плажата ќе биде јасно означена со патокази со слоганот „На чекор од тебе – Градска плажа Скопје“. На површина од 1775 квадратни метри, на кејот на реката Вардар ќе се постави урбана опрема од монтажен карактер, и тоа, 20 маси, 80 столчиња и 80 лежалки. Подлогата ќе биде направена од ситен песок.
Проектот за градска плажа на оваа локација предвидува и 2 куќички и простор со детски забавни содржини. Урбаната опрема ќе се издава. Посетителите на градската плажа ќе може да ги користат тоалетите кај „Луна-парк“. Градската плажа на кејот на Вардар ќе работи од 10 до 23 часот, а граѓаните ќе може бесплатно да ја користат. За редот на плажата ќе се грижи чуварска служба. На кејот на Вардар ќе се постават табли со знак за „Забрането капење“ – рече градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на почетокот на градежните работи на градската плажа.
 
Во делот на плажата рекреативците ќе може непречено да ја користат и ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар, а се остава и доволно простор (3 метри) за трчање.
 
За изградба на плажата Градот Скопје ќе потроши околу 6,3 милиони денари, а на терен ќе работат екипите на „АЛКОН“.
 
 
  • значи не е на 300 метри квадратни него 1775, не е тоа многу некако !?
  • 3 метри за трчање (?!), тоа со се ролерско-велосипедската патека или посебно !?

 



Edited by SkyBoy - 03-Jun-2010 at 15:54
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #117 Posted: 03-Jun-2010 at 16:03
Originally posted by my Macedonia

 Neli ideata bese dek ke ima i mali bazencinja ama izgleda ne na ovaj proekt(lokacija)
eve fotki od www.skopje.gov.mk 
 
Originally posted by SkyBoy

  Затоа, на самата плажа се предвидени мини-базени за деца и додека тие уживаат во вода, нивните родители ќе можат да се релаксираат пиејќи кафе покрај реката.
 
Па очигледно се планирани, па ќе видиме.. мада градот имал некои корекции направено..
 
Постари фотки од весници
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #118 Posted: 03-Jun-2010 at 16:15

Почна изградбата на градска плажа на кејот на Вардар во Скопје

03.06.2010 - 17:13 |

Скопјани ќе добијат градска плажа на кејот на Вардар до крајот на месецот.

На просторот зад Луна парк, на повеќе од 1700 метри квадартни, градската управа ќе постави ситен песок, урбана опрема, тушеви и простор за детски забавни содржини.

Капењето нема да биде дозоволено, но Трајановски смета дека и без тоа, градската плажа ќе нуди доволно забавни содржини.

Плажата ќе работи секој ден од 10 до 23 часот, а граѓаните ќе можат бесплатно да ја користат.
Вкупната вредност на проектот изнесува 6,3 милиони денари, а средствата се обезбедени од Градскиот буџет.

Александар Спасовски

 
Пази време на поставување Big%20smile
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #119 Posted: 03-Jun-2010 at 16:34
Ми изгледа дека голем проблем ќе биде оддржувањето преку зима. Кога ќе заврши сезона ова ќе се забатали скроз. Ќе треба на почеток на секоја сезона да се префарбува конструкциата за тендите, да се менува и дотура песок, да се чистат темелно базените.


На оваа слика во позадина се гледаат оние киндер-јајце трафиките што порано ги произведуваше Ла-Пласт Струга? Многу ми беа интересни како мал, би сакал да видам сега некоја и тука.




Edited by lslcrew - 03-Jun-2010 at 16:35
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #120 Posted: 03-Jun-2010 at 16:47

Па подвижната опрема ќе ја складираат, песокот можда ќе го покријат со најлон и ќе го прицрвстат, а останатото ќе го префарбаат, ништо страшно.. пак би споменал, градски отворени базени низ Мк, секоја сезона е вообичаена работа да се средува, префарбува и сл.

Е сеа за песоков веројатно ќе има прво вдлабнат дел ко корито па пополнет со песок, а не само така истурен на тревата
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 45678 61>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.594 seconds.

Copyright ©2007 - 2020  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.